загадена животна средина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zagadena-zivotna-sredina/ За подобро да се разбереме Thu, 17 Feb 2022 10:51:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png загадена животна средина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zagadena-zivotna-sredina/ 32 32 ОН: Повеќе смртни случаи поради загадена животна средина, отколку од Ковид-19 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/on-povekje-smrtni-sluchai-poradi-zagadena-zivotna-sredina-otkolku-od-kovid-19/ Thu, 17 Feb 2022 10:51:02 +0000 https://republika.mk/?p=459793

Загадувањето на животната средина предизвикува поголем број смртни случаи во светот, отколку Ковид-19, се наведува во новиот извештај на Обединетите нации.

Специјалниот известувач на ОН, Давид Бојд информира дека најмалку девет милиони предвремени смртни случаи се предизвикани од загадување или токсини во околината. Тој број е за двојно поголем од смртните случаи евидентирани во првите 18 месеци на пандемијата од Ковид-19.

Во светот од болест поврзана со загадената околина, умира секој шести човек на планетата, што е 15 пати повеќе од бројот на смртни случаи од насилство, се истакнува во извештајот.

Загадениот воздух најмногу придонесува за смрт. Во извештајот се проценува дека токму загадениот воздух предизвикува околу седум милиони смртни случаи во текот на една година.

Најмногу смртни случаи поврзани со загадениот воздух, главно се евидентирани во земјите со ниски и со средни приходи. Таму, тој е одговорен за 90 отсто од смртните случаи кај популацијата.

Работниците кои се директно изложени на штетни материи се изложени на посебен ризик. Годишно умираат над 750.000 лица во оваа категорија.

Во извештајот се наведува и дека влијанието на загадената животна средина врз здравјето на човекот, е поврзано и со останатите еколошки кризи, како на пример, климатските промени и изумирање на биолошката разновидност.

The post ОН: Повеќе смртни случаи поради загадена животна средина, отколку од Ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Загадувањето на животната средина предизвикува поголем број смртни случаи во светот, отколку Ковид-19, се наведува во новиот извештај на Обединетите нации.
Специјалниот известувач на ОН, Давид Бојд информира дека најмалку девет милиони предвремени смртни случаи се предизвикани од загадување или токсини во околината. Тој број е за двојно поголем од смртните случаи евидентирани во првите 18 месеци на пандемијата од Ковид-19.
Во светот од болест поврзана со загадената околина, умира секој шести човек на планетата, што е 15 пати повеќе од бројот на смртни случаи од насилство, се истакнува во извештајот. Загадениот воздух најмногу придонесува за смрт. Во извештајот се проценува дека токму загадениот воздух предизвикува околу седум милиони смртни случаи во текот на една година. Најмногу смртни случаи поврзани со загадениот воздух, главно се евидентирани во земјите со ниски и со средни приходи. Таму, тој е одговорен за 90 отсто од смртните случаи кај популацијата. Работниците кои се директно изложени на штетни материи се изложени на посебен ризик. Годишно умираат над 750.000 лица во оваа категорија. Во извештајот се наведува и дека влијанието на загадената животна средина врз здравјето на човекот, е поврзано и со останатите еколошки кризи, како на пример, климатските промени и изумирање на биолошката разновидност.

The post ОН: Повеќе смртни случаи поради загадена животна средина, отколку од Ковид-19 appeared first on Република.

]]>