заедничка владина седница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zaednichka-vladina-sednitsa/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Nov 2024 14:06:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png заедничка владина седница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zaednichka-vladina-sednitsa/ 32 32 Мицкоски: Договоривме конкретни чекори за подобрување на транспортните и енергетските врски, ќе имаат позитивно влијание врз економскиот развој и напредокот на земјите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-dogovorivme-konkretni-chekori-za-podobruvane-na-transportnite-i-energetskite-vrski-ke-imaat-pozitivno-vlijanie-vrz-ekonomskiot-razvoj-i-napredokot-na-zemjite/ Mon, 18 Nov 2024 14:04:56 +0000 https://republika.mk/?p=839245

Со голема чест сум денес тука во Приштина. Нашата средба беше исклучително продуктивна и исполнета со отворен и искрен дијалог, што е од клучно значење за понатамошното зајакнување на односите помеѓу двете земји. Разговаравме за широк спектар на прашања од заеднички интерес, вклучувајќи економска соработка, зголемување на трговската размена, инфраструктурни проекти и заеднички напори за обезбедување на регионална стабилност и безбедност, истакна премирот Христијан Мицкоски по средбата со неговиот косовски колега Албин Курти.

-Договоривме конкретни чекори и иницијативи кои ќе придонесат за подобрување на транспортните и енергетските врски, што ќе има позитивно влијание врз економскиот развој и напредокот на земјите во регионот.

Исто така, посветивме внимание на образованието, културата и младите, со цел да го поттикнеме меѓусебното разбирање и да изградиме посилни врски помеѓу нашите народи.

Веруваме дека инвестирањето во овие области е инвестирање во нашата заедничка иднина.

Дискутиравме и за важноста на евроатлантските интеграции, заедничката посветеност кон европските вредности и стандарди. Убедени сме дека иднината на Западен Балкан е во Европската Унија и НАТО, и дека преку заеднички напори можеме да ги надминеме предизвиците и обезбедиме просперитет и стабилност за нашите граѓани, вели Мицкоски

Тој додава:

„Сакам да посочам нешто со кое се согласивме со мојот драг колега. Балканот предолго беше место кое интензивно ги полнеше црните хроники во европската и светската јавност. Предолго регионов потроши време на политички прашања, занемарувајќи ги прашањата од реалниот живот на граѓаните. И граѓаните на Приштина и граѓаните на Скопје или било кои други места од двете држави ги интересира подобар живот, подобар стандард, повисоки критериуми за образование. Да ги потенцираме точките кои нè обединуваат и за кои вреди заеднички да работиме. Време е да ги решаваме економските прашања. Оваа средба е токму од таква природа. Тука сме за подобар живот. Токму тоа беше нашиот мотив да ги потпишавме меморандумите и протоколите.

Првиот за енергетика, развивање на соработка за размена на електрична енергија, гас и останати енергетски потенцијали, вториот, протокол за заеднички граничен премин каде ќе се намали времето на премин на граница и третиот е образованието и соработката во оваа област. Време е да разговараме за иднина, наместо за минато. Граѓаните имаат заеднички проблеми, затоа ќе носиме и заеднички решенија. Имаме заеднички вредности кои ги споделуваме и градиме отворени односи со соседите.

На крајот, сакам искрено да му се заблагодарам на мојот колега и пријател Албин Курти за топлото гостопримство и за успешната и конструктивна средба.

Се радувам на нашата идна соработка и на конкретните резултати кои ќе произлезат од денешните разговори“.

https://www.youtube.com/watch?v=ewK2hz0Z4mE

 

The post Мицкоски: Договоривме конкретни чекори за подобрување на транспортните и енергетските врски, ќе имаат позитивно влијание врз економскиот развој и напредокот на земјите appeared first on Република.

