заедничка литургија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zaednichka-liturgija/ За подобро да се разбереме Sun, 12 Jun 2022 15:05:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png заедничка литургија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zaednichka-liturgija/ 32 32 Во Истанбул се и Спасовски, Османи и Петровска – еве што порачуваат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-istanbul-se-i-spasovski-osmani-i-petrovska-eve-shto-porachuvaat/ Sun, 12 Jun 2022 15:05:37 +0000 https://republika.mk/?p=514155

На овој велик ден кога ја чествуваме и Педесетница, слегувањето на Светиот дух на апостолите на педесеттиот ден од Неговото воскреснување, стаса и долгоочекуваниот глас на вистината по кој копнееше секој еден верник на нашата древна црква, Охридската Архиепископија, возобновена во лицето на Македонската Православна Црква, пишува на Фејсбук, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој е дел од владината делегација во Истанбул на Патријаршиска и синодална литургија во Соборниот храм „Св. Георгиј“.

Опишувајќи го како историски настан со којшто се исправа долгата неправда врз македонската Црква, Спасовски вели дека официјално востановено е канонско единство и враќање на МПЦ-ОА меѓу православните цркви.

Дозволете да го искажам впечатокот од настан којшто се повторува после два и пол века, кога за последен пат сослужувале литургија Македонски Архиепископ и Вселенски Патријарх. Со голем пиетет присуствував на Патријаршиската и Синодална Света Литургија и В. Вечерна на Светиот Дух, заедничко сослужување на Неговата Сесветост Вселенскиот Патријарх Вартоломеј и Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, како и на прием во Престолната сала во Патријаршискиот храм „Св. Ѓорѓија Победоносец“, во древниот Фанар, пишува министерот.

Тој се заблагодари до Неговата Сесветост Патријархот Вартоломеј, за честа и милоста со која го удостои македонскиот народ преку врачувањето на Синодалниот акт за востановувањето на литургиското општење со Великата Христова Црква и се заблагодари до братољубивата расположба на СПЦ за единството и евхаристичкото зближување преку заемната почит.

Ова е голема радост за македонскиот народ, за сите православни верници кои со своите молитви, жртва и надеж, придонесоа за враќањето на христоносниот народ во Мајката Црква, за прогласувањето на МПЦ-ОА за канонска и валидна во сеправославниот свет. Исконската љубов на верниот македонски народ е нераскинлив дел од македонскиот идентитет – живот раѓа низ вековите што одминале, ќе живее за навек, порача министерот Спасовски.

Нашата Охридската Архиепископија која е столб на национален идентитет, официјално е примена во канонско единство во сеправославниот христијански свет! Овде во седиштето на Вселенската патријаршија добивме уверување дека целиот процес на признавање на автокефалноста наскоро ќе заврши со потпишување на Томосот од Вселенскиот Патријарх г.г.Вартоломеј, напиша министерката за одбрана Славјанка Петровска на Фејсбук.

Со заедничкото денешно богослужење и врачувањето на актот за прифаќање во литургиско единство од Вселенскиот Патријарх на Архиепископот г.г. Стефан, како што посочува министерката, е направен голем исчекор до добивање на Томос за целосна автокефалност.

Благодарност за подадената рака и за оддадената чест на премиерот Димитар Ковачевски, на литургијата да го прочита Симболот на верата во име на македонскиот народ, на македонски јазик, како потврда за нашата македонска посебност и идентитет. Честитки до Архиепископот г.г. Стефан, Светиот Архиерејски Синод на нашата Црква, верниците и сите граѓани од државата, пишува Петровска.

Благодарение на Одлуката на Вселенскиот патријарх г.г Вартоломеј и потоа нејзино прифаќање од СПЦ, нагласува таа, се прекина повеќедецениската сестрана изолација и етаблирање на нашата возобновена Охридска Архиепископија како рамноправен меѓународен ентитет во православната екумена што е голем успех на нашата Црква, народот и државата.

