заедничко чествување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zaednichko-chestvuvanje/ За подобро да се разбереме Fri, 27 Sep 2024 08:13:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png заедничко чествување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zaednichko-chestvuvanje/ 32 32 Бугарија сега сака заеднички празници со Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarija-sega-saka-zaednichki-praznitsi-so-makedonija/ Fri, 27 Sep 2024 08:12:36 +0000 https://republika.mk/?p=820093

Бугарските пратеници едногласно со 178 гласови „за“ и без расправа ја донесоа Декларацијата „во врска со систематското и методично уништување на дијалогот меѓу Република Cеверна Македонија и Република Бугарија и провокативните и навредливи изјави кон Бугарија од владејачки политички фактори во РСМ“.

Во декларацијата, Националното собрание на Бугарија ја потврдува политичката намера и стремеж за завршување на изградбата на Коридорот 8 од бугарска страна и ја повикува македонската Влада да пристапи одговорно и со добра волја кон сите преземени обврски и договори со цел навремена изградба на делниците од трасата на Коридорот на македонска територија, јавуваат бугарските медиуми.

Втората точка од Декларацијата значи враќање на позитивниот дијалог, како што пишува, прекинат од РСМ и запирање на антибугарската кампања и провокативните изјави кон Бугарија.

Декларацијата ја потврдува и волјата на бугарската држава и институции во однос на организирање на заеднички чествувања на заеднички историски настани и личности, „со оглед на богатата заедничка историја на двете земји“.

Бугарското собрание исто така силно не се согласува со негирањето на, како што велат, „заедничката историја на Македонија и Бугарија од страна на членовите на владата на Република Cеверна Македонија, што е директно кршење на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година“.

Во Декларацијата исто така се апелира до институциите во Македонија, во духот на европските вредности и слободи, да се воздржат од одлуки и дејствија кои сериозно би им наштетиле на односите меѓу двете земји и нивните граѓани.

The post Бугарија сега сака заеднички празници со Македонија appeared first on Република.

]]>

Бугарските пратеници едногласно со 178 гласови „за“ и без расправа ја донесоа Декларацијата „во врска со систематското и методично уништување на дијалогот меѓу Република Cеверна Македонија и Република Бугарија и провокативните и навредливи изјави кон Бугарија од владејачки политички фактори во РСМ“. Во декларацијата, Националното собрание на Бугарија ја потврдува политичката намера и стремеж за завршување на изградбата на Коридорот 8 од бугарска страна и ја повикува македонската Влада да пристапи одговорно и со добра волја кон сите преземени обврски и договори со цел навремена изградба на делниците од трасата на Коридорот на македонска територија, јавуваат бугарските медиуми. Втората точка од Декларацијата значи враќање на позитивниот дијалог, како што пишува, прекинат од РСМ и запирање на антибугарската кампања и провокативните изјави кон Бугарија. Декларацијата ја потврдува и волјата на бугарската држава и институции во однос на организирање на заеднички чествувања на заеднички историски настани и личности, „со оглед на богатата заедничка историја на двете земји“. Бугарското собрание исто така силно не се согласува со негирањето на, како што велат, „заедничката историја на Македонија и Бугарија од страна на членовите на владата на Република Cеверна Македонија, што е директно кршење на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година“. Во Декларацијата исто така се апелира до институциите во Македонија, во духот на европските вредности и слободи, да се воздржат од одлуки и дејствија кои сериозно би им наштетиле на односите меѓу двете земји и нивните граѓани.

The post Бугарија сега сака заеднички празници со Македонија appeared first on Република.

]]>
„Гоце Делчев е прв од старите бугарски револуционери кој го заби знамето на ослободувањето на македонско тло“ кажаа Петков и Радев во Благоевград https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/goce-delchev-e-prv-od-starite-bugarski-revolucioneri-koj-go-zabi-znameto-na-osloboduvanjeto-na-makedonsko-tlo-kazaa-petkov-i-radev-vo-blagoevgrad/ Fri, 04 Feb 2022 17:57:18 +0000 https://republika.mk/?p=454337

Со свечена поворка во центарот на Благоевград, која заврши на плоштадот „Македонија“, беше одбележана 150-годишнината од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев, јави дописникот на МИА од Софија. Присуствуваа претседателот на Бугарија Румен Радев, премиерот Кирил Петков, градоначалникот на Благоевград, бугарски европратеници и голем број граѓани на Благоевград и регионот.

Претседателот Радев во својот говор рече дека Гоце Делчев го посветил својот живот на слободата на Македонија и Одринско и дека затоа не треба да има поделби од двете страни на границата.

Гоце Делчев е прв од старите бугарски револуционери кој го заби знамето на ослободувањето на македонско тло. Делчев и како егзархиски учител во Штип, а потоа и како кадет во бугарската војска, целиот свој живот го посветил на слободата на Македонија и Одрин, рече Радев.

