загаден воздух Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zagaden-vozduh/ За подобро да се разбереме Wed, 21 Feb 2024 11:10:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png загаден воздух Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zagaden-vozduh/ 32 32 Во Тетово од 20 дена во февруари само пет дена немало загаден воздух https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-tetovo-od-20-dena-vo-fevruari-samo-pet-dena-nemalo-zagaden-vozduh/ Wed, 21 Feb 2024 11:10:33 +0000 https://republika.mk/?p=746498

Од 20 дена во февруари само во пет дена немало загаден воздух, односно имало надминување на дозволената гранична вредност од 50 ПМ10 во текот на 15 денови.  Со оглед дека во јануари среднодневните концентрации во 22 дена биле над дозволените 50 ПМ10, веќе е надминат светскиот здравствен стандард што вели дека во една календарска година не треба да има повеќе од 35 денови со загаден воздух.

-Овие бројки се показател на она што постојано го потенцираме дека во зимскиот период затоплувањето на домовите со фосилни горива, дрва и мазут, предизвикува најголемо загадување на воздухот. Не треба ништо да измислуваме, за се има решение, се ќе се смени кога гасот ќе биде доминантен начин за затоплување. Исто така, во Тетово има прекумерна употреба на возила и голем сообраќаен хаос, а не се користи градскиот автобуски превоз.  Помалку возила на улиците исто така ќе значи помалку загаден воздух, изјави д-р Ратко Давидовски од Центарот за јавно здравје во Тетово, специјалист по хигиена и здравствена екологија

Во текот на 2023 година имало 89 денови со загаден воздух, а во 2022 година биле загадени 108 денови. Во 2021 имало 132 денови со загаден воздух, а во 2020 година од 366 денови 138 биле со загаден воздух во Тетово. Тетовци најмногу се соочуваа со загадениот воздух во 2015 година со оглед дека од 365 денови дури во 350 имало високо присуство на штетните ПМ10 честички.

The post Во Тетово од 20 дена во февруари само пет дена немало загаден воздух appeared first on Република.

]]>

Воздухот во Струга загаден четири пати повеќе од дозволеното https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vozduhot-vo-struga-zagaden-chetiri-pati-poveke-od-dozvolenoto/ Fri, 02 Feb 2024 13:55:45 +0000 https://republika.mk/?p=739776

Квалитетот на амбиенталниот воздух во Струга во определни временски интервали во текот на едно деноноќие е лош, покажуваат резултатите од единствената мерна станица во градот.

Последните високи вредности, како што информира Никола Кукунеш, асистент на проектот „Воздухот на граѓаните“ биле измерени синоќа.

Мерната станица за квалитетот на воздухот во Струга вчера покажа високи 229 микрограми ПМ 2,5 честички, што е околу четири пати над дозволеното, вели Кукунеш.

Вредностите, според него, се највисоки во попладневните часови, односно по зајдисонцето, што асоцира дека загревањето на домовите на тврдо гориво придонесува за високото ниво на ПМ 2,5 честички.

Најчесто високите вредности на ПМ 2,5 честички се по зајдисонце, период кога големите капацитети како училиштата, судот и други институции кои се греат на мазут, не се толкави потрошувачи, а за викенди дел од нив воопшто и не работат, но вредностите и тогаш се високи. Претпоставките се дека при загревањето на домовите се користи прегорено моторно масло, ламинат, паркет, односно производи кои при горење ослободуваат големо количество на ПМ 2,5 честички, вели Кукунеш.

Квалитетот на воздухот во Струга првпат почна да се мери од декември минатата година со поставување мерна станица во Средното училиште „Нико Нестор“ преку проект на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Во наредниот период треба да бидат поставени уште 20 мерни уреди со кои дополнително ќе се следи квалитетот на амбиенталниот воздух, во рамки на проектот „Воздухот на граѓаните“ што го реализира ИПО „Крсте Јон“, како дел од проектот „Справување со загадување на воздухот“, кој е дел од програмската рамка на УНДП, финансиран од Шведска.

Целта за поставвање на 20 мерни уреди на територијата на Општина Струга е да детектира кои точки, во кој временски период и при какви метеоролошки услови покажуваат зголемени вредности. Тогаш, се надеваме дека Инспекторатот за животна средина при Општина Струга ќе излезе во пресрет за да можеме директно на терен да утврдиме можен причинител, изјави Кукунеш за МИА.

Доколку се утврди причинителот на загадувањето, Кукнеш вели дека би побарале можност за решавање на проблемот, ако се работи за греење преку субвенционирање да се промени начинот на греење со цел намалување на загаденоста на локално ниво.

Мерните уреди ќе бидат поставени во густо населените места во градот и околните села, а начинот за избор на локациите бил утврден преку онлајн анкета.

Во рамки на проектот „Воздухот за граѓаните“, Кукунеш појасни дека е предвидено и отворање инфо центар каде граѓаните ќе можат да се информираат за квалитетот на воздухот, да пријават евентуано загадување, кое би го процесуирале до Инспекторат и инспектор во најкраток рок да излезе на терен.

Целта на проектот е подигање на јавната свест за последиците од прекумерната загаденост на амбиенталниот воздух и неговото влијание врз здравјето на граѓаните, но и да бидат навремено предупредени кога вредностите ги надминуваат пропишаните норми.

The post Воздухот во Струга загаден четири пати повеќе од дозволеното appeared first on Република.

]]>

Квалитетот на амбиенталниот воздух во Струга во определни временски интервали во текот на едно деноноќие е лош, покажуваат резултатите од единствената мерна станица во градот. Последните високи вредности, како што информира Никола Кукунеш, асистент на проектот „Воздухот на граѓаните“ биле измерени синоќа.
Мерната станица за квалитетот на воздухот во Струга вчера покажа високи 229 микрограми ПМ 2,5 честички, што е околу четири пати над дозволеното, вели Кукунеш.
Вредностите, според него, се највисоки во попладневните часови, односно по зајдисонцето, што асоцира дека загревањето на домовите на тврдо гориво придонесува за високото ниво на ПМ 2,5 честички.
Најчесто високите вредности на ПМ 2,5 честички се по зајдисонце, период кога големите капацитети како училиштата, судот и други институции кои се греат на мазут, не се толкави потрошувачи, а за викенди дел од нив воопшто и не работат, но вредностите и тогаш се високи. Претпоставките се дека при загревањето на домовите се користи прегорено моторно масло, ламинат, паркет, односно производи кои при горење ослободуваат големо количество на ПМ 2,5 честички, вели Кукунеш.
Квалитетот на воздухот во Струга првпат почна да се мери од декември минатата година со поставување мерна станица во Средното училиште „Нико Нестор“ преку проект на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Во наредниот период треба да бидат поставени уште 20 мерни уреди со кои дополнително ќе се следи квалитетот на амбиенталниот воздух, во рамки на проектот „Воздухот на граѓаните“ што го реализира ИПО „Крсте Јон“, како дел од проектот „Справување со загадување на воздухот“, кој е дел од програмската рамка на УНДП, финансиран од Шведска.
Целта за поставвање на 20 мерни уреди на територијата на Општина Струга е да детектира кои точки, во кој временски период и при какви метеоролошки услови покажуваат зголемени вредности. Тогаш, се надеваме дека Инспекторатот за животна средина при Општина Струга ќе излезе во пресрет за да можеме директно на терен да утврдиме можен причинител, изјави Кукунеш за МИА.
Доколку се утврди причинителот на загадувањето, Кукнеш вели дека би побарале можност за решавање на проблемот, ако се работи за греење преку субвенционирање да се промени начинот на греење со цел намалување на загаденоста на локално ниво. Мерните уреди ќе бидат поставени во густо населените места во градот и околните села, а начинот за избор на локациите бил утврден преку онлајн анкета. Во рамки на проектот „Воздухот за граѓаните“, Кукунеш појасни дека е предвидено и отворање инфо центар каде граѓаните ќе можат да се информираат за квалитетот на воздухот, да пријават евентуано загадување, кое би го процесуирале до Инспекторат и инспектор во најкраток рок да излезе на терен. Целта на проектот е подигање на јавната свест за последиците од прекумерната загаденост на амбиенталниот воздух и неговото влијание врз здравјето на граѓаните, но и да бидат навремено предупредени кога вредностите ги надминуваат пропишаните норми.

The post Воздухот во Струга загаден четири пати повеќе од дозволеното appeared first on Република.

]]>
Арсовска негира дека дишеме опасен воздух: Скопје утрово не е загадено, ниту било во последните 48 часа! https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/arsovska-negira-deka-disheme-opasen-vozduh-skopje-utrovo-ne-e-zagadeno-nitu-bilo-vo-poslednite-48-chasa/ Wed, 20 Dec 2023 12:39:58 +0000 https://republika.mk/?p=724908

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, преку својата прес-служба повторно ги негира информациите дека воздухот во главниот град е опасно загаден. Оттаму велат дека сите вести кои се пласираат во медиумите ги пишуваат „партиски војници“ и велат дека текстовите се нарачка од „политички кујни“.

За да покаже дека Скопје не е меѓу најзагадените градови во светот, па и дека не е меѓу најзагадените во Македонија, Арсовска се повикува на интернет страницата WAQI. Но овој пат дури и посочената страница од градоначалничката докажува дека амбиенталниот воздух во Скопје е 3 до 4 пати позагаден од дозволеното. Во точно 11:51 минута во населбата Пинтија ПМ10 честичките изнесуваа 349, во Лисиче беше измерено 167.