Благодарност до Вселенскиот патријарх Вартоломеј за приемот на Охридската Архиепископија во канонско единство со другите православни цркви, изрази попладнево министерот за надворешни работи Бујар Османи во објава на Фејсбук.

Со ваквиот чекор, додава тој, се отстранува повеќедецениската изолација и се отвара патот за добивање автокефалност во периодот што следи.

The post Во Истанбул се и Спасовски, Османи и Петровска – еве што порачуваат appeared first on Република.

]]>

На овој велик ден кога ја чествуваме и Педесетница, слегувањето на Светиот дух на апостолите на педесеттиот ден од Неговото воскреснување, стаса и долгоочекуваниот глас на вистината по кој копнееше секој еден верник на нашата древна црква, Охридската Архиепископија, возобновена во лицето на Македонската Православна Црква, пишува на Фејсбук, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој е дел од владината делегација во Истанбул на Патријаршиска и синодална литургија во Соборниот храм „Св. Георгиј“. Опишувајќи го како историски настан со којшто се исправа долгата неправда врз македонската Црква, Спасовски вели дека официјално востановено е канонско единство и враќање на МПЦ-ОА меѓу православните цркви.
Дозволете да го искажам впечатокот од настан којшто се повторува после два и пол века, кога за последен пат сослужувале литургија Македонски Архиепископ и Вселенски Патријарх. Со голем пиетет присуствував на Патријаршиската и Синодална Света Литургија и В. Вечерна на Светиот Дух, заедничко сослужување на Неговата Сесветост Вселенскиот Патријарх Вартоломеј и Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, како и на прием во Престолната сала во Патријаршискиот храм „Св. Ѓорѓија Победоносец“, во древниот Фанар, пишува министерот.
Тој се заблагодари до Неговата Сесветост Патријархот Вартоломеј, за честа и милоста со која го удостои македонскиот народ преку врачувањето на Синодалниот акт за востановувањето на литургиското општење со Великата Христова Црква и се заблагодари до братољубивата расположба на СПЦ за единството и евхаристичкото зближување преку заемната почит.
Ова е голема радост за македонскиот народ, за сите православни верници кои со своите молитви, жртва и надеж, придонесоа за враќањето на христоносниот народ во Мајката Црква, за прогласувањето на МПЦ-ОА за канонска и валидна во сеправославниот свет. Исконската љубов на верниот македонски народ е нераскинлив дел од македонскиот идентитет – живот раѓа низ вековите што одминале, ќе живее за навек, порача министерот Спасовски.
Нашата Охридската Архиепископија која е столб на национален идентитет, официјално е примена во канонско единство во сеправославниот христијански свет! Овде во седиштето на Вселенската патријаршија добивме уверување дека целиот процес на признавање на автокефалноста наскоро ќе заврши со потпишување на Томосот од Вселенскиот Патријарх г.г.Вартоломеј, напиша министерката за одбрана Славјанка Петровска на Фејсбук. Со заедничкото денешно богослужење и врачувањето на актот за прифаќање во литургиско единство од Вселенскиот Патријарх на Архиепископот г.г. Стефан, како што посочува министерката, е направен голем исчекор до добивање на Томос за целосна автокефалност.
Благодарност за подадената рака и за оддадената чест на премиерот Димитар Ковачевски, на литургијата да го прочита Симболот на верата во име на македонскиот народ, на македонски јазик, како потврда за нашата македонска посебност и идентитет. Честитки до Архиепископот г.г. Стефан, Светиот Архиерејски Синод на нашата Црква, верниците и сите граѓани од државата, пишува Петровска.
Благодарение на Одлуката на Вселенскиот патријарх г.г Вартоломеј и потоа нејзино прифаќање од СПЦ, нагласува таа, се прекина повеќедецениската сестрана изолација и етаблирање на нашата возобновена Охридска Архиепископија како рамноправен меѓународен ентитет во православната екумена што е голем успех на нашата Црква, народот и државата. Благодарност до Вселенскиот патријарх Вартоломеј за приемот на Охридската Архиепископија во канонско единство со другите православни цркви, изрази попладнево министерот за надворешни работи Бујар Османи во објава на Фејсбук. Со ваквиот чекор, додава тој, се отстранува повеќедецениската изолација и се отвара патот за добивање автокефалност во периодот што следи.