Шефот на државата посочи дека Гоце Делчев во текот на животот останал длабоко убеден во идеите за хуманизам, социјална правда, солидарност и братство меѓу луѓето, отфрлање на секаква тиранија и национално угнетување.

Неговите зборови дека светот го доживува само како „поле за културен натпревар меѓу народите“ најдобро ги опишуваат размерите на идеите, верувањата на оваа неверојатна личност, рече Румен Радев.

Премиерот Кирил Петков од своја страна на насобраните им порача дека историјата треба да се памети и чита, но најважно е да се разбере. Гоце Делчев го дефинираше како симбол на слободата и затоа, рече тој, многу е чудно како некои се обидуваат да ја искористат неговата личност за разделба.

Во својот говор Петков ги праша граѓаните дали е нормално некој да се обидува да ја искористи личноста на Гоце Делчев за да ги подели луѓето од двете страни на границата. Дали е нормално луѓето од двете страни на границата, луѓето кои гордо ги именуваат градовите, училиштата, улиците и плоштадите по името на Гоце Делчев да бидат разделени и дали денес сме ја сфатиле историјата и ги следиме нејзините принципи.

На крајот од својот говор Петков ги цитира зборовите на Гоце Делчев „Труд и истрајноста – тоа е силата со која човекот станува најголем во секој потфат“.

Вршителот на должноста амбасадор на Македонија во Бугарија Владимир Крстевски положи венец на споменикот на Гоце Делчев.

Во Софија, пред споменикот на Гоце Делчев во Борисова градина, претставници на македонските семејства и голем број граѓани се собраа и положија цвеќе во знак на благодарност за неговото дело.

The post „Гоце Делчев е прв од старите бугарски револуционери кој го заби знамето на ослободувањето на македонско тло“ кажаа Петков и Радев во Благоевград appeared first on Република.

]]>

Со свечена поворка во центарот на Благоевград, која заврши на плоштадот „Македонија“, беше одбележана 150-годишнината од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев, јави дописникот на МИА од Софија. Присуствуваа претседателот на Бугарија Румен Радев, премиерот Кирил Петков, градоначалникот на Благоевград, бугарски европратеници и голем број граѓани на Благоевград и регионот. Претседателот Радев во својот говор рече дека Гоце Делчев го посветил својот живот на слободата на Македонија и Одринско и дека затоа не треба да има поделби од двете страни на границата.
Гоце Делчев е прв од старите бугарски револуционери кој го заби знамето на ослободувањето на македонско тло. Делчев и како егзархиски учител во Штип, а потоа и како кадет во бугарската војска, целиот свој живот го посветил на слободата на Македонија и Одрин, рече Радев.
Шефот на државата посочи дека Гоце Делчев во текот на животот останал длабоко убеден во идеите за хуманизам, социјална правда, солидарност и братство меѓу луѓето, отфрлање на секаква тиранија и национално угнетување.
Неговите зборови дека светот го доживува само како „поле за културен натпревар меѓу народите“ најдобро ги опишуваат размерите на идеите, верувањата на оваа неверојатна личност, рече Румен Радев.
Премиерот Кирил Петков од своја страна на насобраните им порача дека историјата треба да се памети и чита, но најважно е да се разбере. Гоце Делчев го дефинираше како симбол на слободата и затоа, рече тој, многу е чудно како некои се обидуваат да ја искористат неговата личност за разделба. Во својот говор Петков ги праша граѓаните дали е нормално некој да се обидува да ја искористи личноста на Гоце Делчев за да ги подели луѓето од двете страни на границата. Дали е нормално луѓето од двете страни на границата, луѓето кои гордо ги именуваат градовите, училиштата, улиците и плоштадите по името на Гоце Делчев да бидат разделени и дали денес сме ја сфатиле историјата и ги следиме нејзините принципи. На крајот од својот говор Петков ги цитира зборовите на Гоце Делчев „Труд и истрајноста – тоа е силата со која човекот станува најголем во секој потфат“. Вршителот на должноста амбасадор на Македонија во Бугарија Владимир Крстевски положи венец на споменикот на Гоце Делчев. Во Софија, пред споменикот на Гоце Делчев во Борисова градина, претставници на македонските семејства и голем број граѓани се собраа и положија цвеќе во знак на благодарност за неговото дело.

The post „Гоце Делчев е прв од старите бугарски револуционери кој го заби знамето на ослободувањето на македонско тло“ кажаа Петков и Радев во Благоевград appeared first on Република.

