загадување на воздухот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zagaduvanje-na-vozduhot/ За подобро да се разбереме Fri, 24 May 2024 17:25:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png загадување на воздухот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zagaduvanje-na-vozduhot/ 32 32 Центарот за климатски промени и УНДП со активности за справување со загадувањето на воздухор https://arhiva3.republika.mk/zivot/tsentarot-za-klimatski-promeni-i-undp-so-aktivnosti-za-spravuvane-so-zagaduvaneto-na-vozduhor/ Fri, 24 May 2024 18:19:35 +0000 https://republika.mk/?p=781488

Центарот за климатски промени (ЦКП) во рамки на проектот „Справување со загадување на воздухот“, што го имплементира Програмата за развој на Обединети нации (УНДП), со финансиска поддршка на Шведска, во периодот од ноември 2023 година – мај 2024 година, успешно спроведе 11 тренинзи на кои учествуваа 278 општински службеници.

„Во рамки на Програмата за чист воздух беа опфатени повеќе теми, меѓу кои и дефинирањето на соодветни индикатори за мониторинг на квалитетот на воздухот, едукација за специјални случаи на аерозагадување, урбанистичко планирање и заштита на животната средина, развивање на стандардни оперативни процедури за инспекција и поднесување на годишни планови за инспекција, а при тоа беа прикажани и добри пракси за подобрување на квалитетот на воздухот од Македонија, при што постојано имавме родово балансирано учество и теми кои директно ги адресираат потребите на социјално ранливите категории. Исто така во тренинзите редовно ги вклучувавме и аспектите поврзани со борба против корупција и човекови права “наведе претседателката на ЦКП, Бојана Станојевска, на денешниот, последен тренинг, што се одржа во Скопје.

Таа додаде дека со тренинзите биле опфатени и креирањето на соодветни планови за квалитет на амбиентен воздух, како и за програми за субвенции кои ќе одговорат на потребите на различни групи граѓани. Имено, како што посочи таа, биле спроведени и тренинзи за инспекциски надзор во животната средина, за обезбедување на податоци за подготовка на успешни планови за квалитетот на амбиентниот воздух, како и за развивање на координативна платформа за чист воздух.

„Морам да го истакнам значењето на овие тренинзи кое е во насока на подготовка на општинските службеници за подобро спроведување на законодавството за квалитет на амбиентен воздух. Беа опфатени сите сегменти од ова поле и речиси сум сигурна дека за скоро време ќе имаме видливи резултати преку примена во нивното работење. Сите наши заложби се во насока на создавање на здрава и чиста животна околина и токму затоа сметам дека е од суштинско значење да се спроведуваат ваков вид на тренинзи со кои се надградува знаењето на лицата кои се вработени во локалната самоуправа“, потенцираше Станојевска.

Претседателката на ЦКП посочи дека тренинзите се одржале во градовите Струмица, Струга, Гостивар, Куманово, Кавадарци и Скопје и дека на нив, општинските службеници, како и овластените инспектори за животна средина добиле можност да добијат приказ на состојбите, како и да разменат мислења, со предавачи од Шведска, Словенија, Косово, Државниот инспекторат за животна средина, универзитети од земјава, како и од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Александра Димова Манчевска, проектна менаџерка во УНДП, презентираше дел од резултатите што се постигнати во рамки на овој проект, но и на претходната фаза на проектот, задржувајќи се на поддршката за подобрување на енергетско ефикасните перформанси на домовите во населба Лисиче, каде се постигнати видливи промени во однос на намалувањето на аерозагадувањето. Овие мерки вклучувале поставување на енергетски ефикасни фасади и покриви, нови прозорци и врати, а исто така се вложило и во замена на системите за затоплување на домовите, од шпорети на дрва во еколошки уреди.

Последниот тренинг од Програмата за чист воздух, беше посветен на јакнење на капацитетите, при што консултантите Весна Кардалевска и Александар Караев, изнесоа добри примери за јакнење на капацитетите во Македонија и се осврнаа на важноста од менторството за подобрување на капацитетите, како и на потребните обуки во таа насока.

Тие заклучија дека ефектите од ваквиот тип на програми се забележуваат на долг рок, со имплементација на знаењето во секојдневното дејствување.

Консултантите им порачаа на присутните да останат мотивирани и да вложат напори во локалните самоуправи да се пресликаат добрите практики, а со тоа да се постигнат видливи резултати.

Претседателката на ЦКП им се заблагодари на учесниците за големата посветеност и интеракцијата на тренинзите и посака одржување на уште многу продуктивни средби со кои ќе се постигнат успеси на национално ниво.

The post Центарот за климатски промени и УНДП со активности за справување со загадувањето на воздухор appeared first on Република.