The post Во Истанбул се и Спасовски, Османи и Петровска – еве што порачуваат appeared first on Република.

]]>
Скопје со посебен сообраќаен режим, верниците кои сакаат, можат да присустуваат на заедничката литургија на МПЦ и СПЦ во Соборниот храм https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/skopje-so-poseben-soobrakjaen-rezim-vernicite-koi-sakaat-mozat-da-prisustuvaat-na-zaednichkata-liturgija-na-mpc-i-spc-vo-soborniot-hram/ Tue, 24 May 2022 06:58:45 +0000 https://republika.mk/?p=506285

Патријархот Порфириј и Архиепископот охридски и македонски Стефан, на празникот Свети Кирил и Методиј, ќе отслужат света архиерејска литургија во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Литургијата почнува во 9 часот и е отворена за сите верници кои сакаат да присустуваат.

Делегација на српската православна црква предводена од Патријархот Профирије вчера попладне пристигна во канонска посета на МПЦ-ОА, каде се сретнаа и со Архиепископот Стефан.

Поради денешната втора заедничка литургија на поглаварите на двете цркви, во Скопје ќе има посебен режим на сообраќајот. За сообраќај ќе бидат затворени булеварот „Партизански одреди” од крстосница со улицата „Аминта Трети” до крстосница со булевар „ВМРО”, како и улицата „Св. Климент Охридски” од крстосница со булевар „Илинден” до крстосница со улица „Димитрие Чуповски”.

На оваа посета на поглаварот на СПЦ, Порфириј, и претходеше заедничката архијерејска литургија на помирување што се одржа на 19 мај во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград, а со која чиноначалствуваа патријархот Порфириј и архиепископот Охридски и Македонски Стефан.

Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја поздрави литургијата на помирување што ја одржаа СПЦ и МПЦ-ОА во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград со која беше ставен крај на 55-годишниот раскол, само неколку дена по одлуката на Фанар да ја прифати Охридската архиепископија во канонска и евхаристичка заедница.

Вселенската патријаршија на 9 мај ја призна канонската природа на Македонската православна црква – Охридската архиепископија, со што по 55 години му се даде можност на македонското свештенство да има заеднички богослужби со другите православни цркви. Таа одлука не значи томос за автокефалност со кој официјално се регулира меѓународното име и статус на црквата, туку е „израз на татковската љубов и грижа на Вселенската патријаршија“ и најава дека МПЦ повеќе не е во раскол со целиот православен свет и оти македонските свештеници можат да служат со свештениците од другите православни цркви.

The post Скопје со посебен сообраќаен режим, верниците кои сакаат, можат да присустуваат на заедничката литургија на МПЦ и СПЦ во Соборниот храм appeared first on Република.

