загинаа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zaginaa/ За подобро да се разбереме Fri, 04 Oct 2024 17:38:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png загинаа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zaginaa/ 32 32 Македонија изгуби врвни лекари кои спасувале илјадници човечки животи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-izgubi-vrvni-lekari-koi-spasuvale-iljadnitsi-chovechki-zhivoti/ Fri, 04 Oct 2024 17:38:34 +0000 https://republika.mk/?p=822846

Д-р Александар Ристески (75) специјалист-радиолог, д-р Никола Василески (42) специјалист-гинеколог акушер и Фанче Јованоска (51) радиолошки технолог, сите од Прилеп, вчера загинаа во тешка сообраќајна несреќа.

Животите ги загубија на патот Прилеп-Битола патувајќи на работа во болницата „Плодност“.

Денес таму се одржа комеморација, на која присуствуваа нивните колеги, членови на семејствата и познаници.

На комеморацијата се обрати и градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, кој исто така е доктор по професија.

Тој вчера, по несреќата, напиша:

Прилеп и Македонија изгуби врвни лекари специјалисти, еминетни и почитувани луѓе, посветени и одговорни граѓани, кои спасувале илјадници човечки животи и помагале на многу луѓе со својата специјалност, но ги загубија животите, патувајќи токму, на своите работни места во Битола за да им помогнат на други луѓе. Прилеп вечно ќе се сеќава на Прим. д-р Александар Ристески, спец. радиолог, д-р Никола Василески гинеколог и Фанче Јованоска радиолошкиот технолог, кои ќе бидат вечна наша тага и непребол. Во оваа прилика сакам да изразам сочуство до семејствата за нивната огромна загуба и болка, напиша градоначалникот.

Во Прилеп e прогласен Ден на жалост, а знамињата пред општинската зграда и македонското знаме на влезовите од градот и на јарболот во центарот на градот се поставени на половина копје.

The post Македонија изгуби врвни лекари кои спасувале илјадници човечки животи appeared first on Република.

]]>

Д-р Александар Ристески (75) специјалист-радиолог, д-р Никола Василески (42) специјалист-гинеколог акушер и Фанче Јованоска (51) радиолошки технолог, сите од Прилеп, вчера загинаа во тешка сообраќајна несреќа. Животите ги загубија на патот Прилеп-Битола патувајќи на работа во болницата „Плодност“. Денес таму се одржа комеморација, на која присуствуваа нивните колеги, членови на семејствата и познаници. На комеморацијата се обрати и градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, кој исто така е доктор по професија. Тој вчера, по несреќата, напиша:
Прилеп и Македонија изгуби врвни лекари специјалисти, еминетни и почитувани луѓе, посветени и одговорни граѓани, кои спасувале илјадници човечки животи и помагале на многу луѓе со својата специјалност, но ги загубија животите, патувајќи токму, на своите работни места во Битола за да им помогнат на други луѓе. Прилеп вечно ќе се сеќава на Прим. д-р Александар Ристески, спец. радиолог, д-р Никола Василески гинеколог и Фанче Јованоска радиолошкиот технолог, кои ќе бидат вечна наша тага и непребол. Во оваа прилика сакам да изразам сочуство до семејствата за нивната огромна загуба и болка, напиша градоначалникот.
Во Прилеп e прогласен Ден на жалост, а знамињата пред општинската зграда и македонското знаме на влезовите од градот и на јарболот во центарот на градот се поставени на половина копје.

The post Македонија изгуби врвни лекари кои спасувале илјадници човечки животи appeared first on Република.

]]>
Загинаа татко и син од Кумановско во тешка сообраќајна несреќа https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zaginaa-tatko-i-sin-od-kumanovsko-vo-teshka-soobrakajna-nesreka/ Tue, 03 Sep 2024 10:41:23 +0000 https://republika.mk/?p=812651

Тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубија татко и син се случила вчера во 11:30 часот на автопатот Скопје – Куманово, пред наплатна станица Миладиновци.

Автомобил „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Б.А.(34) од село Опае, кумановско, удрил во сообраќајни знаци и во запрено товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а паркирано од Р.П.(58) од село Глумово, скопско.

-Во несреќата од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот Б.А.. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Со тешки телесни повреди се здобил неговиот малолетен сопатник од село Опае, кој подоцна починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информира МВР.