Еве ја целата реакција од Град Скопје, откако медиумите пренесоа дека Скопје е меѓу најзагадените градови во светот:

„Утрово како и секој друг ден од почетокот на грејната сезона сведоци сме на лажни вести кои во 21 век, во ера на информатичка технологија, кога податоците и вистината се достапни за секого, може да се проверат. Имено, неразбрлива е за нас потребата од пласирање на сензационалистичката лага за наводна загаденост на градот Скопје, особено поради фактот што светскиот мониторинг сервис WAQI кој во реално време ги покажува податоците за нивото на загаденост во сите градови во светот, јасно покажува дека Скопје не е ниту најзагаден град во Македонија, а не пак во светот. Дополнително и на националните мерни станици се потврдува истото. Како најзагадени градови во Македонија во последните 48 часа се Кавадарци, Струмица и Тетово. Во реално време можете да ги следите резултатите од мерењата од сите градови и држави во светот на https://waqi.info/“.

Според официјалната страница на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), највисоко загадување во 12 часот било регистрирано на мерната станица Карпош (186 – ПМ10) и Центар (165).

The post Арсовска негира дека дишеме опасен воздух: Скопје утрово не е загадено, ниту било во последните 48 часа! appeared first on Република.

]]>

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, преку својата прес-служба повторно ги негира информациите дека воздухот во главниот град е опасно загаден. Оттаму велат дека сите вести кои се пласираат во медиумите ги пишуваат „партиски војници“ и велат дека текстовите се нарачка од „политички кујни“. За да покаже дека Скопје не е меѓу најзагадените градови во светот, па и дека не е меѓу најзагадените во Македонија, Арсовска се повикува на интернет страницата WAQI. Но овој пат дури и посочената страница од градоначалничката докажува дека амбиенталниот воздух во Скопје е 3 до 4 пати позагаден од дозволеното. Во точно 11:51 минута во населбата Пинтија ПМ10 честичките изнесуваа 349, во Лисиче беше измерено 167. Еве ја целата реакција од Град Скопје, откако медиумите пренесоа дека Скопје е меѓу најзагадените градови во светот: „Утрово како и секој друг ден од почетокот на грејната сезона сведоци сме на лажни вести кои во 21 век, во ера на информатичка технологија, кога податоците и вистината се достапни за секого, може да се проверат. Имено, неразбрлива е за нас потребата од пласирање на сензационалистичката лага за наводна загаденост на градот Скопје, особено поради фактот што светскиот мониторинг сервис WAQI кој во реално време ги покажува податоците за нивото на загаденост во сите градови во светот, јасно покажува дека Скопје не е ниту најзагаден град во Македонија, а не пак во светот. Дополнително и на националните мерни станици се потврдува истото. Како најзагадени градови во Македонија во последните 48 часа се Кавадарци, Струмица и Тетово. Во реално време можете да ги следите резултатите од мерењата од сите градови и држави во светот на https://waqi.info/“. Според официјалната страница на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), највисоко загадување во 12 часот било регистрирано на мерната станица Карпош (186 – ПМ10) и Центар (165).

The post Арсовска негира дека дишеме опасен воздух: Скопје утрово не е загадено, ниту било во последните 48 часа! appeared first on Република.

]]>
Сиднеј поради шумските пожари е меѓу најзагадените градови во светот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sidnej-poradi-shumskite-pozhari-e-megu-najzagadenite-gradovi-vo-svetot/ Tue, 19 Dec 2023 11:14:58 +0000 https://republika.mk/?p=724521

Австралискиот град Сиднеј денеска заедно со индиската престолнина Њу Делхи е меѓу најзагадените градови во светот, бидејќи чадот од шумските пожари на север го покри пристанишниот град.

Индексот на квалитетот на воздухот, во главниот град на австралиската држава Јужен Велс, кој е познат по ведрото и сино небо, достигна 161 по 17 часот по локално време во областите северно од центарот на градот, достигнувајќи ниво поради кое граѓаните се советуваат да избегнуваат вежбање на отворено.

Австралиската рурална противпожарна служба вели дека до вечер јужните ветрови треба да почнат да го растеруваат чадот што се надвил над градот, кој е стотици километри јужно од местото каде во пожарите изгореа околу 136.000 хектари шума.

The post Сиднеј поради шумските пожари е меѓу најзагадените градови во светот appeared first on Република.

]]>

Австралискиот град Сиднеј денеска заедно со индиската престолнина Њу Делхи е меѓу најзагадените градови во светот, бидејќи чадот од шумските пожари на север го покри пристанишниот град. Индексот на квалитетот на воздухот, во главниот град на австралиската држава Јужен Велс, кој е познат по ведрото и сино небо, достигна 161 по 17 часот по локално време во областите северно од центарот на градот, достигнувајќи ниво поради кое граѓаните се советуваат да избегнуваат вежбање на отворено. Австралиската рурална противпожарна служба вели дека до вечер јужните ветрови треба да почнат да го растеруваат чадот што се надвил над градот, кој е стотици километри јужно од местото каде во пожарите изгореа околу 136.000 хектари шума.

The post Сиднеј поради шумските пожари е меѓу најзагадените градови во светот appeared first on Република.

]]>
Во Струмица вклучен алармот, стапуваат на сила мерките за надминат праг на аерозагадување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-strumitsa-vkluchen-alarmot-stapuvaat-na-sila-merkite-za-nadminat-prag-na-aerozagaduvane/ Sat, 02 Dec 2023 20:56:08 +0000 https://republika.mk/?p=718794

Се препорачува работодавците да го реорганизираат работното време на лицата кои работат на отворено од 11 до 17 часот и да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено.

Во Струмица стапуваат на сила мерките за надминат праг на аерозагадување, бидејки два дена мерните станици покажуваат високи концентрации на ПМ10 честички повеќе од дозволеното, соопштија денеска од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Мерењата од станицата на МЖСПП покажале дека е надминат прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрограми на метар кубен кој согласно регулативата два последователни денови изнесувал над 150 mg/m3, а врз одлуката на министерството влијаела и временската прогноза на УХМР.

Имено, завчера во Струмица се измерени 156,12, а вчера 236,99 микрограми на метар кубен. Затоа, МЖСПП во соработка со Министерството за здравство препорачува за градот Струмица да се ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар.

Потоа, се препорачува работодавците да го реорганизираат работното време на лицата кои работат на отворено од 11 до 17 часот и да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено.

Освен тоа, Општината треба да обезбеди услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба, а од Владата се бара да преземат повеќе мерки кои се во нејзина ингеренција, меѓу кои и зачестени контроли на инсталациите за испуштањето дозволена количина емисии во воздух.

The post Во Струмица вклучен алармот, стапуваат на сила мерките за надминат праг на аерозагадување appeared first on Република.

]]>

Се препорачува работодавците да го реорганизираат работното време на лицата кои работат на отворено од 11 до 17 часот и да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено. Во Струмица стапуваат на сила мерките за надминат праг на аерозагадување, бидејки два дена мерните станици покажуваат високи концентрации на ПМ10 честички повеќе од дозволеното, соопштија денеска од Министерството за животна средина и просторно планирање. Мерењата од станицата на МЖСПП покажале дека е надминат прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрограми на метар кубен кој согласно регулативата два последователни денови изнесувал над 150 mg/m3, а врз одлуката на министерството влијаела и временската прогноза на УХМР. Имено, завчера во Струмица се измерени 156,12, а вчера 236,99 микрограми на метар кубен. Затоа, МЖСПП во соработка со Министерството за здравство препорачува за градот Струмица да се ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар. Потоа, се препорачува работодавците да го реорганизираат работното време на лицата кои работат на отворено од 11 до 17 часот и да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено. Освен тоа, Општината треба да обезбеди услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба, а од Владата се бара да преземат повеќе мерки кои се во нејзина ингеренција, меѓу кои и зачестени контроли на инсталациите за испуштањето дозволена количина емисии во воздух.

The post Во Струмица вклучен алармот, стапуваат на сила мерките за надминат праг на аерозагадување appeared first on Република.

]]>
Повеќе од половина милион луѓе во ЕУ починаа од загаден воздух https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/poveke-od-polovina-milion-luge-vo-eu-pochinaa-od-zagaden-vozduh/ Fri, 24 Nov 2023 12:44:00 +0000 https://republika.mk/?p=715925

Повеќе од половина милион луѓе во ЕУ починале од загаден воздух во 2021 година, покажуваат податоците на Европската агенција за животна средина, а половина од смртните случаи, како што тврдат, можеле да се избегнат со намалување на загадувањето до препорачаните граници, пишува Гардијан.

Истражувачите од Европската агенција за животна средина (ЕЕА) припишуваат 253.000 предвремени смртни случаи на концентрации на фини честички во воздухот познати како PM2.5 кои ги прекршиле максималните граници препорачани од Светската здравствена организација за пет микрограми на кубен метар.

Европските истражувачи поврзаа уште 52.000 смртни случаи со прекумерно ниво на азот диоксид, додека тие велат дека 22.000 смртни случаи се случиле поради краткотрајна изложеност на прекумерно ниво на озон.

„Бројките објавени од ЕЕА денес не потсетуваат дека загадувањето на воздухот останува примарен здравствен проблем на животната средина во ЕУ“, рече европскиот комесар за животна средина Вирџиниус Синкевичиус.

Иако загадувањето на воздухот е еден од најголемите убијци во светот, експертите посочуваат дека бројот на жртвите може брзо да се намали доколку земјите ги исчистат своите економии.

Помеѓу 2005 и 2021 година, бројот на смртни случаи од PM2,5 во ЕУ се намали за 41 отсто, а ЕУ има за цел да достигне 55 отсто до крајот на деценијата.

