Заев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zaev/ За подобро да се разбереме Fri, 29 Mar 2024 14:42:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Заев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zaev/ 32 32 Димова: Заев во присуство на Исмајлоска од мене побара да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimova-zaev-vo-prisustvo-na-ismajloska-od-mene-pobara-da-ja-povlecham-prijavata-za-zloupotreba-na-2-2-milioni-evra/ Fri, 29 Mar 2024 14:42:57 +0000 https://republika.mk/?p=760171

Поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми, Лидија Димова во изјава за „Фокус“ со име и презиме кажува кој ѝ вршел притисок да ја повлече пријавата што ја поднесе за проневера на 2,2 милиони евра европски пари.

Во април 2020 година, од владата ми беше доставен „поздрав“ со листа на проекти што требаше да ги „пуштам“. Во јуни 2020 година, тогашниот премиер Зоран Заев – во присуство на Нола Исмајлоска – од мене побара да ја повлечам кривичната пријава.

Во октомври бев разрешена поради „неетичко однесување“ (прашајте го Љупчо Николовски што значи тоа), а во јули 2021 година, Нола беше именувана за регионален координатор за ЕУ, се разбира, откако гласаше за промена на името на државата.

Во следните неколку месеци, новиот директор на Националната агенција, Марко Ѓоргиевски ги доисплати сите спорни проекти од шемата вредна 2,2 милиони евра – вели Димова за „Фокус“.

The post Димова: Заев во присуство на Исмајлоска од мене побара да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми, Лидија Димова во изјава за „Фокус“ со име и презиме кажува кој ѝ вршел притисок да ја повлече пријавата што ја поднесе за проневера на 2,2 милиони евра европски пари.
Во април 2020 година, од владата ми беше доставен „поздрав“ со листа на проекти што требаше да ги „пуштам“. Во јуни 2020 година, тогашниот премиер Зоран Заев – во присуство на Нола Исмајлоска – од мене побара да ја повлечам кривичната пријава. Во октомври бев разрешена поради „неетичко однесување“ (прашајте го Љупчо Николовски што значи тоа), а во јули 2021 година, Нола беше именувана за регионален координатор за ЕУ, се разбира, откако гласаше за промена на името на државата. Во следните неколку месеци, новиот директор на Националната агенција, Марко Ѓоргиевски ги доисплати сите спорни проекти од шемата вредна 2,2 милиони евра – вели Димова за „Фокус“.

The post Димова: Заев во присуство на Исмајлоска од мене побара да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Заев: Очекуваме грчката страна да го исполни делот од Преспанскиот договор кој се однесува на патоказите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zaev-ochekuvame-grchkata-strana-da-go-ispolni-delot-od-prespanskiot-dogovor-koj-se-odnesuva-na-patokazite/ Wed, 13 Sep 2023 16:31:20 +0000 https://republika.mk/?p=681670

Имплементацијата на Договорот од Преспа продолжува и на тоа се обврзани двете страни. Очекуваме грчката страна да го исполни делот од Договорот кој се однесува на сообраќајните патокази затоа што е време пет години по потпишувањето да се сменат патоказите во Грција кои упатуваат кон држава која не постои со кратенка ФИРОМ, вели поранешниот премиер Зоран Заев во интервју за грчката телевизија „One Chanel”.

Од друга страна, додава Заев, македонските граѓани годинава и до почетокот на идната година ќе го завршат процесот на промена на личните документи со новото име на земјата.

- Сакам да нагласам дека најважната работа од Преспанскиот договор е комплетно да се нормализираат билатералните политички релации кои веќе влегоа во нормален колосек со активна и редовна заемна комуникација, со меѓусебни државни средби кои резултираа со прва официјална посета на Грција на претседател од Македонија, како и со прва офијална посета на грчки премиер во земјава, вели Заев.

Тој оценува дека Договорот од Преспа отворил подобра иднина за двете држави, нова ера во меѓусебната соработка, регионална стабилност. Благодарение на Преспанскиот договор, вели тој, Македонија е денес поблиску до ЕУ, а благодарение на подршката од Грција и останатите партнери гради посветла иднина за наредните генерации.

Според Заев, европската агенда за државава не е сон, туку реалност, бидејќи, како што наведува, добивме временска рамка дека 2030 година е реална можност земјава да стане членка на Европската унија. - Тоа ме прави оптимист. Останува да се убеди опозицијата дека сега е вистинскиот момент да за забрзаат обврските кои како земја ги имаме и да се придвижиме напред најбрзо што можеме ако сакаме да останеме заедно со останатите земји кандидати од регионот кои ќе се приклучат кон Унијата во 2030 година, наведува Заев.

Поранешниот премиер потенцира дека чекањето и ставањето на европските интеграциски процеси на пауза не е стратегијата која ни треба.

-Мора да останеме во процесот на преговори и да се движиме напред за да бидеме препознаени како земја која ги промовира европските демократски вредности, вели Заев, посочувајќи дека месеците кои следат ЕУ ќе донесе клучни одлуки во однос на проширувањето и реформите внатре во Унијата

The post Заев: Очекуваме грчката страна да го исполни делот од Преспанскиот договор кој се однесува на патоказите appeared first on Република.

]]>

Имплементацијата на Договорот од Преспа продолжува и на тоа се обврзани двете страни. Очекуваме грчката страна да го исполни делот од Договорот кој се однесува на сообраќајните патокази затоа што е време пет години по потпишувањето да се сменат патоказите во Грција кои упатуваат кон држава која не постои со кратенка ФИРОМ, вели поранешниот премиер Зоран Заев во интервју за грчката телевизија „One Chanel”. Од друга страна, додава Заев, македонските граѓани годинава и до почетокот на идната година ќе го завршат процесот на промена на личните документи со новото име на земјата.
- Сакам да нагласам дека најважната работа од Преспанскиот договор е комплетно да се нормализираат билатералните политички релации кои веќе влегоа во нормален колосек со активна и редовна заемна комуникација, со меѓусебни државни средби кои резултираа со прва официјална посета на Грција на претседател од Македонија, како и со прва офијална посета на грчки премиер во земјава, вели Заев.
Тој оценува дека Договорот од Преспа отворил подобра иднина за двете држави, нова ера во меѓусебната соработка, регионална стабилност. Благодарение на Преспанскиот договор, вели тој, Македонија е денес поблиску до ЕУ, а благодарение на подршката од Грција и останатите партнери гради посветла иднина за наредните генерации. Според Заев, европската агенда за државава не е сон, туку реалност, бидејќи, како што наведува, добивме временска рамка дека 2030 година е реална можност земјава да стане членка на Европската унија. - Тоа ме прави оптимист. Останува да се убеди опозицијата дека сега е вистинскиот момент да за забрзаат обврските кои како земја ги имаме и да се придвижиме напред најбрзо што можеме ако сакаме да останеме заедно со останатите земји кандидати од регионот кои ќе се приклучат кон Унијата во 2030 година, наведува Заев. Поранешниот премиер потенцира дека чекањето и ставањето на европските интеграциски процеси на пауза не е стратегијата која ни треба.
-Мора да останеме во процесот на преговори и да се движиме напред за да бидеме препознаени како земја која ги промовира европските демократски вредности, вели Заев, посочувајќи дека месеците кои следат ЕУ ќе донесе клучни одлуки во однос на проширувањето и реформите внатре во Унијата

The post Заев: Очекуваме грчката страна да го исполни делот од Преспанскиот договор кој се однесува на патоказите appeared first on Република.

]]>
Одложено јавното наддавање за имотот на фирмата ДЕНА на зетот на Заев, за кое алармираше и австрискиот амбасадор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/odlozheno-javnoto-naddavane-za-imotot-na-firmata-dena-na-zetot-na-zaev-za-koe-alarmirashe-i-avstriskiot-ambasador/ Mon, 10 Jul 2023 12:00:36 +0000 https://republika.mk/?p=659721

Во канцеларијата на кавадаречкиот извршител Ангел Костадиновски, денеска не се одржа закажаното јавно наддавање на имот лоциран во Богданци, случај за кој алармираше и австрискиот амбасадор Георг Вуцас.

Како што беше кажано од извршителот, аукцијата беше одложена деведесет дена, со решение на Основен суд Гевгелија.

Аукцијата е одложена бидејќи австриската фирма побарала одлагање, а судот го усвоил тоа барање.

