Заедно Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zaedno/ За подобро да се разбереме Mon, 05 Feb 2024 10:01:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Заедно Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zaedno/ 32 32 „Заедно“ со оркестарот на Македонската филхармонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zaedno-so-orkestarot-na-makedonskata-filharmonija/ Mon, 05 Feb 2024 10:01:32 +0000 https://republika.mk/?p=740455

Овој четврток со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Заедно“ на кој ќе бидат изведени Концертот за виолина, виолончело и пијано во Це-дур, оп.56 од Лудвиг ван Бетовен и „Фантастична симфонија“, оп. 14 од Хектор Берлиоз. Диригент е маестро Конрад ван Алфен од Холандија, а како солисти ќе настапат виолинистката Софи Хајнхрих (Австрија), пијанистката Марија Вршкова (Македонија) и виолончелистката Михе Рио (Кореа).

Конрад ван Алфен е етаблиран холандски/јужноафрикански диригент се стекна со својата популарност и кај оркестрите и кај публиката, благодарение на посебниот начин на кој тој ги води пробите и изведбите. Маестро Ван Алфен е уметнички директор и шеф-диригент на Симфонискиот оркестар во Ротердам. Во изминатите 16 години го издигна својот оркестар на ниво да биде интернационално признат оркестар и да стане домаќин на концертни серии во Ротердам, Хаг и Амстердам. Во моментот е уметнички директор на „Московското филхармониско здружение“ во чии рамки редовно диригира со оркестрите од Москва, во познатата сала „Чајковски“. Исто така, тој е гостиндиригент и со оркестрите на добро познатите културни центри во Новосибирск и Санкт Петербург. Во изминатите години бројни оркестри низ светот настапиле под диригентската палка на Ван Алфен, и тоа во: Холандија, Германија, Белгија, Италија, Швајцарија, Англија, Данска, Израел, Словенија, Србија, Бугарија, Романија, Полска, Јужна Африка, Кина и Мексико.

Од својата четиригодишна возраст, откако почнала да изучува виолина, германската виолинистка Софи Хајнрих е постојано на сцената како солист. Значајни педагози во нејзината кариера се проф. Антје Вајтхас, како и проф. Томас Брандис, кај кого ги завршила постдипломските студии на Универзитетот за музика во Либек и каде што била негов асистент.

[caption id="attachment_740462" align="alignnone" width="800"] Германската виолинистка Софи Хајнрих е постојано на сцената како солист[/caption]

Македонската пијанистка Марија Вршкова е родена во Битола каде го завршува основното и средното музичко образование. Дипломирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје, со највисоката оценка на ниво на универзитет „cum lauda“, во класата на проф. Тодор Светиев, кај когоги завршува и магистерските студии по пијано. Реализирала преку 50 светски премиерни изведби на солистички и камерни дела, не само од македонски туку и од странски автори.

[caption id="attachment_740465" align="alignnone" width="647"] Корејската виолончелистка Михе Рио[/caption]

Критиката е постојано на страната на корејската виолончелистка Михе Рио, оценувајќи ги нејзините изведби како врвни. Се издвојува нејзиниот настап со „вечната кралица“ меѓу сите пијанисти Марта Аргериќ во „Тонхале“, во Цирих, и со виртуозот на виолина Шломо Минц во „Лист“, во Будимпешта. Во 2013 година, Михе го издаде својот албум за „Дојчеграмофон“, со Концертите за виолончело на Сен-Санс и Елгар. Учествува и на значајни меѓународни натпревари како член на жири. Во моментов живее во Виена и активно изведува преку 30 концерти годишно како концертна виолончелистка, што ѝ ја донесе и титулата уметнички директор на ИМК (Асоцијацијата за интернационална музика и културна промоција).

The post „Заедно“ со оркестарот на Македонската филхармонија appeared first on Република.

]]>

Овој четврток со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Заедно“ на кој ќе бидат изведени Концертот за виолина, виолончело и пијано во Це-дур, оп.56 од Лудвиг ван Бетовен и „Фантастична симфонија“, оп. 14 од Хектор Берлиоз. Диригент е маестро Конрад ван Алфен од Холандија, а како солисти ќе настапат виолинистката Софи Хајнхрих (Австрија), пијанистката Марија Вршкова (Македонија) и виолончелистката Михе Рио (Кореа). Конрад ван Алфен е етаблиран холандски/јужноафрикански диригент се стекна со својата популарност и кај оркестрите и кај публиката, благодарение на посебниот начин на кој тој ги води пробите и изведбите. Маестро Ван Алфен е уметнички директор и шеф-диригент на Симфонискиот оркестар во Ротердам. Во изминатите 16 години го издигна својот оркестар на ниво да биде интернационално признат оркестар и да стане домаќин на концертни серии во Ротердам, Хаг и Амстердам. Во моментот е уметнички директор на „Московското филхармониско здружение“ во чии рамки редовно диригира со оркестрите од Москва, во познатата сала „Чајковски“. Исто така, тој е гостиндиригент и со оркестрите на добро познатите културни центри во Новосибирск и Санкт Петербург. Во изминатите години бројни оркестри низ светот настапиле под диригентската палка на Ван Алфен, и тоа во: Холандија, Германија, Белгија, Италија, Швајцарија, Англија, Данска, Израел, Словенија, Србија, Бугарија, Романија, Полска, Јужна Африка, Кина и Мексико. Од својата четиригодишна возраст, откако почнала да изучува виолина, германската виолинистка Софи Хајнрих е постојано на сцената како солист. Значајни педагози во нејзината кариера се проф. Антје Вајтхас, како и проф. Томас Брандис, кај кого ги завршила постдипломските студии на Универзитетот за музика во Либек и каде што била негов асистент. [caption id="attachment_740462" align="alignnone" width="800"] Германската виолинистка Софи Хајнрих е постојано на сцената како солист[/caption] Македонската пијанистка Марија Вршкова е родена во Битола каде го завршува основното и средното музичко образование. Дипломирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје, со највисоката оценка на ниво на универзитет „cum lauda“, во класата на проф. Тодор Светиев, кај когоги завршува и магистерските студии по пијано. Реализирала преку 50 светски премиерни изведби на солистички и камерни дела, не само од македонски туку и од странски автори. [caption id="attachment_740465" align="alignnone" width="647"] Корејската виолончелистка Михе Рио[/caption] Критиката е постојано на страната на корејската виолончелистка Михе Рио, оценувајќи ги нејзините изведби како врвни. Се издвојува нејзиниот настап со „вечната кралица“ меѓу сите пијанисти Марта Аргериќ во „Тонхале“, во Цирих, и со виртуозот на виолина Шломо Минц во „Лист“, во Будимпешта. Во 2013 година, Михе го издаде својот албум за „Дојчеграмофон“, со Концертите за виолончело на Сен-Санс и Елгар. Учествува и на значајни меѓународни натпревари како член на жири. Во моментов живее во Виена и активно изведува преку 30 концерти годишно како концертна виолончелистка, што ѝ ја донесе и титулата уметнички директор на ИМК (Асоцијацијата за интернационална музика и културна промоција).