]]>

Патријархот Порфириј и Архиепископот охридски и македонски Стефан, на празникот Свети Кирил и Методиј, ќе отслужат света архиерејска литургија во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Литургијата почнува во 9 часот и е отворена за сите верници кои сакаат да присустуваат. Делегација на српската православна црква предводена од Патријархот Профирије вчера попладне пристигна во канонска посета на МПЦ-ОА, каде се сретнаа и со Архиепископот Стефан. Поради денешната втора заедничка литургија на поглаварите на двете цркви, во Скопје ќе има посебен режим на сообраќајот. За сообраќај ќе бидат затворени булеварот „Партизански одреди” од крстосница со улицата „Аминта Трети” до крстосница со булевар „ВМРО”, како и улицата „Св. Климент Охридски” од крстосница со булевар „Илинден” до крстосница со улица „Димитрие Чуповски”. На оваа посета на поглаварот на СПЦ, Порфириј, и претходеше заедничката архијерејска литургија на помирување што се одржа на 19 мај во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград, а со која чиноначалствуваа патријархот Порфириј и архиепископот Охридски и Македонски Стефан. Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја поздрави литургијата на помирување што ја одржаа СПЦ и МПЦ-ОА во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград со која беше ставен крај на 55-годишниот раскол, само неколку дена по одлуката на Фанар да ја прифати Охридската архиепископија во канонска и евхаристичка заедница. Вселенската патријаршија на 9 мај ја призна канонската природа на Македонската православна црква – Охридската архиепископија, со што по 55 години му се даде можност на македонското свештенство да има заеднички богослужби со другите православни цркви. Таа одлука не значи томос за автокефалност со кој официјално се регулира меѓународното име и статус на црквата, туку е „израз на татковската љубов и грижа на Вселенската патријаршија“ и најава дека МПЦ повеќе не е во раскол со целиот православен свет и оти македонските свештеници можат да служат со свештениците од другите православни цркви.

The post Скопје со посебен сообраќаен режим, верниците кои сакаат, можат да присустуваат на заедничката литургија на МПЦ и СПЦ во Соборниот храм appeared first on Република.

]]>
Заедничка литургија на МПЦ-ОА и СПЦ во соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zaednichka-liturgija-na-mpc-oa-i-spc-vo-soborniot-hram-sv-kliment-ohridski-vo-skopje/ Tue, 24 May 2022 06:25:49 +0000 https://republika.mk/?p=506272

На Денот на сесловенските просветители свети Кирил и Методиј, денеска во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, ќе се одржи литургијата, со која ќе чиноначалствуваат поглаварите на МПЦ-ОА и СПЦ, архиепископот охридски и македонски Стефан и патријархот српски Порфириј. Литургијата, која ќе почне во 9 часот, ќе биде отворена за верниците.

Заедничкото сослужување на двајцата поглавари, доаѓа по надминувањето на 55-годишниот раскол меѓу СПЦ и МПЦ-ОА и возобновувањето на канонското и евхаристичкото општење, откако Вселенската патријаршија донесе одлука МПЦ-ОА да ја признае за канонска црква.

Со заедничката литургија ќе чиноначалствуваат поглаварите Стефан и Порфириј, а ќе сослужуваат сите владици на МПЦ-ОА и владици на СПЦ. На крајот на Божествената литургијата двајцата поглавари ќе имаат обраќања.

Претходно, на 19 мај, двајцата поглавари служеа заедничка архијерејска литургија на помирување во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград, на покана на српскиот патријарх Порфириј. По ова, следеше покана од архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, за заедничка литургија во храмот „Св. Климент Охридски“ во Скопје на Денот на сесловенските просветители светите рамноапостоли Кирил и Методиј.

Заедничката литургија е во рамки на канонската посета на делегација на СПЦ, предводена од патријархот Порфириј, која вчера пристигна во Скопје. Делегацијата ја сочинуваат дваесет лица, меѓу кои и осуммина владици на СПЦ.

На оваа посета на поглаварот на СПЦ Порфириј и претходеше заедничката архијерејска литургија на помирување што се одржа на 19-ти месецов во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград, а со која чиноначалствуваа патријархот Порфириј и архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан. Со литургијата беше потврдено надминувањето на 55-годишниот раскол меѓу СПЦ и МПЦ-ОА и возобновувањето на канонското и евхаристиското општење.

Денешната заедничка литургија следи откако вчера во Белград заврши Соборот на Српската православна црква, кој на 16 мај го потврди статусот на најширока можна автономија за МПЦ-ОА, односно целосна внатрешна независност, доделен во 1959 година.

Во вчерашното соопштение објавено на официјалниот сајт на СПЦ, покрај повеќе одлуки кои се донесени на овој Собор, се споменува и заедничката литургија во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград, со кој се воспостави евхаристичко општење и канонското единство помеѓу СПЦ и МПЦ-ОА.

