заедница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zaednica/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Mar 2024 15:27:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png заедница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zaednica/ 32 32 Одржан последниот од серијата настани „Дијалози за работата на полицијата во заедницата“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/odrzhan-posledniot-od-serijata-nastani-dijalozi-za-rabotata-na-politsijata-vo-zaednitsata/ Tue, 12 Mar 2024 15:27:43 +0000 https://republika.mk/?p=754099

Во Скопје денеска се одржа последната од серијата дискусии на тема „Дијалози за работата на полицијата во заедницата“, која според организаторите, резултирала со предлагање практични решенија и препораки, но и со подигнување на свеста околу потребите и предизвиците на демократското полициско работење.

Како што информираат организаторите од Евротинк-Центар за европски стратегии, тематските дискусии се одвиваа во текот на февруари и март оваа година во секој од осумте плански региони во државата - Куманово, Велес, Гостивар, Битола, Охрид, Штип, Струмица и Скопје, и се насочени кон разгледување на предизвиците поврзани со транспарентноста, отчетноста и видливоста на полицијата во локалните заедници.

Крајната цел е да се одговори на потребата од зголемен дијалог и комуникација кои би придонеле кон подобрени јавни политики во работа на полицијата, а во соработка со граѓаните. На дискусиите учествуваа локалните засегнати страни, преку комуникација со различни цивилни локални и национални актери, но и полициски структури.

Од Евротинк потенцираат дека тематските дискусии имаа за цел да ги разгледаат поголемите предизвици со транспарентноста и отчетноста на полицијата во локалните заедници.

Оваа активност се одржа во рамки на проектот „Подобрување на транспарентноста и отчетноста на полицијата во Република Македонија“ за чие спроведување Евротинк потпиша Меморандум за соработка со Министерството за внатрешни работи.

Активноста е поддржана од Националниот фонд за демократија на Соединетите Американски Држави (National Endownment for Democracy - NED).

The post Одржан последниот од серијата настани „Дијалози за работата на полицијата во заедницата“ appeared first on Република.

]]>

Во Скопје денеска се одржа последната од серијата дискусии на тема „Дијалози за работата на полицијата во заедницата“, која според организаторите, резултирала со предлагање практични решенија и препораки, но и со подигнување на свеста околу потребите и предизвиците на демократското полициско работење. Како што информираат организаторите од Евротинк-Центар за европски стратегии, тематските дискусии се одвиваа во текот на февруари и март оваа година во секој од осумте плански региони во државата - Куманово, Велес, Гостивар, Битола, Охрид, Штип, Струмица и Скопје, и се насочени кон разгледување на предизвиците поврзани со транспарентноста, отчетноста и видливоста на полицијата во локалните заедници. Крајната цел е да се одговори на потребата од зголемен дијалог и комуникација кои би придонеле кон подобрени јавни политики во работа на полицијата, а во соработка со граѓаните. На дискусиите учествуваа локалните засегнати страни, преку комуникација со различни цивилни локални и национални актери, но и полициски структури. Од Евротинк потенцираат дека тематските дискусии имаа за цел да ги разгледаат поголемите предизвици со транспарентноста и отчетноста на полицијата во локалните заедници. Оваа активност се одржа во рамки на проектот „Подобрување на транспарентноста и отчетноста на полицијата во Република Македонија“ за чие спроведување Евротинк потпиша Меморандум за соработка со Министерството за внатрешни работи. Активноста е поддржана од Националниот фонд за демократија на Соединетите Американски Држави (National Endownment for Democracy - NED).

The post Одржан последниот од серијата настани „Дијалози за работата на полицијата во заедницата“ appeared first on Република.

]]>
Спасовски: Градиме партнерство на доверба меѓу полицијата и заедницата за зголемена безбедност и подобар квалитет на живеење https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-gradime-partnerstvo-na-doverba-megu-politsijata-i-zaednitsata-za-zgolemena-bezbednost-i-podobar-kvalitet-na-zhiveene/ Sat, 25 Mar 2023 12:40:09 +0000 https://republika.mk/?p=623574

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на Градскиот плоштад во Куманово, во присуство на дел од раководството на МВР, претставници на Македонскиот полициски синдикат, Локалниот совет за превенција и пратеници ја промовираше заедничката кампања на МВР и МПС, „МВР за граѓаните – заедница, доверба, одговорност“, чија цел е доближување до граѓаните за суштината, вредностите и карактеристиките на концептот – полициско работење со заедницата, важноста на градењето партнерство помеѓу полицијата и граѓаните, но и механизмите за контрола врз полицијата што придонесуваат за зголемување на нејзиниот кредибилитет и интегритет.