]]>

Центарот за климатски промени (ЦКП) во рамки на проектот „Справување со загадување на воздухот“, што го имплементира Програмата за развој на Обединети нации (УНДП), со финансиска поддршка на Шведска, во периодот од ноември 2023 година – мај 2024 година, успешно спроведе 11 тренинзи на кои учествуваа 278 општински службеници. „Во рамки на Програмата за чист воздух беа опфатени повеќе теми, меѓу кои и дефинирањето на соодветни индикатори за мониторинг на квалитетот на воздухот, едукација за специјални случаи на аерозагадување, урбанистичко планирање и заштита на животната средина, развивање на стандардни оперативни процедури за инспекција и поднесување на годишни планови за инспекција, а при тоа беа прикажани и добри пракси за подобрување на квалитетот на воздухот од Македонија, при што постојано имавме родово балансирано учество и теми кои директно ги адресираат потребите на социјално ранливите категории. Исто така во тренинзите редовно ги вклучувавме и аспектите поврзани со борба против корупција и човекови права “наведе претседателката на ЦКП, Бојана Станојевска, на денешниот, последен тренинг, што се одржа во Скопје. Таа додаде дека со тренинзите биле опфатени и креирањето на соодветни планови за квалитет на амбиентен воздух, како и за програми за субвенции кои ќе одговорат на потребите на различни групи граѓани. Имено, како што посочи таа, биле спроведени и тренинзи за инспекциски надзор во животната средина, за обезбедување на податоци за подготовка на успешни планови за квалитетот на амбиентниот воздух, како и за развивање на координативна платформа за чист воздух. „Морам да го истакнам значењето на овие тренинзи кое е во насока на подготовка на општинските службеници за подобро спроведување на законодавството за квалитет на амбиентен воздух. Беа опфатени сите сегменти од ова поле и речиси сум сигурна дека за скоро време ќе имаме видливи резултати преку примена во нивното работење. Сите наши заложби се во насока на создавање на здрава и чиста животна околина и токму затоа сметам дека е од суштинско значење да се спроведуваат ваков вид на тренинзи со кои се надградува знаењето на лицата кои се вработени во локалната самоуправа“, потенцираше Станојевска. Претседателката на ЦКП посочи дека тренинзите се одржале во градовите Струмица, Струга, Гостивар, Куманово, Кавадарци и Скопје и дека на нив, општинските службеници, како и овластените инспектори за животна средина добиле можност да добијат приказ на состојбите, како и да разменат мислења, со предавачи од Шведска, Словенија, Косово, Државниот инспекторат за животна средина, универзитети од земјава, како и од Министерството за животна средина и просторно планирање. Александра Димова Манчевска, проектна менаџерка во УНДП, презентираше дел од резултатите што се постигнати во рамки на овој проект, но и на претходната фаза на проектот, задржувајќи се на поддршката за подобрување на енергетско ефикасните перформанси на домовите во населба Лисиче, каде се постигнати видливи промени во однос на намалувањето на аерозагадувањето. Овие мерки вклучувале поставување на енергетски ефикасни фасади и покриви, нови прозорци и врати, а исто така се вложило и во замена на системите за затоплување на домовите, од шпорети на дрва во еколошки уреди. Последниот тренинг од Програмата за чист воздух, беше посветен на јакнење на капацитетите, при што консултантите Весна Кардалевска и Александар Караев, изнесоа добри примери за јакнење на капацитетите во Македонија и се осврнаа на важноста од менторството за подобрување на капацитетите, како и на потребните обуки во таа насока. Тие заклучија дека ефектите од ваквиот тип на програми се забележуваат на долг рок, со имплементација на знаењето во секојдневното дејствување. Консултантите им порачаа на присутните да останат мотивирани и да вложат напори во локалните самоуправи да се пресликаат добрите практики, а со тоа да се постигнат видливи резултати. Претседателката на ЦКП им се заблагодари на учесниците за големата посветеност и интеракцијата на тренинзите и посака одржување на уште многу продуктивни средби со кои ќе се постигнат успеси на национално ниво.

The post Центарот за климатски промени и УНДП со активности за справување со загадувањето на воздухор appeared first on Република.

]]>
МЖСПП: Високите концентрации на ПМ10 и ПМ2,5 во мерната станица „Велес 2“ последица на градежни активности во непосредна близина https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mzhspp-visokite-kontsentratsii-na-pm10-i-pm2-5-vo-mernata-stanitsa-veles-2-posleditsa-na-gradezhni-aktivnosti-vo-neposredna-blizina/ Mon, 03 Apr 2023 17:30:54 +0000 https://republika.mk/?p=626832

Високите концентрации на суспендирани честички со големина до 10 и 2.5 микрометри (ПМ10 и ПМ2,5) што ги покажува мониторинг станицата „Велес 2“, поставена во дворот на детската градинка „Димче Мирчев“ во велешката населба Тунел, не даваат релевантна слика за квалитетот на воздухот во Општина Велес, бидејќи во непосредна близина на станицата се врши реконструкција на дел од улицата „Благој Ѓорев“, што е директен извор на загадувањето, информира денеска Министерството за животна средина и просторно планирање.

- Поради тоа и поради заштита на инструментите од прекумерните концентрации на прашина, истите ќе бидат исклучени до завршувањето на градежните работи, се посочува во соопштението.

МЖСПП ги известува граѓаните на Општина Велес, кои живеат и се движат во непосредна близина на локацијата каде што се одвиваат градежни активности дека до завршувањето на градежните работи можна е појава на повисоки концентрации и да преземат мерки на лична заштита.

- Се препорачува на Општина Велес да преземе акција за побрзо да се заврши реконструкцијата на улицата, а во меѓувреме да го задолжи изведувачот почесто да ја прска улицата со цел истата да биде постојано во влажна состојба, се додава во соопштението на МЖСПП.

The post МЖСПП: Високите концентрации на ПМ10 и ПМ2,5 во мерната станица „Велес 2“ последица на градежни активности во непосредна близина appeared first on Република.

Кавадарци, Гостивар, Куманово, Струмица и Струга ќе ги откриваат загадувачите на воздухот преку нов прокет на МЖСПП https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kavadartsi-gostivar-kumanovo-strumitsa-i-struga-ke-gi-otkrivaat-zagaduvachite-na-vozduhot-preku-nov-proket-na-mzhspp/ Wed, 29 Mar 2023 14:24:29 +0000 https://republika.mk/?p=625141

Започнува имплементација на новиот проект за справување со квалитетот на воздухот што ќе се реализира како соработка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА), Министерството за животна средина и просторно планирање и други партнерски организации. Проектот има цел да ги поддржи локалните власти во пет пилот-општини во нашата дражава, во насока на откривање и мерење на изворите на загадување на воздухот, идентификување, развој и спроведување соодветни мерки за надминување на проблемите, јакнење на капацитетите на партнерските организации, како и подигање на јавната свест и развивање на позитивните навики кај широката јавност. Истиот се надоврзува на постигнатите резултати и научените лекции од првата проектна фаза што се спроведуваше во Градот Скопје. Успешно спроведените активности ќе се реплицираат во Кавадарци, Гостивар, Куманово, Струмица и Струга како градови што имаат сериозни проблеми со загадувањето на воздухот.