Светската здравствена организација, која ги заостри своите насоки за квалитетот на воздухот во 2021 година, предупредува дека ниту едно ниво на загаденост на воздухот не може да се смета за безбедно.

Во септември, Европскиот парламент гласаше за усогласување на правилата на ЕУ за квалитетот на воздухот со СЗО, но одлучи да го одложи ова до 2035 година.

Покрај набљудувањето на бројот на смртни случаи, истражувачите од ЕЕА за прв пат утврдија уште колку години населението живеело со болести предизвикани од лошиот воздух.

„Кога луѓето добиваат рак на белите дробови, тие обично умираат многу брзо“, рече Алберто Гонзалес Ортиз, истражувач за загадувањето на воздухот од ЕЕА, истакнувајќи дека за други болести, особено астма, но и дијабетес или хронична опструктивна белодробна болест, загадувањето е исто така важен придонесувач.

За хронична опструктивна белодробна болест предизвикана од загадување со честички PM2.5 во 2021 година, ЕЕА процени околу 150.000 години изгубени животи низ ЕУ и приближно ист број години живот со попреченост.

Согорувањето на фосилните горива, возењето автомобили и одгледувањето добиток испуштаат големи количини отровен гас и штетни честички кои луѓето потоа ги вдишуваат. Најмалата од овие честички, позната како PM2.5, може да навлезе во крвотокот, каде што се шират низ телото и ги оштетуваат органите од мозокот до репродуктивните органи.

Овогодинешната истрага на Гардијан откри дека 98 отсто од луѓето во Европа дишат воздух чие загадување ги надминува границите дозволени со упатствата на СЗО. Товарот на болеста, како што се гледа во резултатите од ЕЕА, главно паѓа на Источна и Југоисточна Европа.

„Позитивната вест е дека властите на европско, национално и локално ниво преземаат мерки за намалување на емисиите, како што се промовирање на јавен превоз или возење велосипед во центрите на градовите, но и преку ажурирана легислатива“, рече Леена Ила-Мононен, извршен директор на ЕЕА.

The post Повеќе од половина милион луѓе во ЕУ починаа од загаден воздух appeared first on Република.

]]>

Повеќе од половина милион луѓе во ЕУ починале од загаден воздух во 2021 година, покажуваат податоците на Европската агенција за животна средина, а половина од смртните случаи, како што тврдат, можеле да се избегнат со намалување на загадувањето до препорачаните граници, пишува Гардијан. Истражувачите од Европската агенција за животна средина (ЕЕА) припишуваат 253.000 предвремени смртни случаи на концентрации на фини честички во воздухот познати како PM2.5 кои ги прекршиле максималните граници препорачани од Светската здравствена организација за пет микрограми на кубен метар. Европските истражувачи поврзаа уште 52.000 смртни случаи со прекумерно ниво на азот диоксид, додека тие велат дека 22.000 смртни случаи се случиле поради краткотрајна изложеност на прекумерно ниво на озон. „Бројките објавени од ЕЕА денес не потсетуваат дека загадувањето на воздухот останува примарен здравствен проблем на животната средина во ЕУ“, рече европскиот комесар за животна средина Вирџиниус Синкевичиус. Иако загадувањето на воздухот е еден од најголемите убијци во светот, експертите посочуваат дека бројот на жртвите може брзо да се намали доколку земјите ги исчистат своите економии. Помеѓу 2005 и 2021 година, бројот на смртни случаи од PM2,5 во ЕУ се намали за 41 отсто, а ЕУ има за цел да достигне 55 отсто до крајот на деценијата. Светската здравствена организација, која ги заостри своите насоки за квалитетот на воздухот во 2021 година, предупредува дека ниту едно ниво на загаденост на воздухот не може да се смета за безбедно. Во септември, Европскиот парламент гласаше за усогласување на правилата на ЕУ за квалитетот на воздухот со СЗО, но одлучи да го одложи ова до 2035 година. Покрај набљудувањето на бројот на смртни случаи, истражувачите од ЕЕА за прв пат утврдија уште колку години населението живеело со болести предизвикани од лошиот воздух. „Кога луѓето добиваат рак на белите дробови, тие обично умираат многу брзо“, рече Алберто Гонзалес Ортиз, истражувач за загадувањето на воздухот од ЕЕА, истакнувајќи дека за други болести, особено астма, но и дијабетес или хронична опструктивна белодробна болест, загадувањето е исто така важен придонесувач. За хронична опструктивна белодробна болест предизвикана од загадување со честички PM2.5 во 2021 година, ЕЕА процени околу 150.000 години изгубени животи низ ЕУ и приближно ист број години живот со попреченост. Согорувањето на фосилните горива, возењето автомобили и одгледувањето добиток испуштаат големи количини отровен гас и штетни честички кои луѓето потоа ги вдишуваат. Најмалата од овие честички, позната како PM2.5, може да навлезе во крвотокот, каде што се шират низ телото и ги оштетуваат органите од мозокот до репродуктивните органи. Овогодинешната истрага на Гардијан откри дека 98 отсто од луѓето во Европа дишат воздух чие загадување ги надминува границите дозволени со упатствата на СЗО. Товарот на болеста, како што се гледа во резултатите од ЕЕА, главно паѓа на Источна и Југоисточна Европа. „Позитивната вест е дека властите на европско, национално и локално ниво преземаат мерки за намалување на емисиите, како што се промовирање на јавен превоз или возење велосипед во центрите на градовите, но и преку ажурирана легислатива“, рече Леена Ила-Мононен, извршен директор на ЕЕА.

The post Повеќе од половина милион луѓе во ЕУ починаа од загаден воздух appeared first on Република.

]]>
Скопје денеска е седми најзагаден град во светот https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/skopje-deneska-e-sedmi-najzagaden-grad-vo-svetot/ Wed, 22 Nov 2023 12:57:25 +0000 https://republika.mk/?p=715139

Маглата, студеното време, греењето – сето тоа и годинава повторно придонесе воздухот да се „преполни“ со честички штетни за човековото здравје. Во Скопје деновиве тешко се дише, а загаденоста на воздухот повторно го вброи главниот град на неславната листа на најзагадени градови на светот, која ја објавува порталот Iqair.com.

Денеска Скопје е рангиран на 7-мото место во светот, после Делхи и Калкута во Индија, Лахор и Карачи во Пакистан, после Дака во Бангладеш и Ханој во Кина. Во однос на загаденоста на градовите во Европа, Скопје е лидер, а веднаш зад него е Сараево.

Во објавата на порталот се предупредува дека воздухот во Скопје е нездрав и се препорачува да се затворат прозорците, да не се спрортува на отворено, да се носат заштитни маски и во домовите да се користат прочистувачи на воздухот. Моментално, концентрација на на ПМ2,5 честички во воздухот е 74.8 µg/m³ којашто, како што се наведува на порталот, е за 15 пати поголема од годишната вредност во Упатството за квалитетот на воздухот на Светската здравствена организација.

Денеска во воздухот Скопје дишеме 95.8 µg/m³ ПМ 10 честички, што е двапати повеќе од дозволеното.

The post Скопје денеска е седми најзагаден град во светот appeared first on Република.

]]>

Маглата, студеното време, греењето – сето тоа и годинава повторно придонесе воздухот да се „преполни“ со честички штетни за човековото здравје. Во Скопје деновиве тешко се дише, а загаденоста на воздухот повторно го вброи главниот град на неславната листа на најзагадени градови на светот, која ја објавува порталот Iqair.com. Денеска Скопје е рангиран на 7-мото место во светот, после Делхи и Калкута во Индија, Лахор и Карачи во Пакистан, после Дака во Бангладеш и Ханој во Кина. Во однос на загаденоста на градовите во Европа, Скопје е лидер, а веднаш зад него е Сараево. Во објавата на порталот се предупредува дека воздухот во Скопје е нездрав и се препорачува да се затворат прозорците, да не се спрортува на отворено, да се носат заштитни маски и во домовите да се користат прочистувачи на воздухот. Моментално, концентрација на на ПМ2,5 честички во воздухот е 74.8 µg/m³ којашто, како што се наведува на порталот, е за 15 пати поголема од годишната вредност во Упатството за квалитетот на воздухот на Светската здравствена организација. Денеска во воздухот Скопје дишеме 95.8 µg/m³ ПМ 10 честички, што е двапати повеќе од дозволеното.

The post Скопје денеска е седми најзагаден град во светот appeared first on Република.

]]>
САД: Издадено предупредување за 55 милиони луѓе поради загаден воздух https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-izdadeno-predupreduvane-za-55-milioni-luge-poradi-zagaden-vozduh/ Wed, 07 Jun 2023 19:39:44 +0000 https://republika.mk/?p=648973

Загадувањето од шумските пожари кои беснеат низ Канада со недели зафатија големи делови од Северна Америка, каде што се издадени предупредувања за високоризичен квалитет на воздухот за повеќе од 55 милиони луѓе.

Чадот од пожарите ги прекри големите градови во Онтарио и Квебек, вклучително и Торонто и околните области. Чадот стигна до Њујорк и Конектикат, каде што квалитетот на воздухот е класифициран како „нездрав“.

Голем дел од чадот доаѓа од Квебек, каде во моментов горат 160 пожари. Канадскиот оддел за животна средина вчера го издаде своето најстрого предупредување за Отава, класифицирајќи го квалитетот на воздухот во канадскиот главен град како „многу високоризичен“ за здравјето на луѓето. Во Торонто и околните области, квалитетот на воздухот е класифициран како „високоризичен“.