Во врска со настанот, од слобода биле лишени возачот на товарното возило Р.П. и одговорното лице на правниот субјект П.М.(55) од скопско.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

The post Загинаа татко и син од Кумановско во тешка сообраќајна несреќа appeared first on Република.

]]>

Тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубија татко и син се случила вчера во 11:30 часот на автопатот Скопје – Куманово, пред наплатна станица Миладиновци. Автомобил „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Б.А.(34) од село Опае, кумановско, удрил во сообраќајни знаци и во запрено товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а паркирано од Р.П.(58) од село Глумово, скопско. -Во несреќата од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот Б.А.. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Со тешки телесни повреди се здобил неговиот малолетен сопатник од село Опае, кој подоцна починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информира МВР. Во врска со настанот, од слобода биле лишени возачот на товарното возило Р.П. и одговорното лице на правниот субјект П.М.(55) од скопско. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

The post Загинаа татко и син од Кумановско во тешка сообраќајна несреќа appeared first on Република.

]]>
Брат и сестра на возраст од 12 и 14 години загинаа во железничка несреќа во Србија, таткото се бори за живот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/brat-i-sestra-na-vozrast-od-12-i-14-godini-zaginaa-vo-zheleznichka-nesreka-vo-srbija-tatkoto-se-bori-za-zhivot/ Mon, 19 Aug 2024 17:59:24 +0000 https://republika.mk/?p=808033

12-годишниот М. Д и 14-годишната М. Д загинале денеска во сообраќајна несреќа која се случила на железничкиот премин во местото Петка во Лазаревац, кога на автомобилот во кој биле налетал воз, објавија српските медиуми.

Во несреќата загинал и возачот Милан Л., додека таткото на децата, 38-годишниот Милан Д. е тешко повреден.

На автомобилот марка „Audi“ налетал воз кој сообраќал на линијата Приеполе – Белград.

На самото место е дежурниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Лазаревац кој прави увид. Се очекува да пристигне и полицијата од Белград.

The post Брат и сестра на возраст од 12 и 14 години загинаа во железничка несреќа во Србија, таткото се бори за живот appeared first on Република.

]]>

12-годишниот М. Д и 14-годишната М. Д загинале денеска во сообраќајна несреќа која се случила на железничкиот премин во местото Петка во Лазаревац, кога на автомобилот во кој биле налетал воз, објавија српските медиуми. Во несреќата загинал и возачот Милан Л., додека таткото на децата, 38-годишниот Милан Д. е тешко повреден. На автомобилот марка „Audi“ налетал воз кој сообраќал на линијата Приеполе – Белград. На самото место е дежурниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Лазаревац кој прави увид. Се очекува да пристигне и полицијата од Белград.

The post Брат и сестра на возраст од 12 и 14 години загинаа во железничка несреќа во Србија, таткото се бори за живот appeared first on Република.

]]>
Двајца скијачи загинале во лавина на планина во Јута, третиот успеал да се спаси https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dvajtsa-skijachi-zaginale-vo-lavina-na-planina-vo-juta-tretiot-uspeal-da-se-spasi/ Fri, 10 May 2024 08:38:35 +0000 https://republika.mk/?p=776643

Двајца скијачи загинале откако биле затрупани од лавина на планината Лоун Пик во американската сојузна држава Јута, која се случила по неколкудневни пролетни снежни бури.

Шерифот на округот Солт Лејк Сити, Рози Ривиера, изјавил дека спасувачки тим со хеликоптер спасил еден од скијачите кој успеал да се извлече од снегот по лавината.

Мажите кои загинаа беа на возраст од 23 и 32 години. Во Америка годишно во лавини умираат околу 30 луѓе“, пренесува АП.

Местото каде што се случи лавината е еден од највисоките врвови кој се издига над главниот град на Јута. Токму стрмниот и нерамен терен ја прави планината популарна дестинација за скијачите.

 

The post Двајца скијачи загинале во лавина на планина во Јута, третиот успеал да се спаси appeared first on Република.

]]>

Двајца скијачи загинале откако биле затрупани од лавина на планината Лоун Пик во американската сојузна држава Јута, која се случила по неколкудневни пролетни снежни бури. Шерифот на округот Солт Лејк Сити, Рози Ривиера, изјавил дека спасувачки тим со хеликоптер спасил еден од скијачите кој успеал да се извлече од снегот по лавината.
Мажите кои загинаа беа на возраст од 23 и 32 години. Во Америка годишно во лавини умираат околу 30 луѓе“, пренесува АП.
Местото каде што се случи лавината е еден од највисоките врвови кој се издига над главниот град на Јута. Токму стрмниот и нерамен терен ја прави планината популарна дестинација за скијачите.  

