загадена вода Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zagadena-voda/ За подобро да се разбереме Wed, 22 May 2024 08:01:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png загадена вода Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zagadena-voda/ 32 32 Не ја пијте денеска водата во Куманово https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/ne-ja-pijte-deneska-vodata-vo-kumanovo/ Wed, 22 May 2024 08:01:12 +0000 https://republika.mk/?p=780692

Утрово, денеска, до Центарот за управување со кризи до Секторот за операции и координација е побарана координација помеѓу институциите заради надминување на голем проблем за водоснабдување на градот Куманово.

Имено, по вчерашните обилни поројни врнежи од дожд и град во Липковскиот регион е предизвикано зголемување на нивото на Липковска Река, што има влијание на системот за водоснабдување - на филтер станицата на ЈП Водовод Куманово. Според информација од одговорното лице на филтер станицата се работи за количина на над 10.000 m3 заматена вода што влијае на процесот на прочистување и испорака на истата до граѓаните. Од тие причини, во моментот е појавена заматеност на водата во цевководниот преносен систем и е прекината дистрибуцијата до граѓаните, што најверојатно ќе трае во текот на целиот денешен ден, а по потреба, се до моментот на надминување на состојбата, информира ЦУК.

Од Центарот за управување со кризи, веднаш е побарано инспекциските служби и Центарот за јавно здравје од Куманово да излезат на лице место, направат увид, земат мостри за анализа и донесат соодветно решение за понатамошна постапка. Истовремено е известена и Општина Куманово за понатамошна постапка, во насока преземање мерки и активности за надминување на состојбата во интерес на граѓаните, а во моментот е воспоставена е комуникација со медиумите заради известување кон граѓаните на Куманово.

Најавено е дека во 12.00 часот ќе заседава Општински штаб со сите претставници од институции во Општина Куманово

The post Не ја пијте денеска водата во Куманово appeared first on Република.

]]>

Утрово, денеска, до Центарот за управување со кризи до Секторот за операции и координација е побарана координација помеѓу институциите заради надминување на голем проблем за водоснабдување на градот Куманово. Имено, по вчерашните обилни поројни врнежи од дожд и град во Липковскиот регион е предизвикано зголемување на нивото на Липковска Река, што има влијание на системот за водоснабдување - на филтер станицата на ЈП Водовод Куманово. Според информација од одговорното лице на филтер станицата се работи за количина на над 10.000 m3 заматена вода што влијае на процесот на прочистување и испорака на истата до граѓаните. Од тие причини, во моментот е појавена заматеност на водата во цевководниот преносен систем и е прекината дистрибуцијата до граѓаните, што најверојатно ќе трае во текот на целиот денешен ден, а по потреба, се до моментот на надминување на состојбата, информира ЦУК. Од Центарот за управување со кризи, веднаш е побарано инспекциските служби и Центарот за јавно здравје од Куманово да излезат на лице место, направат увид, земат мостри за анализа и донесат соодветно решение за понатамошна постапка. Истовремено е известена и Општина Куманово за понатамошна постапка, во насока преземање мерки и активности за надминување на состојбата во интерес на граѓаните, а во моментот е воспоставена е комуникација со медиумите заради известување кон граѓаните на Куманово. Најавено е дека во 12.00 часот ќе заседава Општински штаб со сите претставници од институции во Општина Куманово

The post Не ја пијте денеска водата во Куманово appeared first on Република.

]]>
Превријте ја пред пиење: Загадена водата во Крушево https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/prevrijte-ja-pred-pienje-zagadena-vodata-vo-krushevo/ Thu, 15 Dec 2022 09:57:39 +0000 https://republika.mk/?p=585853

По обилните врнежи од дожд изминатите денови може повторно да дојде до заматување на водата, велат од ЈП „Комуна“ Крушево. Од таму препорачуваат водата да не се користи за пиење или доколку се користи за таа намена да се преврива.

Ги информираме граѓаните дека претпријатието врши редовни проверки за исправноста на водата, велат од ЈП „Комуна“ Крушево.

The post Превријте ја пред пиење: Загадена водата во Крушево appeared first on Република.

]]>

По обилните врнежи од дожд изминатите денови може повторно да дојде до заматување на водата, велат од ЈП „Комуна“ Крушево. Од таму препорачуваат водата да не се користи за пиење или доколку се користи за таа намена да се преврива.
Ги информираме граѓаните дека претпријатието врши редовни проверки за исправноста на водата, велат од ЈП „Комуна“ Крушево.

