Заедница на српски општини Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zaednica-na-srpski-opshtini/ За подобро да се разбереме Sat, 08 Jun 2024 17:24:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Заедница на српски општини Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zaednica-na-srpski-opshtini/ 32 32 ЕУ ја уценува Србија дека ќе се формира Заедница на српски општини ако се почитува договорот од Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/eu-ja-utsenuva-srbija-deka-ke-se-formira-zaednitsa-na-srpski-opshtini-ako-se-pochituva-dogovorot-od-ohrid/ Sat, 08 Jun 2024 17:27:38 +0000 https://republika.mk/?p=785795

Министерката за надворешни работи и дијаспора на Косово, Доника Гервала вели дека косовската Влада ќе го разгледа нацртот на Европската унија за Заедницата на општини со српско мнозинство во Косово (ЗСО) единствено доколку Србија целосно го спроведе основниот бриселски договор и охридскиот анекс на истиот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во денешното интервју за агенцијата КосоваПрес, Грвала вели дека Косово не може да го испрати нацртот на емисарот на ЕУ за косовско-српскиот дијалог, Мирослав Лајчак за ЗСО до Уставниот суд на Косово како посебен дел од договорот постигнат минатата година, туку само како дел од пакетот што го вклучува планот за детална имплементација.

Како соодветно решение таа ја смета можноста ЕУ да го испрати овој нацрт на евалуација во Венециската комисија. Сепак, вели таа, Владата е подготвена да седне на маса со претставниците на српската заедница во Косово, за да може да изготви нацрт-статут на Заедницата на општини со мнозинско српско население.

– Не ја игнорираме одлуката на Уставниот суд и таа Заедница, со оние силни права што ѝ беа дадени со договорот од 2013-2015, со оваа влада не може да се реализира. Ова беше причина што подоцна добивме нов нацрт изготвен од ЕУ. Меѓутоа, и со новиот нацрт на ЕУ, видовме дека со Србија на билатералните разговори во Брисел немаме успех. Не можеме да примениме нешто што е предвидено во Брисел како дел од договорот во рамките на нормализацијата на односите со Србија, доколку Србија тоа го одбива. Она што денес се нарекува нацрт на Лајчак, исто така е невозможно нашите институции да направат нешто со тој нацрт, тоа е дел од пакет кој го предвидува основниот договор, планот за имплементација и нацртот на Лајчак, вели Грвала.

Според шефицата на косовската дипломатија, сојузниците на Косово никогаш официјално не побарале Приштина да подготви нацрт за ЗСО, туку тоа секогаш било во рамките на постигнувањето договор во Брисел.

- Не е точно дека тоа некогаш било единствената опција за Косово да подготви нацрт и да го поднесе. Секогаш било во рамките на тоа што се случува во Брисел... Ова е нашата понуда, ако видиме дека во Брисел овој досега неуспешен дијалог не може да донесе резултати, тогаш зошто да се одолговлекува и да се разговара на теми. Да бидам искрена, по резултатот што го имавме и целосната неподготвеност на нашите партнери да ја третираат оваа тема, оптимизмот и подготвеноста на нашите институции да се нафатат со ова не е многу голема. Ние ја дадовме нашата понуда, но ако понудата не се земе предвид, таа не може да биде вечна, нагласи Грвала.

Таа бара од ЕУ да го испрати нацртот за асоцијација до Венециската комисија на евалуација.

- Бидејќи им се допаѓа тој нацрт, нека го проследат до Венециската комисија и нека ја добијат пресудата и на Венециската комисија. Но, тоа не е прашање што може да го проследи Владата на Косово. Тоа е нацрт кој не е од Република Косово... Еден таков документ не е здрав за нашата држава ако немаме де-факто признавање, а камоли де-јуре признавање од Србија. Значи, има логика зошто инсистираме на тоа еден документ, кој ни е донесен во рамките на договорот со Србија во февруари минатата година да биде третиран и во рамките на тој договор. Одвојувањето на овој нацрт од тој договор не е позитивно за нашата земја, изјави Грвала во интервјуто за КосоваПрес

The post ЕУ ја уценува Србија дека ќе се формира Заедница на српски општини ако се почитува договорот од Охрид appeared first on Република.