– Во дијалогот за идниот и евентуално конечен канонски статус на МПЦ, Српската православна црква ќе се води само од канонски и црковно-пасторални принципи, критериуми и норми, не грижејќи се за „реалполитички“, „геополитички“, „црковнополитички“ или за еднострани иницијативи и не потпаѓајќи под на ничие влијание или притисок. Соборот на СПЦ нема намера после решавањето на статусот да ја условува новата сестринска Црква со оганичувачки клаузули во однос на опсегот на нејзината јуриздикција во матичната земја и дијаспората, со препорака на истата прашањето за нејзиното официјално име да се реши во директен братски дијалог со гркофонските и другите православни цркви, се наведува во соопштението од Соборот на СПЦ.

Спорот меѓу двете сестрински цркви почна на 17 јули 1967 година, кога Третиот црковно-народен собор свикан од Светиот синод на МПЦ на свечена седница во охридската црква „Св. Климент“ ја прогласи Македонската православна црква за автокефална. По ова, Светиот архиерејскиот собор на СПЦ ја прогласи МПЦ за расколничка организација и го прекина богослужбеното и канонското единство.

По 55-години раскол, на 9 мај Вселенската патријаршија, ја прекина изолацијата на МПЦ-ОА и ја призна за канонска црква, по што односите меѓу СПЦ и МПЦ-ОА почнаа да се затоплуваат. Со оваа одлука на Вселенската патријаршија му се даде можност на македонското свештенство да има заеднички богослужби со другите православни цркви. Таа одлука не значи томос за автокефалност со кој официјално се регулира меѓународното име и статус на црквата, туку е „израз на татковската љубов и грижа на Вселенската патријаршија“ и најава дека МПЦ повеќе не е во раскол со целиот православен свет и оти македонските свештеници можат да служат со свештениците од другите православни цркви.

Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја поздрави литургијата на помирување што ја одржаа СПЦ и МПЦ-ОА во соборниот храм „Свети Сава“. На средба со професори и студенти од Богословијата „Св. Петар Цетињски“, кои се во посета на Вселенската патријаршија, патријархот Вартоломеј рече дека сослужувањето на српскиот патријарх Порфириј и архиепископот охридски Стефан со право може да се оцени како чин на помирување и соработка, кој се случи, како што наведе, само неколку дена по неговата историска одлука во однос на црквата во Македонија.

– Преку вас ја поздравувам светата црква на Србија и срдечно го прегрнувам нејзиниот поглавар, најљубениот и блажениот патријарх г. Порфириј. Нашите две цркви се поврзани со свети и неуништливи врски, на заедничка вера и заеднички борби, и врски на љубовта на мајката кон својата сакана ќерка, кои според апостол Павле, „никогаш не пропаѓаат“, истакна вселенскиот патријарх.

Тој ја нагласи и радоста на, како што посочи, Мајката црква во Константинопол по „историската одлука“ на нејзиниот Синод за враќање на Охридската архиепископија во евхаристиска заедница, што го отвори патот за помирување со СПЦ и воспоставување на мирот и поредокот на Балканот.

Инаку, поради денешната втора заедничка литургија на поглаварите на двете цркви, во Скопје ќе има посебен режим на сообраќајот. За сообраќај ќе бидат затворени булеварот „Партизански одреди” од крстосница со улицата „Аминта Трети” до крстосница со булевар „ВМРО”, како и улицата „Св. Климент Охридски” од крстосница со булевар „Илинден” до крстосница со улица „Димитрие Чуповски”.

 

The post Заедничка литургија на МПЦ-ОА и СПЦ во соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје appeared first on Република.