The post Превријте ја пред пиење: Загадена водата во Крушево appeared first on Република.

]]>
Рибник во Битолско користел загадена вода од 5 класа површински води: Засега непознато каде завршиле рибите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ribnik-vo-bitolsko-koristel-zagadena-voda-od-5-klasa-povrshinski-vodi-zasega-nepoznato-kade-zavrshile-ribite/ Thu, 27 Oct 2022 09:37:07 +0000 https://republika.mk/?p=566209

Државниот инспекторат за животна средина, при вонреден надзор на рибник од Битола констатирал дека водотекот на река Црна е петта класа површински води, а не смее да ги надминува параметрите на квалитет на вода 2 (втора) категорија.

Рибникот е времено затворен во период од 90 дена, но се поставува прашањето каде завршиле рибите од овој рибник?

Во продолжение го пренесуваме соопштението од Државниот инспекторат за животна средина во целост:

Државниот инспекторат за животна средина согласно член 230 став (1) точка 19), точка 28), став (2) и став (3), а во врска со член 28 од Закон за водите (Службен весник на РМ бр. 87/2008; 6/2009; 161/2009; 83/2010; 51/2011; 44/2012; 23/2013; 163/2013; 180/2014; 146/2015; 52/2016 и Службен весник на РСМ бр.151/2021), преку водостопански инспектор изврши вонреден инспекциски надзор над субјектот на инспекциски надзор Друштво за производство, трговија на големо и мало, увоз-извоз и услуги Тони ТОБИ ТРАНС ДООЕЛ Битола, Подружницата Рибник
ГРАШЕ с.Жван, Демир Хисар, со деловно седиште ул. Крсте Нале бр.42 Битола, застапувано од присутното лице сопственик – управител Тони Василески, и состави Записник за констатација од
22.08.2022 год. во кој е констатирана следна состојба:

Во присуство на сопственикот-управителот на ТОБИ ТРАНС ДООЕЛ Битола и Трајковски Игор,
санитарно еколошки инженер, вработен во ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола, се спроведе вонреден инспекциски надзор за дополнително утврдување на квалитетот на водата на водотекот на река Црна, за да се утврди точната категорија на водата во реката, согласно Уредбата за категоризација на водотеците, езерата, акумулациите и подземните води и Уредбата за класификација на водите (Службен весник на Република Македонија бр.18/99). На предлог на водостопанскиот инспектор се утврдија 3-те точки од кои треба да се земат примероци на вода од водотекот на Црна река, и тоа:

1.точка, Помеѓу двата рибника локација 20 м после влез на Бабина река во Црна река

2.точка, На зафатот на вода на река Црна, каде се зафаќа водата за рибникот и

3.точка, На 20м после излезот/испустот на вода од рибникот во река Црна.

Примероци на вода од овие точки за испитување беа земени од страна на преставникот вработен во ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола, а во присуство на сопственикот -управителот на ТОБИ ТРАНС ДООЕЛ Битола – Подружница Рибник ГРАШЕ с.Жван, Демир Хисар.

ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола, за лабораториските наоди од испитуваните параметри од земените примероци на вода од 3-те дефинирани точки за рибникот, достави Извештај со број на упатница 02129/22 од 26.08.2022год. за физичко-хемиска и микробиолошка анализа на површинска вода за водотек на Црна река.

Според резултатите од испитуваните примероци, а согласно Уредбата за категоризација на водотеците, езерата, акумулациите и подземните води и Уредбата за класификација на водите
(Службен весник на Република Македонија бр.18/99), водата во водотекот на Црна река, припаѓа на 5 класа површински води.

Согласно член 2 точка 5 од Уредбата за категоризација на водотеците, езерата, акумулациите и подземните води и Уредбата за класификација на водите (Сл.весник на Р.Македонија бр.18/99)
(оваа вода во природна состојба не може да се употребува за ниедна намена)

Правниот субјект ДПТ ТОБИ ТРАНС ДООЕЛ Битола, Подружница Рибник Граше, е носител на Дозвола УП1 бр.11-31 од 06.07.2016 год. со која се стекнува со водно право за користење на вода за одгледување на риби, со зафаќање на вода од Црна река, на локација КО Бабино, општина Демир Хисар и решение за изменување на Дозволата за користење на вода за одгледување на риби УП1 бр.11/5-31/2016 од 26.02.2019год. издадено од Министерство за животна средина и просторно планирање.