Од Австриска амбасада, на 27 јуни излегоа со известување до медиумите, упатувајќи прашање, „што ќе надвладее, владеење на правото и заштита на австриски инвестиции во Македонија или криминални договори за заробување на судството и правните службеници".

На седми јуни, Основниот граѓански суд Скопје одобри времена мерка во корист на AMMA Import Export GmbH (AMMA), со седиште во Хоенемс, Австрија, високо ценет индустриски снабдувач на зеленчук во регионот ЦИЕ/ЈИЕ, првенствено ангажиран во трговија на големо и дистрибуција на земјоделски производи. Со забраната се замрзнува недвижниот имот на ДЕНА ПРОДУКТ увоз извоз Велес (ДЕНА) во сопственост и управуван од Атанас Костов од Валандово до признавање и извршување на арбитражна одлука во износ од приближно 4,5 милиони евра дадени на трети јануари 2023 година во фер и транспарентен процес од реномиран меѓународен арбитер во корист на АММА. Не е изненадувачки, ова е привремено и мерката е обжалена, информираа тогаш од Амбасадата.

Од Амбасадата тогаш рекоа дека „патот на извршување на меѓународна арбитражна одлука во Македонија излегува дека претставува предизвик и ги загрозува инвестициите преземени од австрискиот инвеститор“.

Во случајов времето е значителен фактор, со оглед на тоа што ДЕНА уште од почетокот, со поддршка на сродни компании, извршители и нотари, презема разни активности за да ги избегне и спречи легитимните побарувања, меѓу другото, најголемиот дел од својот имот го префрли на ГЛОБАЛ трејд ДММ ДООЕЛ Валандово, (ГЛОБАЛ), поврзана компанија која е во сопственост на Емилија Заева Костова, сопруга на Атанас Костов и роднина на поранешниот премиер Зоран Заев, помогнала во спроведување на две извршни решенија против сопствените стакленици и имот во Валандово, при што има јасни докази дека официјалниот јавен катастар е изманипулиран како поддршка на овие акции и поттикнаа јавно наддавање на сопствена стаклена градина во Богданци на 10 јули 2023 година, иако е во тек граѓанска постапка и кривична истрага. Со последното закажување на јавно наддавање на 10 јули 2023 година во корист на ДЕНА поврзаната компанија, АММА речиси сигурно нема да ја врати отштетата во износ од 4,5 милиони евра, се вели во известувањето на Амбасадата од 27 јуни.

Оттаму, тогаш јавно прашаа, зошто австриски инвеститор мора да ангажира три адвокатски канцеларии и да поднесе над десетина правни предлози за признавање на арбитражна одлука во Македонија? Како е можно дека на централен катастар, официјален јавен регистар, може да се манипулира? Како може да продолжуваат извршни постапки со граѓански тужби кои се во тек против него и кривични истраги во тек? Зошто надлежните институции во државата, најважно, се Советот на јавни обвинители, Државниот јавен обвинител, Вишото јавно обвинителство – Скопје, се целосно неактивни и воопшто не го истражуваат случајот?

Дали ДЕНА и ГЛОБАЛ ги заробија судството и службениците (извршителите и нотари)? Како последица на тоа, амбасадорот Георг Вуцас побара од Судскиот совет и Советот на јавни обвинители во неодамнешно писмо да ги отстрани сите неспособни и пристрасни судии и обвинителите во овие случаи под итно. Секој притисок и влијание се некомпатибилни со независноста на судството и мора да се пријави за понатамошно постапување. Покрај тоа, Амбасадорот Георг Вуцас ги повикува надлежните комори на извршители и нотарите да ги укинат лиценците на правните службеници кои ги злоупотребиле или се за злоупотреба на нивните овластувања, се вели во известувањето од Амбасадата на 27 јуни, до медиумите.

Австриската амбасада, во соопштението посочи дека, будно ќе ги следи понатамошните случувања во оваа работа, вклучително и сите нерешени правни барања до судовите и до јавното обвинителство.

Ние ги изразуваме нашите големи надежи и очекувања дека правосудниот систем во Македонија ќе дејствува самостојно и правично и ќе дозволи владеењето на правото да преовладува во разумна временска рамка, беше напишано во известувањето до медиумите од страна на Амбасадата. Оттаму беа повикани сите одговорни медиуми во Македонија да бидат сведоци на денешната јавна аукција во просториите на извршител во Кавадарци.

The post Одложено јавното наддавање за имотот на фирмата ДЕНА на зетот на Заев, за кое алармираше и австрискиот амбасадор appeared first on Република.

]]>

Во канцеларијата на кавадаречкиот извршител Ангел Костадиновски, денеска не се одржа закажаното јавно наддавање на имот лоциран во Богданци, случај за кој алармираше и австрискиот амбасадор Георг Вуцас.

Како што беше кажано од извршителот, аукцијата беше одложена деведесет дена, со решение на Основен суд Гевгелија. Аукцијата е одложена бидејќи австриската фирма побарала одлагање, а судот го усвоил тоа барање. Од Австриска амбасада, на 27 јуни излегоа со известување до медиумите, упатувајќи прашање, „што ќе надвладее, владеење на правото и заштита на австриски инвестиции во Македонија или криминални договори за заробување на судството и правните службеници".
На седми јуни, Основниот граѓански суд Скопје одобри времена мерка во корист на AMMA Import Export GmbH (AMMA), со седиште во Хоенемс, Австрија, високо ценет индустриски снабдувач на зеленчук во регионот ЦИЕ/ЈИЕ, првенствено ангажиран во трговија на големо и дистрибуција на земјоделски производи. Со забраната се замрзнува недвижниот имот на ДЕНА ПРОДУКТ увоз извоз Велес (ДЕНА) во сопственост и управуван од Атанас Костов од Валандово до признавање и извршување на арбитражна одлука во износ од приближно 4,5 милиони евра дадени на трети јануари 2023 година во фер и транспарентен процес од реномиран меѓународен арбитер во корист на АММА. Не е изненадувачки, ова е привремено и мерката е обжалена, информираа тогаш од Амбасадата.
Од Амбасадата тогаш рекоа дека „патот на извршување на меѓународна арбитражна одлука во Македонија излегува дека претставува предизвик и ги загрозува инвестициите преземени од австрискиот инвеститор“.
Во случајов времето е значителен фактор, со оглед на тоа што ДЕНА уште од почетокот, со поддршка на сродни компании, извршители и нотари, презема разни активности за да ги избегне и спречи легитимните побарувања, меѓу другото, најголемиот дел од својот имот го префрли на ГЛОБАЛ трејд ДММ ДООЕЛ Валандово, (ГЛОБАЛ), поврзана компанија која е во сопственост на Емилија Заева Костова, сопруга на Атанас Костов и роднина на поранешниот премиер Зоран Заев, помогнала во спроведување на две извршни решенија против сопствените стакленици и имот во Валандово, при што има јасни докази дека официјалниот јавен катастар е изманипулиран како поддршка на овие акции и поттикнаа јавно наддавање на сопствена стаклена градина во Богданци на 10 јули 2023 година, иако е во тек граѓанска постапка и кривична истрага. Со последното закажување на јавно наддавање на 10 јули 2023 година во корист на ДЕНА поврзаната компанија, АММА речиси сигурно нема да ја врати отштетата во износ од 4,5 милиони евра, се вели во известувањето на Амбасадата од 27 јуни.
Оттаму, тогаш јавно прашаа, зошто австриски инвеститор мора да ангажира три адвокатски канцеларии и да поднесе над десетина правни предлози за признавање на арбитражна одлука во Македонија? Како е можно дека на централен катастар, официјален јавен регистар, може да се манипулира? Како може да продолжуваат извршни постапки со граѓански тужби кои се во тек против него и кривични истраги во тек? Зошто надлежните институции во државата, најважно, се Советот на јавни обвинители, Државниот јавен обвинител, Вишото јавно обвинителство – Скопје, се целосно неактивни и воопшто не го истражуваат случајот?
Дали ДЕНА и ГЛОБАЛ ги заробија судството и службениците (извршителите и нотари)? Како последица на тоа, амбасадорот Георг Вуцас побара од Судскиот совет и Советот на јавни обвинители во неодамнешно писмо да ги отстрани сите неспособни и пристрасни судии и обвинителите во овие случаи под итно. Секој притисок и влијание се некомпатибилни со независноста на судството и мора да се пријави за понатамошно постапување. Покрај тоа, Амбасадорот Георг Вуцас ги повикува надлежните комори на извршители и нотарите да ги укинат лиценците на правните службеници кои ги злоупотребиле или се за злоупотреба на нивните овластувања, се вели во известувањето од Амбасадата на 27 јуни, до медиумите.
Австриската амбасада, во соопштението посочи дека, будно ќе ги следи понатамошните случувања во оваа работа, вклучително и сите нерешени правни барања до судовите и до јавното обвинителство.
Ние ги изразуваме нашите големи надежи и очекувања дека правосудниот систем во Македонија ќе дејствува самостојно и правично и ќе дозволи владеењето на правото да преовладува во разумна временска рамка, беше напишано во известувањето до медиумите од страна на Амбасадата. Оттаму беа повикани сите одговорни медиуми во Македонија да бидат сведоци на денешната јавна аукција во просториите на извршител во Кавадарци.