]]>

Со голема чест сум денес тука во Приштина. Нашата средба беше исклучително продуктивна и исполнета со отворен и искрен дијалог, што е од клучно значење за понатамошното зајакнување на односите помеѓу двете земји. Разговаравме за широк спектар на прашања од заеднички интерес, вклучувајќи економска соработка, зголемување на трговската размена, инфраструктурни проекти и заеднички напори за обезбедување на регионална стабилност и безбедност, истакна премирот Христијан Мицкоски по средбата со неговиот косовски колега Албин Курти.
-Договоривме конкретни чекори и иницијативи кои ќе придонесат за подобрување на транспортните и енергетските врски, што ќе има позитивно влијание врз економскиот развој и напредокот на земјите во регионот. Исто така, посветивме внимание на образованието, културата и младите, со цел да го поттикнеме меѓусебното разбирање и да изградиме посилни врски помеѓу нашите народи. Веруваме дека инвестирањето во овие области е инвестирање во нашата заедничка иднина. Дискутиравме и за важноста на евроатлантските интеграции, заедничката посветеност кон европските вредности и стандарди. Убедени сме дека иднината на Западен Балкан е во Европската Унија и НАТО, и дека преку заеднички напори можеме да ги надминеме предизвиците и обезбедиме просперитет и стабилност за нашите граѓани, вели Мицкоски
Тој додава:
„Сакам да посочам нешто со кое се согласивме со мојот драг колега. Балканот предолго беше место кое интензивно ги полнеше црните хроники во европската и светската јавност. Предолго регионов потроши време на политички прашања, занемарувајќи ги прашањата од реалниот живот на граѓаните. И граѓаните на Приштина и граѓаните на Скопје или било кои други места од двете држави ги интересира подобар живот, подобар стандард, повисоки критериуми за образование. Да ги потенцираме точките кои нè обединуваат и за кои вреди заеднички да работиме. Време е да ги решаваме економските прашања. Оваа средба е токму од таква природа. Тука сме за подобар живот. Токму тоа беше нашиот мотив да ги потпишавме меморандумите и протоколите. Првиот за енергетика, развивање на соработка за размена на електрична енергија, гас и останати енергетски потенцијали, вториот, протокол за заеднички граничен премин каде ќе се намали времето на премин на граница и третиот е образованието и соработката во оваа област. Време е да разговараме за иднина, наместо за минато. Граѓаните имаат заеднички проблеми, затоа ќе носиме и заеднички решенија. Имаме заеднички вредности кои ги споделуваме и градиме отворени односи со соседите. На крајот, сакам искрено да му се заблагодарам на мојот колега и пријател Албин Курти за топлото гостопримство и за успешната и конструктивна средба. Се радувам на нашата идна соработка и на конкретните резултати кои ќе произлезат од денешните разговори“.
https://www.youtube.com/watch?v=ewK2hz0Z4mE  

The post Мицкоски: Договоривме конкретни чекори за подобрување на транспортните и енергетските врски, ќе имаат позитивно влијание врз економскиот развој и напредокот на земјите appeared first on Република.

]]>
Курти ги занеме ДУИ: Албанскиот јазик не е под закана во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kurti-gi-zaneme-dui-albanskiot-jazik-ne-e-pod-zakana-vo-makedonija/ Mon, 18 Nov 2024 13:57:11 +0000 https://republika.mk/?p=839238

Премиерот на Косово, Албин Курти по заедничката меѓувладина седница со македонската и косовската влада, зборуваше за загрозувањето на албанскиот јазик во Македонија, како што вели албанската опозиција, и побара од Косово и од Албанија да го заштити јазикот.

„Нема ниту имало во минатото употреба на албанскиот јазик во Македонија, туку за јазиците на националностите на 20% од жителите во земјата. Од друга страна верувам дека сите треба да чекаме една правична одлука на Уставниот суд во Македонија, кој нема да направи ниту исклучување, ниту дискриминација, и кој го почитува повеќејазичниот карактер во Македонија кој несомнено постои. Знаете вие во Косово дека Албанци се 93%, четири посто се Срби, а српскиот јазик е службен тука кај нас. Но, во Македонија не може да се каже дека албанскиот јазик е службен јазик, и сега е под закана. Ова не е вистина“, рече Курти.