Министерот во своето обраќање потенцираше дека полицијата како институција задолжена за безбедноста на граѓаните и општеството има една од најважните улоги во државата и заедницата.

„Таа го гарантира редот, мирот, безбедноста и владеењето на законите. Полицијата работи на сузбивање на криминалот и води бескромпромисна борба со сите криминогени појави во општеството, истовремено преземајќи и превентивни мерки за зголемување на сигурноста на граѓаните, го заштитува уставниот поредок и почитувањето на основните права и слободи за граѓаните и, секако, обезбедува граѓански услуги“, потенцираше Спасовски.

Спасовски истакна дека сите сериозни реформи и материјално технички унапредувања кои се реализираа последниве неколку години во МВР се со цел градење на полиција која ќе биде вистински сервис на граѓаните и работното мото под кое МВР функционира е „МВР за граѓаните “.

„Факт е дека граѓаните најдобро знаат со какви предизвици се соочуваат во заедницата во која живеат, а полицијата е секогаш првиот пријател во неволја. Оттука, заедничкото работење меѓу полицијата и локалното население е круцијално за идентификување на проблемите, поставување на приоритети и решавање на современите предизвици на локалната заедница поврзани со криминал, социјални и физички нарушувања. Притоа, активно соработуваме со единиците за локална самоуправа, посебно Локалните совети за превенција и советодавните групи на граѓани, што ќе овозможи заедничка одговорност при решавање на проблемите“, рече Спасовски, додавајќи дека ќе се продолжи со преземање мерки за континуирано етаблирање на видлива и приемчива полиција, која ќе има слух за грижите на граѓаните и ќе одговори на потребите на заедницата, ќе биде отчетна и транспарентна во своите активности.

Според министерот за внатрешни работи досегашните напори беа наградени со висока доверба од страна на граѓаните, драстично зголемена од порано, а според нивните оценки полицијата стана една од трите најтранспарентни институции во државата. Така, активната транспарентност на МВР од просечни 59.5% во 2016, во 2022 достигна високи 91.7%, што претставува скок за 32.2%, поминувајќи три нивоа, од крајно затворена институција до многу добра активна транспарентност.

„Затоа и решивме да ја спроведеме оваа кампања по сите сектори за внатрешни работи во државата, и на овој начин уште повеќе да ја доближиме полицијата до граѓаните, преку концептот ‘Полицијата и граѓаните’, а планската соработка придонесува за спречување на криминалот, при што резултатот е зголемена безбедност и подобар квалитет на живеење, нешто што сите заеднички го посакуваме“, порача министерот Спасовски.

Претседателот на Македонскиот полициски синдикат, Марјан Кицев во своето обраќање истака дека граѓаните најдобро ги знаат проблемите и предизвиците со кои се соочуваат секојдневно во средините каде што живеат.

„Полицајците се нашите херои кои секојдневно покажувате на дело како се сака државата и како се извршува службата што им е доверена. Исправени гордо на браникот на нашата држава ја манифестираат нивната човечност и саможртва, оставајќи пример за идните генерации, пример за тоа како се сака и почитува својата татковина во време на бројни предизвици со кои секојдневно се соочуваат како во минатото така и денес“, рече Марјан Кицев, додавајќи дека многу е важна довербата и почитта што ја имат граѓаните кон полицијата, затоа што без доверба нема комуникација, без двонасочна соработка, полицијата нема да може целосно да ги препознае и лоцира реалните проблеми на граѓаните.

„Да се водиме од светските практики каде граѓаните имаат беспрекорна комуникација со полицијата и ги информираат за секое негативно поведение кое ќе го забележат во околината. Бидејќи ако денес провалникот е кај комшијата, сте го виделе, а сте премолчиле, со што истиот ќе ја избегне правдата, утре охрабрен може да дојде кај вас, во вашиот дом. Затоа заеднички да градиме доверба и почит, бидејќи полиција сме сите ние, само заеднички можеме да придонесеме за посигурна и побезбедна средина во која што живееме“, порача претседателот на Македонскиот полициски синдикат.