The post Одложено јавното наддавање за имотот на фирмата ДЕНА на зетот на Заев, за кое алармираше и австрискиот амбасадор appeared first on Република.

]]>
Фондацијата Едно општество за сите – Заев, реди нови победи, зборот е збор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ivor-mitskovski-fondatsijata-edno-opshtestvo-za-site-zaev-redi-novi-pobedi-zborot-e-zbor/ Tue, 07 Mar 2023 13:28:15 +0000 https://republika.mk/?p=616923

Фондацијата Едно општество за сите - Заев, реди нови победи.

Зборот е збор, напиша на својот фејсбук профил Ивор Мицковски коментирајчи ја поништената одлука на градоначалникот Пецаков за изградба на хотелот во Лагадин.

The post Фондацијата Едно општество за сите – Заев, реди нови победи, зборот е збор appeared first on Република.

Поништено решението на Пецаков за прекин на градбата на хотелот во Лагадин за кој Заев вети легализација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ponishteno-reshenieto-na-petsakov-za-prekin-na-gradbata-na-hotelot-vo-lagadin-za-koj-zaev-veti-legalizatsija/ Mon, 06 Mar 2023 17:44:08 +0000 https://republika.mk/?p=616590

Министерството за транспорт и врски го поништи решението на градоначалникот Кирил Пецаков со кое беше стопирана градбата на хотелот во Лагадин .

Второстепената комисија при Министерството за транспорт и врски која одлучува по жалби, во врска со жалбата доставена од инвеститорот на хотелот во Лагадин, одлучила мериторно, односно го поништила решението со кое градоначалникот Кирил Пецаков го огласи за ништовно одобрението за градба на хотелот во Лагадин. Тоа значи дека Министерството за транспорт и врски ја трга единствената препрека за градба на спорниот хотел во Лагадин.

Ваква одлука претставува своевиден преседан, дотолку повеќе што во пракса секогаш второстепената комисија носела решенија за повторно одлучување од страна на првостепениот орган. Во овој случај не само што такво решение нема, туку Министерството за транспорт и врски донесеното решение на 01.03.2023 година го прави правосилно. Со ваквата одлука на Министерството за транспорт и врски на инвеститорот му се отвора врата за непречено продолжување со градба на спорниот хотел. Од кои причини и од кои побуди Министерството за транспорт и врски носи ваква мериторна одлука и ја прогласува за правосилна, без претходно да го врати предметот на повторно одлучување останува нејасно. После ваквата одлука во јавноста провејуваат информации дека тоа се должи на јавното ветување кое поранешниот премер Зоран Заев на партиска трибина во Охрид директно пред јавноста му вети на инвеститорот дека самиот ќе се заложи за да му се обезбедат услови за продолжување со градење.

Заев најави дека хотелот ќе се легализира.

https://www.youtube.com/watch?v=XGVsFYZwM0s

На истиот настан откако јавноста остана шокирана од оваа најава тогашниот премиер направи селфи со младината , а за тоа се качи на маса.

https://www.youtube.com/watch?v=lr7ko8RNGKA

извор: Охрид 1.мк

The post Поништено решението на Пецаков за прекин на градбата на хотелот во Лагадин за кој Заев вети легализација appeared first on Република.

]]>

Министерството за транспорт и врски го поништи решението на градоначалникот Кирил Пецаков со кое беше стопирана градбата на хотелот во Лагадин . Второстепената комисија при Министерството за транспорт и врски која одлучува по жалби, во врска со жалбата доставена од инвеститорот на хотелот во Лагадин, одлучила мериторно, односно го поништила решението со кое градоначалникот Кирил Пецаков го огласи за ништовно одобрението за градба на хотелот во Лагадин. Тоа значи дека Министерството за транспорт и врски ја трга единствената препрека за градба на спорниот хотел во Лагадин. Ваква одлука претставува своевиден преседан, дотолку повеќе што во пракса секогаш второстепената комисија носела решенија за повторно одлучување од страна на првостепениот орган. Во овој случај не само што такво решение нема, туку Министерството за транспорт и врски донесеното решение на 01.03.2023 година го прави правосилно. Со ваквата одлука на Министерството за транспорт и врски на инвеститорот му се отвора врата за непречено продолжување со градба на спорниот хотел. Од кои причини и од кои побуди Министерството за транспорт и врски носи ваква мериторна одлука и ја прогласува за правосилна, без претходно да го врати предметот на повторно одлучување останува нејасно. После ваквата одлука во јавноста провејуваат информации дека тоа се должи на јавното ветување кое поранешниот премер Зоран Заев на партиска трибина во Охрид директно пред јавноста му вети на инвеститорот дека самиот ќе се заложи за да му се обезбедат услови за продолжување со градење. Заев најави дека хотелот ќе се легализира. https://www.youtube.com/watch?v=XGVsFYZwM0s На истиот настан откако јавноста остана шокирана од оваа најава тогашниот премиер направи селфи со младината , а за тоа се качи на маса. https://www.youtube.com/watch?v=lr7ko8RNGKA извор: Охрид 1.мк

The post Поништено решението на Пецаков за прекин на градбата на хотелот во Лагадин за кој Заев вети легализација appeared first on Република.

]]>
Кој повеќе лаже, господарот или калфата? Заев вели сите бугарски здруженија тој ги отвора, а Ковачевски дека не го познава, вели ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/koj-povekje-laze-gospodarot-ili-kalfata-zaev-veli-site-bugarski-zdruzenija-toj-gi-otvora-a-kovachevski-deka-ne-go-poznava-veli-vmro-dpmne/ Sat, 08 Oct 2022 11:38:51 +0000 https://republika.mk/?p=558781

Кој повеќе лаже, господарот или калфата? Заев вели сите бугарски здруженија тој ги отвора, а Ковачевски дека не го познава тој што ги отвора, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Нивното соопштение и видеото кое го испратија, ги пренесуваме во целост:

Зоран Заев јавно како премиер, на бугарска телевизија, обраќајќи се пред се на бугарската, но и на македонската јавност рече:

„Секогаш кога се отвораат бугарски здруженија, јас сум таму, јас ги отворам, имам роднини имам луѓе таму, кои што се секој ден околу мене“.

Ова го напишавме на македонски јазик, а оригинално Заев се обидува да зборува бугарски, додека ја понижува нацијата.

Кога СДС лаже? Кога Ковачевски вели дека СДС е втемелена на народноослободителната борба на државата, или Заев кога вели дека немало фашисти, туку бугарски администратори?

Заев, како премиер и СДС како партија се главни виновници за сите бугарски негации и асимилаторска политика. Дури и најголемите бугарски шовинисти беа радосни што дочекале во својот живот некој македонски политичар да има позиции како Заев.

СДС не се тргна од матрицата на Заев.