Големи се надежите и мотивираноста кога започнува нов проект, особено кога се однесува на еден од најгорливите проблеми со кој се соочуваме, загадувањето на воздухот“, изјави министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова додавајќи дека надминувањето на овие состојби бараат мултисекторски пристап и координација, а конципираноста на овој проект токму тоа го овозможува.

Министерството е отворено за соработка и поддршка на локалните самоуправи, а проектните активности се надоврзуваат на оние на Министерството и се вклопуваат во планското решавање на ова горливо прашање.

Како партнери во проектот се вклучуваат и Министерството за локална самоуправа, Бирото за регионален развој и ЗЕЛС, а во имплементирањето ќе се вклучи и научната фела преку лабораторијата АМБИКОН од штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ која во претходниот циклус во тесна соработка со стручните служби на МЖСПП работеше на детекција и моделирање на изворите на загадување на проекција на мерките.

Во проектот дел од финансиските средства, ќе се искористат за подобрување на енергетската ефикасност и замена на системите на греење на јавни објекти, за кои предлог ќе дадат самите општините, а реализацијата ќе одвива врз основа на кофинансирање од страна на самите општини.

На денешниот настан присуствуваа и се обратија и постојан претставник на УНДП во државата Армен Григоријан, амбасадорката на Шведска Ами Ларсон, министерот за локалната самоуправа Ристон Пенов, извршениот директор на ЗЕЛС Душица Перишиќ и директорот на Бирото за регионален развој Рамиз Реџепи.

The post Кавадарци, Гостивар, Куманово, Струмица и Струга ќе ги откриваат загадувачите на воздухот преку нов прокет на МЖСПП appeared first on Република.

]]>

Започнува имплементација на новиот проект за справување со квалитетот на воздухот што ќе се реализира како соработка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА), Министерството за животна средина и просторно планирање и други партнерски организации. Проектот има цел да ги поддржи локалните власти во пет пилот-општини во нашата дражава, во насока на откривање и мерење на изворите на загадување на воздухот, идентификување, развој и спроведување соодветни мерки за надминување на проблемите, јакнење на капацитетите на партнерските организации, како и подигање на јавната свест и развивање на позитивните навики кај широката јавност. Истиот се надоврзува на постигнатите резултати и научените лекции од првата проектна фаза што се спроведуваше во Градот Скопје. Успешно спроведените активности ќе се реплицираат во Кавадарци, Гостивар, Куманово, Струмица и Струга како градови што имаат сериозни проблеми со загадувањето на воздухот.
Големи се надежите и мотивираноста кога започнува нов проект, особено кога се однесува на еден од најгорливите проблеми со кој се соочуваме, загадувањето на воздухот“, изјави министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова додавајќи дека надминувањето на овие состојби бараат мултисекторски пристап и координација, а конципираноста на овој проект токму тоа го овозможува.
Министерството е отворено за соработка и поддршка на локалните самоуправи, а проектните активности се надоврзуваат на оние на Министерството и се вклопуваат во планското решавање на ова горливо прашање. Како партнери во проектот се вклучуваат и Министерството за локална самоуправа, Бирото за регионален развој и ЗЕЛС, а во имплементирањето ќе се вклучи и научната фела преку лабораторијата АМБИКОН од штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ која во претходниот циклус во тесна соработка со стручните служби на МЖСПП работеше на детекција и моделирање на изворите на загадување на проекција на мерките. Во проектот дел од финансиските средства, ќе се искористат за подобрување на енергетската ефикасност и замена на системите на греење на јавни објекти, за кои предлог ќе дадат самите општините, а реализацијата ќе одвива врз основа на кофинансирање од страна на самите општини. На денешниот настан присуствуваа и се обратија и постојан претставник на УНДП во државата Армен Григоријан, амбасадорката на Шведска Ами Ларсон, министерот за локалната самоуправа Ристон Пенов, извршениот директор на ЗЕЛС Душица Перишиќ и директорот на Бирото за регионален развој Рамиз Реџепи.

The post Кавадарци, Гостивар, Куманово, Струмица и Струга ќе ги откриваат загадувачите на воздухот преку нов прокет на МЖСПП appeared first on Република.

]]>
Зелен хуман град: Индустријата загадува со помош на институциите https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/zelen-human-grad-industrijata-zagaduva-so-pomosh-na-institutsiite/ Mon, 16 Jan 2023 12:54:20 +0000 https://republika.mk/?p=597393

Цементарница УСЈЕ е дел од загадувачката индустрија во Македонија што согорува отпад како „алтернативно гориво“. Неодамна медиумите беа преплавени со апологиите на лобисти од индустријата кои бараат укинување на забраната за увоз на отпад за горење, зашто тоа било единствениот начин за да станат поконкурентни на пазарот.

Активистичките групи кои се членки на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД со години повторуваат дека индустријата во Македонија е крајно неконтролирана и дека не постојат прецизни и објективни податоци за степенот на аерозагадување што го предизвикува. Со последниот „инспекциски надзор“ над УСЈЕ тоа многу пластично се покажа.

Во обид да ја покажат својата „транспарентност“ и „посветеност“, Министерството за животна средина и просторно планирање и Државниот инспекторат за животна средина деновиве објавија низа документи и информации во врска со инспекцискиот надзор спроведен над УСЈЕ во периоди на високо аерозагадување.

Тие документи и информации уште повеќе ги продлабочија сомнежите и ја разоткрија трулоста на системот кој ревносно ги штити големите загадувачи за сметка на јавното здравје.