The post Курти ги занеме ДУИ: Албанскиот јазик не е под закана во Македонија appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Косово, Албин Курти по заедничката меѓувладина седница со македонската и косовската влада, зборуваше за загрозувањето на албанскиот јазик во Македонија, како што вели албанската опозиција, и побара од Косово и од Албанија да го заштити јазикот.
„Нема ниту имало во минатото употреба на албанскиот јазик во Македонија, туку за јазиците на националностите на 20% од жителите во земјата. Од друга страна верувам дека сите треба да чекаме една правична одлука на Уставниот суд во Македонија, кој нема да направи ниту исклучување, ниту дискриминација, и кој го почитува повеќејазичниот карактер во Македонија кој несомнено постои. Знаете вие во Косово дека Албанци се 93%, четири посто се Срби, а српскиот јазик е службен тука кај нас. Но, во Македонија не може да се каже дека албанскиот јазик е службен јазик, и сега е под закана. Ова не е вистина“, рече Курти.

The post Курти ги занеме ДУИ: Албанскиот јазик не е под закана во Македонија appeared first on Република.

]]>
Курти: Го поздравуваме конечното завршување на изградбата на автопатот од Блаце до Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kurti-go-pozdravuvame-konechnoto-zavrshuvane-na-izgradbata-na-avtopatot-od-blatse-do-skopje/ Mon, 18 Nov 2024 13:51:14 +0000 https://republika.mk/?p=839222

Косовскиот премиер, Албин Курти, на заедничката прес конференција со македонскиот премиер, Христијан Мицкоски, меѓу другото зборуваше и за добрите односи меѓу Косово и Македонија кои, според него, се рефлектираат во „континуираниот раст на трговијата“.

„Добрите односи меѓу нашите две земји се рефлектираат и во континуираниот пораст на трговската размена, која во 2023 година достигна над 432 милиони евра, што е извонреден пораст од 52 отсто во однос на 2019 година, каде што изнесуваше 284 милиони евра. Зголемена е и комерцијалната размена во смисла на извоз од Косово во Македонија, од 44 милиони во првата година пред пандемијата 2019 година на 121 милион во последната 2023 година, што е зголемување за 175 отсто“, рече Курти.

Курти нагласи дека меѓу двете земји досега се потпишани над 50 договори и меморандуми кои „ни понудија уште повеќе меѓусебно, но она што треба повеќе да го нагласиме е нивното целосно и прецизно спроведување.

Курти го спомена и автопатот Блаце – Скопје.

„Го поздравуваме конечното завршување на изградбата на автопатот од Блаца до Скопје, преостанатите 10 километри кои би ја поврзале автопатската мрежа во МВ со автопатот Арбен Џафери на Косово и заедно се обврзуваме на имплементација на тунелот што ги поврзува Призрен со Тетово, оваа заложба веќе ја добија и другите две земји“, рече Курти.

The post Курти: Го поздравуваме конечното завршување на изградбата на автопатот од Блаце до Скопје appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер, Албин Курти, на заедничката прес конференција со македонскиот премиер, Христијан Мицкоски, меѓу другото зборуваше и за добрите односи меѓу Косово и Македонија кои, според него, се рефлектираат во „континуираниот раст на трговијата“.
„Добрите односи меѓу нашите две земји се рефлектираат и во континуираниот пораст на трговската размена, која во 2023 година достигна над 432 милиони евра, што е извонреден пораст од 52 отсто во однос на 2019 година, каде што изнесуваше 284 милиони евра. Зголемена е и комерцијалната размена во смисла на извоз од Косово во Македонија, од 44 милиони во првата година пред пандемијата 2019 година на 121 милион во последната 2023 година, што е зголемување за 175 отсто“, рече Курти.
Курти нагласи дека меѓу двете земји досега се потпишани над 50 договори и меморандуми кои „ни понудија уште повеќе меѓусебно, но она што треба повеќе да го нагласиме е нивното целосно и прецизно спроведување. Курти го спомена и автопатот Блаце – Скопје.
„Го поздравуваме конечното завршување на изградбата на автопатот од Блаца до Скопје, преостанатите 10 километри кои би ја поврзале автопатската мрежа во МВ со автопатот Арбен Џафери на Косово и заедно се обврзуваме на имплементација на тунелот што ги поврзува Призрен со Тетово, оваа заложба веќе ја добија и другите две земји“, рече Курти.