Дезертерот Ковачевски и СДС не спречија отворање на бугарските клубови со фашистички имиња Ванчо Михајлов и Цар Борис.

https://www.youtube.com/watch?v=HGIE_MnhLFM&t=1s

The post Кој повеќе лаже, господарот или калфата? Заев вели сите бугарски здруженија тој ги отвора, а Ковачевски дека не го познава, вели ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Кој повеќе лаже, господарот или калфата? Заев вели сите бугарски здруженија тој ги отвора, а Ковачевски дека не го познава тој што ги отвора, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Нивното соопштение и видеото кое го испратија, ги пренесуваме во целост: Зоран Заев јавно како премиер, на бугарска телевизија, обраќајќи се пред се на бугарската, но и на македонската јавност рече: „Секогаш кога се отвораат бугарски здруженија, јас сум таму, јас ги отворам, имам роднини имам луѓе таму, кои што се секој ден околу мене“. Ова го напишавме на македонски јазик, а оригинално Заев се обидува да зборува бугарски, додека ја понижува нацијата. Кога СДС лаже? Кога Ковачевски вели дека СДС е втемелена на народноослободителната борба на државата, или Заев кога вели дека немало фашисти, туку бугарски администратори? Заев, како премиер и СДС како партија се главни виновници за сите бугарски негации и асимилаторска политика. Дури и најголемите бугарски шовинисти беа радосни што дочекале во својот живот некој македонски политичар да има позиции како Заев. СДС не се тргна од матрицата на Заев. Дезертерот Ковачевски и СДС не спречија отворање на бугарските клубови со фашистички имиња Ванчо Михајлов и Цар Борис. https://www.youtube.com/watch?v=HGIE_MnhLFM&t=1s

The post Кој повеќе лаже, господарот или калфата? Заев вели сите бугарски здруженија тој ги отвора, а Ковачевски дека не го познава, вели ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
Стојменов: Заев стои зад блокадата на градилиштето „Беко“, притисокот беше да го продадам евтино https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stojmenov-zaev-stoi-zad-blokadata-na-gradilishteto-beko-pritisokot-beshe-da-go-prodadam-evtino/ Thu, 05 May 2022 21:26:42 +0000 https://republika.mk/?p=498334

Не градоначалникот на Центар, туку поранешниот премиер Зоран Заев стои зад блокадите за градилиштето кај поранешната стоковна куќа „Беко“ во центарот на Скопје, вели за „А1он“ бизнисменот и поранешен министер за финансии Борислав Стојменов, инвеститор на објектот кој Општина Центар го води како дивоградба.

Причините поради кои се направил случај од градењето кај „Беко“ тој вели дека се политички. Се сомнева дека целиот притисок за поништување на одобрението за доградба и надградба од
2016 година по кое гради бил за да се откаже од градење и да го продаде хотелот трипати поевтино од пазарната цена.

https://www.youtube.com/watch?v=X01rv1XkV_0

Стојменов вели дека наспроти тврдењата на Општина Центар, тој почнал да гради истата 2016 година, кога му го издале одобрението и немал никакви проблеми сè до моментот кога решиле да го урнат стариот објект на ТЦЦ „Плаза“ и на негово место да изградат сосема нов. Се одлучиле за уривање оти потпокривот што го направиле со метална конструкција по препорака на статичарите почнал да пропушта вода и да тече на сите страни. Ја комплетирале документација за уривањето, што ги чинело околу 70 илјади евра и добиле решение за уривање од Општината.

Кога почнавме да го уриваме објектот почнаа нивните интервенции, се почести и почести. Не е од градоначалникот, туку од господинот Заев. Почнавме да рушиме поминал некој камион и Заев се јави во февруари, зимно време. Ми напиша порака ‘Борис, луѓето се бунат, населението, имало движење таму, сте го загадувале воздухот, сега сите ние се буниме против тоа’ и вели ‘престани со какви било активности. Ќе си извадиш дозвола и некаде на почетокот на летото ќе почнеш да градиш’. Имам таква, кај мене е, имам. Заев ми прати порака. Одев кај него, кај Заев, ме примаше. Не случајно го кажувам Заев, отидов кај него веднаш, не смееше да не ме прими. – Премиере, дали пред да почнам да градам и кога дојде на власт ме викна? Вели, те викнав. Што ми кажа? – Борис терај напред, многу ми се допаѓа објектот, терај. Што ти кажав јас? Премиере, благодарам, ама јас сакам да градам и не сакам утре да имам проблеми, испитај. Јас сум зад тебе, вели. Велам извини, зборови како зад тебе сум не сакам. Ќе си ги консултираш твоите експерти, кои ги имаш, имаш и министер за транспорт и врски, да не има некои пречки па јас да имам потоа проблеми. А втора работа, од каде тоа јас го загадувам воздухот? Ти го забрануваш градежништвото? Тогаш, велам, само автобусите беа ретки, друго ништо поради загадувањето, така почнаа, раскажува Стојменов.

Тој се сомнева дека блокадата на градилиштето е реваншизам за објави на „Канал 5“, телевизија во сопственост на неговото семејство.

Заев, човекот си кажа, дојде кај мене, во новиот хотел горе. Кога Заев ги читаше прислушуваните разговори, ‘Канал 5’ ги емитуваше ли? Колку пати на ‘Канал 5’ Заев кажа дека кога ќе дојде на власт живи луѓе ќе јаде. Ништо, беа контра Заев. Заев се навреди, дојде кај мене. Фала ти, ја почитувам фамилијата ама да му простам на Емил, никогаш. Ова почнува од Заев. Ви кажав, граѓаните се бунат за зимно време. Има ли луѓе во животот, карактерно, кои ќе се налутат па ќе простат? Нели? А има ли луѓе во животот кои тешко на тебе ако ги навредиш. Ќе ти врати десет пати. Има такви? Па тој ми кажа дека се почувствувал навреден. Од телевизијата, не од мене. Јас не сум го навредил Заев ама од телевизијата… телевизијата го мава, мава и тој доаѓа на власт и што ќе ти прави?, вели Стојменов.

Пред да почне со уривање на хотелот во 2018, Стојменов вели дека имал понуди да го продаде за 10 милиони евра, а притисокот што му се вршел бил за да се намали таа вредност.

Притисокот беше тоа, да го продадам евтино и да го земат за три милиона, три и пол милиона, вели Стојменов.

Откако вчера Обвинителството поднесе обвинение за бесправно градење против него, Стојменов вели дека јавно ќе ги покаже документите што ги има кои според него ќе отворат афера слична на „Рекет“.

Решение на проблемот ќе се изедначи со аферата ‘Рекет’. Плус димензија на овие ВМРО што ги судат. Заев ќе мора да дојде тука. Српче сигурно ќе си дојде. Ќе мора министерот за транспорт и врски. Веќе има кривични дела, вели Стојменов.

Поранешниот премиер Зоран Заев ги демантира обвинувањата од Стојменов.

Ваквите обвинувања се далеку од здравиот памет. Целосно ги демантирам лагите на Стојменов доколку така се кажани, и ако се повторат такви лаги ќе покренам тужба, изјави Заев за „А1он“

The post Стојменов: Заев стои зад блокадата на градилиштето „Беко“, притисокот беше да го продадам евтино appeared first on Република.