Ова се фактите кои по спроведената анализа на сите јавно достапни документи и информации досега ги воочи ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД:

  • Вонредниот инспекциски надзор над УСЈЕ беше најавен.
  • Со отпочнувањето прекршочна наместо кривична постапка, инспекторот од Државниот инспекторат за животна средина потенцијално спречил кривичен прогон на УСЈЕ во склад со начелото Ne bis in idem.
  • Инспекторите мереле емисии на само 3 од вкупно 12 оџаци во УСЈЕ. Според закон и А-интегрираната дозвола, тие се обврзани да ги мерат емисиите од сите 12 оџаци.
  • Според А-дозволата, од 12 оџаци, обврската е континуирано (секојдневно) да се мерат емисии на 10 оџаци (2 ротирачки печки, 2 ладилника за клинкер, 4 мелници за цемент и 2 мелници за цврсто гориво), а двапати годишно да се мерат емисиите на 2 оџака (1 парен котел на мазут и 1 парен котел на гас).
  • Никаде не се јавно достапни дневните извештаи од континуирано мерење на 10 оџаци во УСЈЕ, што повторно е неисполнета обврска од дозволата.
  • Никаде не се јавно објавени резултатите од 24-часовното мерење на ПМ10 честици во кругот на фабриката што се реализирало за време на вонредниот надзор.
  • Во објавениот извештај од мерењата спроведени од лабораторијата ЕУРОМАК-КОНТРОЛ недостасува табела со број 7.2.6. Дали таа ги содржи податоците со мерењата на ПМ10 честиците и намерно е испуштена?
  • Во извештајот од ротирачката печка бр. 3 од автоматски мониторинг на 28 декември 2022 г. недостасуваат податоци за дури 10 часа, а според Правилникот за методологијата, начините, постапките, методите и средствата за мерење на емисиите од стационарните извори, член 15 став (2) Вредностите од мерењата на автоматскиот систем ќе се оценуваат врз основа на правилото според кое најмалку две третини од вредностите треба да бидат валидизирани за да се смета мерењето како веродостојно.

Во записниците и извештаите од мерењата се забележани огромни пропусти. УСЈЕ до Државниот инспекторат за животна средина доставува месечни извештаи. Во тие извештаи не може да се видат аномалиите кои се видливи во дневните извештаи. За да бидат веродостојни дневните мерења, во 24 часа мора да постојат податоци од мерења за минимум 16 часа. Ако не постојат мерења за минимум 16 часа, мерењата од тој ден се сметаат за невалидни. За да бидат веродостојни месечните мерења, не смее повеќе од 10 дена да има невалидни мерења. Нејасно е кој и дали воопшто некој ги валидира мерењата на дневна основа. Нејасно е како инспекторот кој го контролирал извештајот од автоматски мониторинг не го оспорил бидејќи тој содржи податоци за само 14 часа?!

Инсистираме Државниот инспекторат за животна средина и Министерството за животна средина и просторно планирање да одговорат на жителите на Скопје колку години и УСЈЕ и останати индустриски капацитети се толерирани и никој не покренал кривични постапки иако сте забележале огромни недостатоци во мерењата како во случајот со последниот спроведен надзор?

Министерот за животна средина и просторно планирање во своето последно гостување во Дневникот на Сител покажа загрижувачко непознавање на состојбите – не знаеше дека вонредниот надзор во УСЈЕ бил најавен; не знае дека и сега има обврска да ги објавува јавно податоците од континуираните мерења, а не да чека нов Закон за индустриски емисии; не знае дека министерството кое го води прво има должност да ги отпочнува кривичните постапки против загадувачи, а не да ја префрла топката кај некои други институции.

Потсетуваме дека директорот на Државниот инспекторат за животна средина на 5 јануари, ден по спроведениот најавен надзор на УСЈЕ, изјави дека фабриките не загадуваат, туку домаќинствата.

Маглата од загаденост во која нѐ држат институциите на системот ќе ја снема кога секој корумпиран службеник ќе го снема од работното место и ќе биде затворен за своите злодела.

Активисти на Граѓанска иницијатива ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД

The post Зелен хуман град: Индустријата загадува со помош на институциите appeared first on Република.