The post Курти: Го поздравуваме конечното завршување на изградбата на автопатот од Блаце до Скопје appeared first on Република.

]]>
Мицкоски – Курти: Време е за решавање на економските прашања https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-kurti-vreme-e-za-reshavane-na-ekonomskite-prashana/ Mon, 18 Nov 2024 13:43:19 +0000 https://republika.mk/?p=839219

Време е да ги решаваме економските прашања, истакна македонскиот премиер Христијан Мицкоски на денешната заедничка прес-конференција со неговиот косовски колега Албин Курти, по заедничката владина седница во Приштина.

Двајцата премиери и членовите на двете влади разговарале за широк спектар на прашања од заеднички интерес вклучувајќи ја економската соработка, зголемувањето на трговската размена, инфраструктурните проекти и заедничките напори за обезбедување на регионалната стабилност и безбедност, јави известувачот на МИА од Приштина.

Мицкоски оцени дека средбата била исклучително продуктивна, со искрен и отворен дијалог што е од клучно значење за зајакнување на односите меѓу двете земји.

-Убедени сме дека иднината на Западниот Балкан е во Европската Унија и во НАТО, рече Мицкоски, потенцирајќи дека граѓаните ги интересира поголем стандард.

Тој кажа дека се договорени конкретни чекори за подобрување на транспортните и енергетските врски што ќе има позитивно влијание на економскиот развој и напредокот на земјите во регионот. Исто така и за младите, образованието и младите.

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната меѓувладина седница во Приштина истакнал дека очекува следната година економската соработка меѓу двете земји да достигне половина милијарда евра.

Косовскиот премиер Курти му се заблагодари на премиерот Мицкоски за волјата за продлабочување на соработката и зајакнување на партнерството меѓу двете држави во интерес на граѓаните и на регионот.

Владите на Македонија и на Косово денеска во Приштина одржаа заедничка седница по што беа потпишани билатерални договори и меморандуми за соработка во повеќе области. Со седницата претседаваа премиерите Христијан Мицкоски и Албин Курти.

По седницата беа потпишани три документи. Првиот е меморандум за соработка во областа на енергетиката, рударството и минералните суровини, со којшто се дефинираат иницијативи за соработка во полето на енергетиката, гас, јаглен, електрична енергија и на релевантни инфраструктурни проекти за интерконекција за гас и други проектни иницијативи, како и иницирање соработка за испитување на можноста за развој на нова директна врска за гас Република Косово-Република Македонија.

Вториот документ е Информација за склучување на протокол за спроведување на Договорот за заеднички гранични премини „Блаце – Елез Хан“ и „Јажинце-Глобочица“. Со овој протокол се регулира начинот на проверки и царинска контрола, инфраструктурата на заедничките гранични точки, меѓусебно поврзување на системите на гранично управување и начинот на одржување на објектите.

Потпишан е и Меморандум за разбирање и соработка меѓу Министерството за образование и наука на Македонија и Министерството за образование, наука, технологија и иновации на Косово.

По официјалниот пречек, се одржа тет-а-тет средба на двајцата премиери Мицкоски и Курти, а потоа и меѓувладината седница.

Членовите на македонската влада, предводена од премиерот Мицкоски во Приштина беа пречекани со највисоки почести.

The post Мицкоски – Курти: Време е за решавање на економските прашања appeared first on Република.