]]>

Не градоначалникот на Центар, туку поранешниот премиер Зоран Заев стои зад блокадите за градилиштето кај поранешната стоковна куќа „Беко“ во центарот на Скопје, вели за „А1он“ бизнисменот и поранешен министер за финансии Борислав Стојменов, инвеститор на објектот кој Општина Центар го води како дивоградба. Причините поради кои се направил случај од градењето кај „Беко“ тој вели дека се политички. Се сомнева дека целиот притисок за поништување на одобрението за доградба и надградба од 2016 година по кое гради бил за да се откаже од градење и да го продаде хотелот трипати поевтино од пазарната цена. https://www.youtube.com/watch?v=X01rv1XkV_0 Стојменов вели дека наспроти тврдењата на Општина Центар, тој почнал да гради истата 2016 година, кога му го издале одобрението и немал никакви проблеми сè до моментот кога решиле да го урнат стариот објект на ТЦЦ „Плаза“ и на негово место да изградат сосема нов. Се одлучиле за уривање оти потпокривот што го направиле со метална конструкција по препорака на статичарите почнал да пропушта вода и да тече на сите страни. Ја комплетирале документација за уривањето, што ги чинело околу 70 илјади евра и добиле решение за уривање од Општината.
Кога почнавме да го уриваме објектот почнаа нивните интервенции, се почести и почести. Не е од градоначалникот, туку од господинот Заев. Почнавме да рушиме поминал некој камион и Заев се јави во февруари, зимно време. Ми напиша порака ‘Борис, луѓето се бунат, населението, имало движење таму, сте го загадувале воздухот, сега сите ние се буниме против тоа’ и вели ‘престани со какви било активности. Ќе си извадиш дозвола и некаде на почетокот на летото ќе почнеш да градиш’. Имам таква, кај мене е, имам. Заев ми прати порака. Одев кај него, кај Заев, ме примаше. Не случајно го кажувам Заев, отидов кај него веднаш, не смееше да не ме прими. – Премиере, дали пред да почнам да градам и кога дојде на власт ме викна? Вели, те викнав. Што ми кажа? – Борис терај напред, многу ми се допаѓа објектот, терај. Што ти кажав јас? Премиере, благодарам, ама јас сакам да градам и не сакам утре да имам проблеми, испитај. Јас сум зад тебе, вели. Велам извини, зборови како зад тебе сум не сакам. Ќе си ги консултираш твоите експерти, кои ги имаш, имаш и министер за транспорт и врски, да не има некои пречки па јас да имам потоа проблеми. А втора работа, од каде тоа јас го загадувам воздухот? Ти го забрануваш градежништвото? Тогаш, велам, само автобусите беа ретки, друго ништо поради загадувањето, така почнаа, раскажува Стојменов.
Тој се сомнева дека блокадата на градилиштето е реваншизам за објави на „Канал 5“, телевизија во сопственост на неговото семејство.
Заев, човекот си кажа, дојде кај мене, во новиот хотел горе. Кога Заев ги читаше прислушуваните разговори, ‘Канал 5’ ги емитуваше ли? Колку пати на ‘Канал 5’ Заев кажа дека кога ќе дојде на власт живи луѓе ќе јаде. Ништо, беа контра Заев. Заев се навреди, дојде кај мене. Фала ти, ја почитувам фамилијата ама да му простам на Емил, никогаш. Ова почнува од Заев. Ви кажав, граѓаните се бунат за зимно време. Има ли луѓе во животот, карактерно, кои ќе се налутат па ќе простат? Нели? А има ли луѓе во животот кои тешко на тебе ако ги навредиш. Ќе ти врати десет пати. Има такви? Па тој ми кажа дека се почувствувал навреден. Од телевизијата, не од мене. Јас не сум го навредил Заев ама од телевизијата… телевизијата го мава, мава и тој доаѓа на власт и што ќе ти прави?, вели Стојменов.
Пред да почне со уривање на хотелот во 2018, Стојменов вели дека имал понуди да го продаде за 10 милиони евра, а притисокот што му се вршел бил за да се намали таа вредност.
Притисокот беше тоа, да го продадам евтино и да го земат за три милиона, три и пол милиона, вели Стојменов.
Откако вчера Обвинителството поднесе обвинение за бесправно градење против него, Стојменов вели дека јавно ќе ги покаже документите што ги има кои според него ќе отворат афера слична на „Рекет“.
Решение на проблемот ќе се изедначи со аферата ‘Рекет’. Плус димензија на овие ВМРО што ги судат. Заев ќе мора да дојде тука. Српче сигурно ќе си дојде. Ќе мора министерот за транспорт и врски. Веќе има кривични дела, вели Стојменов.
Поранешниот премиер Зоран Заев ги демантира обвинувањата од Стојменов.
Ваквите обвинувања се далеку од здравиот памет. Целосно ги демантирам лагите на Стојменов доколку така се кажани, и ако се повторат такви лаги ќе покренам тужба, изјави Заев за „А1он“

The post Стојменов: Заев стои зад блокадата на градилиштето „Беко“, притисокот беше да го продадам евтино appeared first on Република.

]]>
Заев претходно и сега Ковачевски и СДСМ се спремни да поднесат секакво понижување од Бугарија само за да останат на власт, смета Николоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zaev-prethodno-i-sega-kovachevski-i-sdsm-se-spremni-da-podnesat-sekakvo-ponizuvanje-od-bugarija-samo-za-da-ostanat-na-vlast-smeta-nikoloski/ Tue, 19 Apr 2022 17:49:25 +0000 https://republika.mk/?p=490768

Заев претходно и сега Ковачевски и СДСМ се спремни да поднесат секакво понижување од Бугарија само за да останат на власт и да добијат датум за почеток на преговори со ЕУ затоа што се надеваат дека на тој начин народот ќе заборави на корупцијата и лошото владеење на економија, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во „Тема на денот“ во дневникот на Сител телевизија во врска со отворањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михалов“ во Битола.
Николоски истакна дека јавноста е неподелена, се работи за една личност која што на ниеден начин не може да спојува туку личност која што провоцира и може да прави поделби помеѓу Македонија и Бугарија и затоа неспорни се реакциите на јавноста.

Не е случајно избрано тоа име, се работи за име кое што треба да направи провокација, да ги повреди чувствата на Македонците и да создаде тензии. Мене ми е жал што премиерот Петков кој се декларира како модерен политичар, успеа да тргне по умот на маргиналци во Македонија и кои успеаја да го земат во Битола и да го навредува целокупниот македонски народ, рече Николоски.

Тој нагласи дека Бугарите имаат право да се здружуваат и организираат, за разлика од Бугарија која не им дава права Македонците, но можеа да изберат посоодветно име, ако беше навистина културен клуб можеа да го изберат името на поетот Пеју Јаворов, кој бил во четите на Гоце и Јане и биограф на Гоце Делчев, а понатака пријател на Тодор Александров, а една од неговите песни „Ден денувам“ е посветена на Гоце Делчев.

Но, кога ставате име како Ванчо Михајлов, кој јасно ги раздвојува двата народи тоа е ништо освен провокација и понижување кое се случи на јавна сцена и кое за жал ниту премиерот Ковачевски ниту владата соодветно реагираа. Мене ми е јасно дека и Заев претходно и сега Ковачевски и СДСМ се спремни да поднесат секакво понижување само за да добијат датум за почеток на преговори со ЕУ затоа што се надеваат дека на тој начин народот ќе заборави и ќе им прости за целиот криминал и за целото лошо водење на економијата и за сиромаштијата. Но датумот не доаѓа пред се заради корупцијата, потенцира Николоски.

Тој истакна дека нема сериозен притисок врз Бугарија затоа што поголемиот дел развиени земји не се убедени дека заслужуваме датум и затоа Бугарија го прави ова што го прави, а од друга страна Заев претходно и Ковачевски ја виткаат кичмата.

Клучно прашање е кога доаѓа премиер и потпретседател на држава тие официјално се најавуваат, а кога се најавуваат тие ја кажуваат целта на посетата затоа што ги следи државен протокол и обезбедување. Јас не би му дозволил да влезе кога би видел за каква цел влегува. СДСМ и ДУИ дозволија обезбедува и пари да бидат потрошени за провоцирање на македонскиот народ, нагласи Николоски.

Николоски ја повика власта да се донесе Декларација во која ќе се осуди поддршката на профашистички поддржувачи од страна на Петков.

The post Заев претходно и сега Ковачевски и СДСМ се спремни да поднесат секакво понижување од Бугарија само за да останат на власт, смета Николоски appeared first on Република.

]]>

Заев претходно и сега Ковачевски и СДСМ се спремни да поднесат секакво понижување од Бугарија само за да останат на власт и да добијат датум за почеток на преговори со ЕУ затоа што се надеваат дека на тој начин народот ќе заборави на корупцијата и лошото владеење на економија, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во „Тема на денот“ во дневникот на Сител телевизија во врска со отворањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михалов“ во Битола. Николоски истакна дека јавноста е неподелена, се работи за една личност која што на ниеден начин не може да спојува туку личност која што провоцира и може да прави поделби помеѓу Македонија и Бугарија и затоа неспорни се реакциите на јавноста.
Не е случајно избрано тоа име, се работи за име кое што треба да направи провокација, да ги повреди чувствата на Македонците и да создаде тензии. Мене ми е жал што премиерот Петков кој се декларира како модерен политичар, успеа да тргне по умот на маргиналци во Македонија и кои успеаја да го земат во Битола и да го навредува целокупниот македонски народ, рече Николоски.
Тој нагласи дека Бугарите имаат право да се здружуваат и организираат, за разлика од Бугарија која не им дава права Македонците, но можеа да изберат посоодветно име, ако беше навистина културен клуб можеа да го изберат името на поетот Пеју Јаворов, кој бил во четите на Гоце и Јане и биограф на Гоце Делчев, а понатака пријател на Тодор Александров, а една од неговите песни „Ден денувам“ е посветена на Гоце Делчев.
Но, кога ставате име како Ванчо Михајлов, кој јасно ги раздвојува двата народи тоа е ништо освен провокација и понижување кое се случи на јавна сцена и кое за жал ниту премиерот Ковачевски ниту владата соодветно реагираа. Мене ми е јасно дека и Заев претходно и сега Ковачевски и СДСМ се спремни да поднесат секакво понижување само за да добијат датум за почеток на преговори со ЕУ затоа што се надеваат дека на тој начин народот ќе заборави и ќе им прости за целиот криминал и за целото лошо водење на економијата и за сиромаштијата. Но датумот не доаѓа пред се заради корупцијата, потенцира Николоски.
Тој истакна дека нема сериозен притисок врз Бугарија затоа што поголемиот дел развиени земји не се убедени дека заслужуваме датум и затоа Бугарија го прави ова што го прави, а од друга страна Заев претходно и Ковачевски ја виткаат кичмата.
Клучно прашање е кога доаѓа премиер и потпретседател на држава тие официјално се најавуваат, а кога се најавуваат тие ја кажуваат целта на посетата затоа што ги следи државен протокол и обезбедување. Јас не би му дозволил да влезе кога би видел за каква цел влегува. СДСМ и ДУИ дозволија обезбедува и пари да бидат потрошени за провоцирање на македонскиот народ, нагласи Николоски.
Николоски ја повика власта да се донесе Декларација во која ќе се осуди поддршката на профашистички поддржувачи од страна на Петков.