]]>

Цементарница УСЈЕ е дел од загадувачката индустрија во Македонија што согорува отпад како „алтернативно гориво“. Неодамна медиумите беа преплавени со апологиите на лобисти од индустријата кои бараат укинување на забраната за увоз на отпад за горење, зашто тоа било единствениот начин за да станат поконкурентни на пазарот. Активистичките групи кои се членки на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД со години повторуваат дека индустријата во Македонија е крајно неконтролирана и дека не постојат прецизни и објективни податоци за степенот на аерозагадување што го предизвикува. Со последниот „инспекциски надзор“ над УСЈЕ тоа многу пластично се покажа. Во обид да ја покажат својата „транспарентност“ и „посветеност“, Министерството за животна средина и просторно планирање и Државниот инспекторат за животна средина деновиве објавија низа документи и информации во врска со инспекцискиот надзор спроведен над УСЈЕ во периоди на високо аерозагадување. Тие документи и информации уште повеќе ги продлабочија сомнежите и ја разоткрија трулоста на системот кој ревносно ги штити големите загадувачи за сметка на јавното здравје. Ова се фактите кои по спроведената анализа на сите јавно достапни документи и информации досега ги воочи ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД:
  • Вонредниот инспекциски надзор над УСЈЕ беше најавен.
  • Со отпочнувањето прекршочна наместо кривична постапка, инспекторот од Државниот инспекторат за животна средина потенцијално спречил кривичен прогон на УСЈЕ во склад со начелото Ne bis in idem.
  • Инспекторите мереле емисии на само 3 од вкупно 12 оџаци во УСЈЕ. Според закон и А-интегрираната дозвола, тие се обврзани да ги мерат емисиите од сите 12 оџаци.
  • Според А-дозволата, од 12 оџаци, обврската е континуирано (секојдневно) да се мерат емисии на 10 оџаци (2 ротирачки печки, 2 ладилника за клинкер, 4 мелници за цемент и 2 мелници за цврсто гориво), а двапати годишно да се мерат емисиите на 2 оџака (1 парен котел на мазут и 1 парен котел на гас).
  • Никаде не се јавно достапни дневните извештаи од континуирано мерење на 10 оџаци во УСЈЕ, што повторно е неисполнета обврска од дозволата.
  • Никаде не се јавно објавени резултатите од 24-часовното мерење на ПМ10 честици во кругот на фабриката што се реализирало за време на вонредниот надзор.
  • Во објавениот извештај од мерењата спроведени од лабораторијата ЕУРОМАК-КОНТРОЛ недостасува табела со број 7.2.6. Дали таа ги содржи податоците со мерењата на ПМ10 честиците и намерно е испуштена?
  • Во извештајот од ротирачката печка бр. 3 од автоматски мониторинг на 28 декември 2022 г. недостасуваат податоци за дури 10 часа, а според Правилникот за методологијата, начините, постапките, методите и средствата за мерење на емисиите од стационарните извори, член 15 став (2) Вредностите од мерењата на автоматскиот систем ќе се оценуваат врз основа на правилото според кое најмалку две третини од вредностите треба да бидат валидизирани за да се смета мерењето како веродостојно.
Во записниците и извештаите од мерењата се забележани огромни пропусти. УСЈЕ до Државниот инспекторат за животна средина доставува месечни извештаи. Во тие извештаи не може да се видат аномалиите кои се видливи во дневните извештаи. За да бидат веродостојни дневните мерења, во 24 часа мора да постојат податоци од мерења за минимум 16 часа. Ако не постојат мерења за минимум 16 часа, мерењата од тој ден се сметаат за невалидни. За да бидат веродостојни месечните мерења, не смее повеќе од 10 дена да има невалидни мерења. Нејасно е кој и дали воопшто некој ги валидира мерењата на дневна основа. Нејасно е како инспекторот кој го контролирал извештајот од автоматски мониторинг не го оспорил бидејќи тој содржи податоци за само 14 часа?! Инсистираме Државниот инспекторат за животна средина и Министерството за животна средина и просторно планирање да одговорат на жителите на Скопје колку години и УСЈЕ и останати индустриски капацитети се толерирани и никој не покренал кривични постапки иако сте забележале огромни недостатоци во мерењата како во случајот со последниот спроведен надзор? Министерот за животна средина и просторно планирање во своето последно гостување во Дневникот на Сител покажа загрижувачко непознавање на состојбите – не знаеше дека вонредниот надзор во УСЈЕ бил најавен; не знае дека и сега има обврска да ги објавува јавно податоците од континуираните мерења, а не да чека нов Закон за индустриски емисии; не знае дека министерството кое го води прво има должност да ги отпочнува кривичните постапки против загадувачи, а не да ја префрла топката кај некои други институции. Потсетуваме дека директорот на Државниот инспекторат за животна средина на 5 јануари, ден по спроведениот најавен надзор на УСЈЕ, изјави дека фабриките не загадуваат, туку домаќинствата. Маглата од загаденост во која нѐ држат институциите на системот ќе ја снема кога секој корумпиран службеник ќе го снема од работното место и ќе биде затворен за своите злодела. Активисти на Граѓанска иницијатива ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД

The post Зелен хуман град: Индустријата загадува со помош на институциите appeared first on Република.

]]>
Во Тетово и Гостивар презагадено, стапуваат на сила мерките https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-tetovo-i-gostivar-prezagadeno-stapuvaat-na-sila-merkite/ Mon, 02 Jan 2023 12:11:06 +0000 https://republika.mk/?p=592758

Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови  на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 мg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, Ве информираме дека истиот е надминат на мерните места во Тетово и Гостивар.

Во табелата се прикажани среднодневните концентрации на PM10 на мерните места каде има појава на надминување на праг на алармирање.

Од страна на МЖСПП доставена е информација за надминување на прагот на алармирање до Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управа за животна средина, Сектор за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институт за јавно здравје и до општините  Тетово и Гостивар.

Согласно заклучоците од записникот од 40та седница на Владата на Република Македонија одржана на 28.11.2017 година, за  Тетово и Гостивар стапуваат на сила препораките и мерките во случај на надминат праг на алармирање.

The post Во Тетово и Гостивар презагадено, стапуваат на сила мерките appeared first on Република.

]]>

Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови  на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 мg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, Ве информираме дека истиот е надминат на мерните места во Тетово и Гостивар. Во табелата се прикажани среднодневните концентрации на PM10 на мерните места каде има појава на надминување на праг на алармирање. Од страна на МЖСПП доставена е информација за надминување на прагот на алармирање до Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управа за животна средина, Сектор за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институт за јавно здравје и до општините  Тетово и Гостивар. Согласно заклучоците од записникот од 40та седница на Владата на Република Македонија одржана на 28.11.2017 година, за  Тетово и Гостивар стапуваат на сила препораките и мерките во случај на надминат праг на алармирање.

The post Во Тетово и Гостивар презагадено, стапуваат на сила мерките appeared first on Република.

]]>
Траеше еден ден: Толку од бесплатниот превоз, воздухот се исчисти https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/traeshe-eden-den-tolku-od-besplatniot-prevoz-vozduhot-se-ischisti/ Wed, 28 Dec 2022 07:38:19 +0000 https://republika.mk/?p=590747

Препораките и мерките коишто беа воведени поради аерозагадувањето во Скопје се укинати, а од денеска не важи и одлуката за бесплатен јавен градски превоз.

Министерството за животна средина и просторно планирање вчера соопшти дека среднодневните концентрации на ПМ10 честички во Скопје се под дефинираниот праг на алармирање, поради што престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање што беа воведени во саботата.

– Согласно податоците од Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на ден 26.12.2022 година, среднодневните концентрации на ПМ10 суспендираните честички во Скопје се под дефинираниот праг на алармирање од 150 микрограми на кубен метар и епизодата од два последователни дена е прекината, поради што престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање, соопшти МЖСПП.

И од Јавното сообраќајно претпријатие информираа дека од денеска престанува да важи одлуката за бесплатен јавен градски превоз која беше донесена во саботата со цел справување со загадувањето на амбиенталниот воздух.

Препораките и мерките по препорака на Министерството за животна средина и просторно планирање беа воведени во саботата во Скопје, Кичево, Кавадарци и Струмица, а од неделата и во Гостивар. Со нив, од работни обврски се ослободија бремените жени, лицата постари од 60 години и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар. Дел од препораките беа и да се реорганизира работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11 до 17 часот, а се препорачуваше и да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено, како и да се обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба.