Филаделфија денеска издаде црвено предупредување и ги повика жителите да останат дома.

„Постарите, малите деца и бремените жени или оние со проблеми со срцето и белите дробови може да имаат сериозни здравствени ефекти од чадот“, изјави Џејмс Гароу, портпарол на Одделот за јавно здравје во Филаделфија.

„За оние кои не се сметаат за чувствителна група, бараме да избегнуваат напорни активности на отворено, како што се трчање или вежбање“, изјави Гароу за Си-Ен-Ен.

„Ги замолуваме луѓето да избегнуваат непотребно време на отворено. Но, ако треба да бидат надвор, треба да носат маски и да влегуваат ако имаат потреба“, додаде тој.

Гароу рече дека не е јасно колку долго ќе трае црвеното предупредување или дали ќе се намали. Издадени се предупредувања за квалитетот на воздухот и за делови од Масачусетс, Њу Хемпшир, Пенсилванија, Мериленд, Вирџинија …

Јавните училишта во Њујорк и Вашингтон ги откажаа активностите на отворено поради лошиот квалитет на воздухот, јави Си-Ен-Ен. Вашингтон моментално има индекс за квалитет на воздухот (AQI) од 182, кој се квалификува како „нездрав“.

Американската агенција за заштита на животната средина (ЕПА) го класифицира квалитетот на воздухот во поголемиот дел од североисточниот дел на САД како „нездрав“, особено за луѓето со веќе постоечки респираторни проблеми. Предупредувања за квалитетот на воздухот вклучуваат голем дел од Њујорк и Конектикат. Тие исто така се протегаат на север до Бостон и на југ до Питсбург и Вашингтон.

Делови од источна Пенсилванија, Њујорк и Нова Англија беа класифицирани во индекс на квалитет на воздухот над 200, што значи услови кои се „многу нездрави за секого“. Најновите сателитски снимки од американската Национална агенција за океани и атмосфера (NOAA) покажуваат уште еден густ облак од чад од ниво 6, односно оној што носи „опасен квалитет на воздухот“.

Моменталниот индекс на квалитетот на воздухот во градот Сиракуза, Њујорк е 351, што се смета за ниво 6, на кое треба да се избегнува секаква физичка активност на отворено. Тој густ чад се движи кон југ и се очекува да го влоши квалитетот на воздухот во Њујорк, Филаделфија и Вашингтон.

Претставниците на јавното здравство ги предупредија луѓето да не вежбаат надвор и да ја намалат изложеноста на чад што е можно повеќе бидејќи воздухот носи долгорочни ризици по здравјето. Експертите велат дека изложеноста на чад од шумски пожари може да предизвика низа здравствени проблеми.

Чадот од шумските пожари го бои воздухот во портокалова боја од истата причина поради која небото изгледа сино кога воздухот не е загаден. Имено, бојата е поврзана со видот на честичките во воздухот, нивната големина, количина и каква боја бранова должина ја блокираат.

Сончевата светлина содржи поголем спектар на бои. Но, додека минува низ атмосферата на Земјата, удира во молекулите и честичките во воздухот. Боите што се гледаат се оние бранови должини што остануваат по интеракција со честичките. Чадот од шумските пожари ги блокира пократките бранови должини, како што се жолтата, зелената и сината, а само црвените и портокаловите бои допираат до очите на луѓето

The post САД: Издадено предупредување за 55 милиони луѓе поради загаден воздух appeared first on Република.

]]>

Загадувањето од шумските пожари кои беснеат низ Канада со недели зафатија големи делови од Северна Америка, каде што се издадени предупредувања за високоризичен квалитет на воздухот за повеќе од 55 милиони луѓе. Чадот од пожарите ги прекри големите градови во Онтарио и Квебек, вклучително и Торонто и околните области. Чадот стигна до Њујорк и Конектикат, каде што квалитетот на воздухот е класифициран како „нездрав“. Голем дел од чадот доаѓа од Квебек, каде во моментов горат 160 пожари. Канадскиот оддел за животна средина вчера го издаде своето најстрого предупредување за Отава, класифицирајќи го квалитетот на воздухот во канадскиот главен град како „многу високоризичен“ за здравјето на луѓето. Во Торонто и околните области, квалитетот на воздухот е класифициран како „високоризичен“. Филаделфија денеска издаде црвено предупредување и ги повика жителите да останат дома.
„Постарите, малите деца и бремените жени или оние со проблеми со срцето и белите дробови може да имаат сериозни здравствени ефекти од чадот“, изјави Џејмс Гароу, портпарол на Одделот за јавно здравје во Филаделфија. „За оние кои не се сметаат за чувствителна група, бараме да избегнуваат напорни активности на отворено, како што се трчање или вежбање“, изјави Гароу за Си-Ен-Ен. „Ги замолуваме луѓето да избегнуваат непотребно време на отворено. Но, ако треба да бидат надвор, треба да носат маски и да влегуваат ако имаат потреба“, додаде тој.
Гароу рече дека не е јасно колку долго ќе трае црвеното предупредување или дали ќе се намали. Издадени се предупредувања за квалитетот на воздухот и за делови од Масачусетс, Њу Хемпшир, Пенсилванија, Мериленд, Вирџинија … Јавните училишта во Њујорк и Вашингтон ги откажаа активностите на отворено поради лошиот квалитет на воздухот, јави Си-Ен-Ен. Вашингтон моментално има индекс за квалитет на воздухот (AQI) од 182, кој се квалификува како „нездрав“. Американската агенција за заштита на животната средина (ЕПА) го класифицира квалитетот на воздухот во поголемиот дел од североисточниот дел на САД како „нездрав“, особено за луѓето со веќе постоечки респираторни проблеми. Предупредувања за квалитетот на воздухот вклучуваат голем дел од Њујорк и Конектикат. Тие исто така се протегаат на север до Бостон и на југ до Питсбург и Вашингтон. Делови од источна Пенсилванија, Њујорк и Нова Англија беа класифицирани во индекс на квалитет на воздухот над 200, што значи услови кои се „многу нездрави за секого“. Најновите сателитски снимки од американската Национална агенција за океани и атмосфера (NOAA) покажуваат уште еден густ облак од чад од ниво 6, односно оној што носи „опасен квалитет на воздухот“. Моменталниот индекс на квалитетот на воздухот во градот Сиракуза, Њујорк е 351, што се смета за ниво 6, на кое треба да се избегнува секаква физичка активност на отворено. Тој густ чад се движи кон југ и се очекува да го влоши квалитетот на воздухот во Њујорк, Филаделфија и Вашингтон. Претставниците на јавното здравство ги предупредија луѓето да не вежбаат надвор и да ја намалат изложеноста на чад што е можно повеќе бидејќи воздухот носи долгорочни ризици по здравјето. Експертите велат дека изложеноста на чад од шумски пожари може да предизвика низа здравствени проблеми. Чадот од шумските пожари го бои воздухот во портокалова боја од истата причина поради која небото изгледа сино кога воздухот не е загаден. Имено, бојата е поврзана со видот на честичките во воздухот, нивната големина, количина и каква боја бранова должина ја блокираат. Сончевата светлина содржи поголем спектар на бои. Но, додека минува низ атмосферата на Земјата, удира во молекулите и честичките во воздухот. Боите што се гледаат се оние бранови должини што остануваат по интеракција со честичките. Чадот од шумските пожари ги блокира пократките бранови должини, како што се жолтата, зелената и сината, а само црвените и портокаловите бои допираат до очите на луѓето

The post САД: Издадено предупредување за 55 милиони луѓе поради загаден воздух appeared first on Република.

]]>
Можеби сте депресивни поради загадениот воздух https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/mozhebi-ste-depresivni-poradi-zagadeniot-vozduh/ Mon, 13 Feb 2023 10:31:20 +0000 https://republika.mk/?p=608339

Долготрајната изложеност на загаден воздух ја зголемува можноста од депресија, покажуваат две нови истражувања објавени во научните списанија „JAMA“.

Претпоставките дека загадувањето на воздухот влијае и на менталното здравје, не се ништо ново. Но, новите сознанија потврдуваат дека долготрајната изложеност на покачени нивоа загаден воздух го зголемува ризикот од депресија кај повозрасните лица, како и од анксиозност. За да ги проучат последиците од загадувањето на воздухот врз постарите Американци, истражувачите од Харвард и Универзитетот Емори ги анализираа податоците од речиси девет милиони луѓе од американското „Медикер“ здравствено осигурување, за луѓе на возраст над 65 години.

На повеќе од 1,52 милиони од нив им била дијагностицирана депресија во времето 2005 - 2016 година.

Набљудувавме статистички значајна негативна поврзаност меѓу долготрајната изложеност на покачени нивоа загаденост на воздухот и зголемената опасност од депресија во подоцнежниот живот... Се забележува дека социоекономски загрозените поединци опфатени со овој труд се изложени на многу поголема опасност од депресија во подоцниот живот. Тие луѓе се истовремено изложени и на социјален стрес и на лоши еколошки услови, вклучувајќи го и загадувањето на воздухот. Постарите можат да бидат особено ранливи на депресија поврзана со загадувањето“, се наведува во истражувањето.

Загадувачите на кои биле изложени луѓето со дијагностицирана депресија, се прашина, чад, азот диоксид, којшто главно се испушта во сообраќајот и озон, што го испуштат и електраните и рафинериите.

Загадувањето на воздухот се поврзува и со и заболувања на крвоточниот систем, како и дишните патишта.