The post Заев претходно и сега Ковачевски и СДСМ се спремни да поднесат секакво понижување од Бугарија само за да останат на власт, смета Николоски appeared first on Република.

]]>
Дали и колку од парите на Зеќири завршиле во џебот на кумашинот Заев и шефот Ковачевски? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dali-i-kolku-od-parite-na-zekjiri-zavrshile-vo-dzebot-na-kumashinot-zaev-i-shefot-kovachevski/ Fri, 08 Apr 2022 16:15:36 +0000 https://republika.mk/?p=485461

Додека вработените во македонски пошти протестираат за нередовни примања, додека поштата бележи загуби, Мухамед Зеќири и неколкумина се осомничени дека правеле фиктивни филизибилити студии за рационализација и продажба на Пошти и за тоа наплатиле близу еден милион евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ваков криминал не можел да се случи без знаење на Заев кој е кумашин на Зеќири и шефот и претпоставен на Зеќири, Димитар Ковачевски.

Оттука се поставува прашањето: Дали и колку од парите на Зеќири завршиле во џебот на кумашинот Заев и шефот Ковачевски?

До кога ќе се лаже јавноста дека Заев и Ковачевски се чесните, а нивните први соработници најкриминалните, и дали мислат дека некој во тоа ќе поверува, стои во соопштението.

The post Дали и колку од парите на Зеќири завршиле во џебот на кумашинот Заев и шефот Ковачевски? appeared first on Република.

]]>

Додека вработените во македонски пошти протестираат за нередовни примања, додека поштата бележи загуби, Мухамед Зеќири и неколкумина се осомничени дека правеле фиктивни филизибилити студии за рационализација и продажба на Пошти и за тоа наплатиле близу еден милион евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ваков криминал не можел да се случи без знаење на Заев кој е кумашин на Зеќири и шефот и претпоставен на Зеќири, Димитар Ковачевски. Оттука се поставува прашањето: Дали и колку од парите на Зеќири завршиле во џебот на кумашинот Заев и шефот Ковачевски? До кога ќе се лаже јавноста дека Заев и Ковачевски се чесните, а нивните први соработници најкриминалните, и дали мислат дека некој во тоа ќе поверува, стои во соопштението.

The post Дали и колку од парите на Зеќири завршиле во џебот на кумашинот Заев и шефот Ковачевски? appeared first on Република.

]]>
Почна судењето на прилепчанецот кој го навредил Зоран Заев на 11 Октомври во криптата на Могилата на непобедените https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pochna-sudenjeto-na-prilepchanecot-koj-go-navredil-zoran-zaev-na-11-oktomvri-vo-kriptata-na-mogilata-na-nepobedenite/ Tue, 15 Mar 2022 13:56:42 +0000 https://republika.mk/?p=473236

Во прилепскиот Основен суд во вторникот почна судењето на прилепчанец кој е обвинет за нарушување на јавен ред и мир. Станува збор за случајот од празникот 11 Октомври лани, кога при прославата на 80-годишнината од почетокот на Народното востание, прилепски активист во криптата на Могилата на непобедените вербално, со зборови, навредливи според обвинението, се обрати до тогашниот премиер Зоран Заев. Обвинението е поднесено од прилепската полиција.

Судијката, кој ја води прекршочната постапка Јованка Јованоска, изјави дека процесот денеска почна и не може да коментира за текот на постапката.

Започна судската постапка за прекршок по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир за случај од 11 октомври 2021 година. Подносител е СВР-Битола, ОВР Прилеп. За овој вид прекршок е предвидена парична глоба, рече Јованоска.

Обвинетиот, прилепчанецот Иван Јованоски, како што изјави пред прилепскиот основен суд, не се кае за изречените зборови, ниту дека е виновен за обвинението. Вели дека има повикано сведоци, а меѓу другите е повикан да сведочи поранешниот премиер, Зоран Заев.

Денеска беше првото рочиште. Јас сум обвинет од полициски службеник за нарушување на јавен ред и мир и за омаловажување на „некојси“ премиер и за „некоја“ фиктивна Република која практично не постои, неуставна, „некоја си“ Македонија. Ова е за случката на Могилата на непобедените што се случи на 11 октомври 2021 година. За мене е спорно што моите зборови во изјавата се малку испревртени, и не се тие што ги кажав. Цитирам како службеникот од МВР ги има напишано: „Немаш лице да се појавиш овде, му се п….а на сите што се починати, треба да си славите уште еден празник, таму во Бугарија, не овде, ова не е веќе територија. Јас не реков „ова не е веќе територија“, туку реков „ова не е ваша територија“. Не се чувствувам виновен, стојам зад овие зборови. Истото ова лице, Зоран Заев, ги прави пријатели нашите тогашни непријатели, бугарските фашисти. Јас не се каам и стојам зад реченото. Значи, полициски службеник констатира прекршок. На наредното рочиште, од моја страна, е повикан Зоран Заев дали се чувствува омаловажен. Повикани се и полицискиот службеник и мои сведоци дека овие наведени зборови не се токму така кажани. Постојат видео-снимки. Мене не ми е јасно во кој дел има омаловажување. Го искористив прилепскиот жаргон“, изјави Јованоски.

Судскиот процес продолжува на 15 мај.

Инаку, Иван Јованоски е локален модератор на партијата „Левица“ во Прилеп и е член на советот на општина Прилеп

The post Почна судењето на прилепчанецот кој го навредил Зоран Заев на 11 Октомври во криптата на Могилата на непобедените appeared first on Република.

]]>

Во прилепскиот Основен суд во вторникот почна судењето на прилепчанец кој е обвинет за нарушување на јавен ред и мир. Станува збор за случајот од празникот 11 Октомври лани, кога при прославата на 80-годишнината од почетокот на Народното востание, прилепски активист во криптата на Могилата на непобедените вербално, со зборови, навредливи според обвинението, се обрати до тогашниот премиер Зоран Заев. Обвинението е поднесено од прилепската полиција. Судијката, кој ја води прекршочната постапка Јованка Јованоска, изјави дека процесот денеска почна и не може да коментира за текот на постапката.
Започна судската постапка за прекршок по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир за случај од 11 октомври 2021 година. Подносител е СВР-Битола, ОВР Прилеп. За овој вид прекршок е предвидена парична глоба, рече Јованоска.
Обвинетиот, прилепчанецот Иван Јованоски, како што изјави пред прилепскиот основен суд, не се кае за изречените зборови, ниту дека е виновен за обвинението. Вели дека има повикано сведоци, а меѓу другите е повикан да сведочи поранешниот премиер, Зоран Заев.
Денеска беше првото рочиште. Јас сум обвинет од полициски службеник за нарушување на јавен ред и мир и за омаловажување на „некојси“ премиер и за „некоја“ фиктивна Република која практично не постои, неуставна, „некоја си“ Македонија. Ова е за случката на Могилата на непобедените што се случи на 11 октомври 2021 година. За мене е спорно што моите зборови во изјавата се малку испревртени, и не се тие што ги кажав. Цитирам како службеникот од МВР ги има напишано: „Немаш лице да се појавиш овде, му се п….а на сите што се починати, треба да си славите уште еден празник, таму во Бугарија, не овде, ова не е веќе територија. Јас не реков „ова не е веќе територија“, туку реков „ова не е ваша територија“. Не се чувствувам виновен, стојам зад овие зборови. Истото ова лице, Зоран Заев, ги прави пријатели нашите тогашни непријатели, бугарските фашисти. Јас не се каам и стојам зад реченото. Значи, полициски службеник констатира прекршок. На наредното рочиште, од моја страна, е повикан Зоран Заев дали се чувствува омаловажен. Повикани се и полицискиот службеник и мои сведоци дека овие наведени зборови не се токму така кажани. Постојат видео-снимки. Мене не ми е јасно во кој дел има омаловажување. Го искористив прилепскиот жаргон“, изјави Јованоски.
Судскиот процес продолжува на 15 мај. Инаку, Иван Јованоски е локален модератор на партијата „Левица“ во Прилеп и е член на советот на општина Прилеп