Во Скопје мерките беа воведени откако на мерното место во Центар во четвртокот беа измерени концентрации на ПМ10 честички од 160,34 микрограми на кубен метар, а во петокот 248,51 микрограми на кубен метар, додека во Лисиче во четвртокот беа регистрирани 189,94 микрограми на кубен метар, а во петокот – 259,01 микрограми на кубен метар.

Како дел од пакетот мерки што ги презема Градот Скопје, покрај бесплатниот јавен превоз, беа и зголемени вонредни инспекциски контроли на Б инсталации и инсталации елаборати кои се во надлежност на Град Скопје, зголемени вонредни инспекциски контроли на градилишта и зачестено чистење на улиците и пешачките зони во надлежност на градот

The post Траеше еден ден: Толку од бесплатниот превоз, воздухот се исчисти appeared first on Република.

]]>

Препораките и мерките коишто беа воведени поради аерозагадувањето во Скопје се укинати, а од денеска не важи и одлуката за бесплатен јавен градски превоз. Министерството за животна средина и просторно планирање вчера соопшти дека среднодневните концентрации на ПМ10 честички во Скопје се под дефинираниот праг на алармирање, поради што престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање што беа воведени во саботата. – Согласно податоците од Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на ден 26.12.2022 година, среднодневните концентрации на ПМ10 суспендираните честички во Скопје се под дефинираниот праг на алармирање од 150 микрограми на кубен метар и епизодата од два последователни дена е прекината, поради што престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање, соопшти МЖСПП. И од Јавното сообраќајно претпријатие информираа дека од денеска престанува да важи одлуката за бесплатен јавен градски превоз која беше донесена во саботата со цел справување со загадувањето на амбиенталниот воздух.   Препораките и мерките по препорака на Министерството за животна средина и просторно планирање беа воведени во саботата во Скопје, Кичево, Кавадарци и Струмица, а од неделата и во Гостивар. Со нив, од работни обврски се ослободија бремените жени, лицата постари од 60 години и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар. Дел од препораките беа и да се реорганизира работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11 до 17 часот, а се препорачуваше и да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено, како и да се обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба. Во Скопје мерките беа воведени откако на мерното место во Центар во четвртокот беа измерени концентрации на ПМ10 честички од 160,34 микрограми на кубен метар, а во петокот 248,51 микрограми на кубен метар, додека во Лисиче во четвртокот беа регистрирани 189,94 микрограми на кубен метар, а во петокот – 259,01 микрограми на кубен метар. Како дел од пакетот мерки што ги презема Градот Скопје, покрај бесплатниот јавен превоз, беа и зголемени вонредни инспекциски контроли на Б инсталации и инсталации елаборати кои се во надлежност на Град Скопје, зголемени вонредни инспекциски контроли на градилишта и зачестено чистење на улиците и пешачките зони во надлежност на градот

The post Траеше еден ден: Толку од бесплатниот превоз, воздухот се исчисти appeared first on Република.

]]>
Стапуваат на сила препораките и мерките за надминување на праг на алармирање за ПМ10 честички https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/stapuvaat-na-sila-preporakite-i-merkite-za-nadminuvanje-na-prag-na-alarmiranje-za-pm10-chestichki/ Sat, 24 Dec 2022 18:51:53 +0000 https://republika.mk/?p=589569

Поради зголемено загадување стапуваат на сила препораките и мерките за надминување на праг на алармирање за Градот Скопје, Кичево, Кавадарци и Струмица, известува Владата согласно информацијата на Министерството за животна средина и просторно планирање за надминување на прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 микрограми на метар кубен во текот на два последователни денови) на мерните места во Скопје – Центар и Лисиче, Кичево, Кавадарци и Струмица.
Владата ги информира надлежните институции и релевантните општини дека е потребно да постапат согласно заклучоците од записникот од 40-та седница на Владата одржана на 28 ноември 2017 година, според кои Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Министерството за здравство им препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар, како и да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11:00 до 17:00 часот.
Исто така, се препорачува да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено, како и да се обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба.Министерство за труд и социјална политика во соработка со Црвениот крст, Здравствениот дом и единиците за локална самоуправа треба да обезбеди прифатилишта за сместување на бездомници, и да даде поддршка на стари осамени лица преку организирани посети.Од Владата информираат дека согласно заклучоците, Министерството за здравство треба да ја ја задолжи Службата за итна медицинска помош да доставува информација до ИЈЗ за број на повици (според дијагноза/код на МКБ10, пол, возраст, место на живеење/општина), за времетраењето на епизодата на алармантно загадување на воздухот на дневна основа се до завршување на епизодата и една недела по завршувањето.Државниот инспекторат за животна средина, пак, треба да почне со вршење зачестена контрола на инсталациите кои што поседуваат А – ИСКЗ дозвола, да спроведе контролни мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух со акредитирана лабораторија со цел да се утврди дали се применуваат пропишаните услови/мерки во Дозволата по однос на емисиите во воздух.Министерството за животна средина и просторно планирање треба да подготви и достави препорака до инсталациите коишто поседуваат А – ИСКЗ дозвола, за намалување на капацитетот на производство (до 50 %) со што од оваа мерка ќе бидат исклучени инсталациите кои што произведуваат топлинска или електрична енергија.Според владините заклучоци, единиците на локална самоуправа се должни да ги спроведат мерките пропишани во краткорочните планови или краткорочните мерки донесени на советите на општините.Истовремено, Владата ги задолжува сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и АД во државна сопственост, како и на единиците на локална самоуправа да ја намалат (до 50%) употребата на службените возила и се препорачува ограничување на работите на градежните објекти до престанок на важење на препораките и мерките

The post Стапуваат на сила препораките и мерките за надминување на праг на алармирање за ПМ10 честички appeared first on Република.

