заем Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zaem/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Nov 2024 07:47:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png заем Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zaem/ 32 32 Мицкоски: Членовите на македонската банкарска асоцијација изразија желба и подготвеност да учествуваат во заедмот од унгарската Влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-chlenovite-na-makedonskata-bankarska-asotsijatsija-izrazija-zhelba-i-podgotvenost-da-uchestvuvaat-vo-zaedmot-od-ungarskata-vlada/ Sun, 17 Nov 2024 14:58:03 +0000 https://republika.mk/?p=838863

Денеска во Министерството за финансии имавме состанок со Македонската банкарска асоцијација. Разговаравме околу средствата коишто се дел од заемот од Унгарската Влада.
Би го поделил состанокот во три дела. Првиот е оној дел којшто се однесуваше на делот на рочноста, времетраењето и слично. Вториот дел е желбата да се учествува во проектот и третиот дел е поврзан со каматната стапка, објави премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи.

Во делот на желбата дека сакаат да учествуваат како Македонска банкарска асоцијација, членките и членовите е несомнен и сите изразија желба и подготвеност да бидат дел од овој процес, од тоа што можев да го слушнам од нивните претставници, објави Мицкоски.

The post Мицкоски: Членовите на македонската банкарска асоцијација изразија желба и подготвеност да учествуваат во заедмот од унгарската Влада appeared first on Република.

]]>

Денеска во Министерството за финансии имавме состанок со Македонската банкарска асоцијација. Разговаравме околу средствата коишто се дел од заемот од Унгарската Влада. Би го поделил состанокот во три дела. Првиот е оној дел којшто се однесуваше на делот на рочноста, времетраењето и слично. Вториот дел е желбата да се учествува во проектот и третиот дел е поврзан со каматната стапка, објави премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи.
Во делот на желбата дека сакаат да учествуваат како Македонска банкарска асоцијација, членките и членовите е несомнен и сите изразија желба и подготвеност да бидат дел од овој процес, од тоа што можев да го слушнам од нивните претставници, објави Мицкоски.

The post Мицкоски: Членовите на македонската банкарска асоцијација изразија желба и подготвеност да учествуваат во заедмот од унгарската Влада appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Кредитот ќе се враќа со до 3 години грејс период и до 15 години рок на отплата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-kreditot-ke-se-vraka-so-do-3-godini-grejs-period-i-do-15-godini-rok-na-otplata/ Sun, 17 Nov 2024 13:13:32 +0000 https://republika.mk/?p=838825

Денеска во просториите на Министерството за финансии, имавме состанок со Македонската банкарска асоцијација, разговаравме околу средстава што се дел од заемот од унгарската Влада, изјави премиерот на Владата Христијан Мицкоски.

-Состанокот би го поделил во три дела и тоа:

Првиот дел е оној што се однесуваше на рочноста, времетраењето и слично. Вториот дел е желбата да се учествува во проеткот и третиот дел е поврзан со каматнаата ставка, потенцираше во изјавата.

-Ќе почнам од вториот дел дека сакаат да учествуваат како Македонската банкарска асоцијација, нејзините членки и членови е несомнен и сите изразија желба да учествуваат во овој процес од тоа што можев да го слушнам од нивните претставници.

Во делот на рочноста заземавме исти, заеднички ставови, дека во зависност од барањата на клиентите ќе ја котистиме формулацијата до три години грејс период и до 15 горини рок на отплата.

Бидејќи членките кажаа дека има поедини клиенти коишто можеби сакаат пократок рок и затоа велиме до три години и до 15 години отплата, додаде Мицкоски.

Во делот на каматата ќе се преговара и оваа недела, и очекувам до крајот на следната недела да се има некаков став поврзан со тоа прашање и на тој начин би го заокружиле сето ова и би отпочнеме да го аплицираме и да се пренесе на стопанството, изјави Мискоски.

The post Мицкоски: Кредитот ќе се враќа со до 3 години грејс период и до 15 години рок на отплата appeared first on Република.

]]>

Денеска во просториите на Министерството за финансии, имавме состанок со Македонската банкарска асоцијација, разговаравме околу средстава што се дел од заемот од унгарската Влада, изјави премиерот на Владата Христијан Мицкоски. -Состанокот би го поделил во три дела и тоа: Првиот дел е оној што се однесуваше на рочноста, времетраењето и слично. Вториот дел е желбата да се учествува во проеткот и третиот дел е поврзан со каматнаата ставка, потенцираше во изјавата. -Ќе почнам од вториот дел дека сакаат да учествуваат како Македонската банкарска асоцијација, нејзините членки и членови е несомнен и сите изразија желба да учествуваат во овој процес од тоа што можев да го слушнам од нивните претставници. Во делот на рочноста заземавме исти, заеднички ставови, дека во зависност од барањата на клиентите ќе ја котистиме формулацијата до три години грејс период и до 15 горини рок на отплата. Бидејќи членките кажаа дека има поедини клиенти коишто можеби сакаат пократок рок и затоа велиме до три години и до 15 години отплата, додаде Мицкоски. Во делот на каматата ќе се преговара и оваа недела, и очекувам до крајот на следната недела да се има некаков став поврзан со тоа прашање и на тој начин би го заокружиле сето ова и би отпочнеме да го аплицираме и да се пренесе на стопанството, изјави Мискоски.

The post Мицкоски: Кредитот ќе се враќа со до 3 години грејс период и до 15 години рок на отплата appeared first on Република.

]]>
Една банка прифатила да субвенционира дел од каматата за кредитите за фирмите од заемот од Унгарија, вели Димитриеска-Кочоска https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/edna-banka-prifatila-da-subventsionira-del-od-kamatata-za-kreditite-za-firmite-od-zaemot-od-ungarija-veli-dimitrieska-kochoska/ Mon, 11 Nov 2024 20:48:22 +0000 https://republika.mk/?p=836537

Mинистерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска информира дека една банка прифатила да субвенционира дел од каматата за кредитите за фирмите од заемот од Унгарија. Притоа таа не откри дали станува збор за една од трите најголеми банки во земјата.

Вечерва во интервју за 360 степени Димитриеска-Кочоска посочи дека на неколкуте состаноци досега банките генерално се изјасниле против ваквата идеја. Сепак, посочи, од една банка, на посебен состанок со премиерот Христијан Мицкоски, се согласиле со иницијативата на владата за покривање на дел од трошоците за кредитите наменети за бизнисот. Најави дека деталите ќе се договорат на следниот состанок со Mакедонската банкарска асоцијација што ќе се одржи во недела, а на кој ќе присуствува и премиерот.

На прашање зошто досега не успеале да се договорат со банките, таа одговори дека чекале да се префрлат парите.

-Чекавме да се префрлат парите, да легнат на сметки и да видиме како ќе ги префрлиме кон Развојната банка. Притоа, зборувавме дека каматната стапка е 3,25 проценти и таа ќе остане. Целта на владата е каматната стапка да биде таа по која сме го земале кредитот. Тука имавме дискусија, дали банките, на некој начин, ќе учествуваат во субвенционирање на каматната стапка, иако сакам да кажам дека досега од 2011 година па наваму, повлечени се повеќе од 650 милиони евра по различни кредитни линии, за кои каматната стапка ја субвенционирала државата, рече Димитриеска-Кочоска.

На прашањето дали сите пари може да одат преку една банка ако останатите не прифатат, министерката вели дека во тој случај не би имало ништо спорно, но преферираат поголема вклученост на банкарскиот сектор.

Во однос на еднократните провизии и другите услови на банките, Димитиреска-Кочоска посочи дека Владата сака сè да влезе во рамки на каматната стапка од 3,25 проценти.

Министерката кажа дека не знае колку од најавените сто милиони евра за општините ќе се реализираат до крајот на годинава.

Инаку, досега се склучени договори со општините во износ од околу 65-66 милиони евра. Министерката вели дека нема проценка колку од овие пари ќе им бидат префрлени на општините до крајот на годината. Таа образложи дека најпрвин треба да завршат со потпишување на договорите.

-Не можам да знам. Нека завршат со потпишување на договорите, па да видиме. Различно е ако зборуваме за инфраструктура во насока на тоа пат да се направи, многу побрзо е. Ние велевме дека станува збор за проекти што се комплетно готови и со кои, по склучување на договорот, веднаш може да се работи. Е сега вие ако зборувате за одреден пат, многу побрзо ќе оди реализацијата. Но, ако зборуваме за доградба на некое училиште, тогаш би било поинакиу. Е затоа однапред не можам да кажам ништо. Да ги видиме договорите, рече Димитриеска-Кочоска.

Таа потсети дека има многу голема разлика меѓу јавните набавки и планирањето на јавните набавки и буџетот.

- Има многу голема разлика меѓу јавните набавки и планирањето на јавните набавки и буџетот. И тука треба сите да се согласиме. Но, законот, така велат претходните министри за финансии, подразбира дека кога планираш одредена инвестиција или каков било договор, мора да ги имаш предвидено парите во буџетот. И сега јас се согласувам – смешно е, но они велат мора да ги имате планирано и ние сме ги планирале. Дали ќе се реализираат или не, ќе видиме до крајот на годината. И ова е една од темите што планирам да ја разговарам во периодот што следи, додаде министерката.