]]>

Министерката за надворешни работи и дијаспора на Косово, Доника Гервала вели дека косовската Влада ќе го разгледа нацртот на Европската унија за Заедницата на општини со српско мнозинство во Косово (ЗСО) единствено доколку Србија целосно го спроведе основниот бриселски договор и охридскиот анекс на истиот, јави дописникот на МИА од Приштина. Во денешното интервју за агенцијата КосоваПрес, Грвала вели дека Косово не може да го испрати нацртот на емисарот на ЕУ за косовско-српскиот дијалог, Мирослав Лајчак за ЗСО до Уставниот суд на Косово како посебен дел од договорот постигнат минатата година, туку само како дел од пакетот што го вклучува планот за детална имплементација. Како соодветно решение таа ја смета можноста ЕУ да го испрати овој нацрт на евалуација во Венециската комисија. Сепак, вели таа, Владата е подготвена да седне на маса со претставниците на српската заедница во Косово, за да може да изготви нацрт-статут на Заедницата на општини со мнозинско српско население.
– Не ја игнорираме одлуката на Уставниот суд и таа Заедница, со оние силни права што ѝ беа дадени со договорот од 2013-2015, со оваа влада не може да се реализира. Ова беше причина што подоцна добивме нов нацрт изготвен од ЕУ. Меѓутоа, и со новиот нацрт на ЕУ, видовме дека со Србија на билатералните разговори во Брисел немаме успех. Не можеме да примениме нешто што е предвидено во Брисел како дел од договорот во рамките на нормализацијата на односите со Србија, доколку Србија тоа го одбива. Она што денес се нарекува нацрт на Лајчак, исто така е невозможно нашите институции да направат нешто со тој нацрт, тоа е дел од пакет кој го предвидува основниот договор, планот за имплементација и нацртот на Лајчак, вели Грвала.
  Според шефицата на косовската дипломатија, сојузниците на Косово никогаш официјално не побарале Приштина да подготви нацрт за ЗСО, туку тоа секогаш било во рамките на постигнувањето договор во Брисел.
- Не е точно дека тоа некогаш било единствената опција за Косово да подготви нацрт и да го поднесе. Секогаш било во рамките на тоа што се случува во Брисел... Ова е нашата понуда, ако видиме дека во Брисел овој досега неуспешен дијалог не може да донесе резултати, тогаш зошто да се одолговлекува и да се разговара на теми. Да бидам искрена, по резултатот што го имавме и целосната неподготвеност на нашите партнери да ја третираат оваа тема, оптимизмот и подготвеноста на нашите институции да се нафатат со ова не е многу голема. Ние ја дадовме нашата понуда, но ако понудата не се земе предвид, таа не може да биде вечна, нагласи Грвала.
Таа бара од ЕУ да го испрати нацртот за асоцијација до Венециската комисија на евалуација.
- Бидејќи им се допаѓа тој нацрт, нека го проследат до Венециската комисија и нека ја добијат пресудата и на Венециската комисија. Но, тоа не е прашање што може да го проследи Владата на Косово. Тоа е нацрт кој не е од Република Косово... Еден таков документ не е здрав за нашата држава ако немаме де-факто признавање, а камоли де-јуре признавање од Србија. Значи, има логика зошто инсистираме на тоа еден документ, кој ни е донесен во рамките на договорот со Србија во февруари минатата година да биде третиран и во рамките на тој договор. Одвојувањето на овој нацрт од тој договор не е позитивно за нашата земја, изјави Грвала во интервјуто за КосоваПрес

The post ЕУ ја уценува Србија дека ќе се формира Заедница на српски општини ако се почитува договорот од Охрид appeared first on Република.

]]>
Заедницата на српски општини оди пред Венецијанската комисија https://arhiva3.republika.mk/vesti/zaednitsata-na-srpski-opshtini-odi-pred-venetsijanskata-komisija/ Thu, 06 Jun 2024 13:33:02 +0000 https://republika.mk/?p=785290

Претседателот на Собранието на Косово Глаук Коњуфца денеска ја изрази својата поддршка за идејата на премиерот Албин Курти дека модераторот на дијалогот, Мирослав Лајчак, треба да го испрати нацрт-статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство до Венецијанската комисија.

Премиерот Курти вчера за албанскиот телевизиски канал АЛ 2 Си-Ен-Ен изјави дека Лајчак може да го однесе нацрт-статутот на ЗСО до Венецијанската комисија на евалуација. Курти рече дека тоа е „нон-пејпер“.

Коњуфца, по седницата на Претседателството на Собранието на Косово, изјави дека Европската унија тешко сака да ги преземе овластувањата на Косово за изготвување на статутот на ЗСО

The post Заедницата на српски општини оди пред Венецијанската комисија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Собранието на Косово Глаук Коњуфца денеска ја изрази својата поддршка за идејата на премиерот Албин Курти дека модераторот на дијалогот, Мирослав Лајчак, треба да го испрати нацрт-статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство до Венецијанската комисија. Премиерот Курти вчера за албанскиот телевизиски канал АЛ 2 Си-Ен-Ен изјави дека Лајчак може да го однесе нацрт-статутот на ЗСО до Венецијанската комисија на евалуација. Курти рече дека тоа е „нон-пејпер“. Коњуфца, по седницата на Претседателството на Собранието на Косово, изјави дека Европската унија тешко сака да ги преземе овластувањата на Косово за изготвување на статутот на ЗСО

The post Заедницата на српски општини оди пред Венецијанската комисија appeared first on Република.