The post Двајца скијачи загинале во лавина на планина во Јута, третиот успеал да се спаси appeared first on Република.

]]>
Двајца планинари загинаа на Триглав https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/dvajtsa-planinari-zaginaa-na-triglav/ Wed, 03 Apr 2024 12:23:44 +0000 https://republika.mk/?p=761688

Словенечката полиција соопшти дека на подрачјето на планината Триглав на Јулиските Алпи пронашла тела на двајца мажи кои се државјани на Србија. Нивните тела се пронајдени при претрес на теренот со полициски хеликоптери, по исчезнувањето на планинарите во саботата, пишува словенечки Дело.

Како што јави словенечката агенција СТА, станува збор за 33-годишен и 42-годишен маж кои во саботата наутро тргнале на планинарење, но паднале на надморска височина од 1.600 метри и починале на лице место.

Според словенечко „Делo“, во спасувачката акција учествувала и Планинарската спасувачка служба на Словенија.

Потрагата по двајцата планинари започна во саботата, но траеше многу време бидејќи екипите мораа да пребаруваат голема површина, бидејќи не знаеја каде отишле планинарите.

Словенечката полиција наведува дека ја продолжува истрагата како дошло до несреќата.

 

The post Двајца планинари загинаа на Триглав appeared first on Република.

]]>

Словенечката полиција соопшти дека на подрачјето на планината Триглав на Јулиските Алпи пронашла тела на двајца мажи кои се државјани на Србија. Нивните тела се пронајдени при претрес на теренот со полициски хеликоптери, по исчезнувањето на планинарите во саботата, пишува словенечки Дело. Како што јави словенечката агенција СТА, станува збор за 33-годишен и 42-годишен маж кои во саботата наутро тргнале на планинарење, но паднале на надморска височина од 1.600 метри и починале на лице место. Според словенечко „Делo“, во спасувачката акција учествувала и Планинарската спасувачка служба на Словенија. Потрагата по двајцата планинари започна во саботата, но траеше многу време бидејќи екипите мораа да пребаруваат голема површина, бидејќи не знаеја каде отишле планинарите. Словенечката полиција наведува дека ја продолжува истрагата како дошло до несреќата.  

The post Двајца планинари загинаа на Триглав appeared first on Република.

]]>
Зеленски: Во оваа војна загинаа 31 илјада украински војници https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zelenski-vo-ovaa-vojna-zaginaa-31-iljada-ukrainski-vojnitsi/ Sun, 25 Feb 2024 17:25:37 +0000 https://republika.mk/?p=748200

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека во војната загинале 31.000 украински војници.

Во оваа војна загинаа 31 илјада украински војници. Не 300 илјади, не 150 илјади... Путин лаже за овие работи... Сепак, загубата за нас е голема, истакна Володимир Зеленски на прес-конференција во Киев.

Тој изрази уверување дека Конгресот на САД ќе одобри нов голем пакет помош за Украина, вклучувајќи воена и финансиска помош.

Украинскиот лидер нагласи дека неговата земја има потреба од одлука за ова прашање во рок од еден месец.

Победата на Украина во војната зависи од помошта од Западот, нагласи Зеленски.

Ова е првпат Украина да го пријави бројот на загинати свои војници.

Украинскиот претседател рече и дека не може да го открие бројот на ранети украински војници, бидејќи „тоа ќе и помогне на Русија во военото планирање“.

 

The post Зеленски: Во оваа војна загинаа 31 илјада украински војници appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека во војната загинале 31.000 украински војници.
Во оваа војна загинаа 31 илјада украински војници. Не 300 илјади, не 150 илјади... Путин лаже за овие работи... Сепак, загубата за нас е голема, истакна Володимир Зеленски на прес-конференција во Киев.
Тој изрази уверување дека Конгресот на САД ќе одобри нов голем пакет помош за Украина, вклучувајќи воена и финансиска помош. Украинскиот лидер нагласи дека неговата земја има потреба од одлука за ова прашање во рок од еден месец.
Победата на Украина во војната зависи од помошта од Западот, нагласи Зеленски.
Ова е првпат Украина да го пријави бројот на загинати свои војници. Украинскиот претседател рече и дека не може да го открие бројот на ранети украински војници, бидејќи „тоа ќе и помогне на Русија во военото планирање“.  