На прашање за што ќе се потрошат остатокот од средствата што до крајот на годината нема да им бидат префрлени на општините, Димитриеска-Кочоска потенцираше дека сигурно ќе има прераспределба во рамки на буџетот.

Како што информира министерката, во буџетот за 2025 година за оваа намена се предвидени 250 милиони евра. Таа подвлече дека министерот за финансии не може да префрла пари директно до општините, туку тоа мора да оди преку некое ресорно министерство.

-Министерот за финансии не може да префрла пари директно до општините. Мора да оди преку некое ресорно министерство. Ако во овој момент ги прашаме ресорните министри колку на следниот повик ќе учествуваат општините со одредени проекти кај вас? На пример, министерот за транспорт и министерот за образование. Не знаат. Кога не знаат, зошто јас да планирам, односно како од функции на државата да ги спуштам парите и каде да ги носам. Тоа е одговор на претходното прашање дека вие гледате 75 милиони, а ние велиме сто милиони се предвидени. Ние средства обезбедуваме, меѓутоа не можеме да ги спуштиме по министерства се додека не добиеме прецизна пресметка кое министерство и колкава потреба има, рече Димитриеска-Кочоска.

The post Една банка прифатила да субвенционира дел од каматата за кредитите за фирмите од заемот од Унгарија, вели Димитриеска-Кочоска appeared first on Република.

]]>

Mинистерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска информира дека една банка прифатила да субвенционира дел од каматата за кредитите за фирмите од заемот од Унгарија. Притоа таа не откри дали станува збор за една од трите најголеми банки во земјата. Вечерва во интервју за 360 степени Димитриеска-Кочоска посочи дека на неколкуте состаноци досега банките генерално се изјасниле против ваквата идеја. Сепак, посочи, од една банка, на посебен состанок со премиерот Христијан Мицкоски, се согласиле со иницијативата на владата за покривање на дел од трошоците за кредитите наменети за бизнисот. Најави дека деталите ќе се договорат на следниот состанок со Mакедонската банкарска асоцијација што ќе се одржи во недела, а на кој ќе присуствува и премиерот. На прашање зошто досега не успеале да се договорат со банките, таа одговори дека чекале да се префрлат парите. -Чекавме да се префрлат парите, да легнат на сметки и да видиме како ќе ги префрлиме кон Развојната банка. Притоа, зборувавме дека каматната стапка е 3,25 проценти и таа ќе остане. Целта на владата е каматната стапка да биде таа по која сме го земале кредитот. Тука имавме дискусија, дали банките, на некој начин, ќе учествуваат во субвенционирање на каматната стапка, иако сакам да кажам дека досега од 2011 година па наваму, повлечени се повеќе од 650 милиони евра по различни кредитни линии, за кои каматната стапка ја субвенционирала државата, рече Димитриеска-Кочоска. На прашањето дали сите пари може да одат преку една банка ако останатите не прифатат, министерката вели дека во тој случај не би имало ништо спорно, но преферираат поголема вклученост на банкарскиот сектор. Во однос на еднократните провизии и другите услови на банките, Димитиреска-Кочоска посочи дека Владата сака сè да влезе во рамки на каматната стапка од 3,25 проценти. Министерката кажа дека не знае колку од најавените сто милиони евра за општините ќе се реализираат до крајот на годинава. Инаку, досега се склучени договори со општините во износ од околу 65-66 милиони евра. Министерката вели дека нема проценка колку од овие пари ќе им бидат префрлени на општините до крајот на годината. Таа образложи дека најпрвин треба да завршат со потпишување на договорите. -Не можам да знам. Нека завршат со потпишување на договорите, па да видиме. Различно е ако зборуваме за инфраструктура во насока на тоа пат да се направи, многу побрзо е. Ние велевме дека станува збор за проекти што се комплетно готови и со кои, по склучување на договорот, веднаш може да се работи. Е сега вие ако зборувате за одреден пат, многу побрзо ќе оди реализацијата. Но, ако зборуваме за доградба на некое училиште, тогаш би било поинакиу. Е затоа однапред не можам да кажам ништо. Да ги видиме договорите, рече Димитриеска-Кочоска. Таа потсети дека има многу голема разлика меѓу јавните набавки и планирањето на јавните набавки и буџетот. - Има многу голема разлика меѓу јавните набавки и планирањето на јавните набавки и буџетот. И тука треба сите да се согласиме. Но, законот, така велат претходните министри за финансии, подразбира дека кога планираш одредена инвестиција или каков било договор, мора да ги имаш предвидено парите во буџетот. И сега јас се согласувам – смешно е, но они велат мора да ги имате планирано и ние сме ги планирале. Дали ќе се реализираат или не, ќе видиме до крајот на годината. И ова е една од темите што планирам да ја разговарам во периодот што следи, додаде министерката. На прашање за што ќе се потрошат остатокот од средствата што до крајот на годината нема да им бидат префрлени на општините, Димитриеска-Кочоска потенцираше дека сигурно ќе има прераспределба во рамки на буџетот. Како што информира министерката, во буџетот за 2025 година за оваа намена се предвидени 250 милиони евра. Таа подвлече дека министерот за финансии не може да префрла пари директно до општините, туку тоа мора да оди преку некое ресорно министерство. -Министерот за финансии не може да префрла пари директно до општините. Мора да оди преку некое ресорно министерство. Ако во овој момент ги прашаме ресорните министри колку на следниот повик ќе учествуваат општините со одредени проекти кај вас? На пример, министерот за транспорт и министерот за образование. Не знаат. Кога не знаат, зошто јас да планирам, односно како од функции на државата да ги спуштам парите и каде да ги носам. Тоа е одговор на претходното прашање дека вие гледате 75 милиони, а ние велиме сто милиони се предвидени. Ние средства обезбедуваме, меѓутоа не можеме да ги спуштиме по министерства се додека не добиеме прецизна пресметка кое министерство и колкава потреба има, рече Димитриеска-Кочоска.

The post Една банка прифатила да субвенционира дел од каматата за кредитите за фирмите од заемот од Унгарија, вели Димитриеска-Кочоска appeared first on Република.

]]>
Димитриеска-Кочоска: Го официјализиравме првиот дел од Договорот за заем, почнавме разговори за вториот дел од 500 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-go-ofitsijaliziravme-prviot-del-od-dogovorot-za-zaem-pochnavme-razgovori-za-vtoriot-del-od-500-milioni-evra/ Wed, 09 Oct 2024 08:26:24 +0000 https://republika.mk/?p=824470

Со потпишување на Договорот со унгарската Експорт – импорт банка во Будимпешта се официјализираше првиот дел од Договорот за заем во износ од 500 милиони евра и воедно започнаа разговори за вториот дел од заемот исто така во износ од 500 милиони евра, кои се очекува да бидат одобрени до крајот на годината.

Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во својата изјава во Будмпешта, при што најави дека средствата согласно потпишаниот Договор ќе бидат на располагање следната недела.

По потпишувањето на Договорот треба да испратиме документи за официјална исплата на средствата и веќе почнавме разговори за дополнителни 500 милиони евра коишто очекуваме да ни ги одобрат до крајот на годината, а потоа да бидат исплатени на почетокот на следната година. Со овие средства би се рефинансирала еврообврзницата којашто ќе доспее во јануари 2025 година, рече министерката за финансии.

Оцени дека станува збор за одлична поддршка од Владата на Унгарија. „Станува збор за средства обезбедени во првите 100 дена, и тоа по многу поволни услови, односно 3,25% каматна стапка, којашто е многу ниска во услови на многу повисоки каматни стапки на меѓународните пазари“, рече Димитриеска-Кочоска.

Повтори дека средствата ќе бидат наменети за приватните компании преку Развојната банка и комерцијалните банки, како и за инфраструктурни проекти вклучително и општините.

На тој начин, како што рече, очекуваме навистина многу поголема поддршка за економијата, поголем развој и реализација на веќе започнатото и на сето она што ќе почне да се реализира, а го ветувавме во рамки на програмата во текот на изборите, изјави таа.

Министерката за финансии вчера во Будимпешта во име на Владата го потпиша Договорот за заем со унгарската Експорт – импорт банка, којшто е во согласност со Законот за задолжување на Р Македонија со заем кај унгарската Експорт – импорт банка, приватно друштво со ограничена одговорност, по Договор за заем за буџетско финансирање и финансирање на општи цели.