Иако депресијата е помалку застапена кај постарите во споредба со помладото население, (кај првите) може да се појават сериозни последици, како што се когнитивно оштетување, физички коморбидитети и смрт“, велат научниците.

И во другиот научен труд, научници од Велика Британија и Кина ја истражуваа поврзаноста меѓу долготрајната изложеност на повеќе загаден воздух и зачестеноста на депресија и анксиозност. Проучувањето опфатило 390.000 луѓе, главно Британци, во период од 11 години и откриле дека постои зголемена можност од депресија и анксиозност дури и на дозволените нивоа на загаденост во оваа западноевропска земја.

The post Можеби сте депресивни поради загадениот воздух appeared first on Република.

]]>

Долготрајната изложеност на загаден воздух ја зголемува можноста од депресија, покажуваат две нови истражувања објавени во научните списанија „JAMA“. Претпоставките дека загадувањето на воздухот влијае и на менталното здравје, не се ништо ново. Но, новите сознанија потврдуваат дека долготрајната изложеност на покачени нивоа загаден воздух го зголемува ризикот од депресија кај повозрасните лица, како и од анксиозност. За да ги проучат последиците од загадувањето на воздухот врз постарите Американци, истражувачите од Харвард и Универзитетот Емори ги анализираа податоците од речиси девет милиони луѓе од американското „Медикер“ здравствено осигурување, за луѓе на возраст над 65 години. На повеќе од 1,52 милиони од нив им била дијагностицирана депресија во времето 2005 - 2016 година.
Набљудувавме статистички значајна негативна поврзаност меѓу долготрајната изложеност на покачени нивоа загаденост на воздухот и зголемената опасност од депресија во подоцнежниот живот... Се забележува дека социоекономски загрозените поединци опфатени со овој труд се изложени на многу поголема опасност од депресија во подоцниот живот. Тие луѓе се истовремено изложени и на социјален стрес и на лоши еколошки услови, вклучувајќи го и загадувањето на воздухот. Постарите можат да бидат особено ранливи на депресија поврзана со загадувањето“, се наведува во истражувањето.
Загадувачите на кои биле изложени луѓето со дијагностицирана депресија, се прашина, чад, азот диоксид, којшто главно се испушта во сообраќајот и озон, што го испуштат и електраните и рафинериите. Загадувањето на воздухот се поврзува и со и заболувања на крвоточниот систем, како и дишните патишта.
Иако депресијата е помалку застапена кај постарите во споредба со помладото население, (кај првите) може да се појават сериозни последици, како што се когнитивно оштетување, физички коморбидитети и смрт“, велат научниците.
И во другиот научен труд, научници од Велика Британија и Кина ја истражуваа поврзаноста меѓу долготрајната изложеност на повеќе загаден воздух и зачестеноста на депресија и анксиозност. Проучувањето опфатило 390.000 луѓе, главно Британци, во период од 11 години и откриле дека постои зголемена можност од депресија и анксиозност дури и на дозволените нивоа на загаденост во оваа западноевропска земја.

The post Можеби сте депресивни поради загадениот воздух appeared first on Република.

]]>
СДСМ да ги извади теглите со чист воздух како кога беше во опозиција https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/sdsm-da-gi-izvadi-teglite-so-chist-vozduh-kako-koga-beshe-vo-opozitsija/ Wed, 11 Jan 2023 08:40:53 +0000 https://republika.mk/?p=595676

Теглите со кои СДС како опозиција протестираше пред владата нека ги извадат од подрумите и остават пред нивната влада која не мрда со прст за справување со загадениот воздух, бара ВМРО-ДПМНЕ.

Мерките кои СДС ги предложи за големото загадување на воздухот во Скопје се гол популизами и шминка-уверуваат о опозицијата.

Барањето на СДС на вондредна седница на Советот е замајување на јавноста, дека нешто предлагаат. СДС забораваат дека веќе 7 години се власт во државата, а за животната средина и подобрување на квалитетот на воздухот со прст немаат мрднато.

Итно е потребна владина стратегија за справување со загадениот воздух и институционална мобилизација. Веднаш се потребни итни владини мерки.

Без ниту еден капитален проект, ниту еден денар од енормно големите буџети потрошени за поквалитетен живот на граѓаните.

Наместо да ја замајуваат јавноста, СДС нека и наредат на Арсовска, на тајните средби кои ги има со Ковачевски, нека почне да си ја работи работата за која е избрана.

Арсовска и СДС додека кројат планови како да наместат некој тендер повеќе во ЈСП, нека му наредедат на директорот на ЈСП од редовите на СДС да пушти во функција повеќе градски автобуси во редовните линии.

Додека советниците на СДС тераат циркус и гол популизам скопјани се гушат, а Арсовска, СДС, ДУИ и Левица си ги полнат џебовите.

The post СДСМ да ги извади теглите со чист воздух како кога беше во опозиција appeared first on Република.

СДСМ бара вонредна седница за решавање на проблемот со загадениот воздух во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/sdsm-bara-vonredna-sednitsa-za-reshavane-na-problemot-so-zagadeniot-vozduh-vo-skopje/ Fri, 06 Jan 2023 13:18:53 +0000 https://republika.mk/?p=594175

Советничката група на СДСМ и коалицијата бара вонредна седница на Советот на Град Скопје за решавање на проблемот со загадениот воздух, кој во главниот град е на алармантно високо ниво. Според нив факт е дека локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција во Скопје со Левица и Арсовска не преземаат ништо за да го решат овој проблем.

Затоа советничката група на СДСМ и коалицијата на вонредна седница ќе ги предложи следниве мерки:

1. Итно зголемување на бројот на автобуси на сите линии во јавниот градски превоз.

2. Воведување бесплатен превоз за сите граѓани во Скопје.

3. Итна промена на распоред на средства во Буџетот на Град Скопје, за зголемување на средствата за борба против загадувањето.

4. Финансиска помош за училиштата за адаптирање на системот за затоплување на еколошки енергенси, (замена на котлите во системот на затоплување).

5. Изготвување акциски план за чистење на сите депонии во Скопје.

6. Чистење/миење на улиците и јавните површини со помош на цистерни.

7. Безусловно интензивно постапување на инспекторите во вршењето на својата должност.

СДСМ се сомнева дека инспекторите не смеат да постапуваат без усна согласност на секретарот на Град Скопје, доколку е така, тоа мора да престане веднаш.

Скопје деновиве е на врвот на листата на најзагадени градови во светот, што директно влијае врз здравјето на луѓето.

Аерозагадувањето е најголемиот причинител на зголемен број на заболувања кај луѓето и предвремена смртност.

Всушност, ова е резултатот од незаинтересираноста на Арсовска и ДПМНЕ за граѓаните на Скопје.

Ова е резултатот од нивните кавги за тендери и провизии, а за реалните проблеми на граѓаните не направија ништо.

За жал, сите ние скапо ја плаќаме цената за ваквото неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Арсовска - велат од СДСМ.

The post СДСМ бара вонредна седница за решавање на проблемот со загадениот воздух во Скопје appeared first on Република.

]]>

Советничката група на СДСМ и коалицијата бара вонредна седница на Советот на Град Скопје за решавање на проблемот со загадениот воздух, кој во главниот град е на алармантно високо ниво. Според нив факт е дека локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција во Скопје со Левица и Арсовска не преземаат ништо за да го решат овој проблем.
Затоа советничката група на СДСМ и коалицијата на вонредна седница ќе ги предложи следниве мерки: 1. Итно зголемување на бројот на автобуси на сите линии во јавниот градски превоз. 2. Воведување бесплатен превоз за сите граѓани во Скопје. 3. Итна промена на распоред на средства во Буџетот на Град Скопје, за зголемување на средствата за борба против загадувањето. 4. Финансиска помош за училиштата за адаптирање на системот за затоплување на еколошки енергенси, (замена на котлите во системот на затоплување). 5. Изготвување акциски план за чистење на сите депонии во Скопје. 6. Чистење/миење на улиците и јавните површини со помош на цистерни. 7. Безусловно интензивно постапување на инспекторите во вршењето на својата должност. СДСМ се сомнева дека инспекторите не смеат да постапуваат без усна согласност на секретарот на Град Скопје, доколку е така, тоа мора да престане веднаш. Скопје деновиве е на врвот на листата на најзагадени градови во светот, што директно влијае врз здравјето на луѓето. Аерозагадувањето е најголемиот причинител на зголемен број на заболувања кај луѓето и предвремена смртност. Всушност, ова е резултатот од незаинтересираноста на Арсовска и ДПМНЕ за граѓаните на Скопје. Ова е резултатот од нивните кавги за тендери и провизии, а за реалните проблеми на граѓаните не направија ништо. За жал, сите ние скапо ја плаќаме цената за ваквото неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Арсовска - велат од СДСМ.

The post СДСМ бара вонредна седница за решавање на проблемот со загадениот воздух во Скопје appeared first on Република.

]]>
Загадениот воздух ја наполни Пулмологија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zagadeniot-vozduh-ja-napolni-pulmologija/ Fri, 23 Dec 2022 16:38:09 +0000 https://republika.mk/?p=589283

Граѓаните почнаа да го плаќаат данокот по здравјето од загадениот воздух. Алармантното ниво на опасните ПМ честички веќе ги полни болниците а први на удар се децата и хронично болните. Лицата со астма и ХОББ се чести пациенти на Пулмологија поради влошување на нивната состојба а на клиниката деновиве имаат гужви и во амбулантите.

https://republika.mk/vesti/skopje/skopje-na-tretoto-mesto-na-najzagadenite-gradovi-vo-svetot/

Се жалат на кашлица, отежнато дишење, некои имаат и свирење во градите. Дел од нив се хронични пациенти кои се редовни наши пациенти но поради влошување на состојбата повторно доаѓаат, но има пациенти кои за прв пат се жалат на овие симптоми, вели проф. д-р Дејан Докиќ, директор на Клиника за пулмологија, за „Сител“.