The post Зеленски: Во оваа војна загинаа 31 илјада украински војници appeared first on Република.

]]>
Девет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Јужна Африка, се враќале од партиски митинг https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/devet-litsa-zaginaa-vo-soobrakajna-nesreka-vo-juzhna-afrika-se-vrakale-od-partiski-miting/ Sun, 25 Feb 2024 15:56:11 +0000 https://republika.mk/?p=748176

Девет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Јужна Африка додека се враќале од митинг на владејачката партија Африкански национален конгрес.

Поддржувачите на партијата на претседателот Кирил Рамафоса се враќале дома со автобус по митингот во градот Дурбан.

Автобусот излетал од патот и се превртел, соопшти полицијата.

Службите за итни случаи објавија дека уште 17 лица се повредени во несреќата кај градот Паулпитерсбург, на околу 360 километри северно од Дурбан.

Африканскиот национален конгрес соопшти дека некои од повредените се во критична состојба.

Партијата официјално ја започна својата изборна кампања на стадионот Мозес Мабхид во Дурбан пред десетици илјади поддржувачи, а изборите се закажани за 29 мај. паг/

 

The post Девет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Јужна Африка, се враќале од партиски митинг appeared first on Република.

]]>

Девет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Јужна Африка додека се враќале од митинг на владејачката партија Африкански национален конгрес. Поддржувачите на партијата на претседателот Кирил Рамафоса се враќале дома со автобус по митингот во градот Дурбан. Автобусот излетал од патот и се превртел, соопшти полицијата. Службите за итни случаи објавија дека уште 17 лица се повредени во несреќата кај градот Паулпитерсбург, на околу 360 километри северно од Дурбан. Африканскиот национален конгрес соопшти дека некои од повредените се во критична состојба. Партијата официјално ја започна својата изборна кампања на стадионот Мозес Мабхид во Дурбан пред десетици илјади поддржувачи, а изборите се закажани за 29 мај. паг/  

The post Девет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Јужна Африка, се враќале од партиски митинг appeared first on Република.

]]>
Исламски отпор ја презеде одговорноста за нападите во Јордан во кои загинаа тројца американски војници https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/islamski-otpor-ja-prezede-odgovornosta-za-napadite-vo-jordan-vo-koi-zaginaa-trojtsa-amerikanski-vojnitsi/ Mon, 29 Jan 2024 08:01:43 +0000 https://republika.mk/?p=737966

Исламски отпор во Ирак, група од неколку вооружени ирачки милитантни фракции кои ги поддржува Иран, ја презеде одговорноста за нападите на јорданско-сириската граница, каде вчера во напад со дрон на американска воена база загинаа тројца, а се повредени 34 американски војници.

Силите на исламскиот отпор соопштија на својот канал Телеграм дека извршиле напади со беспилотни летала вчера рано наутро, како дел од нивните напори, како што рекоа, „да се спротивстават на американските окупациски сили во Ирак“ и како одговор на израелските „масакри“ врз народот во Газа, пренесува Си-Ен-Ен.

Нападите беа насочени кон четири бази, од кои три се во Сирија, соопшти милитантната група. Јордан остро го осуди „терористичкиот напад“ на американската воена база на границата на земјата со Сирија, соопшти дека нападот се случил на територија на Сирија и наведе дека работи со Вашингтон за обезбедување на своите граници.

Американската Влада сè уште не именуваше конкретна милиција која ја смета одговорна за нападот, а американски официјален претставник претходно изјави за Си-Ен-Ен дека сè уште се утврдува.

Министерот за комуникации на јорданската Влада рече дека нападот во кој загинаа американски војници бил насочен кон „напредна позиција на границата со Сирија“ и дека никој од припадниците на јорданската гранична стража не е повреден. Јорданските власти честопати претходно во нивните осуди на конфликтот во Газа изразуваа загриженост за потенцијалното ширење на војната на Блискиот Исток. Јордан е клучен партнер на САД во регионот и добива значителна количина помош.

The post Исламски отпор ја презеде одговорноста за нападите во Јордан во кои загинаа тројца американски војници appeared first on Република.