Согласно точка 6 од дозволата „квалитетот на испуштената отпадна вода во река Црна не смее да ги надминува параметрите на квалитет на вода 2 (втора) категорија, според Уредбата за категоризација на водотеците, езерата, акумулациите и подземните води и Уредбата за
класификација на водите (Службен весник на Република Македонија бр.18/99)“

АКТ ВО ИНСПЕКЦИСКА ПОСТАПКА-РЕШЕНИЕ од 01.09.2022 година:

1) На Друштво за производство, трговија на големо и мало,увоз-извоз и услуги Тони ТОБИ ТРАНС ДООЕЛ Битола, со деловно седиште ул. Крсте Нале бр.42 Битола , со ЕДБ 4002999138621, за Подружницата РИБНИК ГРАШЕ с.Жван, Демир Хисар, СЕ ИЗРЕКУВА:

– ВРЕМЕНА ЗАБРАНА за користење на вода од водотек на река Црна за одгледување на риби, која согласно Извештајот од ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола,припаѓа на 5 класа површински води.

2) Рокот за извршување на изречената инспекциска мерка од точка 1 на ова решение, е 90 (деведесет) дена, од приемот на ова решение.

3) По истекот на рокот определен за извршување на инспекциската мерка, кај субјектот на инспекциски надзор од точка 1) на ова решение, ќе биде спроведен повторно вонреден инспекциски надзор за утврдување на квалитетот на водата во водотекот на река Црна.

The post Рибник во Битолско користел загадена вода од 5 класа површински води: Засега непознато каде завршиле рибите appeared first on Република.

]]>

Државниот инспекторат за животна средина, при вонреден надзор на рибник од Битола констатирал дека водотекот на река Црна е петта класа површински води, а не смее да ги надминува параметрите на квалитет на вода 2 (втора) категорија. Рибникот е времено затворен во период од 90 дена, но се поставува прашањето каде завршиле рибите од овој рибник? Во продолжение го пренесуваме соопштението од Државниот инспекторат за животна средина во целост: Државниот инспекторат за животна средина согласно член 230 став (1) точка 19), точка 28), став (2) и став (3), а во врска со член 28 од Закон за водите (Службен весник на РМ бр. 87/2008; 6/2009; 161/2009; 83/2010; 51/2011; 44/2012; 23/2013; 163/2013; 180/2014; 146/2015; 52/2016 и Службен весник на РСМ бр.151/2021), преку водостопански инспектор изврши вонреден инспекциски надзор над субјектот на инспекциски надзор Друштво за производство, трговија на големо и мало, увоз-извоз и услуги Тони ТОБИ ТРАНС ДООЕЛ Битола, Подружницата Рибник ГРАШЕ с.Жван, Демир Хисар, со деловно седиште ул. Крсте Нале бр.42 Битола, застапувано од присутното лице сопственик – управител Тони Василески, и состави Записник за констатација од 22.08.2022 год. во кој е констатирана следна состојба: Во присуство на сопственикот-управителот на ТОБИ ТРАНС ДООЕЛ Битола и Трајковски Игор, санитарно еколошки инженер, вработен во ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола, се спроведе вонреден инспекциски надзор за дополнително утврдување на квалитетот на водата на водотекот на река Црна, за да се утврди точната категорија на водата во реката, согласно Уредбата за категоризација на водотеците, езерата, акумулациите и подземните води и Уредбата за класификација на водите (Службен весник на Република Македонија бр.18/99). На предлог на водостопанскиот инспектор се утврдија 3-те точки од кои треба да се земат примероци на вода од водотекот на Црна река, и тоа: 1.точка, Помеѓу двата рибника локација 20 м после влез на Бабина река во Црна река 2.точка, На зафатот на вода на река Црна, каде се зафаќа водата за рибникот и 3.точка, На 20м после излезот/испустот на вода од рибникот во река Црна. Примероци на вода од овие точки за испитување беа земени од страна на преставникот вработен во ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола, а во присуство на сопственикот -управителот на ТОБИ ТРАНС ДООЕЛ Битола – Подружница Рибник ГРАШЕ с.Жван, Демир Хисар. ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола, за лабораториските наоди од испитуваните параметри од земените примероци на вода од 3-те дефинирани точки за рибникот, достави Извештај со број на упатница 02129/22 од 26.08.2022год. за физичко-хемиска и микробиолошка анализа на површинска вода за водотек на Црна река. Според резултатите од испитуваните примероци, а согласно Уредбата за категоризација на водотеците, езерата, акумулациите и подземните води и Уредбата за класификација на водите (Службен весник на Република Македонија бр.18/99), водата во водотекот на Црна река, припаѓа на 5 класа површински води. Согласно член 2 точка 5 од Уредбата за категоризација на водотеците, езерата, акумулациите и подземните води и Уредбата за класификација на водите (Сл.весник на Р.Македонија бр.18/99) (оваа вода во природна состојба не може да се употребува за ниедна намена) Правниот субјект ДПТ ТОБИ ТРАНС ДООЕЛ Битола, Подружница Рибник Граше, е носител на Дозвола УП1 бр.11-31 од 06.07.2016 год. со која се стекнува со водно право за користење на вода за одгледување на риби, со зафаќање на вода од Црна река, на локација КО Бабино, општина Демир Хисар и решение за изменување на Дозволата за користење на вода за одгледување на риби УП1 бр.11/5-31/2016 од 26.02.2019год. издадено од Министерство за животна средина и просторно планирање. Согласно точка 6 од дозволата „квалитетот на испуштената отпадна вода во река Црна не смее да ги надминува параметрите на квалитет на вода 2 (втора) категорија, според Уредбата за категоризација на водотеците, езерата, акумулациите и подземните води и Уредбата за класификација на водите (Службен весник на Република Македонија бр.18/99)“ АКТ ВО ИНСПЕКЦИСКА ПОСТАПКА-РЕШЕНИЕ од 01.09.2022 година: 1) На Друштво за производство, трговија на големо и мало,увоз-извоз и услуги Тони ТОБИ ТРАНС ДООЕЛ Битола, со деловно седиште ул. Крсте Нале бр.42 Битола , со ЕДБ 4002999138621, за Подружницата РИБНИК ГРАШЕ с.Жван, Демир Хисар, СЕ ИЗРЕКУВА: – ВРЕМЕНА ЗАБРАНА за користење на вода од водотек на река Црна за одгледување на риби, која согласно Извештајот од ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола,припаѓа на 5 класа површински води. 2) Рокот за извршување на изречената инспекциска мерка од точка 1 на ова решение, е 90 (деведесет) дена, од приемот на ова решение. 3) По истекот на рокот определен за извршување на инспекциската мерка, кај субјектот на инспекциски надзор од точка 1) на ова решение, ќе биде спроведен повторно вонреден инспекциски надзор за утврдување на квалитетот на водата во водотекот на река Црна.