Кампањата „МВР за граѓаните – заедница, доверба, одговорност“ почнува денеска во осум градови на Секторите за внатрешни работи и ќе продолжи во следните четири викенди низ поголем дел од градовите во државата, при што полицијата преку делење едукативен материјал и непосредни разговори со граѓаните од страна на полициски службеници ќе биде одблиску презентирана улогата на полицијата во заедницата.

https://www.youtube.com/watch?v=BYjH0b6rJgs

The post Спасовски: Градиме партнерство на доверба меѓу полицијата и заедницата за зголемена безбедност и подобар квалитет на живеење appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на Градскиот плоштад во Куманово, во присуство на дел од раководството на МВР, претставници на Македонскиот полициски синдикат, Локалниот совет за превенција и пратеници ја промовираше заедничката кампања на МВР и МПС, „МВР за граѓаните – заедница, доверба, одговорност“, чија цел е доближување до граѓаните за суштината, вредностите и карактеристиките на концептот – полициско работење со заедницата, важноста на градењето партнерство помеѓу полицијата и граѓаните, но и механизмите за контрола врз полицијата што придонесуваат за зголемување на нејзиниот кредибилитет и интегритет. Министерот во своето обраќање потенцираше дека полицијата како институција задолжена за безбедноста на граѓаните и општеството има една од најважните улоги во државата и заедницата. „Таа го гарантира редот, мирот, безбедноста и владеењето на законите. Полицијата работи на сузбивање на криминалот и води бескромпромисна борба со сите криминогени појави во општеството, истовремено преземајќи и превентивни мерки за зголемување на сигурноста на граѓаните, го заштитува уставниот поредок и почитувањето на основните права и слободи за граѓаните и, секако, обезбедува граѓански услуги“, потенцираше Спасовски.
Спасовски истакна дека сите сериозни реформи и материјално технички унапредувања кои се реализираа последниве неколку години во МВР се со цел градење на полиција која ќе биде вистински сервис на граѓаните и работното мото под кое МВР функционира е „МВР за граѓаните “. „Факт е дека граѓаните најдобро знаат со какви предизвици се соочуваат во заедницата во која живеат, а полицијата е секогаш првиот пријател во неволја. Оттука, заедничкото работење меѓу полицијата и локалното население е круцијално за идентификување на проблемите, поставување на приоритети и решавање на современите предизвици на локалната заедница поврзани со криминал, социјални и физички нарушувања. Притоа, активно соработуваме со единиците за локална самоуправа, посебно Локалните совети за превенција и советодавните групи на граѓани, што ќе овозможи заедничка одговорност при решавање на проблемите“, рече Спасовски, додавајќи дека ќе се продолжи со преземање мерки за континуирано етаблирање на видлива и приемчива полиција, која ќе има слух за грижите на граѓаните и ќе одговори на потребите на заедницата, ќе биде отчетна и транспарентна во своите активности.
Според министерот за внатрешни работи досегашните напори беа наградени со висока доверба од страна на граѓаните, драстично зголемена од порано, а според нивните оценки полицијата стана една од трите најтранспарентни институции во државата. Така, активната транспарентност на МВР од просечни 59.5% во 2016, во 2022 достигна високи 91.7%, што претставува скок за 32.2%, поминувајќи три нивоа, од крајно затворена институција до многу добра активна транспарентност. „Затоа и решивме да ја спроведеме оваа кампања по сите сектори за внатрешни работи во државата, и на овој начин уште повеќе да ја доближиме полицијата до граѓаните, преку концептот ‘Полицијата и граѓаните’, а планската соработка придонесува за спречување на криминалот, при што резултатот е зголемена безбедност и подобар квалитет на живеење, нешто што сите заеднички го посакуваме“, порача министерот Спасовски. Претседателот на Македонскиот полициски синдикат, Марјан Кицев во своето обраќање истака дека граѓаните најдобро ги знаат проблемите и предизвиците со кои се соочуваат секојдневно во средините каде што живеат.
„Полицајците се нашите херои кои секојдневно покажувате на дело како се сака државата и како се извршува службата што им е доверена. Исправени гордо на браникот на нашата држава ја манифестираат нивната човечност и саможртва, оставајќи пример за идните генерации, пример за тоа како се сака и почитува својата татковина во време на бројни предизвици со кои секојдневно се соочуваат како во минатото така и денес“, рече Марјан Кицев, додавајќи дека многу е важна довербата и почитта што ја имат граѓаните кон полицијата, затоа што без доверба нема комуникација, без двонасочна соработка, полицијата нема да може целосно да ги препознае и лоцира реалните проблеми на граѓаните. „Да се водиме од светските практики каде граѓаните имаат беспрекорна комуникација со полицијата и ги информираат за секое негативно поведение кое ќе го забележат во околината. Бидејќи ако денес провалникот е кај комшијата, сте го виделе, а сте премолчиле, со што истиот ќе ја избегне правдата, утре охрабрен може да дојде кај вас, во вашиот дом. Затоа заеднички да градиме доверба и почит, бидејќи полиција сме сите ние, само заеднички можеме да придонесеме за посигурна и побезбедна средина во која што живееме“, порача претседателот на Македонскиот полициски синдикат. Кампањата „МВР за граѓаните – заедница, доверба, одговорност“ почнува денеска во осум градови на Секторите за внатрешни работи и ќе продолжи во следните четири викенди низ поголем дел од градовите во државата, при што полицијата преку делење едукативен материјал и непосредни разговори со граѓаните од страна на полициски службеници ќе биде одблиску презентирана улогата на полицијата во заедницата. https://www.youtube.com/watch?v=BYjH0b6rJgs