The post Димитриеска-Кочоска: Го официјализиравме првиот дел од Договорот за заем, почнавме разговори за вториот дел од 500 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Со потпишување на Договорот со унгарската Експорт – импорт банка во Будимпешта се официјализираше првиот дел од Договорот за заем во износ од 500 милиони евра и воедно започнаа разговори за вториот дел од заемот исто така во износ од 500 милиони евра, кои се очекува да бидат одобрени до крајот на годината. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во својата изјава во Будмпешта, при што најави дека средствата согласно потпишаниот Договор ќе бидат на располагање следната недела. По потпишувањето на Договорот треба да испратиме документи за официјална исплата на средствата и веќе почнавме разговори за дополнителни 500 милиони евра коишто очекуваме да ни ги одобрат до крајот на годината, а потоа да бидат исплатени на почетокот на следната година. Со овие средства би се рефинансирала еврообврзницата којашто ќе доспее во јануари 2025 година, рече министерката за финансии. Оцени дека станува збор за одлична поддршка од Владата на Унгарија. „Станува збор за средства обезбедени во првите 100 дена, и тоа по многу поволни услови, односно 3,25% каматна стапка, којашто е многу ниска во услови на многу повисоки каматни стапки на меѓународните пазари“, рече Димитриеска-Кочоска. Повтори дека средствата ќе бидат наменети за приватните компании преку Развојната банка и комерцијалните банки, како и за инфраструктурни проекти вклучително и општините. На тој начин, како што рече, очекуваме навистина многу поголема поддршка за економијата, поголем развој и реализација на веќе започнатото и на сето она што ќе почне да се реализира, а го ветувавме во рамки на програмата во текот на изборите, изјави таа. Министерката за финансии вчера во Будимпешта во име на Владата го потпиша Договорот за заем со унгарската Експорт – импорт банка, којшто е во согласност со Законот за задолжување на Р Македонија со заем кај унгарската Експорт – импорт банка, приватно друштво со ограничена одговорност, по Договор за заем за буџетско финансирање и финансирање на општи цели.

The post Димитриеска-Кочоска: Го официјализиравме првиот дел од Договорот за заем, почнавме разговори за вториот дел од 500 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Потпишан Договорот за заем од 500 милиони евра од Унгарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/potpishan-dogovorot-za-zaem-od-500-milioni-evra-od-ungarija/ Tue, 08 Oct 2024 13:04:22 +0000 https://republika.mk/?p=824241

Договорот за заем со унгарската Експорт-импорт банка денеска е потпишан во Будимпешта. Договорот во име на Владата, а во согласност со Законот за задолжување на РС Македонија со заем кај Унгарската експорт – импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност по Договор за заем за буџетско финансирање и финансирање на општи цели, го потпиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Со потпишување на Договорот денеска обезбедуваме 500 милиони евра за буџетска поддршка, за поддршка на локалниот развој преку проекти во општините, како и за поддршка на економијата. Тоа беше повеќе од потребно за нашата економија, која во првиот квартал имаше многу слаба економска активност и бараше мерки кои ќе направат раздвижување и забрзување на економската активност. Исто така, и реализацијата на проектите во општините претставуваа неопходност затоа што и тие ќе имаат позитивно влијание врз економската активност, а дополнително со нив ќе решиме и горливи проблеми на граѓаните - рече министерката за финансии по потпишување на Договорот.

Заемот, како што истакна, се обезбедува по поволни услови, со рок на отплата од 15 години, со вклучен грејс период од 3 години и каматна стапка од 3,25%.

Одлуката на Владата да го обезбедиме планираното надворешно задолжување со Буџетот за 2024 година преку билатерален заем од Унгарија, наместо со издавање нова еврообврзница, произлезе како резултат на поволните услови што ги добивме и заштедата што ја правиме само по основ на каматата. Каматните стапки по кои би ја добиле оваа сума на меѓународниот пазар е околу 6% и тоа е голема заштеда по буџетот по овој основ, односно заштеда на годишно .ниво од околу 14 милиони евра. Дополнително и рочноста дава предност и помал ризик од потреба за рефинансирање - рече Димитриеска-Кочоска.

Таа додаде дека ваквите услови се резултат и на политиките што ги води Владата, а за што, како што посочи, минатата недела добивме потврда и од кредитната агенција „Фич“, којашто според неа има значајна улога за каматните стапки коишто ги добива земјата при задолжување на финансиските пазари

Она што е за потенцирање, според министерката, е дека делот од заемот кој ќе оди кон компаниите ќе биде пласиран исто така по поволни услови, што ќе влијае на отпочнување на еден инвестициски цисклус во приватниот сектор од над 500 милиони евра со кој ќе се обезбедат повисоки стапки на економски раст.

Средствата, како што рече, до крајот на неделата треба да бидат префрлени на сметките во земјата и потоа да почнат да се реализираат согласно планираното.

The post Потпишан Договорот за заем од 500 милиони евра од Унгарија appeared first on Република.

]]>

Договорот за заем со унгарската Експорт-импорт банка денеска е потпишан во Будимпешта. Договорот во име на Владата, а во согласност со Законот за задолжување на РС Македонија со заем кај Унгарската експорт – импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност по Договор за заем за буџетско финансирање и финансирање на општи цели, го потпиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.
Со потпишување на Договорот денеска обезбедуваме 500 милиони евра за буџетска поддршка, за поддршка на локалниот развој преку проекти во општините, како и за поддршка на економијата. Тоа беше повеќе од потребно за нашата економија, која во првиот квартал имаше многу слаба економска активност и бараше мерки кои ќе направат раздвижување и забрзување на економската активност. Исто така, и реализацијата на проектите во општините претставуваа неопходност затоа што и тие ќе имаат позитивно влијание врз економската активност, а дополнително со нив ќе решиме и горливи проблеми на граѓаните - рече министерката за финансии по потпишување на Договорот.
Заемот, како што истакна, се обезбедува по поволни услови, со рок на отплата од 15 години, со вклучен грејс период од 3 години и каматна стапка од 3,25%.
Одлуката на Владата да го обезбедиме планираното надворешно задолжување со Буџетот за 2024 година преку билатерален заем од Унгарија, наместо со издавање нова еврообврзница, произлезе како резултат на поволните услови што ги добивме и заштедата што ја правиме само по основ на каматата. Каматните стапки по кои би ја добиле оваа сума на меѓународниот пазар е околу 6% и тоа е голема заштеда по буџетот по овој основ, односно заштеда на годишно .ниво од околу 14 милиони евра. Дополнително и рочноста дава предност и помал ризик од потреба за рефинансирање - рече Димитриеска-Кочоска.
Таа додаде дека ваквите услови се резултат и на политиките што ги води Владата, а за што, како што посочи, минатата недела добивме потврда и од кредитната агенција „Фич“, којашто според неа има значајна улога за каматните стапки коишто ги добива земјата при задолжување на финансиските пазари Она што е за потенцирање, според министерката, е дека делот од заемот кој ќе оди кон компаниите ќе биде пласиран исто така по поволни услови, што ќе влијае на отпочнување на еден инвестициски цисклус во приватниот сектор од над 500 милиони евра со кој ќе се обезбедат повисоки стапки на економски раст. Средствата, како што рече, до крајот на неделата треба да бидат префрлени на сметките во земјата и потоа да почнат да се реализираат согласно планираното.

The post Потпишан Договорот за заем од 500 милиони евра од Унгарија appeared first on Република.

]]>
До крајот на месецов целосно ќе биде трансфериран заемот од Унгарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/do-krajot-na-mesetsov-tselosno-ke-bide-transferiran-zaemot-od-ungarija/ Thu, 03 Oct 2024 18:38:24 +0000 https://republika.mk/?p=822385

Сите формалности за заемот од Унгарија се завршени од наша и од нивна страна, а кај нас поминаа и на владина седница и во Собрание со што очекувам до крајот на месецов средствата од заемот целосно да бидат трансферирани во земјава, истакна вечерва премиерот Христијан Мицкоски.

-Во периодот од 7 до 9 октомври министерската за финансии ќе биде во главниот град на Унгарија каде што официјално ќе биде потпишан заемот и очекувам до крајот на овој месец да биде целосно трансфериран кај нас, а потоа половина од заемот, односно 250 милиони евра ќе бидат ставени на располагање на бизнис заедницата кај нас по истите услови, а останатите 250 милиони евра ќе бидат користени за капитални инвестиции кои тековно ќе се реализираат што не значи дека ќе ги потрошиме веднаш и сега, рече Мицкоски во интервју за ТВ Канал 5.

Средствата ќе се трошат, додаде, во зависност од реализацијата на капиталните инвестиции.

Повеќе од пет милијарди денари од унгарскиот кредит, како што кажа, до крајов на годинава ќе бидат распределени за капитални инфраструктурни проекти во општините. Дополнително за таа намена следната година ќе бидат издвоени уште 15 милијарди денари.

-Можете да замислите каков ќе биде одѕивот следната година ако сега за пет милијарди денари што се предвидени да се дадат до крајот на годинава има повеќе од 300 проекти и на повикот аплицирале сите општини во земјава. Мислам дека веќе е завршена евалуацијата за проектите и очекувам веќе следната недела да се потпишат договорите што ќе значат нешто што досега не се случило, рече Мицкоски.

Истакна дека очекува до крајот на годинава да бидат искористени околу 30 отсто од предвидените пет милијарди денари, а другите да се прелеат во буџетот за следната година. Како што кажа, општините нема да добиваат пари од државата за проектите, туку ќе им се исплаќа на изведувачите за завршената работа. Тоа позитивно ќе влијае на ликвидноста на буџетот.

За повикот за следата година очекува околу 1.000 проекти со што, како што вели, ќе се случи епски и историски развој на општините со реализација на проектите финансирани од централниот буџет.

-Тоа ќе биде озбилна инвестициска градежна офанзива, потенцира Мицкоски.

The post До крајот на месецов целосно ќе биде трансфериран заемот од Унгарија appeared first on Република.