]]>

Време е да ги решаваме економските прашања, истакна македонскиот премиер Христијан Мицкоски на денешната заедничка прес-конференција со неговиот косовски колега Албин Курти, по заедничката владина седница во Приштина. Двајцата премиери и членовите на двете влади разговарале за широк спектар на прашања од заеднички интерес вклучувајќи ја економската соработка, зголемувањето на трговската размена, инфраструктурните проекти и заедничките напори за обезбедување на регионалната стабилност и безбедност, јави известувачот на МИА од Приштина. Мицкоски оцени дека средбата била исклучително продуктивна, со искрен и отворен дијалог што е од клучно значење за зајакнување на односите меѓу двете земји.
-Убедени сме дека иднината на Западниот Балкан е во Европската Унија и во НАТО, рече Мицкоски, потенцирајќи дека граѓаните ги интересира поголем стандард.
Тој кажа дека се договорени конкретни чекори за подобрување на транспортните и енергетските врски што ќе има позитивно влијание на економскиот развој и напредокот на земјите во регионот. Исто така и за младите, образованието и младите. Премиерот Христијан Мицкоски на денешната меѓувладина седница во Приштина истакнал дека очекува следната година економската соработка меѓу двете земји да достигне половина милијарда евра. Косовскиот премиер Курти му се заблагодари на премиерот Мицкоски за волјата за продлабочување на соработката и зајакнување на партнерството меѓу двете држави во интерес на граѓаните и на регионот. Владите на Македонија и на Косово денеска во Приштина одржаа заедничка седница по што беа потпишани билатерални договори и меморандуми за соработка во повеќе области. Со седницата претседаваа премиерите Христијан Мицкоски и Албин Курти. По седницата беа потпишани три документи. Првиот е меморандум за соработка во областа на енергетиката, рударството и минералните суровини, со којшто се дефинираат иницијативи за соработка во полето на енергетиката, гас, јаглен, електрична енергија и на релевантни инфраструктурни проекти за интерконекција за гас и други проектни иницијативи, како и иницирање соработка за испитување на можноста за развој на нова директна врска за гас Република Косово-Република Македонија. Вториот документ е Информација за склучување на протокол за спроведување на Договорот за заеднички гранични премини „Блаце – Елез Хан“ и „Јажинце-Глобочица“. Со овој протокол се регулира начинот на проверки и царинска контрола, инфраструктурата на заедничките гранични точки, меѓусебно поврзување на системите на гранично управување и начинот на одржување на објектите. Потпишан е и Меморандум за разбирање и соработка меѓу Министерството за образование и наука на Македонија и Министерството за образование, наука, технологија и иновации на Косово. По официјалниот пречек, се одржа тет-а-тет средба на двајцата премиери Мицкоски и Курти, а потоа и меѓувладината седница. Членовите на македонската влада, предводена од премиерот Мицкоски во Приштина беа пречекани со највисоки почести.

The post Мицкоски – Курти: Време е за решавање на економските прашања appeared first on Република.

]]>
Меџити: Ќе одиме во Приштина за да го зајакнеме духот на меѓудржавната соработка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/medhiti-ke-odime-vo-prishtina-za-da-go-zajakneme-duhot-na-megudrzhavnata-sorabotka/ Sun, 17 Nov 2024 20:58:50 +0000 https://republika.mk/?p=838956

Првиот заменик-премиер Изет Меџити вели дека утре утрешната првата заедничка меѓувладина седница во Косово, , покрај протоколарниот дел и усогласената агенда меѓу двете влади околу прашањата за кои ќе се дискутира и договорите што ќе се потпишат, претставува и континуитет на нашата посветеност за зајакнување на регионалната соработка и за третирање на Република Косово како еднаков партнер во сите регионални иницијативи и активности.

Тој на социјалните мрежи напиша дека Владата доаѓа во Приштина со проактивен пристап и искрен интерес за да ги разгледа сите прашања од интерес за нашите две земји.

„Независно од проблемите кои новата Влада ги наследи од претходните влади, независно од оркестрираните тенденции да се обвини новата Влада за секој неуспех оставен во наследство од минатото, духот на меѓудржавната соработка ќе се зајакне и меѓусебната доверба меѓу Македонија и Косово ќе се зголемува континуирано и ќе се гради, бидејќи ова е наша заедничка обврска пред нашите граѓани.

Нашите политички партнери, пријатели и сите други општествени актери во Република Косово сакам да ги информирам дека Владата на Македонија е решена и непоколеблива да работи Западен Балкан да се трансформира во развиен и интегриран регион со модерни институции и услуги и со гарантирање на слободата на изразување, слободата на движење и слободата на организирање за секој поединец или група, без разлика на нивната припадност“, напиша Меџити.