The post Почна судењето на прилепчанецот кој го навредил Зоран Заев на 11 Октомври во криптата на Могилата на непобедените appeared first on Република.

]]>
Заев и Филипче на Форумот за дипломатија во Анталија: Разговаравме за европската иднина на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zaev-i-filipche-na-forumot-za-diplomatija-vo-antalija-razgovaravme-za-evropskata-idnina-na-makedonija/ Sun, 13 Mar 2022 12:12:34 +0000 https://republika.mk/?p=472074

Итен прекин на војната во Украина, враќање на мирот и воспоставување дијалог наместо агресија – ова е главната порака од Форумот за дипломатија во Анталија каде деновиве заедно со Венко Филипче учествувам на покана на Претседателот на Турција, Ердоган и на МНР на Турција, Чавушоглу, напиша Заев на својот фејсбук профил.

Го искористив учеството на форумот за придонес кон одржувањето на пријателството и унапредување на соработката со највисоки претставници на земјите од регионот и земјите членки на ЕУ со кои разговаравме за европската иднина на Македонија, за безбедноста на нашата држава која ја обезбедивме преку нашето рамноправно членство во НАТО, за поддршката на регионалните соработки како што е иницијативата Отворен Балкан и за билатералните пријателски соработки на Македонија со своите соседи.

Особено ме радува што имав прилика да ги сретнам моите пријатели, поранешни и сегашни премиери, претседатели и други високи претставници од Словенија, Австрија, Црна Гора, Албанија, Шпанија, Бугарија, Романија, Катар и други.

Пренесувам дома пораки на поддршка од нашите пријатели од Европа и пошироко, кон сите македонски граѓани, кон Претседателот на државата Пендаровски, кон претседателот на Собранието Џафери, кон пратениците од Парламентот и кон нашиот премиер Ковачевски.

The post Заев и Филипче на Форумот за дипломатија во Анталија: Разговаравме за европската иднина на Македонија appeared first on Република.

Сиљановска Давкова: СДСМ и Заев беа тие кои им ветија на помалите партии една изборна единица https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/siljanovska-davkova-sdsm-i-zaev-bea-tie-koi-im-vetija-na-pomalite-partii-edna-izborna-edinica/ Thu, 27 Jan 2022 21:39:27 +0000 https://republika.mk/?p=450479

Веднаш треба да почне расправа, не само за изборната регулатива, не само за изборниот систем бидејќи ние имаме препораки од Венецијанската комисија кои не сме ги спровеле и тоа треба да го обезбедиме, изјави професорката и пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска Давкова во емисијата „Вин вин“ на телевизија Телма при што во врска со прашањето за една изборна единица кое го бараат помалите партии и за кое ВМРО-ДПМНЕ, додека СДСМ бега, потсети на зборовите на екс премиерот Зоран Заев кој го вети тоа.

Таа вели дека Венецијанска комисија а ни ЕУ не се мешаат во изборниот модел, тој извира од амбиентот во една држава и целите кои ги поставила и потсети дека за една изборна единица СДСМ го даде како ветување при коалицирање со помалите партии.

Дали сака помал број на партии, поголем број на партии, од хетерогеноста. Кога имате проблем со демократија нема подобар изборен систем од мнозинскиот кој е непосреден однос помеѓу оној кој го бирате во личноста и партијата, но има пример во Британија во која партијата на власт имала помалку гласови од другите што не станале власт, тоа е едното. Второто е една изборна единица и таму пропорционалноста е соодветна. Но мора да знаеме дека само Србија и Холандија имаат една изборна единица, рече Сиљановска Давкова.

Таа нагласи дека сепак кога има пропорционален изборен систем има и праг.

Може да се разговара и за изборниот праг, но мораме да ги споредиме добрите и лошите страни што ќе се појават, изјави Сиљановска Давкова.

Во однос на предизборното коалицирање таа истакна дека треба да се направи биланс помеѓу репрезентативност и стабилност, а ние како држава важиме за фрагментирана партиска сцена.

The post Сиљановска Давкова: СДСМ и Заев беа тие кои им ветија на помалите партии една изборна единица appeared first on Република.

]]>

Веднаш треба да почне расправа, не само за изборната регулатива, не само за изборниот систем бидејќи ние имаме препораки од Венецијанската комисија кои не сме ги спровеле и тоа треба да го обезбедиме, изјави професорката и пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска Давкова во емисијата „Вин вин“ на телевизија Телма при што во врска со прашањето за една изборна единица кое го бараат помалите партии и за кое ВМРО-ДПМНЕ, додека СДСМ бега, потсети на зборовите на екс премиерот Зоран Заев кој го вети тоа. Таа вели дека Венецијанска комисија а ни ЕУ не се мешаат во изборниот модел, тој извира од амбиентот во една држава и целите кои ги поставила и потсети дека за една изборна единица СДСМ го даде како ветување при коалицирање со помалите партии.
Дали сака помал број на партии, поголем број на партии, од хетерогеноста. Кога имате проблем со демократија нема подобар изборен систем од мнозинскиот кој е непосреден однос помеѓу оној кој го бирате во личноста и партијата, но има пример во Британија во која партијата на власт имала помалку гласови од другите што не станале власт, тоа е едното. Второто е една изборна единица и таму пропорционалноста е соодветна. Но мора да знаеме дека само Србија и Холандија имаат една изборна единица, рече Сиљановска Давкова.
Таа нагласи дека сепак кога има пропорционален изборен систем има и праг.
Може да се разговара и за изборниот праг, но мораме да ги споредиме добрите и лошите страни што ќе се појават, изјави Сиљановска Давкова.
Во однос на предизборното коалицирање таа истакна дека треба да се направи биланс помеѓу репрезентативност и стабилност, а ние како држава важиме за фрагментирана партиска сцена.

The post Сиљановска Давкова: СДСМ и Заев беа тие кои им ветија на помалите партии една изборна единица appeared first on Република.

]]>
Ковачевски вети исто што ветуваше и Заев претходните години https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-veti-isto-shto-vetuvashe-i-zaev-prethodnite-godini/ Sat, 15 Jan 2022 13:51:44 +0000 https://republika.mk/?p=444979

Новиот мандатар Димитар Ковачевски пред пратениците презентираше исти ветувања како неговиот претходник Зоран Заев. Според него фокусот на новата влада ќе биде во создавање поголем и одржлив раст на економијата во следните две и пол години.

Клучна цел на економската политика на Владата ќе биде креирање поголем и одржлив раст на економијата и пораст на БДП со удвојување на стапките на економски раст на среден рок и тоа од 2,5%, на 5% просечен раст, рече во своети излагање тој. Ова ќе го постигнеме преку зголемувањето на домашните и странските инвестиции, инвестиции во јавни и приватни проекти, како и значајно зголемување на ефикасноста во реализацијата на капиталните инвестиции, посочи Ковачевски.

Со истите ветувања во претходните пет години настапуваше неговиот поранешен шеф, Зоран Заев, кој секоја година ветуваше дека, ќе биде година на економијата и зголемување на економскиот раст на над 5%.

The post Ковачевски вети исто што ветуваше и Заев претходните години appeared first on Република.