]]>

На Денот на сесловенските просветители свети Кирил и Методиј, денеска во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, ќе се одржи литургијата, со која ќе чиноначалствуваат поглаварите на МПЦ-ОА и СПЦ, архиепископот охридски и македонски Стефан и патријархот српски Порфириј. Литургијата, која ќе почне во 9 часот, ќе биде отворена за верниците. Заедничкото сослужување на двајцата поглавари, доаѓа по надминувањето на 55-годишниот раскол меѓу СПЦ и МПЦ-ОА и возобновувањето на канонското и евхаристичкото општење, откако Вселенската патријаршија донесе одлука МПЦ-ОА да ја признае за канонска црква. Со заедничката литургија ќе чиноначалствуваат поглаварите Стефан и Порфириј, а ќе сослужуваат сите владици на МПЦ-ОА и владици на СПЦ. На крајот на Божествената литургијата двајцата поглавари ќе имаат обраќања. Претходно, на 19 мај, двајцата поглавари служеа заедничка архијерејска литургија на помирување во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград, на покана на српскиот патријарх Порфириј. По ова, следеше покана од архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, за заедничка литургија во храмот „Св. Климент Охридски“ во Скопје на Денот на сесловенските просветители светите рамноапостоли Кирил и Методиј. Заедничката литургија е во рамки на канонската посета на делегација на СПЦ, предводена од патријархот Порфириј, која вчера пристигна во Скопје. Делегацијата ја сочинуваат дваесет лица, меѓу кои и осуммина владици на СПЦ. На оваа посета на поглаварот на СПЦ Порфириј и претходеше заедничката архијерејска литургија на помирување што се одржа на 19-ти месецов во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград, а со која чиноначалствуваа патријархот Порфириј и архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан. Со литургијата беше потврдено надминувањето на 55-годишниот раскол меѓу СПЦ и МПЦ-ОА и возобновувањето на канонското и евхаристиското општење. Денешната заедничка литургија следи откако вчера во Белград заврши Соборот на Српската православна црква, кој на 16 мај го потврди статусот на најширока можна автономија за МПЦ-ОА, односно целосна внатрешна независност, доделен во 1959 година. Во вчерашното соопштение објавено на официјалниот сајт на СПЦ, покрај повеќе одлуки кои се донесени на овој Собор, се споменува и заедничката литургија во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград, со кој се воспостави евхаристичко општење и канонското единство помеѓу СПЦ и МПЦ-ОА. – Во дијалогот за идниот и евентуално конечен канонски статус на МПЦ, Српската православна црква ќе се води само од канонски и црковно-пасторални принципи, критериуми и норми, не грижејќи се за „реалполитички“, „геополитички“, „црковнополитички“ или за еднострани иницијативи и не потпаѓајќи под на ничие влијание или притисок. Соборот на СПЦ нема намера после решавањето на статусот да ја условува новата сестринска Црква со оганичувачки клаузули во однос на опсегот на нејзината јуриздикција во матичната земја и дијаспората, со препорака на истата прашањето за нејзиното официјално име да се реши во директен братски дијалог со гркофонските и другите православни цркви, се наведува во соопштението од Соборот на СПЦ. Спорот меѓу двете сестрински цркви почна на 17 јули 1967 година, кога Третиот црковно-народен собор свикан од Светиот синод на МПЦ на свечена седница во охридската црква „Св. Климент“ ја прогласи Македонската православна црква за автокефална. По ова, Светиот архиерејскиот собор на СПЦ ја прогласи МПЦ за расколничка организација и го прекина богослужбеното и канонското единство. По 55-години раскол, на 9 мај Вселенската патријаршија, ја прекина изолацијата на МПЦ-ОА и ја призна за канонска црква, по што односите меѓу СПЦ и МПЦ-ОА почнаа да се затоплуваат. Со оваа одлука на Вселенската патријаршија му се даде можност на македонското свештенство да има заеднички богослужби со другите православни цркви. Таа одлука не значи томос за автокефалност со кој официјално се регулира меѓународното име и статус на црквата, туку е „израз на татковската љубов и грижа на Вселенската патријаршија“ и најава дека МПЦ повеќе не е во раскол со целиот православен свет и оти македонските свештеници можат да служат со свештениците од другите православни цркви. Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја поздрави литургијата на помирување што ја одржаа СПЦ и МПЦ-ОА во соборниот храм „Свети Сава“. На средба со професори и студенти од Богословијата „Св. Петар Цетињски“, кои се во посета на Вселенската патријаршија, патријархот Вартоломеј рече дека сослужувањето на српскиот патријарх Порфириј и архиепископот охридски Стефан со право може да се оцени како чин на помирување и соработка, кој се случи, како што наведе, само неколку дена по неговата историска одлука во однос на црквата во Македонија. – Преку вас ја поздравувам светата црква на Србија и срдечно го прегрнувам нејзиниот поглавар, најљубениот и блажениот патријарх г. Порфириј. Нашите две цркви се поврзани со свети и неуништливи врски, на заедничка вера и заеднички борби, и врски на љубовта на мајката кон својата сакана ќерка, кои според апостол Павле, „никогаш не пропаѓаат“, истакна вселенскиот патријарх. Тој ја нагласи и радоста на, како што посочи, Мајката црква во Константинопол по „историската одлука“ на нејзиниот Синод за враќање на Охридската архиепископија во евхаристиска заедница, што го отвори патот за помирување со СПЦ и воспоставување на мирот и поредокот на Балканот. Инаку, поради денешната втора заедничка литургија на поглаварите на двете цркви, во Скопје ќе има посебен режим на сообраќајот. За сообраќај ќе бидат затворени булеварот „Партизански одреди” од крстосница со улицата „Аминта Трети” до крстосница со булевар „ВМРО”, како и улицата „Св. Климент Охридски” од крстосница со булевар „Илинден” до крстосница со улица „Димитрие Чуповски”.  