The post Меџити: Ќе одиме во Приштина за да го зајакнеме духот на меѓудржавната соработка appeared first on Република.

]]>

Првиот заменик-премиер Изет Меџити вели дека утре утрешната првата заедничка меѓувладина седница во Косово, , покрај протоколарниот дел и усогласената агенда меѓу двете влади околу прашањата за кои ќе се дискутира и договорите што ќе се потпишат, претставува и континуитет на нашата посветеност за зајакнување на регионалната соработка и за третирање на Република Косово како еднаков партнер во сите регионални иницијативи и активности. Тој на социјалните мрежи напиша дека Владата доаѓа во Приштина со проактивен пристап и искрен интерес за да ги разгледа сите прашања од интерес за нашите две земји.
„Независно од проблемите кои новата Влада ги наследи од претходните влади, независно од оркестрираните тенденции да се обвини новата Влада за секој неуспех оставен во наследство од минатото, духот на меѓудржавната соработка ќе се зајакне и меѓусебната доверба меѓу Македонија и Косово ќе се зголемува континуирано и ќе се гради, бидејќи ова е наша заедничка обврска пред нашите граѓани. Нашите политички партнери, пријатели и сите други општествени актери во Република Косово сакам да ги информирам дека Владата на Македонија е решена и непоколеблива да работи Западен Балкан да се трансформира во развиен и интегриран регион со модерни институции и услуги и со гарантирање на слободата на изразување, слободата на движење и слободата на организирање за секој поединец или група, без разлика на нивната припадност“, напиша Меџити.

The post Меџити: Ќе одиме во Приштина за да го зајакнеме духот на меѓудржавната соработка appeared first on Република.

]]>
Објавена агендата на утрешната заедничка седница на владите на Косово и Македонија во Приштина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/objavena-agendata-na-utreshnata-zaednichka-sednitsa-na-vladite-na-kosovo-i-makedonija-vo-prishtina/ Sun, 17 Nov 2024 15:27:54 +0000 https://republika.mk/?p=838874

Кабинетот на косовскиот премиер, Албин Курти ја објави попладнево конечната агенда за заедничката средба на Владата на Косово и Владата на Македонија, што ќе се одржи утре во Приштина.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, од 10:30 до 10:45 часот се очекува пристигнување на делегациите, а потоа и на премиерите Албин Курти и Христијан Мицкоски.

По официјалната церемонија и заедничката фотографија, претседателите на двете влади се очекува да имаат билатерална средба од 11.20 до 11.50 часот.

По оваа средба ќе следат билатерални средби меѓу министрите (колеги) од двете влади, а потоа ќе се одржи меѓувладината седница, по што во 13 часот и 30 минути ќе бидат потпишани предвидените договори.

Заедничката прес-конференција на премиерите Курти и Мицкоски е предвидена за во 13:45 часот, по што агендата ќе биде затворена со службен ручек.

 

The post Објавена агендата на утрешната заедничка седница на владите на Косово и Македонија во Приштина appeared first on Република.

]]>

Кабинетот на косовскиот премиер, Албин Курти ја објави попладнево конечната агенда за заедничката средба на Владата на Косово и Владата на Македонија, што ќе се одржи утре во Приштина. Како што јави дописникот на МИА од Приштина, од 10:30 до 10:45 часот се очекува пристигнување на делегациите, а потоа и на премиерите Албин Курти и Христијан Мицкоски. По официјалната церемонија и заедничката фотографија, претседателите на двете влади се очекува да имаат билатерална средба од 11.20 до 11.50 часот. По оваа средба ќе следат билатерални средби меѓу министрите (колеги) од двете влади, а потоа ќе се одржи меѓувладината седница, по што во 13 часот и 30 минути ќе бидат потпишани предвидените договори. Заедничката прес-конференција на премиерите Курти и Мицкоски е предвидена за во 13:45 часот, по што агендата ќе биде затворена со службен ручек.  

The post Објавена агендата на утрешната заедничка седница на владите на Косово и Македонија во Приштина appeared first on Република.

]]>