загадувачи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zagaduvachi/ За подобро да се разбереме Wed, 25 Oct 2023 10:26:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png загадувачи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zagaduvachi/ 32 32 Шанса за Центар мапира речиси 700 јавни објекти кои се греат на нафта и мазут, повеќе од 100 се во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/shansa-za-tsentar-mapira-rechisi-700-javni-objekti-koi-se-great-na-nafta-i-mazut-poveke-od-100-se-vo-skopje/ Wed, 25 Oct 2023 10:26:08 +0000 https://republika.mk/?p=694849

Иницијативата која има три советници во Советот на Центар, Шанса за Центар, информира дека мапирала јавни објекти загадувачи низ цела Македонија.

Нов Буџет, нова зима, ново загадување, нова шанса: Ако не сакаме да дишеме воздух кој светските медиуми го опишуваат дека „мириса на изгорена пластика“, сега е шансата да се направи промена!, велат од Шанса за Центар.

Од таму посочуваат дека се подготвува новиот државен буџет за 2024 година, што е можност граѓаните да се обратат до пратениците од секоја изборна единица и заедно да се притиска за повеќе пари за борба против загадувањето на воздухот.

И општинските буџети се во подготовка, па нивното вклучување во борбата против загадувањето мора да е насочена кон веќе детектираните локални проблеми со воздухот од загревањето на општински објекти, стои во соопштението.

Иницијативата е децидна – во 2023 година не се направи промена на начинот на греење кај огромен број на јавни објекти кои се греат на нафта и мазут за да се намали загадувањето на воздухот во зима. Па, нагласуваат дека тие ќе продолжат да загадуваат и оваа зима и повторно ќе бидеме меѓу трите најзагадени земји во Европа.

Шанса за Центар само во Скопје мапираше над 100 јавни објекти – болници, градинки, училишта, касарни, судови… и други установи кои користат нафта и мазут и покрај тоа што градот има централно парно греење. По скопското мапирање, продолживме со обележување на такви објекти низ цела Македонија. Најдовме близу 700 такви објекти!“, потенцираат од Шанса за Центар.

Според нив, нема град кој во своето урбано јадро нема еден куп јавни објекти кои го загадуваат воздухот.

Скопје води, но во незавидна положба се и граѓаните во Тетово, Куманово, Битола, Прилеп, Охрид, Штип, Гостивар… речиси никој не е поштеден. За загревање на овие објекти и оваа грејна сезона може да се потрошат над 16,5 милиони литри нафта за греење и над 4,8 илјади тони мазут. Тие и ќе ги дишеме! За нивното загревање за една сезона граѓаните преку Буџетот на државата и на општините ќе платат над 20 милиони евра“, забележуваат од иницијативата.

Оттука, повикуваат да се притиснат пратениците во Собранието и советниците да се заложат за мерки во Буџетот за 2024-та во нивните изборни единици, за да се даде шанса на сите општини да станат почисти.

The post Шанса за Центар мапира речиси 700 јавни објекти кои се греат на нафта и мазут, повеќе од 100 се во Скопје appeared first on Република.

]]>

Казни од по 12.000 евра: Инспектори на град Скопје изрекле глоби за загадувачи во главниот град https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/kazni-od-po-12-000-evra-inspektori-na-grad-skopje-izrekle-globi-za-zagaduvachi-vo-glavniot-grad/ Mon, 26 Dec 2022 21:07:15 +0000 https://republika.mk/?p=590289

Во изминатите денови извршени се над 20 вонредни инспекциски контроли на градилишта, Б инсталации и инсталации елаборати кои се во надлежност на град Скопје, кај кои во две е утврдено надминување во дозволените емисии и изречена глоба по 12.000 евра кај секој од субјектите.

Како што информираат од градската администрација, контролирани се Топлана Север и топланата на Клинички центар, утврдено е дека работат на гас, но не се утврдени надминувања во мерењата на емисии.

Се продолжува со мерења од стационарни места оџаци кај правни субјекти кои се во градска надлежност.

На повеќе локации се поставуваат апарати за мерење на ПМ10 честици за мониторинг од 24 часа, со цел утврдување на изворите на загадување, се наведува во соопштението на Град Скопје.

The post Казни од по 12.000 евра: Инспектори на град Скопје изрекле глоби за загадувачи во главниот град appeared first on Република.

]]>

Во изминатите денови извршени се над 20 вонредни инспекциски контроли на градилишта, Б инсталации и инсталации елаборати кои се во надлежност на град Скопје, кај кои во две е утврдено надминување во дозволените емисии и изречена глоба по 12.000 евра кај секој од субјектите. Како што информираат од градската администрација, контролирани се Топлана Север и топланата на Клинички центар, утврдено е дека работат на гас, но не се утврдени надминувања во мерењата на емисии.
Се продолжува со мерења од стационарни места оџаци кај правни субјекти кои се во градска надлежност.   На повеќе локации се поставуваат апарати за мерење на ПМ10 честици за мониторинг од 24 часа, со цел утврдување на изворите на загадување, се наведува во соопштението на Град Скопје.