]]>

Исламски отпор во Ирак, група од неколку вооружени ирачки милитантни фракции кои ги поддржува Иран, ја презеде одговорноста за нападите на јорданско-сириската граница, каде вчера во напад со дрон на американска воена база загинаа тројца, а се повредени 34 американски војници. Силите на исламскиот отпор соопштија на својот канал Телеграм дека извршиле напади со беспилотни летала вчера рано наутро, како дел од нивните напори, како што рекоа, „да се спротивстават на американските окупациски сили во Ирак“ и како одговор на израелските „масакри“ врз народот во Газа, пренесува Си-Ен-Ен. Нападите беа насочени кон четири бази, од кои три се во Сирија, соопшти милитантната група. Јордан остро го осуди „терористичкиот напад“ на американската воена база на границата на земјата со Сирија, соопшти дека нападот се случил на територија на Сирија и наведе дека работи со Вашингтон за обезбедување на своите граници. Американската Влада сè уште не именуваше конкретна милиција која ја смета одговорна за нападот, а американски официјален претставник претходно изјави за Си-Ен-Ен дека сè уште се утврдува. Министерот за комуникации на јорданската Влада рече дека нападот во кој загинаа американски војници бил насочен кон „напредна позиција на границата со Сирија“ и дека никој од припадниците на јорданската гранична стража не е повреден. Јорданските власти честопати претходно во нивните осуди на конфликтот во Газа изразуваа загриженост за потенцијалното ширење на војната на Блискиот Исток. Јордан е клучен партнер на САД во регионот и добива значителна количина помош.

The post Исламски отпор ја презеде одговорноста за нападите во Јордан во кои загинаа тројца американски војници appeared first on Република.

]]>
Во Канада се урна хеликоптер со скијачи, загинаа тројца Италијанци, a четворица се тешко повредени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-kanada-se-urna-helikopter-so-skijachi-zaginaa-trojtsa-italijantsi-a-chetvoritsa-se-teshko-povredeni/ Tue, 23 Jan 2024 13:41:01 +0000 https://republika.mk/?p=735972

Тројца Италијанци загинаа откако се урнал хеликоптер кој превезувал скијачи во Канада, а четири лица се тешко повредени, јави денеска италијанската новинска агенција АНСА.

Локалната туристичка компанија која организира летови за скијачи соопшти дека најмалку три лица загинале, а неколку се тешко повредени кога хеликоптер со скијачи се урна во близина на Терас, во канадската провинција Британска Колумбија.

Компанијата не даде веднаш дополнителни детали за несреќата, објави „Вашингтон пост“. Претседателот на компанијата Џон Форест рече дека соработуваат со канадската коњичка полиција и властите кои ги истражуваат причините за инцидентот.

Најмалку седум лица се наоѓале во хеликоптерот, соопшти локалната волонтерска спасувачка група. Терас е град со 12.000 жители, на околу 112 километри од границата со Алјаска.

The post Во Канада се урна хеликоптер со скијачи, загинаа тројца Италијанци, a четворица се тешко повредени appeared first on Република.

]]>

Тројца Италијанци загинаа откако се урнал хеликоптер кој превезувал скијачи во Канада, а четири лица се тешко повредени, јави денеска италијанската новинска агенција АНСА. Локалната туристичка компанија која организира летови за скијачи соопшти дека најмалку три лица загинале, а неколку се тешко повредени кога хеликоптер со скијачи се урна во близина на Терас, во канадската провинција Британска Колумбија. Компанијата не даде веднаш дополнителни детали за несреќата, објави „Вашингтон пост“. Претседателот на компанијата Џон Форест рече дека соработуваат со канадската коњичка полиција и властите кои ги истражуваат причините за инцидентот. Најмалку седум лица се наоѓале во хеликоптерот, соопшти локалната волонтерска спасувачка група. Терас е град со 12.000 жители, на околу 112 километри од границата со Алјаска.

The post Во Канада се урна хеликоптер со скијачи, загинаа тројца Италијанци, a четворица се тешко повредени appeared first on Република.

]]>
Oбјавени фотографии од војниците кои ги загинаа во најсмртоносниот ден за израелската војска https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/objaveni-fotografii-od-vojnitsite-koi-gi-zaginaa-vo-najsmrtonosniot-den-za-izraelskata-vojska/ Tue, 23 Jan 2024 08:00:01 +0000 https://republika.mk/?p=735743

Израелската војска соопшти дека 21 нејзин војник загинале во Појасот Газа, кога две згради се урнале по голема експлозија, а тенк бил погоден од проектил.