]]>

Сите формалности за заемот од Унгарија се завршени од наша и од нивна страна, а кај нас поминаа и на владина седница и во Собрание со што очекувам до крајот на месецов средствата од заемот целосно да бидат трансферирани во земјава, истакна вечерва премиерот Христијан Мицкоски. -Во периодот од 7 до 9 октомври министерската за финансии ќе биде во главниот град на Унгарија каде што официјално ќе биде потпишан заемот и очекувам до крајот на овој месец да биде целосно трансфериран кај нас, а потоа половина од заемот, односно 250 милиони евра ќе бидат ставени на располагање на бизнис заедницата кај нас по истите услови, а останатите 250 милиони евра ќе бидат користени за капитални инвестиции кои тековно ќе се реализираат што не значи дека ќе ги потрошиме веднаш и сега, рече Мицкоски во интервју за ТВ Канал 5. Средствата ќе се трошат, додаде, во зависност од реализацијата на капиталните инвестиции. Повеќе од пет милијарди денари од унгарскиот кредит, како што кажа, до крајов на годинава ќе бидат распределени за капитални инфраструктурни проекти во општините. Дополнително за таа намена следната година ќе бидат издвоени уште 15 милијарди денари. -Можете да замислите каков ќе биде одѕивот следната година ако сега за пет милијарди денари што се предвидени да се дадат до крајот на годинава има повеќе од 300 проекти и на повикот аплицирале сите општини во земјава. Мислам дека веќе е завршена евалуацијата за проектите и очекувам веќе следната недела да се потпишат договорите што ќе значат нешто што досега не се случило, рече Мицкоски. Истакна дека очекува до крајот на годинава да бидат искористени околу 30 отсто од предвидените пет милијарди денари, а другите да се прелеат во буџетот за следната година. Како што кажа, општините нема да добиваат пари од државата за проектите, туку ќе им се исплаќа на изведувачите за завршената работа. Тоа позитивно ќе влијае на ликвидноста на буџетот. За повикот за следата година очекува околу 1.000 проекти со што, како што вели, ќе се случи епски и историски развој на општините со реализација на проектите финансирани од централниот буџет. -Тоа ќе биде озбилна инвестициска градежна офанзива, потенцира Мицкоски.

The post До крајот на месецов целосно ќе биде трансфериран заемот од Унгарија appeared first on Република.

]]>
Намерата е парите од заемот од Унгарија наменети за стопанството да бидат пласирани преку домашните банки, вели Мицкоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/namerata-e-parite-od-zaemot-od-ungarija-nameneti-za-stopanstvoto-da-bidat-plasirani-preku-domashnite-banki-veli-mitskoski/ Wed, 18 Sep 2024 11:24:11 +0000 https://republika.mk/?p=817438

Парите од заемот од Унгарија наменети за македонското стопанство треба да бидат пласирани преку домашните банки под истите услови под кои е земен заемот. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека намерата на Владата е тие средства да одат преку банките, а доколку тоа не се случи, тогаш ќе се бараат други начни да се пласираат овие средства.

Факт е дека тие пари ќе дојдат во Македонија и ќе бидат ставени на располагање на македонската економија и на македонското сопанство. Нашата намера е да биде преку комерцијалните банки бидејќи тие имаат повешти механизми за управување со овие средства и да биде под истите услови под кои го земаме заемот. Доколку тие услови не бидат исти, тогаш ќе се обидеме да најдеме друг начин - дали тоа ќе биде преку Македонската банка за развој или друг механизам, ќе видиме - изјави денеска Мицкоски при посетата на општина Аеродром.

Во однос на обвинувањата од опозицијата дека потеклото на парите од заемот е од Кина, Мицкоски со оценка дека опозицијата работи на своја штета и дека изјавата на поранешниот вицепремиер за економски прашања нема никаква економска логика. Вели дека заемот не е кинески, туку од земја членка на Европската унија.

Бев многу прецизен и тоа многу брзо од денеска, би рекол денови се во прашање, јавноста ќе види како овој заем што беше земен и што го помина собранискиот филтер, ќе и биде ставен на располагање на македонската економија. За жал, вчера слушнав изјава од поранешниот потпретседател на Владата задолжен за економски прашања која имаше врска со се, само не со економска логика. Тоа само говори во каква агонична состојба денеска се наоѓа СДСМ, раководството и пратениците на СДСМ. Само македонската опозиција успева на еден чуден начин да го најде потеклото на парите од заемот. Тоа е исто кога во чаша вода ставате од три шишиња по една третина и да кажете првата третина е од ова шише, втората третина од ова шише, третата третина од ова шише. Чудни логики гледам од страна на опозицијата, но исто така е факт дека кога се обелодени овој заем, мојот пријател, премиерот од Унгарија, беше под жежок притисок од страна на тамошните медиуми дека се задолжиле на домашен пазар по повисоки цени, а даваат кредити на нашата земја по пониска цена. Ако толку му пречи изворот на овие средства на поранешниот заменик претседател на Владата, тогаш зошто го потпишуваше договорот со кинеската компанија за кинескиот кредит за автопатот Кичево - Охрид - изјави Мицкоски.

Доколку има потреба, како што посочи, може да се влезе и во дополнителен аранжман под услови да има инвестиции во македонските компании.

Подготвени сме да одиме и чекор напред и понатаму да влеземе во уште еден дополнителен аранжман. Условот е уште толку да има инвестиции од македонските компании. Ако имаме 250 милиони евра заем под овие услови, уште 250 милиони сопствено вложување со што ќе иницираме систем на вложување од половина милијарда што е многу важно за македонската економија и да креираме во еден период од четири години 20.000 добро платени работни места. Тоа беше условот и за тоа се договоривме со стопанските комори кои ги посетив - рече Мицкоски.

Законот за заемот од Унгарската Експорт импорт банка, вчера помина на собраниска седница.

The post Намерата е парите од заемот од Унгарија наменети за стопанството да бидат пласирани преку домашните банки, вели Мицкоски appeared first on Република.

Предлог-законот за заемот од Унгарија ќе се гласа на пленарна седница најверојатно во вторник https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/predlog-zakonot-za-zaemot-od-ungarija-ke-se-glasa-na-plenarna-sednitsa-najverojatno-vo-vtornik/ Fri, 13 Sep 2024 10:26:15 +0000 https://republika.mk/?p=816000

Собраниската Комисија за финансирање и буџет го даде на натамошна постапка Предлог-законот за заем од половина милијарда евра од унгарската Влада, кој се носи по скратена постапка. Со седницата претседаваше Бојан Стојановски откако во дадениот рок во Деловникот, претседателката на Комисијата Сања Лукаревска не ја закажа седницата. Пратениците на СДСМ не учествуваа во работата на Комисијата.

Собраниската седница на која треба да се гласа за заемот се очекува да се одржи во вторник следната недела.

Предлог-законот го образложи заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски. Вкупниот износ на заемот кој ќе го додели Унгарската експорт - импорт банка изнесува 500 милиони евра. Заемот ќе се повлече во една транша, рокот за отплата на заемот е 15 години, со вклучен грејс период од три години, каматната стапка е фиксна и изнесува 3,25 проценти, Република Македонија ќе ѝ плаќа на Унгарската експорт - импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност провизија за неповлечени средства во висина од 0,5 проценти од заемот на годишно ниво. Провизијата за неповлечени средства ќе се пресметува на дневна основа на неповлечениот дел од заемот, пресметано од датумот на достапност на средствата и ќе се плати првиот работен ден по завршување на периодот на достапност. Заемот ќе се отплаќа на 24 полугодишни рати, на 15 февруари и 15 август секоја година. Дополнително, Република Македонија ќе ѝ плати провизија за извршени правни
услуги на независна фирма избрана од страна на Унгарската експорт - импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност. Провизијата за извршени правни услуги ќе се плати пред повлекување на траншата.

Пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ од комисиската говорница, а потоа и од прес - конференција истакна дека пропаднаа сите обиди на СДСМ да спречи капитални проекти во општините ширум Македонија и на поволни средства за инвестиции во приватниот сектор. Според него, СДСМ во текот на денот покажале недржавничко однесување обидувајќи се да спречи изградба на нови градинки, училишта, игралишта катни гаражи и други бројни инфраструктурни проекти.

Проектот за 250 проекти за општините е одобрен од граѓаните на избори. До утрово, како што кажа, апликации за проекти поднеле 78 општини со 353 проекти меѓу кои и општини предводени од градоначалници на СДСМ Делчево, Струмица, Пробиштип, Крива Паланка и Крушево.

СДСМ нема никаков кредибилитет да зборува за задолжување затоа што тоа е партијата која јавниот долг го зголеми на двете милијарди евра и над 60 проценти од БДП. Ваквата аларматна состојба со јавниот долг придонесе за каматната стапка на последната еврообврзница што ја зема двоецот СДСМ - ДУИ во 2023 година да достигне високи 6,25 проценти односно речиси сто проценти повеќе од заемот кој денеска сакаа да го спречат - рече Стојановски.

На собраниската седница зборуваше и координаторот на пратеничката група Никола Мицевски кој образложи дека во соодветниот рок претседателката на Комисијата за финансирање Сања Лукаревска од СДСМ не сакала да закаже седница за заемот и претседателот на Собранието врз основа на член 126 став 3 од Деловникот го закажал ова заседание. Мицевски ја обвини опозицијата дека сака да ја блокира работата на Собранието.