]]>
Германија бара прво да се формира ЗСО: Се комплицира приемот на Косово во Советот на Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/germanija-bara-prvo-da-se-formira-zso-se-komplitsira-priemot-na-kosovo-vo-sovetot-na-evropa/ Tue, 07 May 2024 13:58:45 +0000 https://republika.mk/?p=775032

 Германската амбасада во Приштина соопшти дека е време Владата на Косово да ги убеди земјите членки на Советот на Европа дека заслужува прием во таа меѓународна организација, преземајќи конкретни чекори за создавање Заедница на српски општини.

Германската амбасада соопшти дека Квинта и другите континуирано нагласуваат дека очекуваат Косово да преземе опипливи чекори за формирање на ЗСО, за да се постигне неопходното двотретинско мнозинство во Комитетот на министри на СЕ, пренесе Бета.

„Таков чекор, според нас, би бил поднесување предлог за статутот на ЗСО до Уставниот суд. Како што наведе амбасадорот во својот твит по гласањето во Парламентарното собрание на Советот на Европа: Косово мора да направи голема работа. Тоа се уште не се случило. Сега останува на премиерот Албин Курти и неговата влада да ги убедат неопходните земји-членки со други средства, односно со преземање други конкретни чекори кон создавање на Заедница на општини со српско мнозинство, која Косово се обврза да ја формира и што е меѓународна обврска“, соопштуваат од германската амбасада.

The post Германија бара прво да се формира ЗСО: Се комплицира приемот на Косово во Советот на Европа appeared first on Република.

]]>

 Германската амбасада во Приштина соопшти дека е време Владата на Косово да ги убеди земјите членки на Советот на Европа дека заслужува прием во таа меѓународна организација, преземајќи конкретни чекори за создавање Заедница на српски општини. Германската амбасада соопшти дека Квинта и другите континуирано нагласуваат дека очекуваат Косово да преземе опипливи чекори за формирање на ЗСО, за да се постигне неопходното двотретинско мнозинство во Комитетот на министри на СЕ, пренесе Бета.
„Таков чекор, според нас, би бил поднесување предлог за статутот на ЗСО до Уставниот суд. Како што наведе амбасадорот во својот твит по гласањето во Парламентарното собрание на Советот на Европа: Косово мора да направи голема работа. Тоа се уште не се случило. Сега останува на премиерот Албин Курти и неговата влада да ги убедат неопходните земји-членки со други средства, односно со преземање други конкретни чекори кон создавање на Заедница на општини со српско мнозинство, која Косово се обврза да ја формира и што е меѓународна обврска“, соопштуваат од германската амбасада.

The post Германија бара прво да се формира ЗСО: Се комплицира приемот на Косово во Советот на Европа appeared first on Република.

]]>
11 години ЕУ го толерира Косово да не ја формира Заедницата на српски општини https://arhiva3.republika.mk/vesti/11-godini-eu-go-tolerira-kosovo-da-ne-ja-formira-zaednitsata-na-srpski-opshtini/ Fri, 19 Apr 2024 06:50:30 +0000 https://republika.mk/?p=767834

Денеска се навршуваат 11 години од потпишувањето на Бриселскиот договор, но Заедницата на општини со српско мнозинство (ЗСО), на чие формирање се однесуваат првите шест точки и е столбот на овој документ, сè уште не е формирана, пишува српскиот весник „Политика“.

За текстот на договорот, кој формално се нарекува „Прв договор за принципите на нормализација на односите меѓу Белград и Приштина“, се преговараше шест месеци пред да бидат ставени три потписи на документот. Документот во име на Белград го потпиша тогашниот премиер и денешниот шеф за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, а во име на Косово - Хашим Тачи, кој беше премиер.

Третиот потпис во име на Брисел, кој учествуваше како посредник,  го стави тогашната висока претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската Унија, Кетрин Ештон, потсетува српскиот весник.

Во Договорот од Брисел, кој има вкупно 15 точки, за Србите во Косово е наведено дека ќе имаат Заедница која ќе вклучува 10 општини со српско мнозинство јужно и северно од Ибар и ги вклучува Лепосавиќ, Звечан, северниот дел на Митровица, Зубин Поток, Партеш, Ранилуг, Ново Брдо, Грачаница, Штрпце и Клокот.

Врз основа на договорениот документ, предвидено е ЗСО да има статут, претседател и потпретседател и собрание. Другите точки од Бриселскиот договор се однесуваа, меѓу другото, со полицијата, судството, судството и локалните избори, а беа спроведени и оние чие спроведување зависеше од Белград, наведува „Политика

The post 11 години ЕУ го толерира Косово да не ја формира Заедницата на српски општини appeared first on Република.