]]>
Чудно зошто Бугарија инсистира на заедничко чествување на Гоце Делчев на неговиот гроб во Скопје, а не во градот каде што се родил https://arhiva3.republika.mk/tvitovi/chudno-zoshto-bugarija-insistira-na-zaednichko-chestvuvanje-na-goce-delchev-na-negoviot-grob-vo-skopje-a-ne-vo-gradot-kade-shto-se-rodil/ Fri, 04 Feb 2022 17:18:41 +0000 https://republika.mk/?p=454330

The post Чудно зошто Бугарија инсистира на заедничко чествување на Гоце Делчев на неговиот гроб во Скопје, а не во градот каде што се родил appeared first on Република.

]]>

The post Чудно зошто Бугарија инсистира на заедничко чествување на Гоце Делчев на неговиот гроб во Скопје, а не во градот каде што се родил appeared first on Република.

]]>
Здружение на историчарите на Македонија: Заедничкото чествување на Делчев е фатален удар врз македонската самобитност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-zdruzenieto-na-istoricharite-na-makedonija-zaednichkoto-chestvuvanje-na-delchev-e-fatalen-udar-vrz-makedonskata-samobitnost/ Fri, 04 Feb 2022 08:03:17 +0000 https://republika.mk/?p=453885

Изразуваме револт и загриженост по повод најавите дека Бугарија и Република Македонија подготвуваат заедничко чествување на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, велат од Здружението на историчарите на Република Македонија.

Доколку е навистина донесена ваква политичка одлука, таа би претставувала фатален удар врз македонската самобитност.

Гоце Делчев бил еден од главните идеолози на македонската револуционерна борба од крајот на 19 и почетокот на 20 век, којшто документирано се борел и стремел за создавање на независна македонска држава, и не постои ниту еден единствен документ дека некогаш се залагал зa обединување на Македонија кон Бугарија.

Тогаш се поставува прашањето на што се должи и како се оправдува потребата од заедничко чествување на Гоце Делчев?

Дали заедничкото чествување значи дека македонската страна ги прифаќа делумно или целосно бугарските тези дека Делчев бил Бугарин кој се борел за автономија на Македонија како етапа кон нејзино обединување со Бугарија?

Дали со политичка одлука за заедничко чествување на Гоце Делчев, македонската и бугарската страна се водат според некој нов договор за којшто јавноста сè уште не е известена?

Дали со политичкиот чин на заедничко чествување на великанот на македонската борба за независност и самостојност, македонската страна ја признава бугарската теза дека Македонците се вештачка коминтерновска творба и широко ја отвора вратата за идно прифаќање на останатите бугарски тези со кои се оспоруваат македонската историја, македонскиот идентитет и македонскиот јазик и самото постоење на македонскиот народ, се вели во реакцијата на Здружението на историчари на Република Македонија кое најавува серија научни трибини, тркалезни маси, предавања и пригодни настани, со кои ќе ја одбележи 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, како и јубилејот 70-годишнината од своето основање во 1952 година.

The post Здружение на историчарите на Македонија: Заедничкото чествување на Делчев е фатален удар врз македонската самобитност appeared first on Република.

]]>

Изразуваме револт и загриженост по повод најавите дека Бугарија и Република Македонија подготвуваат заедничко чествување на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, велат од Здружението на историчарите на Република Македонија.
Доколку е навистина донесена ваква политичка одлука, таа би претставувала фатален удар врз македонската самобитност.

Гоце Делчев бил еден од главните идеолози на македонската револуционерна борба од крајот на 19 и почетокот на 20 век, којшто документирано се борел и стремел за создавање на независна македонска држава, и не постои ниту еден единствен документ дека некогаш се залагал зa обединување на Македонија кон Бугарија.

Тогаш се поставува прашањето на што се должи и како се оправдува потребата од заедничко чествување на Гоце Делчев? Дали заедничкото чествување значи дека македонската страна ги прифаќа делумно или целосно бугарските тези дека Делчев бил Бугарин кој се борел за автономија на Македонија како етапа кон нејзино обединување со Бугарија? Дали со политичка одлука за заедничко чествување на Гоце Делчев, македонската и бугарската страна се водат според некој нов договор за којшто јавноста сè уште не е известена? Дали со политичкиот чин на заедничко чествување на великанот на македонската борба за независност и самостојност, македонската страна ја признава бугарската теза дека Македонците се вештачка коминтерновска творба и широко ја отвора вратата за идно прифаќање на останатите бугарски тези со кои се оспоруваат македонската историја, македонскиот идентитет и македонскиот јазик и самото постоење на македонскиот народ, се вели во реакцијата на Здружението на историчари на Република Македонија кое најавува серија научни трибини, тркалезни маси, предавања и пригодни настани, со кои ќе ја одбележи 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, како и јубилејот 70-годишнината од своето основање во 1952 година.

The post Здружение на историчарите на Македонија: Заедничкото чествување на Делчев е фатален удар врз македонската самобитност appeared first on Република.

]]>