Скопје на третото место на најзагадените градови во светот https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/skopje-na-tretoto-mesto-na-najzagadenite-gradovi-vo-svetot/ Fri, 23 Dec 2022 11:46:49 +0000 https://republika.mk/?p=589162

Скопје денеска напладне се најде на третото место на најзагадените градови во светот според платформата „IQAir“, која го следи аерозагадувањето во реално време.

Со индекс на квалитетот на воздух од 182, аерозагадувањето во Скопје во моментов е штетно по здравјето, а полош воздух од македонскиот главен град е регистриран само во Лахор во Пакистан и Њу Делхи во Индија.

Од регионот на првите 10 најлоши позиции се најде и главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, кој е на четвртото место и Белград во Србија, кој е на осмото место.

Според сајтот на Министерството за животна средина и просторно планирање официјалните мерни станици низ Скопје не даваат податоци за аерозагадувањето од 21 декември. Единствено која во моментов функционира е мерната станица во Гази Баба, која на последното мерење во 12 часот денеска покажала 166 микрограми на метар кубен (µg/m3) ПМ10 суспендирани честички во воздухот.

Според платформата pulse.eco во моментов на најголемиот дел од мерните станици низ Скопје се регистрираат екстремно високи нивоа на ПМ10 честички. Просечната вредност во целиот град изнесува 256 µg/m3, додека најголемо загадување покажуваат мерните станици поставени во Маџир Маало (442 µg/m3), Ѓорче Петров (356 µg/m3) и Карпош 2 (344 µg/m3).

The post Скопје на третото место на најзагадените градови во светот appeared first on Република.

]]>

Скопје денеска напладне се најде на третото место на најзагадените градови во светот според платформата „IQAir“, која го следи аерозагадувањето во реално време. Со индекс на квалитетот на воздух од 182, аерозагадувањето во Скопје во моментов е штетно по здравјето, а полош воздух од македонскиот главен град е регистриран само во Лахор во Пакистан и Њу Делхи во Индија. Од регионот на првите 10 најлоши позиции се најде и главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, кој е на четвртото место и Белград во Србија, кој е на осмото место. Според сајтот на Министерството за животна средина и просторно планирање официјалните мерни станици низ Скопје не даваат податоци за аерозагадувањето од 21 декември. Единствено која во моментов функционира е мерната станица во Гази Баба, која на последното мерење во 12 часот денеска покажала 166 микрограми на метар кубен (µg/m3) ПМ10 суспендирани честички во воздухот. Според платформата pulse.eco во моментов на најголемиот дел од мерните станици низ Скопје се регистрираат екстремно високи нивоа на ПМ10 честички. Просечната вредност во целиот град изнесува 256 µg/m3, додека најголемо загадување покажуваат мерните станици поставени во Маџир Маало (442 µg/m3), Ѓорче Петров (356 µg/m3) и Карпош 2 (344 µg/m3).  

The post Скопје на третото место на најзагадените градови во светот appeared first on Република.

]]>
Арсовска: Сите загадувачи на Скопје ќе бидат казнети и јавно објавeни https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/arsovska-site-zagaduvachi-na-skopje-kje-bidat-kazneti-i-javno-objaveni/ Thu, 10 Mar 2022 20:24:25 +0000 https://republika.mk/?p=470922

Тоа што Македонија е една од најзагадените држави во светот треба да биде приоритет за справување со овој проблем. Сите живееме тука, сите го дишеме овој воздух, сите сме свесни дека четири години ништо не се направило, истакна градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска во вечерашното гостување во емисијата Вин Вин на Телма телевизија, додавајќи дека Скопје е загаден град и активно мора да се работи на системско решавање на овој проблем кој сериозно го загрозува здравјето на граѓаните, особено кога има доста позитивни иницијативи и експертски мислења кои треба да се земат во предвид.

Јас сум човек којшто бил болен од рак, во семејството имам луѓе кои што биле подеднакво болни, во мојата околина пријатели, луѓе коишто ги познавам. Зарем сметаме ние дека треба да живееме во место каде што ништо не треба да се преземе на оваа тема? Од таму беше и она за чистењето на депониите. Некој согорува, некој не труе цело време и некој од другата страна дали поради лукративна или какви и да се други причини, ништо не направил да ги превенира. За загадувачите повеќе неказнивост нема да има. И се изрекуваат казни и така ќе биде и понатаму. Нема да дозволиме некој да го загрозува нашето здравје, ниту за вас, ниту за мене, за моето дете и за децата на било кој што живее овде во Скопје. Тоа што некој се обидува да ги искористува механизмите и да не плати е негово право, наше е да постапуваме по закон. Ќе преземеме механизам и на објавување јавно со фотографии и докази кој и како загадува, па нека им суди јавноста, дополни Арсовска.

Според неа, набавката на 250 нови еколошки автобуси како дел од програмата на градот се едно од решенијата и за тоа има фондови, посочи таа.

Сега во ова време кога средствата што се чуваат во банките се практично со негативна камата, зошто пак некој не би инвестирал во град во којшто вашите средства се сигурни дека ќе ги вратите по години. И да не зборуваме за кредитирање, да зборуваме за грантирање. Средства има навистина многу на располагање за сите оние коишто сакаат да се придвижат кон зелената транзиција, рече градоначалничката Арсовска.

The post Арсовска: Сите загадувачи на Скопје ќе бидат казнети и јавно објавeни appeared first on Република.

Шведска донираше опрема за мерење на загадувањето на воздухот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shvedska-donirashe-oprema-za-merenje-na-zagaduvanjeto-na-vozduhot/ Thu, 03 Mar 2022 16:49:50 +0000 https://republika.mk/?p=467240

Министерството за животна средина доби донација од Шведска во опрема за мерење на квалитетот на воздухот, вредна повеќе од 300.000 евра. Преку соработката на Шведската агенција за заштита на животната средина и Министерството во проектот „Поддршка на Македонија во пристапувањето во ЕУ на полето на животната средина“, обезбедена е високопрецизна лабораториска опрема за мерење на квалитетот на воздухот.