Од најмало кивање, тешко дишење до фатален исход се симптомите и последиците од загадувањето. Но како граѓаните да ги прочистат белите дробови од отровите што ги дишат?

Доколку нема потреба да се излегува во најкритичните периоди, луѓето кои имаат хронични заболувања да останат дома, но тоа секако е привремено решение. Доколку мора д аизлезат да носат Н95 маска, некој ќе рече повторно враќање на маските, но маските штитат и од вирусите кои овој период се доста зголемени, вели Докиќ.

Со години наназад лекарите ги третираат последиците од загадениот воздух, наместо, како што реагираат граѓани на социјалните мрежи, некој да ги третира причините. Додека се најде решение, единствениот спас од сивилото, маглата и опасните честички е или седење дома или одење на планина.

The post Загадениот воздух ја наполни Пулмологија appeared first on Република.

]]>

Граѓаните почнаа да го плаќаат данокот по здравјето од загадениот воздух. Алармантното ниво на опасните ПМ честички веќе ги полни болниците а први на удар се децата и хронично болните. Лицата со астма и ХОББ се чести пациенти на Пулмологија поради влошување на нивната состојба а на клиниката деновиве имаат гужви и во амбулантите. https://republika.mk/vesti/skopje/skopje-na-tretoto-mesto-na-najzagadenite-gradovi-vo-svetot/
Се жалат на кашлица, отежнато дишење, некои имаат и свирење во градите. Дел од нив се хронични пациенти кои се редовни наши пациенти но поради влошување на состојбата повторно доаѓаат, но има пациенти кои за прв пат се жалат на овие симптоми, вели проф. д-р Дејан Докиќ, директор на Клиника за пулмологија, за „Сител“.
Од најмало кивање, тешко дишење до фатален исход се симптомите и последиците од загадувањето. Но како граѓаните да ги прочистат белите дробови од отровите што ги дишат?
Доколку нема потреба да се излегува во најкритичните периоди, луѓето кои имаат хронични заболувања да останат дома, но тоа секако е привремено решение. Доколку мора д аизлезат да носат Н95 маска, некој ќе рече повторно враќање на маските, но маските штитат и од вирусите кои овој период се доста зголемени, вели Докиќ.
Со години наназад лекарите ги третираат последиците од загадениот воздух, наместо, како што реагираат граѓани на социјалните мрежи, некој да ги третира причините. Додека се најде решение, единствениот спас од сивилото, маглата и опасните честички е или седење дома или одење на планина.

The post Загадениот воздух ја наполни Пулмологија appeared first on Република.

]]>
„Европски зелен договор: обезбедување ефикасен, безбеден и еколошки транспорт“-дебата во резиденцијата на ЕУ во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/evropski-zelen-dogovor-obezbeduvanje-efikasen-bezbeden-i-ekoloshki-transport-debata-vo-rezidencijata-na-eu-vo-skopje/ Thu, 21 Apr 2022 10:23:43 +0000 https://republika.mk/?p=491692

„Европски зелен договор: обезбедување ефикасен, безбеден и еколошки транспорт“ е насловот на дебатата инспирирана од тековната изложба „Розови тигри и златни гуштери и што уште не“, што вчера се одржа во резиденцијата на Европската Унија во Скопје. Студенти, експерти од областа, претставници на Универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ и „Св. Климент Охридски“ ги споделија своите искуства, знаења, но и перспективи како во нашата земја да стигнеме до поодржлив транспорт.

Вовед за изложбата даде Бојан Георгиевски од галеријата „Акантус“, која и ја осмисли изложбата. Учествуваа: Дарко Мицески, раководител на сектор за ЕУ и ИПА координатор-дел транспорт во Министерството за транспорт и врски, Марко Ицев од Центарот за урбано истражување „План 42“, Пеце Андоновски од Министерството за економија, проф. д-р Дарко Данев, декан на Машинскиот факултет во Скопје, проф. д-р Верица Данчевска, експерт за сообраќајна политика и транспортна економика на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола, Јадранка Стефкова, советничка за планирање на економскиот развој во Велес и Филип Миленкоски – млад европски амбасадор. Модератор беше Мила Јовановска од „Биди зелен“.

Да се покрене свеста за нашата околина, повеќе да се користи велосипедот како превозно средство, да се подобри патната инфраструктура, како и јавниот транспорт за да се намали загадувањето, но и да се воведат поригорозни правила за увоз на стари возила, ова се дел од заклучоците на дебатата.

Ако имаме подобри патишта, ќе добиеме побрз транспорт, помалку штетни емисии, ќе се намали времето на патување, а тоа се реални придобивки. Во секое домаќинство имаме премногу возила, колку членови – толку возила. Апелираме да се намали нивниот број. Мораме да почнеме со тоа што го имаме и што е реално да се прави. Треба да се оди чекор по чекор, да се едуцираме да знаеме што се придобивките од одржлив транспорт. Ние сите упорно користиме автомобили, правиме сообраќаен метеж и кога не треба – велат студентите и експертите на дебатата.

Многу е важно да се постават построги правила за увоз на стари автомобили и старосната година да биде повисока - потенцира проф. д-р Верица Данчевска.

Кога се работи за знаење, во нашата држава немаме проблем со тоа. Имаме голем капацитет на научници и професори, но нашиот проблем е политизацијата од сите аспекти, во сите сфери. Се прави национална стратегија, една власт за четири години сака резултати и потоа доаѓа до промена на власта и некои проекти одеднаш не важат, а тоа не смее да се случува. Ние дозволивме увоз на многу стари возила од странство, а тоа е голем проблем - вели Данчевска.

Во Македонија годишно се увезуваат во просек по 40.000 возила. Во 2021 година сме имале околу 500.600 возила, од кои 55 проценти се дизел, 43 проценти се бензин, а само 3 проценти користат алтернативно гориво, вели Пеце Андоновски од Министерството за економија.

Поразителна е староста на возилата – кај нас просечна старост на патничките возила е над 19,5 години! За транспортните возила е нешто над 18,8 години - посочи Андоновски.

Општина Велес беше издвоена како позитивен пример за преземање вистинска мерки за намалување на сообраќајниот хаос и на големото загадување, благодарение и на вклучувањето на Општината во европски проекти. Јадранка Стефкова објасни дека тие прво се фокусирани на пешачка и велосипедска инфраструктура со цел да се олесни сообраќајот во централното градско подрачје и да се подобри јавниот превоз.

Во Велес се возат многу возила, така што загадувањето е енормно. Решивме да ги следиме препораките на Европската Унија и станавме дел од европска мрежа во која има градови од цела Југоисточна Европа, како и европски земји, и можеме да видиме како тие приоѓаат кон решавање  слични проблеми на нашите. Одлучивме да почнеме да работиме стратешки и направивме прв план за сообраќајна мобилност. Планот го направивме врз основа на анкета извршена врз 4.500 граѓани, што е 10 отсто од населението. Најлошиот резултат беше фактот дека 53 проценти од населението користат автомобил и тоа за растојание што се поминува со велосипед, а само 1 процент користат велосипед – вели Стефкова и додава дека општините немаат пари, ама не треба да седат со скрстени раце, туку треба да ги користат европските фондови што се на располагање.

Дали електричните возила се иднината во нашата земја и можно решение на намалувањето на загадувањето?

Според Дарко Мицески, хибридните возила како преодна фаза се можеби најоптимални во овој период за нас.

Тие користат многу помалку гориво, а функционираат на хибриден режим на работа кој не загадува колку класичните моторни возила - Мицески.

Сепак, сите учесници во дебатата се согласија дека немаме добра инфраструктура за овие возила, кои се многу скапи за македонскиот животен стандард.

Низ градовите треба да има повеќе полначи, да може да се користат сончеви панели за да се користат обновливи извори на енергија - предложија студентите.

Младиот европски амбасадор Филип Миленкоски истакна дека младите често ги избираат електричните скутери како превозно средство, но дека и тие законски не се добро регулирани. Тој повика да се подобри велосипедската култура, а посочи дека се дискриминирани студентите на приватните универзитети бидејќи не добиваат бесплатен автобуски превоз.

За деканот на Машински, Дарко Данев, ние сè уште не сме дораснати да зборуваме за електричните возила, кои, според него, се „класична демагогија“, најмногу затоа што начинот на кој се создаваат воопшто не е еколошки.

Транспортот е мултидисциплинарна приказна, сите учествуваме и сме консументи. Имам впечаток дека домашното воспитување исчезна и на тоа мора многу да се работи! Ние немаме почит кон ништо и никаква одговорност. И самиот знам да паркирам пред автобуска постојка, не почитувајќи го притоа возачот на автобусот, ни другите учесници во сообраќајот. Мора да работиме на сообраќајната култура, особено со децата од најмала возраст - вели Данев.

Учесниците на дебатата се согласија дека позитивниот пример на Велес треба да го следат и другите општини и Скопје.

The post „Европски зелен договор: обезбедување ефикасен, безбеден и еколошки транспорт“-дебата во резиденцијата на ЕУ во Скопје appeared first on Република.