]]>

Денеска се навршуваат 11 години од потпишувањето на Бриселскиот договор, но Заедницата на општини со српско мнозинство (ЗСО), на чие формирање се однесуваат првите шест точки и е столбот на овој документ, сè уште не е формирана, пишува српскиот весник „Политика“. За текстот на договорот, кој формално се нарекува „Прв договор за принципите на нормализација на односите меѓу Белград и Приштина“, се преговараше шест месеци пред да бидат ставени три потписи на документот. Документот во име на Белград го потпиша тогашниот премиер и денешниот шеф за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, а во име на Косово - Хашим Тачи, кој беше премиер. Третиот потпис во име на Брисел, кој учествуваше како посредник,  го стави тогашната висока претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската Унија, Кетрин Ештон, потсетува српскиот весник. Во Договорот од Брисел, кој има вкупно 15 точки, за Србите во Косово е наведено дека ќе имаат Заедница која ќе вклучува 10 општини со српско мнозинство јужно и северно од Ибар и ги вклучува Лепосавиќ, Звечан, северниот дел на Митровица, Зубин Поток, Партеш, Ранилуг, Ново Брдо, Грачаница, Штрпце и Клокот. Врз основа на договорениот документ, предвидено е ЗСО да има статут, претседател и потпретседател и собрание. Другите точки од Бриселскиот договор се однесуваа, меѓу другото, со полицијата, судството, судството и локалните избори, а беа спроведени и оние чие спроведување зависеше од Белград, наведува „Политика

The post 11 години ЕУ го толерира Косово да не ја формира Заедницата на српски општини appeared first on Република.

]]>
Рама очекува од косовските власти да го прифатат предлогот за Заедница на српски општини https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/rama-ochekuva-od-kosovskite-vlasti-da-go-prifatat-predlogot-za-zaednitsa-na-srpski-opshtini/ Mon, 27 Nov 2023 19:37:07 +0000 https://republika.mk/?p=716903

Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека новиот план за развој на регионот преку Берлинскиот процес и неодамнашната изјава на канцеларот Олаф Шолц дека Албанија е најблиску да заврши со пристапниот процес, укажуваат на попродлабочено партнерство и подлабок дијалог како меѓу земјите во регионот така и со ЕУ.

Ние сме во целосно нова фаза со ЕУ. Нешта како Отворен Балкан и Берлинскиот процес не можеа ни да се замислат пред десет и повеќе години, беа утопија. Реалноста сега е дека ЕУ и нашиот регион одат во продлабочено партнерство и во подлабок дијалог, но и поголема заемна почит, изјави Рама во дискусија организрана од Алантскиот совет во Вашингтон.

Берлинскиот процес е инструмент и треба работи паралелно со Отворен Балкан, додаде тој. Процесот што почна во 2014 година е соработка на високо ниво меѓу Албанија, Србија, Македонија, Косово и Босна и Херцеговина со повеќе членки на ЕУ како Австрија, Бугарија, Хрватска и Германија. На самитот во Тирана се истакна стратешката важност на регионалната сорботка во контекст геополитичките поместувања во светот.

Берлинскиот процес и новиот план за равој нѝ даваат нова енергија за никогаш да не се откажеме од ЕУ. Албанија го почна претпристапниот прцес, преговорите течат, во извештајот за прогресот се истакнате точките врз кои треба да се работи, главната работа за нас е да ги извршиме правилно задачите, но одлуката не е до нас, изјави тој, туку до сите 27 земји членки, рече Рама и посочи дека ЕУ е притисната од руската агресија во Украина за да се изврши побрза интеграција на регионот.

Новиот предлог за признавање на Заедницата на српски општини во северно Косово содржи и точки предложени од неговата администрација. Рама укажа дека не знае дали ќе бидат прифатени.

Не сум запознаат со деталите, но тоа што сум сигурен е дека ако косовските власти се држат за таков договор изразен од премиерот Курти во Брисел, ова може да биде голем исчекор напред во полза на Косово и на регионот, рече Рама.

Тој смета дека решавањето на српско-косовското прашање може да дојде само со целосно признавање на Косово и практично со конечен мировен договор. Трагичните настани неодамна во Северно Косово беа аларм за потенцијалот на ова нерешено прашање по мирот и стабилноста во регионот.

Одговорните кои беа вклучени во овој криминал не само што направија терор во северно Косово, туку и во Белград,кој, сепак, не го осуди, туку прогласи ден на жалост за овие криминалци, изјави Рама.

Тој кажа дека не се предава на екскалација и конфронтација, туку побара да „двојно и тројно да се зголемат напорите за нормализација и мир“.

Охрабрувам промени во пристапот на косовските власти со прифаќање на заедницата на општини со српско мнозинство. Гледам дека лидерите на Косово покажуваат воља да се оди напред, додаде Рама.

Во поширокиот контекст на војната во Украина и војната меѓу Израел и Хамас, „импликаците по регионот может да бидат страшни ако не се фокусораме и не работиме деноноќно овој конфликт да се задржи надвор од границите на нашиот регион“.

Рама изјави дека Албанија е мултиверска држава во која муслиманите и христијаните живеат во хармонија и додаде дека е „трагичен оптимист“ за регионот и дека Албанија прави сѐ што може „да остави трага зад себе“.

Албанија е овде и нема да ја снема, туку со напорите на нашите луѓе таа ќе стане извонредна и земја на чудата, изјави Рама.

Во врска со Договорот за прием на бегалци меѓу Рим и Тирана, Рама рече дека тоа ќе биде „пристаниште за добредојде на 36,000 бегалци. Но да не се прави забуна, вкупниот капацитет за сместување не е само 3.000. Значи само по толку луѓе ќе можат да бидат процесирани“.

