заеднички проект Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zaednichki-proekt/ За подобро да се разбереме Fri, 12 May 2023 11:39:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png заеднички проект Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zaednichki-proekt/ 32 32 Конзерваторските центри од Скопје и од Сараево заеднички ќе го заштитуваат културното наследство https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/konzervatorskite-tsentri-od-skopje-i-od-saraevo-zaednichki-ke-go-zashtituvaat-kulturnoto-nasledstvo/ Fri, 12 May 2023 11:39:46 +0000 https://republika.mk/?p=640129

Националната установа Конзерваторски центар – Скопје и Кантоналниот завод за заштита на културното, историското и природното наследство од Сараево денеска потпишаа Меморандум за соработка во областа на заштитата и промоцијата на културно-историското наследство на Република Македонија и на Босна и Херцеговина.

Константин Димитровски, в. д. директорот на Конзерваторскиот центар од Скопје, и Борис Трапара, директор на Заводот од Сараево, во присуство на членот на кабинетот на министерката за култура, Оливера Ливриниќизразија задоволство од  потпишувањето на Меморандумот за соработка, кој е резултат на интересот и подготвеноста за започнување соработка во областа на промоцијата и зачувувањето на традицијата, културата и универзалните вредности на културно-историското наследство.

Со потпишувањето на Меморандумот се поттикнува директна соработка и размена на експерти и информации меѓу двете сродни институции, како и воспоставување непосредни контакти во областа на музеологијата, археологијата, етнологијата, историјата, архитектурата и историјата на уметноста. Исто така, ќе се овозможи размена на искуства преку спроведување заеднички активности, како: изложби, промоции, манифестации, настани, јавни трибини и други настани.

Конзерваторскиот центар и Заводот, со цел промоција на културно-историското и природното наследство, ќе партипицираат и во изработка на заеднички публикации, организирање заеднички изложби и други заеднички активности од областа на музеологијата и заштитата на културното наследство.

Денешното потпишување на Меморандумот за соработка, според двајцата директори, ќе послужи како општа рамка за институционална соработка и ќе овозможи понатамошно разгледување и развивање специфични програми за соработка од заемен интерес.

На крајот, гостите од Сараево се запознаа со дел од културното наследство од Скопскиот Регион.

The post Конзерваторските центри од Скопје и од Сараево заеднички ќе го заштитуваат културното наследство appeared first on Република.

]]>