СДСМ свој став за неприсуството на седницата најави дека ќе го објави преку соопштение.

The post Предлог-законот за заемот од Унгарија ќе се гласа на пленарна седница најверојатно во вторник appeared first on Република.

]]>

Собраниската Комисија за финансирање и буџет го даде на натамошна постапка Предлог-законот за заем од половина милијарда евра од унгарската Влада, кој се носи по скратена постапка. Со седницата претседаваше Бојан Стојановски откако во дадениот рок во Деловникот, претседателката на Комисијата Сања Лукаревска не ја закажа седницата. Пратениците на СДСМ не учествуваа во работата на Комисијата. Собраниската седница на која треба да се гласа за заемот се очекува да се одржи во вторник следната недела. Предлог-законот го образложи заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски. Вкупниот износ на заемот кој ќе го додели Унгарската експорт - импорт банка изнесува 500 милиони евра. Заемот ќе се повлече во една транша, рокот за отплата на заемот е 15 години, со вклучен грејс период од три години, каматната стапка е фиксна и изнесува 3,25 проценти, Република Македонија ќе ѝ плаќа на Унгарската експорт - импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност провизија за неповлечени средства во висина од 0,5 проценти од заемот на годишно ниво. Провизијата за неповлечени средства ќе се пресметува на дневна основа на неповлечениот дел од заемот, пресметано од датумот на достапност на средствата и ќе се плати првиот работен ден по завршување на периодот на достапност. Заемот ќе се отплаќа на 24 полугодишни рати, на 15 февруари и 15 август секоја година. Дополнително, Република Македонија ќе ѝ плати провизија за извршени правни услуги на независна фирма избрана од страна на Унгарската експорт - импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност. Провизијата за извршени правни услуги ќе се плати пред повлекување на траншата. Пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ од комисиската говорница, а потоа и од прес - конференција истакна дека пропаднаа сите обиди на СДСМ да спречи капитални проекти во општините ширум Македонија и на поволни средства за инвестиции во приватниот сектор. Според него, СДСМ во текот на денот покажале недржавничко однесување обидувајќи се да спречи изградба на нови градинки, училишта, игралишта катни гаражи и други бројни инфраструктурни проекти. Проектот за 250 проекти за општините е одобрен од граѓаните на избори. До утрово, како што кажа, апликации за проекти поднеле 78 општини со 353 проекти меѓу кои и општини предводени од градоначалници на СДСМ Делчево, Струмица, Пробиштип, Крива Паланка и Крушево.
СДСМ нема никаков кредибилитет да зборува за задолжување затоа што тоа е партијата која јавниот долг го зголеми на двете милијарди евра и над 60 проценти од БДП. Ваквата аларматна состојба со јавниот долг придонесе за каматната стапка на последната еврообврзница што ја зема двоецот СДСМ - ДУИ во 2023 година да достигне високи 6,25 проценти односно речиси сто проценти повеќе од заемот кој денеска сакаа да го спречат - рече Стојановски.
На собраниската седница зборуваше и координаторот на пратеничката група Никола Мицевски кој образложи дека во соодветниот рок претседателката на Комисијата за финансирање Сања Лукаревска од СДСМ не сакала да закаже седница за заемот и претседателот на Собранието врз основа на член 126 став 3 од Деловникот го закажал ова заседание. Мицевски ја обвини опозицијата дека сака да ја блокира работата на Собранието. СДСМ свој став за неприсуството на седницата најави дека ќе го објави преку соопштение.

The post Предлог-законот за заемот од Унгарија ќе се гласа на пленарна седница најверојатно во вторник appeared first on Република.

]]>
Трошоците за провизија за правни услуги за заемот од Унгарија се десет пати пониски од она што досега се плаќало, тврди Мицкоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/troshotsite-za-provizija-za-pravni-uslugi-za-zaemot-od-ungarija-se-deset-pati-poniski-od-ona-shto-dosega-se-plakalo-tvrdi-mitskoski/ Wed, 11 Sep 2024 10:18:12 +0000 https://republika.mk/?p=815296

Трошоците што земјава треба да ги плати за провизија за правни услуги за да го земе заемот од Унгарија од половина милијарда евра е нормална процедура и е 10 пати помалку од она што сме го плаќале досега за заеми, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски по објавите дека треба да се плаќа провизија за правни услуги на независна фирма, избрана од страна на Унгарската експорт-импорт банка.

Трошоците изнесуваат 70 илјади евра, тоа е нормална процедура и тоа е 10 пати помалку од тоа што сме го плаќале претходно за заеми. Од овие половина милијарда што ќе бидат земени како заем, овие 70 илјади евра се трошоците и тоа е нешто повеќе од 0,1 процент - изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата.

Во Предлог законот, кој е во собраниска процедура и се носи по скратена постапка, е наведено дека Република Македонија ќе ѝ плати провизија за извршени правни услуги на независна фирма избрана од страна на Унгарската експорт - импорт банка и дека провизијата треба да се плати пред повлекување на траншата.

Според премиерот, сето она што е кажано за заемот и условите под кои ќе се земе, е содржано во законското решение.

Од законот можете да видите дека сето тоа што го кажавме е содржано во законот - 3,25 проценти каматна стапка, три години грејс период, 12 години рок на отплата. Развоен закон - половина ќе оди кај бизнисот, половина за проекти за општините, така што тоа што го ветивме, тоа и го исполнуваме - рече Мицкоски.

Во однос на еврообврзницата земена во 2017 година која доспева за плаќање во јануари 2025 година, рече дека доколку каматните стапки во моментот се повисоки од 3,25 проценти, ќе мора да бидат повлечени половина милијарда за да се врати овој долг.

Нашите анализи се дека ако излеземе на меѓународниот пазар за да ја вратиме оваа еврообврзница од 500 милиони евра, каматната стапка што може да ја добиеме е меѓу 5,5 и 6,5 проценти. Најверојатно ако овој тренд продолжи и понатаму бидејќи гледам дека Европската централна банка планира за 0,25 проценти да ги намали каматните стапки и ако тоа влијае позитивно, ќе излеземе на меѓународниот пазар и ќе се обидеме да обезбедиме пониска каматна стапка, но доколку таа е повисока од 3,25 проценти, тогаш ќе ги повлечеме и другите половина милијарда за да го вратиме овој долг - посочи Мицкоски на прес-конференцијата во Владата.

The post Трошоците за провизија за правни услуги за заемот од Унгарија се десет пати пониски од она што досега се плаќало, тврди Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Трошоците што земјава треба да ги плати за провизија за правни услуги за да го земе заемот од Унгарија од половина милијарда евра е нормална процедура и е 10 пати помалку од она што сме го плаќале досега за заеми, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски по објавите дека треба да се плаќа провизија за правни услуги на независна фирма, избрана од страна на Унгарската експорт-импорт банка.
Трошоците изнесуваат 70 илјади евра, тоа е нормална процедура и тоа е 10 пати помалку од тоа што сме го плаќале претходно за заеми. Од овие половина милијарда што ќе бидат земени како заем, овие 70 илјади евра се трошоците и тоа е нешто повеќе од 0,1 процент - изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата.
Во Предлог законот, кој е во собраниска процедура и се носи по скратена постапка, е наведено дека Република Македонија ќе ѝ плати провизија за извршени правни услуги на независна фирма избрана од страна на Унгарската експорт - импорт банка и дека провизијата треба да се плати пред повлекување на траншата. Според премиерот, сето она што е кажано за заемот и условите под кои ќе се земе, е содржано во законското решение.
Од законот можете да видите дека сето тоа што го кажавме е содржано во законот - 3,25 проценти каматна стапка, три години грејс период, 12 години рок на отплата. Развоен закон - половина ќе оди кај бизнисот, половина за проекти за општините, така што тоа што го ветивме, тоа и го исполнуваме - рече Мицкоски.
Во однос на еврообврзницата земена во 2017 година која доспева за плаќање во јануари 2025 година, рече дека доколку каматните стапки во моментот се повисоки од 3,25 проценти, ќе мора да бидат повлечени половина милијарда за да се врати овој долг.
Нашите анализи се дека ако излеземе на меѓународниот пазар за да ја вратиме оваа еврообврзница од 500 милиони евра, каматната стапка што може да ја добиеме е меѓу 5,5 и 6,5 проценти. Најверојатно ако овој тренд продолжи и понатаму бидејќи гледам дека Европската централна банка планира за 0,25 проценти да ги намали каматните стапки и ако тоа влијае позитивно, ќе излеземе на меѓународниот пазар и ќе се обидеме да обезбедиме пониска каматна стапка, но доколку таа е повисока од 3,25 проценти, тогаш ќе ги повлечеме и другите половина милијарда за да го вратиме овој долг - посочи Мицкоски на прес-конференцијата во Владата.

The post Трошоците за провизија за правни услуги за заемот од Унгарија се десет пати пониски од она што досега се плаќало, тврди Мицкоски appeared first on Република.