The post Спасовски: Градиме партнерство на доверба меѓу полицијата и заедницата за зголемена безбедност и подобар квалитет на живеење appeared first on Република.

]]>
За Франција Европската политичка заедница не е замена за полноправно членство во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/za-francija-evropskata-politichka-zaednica-ne-e-zamena-za-polnopravno-chlenstvo-vo-eu/ Thu, 16 Jun 2022 11:02:22 +0000 https://republika.mk/?p=515924

Франција како претседавач со Советот на ЕУ, на земјите членки им го презентираше малку подетално предлогот за Европска политичка заедница, но дебатата и заклучоците допрва ќе бидат предмет на темелна расправа во ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Во документот кој француската делегација им ја испрати на сите други 26 земји членки Париз јасно нагласува дека не ја смета оваа политичка заедница како алтернатива за полноправно членство, туку начин да се хармонизира политиката на целиот европски континент во контекст на војната во Украина и новите односи со Русија.

Европската политичка заедница не би била алтернатива за членство во ЕУ и не би била супститут за процесот на проширување. За европските држави кои сакаат да и се приклучат на ЕУ, таа, напротив, би овозможила зајакнување на врските со земјите членки на ЕУ пред пристапувањето, како политички како и во однос на придружено учество во некои ЕУ политики, вклучително и, кога е соодветно, преку постепена интеграција во внатрешниот пазар на ЕУ, објаснува земјата претседавач на ЕУ неколку дена пред клучниот јунски самит на кој ќе се разговара за предлогот, формулиран од францускиот претседател Емануел Макрон.

Што се однесува до законската структура на оваа заедница, таа би била лесна но со почит кон одлучувачкиот процес на самата Европска Унија и на другите земји кои би ја сочинувале заедницата.

Состаноците би се одржувале неколку пати годишно на лидерско и министерско ниво.

Париз оценува дека би било корисно во овој контекст на војна на европско тло да се воспостави платформа која ќе ги собере сите земји кои се дел од европското семејство во дух на еднаквост, без разлика дали се членки на ЕУ.

Мораме да го вратиме чувството на заедништво, се потенцира во документот и се смета дека преку оваа заедница би се зацврстиле токму економските, политичките, културните и безбедносните врски помеѓу сите нејзини членки. Европската политичка заедница би била место каде ќе се координира одлучувањето и соработката во цела Европа за сите клучни политики, од надворешна до климатска, енергетска, миграциска или инфраструктурна, образложува француското претседателство.

Поттикот за овој проект е несомнена руската агресија врз Украина која ги тера земјите на ЕУ и нивните партнери на континентот да делуваат координирано, а целта е и да му се помогне на Киев да напредува на патот кон членство во ЕУ.

На самитот лидерите на ЕУ ќе донесат одлука за кандидатскиот статус на Украина, Молдавија и Грузија, но шансите таа одлука да биде позитивна се многу мали во овој момент, според дипломатите.

Кој и да биде стадиумот кој ќе се постигне на овој Европски Совет, политиката на проширување, поради реформските барања потребни за членство во ЕУ и времетраењето кое нужно следува, не ја нуди денеска потребната политичка рамка за да се одговори на итните историски и геополитички потреби кои произлегоа од војната врз Украина, стои во документот.

Поради ова Париз предлага брзо креирање на ваква Европска политичка заедница за да можат сите европски држави да учествуваат и придонесуваат за стабилноста и просперитетот на континентот, вели документот.

Европската политичка заедница би била отворена за сите европски држави кои споделуваат заеднички вредности, без разлика дали се членки на ЕУ и без разлика на природата на нивниот сегашен однос со ЕУ, дали сакаат да станат членки, дали ја напуштиле ЕУ, дали не планираат да и се придружат или се само поврзани со економски договори, нагласува Франција.