Портпаролот на Израелските одбранбени сили (ИДФ) контраадминистраторот Даниел Хагари, соопшти дека вкупно 21 војник загинале во вчерашниот инцидент во центарот на Газа, во близина на пограничната заедница Кисуфим.

Тој вели дека војниците оперирале во област на околу 600 метри од границата, уништувајќи структури и локации на Хамас, како дел од напорите на армијата да воспостави тампон зона за да им овозможи на жителите на израелските погранични заедници да се вратат во своите домови.

Како што дознаваме, околу 16 часот од страна на терористите биле испукани гранати кон тенк кој ги обезбедувал силите, а истовремено се случила и експлозија во две двокатни згради. Зградите се урнаа поради оваа експлозија, додека повеќето сили беа внатре и во нивна близина, вели тој.

Хагари вели дека експлозијата најверојатно била резултат на мини поставени од војниците за да ги урнат зградите, но причината за детонацијата сè уште се истражува.

Неколку часа спасувачките сили работеа на извлекување на жртвите од урнатите згради, пренесува Тајмс оф Израел.

The post Oбјавени фотографии од војниците кои ги загинаа во најсмртоносниот ден за израелската војска appeared first on Република.

]]>

Израелската војска соопшти дека 21 нејзин војник загинале во Појасот Газа, кога две згради се урнале по голема експлозија, а тенк бил погоден од проектил. Портпаролот на Израелските одбранбени сили (ИДФ) контраадминистраторот Даниел Хагари, соопшти дека вкупно 21 војник загинале во вчерашниот инцидент во центарот на Газа, во близина на пограничната заедница Кисуфим. Тој вели дека војниците оперирале во област на околу 600 метри од границата, уништувајќи структури и локации на Хамас, како дел од напорите на армијата да воспостави тампон зона за да им овозможи на жителите на израелските погранични заедници да се вратат во своите домови.
Како што дознаваме, околу 16 часот од страна на терористите биле испукани гранати кон тенк кој ги обезбедувал силите, а истовремено се случила и експлозија во две двокатни згради. Зградите се урнаа поради оваа експлозија, додека повеќето сили беа внатре и во нивна близина, вели тој.
Хагари вели дека експлозијата најверојатно била резултат на мини поставени од војниците за да ги урнат зградите, но причината за детонацијата сè уште се истражува. Неколку часа спасувачките сили работеа на извлекување на жртвите од урнатите згради, пренесува Тајмс оф Израел.

The post Oбјавени фотографии од војниците кои ги загинаа во најсмртоносниот ден за израелската војска appeared first on Република.

]]>
Најмалку 10 лица загинаа во бомбашки напад во Ирак https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/najmalku-10-litsa-zaginaa-vo-bombashki-napad-vo-irak/ Thu, 30 Nov 2023 21:54:49 +0000 https://republika.mk/?p=718162

Најмалку 10 лица загинаа, а 14 се ранети вечерва во бомбашки напад покрај пат и пукање врз возило и спасувачи во источната ирачка провинција Дијала, соопштија два безбедносни извори.

Како што наведоа, нападот во близина на градот Амранија бил насочен кон роднините на локалниот политичар.

Оттаму додаваат дека две бомби биле фрлени покрај патот, а непознати напаѓачи отвориле снајперски оган врз мештаните кои пристигнале на местото на настанот за да помогнат.

 

The post Најмалку 10 лица загинаа во бомбашки напад во Ирак appeared first on Република.

]]>

Најмалку 10 лица загинаа, а 14 се ранети вечерва во бомбашки напад покрај пат и пукање врз возило и спасувачи во источната ирачка провинција Дијала, соопштија два безбедносни извори. Како што наведоа, нападот во близина на градот Амранија бил насочен кон роднините на локалниот политичар. Оттаму додаваат дека две бомби биле фрлени покрај патот, а непознати напаѓачи отвориле снајперски оган врз мештаните кои пристигнале на местото на настанот за да помогнат.  

The post Најмалку 10 лица загинаа во бомбашки напад во Ирак appeared first on Република.