The post „Заедно“ со оркестарот на Македонската филхармонија appeared first on Република.

]]>
Илија Пенушлиски бара да биде тргната неговата слика од изложбата „Заедно“ во Бугарскиот културен центар во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ilija-penushliski-bara-da-bide-trgnata-negovata-slika-od-izlozbata-zaedno-vo-bugarskiot-kulturen-centar-vo-skopje/ Tue, 29 Nov 2022 16:45:38 +0000 https://republika.mk/?p=579706

Пред четири дена во Скопје беше отворена заедничка изложба на уметници од Македонија и Бугарија, насловена „Заедно". На изложбата е изложена и една слика на сликарот Илија Пенушлиски од Галичката колонија, без негово знаење. Тој бара неговата слика да биде тргната од изложбата.

Ова е неговата реакција:

„Се прашувам, која е смислата на оваа изложба? Кого таа го претставува? Во некој нормален свет една ваква изложба би била вообичаен пример за културна соработка меѓу два народа. Но, со оглед на зацементираниот бугарски став за непостоење на македонска нација, на македонски јазик, па од таму и на македонско сликарство и култура, одговорот се наметнува - за нив, Бугарите, изложбата не може да биде ништо друго освен изложба на дела од бугарски Бугари и македонски Бугари.

А на таа изложба ме убутале и мене. Со слика што сум ја насликал на Галичката ликовна колонија пред дваесетина години. Од изненадени пријатели дознавам дека моето име стои и на излогот на центарот. Демек, чаршијата да види кој сѐ учествува во овој настан.

Ја замолувам Галичката колонија да ја повлечете мојата слика од оваа изложба. Барам бугарскиот центар да го избрише моето име од излогот. Cѐ додека бугарската политиката не престане со примитивните и за нас болно навредливи посегнувања по сржта на на нашето постоење, секоја 'културна соработка' ќе биде травестија“.

Пенушлиски е сопруг на Илинка Митрева, поранешната министерка за надворешни работи и пратеничка од редовите на СДСМ, која почина летово.

Новите простории на бугарскиот КИЦ на 25 ноември ги отворија министерите за култура на Македонија и Бугарија, Бисера Костадиновска-Стојчевска и Велислав Минеков со изложба на дела од современи уметници од Македонија и од Бугарија.

 

The post Илија Пенушлиски бара да биде тргната неговата слика од изложбата „Заедно“ во Бугарскиот културен центар во Скопје appeared first on Република.

]]>

Пред четири дена во Скопје беше отворена заедничка изложба на уметници од Македонија и Бугарија, насловена „Заедно". На изложбата е изложена и една слика на сликарот Илија Пенушлиски од Галичката колонија, без негово знаење. Тој бара неговата слика да биде тргната од изложбата. Ова е неговата реакција:
„Се прашувам, која е смислата на оваа изложба? Кого таа го претставува? Во некој нормален свет една ваква изложба би била вообичаен пример за културна соработка меѓу два народа. Но, со оглед на зацементираниот бугарски став за непостоење на македонска нација, на македонски јазик, па од таму и на македонско сликарство и култура, одговорот се наметнува - за нив, Бугарите, изложбата не може да биде ништо друго освен изложба на дела од бугарски Бугари и македонски Бугари. А на таа изложба ме убутале и мене. Со слика што сум ја насликал на Галичката ликовна колонија пред дваесетина години. Од изненадени пријатели дознавам дека моето име стои и на излогот на центарот. Демек, чаршијата да види кој сѐ учествува во овој настан. Ја замолувам Галичката колонија да ја повлечете мојата слика од оваа изложба. Барам бугарскиот центар да го избрише моето име од излогот. Cѐ додека бугарската политиката не престане со примитивните и за нас болно навредливи посегнувања по сржта на на нашето постоење, секоја 'културна соработка' ќе биде травестија“.
Пенушлиски е сопруг на Илинка Митрева, поранешната министерка за надворешни работи и пратеничка од редовите на СДСМ, која почина летово. Новите простории на бугарскиот КИЦ на 25 ноември ги отворија министерите за култура на Македонија и Бугарија, Бисера Костадиновска-Стојчевска и Велислав Минеков со изложба на дела од современи уметници од Македонија и од Бугарија.  

The post Илија Пенушлиски бара да биде тргната неговата слика од изложбата „Заедно“ во Бугарскиот културен центар во Скопје appeared first on Република.

]]>