]]>

„Европски зелен договор: обезбедување ефикасен, безбеден и еколошки транспорт“ е насловот на дебатата инспирирана од тековната изложба „Розови тигри и златни гуштери и што уште не“, што вчера се одржа во резиденцијата на Европската Унија во Скопје. Студенти, експерти од областа, претставници на Универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ и „Св. Климент Охридски“ ги споделија своите искуства, знаења, но и перспективи како во нашата земја да стигнеме до поодржлив транспорт. Вовед за изложбата даде Бојан Георгиевски од галеријата „Акантус“, која и ја осмисли изложбата. Учествуваа: Дарко Мицески, раководител на сектор за ЕУ и ИПА координатор-дел транспорт во Министерството за транспорт и врски, Марко Ицев од Центарот за урбано истражување „План 42“, Пеце Андоновски од Министерството за економија, проф. д-р Дарко Данев, декан на Машинскиот факултет во Скопје, проф. д-р Верица Данчевска, експерт за сообраќајна политика и транспортна економика на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола, Јадранка Стефкова, советничка за планирање на економскиот развој во Велес и Филип Миленкоски – млад европски амбасадор. Модератор беше Мила Јовановска од „Биди зелен“. Да се покрене свеста за нашата околина, повеќе да се користи велосипедот како превозно средство, да се подобри патната инфраструктура, како и јавниот транспорт за да се намали загадувањето, но и да се воведат поригорозни правила за увоз на стари возила, ова се дел од заклучоците на дебатата.
Ако имаме подобри патишта, ќе добиеме побрз транспорт, помалку штетни емисии, ќе се намали времето на патување, а тоа се реални придобивки. Во секое домаќинство имаме премногу возила, колку членови – толку возила. Апелираме да се намали нивниот број. Мораме да почнеме со тоа што го имаме и што е реално да се прави. Треба да се оди чекор по чекор, да се едуцираме да знаеме што се придобивките од одржлив транспорт. Ние сите упорно користиме автомобили, правиме сообраќаен метеж и кога не треба – велат студентите и експертите на дебатата.
Многу е важно да се постават построги правила за увоз на стари автомобили и старосната година да биде повисока - потенцира проф. д-р Верица Данчевска.
Кога се работи за знаење, во нашата држава немаме проблем со тоа. Имаме голем капацитет на научници и професори, но нашиот проблем е политизацијата од сите аспекти, во сите сфери. Се прави национална стратегија, една власт за четири години сака резултати и потоа доаѓа до промена на власта и некои проекти одеднаш не важат, а тоа не смее да се случува. Ние дозволивме увоз на многу стари возила од странство, а тоа е голем проблем - вели Данчевска.
Во Македонија годишно се увезуваат во просек по 40.000 возила. Во 2021 година сме имале околу 500.600 возила, од кои 55 проценти се дизел, 43 проценти се бензин, а само 3 проценти користат алтернативно гориво, вели Пеце Андоновски од Министерството за економија.
Поразителна е староста на возилата – кај нас просечна старост на патничките возила е над 19,5 години! За транспортните возила е нешто над 18,8 години - посочи Андоновски.
Општина Велес беше издвоена како позитивен пример за преземање вистинска мерки за намалување на сообраќајниот хаос и на големото загадување, благодарение и на вклучувањето на Општината во европски проекти. Јадранка Стефкова објасни дека тие прво се фокусирани на пешачка и велосипедска инфраструктура со цел да се олесни сообраќајот во централното градско подрачје и да се подобри јавниот превоз.
Во Велес се возат многу возила, така што загадувањето е енормно. Решивме да ги следиме препораките на Европската Унија и станавме дел од европска мрежа во која има градови од цела Југоисточна Европа, како и европски земји, и можеме да видиме како тие приоѓаат кон решавање  слични проблеми на нашите. Одлучивме да почнеме да работиме стратешки и направивме прв план за сообраќајна мобилност. Планот го направивме врз основа на анкета извршена врз 4.500 граѓани, што е 10 отсто од населението. Најлошиот резултат беше фактот дека 53 проценти од населението користат автомобил и тоа за растојание што се поминува со велосипед, а само 1 процент користат велосипед – вели Стефкова и додава дека општините немаат пари, ама не треба да седат со скрстени раце, туку треба да ги користат европските фондови што се на располагање.
Дали електричните возила се иднината во нашата земја и можно решение на намалувањето на загадувањето? Според Дарко Мицески, хибридните возила како преодна фаза се можеби најоптимални во овој период за нас.
Тие користат многу помалку гориво, а функционираат на хибриден режим на работа кој не загадува колку класичните моторни возила - Мицески.
Сепак, сите учесници во дебатата се согласија дека немаме добра инфраструктура за овие возила, кои се многу скапи за македонскиот животен стандард.
Низ градовите треба да има повеќе полначи, да може да се користат сончеви панели за да се користат обновливи извори на енергија - предложија студентите.
Младиот европски амбасадор Филип Миленкоски истакна дека младите често ги избираат електричните скутери како превозно средство, но дека и тие законски не се добро регулирани. Тој повика да се подобри велосипедската култура, а посочи дека се дискриминирани студентите на приватните универзитети бидејќи не добиваат бесплатен автобуски превоз. За деканот на Машински, Дарко Данев, ние сè уште не сме дораснати да зборуваме за електричните возила, кои, според него, се „класична демагогија“, најмногу затоа што начинот на кој се создаваат воопшто не е еколошки.
Транспортот е мултидисциплинарна приказна, сите учествуваме и сме консументи. Имам впечаток дека домашното воспитување исчезна и на тоа мора многу да се работи! Ние немаме почит кон ништо и никаква одговорност. И самиот знам да паркирам пред автобуска постојка, не почитувајќи го притоа возачот на автобусот, ни другите учесници во сообраќајот. Мора да работиме на сообраќајната култура, особено со децата од најмала возраст - вели Данев.
Учесниците на дебатата се согласија дека позитивниот пример на Велес треба да го следат и другите општини и Скопје.

The post „Европски зелен договор: обезбедување ефикасен, безбеден и еколошки транспорт“-дебата во резиденцијата на ЕУ во Скопје appeared first on Република.

]]>
За ваше добро денеска носете маска! https://arhiva3.republika.mk/tvitovi/za-vashe-dobro-deneska-nosete-maska/ Thu, 14 Apr 2022 13:43:53 +0000 https://republika.mk/?p=488547

The post За ваше добро денеска носете маска! appeared first on Република.

]]>

The post За ваше добро денеска носете маска! appeared first on Република.

]]>
Арсовска: За подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје преземаме системски мерки https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/arsovska-za-podobruvanje-na-kvalitetot-na-vozduhot-vo-skopje-prezemame-sistemski-merki/ Mon, 28 Mar 2022 15:07:35 +0000 https://republika.mk/?p=479963

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска учествуваше на Презентацијата на резултатите од Студијата за пропорционирање на загадувачите на воздухот во градот Скопје. Анализата за определување на уделот на различните извори на загадување во агломерацијата Скопски регион ја изработи лабораторијата AMBICON UGD при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, како дел од проектот за Справување со загадувањето на воздухот во градот Скопје, што го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и Градот Скопје. Финансиската поддршка за проектот е обезбедена од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА).

– Подобрување на состојбите со животната средина не може да има доколку не се преземат системски мерки. Во таа насока, Градскиот Еко совет е тело кое е за првпат формирано од експерти од областа на животната средина и со првите чекори кои тие ги преземаат ќе имаме квалитетни предлог политики кои ќе бидат презентирани пред Советот на Град Скопје. Сакам да нагласам дека во Скопје почнува најголемиот еко проект во регионот – пречистителната станица за отпадни води во вредност од над 160 милиони евра која ќе придонесе за пречистување на над 90 проценти од урбаните отпадни води и ќе придонесе за заштита на животната средина. Работиме и на подигање мега паркови, прв е паркот во Ѓорче Петров, а ќе следат уште 4 вакви мега паркови во Скопје.

Секоја година ќе засадуваме над 100.000 садници, работиме на финална имплементација на Зелениот катастар, тука е и проектот за ре-употреба на градежниот отпад и шут за да се спречи создавањето диви депонии кои периодов интензивно ги расчистуваме, неселективно ги казнуваме сите оние што ја нарушуваат животната средина и здравјето на граѓаните и многу други проекти. Со сите овие мерки се надевам дека ќе успееме да постигнеме резултати – истакна градоначалничката Арсовска во своето обраќање.

Градоначалничката Арсовска ја поздрави студијата каде преку сеопфатна анализа може да се детектираат проблемите, но и да се даваат предлози од страна на стручната јавност кои ќе можат да се имплементираат согласно можностите за намалување на загаденоста на воздухот во главниот град, кој е еден од приоритетите во заштитата на животната средина, а ќе овозможи подобри услови и повисок квалитет на живот за граѓаните на Скопје.

The post Арсовска: За подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје преземаме системски мерки appeared first on Република.