Овој предлог на 23 и 24 јуни ќе биде на масата на шефовите на држави и влади на ЕУ на јунскиот самит, а несомнено ќе биде дел и од разговорите со лидерите од Западен Балкан кои ќе се сретнат со нивните колеги од ЕУ на 23 јуни пред почетокот на лидерскиот самит.

Од конференцијата со земјите од Западен Балкан не се очекуваат заклучоци, целта е да се опипа пулсот на регионот на највисоко лидерско ниво.

The post За Франција Европската политичка заедница не е замена за полноправно членство во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Франција како претседавач со Советот на ЕУ, на земјите членки им го презентираше малку подетално предлогот за Европска политичка заедница, но дебатата и заклучоците допрва ќе бидат предмет на темелна расправа во ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. Во документот кој француската делегација им ја испрати на сите други 26 земји членки Париз јасно нагласува дека не ја смета оваа политичка заедница како алтернатива за полноправно членство, туку начин да се хармонизира политиката на целиот европски континент во контекст на војната во Украина и новите односи со Русија. Европската политичка заедница не би била алтернатива за членство во ЕУ и не би била супститут за процесот на проширување. За европските држави кои сакаат да и се приклучат на ЕУ, таа, напротив, би овозможила зајакнување на врските со земјите членки на ЕУ пред пристапувањето, како политички како и во однос на придружено учество во некои ЕУ политики, вклучително и, кога е соодветно, преку постепена интеграција во внатрешниот пазар на ЕУ, објаснува земјата претседавач на ЕУ неколку дена пред клучниот јунски самит на кој ќе се разговара за предлогот, формулиран од францускиот претседател Емануел Макрон. Што се однесува до законската структура на оваа заедница, таа би била лесна но со почит кон одлучувачкиот процес на самата Европска Унија и на другите земји кои би ја сочинувале заедницата. Состаноците би се одржувале неколку пати годишно на лидерско и министерско ниво. Париз оценува дека би било корисно во овој контекст на војна на европско тло да се воспостави платформа која ќе ги собере сите земји кои се дел од европското семејство во дух на еднаквост, без разлика дали се членки на ЕУ. Мораме да го вратиме чувството на заедништво, се потенцира во документот и се смета дека преку оваа заедница би се зацврстиле токму економските, политичките, културните и безбедносните врски помеѓу сите нејзини членки. Европската политичка заедница би била место каде ќе се координира одлучувањето и соработката во цела Европа за сите клучни политики, од надворешна до климатска, енергетска, миграциска или инфраструктурна, образложува француското претседателство. Поттикот за овој проект е несомнена руската агресија врз Украина која ги тера земјите на ЕУ и нивните партнери на континентот да делуваат координирано, а целта е и да му се помогне на Киев да напредува на патот кон членство во ЕУ. На самитот лидерите на ЕУ ќе донесат одлука за кандидатскиот статус на Украина, Молдавија и Грузија, но шансите таа одлука да биде позитивна се многу мали во овој момент, според дипломатите. Кој и да биде стадиумот кој ќе се постигне на овој Европски Совет, политиката на проширување, поради реформските барања потребни за членство во ЕУ и времетраењето кое нужно следува, не ја нуди денеска потребната политичка рамка за да се одговори на итните историски и геополитички потреби кои произлегоа од војната врз Украина, стои во документот. Поради ова Париз предлага брзо креирање на ваква Европска политичка заедница за да можат сите европски држави да учествуваат и придонесуваат за стабилноста и просперитетот на континентот, вели документот. Европската политичка заедница би била отворена за сите европски држави кои споделуваат заеднички вредности, без разлика дали се членки на ЕУ и без разлика на природата на нивниот сегашен однос со ЕУ, дали сакаат да станат членки, дали ја напуштиле ЕУ, дали не планираат да и се придружат или се само поврзани со економски договори, нагласува Франција. Овој предлог на 23 и 24 јуни ќе биде на масата на шефовите на држави и влади на ЕУ на јунскиот самит, а несомнено ќе биде дел и од разговорите со лидерите од Западен Балкан кои ќе се сретнат со нивните колеги од ЕУ на 23 јуни пред почетокот на лидерскиот самит. Од конференцијата со земјите од Западен Балкан не се очекуваат заклучоци, целта е да се опипа пулсот на регионот на највисоко лидерско ниво.

The post За Франција Европската политичка заедница не е замена за полноправно членство во ЕУ appeared first on Република.

]]>