The post Заедничка литургија на МПЦ-ОА и СПЦ во соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје appeared first on Република.

]]>
Архиепископот Стефан и српскиот патријарх Порфириј на 24 мај ќе служат литургија во Соборниот храм во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/arhiepiskopot-stefan-i-srpskiot-patrijarh-porfirij-na-24-maj-kje-sluzat-liturgija-vo-soborniot-hram-vo-skopje/ Fri, 20 May 2022 15:48:22 +0000 https://republika.mk/?p=504915

Со радост му соопштуваме на верниот народ дека од 23 до 24 мај 2022 година, во посета на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија ќе престојува делегација на Српската Православна Црква предводена од Неговата Светост, патријархот Порфириј, соопшти МПЦ-ОА.

На 24 мај, со почеток од 9 часот, во Соборниот храм „Св. Климент Охридски” во Скопје, Неговата Светост Српскиот Патријарх г.г. Порфириј и Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан, заедно со архијереи од двете сестрински Цркви, ќе служат Божествена Литургија.

Го повикуваме верниот народ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија да земе молитвено учество, велат од МПЦ-ОА.

 

The post Архиепископот Стефан и српскиот патријарх Порфириј на 24 мај ќе служат литургија во Соборниот храм во Скопје appeared first on Република.

]]>

Со радост му соопштуваме на верниот народ дека од 23 до 24 мај 2022 година, во посета на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија ќе престојува делегација на Српската Православна Црква предводена од Неговата Светост, патријархот Порфириј, соопшти МПЦ-ОА. На 24 мај, со почеток од 9 часот, во Соборниот храм „Св. Климент Охридски” во Скопје, Неговата Светост Српскиот Патријарх г.г. Порфириј и Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан, заедно со архијереи од двете сестрински Цркви, ќе служат Божествена Литургија.
Го повикуваме верниот народ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија да земе молитвено учество, велат од МПЦ-ОА.
 

The post Архиепископот Стефан и српскиот патријарх Порфириј на 24 мај ќе служат литургија во Соборниот храм во Скопје appeared first on Република.

]]>