The post Рибник во Битолско користел загадена вода од 5 класа површински води: Засега непознато каде завршиле рибите appeared first on Република.

]]>
Водата во Крушево е загадена, да се преврива или воопшто да не се користи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vodata-vo-krushevo-e-zagadena-da-se-prevriva-ili-voopshto-da-ne-se-koristi/ Thu, 07 Apr 2022 06:48:15 +0000 https://republika.mk/?p=484473

Водата во Крушево е загадена, да се преврива или воопшто да не се користи, информира градското комунално претпријатие.

Се очекува проблемот да биде надминат до вечерва.

При миење на резервоарите заради неисправен вентил е предизвикано истекување на нечиста вода. Во моментов се работи на санација и затоа ќе има краток прекин на вода на улиците: „Томе Николе“, „Тодор Проески“, „Никола Карев“, „Ќиро Фетак“, „Коча Миленку“, „Партизанска“, „Манчу Матак“ и „Питу Гули“.

ЈП „Комуна“ Крушево се извинува за овие непријатности и апелира на почитување на препораките.

The post Водата во Крушево е загадена, да се преврива или воопшто да не се користи appeared first on Република.

]]>

Водата во Крушево е загадена, да се преврива или воопшто да не се користи, информира градското комунално претпријатие. Се очекува проблемот да биде надминат до вечерва. При миење на резервоарите заради неисправен вентил е предизвикано истекување на нечиста вода. Во моментов се работи на санација и затоа ќе има краток прекин на вода на улиците: „Томе Николе“, „Тодор Проески“, „Никола Карев“, „Ќиро Фетак“, „Коча Миленку“, „Партизанска“, „Манчу Матак“ и „Питу Гули“. ЈП „Комуна“ Крушево се извинува за овие непријатности и апелира на почитување на препораките.

The post Водата во Крушево е загадена, да се преврива или воопшто да не се користи appeared first on Република.

]]>