Тој изјави дека центарот ќе биде изграден по стандардите на ЕУ и според сите меѓународни закони и дека Албанија ја прифатила соработката со Италија наспроти „колебливоста за такви центри во другите европски земји“.

The post Рама очекува од косовските власти да го прифатат предлогот за Заедница на српски општини appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека новиот план за развој на регионот преку Берлинскиот процес и неодамнашната изјава на канцеларот Олаф Шолц дека Албанија е најблиску да заврши со пристапниот процес, укажуваат на попродлабочено партнерство и подлабок дијалог како меѓу земјите во регионот така и со ЕУ.
Ние сме во целосно нова фаза со ЕУ. Нешта како Отворен Балкан и Берлинскиот процес не можеа ни да се замислат пред десет и повеќе години, беа утопија. Реалноста сега е дека ЕУ и нашиот регион одат во продлабочено партнерство и во подлабок дијалог, но и поголема заемна почит, изјави Рама во дискусија организрана од Алантскиот совет во Вашингтон.
Берлинскиот процес е инструмент и треба работи паралелно со Отворен Балкан, додаде тој. Процесот што почна во 2014 година е соработка на високо ниво меѓу Албанија, Србија, Македонија, Косово и Босна и Херцеговина со повеќе членки на ЕУ како Австрија, Бугарија, Хрватска и Германија. На самитот во Тирана се истакна стратешката важност на регионалната сорботка во контекст геополитичките поместувања во светот.
Берлинскиот процес и новиот план за равој нѝ даваат нова енергија за никогаш да не се откажеме од ЕУ. Албанија го почна претпристапниот прцес, преговорите течат, во извештајот за прогресот се истакнате точките врз кои треба да се работи, главната работа за нас е да ги извршиме правилно задачите, но одлуката не е до нас, изјави тој, туку до сите 27 земји членки, рече Рама и посочи дека ЕУ е притисната од руската агресија во Украина за да се изврши побрза интеграција на регионот.
Новиот предлог за признавање на Заедницата на српски општини во северно Косово содржи и точки предложени од неговата администрација. Рама укажа дека не знае дали ќе бидат прифатени.
Не сум запознаат со деталите, но тоа што сум сигурен е дека ако косовските власти се држат за таков договор изразен од премиерот Курти во Брисел, ова може да биде голем исчекор напред во полза на Косово и на регионот, рече Рама.
Тој смета дека решавањето на српско-косовското прашање може да дојде само со целосно признавање на Косово и практично со конечен мировен договор. Трагичните настани неодамна во Северно Косово беа аларм за потенцијалот на ова нерешено прашање по мирот и стабилноста во регионот.
Одговорните кои беа вклучени во овој криминал не само што направија терор во северно Косово, туку и во Белград,кој, сепак, не го осуди, туку прогласи ден на жалост за овие криминалци, изјави Рама.
Тој кажа дека не се предава на екскалација и конфронтација, туку побара да „двојно и тројно да се зголемат напорите за нормализација и мир“.
Охрабрувам промени во пристапот на косовските власти со прифаќање на заедницата на општини со српско мнозинство. Гледам дека лидерите на Косово покажуваат воља да се оди напред, додаде Рама.
Во поширокиот контекст на војната во Украина и војната меѓу Израел и Хамас, „импликаците по регионот может да бидат страшни ако не се фокусораме и не работиме деноноќно овој конфликт да се задржи надвор од границите на нашиот регион“. Рама изјави дека Албанија е мултиверска држава во која муслиманите и христијаните живеат во хармонија и додаде дека е „трагичен оптимист“ за регионот и дека Албанија прави сѐ што може „да остави трага зад себе“.
Албанија е овде и нема да ја снема, туку со напорите на нашите луѓе таа ќе стане извонредна и земја на чудата, изјави Рама.
Во врска со Договорот за прием на бегалци меѓу Рим и Тирана, Рама рече дека тоа ќе биде „пристаниште за добредојде на 36,000 бегалци. Но да не се прави забуна, вкупниот капацитет за сместување не е само 3.000. Значи само по толку луѓе ќе можат да бидат процесирани“. Тој изјави дека центарот ќе биде изграден по стандардите на ЕУ и според сите меѓународни закони и дека Албанија ја прифатила соработката со Италија наспроти „колебливоста за такви центри во другите европски земји“.

The post Рама очекува од косовските власти да го прифатат предлогот за Заедница на српски општини appeared first on Република.

]]>
Мора да бидеме крајно внимателни за да избегнеме модел што би наликувал на Република Српска, вели Османи https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mora-da-bideme-krajno-vnimatelni-za-da-izbegneme-model-shto-bi-nalikuval-na-republika-srpska-veli-osmani/ Sat, 17 Jun 2023 13:40:12 +0000 https://republika.mk/?p=652447

Претседателката на Косово Вјоса Османи во изјава за „Дојче веле“ истакна дека Приштина е подготвена да направи повеќе за етничките Срби да се чувствуваат рамноправни, но кога станува збор за имплементирањето на Заедницата на српски општини (ЗСО), мора да се внимава бидејќи, според неа, тоа не би смеело да наликува на Република Српска.