]]>
MЕПСО ќе се задолжи кај ЕБОР 26,4 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mepso-ke-se-zadolzhi-kaj-ebor-26-4-milioni-evra/ Tue, 23 Jul 2024 06:50:17 +0000 https://republika.mk/?p=799386

Во Кристалната сала на Владата на Република Македонија денеска ќе се потпише договор за заем од 26,4 милиони евра помеѓу Европската банка за обнова и развој - ЕБОР и македонскиот оператор за електропреносен систем АД МЕПСО.

Како што информираат од владината прес-служба, средствата од заемот се наменети за зајакнување на преносната мрежа на АД МЕПСО

The post MЕПСО ќе се задолжи кај ЕБОР 26,4 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Во Кристалната сала на Владата на Република Македонија денеска ќе се потпише договор за заем од 26,4 милиони евра помеѓу Европската банка за обнова и развој - ЕБОР и македонскиот оператор за електропреносен систем АД МЕПСО. Како што информираат од владината прес-служба, средствата од заемот се наменети за зајакнување на преносната мрежа на АД МЕПСО

The post MЕПСО ќе се задолжи кај ЕБОР 26,4 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: 500 милиони евра од Унгарија се со двојно помала камата од еврообврзницата на претходната влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-500-milioni-evra-od-ungarija-se-so-dvojno-pomala-kamata-od-evroobvrznitsata-na-prethodnata-vlada/ Tue, 16 Jul 2024 18:46:09 +0000 https://republika.mk/?p=797503

Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за Тема на денот во централниот дневник на телевизија Сител, рече дека 500 милиони евра кои планира да ги земе од Унгарија за специјална економска соработка, се со камата двојно пониска од еврообврзницата која во 2018та година ја земала претходната влада, а ја искористила за поткуп и манипулација.

Обврзницата земена 2018та година која што беше земена за поткуп, за манипулации доспева на 25 јануари следната година. Зошто ние би земале 500 милиони евра сега да плаќаме камати кога тие пари реално не ни требаат сега во овој момент, ќе ни требаат во јануари. Зошто да ги трошиме парите на граѓаните, па макар и еден милион евра да се - изјави Мицкоски и додаде дека еден милион евра можат да се искористат за две училишни сали наместо за непродуктивни работи.

Еден милион се да речеме колку две училишни сали кои вчера почнавме да ги работиме во Охрид. Две такви сали се еден милион евра. Па подобро да сработиме две такви сали отколку да платиме камати кои што ќе завршат онаму каде што не се продуктивни за граѓаните, дециден е тој.

Мицкоски истакна дека оваа таканаречена рамка од Унгарија може да биде и поголема, доколку како што рече тој нас ни е потребно и доколку условите кои се нудат се поволни за државата.

Точно е дека ние ветивме милијарда, но донесовме многу повеќе. Оваа специјална економска соработка која што ја имаме со Унгарија е таканаречена рамка која што може да биде поголема, доколку нас тоа ни е потребно и доколку условите кои нас ни се нудат ни се поволни - нагласи Мицкоски.

The post Мицкоски: 500 милиони евра од Унгарија се со двојно помала камата од еврообврзницата на претходната влада appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за Тема на денот во централниот дневник на телевизија Сител, рече дека 500 милиони евра кои планира да ги земе од Унгарија за специјална економска соработка, се со камата двојно пониска од еврообврзницата која во 2018та година ја земала претходната влада, а ја искористила за поткуп и манипулација.
Обврзницата земена 2018та година која што беше земена за поткуп, за манипулации доспева на 25 јануари следната година. Зошто ние би земале 500 милиони евра сега да плаќаме камати кога тие пари реално не ни требаат сега во овој момент, ќе ни требаат во јануари. Зошто да ги трошиме парите на граѓаните, па макар и еден милион евра да се - изјави Мицкоски и додаде дека еден милион евра можат да се искористат за две училишни сали наместо за непродуктивни работи.
Еден милион се да речеме колку две училишни сали кои вчера почнавме да ги работиме во Охрид. Две такви сали се еден милион евра. Па подобро да сработиме две такви сали отколку да платиме камати кои што ќе завршат онаму каде што не се продуктивни за граѓаните, дециден е тој. Мицкоски истакна дека оваа таканаречена рамка од Унгарија може да биде и поголема, доколку како што рече тој нас ни е потребно и доколку условите кои се нудат се поволни за државата.
Точно е дека ние ветивме милијарда, но донесовме многу повеќе. Оваа специјална економска соработка која што ја имаме со Унгарија е таканаречена рамка која што може да биде поголема, доколку нас тоа ни е потребно и доколку условите кои нас ни се нудат ни се поволни - нагласи Мицкоски.

The post Мицкоски: 500 милиони евра од Унгарија се со двојно помала камата од еврообврзницата на претходната влада appeared first on Република.

]]>
Mицкоски: Ветивме милијарда, но сега ни се потребни 500 милиони евра од кои 250 за општините https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-vetivme-milijarda-no-sega-ni-se-potrebni-500-milioni-evra-od-koi-250-za-opshtinite/ Mon, 15 Jul 2024 11:05:22 +0000 https://republika.mk/?p=796996

Премиерот Христијан Мицкоски денеска откри зошто кога на доаѓаше на функцијата најави заем од една милијарда евра, а изминатите денови се официјализираше соработката со Унгарија во вредност од 500 милиони евра.

-Ние ветивме милијарда, а донесовме повеќе, но тогаш кога е потребна. Сега во моментов ни се потребни 500 милиони евра, од кои 250 се потребни за општините и да ги финансираме нивните проекти. Граѓаните сакаат вистински проекти, а не приказни. Другите 250 милиони евра под истите услови сакаме да ги дадеме на бизнисот и фирмите. Условите кои што тие ги имаат на пазарот се најмалку двапати полоши – 6% камата и без грејс период…Денес во бизнисот е доведен до тоа да добива кредит оној на кој што не му треба. На тој што му треба, не може да добие бидејќу му бараат се, од сертификат на раѓање, па до последно. Ние велиме еве поддршка е ова, кажа Мицкоски при теренската посета на општина Охрид, присуствувајќи на камен темелник на спортска сала во село Лескоец, охридско.

Според Мицкоски, во моментов имаме еврообврзница која што неговите претходници, како што вели, ја земале под ултра лоши услови.

-Зошто сега да земеме 500 милиони евра, па да плаќаат граѓаните камати, кога можеме во јануари? Отворена ни е рамката. Зошто сега да плаќаме 10-15 милиони евра, ќе направиме вакви сали уште 30 во Македонија. Зошто да ги трошиме тие пари? Мора да имате концепт. Со пари сите знаат. Идејата е од ништо, нешто да направите. Лесно е ако имам пари, ќе се викаше ова Швајцарија и ќе се беше поинаку. Поентата од ништо што ни оставија, да направиме повеќе. Се мачиме, за да обезбедиме повеќе. Јас додека сум премиер, никогаш нема да дозволам да зависиме од некој друг, туку само од граѓаните – тие не плаќаат и за нив работиме. Никогаш нема да ја доведам Македонија во подредена положба, кажа премиерот, одговарајќи на новинарски прашања.

Македонија ќе се задолжи кај Унгарија со 500 милиони евра кредит, со камата од 3,25 проценти, три години грејс период, и 12 години рок на отплата, што е вкупно 15 години.

https://www.youtube.com/watch?v=z7WC9qfdPXY&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Frepublika.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE

The post Mицкоски: Ветивме милијарда, но сега ни се потребни 500 милиони евра од кои 250 за општините appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски денеска откри зошто кога на доаѓаше на функцијата најави заем од една милијарда евра, а изминатите денови се официјализираше соработката со Унгарија во вредност од 500 милиони евра.
-Ние ветивме милијарда, а донесовме повеќе, но тогаш кога е потребна. Сега во моментов ни се потребни 500 милиони евра, од кои 250 се потребни за општините и да ги финансираме нивните проекти. Граѓаните сакаат вистински проекти, а не приказни. Другите 250 милиони евра под истите услови сакаме да ги дадеме на бизнисот и фирмите. Условите кои што тие ги имаат на пазарот се најмалку двапати полоши – 6% камата и без грејс период…Денес во бизнисот е доведен до тоа да добива кредит оној на кој што не му треба. На тој што му треба, не може да добие бидејќу му бараат се, од сертификат на раѓање, па до последно. Ние велиме еве поддршка е ова, кажа Мицкоски при теренската посета на општина Охрид, присуствувајќи на камен темелник на спортска сала во село Лескоец, охридско.
 
Според Мицкоски, во моментов имаме еврообврзница која што неговите претходници, како што вели, ја земале под ултра лоши услови.
-Зошто сега да земеме 500 милиони евра, па да плаќаат граѓаните камати, кога можеме во јануари? Отворена ни е рамката. Зошто сега да плаќаме 10-15 милиони евра, ќе направиме вакви сали уште 30 во Македонија. Зошто да ги трошиме тие пари? Мора да имате концепт. Со пари сите знаат. Идејата е од ништо, нешто да направите. Лесно е ако имам пари, ќе се викаше ова Швајцарија и ќе се беше поинаку. Поентата од ништо што ни оставија, да направиме повеќе. Се мачиме, за да обезбедиме повеќе. Јас додека сум премиер, никогаш нема да дозволам да зависиме од некој друг, туку само од граѓаните – тие не плаќаат и за нив работиме. Никогаш нема да ја доведам Македонија во подредена положба, кажа премиерот, одговарајќи на новинарски прашања.
Македонија ќе се задолжи кај Унгарија со 500 милиони евра кредит, со камата од 3,25 проценти, три години грејс период, и 12 години рок на отплата, што е вкупно 15 години.   https://www.youtube.com/watch?v=z7WC9qfdPXY&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Frepublika.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE

The post Mицкоски: Ветивме милијарда, но сега ни се потребни 500 милиони евра од кои 250 за општините appeared first on Република.