]]>
Британци, Французи и Германци загинаа во нападот на Хамас https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/britantsi-frantsuzi-i-germantsi-zaginaa-vo-napadot-na-hamas/ Wed, 18 Oct 2023 15:38:16 +0000 https://republika.mk/?p=692576

Најмалку седум Британци, 24 Французи и неколку Германци се убиени во нападот на Хамас врз Израел, според официјалните податоци.

Најмалку седум Британци се убиени, а најмалку девет се водат како исчезнати откако палестинската група Хамас изврши напад врз Израел, изјави денеска портпаролот на британскиот премиер Риши Сунак.

„Можам со жалење да потврдам дека најмалку седум британски државјани трагично ги загубија животите. Уште девет Британци се водат за исчезнати, а некои од нив се стравува дека се меѓу загинатите“, рече портпаролот.

Бројот на француски државјани убиени во нападот на Хамас врз Израел се искачи на 24, изјави француската премиерка Елизабет Борн.

Едноцифрен број германски државјани има меѓу загинатите во невидениот напад на Хамас против Израел, соопшти денеска портпаролот на германското Министерство за надворешни работи, без да даде повеќе детали.

Портпаролот рече дека германското Министерство за надворешни работи е во близок контакт со израелските власти. „Германската влада само ги потврдува смртните случаи кога роднините се информирани“, додаде тој.

Според него, ппостои и постојана размена на информации со партнерите во регионот за да им се овозможи на луѓето кои сакаат да го напуштат Израел да го сторат тоа.

Се верува дека германските државјани се меѓу речиси 200-те луѓе заробени од борците на Хамас за кои се верува дека се држени како заложници во Газа, јави ДПА.

Германските лидери, вклучително и канцеларот Олаф Шолц, изразија солидарност со Израел по нападите на Хамас и ветија дека ќе продолжат да работат за ослободување на заложниците.

The post Британци, Французи и Германци загинаа во нападот на Хамас appeared first on Република.

]]>

Најмалку седум Британци, 24 Французи и неколку Германци се убиени во нападот на Хамас врз Израел, според официјалните податоци.
Најмалку седум Британци се убиени, а најмалку девет се водат како исчезнати откако палестинската група Хамас изврши напад врз Израел, изјави денеска портпаролот на британскиот премиер Риши Сунак.
„Можам со жалење да потврдам дека најмалку седум британски државјани трагично ги загубија животите. Уште девет Британци се водат за исчезнати, а некои од нив се стравува дека се меѓу загинатите“, рече портпаролот. Бројот на француски државјани убиени во нападот на Хамас врз Израел се искачи на 24, изјави француската премиерка Елизабет Борн.
Едноцифрен број германски државјани има меѓу загинатите во невидениот напад на Хамас против Израел, соопшти денеска портпаролот на германското Министерство за надворешни работи, без да даде повеќе детали.
Портпаролот рече дека германското Министерство за надворешни работи е во близок контакт со израелските власти. „Германската влада само ги потврдува смртните случаи кога роднините се информирани“, додаде тој. Според него, ппостои и постојана размена на информации со партнерите во регионот за да им се овозможи на луѓето кои сакаат да го напуштат Израел да го сторат тоа. Се верува дека германските државјани се меѓу речиси 200-те луѓе заробени од борците на Хамас за кои се верува дека се држени како заложници во Газа, јави ДПА. Германските лидери, вклучително и канцеларот Олаф Шолц, изразија солидарност со Израел по нападите на Хамас и ветија дека ќе продолжат да работат за ослободување на заложниците.

The post Британци, Французи и Германци загинаа во нападот на Хамас appeared first on Република.

]]>
JO: Издадени наредби за испитување на несреќата во Шипковица во која загинаа двајца работници https://arhiva3.republika.mk/vesti/jo-izdadeni-naredbi-za-ispituvane-na-nesrekata-vo-shipkovitsa-vo-koja-zaginaa-dvajtsa-rabotnitsi/ Sat, 15 Jul 2023 10:32:52 +0000 https://republika.mk/?p=661624

Јавното обвинителство на Република Македонија соопшти дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово извршил увид на лице место во Шипковица, каде при изградба на потпорен ѕид вчера загинаа двајца работници.

Од ЈО посочуваат дека издадена е наредба за обдукција на телата на починатите.