Со тоа, како што велат од министерството, се подобрија капацитетите за мерење на осумте мерни станици распоредени низ земјата, каде што беа заменети 14 застарени мерни инструменти за РМ10, азотни оксиди и озон и беа инсталирани осум нови за следење на концентрацијата на РМ2.5. Овие параметри претставуваат стандарден сет на загадувачки супстанции што се следат и што имаат големо влијание врз човековото здравје.

Министерот Насер Нуредини, заедно со амбасадорката на Шведска Кристин Форсгрен Бенгтсон и претставниците на  Шведската агенција за заштита на животната средина денеска ја посетија мерната станица „Ректорат“, како една од осумте мерни станици во кои е заменета старата опрема за мерење на квалитет на амбиентниот воздух.

„Замената на старите мерни инструменти и поставувањето нови во мониторинг-станиците во рамките на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух беше голем предизвик, особено затоа што тоа значи подобрување на системот, кој е единствениот официјален извор на податоци за квалитетот на воздухот на национално ниво“, изјави министерот за животна средина, Насер Нуредини.

Амбасадорката на Шведска, Кристин Форсгрен Бенгтсон, истакна дека загадувањето на воздухот претставува глобална здравствена криза и потребно е да ги насочиме напорите за нејзино решавање во најкраток можен рок.

„Добро е познато дека нивоата на загадување на воздухот во македонските градови, голем број денови, особено во текот на студениот период од годината, ги надминуваат препораките на СЗО. Токму затоа, Шведска е горда што може да ги поддржи напорите за решавање на ваквата ситуација“, изјави амбасадорката Бенгтсон, нагласувајќи дека новите мерни инструменти ќе овозможат подобри податоци за квалитетот на воздухот и ќе им помогнат на луѓето да носат одлуки врз основа на информации.

„Со оваа донација на инструменти ќе им се помогне на јавноста и на лицата одговорни за носење одлуки во Македонија подобро да разберат кои загадувачки супстанции се наоѓаат во воздухот“, рече Кристијан Силвер, раководител на проектот од Шведската ЕПА. Исто така, истакна дека на лицата одговорни за носење одлуки им се потребни сигурни податоци со цел примена на ефикасни мерки за борба против загадувањето на воздухот.

The post Шведска донираше опрема за мерење на загадувањето на воздухот appeared first on Република.

]]>

Министерството за животна средина доби донација од Шведска во опрема за мерење на квалитетот на воздухот, вредна повеќе од 300.000 евра. Преку соработката на Шведската агенција за заштита на животната средина и Министерството во проектот „Поддршка на Македонија во пристапувањето во ЕУ на полето на животната средина“, обезбедена е високопрецизна лабораториска опрема за мерење на квалитетот на воздухот. Со тоа, како што велат од министерството, се подобрија капацитетите за мерење на осумте мерни станици распоредени низ земјата, каде што беа заменети 14 застарени мерни инструменти за РМ10, азотни оксиди и озон и беа инсталирани осум нови за следење на концентрацијата на РМ2.5. Овие параметри претставуваат стандарден сет на загадувачки супстанции што се следат и што имаат големо влијание врз човековото здравје. Министерот Насер Нуредини, заедно со амбасадорката на Шведска Кристин Форсгрен Бенгтсон и претставниците на  Шведската агенција за заштита на животната средина денеска ја посетија мерната станица „Ректорат“, како една од осумте мерни станици во кои е заменета старата опрема за мерење на квалитет на амбиентниот воздух.
„Замената на старите мерни инструменти и поставувањето нови во мониторинг-станиците во рамките на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух беше голем предизвик, особено затоа што тоа значи подобрување на системот, кој е единствениот официјален извор на податоци за квалитетот на воздухот на национално ниво“, изјави министерот за животна средина, Насер Нуредини.
Амбасадорката на Шведска, Кристин Форсгрен Бенгтсон, истакна дека загадувањето на воздухот претставува глобална здравствена криза и потребно е да ги насочиме напорите за нејзино решавање во најкраток можен рок.
„Добро е познато дека нивоата на загадување на воздухот во македонските градови, голем број денови, особено во текот на студениот период од годината, ги надминуваат препораките на СЗО. Токму затоа, Шведска е горда што може да ги поддржи напорите за решавање на ваквата ситуација“, изјави амбасадорката Бенгтсон, нагласувајќи дека новите мерни инструменти ќе овозможат подобри податоци за квалитетот на воздухот и ќе им помогнат на луѓето да носат одлуки врз основа на информации. „Со оваа донација на инструменти ќе им се помогне на јавноста и на лицата одговорни за носење одлуки во Македонија подобро да разберат кои загадувачки супстанции се наоѓаат во воздухот“, рече Кристијан Силвер, раководител на проектот од Шведската ЕПА. Исто така, истакна дека на лицата одговорни за носење одлуки им се потребни сигурни податоци со цел примена на ефикасни мерки за борба против загадувањето на воздухот.

The post Шведска донираше опрема за мерење на загадувањето на воздухот appeared first on Република.

]]>
Струмица вечерва најзагаден град во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/strumica-vecherva-najzagaden-grad-vo-makedonija/ Sun, 16 Jan 2022 21:10:32 +0000 https://republika.mk/?p=445474

Вечерва Струмица е најзагаден град во Македонија со 280 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички, додека зад Струмица се наоѓа Кичево со 237.

Во Скопје најзагадено е во Лисиче со 205 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички, а од останатите македонски градови висока загаденост бележат Тетово, Битола и Кавадарци.

The post Струмица вечерва најзагаден град во Македонија appeared first on Република.

]]>

Вечерва Струмица е најзагаден град во Македонија со 280 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички, додека зад Струмица се наоѓа Кичево со 237. Во Скопје најзагадено е во Лисиче со 205 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички, а од останатите македонски градови висока загаденост бележат Тетово, Битола и Кавадарци.

The post Струмица вечерва најзагаден град во Македонија appeared first on Република.

]]>