]]>
Светска банка ќе даде заем од 93,8 милиони евра за макроекономски и климатски реформи во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/svetska-banka-ke-dade-zaem-od-93-8-milioni-evra-za-makroekonomski-i-klimatski-reformi-vo-makedonija/ Sat, 16 Dec 2023 09:55:26 +0000 https://republika.mk/?p=723567

Светска банка ќе обезбеди заем во вредност од 93,8 милиони евра за Македонија, со цел зајакнување на фискалната позиција и финансискиот сектор во земјата, како и поддржување на нејзината зелена транзиција.

Како што соопштија од Светската банка, новото финансирање во рамките на Операцијата за развојна политика на одржливост и отпорност на Македонија, одобрена од страна на Бордот на директори на Светска банка, е во согласност со макроекономските приоритети на земјава, според Фискалната стратегија 2024-2028 и Програмата за економски реформи 2023-2025 на Владата.

Македонија, како и други земји во Европа, се соочува со континуирани инфлаторни притисоци, што ги оптоварува јавните финансии во услови на монетарно затегање и зголемени трошоци за задолжување. Со оваа поддршка, наша цел е да обезбедиме брзи финансиски средства за зајакнување на фискалната одржливост, истовремено поддржувајќи ги неопходните климатски реформи и енергетската транзиција на земјата, вели Масимилиано Паолучи, директор на Канцеларијата на Светка банка за Македонија и Косово.

Новата операција на Светска банка ги поддржува напорите за намалување на зависноста од фосилни горива на Македонија преку подобрена енергетска ефикасност во јавниот сектор, зголемени инвестиции во обновливи извори на енергија и подобро собирање на податоци во врска со изложеноста на банкарскиот сектор на климатските ризици.

Во соопштението се посочува дека реформите може да ѝ помогнат на земјата во привлекување на околу 45 милиони евра приватни инвестиции за обновлива енергија, вклучително и инсталација на соларни панели, до 2026 година.

-Соработувавме заедно со меѓународните партнери за да се осигуриме дека нашата поддршка на политики и техничка помош се комплементарни и усогласени со агендата за пристапување кон Европската унија. Се надеваме дека оваа соработка ќе ја зајакне посветеноста на Владата за реформи во здрави макроекономски политики и стабилност на финансискиот сектор, навела Сања Маџаревиќ Шујстер, виш економист за Западен Балкан при Светска банка.

Заемот од Светска банка се состои од единечна транша за повлекување од 93,8 милиони евра со рок на доспевање од 11 години, вклучувајќи 4,5 години грејс период, стои во соопштението.

The post Светска банка ќе даде заем од 93,8 милиони евра за макроекономски и климатски реформи во Македонија appeared first on Република.

]]>

Светска банка ќе обезбеди заем во вредност од 93,8 милиони евра за Македонија, со цел зајакнување на фискалната позиција и финансискиот сектор во земјата, како и поддржување на нејзината зелена транзиција. Како што соопштија од Светската банка, новото финансирање во рамките на Операцијата за развојна политика на одржливост и отпорност на Македонија, одобрена од страна на Бордот на директори на Светска банка, е во согласност со макроекономските приоритети на земјава, според Фискалната стратегија 2024-2028 и Програмата за економски реформи 2023-2025 на Владата.
Македонија, како и други земји во Европа, се соочува со континуирани инфлаторни притисоци, што ги оптоварува јавните финансии во услови на монетарно затегање и зголемени трошоци за задолжување. Со оваа поддршка, наша цел е да обезбедиме брзи финансиски средства за зајакнување на фискалната одржливост, истовремено поддржувајќи ги неопходните климатски реформи и енергетската транзиција на земјата, вели Масимилиано Паолучи, директор на Канцеларијата на Светка банка за Македонија и Косово.
Новата операција на Светска банка ги поддржува напорите за намалување на зависноста од фосилни горива на Македонија преку подобрена енергетска ефикасност во јавниот сектор, зголемени инвестиции во обновливи извори на енергија и подобро собирање на податоци во врска со изложеноста на банкарскиот сектор на климатските ризици. Во соопштението се посочува дека реформите може да ѝ помогнат на земјата во привлекување на околу 45 милиони евра приватни инвестиции за обновлива енергија, вклучително и инсталација на соларни панели, до 2026 година. -Соработувавме заедно со меѓународните партнери за да се осигуриме дека нашата поддршка на политики и техничка помош се комплементарни и усогласени со агендата за пристапување кон Европската унија. Се надеваме дека оваа соработка ќе ја зајакне посветеноста на Владата за реформи во здрави макроекономски политики и стабилност на финансискиот сектор, навела Сања Маџаревиќ Шујстер, виш економист за Западен Балкан при Светска банка. Заемот од Светска банка се состои од единечна транша за повлекување од 93,8 милиони евра со рок на доспевање од 11 години, вклучувајќи 4,5 години грејс период, стои во соопштението.

The post Светска банка ќе даде заем од 93,8 милиони евра за макроекономски и климатски реформи во Македонија appeared first on Република.

]]>
ЕБОР разгледува можност за заем на Македонија од 175 милиони евра за доизградба на пругата кон Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ebor-razgleduva-mozhnost-za-zaem-na-makedonija-od-175-milioni-evra-za-doizgradba-na-prugata-kon-bugarija/ Fri, 16 Jun 2023 09:10:04 +0000 https://republika.mk/?p=652039

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) соопшти дека се разгледува можноста за одобрување државен заем од 175 милиони евра на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура на Македонија за доизградба на дел од европскиот железнички Коридор VIII.

Средствата ќе бидат наменети за завршување на последната делница од железницата на источниот крај на Коридор VIII.

Со заемот ќе се финансираат изградбата, сигнализацијата и телекомуникациите од Крива Паланка до бугарската граница во вкупна должина од 23,4 километри и електрификацијата на целокупната источна железничка пруга вклучувајќи ги делниците 1, 2 и 3 во вкупна должина од 88 километри.

Коридорот VIII е составен дел на една од петте нови Транснационални европски транспортни оски („TEN-T“), исток – запад од Црното до Јадранското Море.

Со финансирање на изградбата на третиот преостанат дел, ќе се воспостави првото поврзување на македонскиот железнички транспорт со бугарската железничка мрежа, ќе се олесни меѓународното/транзитното движење на стоки и луѓе, особено со соседните земји на ЕУ и Турција, ќе се придонесе за префрлување на сообраќајот од патен на железнички транспорт преку подобрување на конкурентноста на железничкиот сектор. Проектот ќе ја зголеми и безбедноста и сигурноста во сообраќајот и за патниците и за товарот, ќе понуди можности за развој на бизнисот во близина на железничката пруга и станиците и ќе ги подобри еколошките услови во населените места и регионите опфатени со проектот, се наведува во соопштенито од ЕБОР.

The post ЕБОР разгледува можност за заем на Македонија од 175 милиони евра за доизградба на пругата кон Бугарија appeared first on Република.

]]>

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) соопшти дека се разгледува можноста за одобрување државен заем од 175 милиони евра на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура на Македонија за доизградба на дел од европскиот железнички Коридор VIII. Средствата ќе бидат наменети за завршување на последната делница од железницата на источниот крај на Коридор VIII. Со заемот ќе се финансираат изградбата, сигнализацијата и телекомуникациите од Крива Паланка до бугарската граница во вкупна должина од 23,4 километри и електрификацијата на целокупната источна железничка пруга вклучувајќи ги делниците 1, 2 и 3 во вкупна должина од 88 километри. Коридорот VIII е составен дел на една од петте нови Транснационални европски транспортни оски („TEN-T“), исток – запад од Црното до Јадранското Море. Со финансирање на изградбата на третиот преостанат дел, ќе се воспостави првото поврзување на македонскиот железнички транспорт со бугарската железничка мрежа, ќе се олесни меѓународното/транзитното движење на стоки и луѓе, особено со соседните земји на ЕУ и Турција, ќе се придонесе за префрлување на сообраќајот од патен на железнички транспорт преку подобрување на конкурентноста на железничкиот сектор. Проектот ќе ја зголеми и безбедноста и сигурноста во сообраќајот и за патниците и за товарот, ќе понуди можности за развој на бизнисот во близина на железничката пруга и станиците и ќе ги подобри еколошките услови во населените места и регионите опфатени со проектот, се наведува во соопштенито од ЕБОР.

The post ЕБОР разгледува можност за заем на Македонија од 175 милиони евра за доизградба на пругата кон Бугарија appeared first on Република.