Според Османи, ваквите евентуални творби би биле опасни за регионот, но и за цела Европа и затоа треба да се работи на модел кој би бил прифатлив за сите страни подеднакво. Кога станува збор за одржување на избори на северниот дел од земјата, таа вели дека Косово е подготвено да организира избори веднаш, со предуслов во нив да земат учество етничките Срби.

Побаравме поддршка од нашите партнери за да обезбедиме Србија да не се меша незаконски во изборите на друга земја, како што направи минатиот пат, и да не врши притисок врз косовските Срби да не учествуваат, но досега не сме добиле одговор, рече кажа Османи.

Косовската претседателка изјави и дека косовските власти им предложиле на КФОР и на Еулекс да направат заедничка безбедносна проценка за повлекување на косовската полиција од северот на државата, но истакна и дека треба да продолжат заедничките напори за да се пронајдат оние што извршија насилство врз војниците на КФОР.

За влошувањето на ситуацијата во доминантно српските општини, Османи вели дека виновникот е Србија, а претседателот Вучиќ се враќа на стара стратегија блокирајќи го напредокот на земјата. Таа ја критикуваше меѓународната заедница што не реагира на, како што рече, кршењето на договорите извршени од Србија.

Во последните два месеца, од 18 март, кога беше склучен договорот, континуирано има прекршувања, но никогаш не слушнавме изјава од европските земји. Мислам дека ова ја охрабрува Србија да не се грижи за тој процес и го поткопува кредибилитетот на процесот на дијалог, рече Османи.

Од друга страна, пак, денеска директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, кажа дека синоќа во северниот дел на Митровица имало вистинска воена опсада и дека косовскиот премиер Албин Курти наместо да работи на намалување на тензиите, работел на предизвикување војна. Под вакви околности, според Петковиќ, Белград не гледа како може да продолжи понатамошниот дијалог за деескалација.

https://republika.mk/vesti/balkan/petkovik-kosovskite-spetsijaltsi-sinoka-ja-okupiraa-severna-mitrovitsa-ne-gledame-nachin-za-prodolzhuvane-na-dijalogot/

The post Мора да бидеме крајно внимателни за да избегнеме модел што би наликувал на Република Српска, вели Османи appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Косово Вјоса Османи во изјава за „Дојче веле“ истакна дека Приштина е подготвена да направи повеќе за етничките Срби да се чувствуваат рамноправни, но кога станува збор за имплементирањето на Заедницата на српски општини (ЗСО), мора да се внимава бидејќи, според неа, тоа не би смеело да наликува на Република Српска. Според Османи, ваквите евентуални творби би биле опасни за регионот, но и за цела Европа и затоа треба да се работи на модел кој би бил прифатлив за сите страни подеднакво. Кога станува збор за одржување на избори на северниот дел од земјата, таа вели дека Косово е подготвено да организира избори веднаш, со предуслов во нив да земат учество етничките Срби.
Побаравме поддршка од нашите партнери за да обезбедиме Србија да не се меша незаконски во изборите на друга земја, како што направи минатиот пат, и да не врши притисок врз косовските Срби да не учествуваат, но досега не сме добиле одговор, рече кажа Османи.
Косовската претседателка изјави и дека косовските власти им предложиле на КФОР и на Еулекс да направат заедничка безбедносна проценка за повлекување на косовската полиција од северот на државата, но истакна и дека треба да продолжат заедничките напори за да се пронајдат оние што извршија насилство врз војниците на КФОР. За влошувањето на ситуацијата во доминантно српските општини, Османи вели дека виновникот е Србија, а претседателот Вучиќ се враќа на стара стратегија блокирајќи го напредокот на земјата. Таа ја критикуваше меѓународната заедница што не реагира на, како што рече, кршењето на договорите извршени од Србија. Во последните два месеца, од 18 март, кога беше склучен договорот, континуирано има прекршувања, но никогаш не слушнавме изјава од европските земји. Мислам дека ова ја охрабрува Србија да не се грижи за тој процес и го поткопува кредибилитетот на процесот на дијалог, рече Османи. Од друга страна, пак, денеска директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, кажа дека синоќа во северниот дел на Митровица имало вистинска воена опсада и дека косовскиот премиер Албин Курти наместо да работи на намалување на тензиите, работел на предизвикување војна. Под вакви околности, според Петковиќ, Белград не гледа како може да продолжи понатамошниот дијалог за деескалација. https://republika.mk/vesti/balkan/petkovik-kosovskite-spetsijaltsi-sinoka-ja-okupiraa-severna-mitrovitsa-ne-gledame-nachin-za-prodolzhuvane-na-dijalogot/

The post Мора да бидеме крајно внимателни за да избегнеме модел што би наликувал на Република Српска, вели Османи appeared first on Република.