Издадена е наредба за обдукција на телата на починатите, а јавниот обвинител нареди да се обезбеди и целокупната документација од правниот субјект кој ги ангажирал работниците, како и документацијата од општината поврзана со изградбата на ѕидот. На лице место беше повикан и Државниот трудов инспекторат, кој ќе изготви извештај. Во насока на утврдување на причините и проверка на целиот настан, се испитуваат повеќе лица, соопштуваат од Јавното обвинителство.

The post JO: Издадени наредби за испитување на несреќата во Шипковица во која загинаа двајца работници appeared first on Република.

]]>

Јавното обвинителство на Република Македонија соопшти дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово извршил увид на лице место во Шипковица, каде при изградба на потпорен ѕид вчера загинаа двајца работници. Од ЈО посочуваат дека издадена е наредба за обдукција на телата на починатите.
Издадена е наредба за обдукција на телата на починатите, а јавниот обвинител нареди да се обезбеди и целокупната документација од правниот субјект кој ги ангажирал работниците, како и документацијата од општината поврзана со изградбата на ѕидот. На лице место беше повикан и Државниот трудов инспекторат, кој ќе изготви извештај. Во насока на утврдување на причините и проверка на целиот настан, се испитуваат повеќе лица, соопштуваат од Јавното обвинителство.

The post JO: Издадени наредби за испитување на несреќата во Шипковица во која загинаа двајца работници appeared first on Република.

]]>
Четири лица загинаа во лавина на француските Алпи https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/chetiri-litsa-zaginaa-vo-lavina-na-frantsuskite-alpi/ Sun, 09 Apr 2023 14:37:46 +0000 https://republika.mk/?p=629055

Четири лица загинаа во лавина што попладнево се случи на француските Алпи, изјави министерот за внатрешни работи на земјата, Жералд Дарманин.

Дарманин рече дека проценката за бројот на жртвите е привремена и оти спасувачките екипи се на лице место.

Локалните власти соопштија дека лавината се случила во Горна Савоа на глечерот Амансет на Алпите и била долга 1.000 метри и широка 100 метри.

Жртвите биле на планинарење кога се случила лавината, а нивниот идентитет сè уште не е утврден.

Метеоролошката служба претходно не издаде предупредување за лавина, што најверојатно се случило поради ветерот и повисоките температури.

На терен се спасувачки екипи составени од жандарми, пожарникари и медицински персонал бидејќи се претпоставува дека покрај четирите жртви има уште девет лица.

The post Четири лица загинаа во лавина на француските Алпи appeared first on Република.

]]>

Четири лица загинаа во лавина што попладнево се случи на француските Алпи, изјави министерот за внатрешни работи на земјата, Жералд Дарманин. Дарманин рече дека проценката за бројот на жртвите е привремена и оти спасувачките екипи се на лице место. Локалните власти соопштија дека лавината се случила во Горна Савоа на глечерот Амансет на Алпите и била долга 1.000 метри и широка 100 метри. Жртвите биле на планинарење кога се случила лавината, а нивниот идентитет сè уште не е утврден. Метеоролошката служба претходно не издаде предупредување за лавина, што најверојатно се случило поради ветерот и повисоките температури. На терен се спасувачки екипи составени од жандарми, пожарникари и медицински персонал бидејќи се претпоставува дека покрај четирите жртви има уште девет лица.

The post Четири лица загинаа во лавина на француските Алпи appeared first on Република.

]]>
Од руските напади во Украина досега загинаа 16 деца https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/od-ruskite-napadi-vo-ukraina-dosega-zaginaa-16-deca/ Sun, 27 Feb 2022 21:21:53 +0000 https://republika.mk/?p=464899

Министерот за здравство на Украина, Виктор Љашко соопшти дека 16 деца загинаа во војната во Русија.

Љашко ги нарече руските трупи „терористи“, обвинувајќи ги дека целат на цивили.

Ова не е војска, тоа се терористи, рече тој на украинскиот ТВ канал Рада на 27 февруари.

The post Од руските напади во Украина досега загинаа 16 деца appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство на Украина, Виктор Љашко соопшти дека 16 деца загинаа во војната во Русија. Љашко ги нарече руските трупи „терористи“, обвинувајќи ги дека целат на цивили.
Ова не е војска, тоа се терористи, рече тој на украинскиот ТВ канал Рада на 27 февруари.

The post Од руските напади во Украина досега загинаа 16 деца appeared first on Република.

]]>