]]>
Украина доби заем од пет милијарди евра од ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraina-dobi-zaem-od-pet-milijardi-evra-od-eu/ Sat, 10 Sep 2022 09:39:38 +0000 https://republika.mk/?p=549372

Министрите за финансии на Европската унија денеска на состанок во Прага, Украина одобрија заем од пет милијарди евра за да можат училиштата, болниците и другите институции да продолжат да работат.

Заемот, кој ќе биде поддржан со гаранции од земјите-членки на ЕУ, е дел од пакетот помош вреден девет милијарди евра усвоен во мај.

Првата милијарда евра беше испратена во Украина во август, а според чешкиот министер за финансии Збињек Стањура, на следните состаноци ќе се одлучи како преостанатите три милијарди ќе бидат поделени на заеми и грантови.

Министрите разговараа за долгорочните опции за помош на Украина во финансирањето на реконструкцијата во иднина, како и можностите за краткорочни инвестиции, пренесува Ројтерс.

Во извештајот што денеска го објавија Светската банка, украинската влада и Европската комисија, се проценува дека до 1 јуни Украина претрпела директна штета од војната во износ од 97 милијарди долари и дека обновата на земјата може да чинеше речиси 350 милијарди долари.

The post Украина доби заем од пет милијарди евра од ЕУ appeared first on Република.

]]>

Министрите за финансии на Европската унија денеска на состанок во Прага, Украина одобрија заем од пет милијарди евра за да можат училиштата, болниците и другите институции да продолжат да работат. Заемот, кој ќе биде поддржан со гаранции од земјите-членки на ЕУ, е дел од пакетот помош вреден девет милијарди евра усвоен во мај. Првата милијарда евра беше испратена во Украина во август, а според чешкиот министер за финансии Збињек Стањура, на следните состаноци ќе се одлучи како преостанатите три милијарди ќе бидат поделени на заеми и грантови. Министрите разговараа за долгорочните опции за помош на Украина во финансирањето на реконструкцијата во иднина, како и можностите за краткорочни инвестиции, пренесува Ројтерс. Во извештајот што денеска го објавија Светската банка, украинската влада и Европската комисија, се проценува дека до 1 јуни Украина претрпела директна штета од војната во износ од 97 милијарди долари и дека обновата на земјата може да чинеше речиси 350 милијарди долари.  

The post Украина доби заем од пет милијарди евра од ЕУ appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Власта да покаже зрелост да не го блокира заемот од Светска банка за поддршка на општините https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mickoski-vlasta-da-pokaze-zrelost-da-ne-go-blokira-zaemot-od-svetska-banka-za-poddrshka-na-opshtinite/ Fri, 27 May 2022 10:52:37 +0000 https://republika.mk/?p=507591

Моментално комисиите и стручните тела на ВМРО-ДПМНЕ работат заедно со политичките партии кои се дел од коалицијата и многу скоро од денеска ќе излеземе со амандмани за ребалансот на Буџетот кои ќе бидат доставени во Парламентот. Дел од тие амандмани ќе бидат произлезени од народот и потребата на народот како подобра инфраструктура, паркови, спортски игралишта, канализација, водовод и подобри услови за живот за граѓаните, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на општина Гази Баба.

Мицкоски потенцираше дека очекува власта да покаже зрелост и да ги поддржи амандманите кои ќе ги предложи ВМРО-ДПМНЕ и со истите да не се однесува неодговорно како што во моментов го кочи заемот од Светска банка за поддршка на општините во Македонија.

Очекувам од страна на владата одговорност и зрелост да ги поддржи тие амандмани, нешто што не е во случајот актуелно со заемот од Светска банка од 63 милиони евра кој го почнале уште во февруари 2021 мислејќи дека ќе победат градоначалниците на СДСМ на локални. И така секоја општина добива одредена сума на пари од Светска банка, потребни за подобрување на инфраструктурата. СДСМ доживеа дебакл на изборите и го кочи овој заем. Помина на комисија и сега Талат не ја става на пленарна седница, изјави Мицкоски.

Мицкоски посочи дека со тој заем Гази Баба треба да добие отприлика милион евра и ако сега се вложени рекордни 50 милиони во асфалтирања на улици, ќе има нови 60 милиони денари за нови улици, канализација, водовод.

Но, тоа не доаѓа на дневен ред, наместо тоа има лиценца за втора лотарија. Тоа што е потреба на граѓаните, не доаѓа на дневен ред, приоритет има се поединци. Ги повикуваме и Талат и останатите да се надминат и да ја стават точката на дневен ред за луѓето да можат да добијат нови улици и тие во Гази Баба и Струга, Струмица и другите општини. Нека се покажат станува збор за 63 милиони евра кои ќе го подобрат животот на граѓаните, потенцираше Мицкоски.

The post Мицкоски: Власта да покаже зрелост да не го блокира заемот од Светска банка за поддршка на општините appeared first on Република.

Николоски: Заемот од 900 милиони евра без никаква помош на земјоделците претставува рамно национална катастрофа https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-zaemot-od-900-milioni-evra-bez-nikakva-pomosh-na-zemjodelcite-pretstavuva-ramno-nacionalna-katastrofa/ Sat, 30 Apr 2022 11:51:13 +0000 https://republika.mk/?p=495673

Во вакви услови, да се зема заем којшто ќе го враќаат следни генерации од 900 милиони евра, а при тоа ништо да не се помогне на земјоделците тоа претставува рамно национална катастрофа и освен што тераат високи политики министерот за надворешни работи, премиерот и министерот за земјоделие не се растрчуваат да најдат пласман - изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета во Неготино.

Николоски посочи дека не знае како не им е срам да одат во Србија и да молат за жито и за масло. Во услови кога македонската земја раѓа најквалитетен сончоглед, може да раѓа добра репка од која исто така може да се произведува масло и исто така добро жито.

Во вакви услови наместо да се стимулира македонското земјоделие, власта моли во Србија да добиеме жито, брашно и масло и во исто време не се бара пласман за македонските производи. Покрај високата политика треба малце да се спуштат на земја, да дојдат тука во Неготино да прошетаат по селата нивите и да ја видат маката на земјоделците. Кога власта оди на тие скапи патувања и кога ќе седнат со колегите од другите држави потребно е да го понудат македонскиот земјоделски производ - рече Николоски.

Николоски вели дека состојбите во земјоделието се апсолутно катастрофални, минатите две години имавме најлоши може видени години во земјоделието, особено во овој крај со откупот на грозјето, каде земјоделците не можеа да го продадат својот род или се продаваше по исклучително ниска цена. Имаше проблеми со откупот на тутунот, имаше проблеми исто така со пласманот и на рано градинарските производи.

Николоски потенцираше дека оваа година состојбата заради војната во Украина е уште полоша, веќе сериозен проблем со пролетната зелка, минатата година се откупуваше по 30 денари, а годинава се откупува по 15 денари. Следува извесен проблем со откупот на грозјето, понатаму праската ќе нема каде да се пласира, а истото е и со малината, вишната и црешата.

Во вакви услови Владата не прави ништо, паралелно на тоа трошоците се зголемени, цената на нафтата е зголемена двојно, цената на ѓубривата е зголемена тројно до четири пати, ако вреќа ѓубриво минатата година се купуваше за 500 до 600 денари оваа година се купува од 1600-1700 денари па нагоре и сите останати услови за земјоделците се отежнати - кажа Николоски.

The post Николоски: Заемот од 900 милиони евра без никаква помош на земјоделците претставува рамно национална катастрофа appeared first on Република.

]]>

Во вакви услови, да се зема заем којшто ќе го враќаат следни генерации од 900 милиони евра, а при тоа ништо да не се помогне на земјоделците тоа претставува рамно национална катастрофа и освен што тераат високи политики министерот за надворешни работи, премиерот и министерот за земјоделие не се растрчуваат да најдат пласман - изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета во Неготино.
Николоски посочи дека не знае како не им е срам да одат во Србија и да молат за жито и за масло. Во услови кога македонската земја раѓа најквалитетен сончоглед, може да раѓа добра репка од која исто така може да се произведува масло и исто така добро жито.
Во вакви услови наместо да се стимулира македонското земјоделие, власта моли во Србија да добиеме жито, брашно и масло и во исто време не се бара пласман за македонските производи. Покрај високата политика треба малце да се спуштат на земја, да дојдат тука во Неготино да прошетаат по селата нивите и да ја видат маката на земјоделците. Кога власта оди на тие скапи патувања и кога ќе седнат со колегите од другите држави потребно е да го понудат македонскиот земјоделски производ - рече Николоски.
Николоски вели дека состојбите во земјоделието се апсолутно катастрофални, минатите две години имавме најлоши може видени години во земјоделието, особено во овој крај со откупот на грозјето, каде земјоделците не можеа да го продадат својот род или се продаваше по исклучително ниска цена. Имаше проблеми со откупот на тутунот, имаше проблеми исто така со пласманот и на рано градинарските производи. Николоски потенцираше дека оваа година состојбата заради војната во Украина е уште полоша, веќе сериозен проблем со пролетната зелка, минатата година се откупуваше по 30 денари, а годинава се откупува по 15 денари. Следува извесен проблем со откупот на грозјето, понатаму праската ќе нема каде да се пласира, а истото е и со малината, вишната и црешата.