]]>
Дачиќ: Охридскиот договор не важи без заедницата на српските општини https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dachik-ohridskiot-dogovor-ne-vazhi-bez-zaednitsata-na-srpskite-opshtini/ Tue, 25 Apr 2023 11:39:19 +0000 https://republika.mk/?p=633887

Српскиот министер за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, рече дека без формирање на заедницата на српските општини (ЗСО) како прва работа од Охридскиот договор, другите негови делови не може да се исполнат.

„Не дека Охридскиот договор веќе не важи, туку тука зборуваме за тоа дека првото нешто во Охридскиот договор е ЗСО. Ако нема ЗСО, тогаш нема ниту други делови од тој договор“, изјави Дачиќ во утринската програма на РТС.

Дачиќ рече дека начинот на кој државите ќе гласаат за поведување на процедурата за разгледување на барањето на Косово за членство во Советот на Европа ќе влијае на тоа како Белград ќе се однесува кон нив во иднина.

„Црна Гора можеше барем да се воздржи. Мораме да дејствуваме реципрочно. Црна Гора гласаше за прием на Косово. Некогаш ќе им треба и нашиот глас, на кој сигурно нема да може да сметаат“, рече шефот на дипломатијата.

Дачиќ додаде дека е непријатно изненаден од гласот на Украина бидејќи Србија го осудува нарушувањето на територијалниот интегритет на таа земја во сите резолуции во светот, а Киев се воздржа.

„Што се однесува до БиХ, дали некогаш во мојот говор не го кажавме територијалниот интегритет на БиХ. Сега кога некој ќе побара, ние ќе се воздржиме. Па зошто да бидеме за територијалниот интегритет на БиХ, а тие гласаат воздржано“, рече Дачиќ.

Тој праша зошто некои земји се воздржани и дали го признаваат Косово или не.

„Грција и Словачка ме изненадија. Министерот од Грција беше на приемот на српскиот претседател Александар Вучиќ. Грчкиот претседател зборуваше за тоа дека тие не го признаваат Косово“, рече Дачиќ.

Тој им се заблагодари на сите што гласаа „против“ и покажаа дека се пријатели на Србија, вклучително и Кипар, Шпанија, Романија, Азербејџан и Грузија, а особено ѝ се заблагодари на Унгарија и гласаше против членството во Советот на Европа.

The post Дачиќ: Охридскиот договор не важи без заедницата на српските општини appeared first on Република.

]]>

Српскиот министер за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, рече дека без формирање на заедницата на српските општини (ЗСО) како прва работа од Охридскиот договор, другите негови делови не може да се исполнат. „Не дека Охридскиот договор веќе не важи, туку тука зборуваме за тоа дека првото нешто во Охридскиот договор е ЗСО. Ако нема ЗСО, тогаш нема ниту други делови од тој договор“, изјави Дачиќ во утринската програма на РТС. Дачиќ рече дека начинот на кој државите ќе гласаат за поведување на процедурата за разгледување на барањето на Косово за членство во Советот на Европа ќе влијае на тоа како Белград ќе се однесува кон нив во иднина. „Црна Гора можеше барем да се воздржи. Мораме да дејствуваме реципрочно. Црна Гора гласаше за прием на Косово. Некогаш ќе им треба и нашиот глас, на кој сигурно нема да може да сметаат“, рече шефот на дипломатијата. Дачиќ додаде дека е непријатно изненаден од гласот на Украина бидејќи Србија го осудува нарушувањето на територијалниот интегритет на таа земја во сите резолуции во светот, а Киев се воздржа. „Што се однесува до БиХ, дали некогаш во мојот говор не го кажавме територијалниот интегритет на БиХ. Сега кога некој ќе побара, ние ќе се воздржиме. Па зошто да бидеме за територијалниот интегритет на БиХ, а тие гласаат воздржано“, рече Дачиќ. Тој праша зошто некои земји се воздржани и дали го признаваат Косово или не. „Грција и Словачка ме изненадија. Министерот од Грција беше на приемот на српскиот претседател Александар Вучиќ. Грчкиот претседател зборуваше за тоа дека тие не го признаваат Косово“, рече Дачиќ. Тој им се заблагодари на сите што гласаа „против“ и покажаа дека се пријатели на Србија, вклучително и Кипар, Шпанија, Романија, Азербејџан и Грузија, а особено ѝ се заблагодари на Унгарија и гласаше против членството во Советот на Европа.

The post Дачиќ: Охридскиот договор не важи без заедницата на српските општини appeared first on Република.

]]>
Вонредни локални избори на северот на Косово: Србите ги бојкотираат https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vonredni-lokalni-izbori-na-severot-na-kosovo-srbite-gi-bojkotiraat/ Sun, 23 Apr 2023 07:16:21 +0000 https://republika.mk/?p=633130

Граѓаните со право на глас во четирите општини на северот на Косово, населени главно со Срби - Cеверна Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток, денеска избираат нови градоначалници, а во Лепосавиќ и Звечан ќе гласаат и за новиот состав на општинските собранија.