]]>

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска учествуваше на Презентацијата на резултатите од Студијата за пропорционирање на загадувачите на воздухот во градот Скопје. Анализата за определување на уделот на различните извори на загадување во агломерацијата Скопски регион ја изработи лабораторијата AMBICON UGD при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, како дел од проектот за Справување со загадувањето на воздухот во градот Скопје, што го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и Градот Скопје. Финансиската поддршка за проектот е обезбедена од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА).
– Подобрување на состојбите со животната средина не може да има доколку не се преземат системски мерки. Во таа насока, Градскиот Еко совет е тело кое е за првпат формирано од експерти од областа на животната средина и со првите чекори кои тие ги преземаат ќе имаме квалитетни предлог политики кои ќе бидат презентирани пред Советот на Град Скопје. Сакам да нагласам дека во Скопје почнува најголемиот еко проект во регионот – пречистителната станица за отпадни води во вредност од над 160 милиони евра која ќе придонесе за пречистување на над 90 проценти од урбаните отпадни води и ќе придонесе за заштита на животната средина. Работиме и на подигање мега паркови, прв е паркот во Ѓорче Петров, а ќе следат уште 4 вакви мега паркови во Скопје. Секоја година ќе засадуваме над 100.000 садници, работиме на финална имплементација на Зелениот катастар, тука е и проектот за ре-употреба на градежниот отпад и шут за да се спречи создавањето диви депонии кои периодов интензивно ги расчистуваме, неселективно ги казнуваме сите оние што ја нарушуваат животната средина и здравјето на граѓаните и многу други проекти. Со сите овие мерки се надевам дека ќе успееме да постигнеме резултати – истакна градоначалничката Арсовска во своето обраќање.
Градоначалничката Арсовска ја поздрави студијата каде преку сеопфатна анализа може да се детектираат проблемите, но и да се даваат предлози од страна на стручната јавност кои ќе можат да се имплементираат согласно можностите за намалување на загаденоста на воздухот во главниот град, кој е еден од приоритетите во заштитата на животната средина, а ќе овозможи подобри услови и повисок квалитет на живот за граѓаните на Скопје.

The post Арсовска: За подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје преземаме системски мерки appeared first on Република.

]]>
Скопје вечерва се гуши – седми најзагаден град во светот https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/skopje-vecherva-se-gushi-sedmi-najzagaden-grad-vo-svetot/ Sun, 06 Feb 2022 22:39:07 +0000 https://republika.mk/?p=454890

Скопје вечерва е еден од десетте најзагадени градови во светот, објави швајцарскиот портал IQAir, кој објавува податоци за квалитетот на воздухот ширум светот.

Според статистиката на „IQAir“, вечерва во Скопје се измерени 163 микрограми штетни честички по здравјето на луѓето, со што метрополата се најде на седмото место по загаденост во светот.

Според индексот, во Скопје вечерва најзагадено е во населбите Аеродром, Реонски центар и 11 Октомври, каде нивото на ПМ 10 честички е опасно по здравјето на граѓаните.

Пред Скопје позагадени се само Делхи и Мумбаи во Индија, Лахоре во Пакистан, Уланбатор во Монголија….а од балканските градови веднаш по Скопје на 8. место е Сараево во БиХ.

The post Скопје вечерва се гуши – седми најзагаден град во светот appeared first on Република.

]]>

Скопје вечерва е еден од десетте најзагадени градови во светот, објави швајцарскиот портал IQAir, кој објавува податоци за квалитетот на воздухот ширум светот. Според статистиката на „IQAir“, вечерва во Скопје се измерени 163 микрограми штетни честички по здравјето на луѓето, со што метрополата се најде на седмото место по загаденост во светот. Според индексот, во Скопје вечерва најзагадено е во населбите Аеродром, Реонски центар и 11 Октомври, каде нивото на ПМ 10 честички е опасно по здравјето на граѓаните. Пред Скопје позагадени се само Делхи и Мумбаи во Индија, Лахоре во Пакистан, Уланбатор во Монголија….а од балканските градови веднаш по Скопје на 8. место е Сараево во БиХ.

The post Скопје вечерва се гуши – седми најзагаден град во светот appeared first on Република.

]]>
Загадениот воздух предизвикува над 30.000 предвремени смртни случаи во Западен Балкан https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/zagadeniot-vozduh-predizvikuva-nad-30-000-predvremeni-smrtni-sluchai-vo-zapaden-balkan/ Wed, 26 Jan 2022 09:03:03 +0000 https://republika.mk/?p=449575

Загадувањето на воздухот во Западен Балкан предизвикува голем број на предвремени смртни случаи, а последиците вклучуваат пократок животен век и влошување на јавното здравје. Затоа е неопходно итно да се подобри квалитетот на воздухот и јавното здравје, преку надградба на здравствените системи, предупреди Европскиот фонд за Балканот, при овомесечната имплементација на третата фаза од кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“ со партнерите од регионот.

Целта на оваа етапа од кампањата, како што се наведува, е да се информираат граѓаните за последиците од загадувањето врз стапката на смртност и здравјето во Западен Балкан и да се поканат да се вклучат во борбата за подобрување на квалитетот на воздухот и продолжување на нашите животи.

Според последните податоци на Европската агенција за животна средина, лошиот квалитет на воздухот во регионот предизвикува повеќе од 30.000 предвремени смртни случаи, а Заедничкиот истражувачки центар на ЕУ укажува на фактот дека загадувањето на воздухот во просек придонесува за намалување на животниот век помеѓу 0,4 и 1,3 години во земјите од Западен Балкан.

Студиите покажуваат дека само електраните на јаглен во Западен Балкан предизвикуваат економска штета која се движи помеѓу 1,2 и 3,4 милијарди евра годишно за трошоците за здравствена заштита.

Барањата на кампањата „Балкан обединети за чист воздух“ се следни:

Да се постави намалувањето на загадувањето на воздухот како национален, регионален и меѓународен приоритет и да се интегрира во сите процеси на планирање.

Зголемување на буџетските средства за контрола на загадувањето и воспоставување системи за следење на загадувањето и неговите здравствени ефекти

Треба да се изградат мултисекторски партнерства на локално, национално и регионално ниво за да се подобри контролата на загадувачите и да се подобри квалитетот на воздухот.

Спречувањето на незаразните болести кои произлегуваат од лошиот квалитет на воздухот мора да биде интегрирано меѓу приоритетите на политиката за животна средина и здравје.

За да го продолжите животот, придружете се на борбата на граѓаните на Западен Балкан во солидарност и станете дел од кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“.

Кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“ беше иницирана од Европскиот фонд за Балканот во партнерство со следните организации: Еко Форум од Зеница, Институт за територијално управување со животната средина од Тирана, Сбункер и Балкан Грин Фондација од Приштина, AirCare/МојВоздух од Скопје, ОЗОН од Подгорица, Регулаторниот институт за обновливи извори и животна средина и Отворено училиште Белград од Белград. Се одржува втора година по ред, со цел да се подигне свеста на граѓаните во регионот за причините и последиците од загадувањето, можните начини за подобрување на квалитетот на воздухот и борбата за поздрава животна средина.

„Обединет Балкан за чист воздух“ ја нагласува неопходноста од регионална соработка за трансформација на енергетската индустрија и системот за заштита на животната средина, со што би се подобрила и економијата и јавното здравје.

The post Загадениот воздух предизвикува над 30.000 предвремени смртни случаи во Западен Балкан appeared first on Република.

]]>

Загадувањето на воздухот во Западен Балкан предизвикува голем број на предвремени смртни случаи, а последиците вклучуваат пократок животен век и влошување на јавното здравје. Затоа е неопходно итно да се подобри квалитетот на воздухот и јавното здравје, преку надградба на здравствените системи, предупреди Европскиот фонд за Балканот, при овомесечната имплементација на третата фаза од кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“ со партнерите од регионот. Целта на оваа етапа од кампањата, како што се наведува, е да се информираат граѓаните за последиците од загадувањето врз стапката на смртност и здравјето во Западен Балкан и да се поканат да се вклучат во борбата за подобрување на квалитетот на воздухот и продолжување на нашите животи. Според последните податоци на Европската агенција за животна средина, лошиот квалитет на воздухот во регионот предизвикува повеќе од 30.000 предвремени смртни случаи, а Заедничкиот истражувачки центар на ЕУ укажува на фактот дека загадувањето на воздухот во просек придонесува за намалување на животниот век помеѓу 0,4 и 1,3 години во земјите од Западен Балкан. Студиите покажуваат дека само електраните на јаглен во Западен Балкан предизвикуваат економска штета која се движи помеѓу 1,2 и 3,4 милијарди евра годишно за трошоците за здравствена заштита. Барањата на кампањата „Балкан обединети за чист воздух“ се следни: Да се постави намалувањето на загадувањето на воздухот како национален, регионален и меѓународен приоритет и да се интегрира во сите процеси на планирање. Зголемување на буџетските средства за контрола на загадувањето и воспоставување системи за следење на загадувањето и неговите здравствени ефекти Треба да се изградат мултисекторски партнерства на локално, национално и регионално ниво за да се подобри контролата на загадувачите и да се подобри квалитетот на воздухот. Спречувањето на незаразните болести кои произлегуваат од лошиот квалитет на воздухот мора да биде интегрирано меѓу приоритетите на политиката за животна средина и здравје. За да го продолжите животот, придружете се на борбата на граѓаните на Западен Балкан во солидарност и станете дел од кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“. Кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“ беше иницирана од Европскиот фонд за Балканот во партнерство со следните организации: Еко Форум од Зеница, Институт за територијално управување со животната средина од Тирана, Сбункер и Балкан Грин Фондација од Приштина, AirCare/МојВоздух од Скопје, ОЗОН од Подгорица, Регулаторниот институт за обновливи извори и животна средина и Отворено училиште Белград од Белград. Се одржува втора година по ред, со цел да се подигне свеста на граѓаните во регионот за причините и последиците од загадувањето, можните начини за подобрување на квалитетот на воздухот и борбата за поздрава животна средина. „Обединет Балкан за чист воздух“ ја нагласува неопходноста од регионална соработка за трансформација на енергетската индустрија и системот за заштита на животната средина, со што би се подобрила и економијата и јавното здравје.

The post Загадениот воздух предизвикува над 30.000 предвремени смртни случаи во Западен Балкан appeared first on Република.

]]>