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски покажа дека планира да работи единствено како продолжена рака на Зоран Заев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-kovachevski-pokaza-deka-planira-da-raboti-edinstveno-kako-prodolzena-raka-na-zoran-zaev/ Fri, 14 Jan 2022 15:44:09 +0000 https://republika.mk/?p=444667

Владата на пиунот на Заев, Ковачевски е влада без легитимитет со стари кадри кои од граѓаните беа поразени на избори. Ковачевски покажа дека планира да работи единствено како продолжена рака на Зоран Заев, односно дека со владата на Ковачевски продолжува заевизмот. Во владата на Ковачевски продолжува Оливер Спасовски, најлошиот министер за внатрешни работи во историјата Македонија, министер со бројни криминални афери кој издаваше пасоши на светски криминалци кој е еден од најголемите заштитници на криминалот на Зоран Заев, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека Ковачевски го задржува и Маричиќ преку кого Заев го контролира правосудството и кој јавно прозиваше судии и обвинители само затоа што не му се допаѓаа одредени нивни одлуки.

Фатмир Битиќи, човекот на Заев и еден од одговорните за катастрофата во македонската економија, човек во чие време граѓаните едвај врзуваат крај со крај, додека цените нагло пораснаа, исто така остана како избор на Ковачевски. Пиунот Ковачевски го задржува и Благој Бочварски најнеспособниот министер за транспорт и врски кој нема ниту еден проект позади него, има најниска реализација на капитални инвестиции, но затоа на Заев му донесе бројни парцели и тендери. Во владата останува и Љупчо Николовски министерот за корупција на Заев, кој Македонија ја донесе на дното по корупција на Транспаренси Интернешнл, сега истиот се враќа на старата функција да доуништи македонско земјоделие. Министерска позиција си доби и Славјанка Петровска, десната рака на Оливер Спасовски во МВР, уште еден од заштитниците и спроведувачите на криминалите на Заев. Скандалозната пратеничка на Заев, Бисера Костадиновска Стојчевска која во скафандер гласаше криминални закони, сега добива треба да ги спроведува криминалите на Заев и пиунот Ковачевски во културата. Јована Тренчевска главниот поддржувач на штетните политики на јагода Шахпаска и Зоран Заев, сега треба да обезбеди континуитет на истите во труд и социјала, се појаснува во партиското соопштение.

Од таму додаваат дека Ковачевски како министер за правда го зеде Никола Тупанчевски, еден од главните поддржувачи на срамните и противуставни закони и политики на Зоран Заев.

Во ова влада нема ништо ново, ова е продолжение на заевизмот, што си призна и самиот Битиќи кој јавно кажа дека ова ќе биде „Заев 3 влада“. Пинуот Ковачевски нема легитимитет за формирање на влада, тој и неговите избраници се главни виновници за катастрофата и штетните политики во Македонија. На Македонија и требаат предвремени парламентарни избори за излез од кризата час поскоро, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски покажа дека планира да работи единствено како продолжена рака на Зоран Заев appeared first on Република.

]]>

Владата на пиунот на Заев, Ковачевски е влада без легитимитет со стари кадри кои од граѓаните беа поразени на избори. Ковачевски покажа дека планира да работи единствено како продолжена рака на Зоран Заев, односно дека со владата на Ковачевски продолжува заевизмот. Во владата на Ковачевски продолжува Оливер Спасовски, најлошиот министер за внатрешни работи во историјата Македонија, министер со бројни криминални афери кој издаваше пасоши на светски криминалци кој е еден од најголемите заштитници на криминалот на Зоран Заев, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата додаваат дека Ковачевски го задржува и Маричиќ преку кого Заев го контролира правосудството и кој јавно прозиваше судии и обвинители само затоа што не му се допаѓаа одредени нивни одлуки.
Фатмир Битиќи, човекот на Заев и еден од одговорните за катастрофата во македонската економија, човек во чие време граѓаните едвај врзуваат крај со крај, додека цените нагло пораснаа, исто така остана како избор на Ковачевски. Пиунот Ковачевски го задржува и Благој Бочварски најнеспособниот министер за транспорт и врски кој нема ниту еден проект позади него, има најниска реализација на капитални инвестиции, но затоа на Заев му донесе бројни парцели и тендери. Во владата останува и Љупчо Николовски министерот за корупција на Заев, кој Македонија ја донесе на дното по корупција на Транспаренси Интернешнл, сега истиот се враќа на старата функција да доуништи македонско земјоделие. Министерска позиција си доби и Славјанка Петровска, десната рака на Оливер Спасовски во МВР, уште еден од заштитниците и спроведувачите на криминалите на Заев. Скандалозната пратеничка на Заев, Бисера Костадиновска Стојчевска која во скафандер гласаше криминални закони, сега добива треба да ги спроведува криминалите на Заев и пиунот Ковачевски во културата. Јована Тренчевска главниот поддржувач на штетните политики на јагода Шахпаска и Зоран Заев, сега треба да обезбеди континуитет на истите во труд и социјала, се појаснува во партиското соопштение.
Од таму додаваат дека Ковачевски како министер за правда го зеде Никола Тупанчевски, еден од главните поддржувачи на срамните и противуставни закони и политики на Зоран Заев.
Во ова влада нема ништо ново, ова е продолжение на заевизмот, што си призна и самиот Битиќи кој јавно кажа дека ова ќе биде „Заев 3 влада“. Пинуот Ковачевски нема легитимитет за формирање на влада, тој и неговите избраници се главни виновници за катастрофата и штетните политики во Македонија. На Македонија и требаат предвремени парламентарни избори за излез од кризата час поскоро, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски покажа дека планира да работи единствено како продолжена рака на Зоран Заев appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Пиунот на Заев, Ковачевски безпоговорно ја прифатил владата која Заев му ја составил https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-piunot-na-zaev-kovachevski-bezpogovorno-ja-prifatil-vladata-koja-zaev-mu-ja-sostavil/ Wed, 12 Jan 2022 08:06:59 +0000 https://republika.mk/?p=443496

Владата на Ковачевски ја составувал Заев, а со неа ќе управува ДУИ, со поддршка на ЛДП, ДОМ и ДС, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Пиунот на Заев Ковачевски безпоговорно ја прифатил владата која Заев му ја составил, каде министер е Оливер Спасовски, заради кој сме на врвот на листите за криминал и корупција, Љупчо Николовски, чие најголемо достигнување беше заплена на една картонска кутија на путер со поминат рок, Славјанка Петровска, заменичка на Спасовски, Благој Бочварски за кој никој не знае кој ресор го води, и Фатмир Битиќи кој заедно со Ковачевски е меѓу највиновните за енергетската криза. Оваа влада е составена од сите луѓе на Заев, за заштита на криминалот на Заеви. Со оваа влада ќе управува ДУИ и мафијата, а за тоа за неколку директорски места ќе даваат поддршка ЛДП, ДОМ и ДС, истакнуваат од опозициската партија.

ЛДП, ДОМ и ДС, со секој поминат ден во владата на Ковачевски, му кумуваат на криминалот и мафијата, додаваат од таму.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Пиунот на Заев, Ковачевски безпоговорно ја прифатил владата која Заев му ја составил appeared first on Република.

]]>

Владата на Ковачевски ја составувал Заев, а со неа ќе управува ДУИ, со поддршка на ЛДП, ДОМ и ДС, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Пиунот на Заев Ковачевски безпоговорно ја прифатил владата која Заев му ја составил, каде министер е Оливер Спасовски, заради кој сме на врвот на листите за криминал и корупција, Љупчо Николовски, чие најголемо достигнување беше заплена на една картонска кутија на путер со поминат рок, Славјанка Петровска, заменичка на Спасовски, Благој Бочварски за кој никој не знае кој ресор го води, и Фатмир Битиќи кој заедно со Ковачевски е меѓу највиновните за енергетската криза. Оваа влада е составена од сите луѓе на Заев, за заштита на криминалот на Заеви. Со оваа влада ќе управува ДУИ и мафијата, а за тоа за неколку директорски места ќе даваат поддршка ЛДП, ДОМ и ДС, истакнуваат од опозициската партија. ЛДП, ДОМ и ДС, со секој поминат ден во владата на Ковачевски, му кумуваат на криминалот и мафијата, додаваат од таму.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Пиунот на Заев, Ковачевски безпоговорно ја прифатил владата која Заев му ја составил appeared first on Република.

]]>