Изборите се организираат откако градоначалниците на тие општини од редовите на Српската листа, поднесоа оставки во ноември минатата година, во знак на противење на одлуката на Владата на Косово да се пререгистрираат автомобилите со нелегални српски таблички во РКС - Република Косово.

Сепак, изборите ќе минат во бојкот од најголемиот политички субјект на косовските Срби, Српската листа. Оттаму наведуваат дека изборите се недемократски и повикува „на 23 април сите избирачки места да бидат празни, што ќе испрати јасна порака до Приштина и меѓународната заедница“.

Портпаролот на ЕУ, Петер Стано, вчера соопшти дека „Европската Унија оценува дека одржувањето на избори во мирни услови на северот на Косово е од суштинско значење и ги повикува сите страни на воздржаност“.

Многу е разочарувачки што Српската листа, која ги претставува косовските Срби, одлучи да не учествува на локалните избори планирани за 23 април во четири северни општини и покрај тоа што изборите беа одложени од декември за април и е продолжен крајниот рок за поднесување на кандидатурите“, изјави Стано.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи по повод изборите, вчера изјави дека тие се важен момент за граѓаните од тој дел на Косово и за иднината на нивните општини.

Изборите се камен-темелник на секоја демократија, а денот на изборите е ден кога сите ќе го слушнат вашиот глас. Затоа, изборите на 23 април се важен момент за вас и за иднината на вашите општини, а правото на глас е загарантирано со Уставот и законите, за да уживаат сите граѓани на Косово, без разлика“, изјави косовската претседателка.

Таа додаде дека со својот глас граѓаните на општините на северот на Косово ќе се осигурат дека избраните претставници директно ќе се занимаваат со прашањата кои влијаат на нивните животи и ќе создадат перспектива за сите.

Меѓутоа, сакам да ве уверам дека косовските институции прават се за овие избори да бидат слободни и фер и дека вашата безбедност е загарантирана. Затоа ве повикувам да ги одбиете оние што доаѓаат кај вас со закани и уцени и ве охрабрувам со своето учество на локалните избори на 23. април, да испратите силна и јасна порака“, се вели во пораката на претседателката на Косово.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, пак, изјави дека Србите на Косово се наоѓаат во тешка ситуација поради тоа што нема да учествуваат на изборите и дека по формирањето на новите локални власти ќе следи „целосна окупација“.

Нашиот народ утре мирно, одговорно и со презир ќе ги гледа тие што ќе ги довлечат од Јужна Митровица да гласаат и да им изберат власт во Cеверна Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток. Што ќе се случи потоа, ништо, целосна окупација што луѓето се веќе подготвени, навикнати, научени, ќе бидат мирни, одговорни, ние ќе исплатуваме плати како и досега, ќе се бориме за нив уште повеќе, ќе им го подигнеме стандардот и ќе чекаме некои подобри времиња во кои ќе важи повелбата на ОН и меѓународното јавно право“, порача Вучиќ.

https://republika.mk/vesti/balkan/vuchik-za-izborite-vo-severno-kosovo-gi-povikuvam-srbite-ushte-poveke-da-gi-razocharaat/

Тој повтори дека Србите во Косово досега учествувале во неколку изборни циклуси, а дека тоа не требало да го сторат пред да се формира Заедницата на српските општини.

Изборите се спроведуваат со придружба на 550 вооружени полицајци, од декември до јануари се застрелани две деца, извршени се неколку напади врз Срби, а некој од Европа тврди дека е разочаран“, истакна Вучиќ и ги повика Србите на единство.

Косовската полиција соопшти дека ги презела сите мерки за безбедно и непречено спроведување на изборниот процес. Како што се наведува во соопштението од полицијата, мерките се преземени врз основа на оперативно планирање и во координација со претставници на надлежните институции, вклучително и Централната изборна комисија (ЦИК).

Од полицијата додаваат дека целта на тоа планирање и координација е спроведување на оперативен план кој има за цел да создаде безбедна и мирна средина за сите граѓани на Косово, пред, за време и по изборниот процес.

Гаранција на избирачкото право, заштита на животот и имотот, спречување на негативни појави и криминални дејствија кои би ја загрозиле безбедноста, мирот и стабилноста во било која мерка, како и преземање законски мерки против незаконски и други дела, се задачи на косовската полиција, се наведува во соопштението.

Надлежните институции ги повикаа сите граѓани да соработуваат со косовската полиција, државното обвинителство, ЦИК и да ги пријават сите незаконски случаи поврзани со безбедноста, изборниот процес или други, а како што е наведено, тие пријави ќе се третираат доверливо, а можат и да бидат испратени и до Државното обвинителството, ЦИК и полицијата.

The post Вонредни локални избори на северот на Косово: Србите ги бојкотираат appeared first on Република.

]]>

Граѓаните со право на глас во четирите општини на северот на Косово, населени главно со Срби - Cеверна Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток, денеска избираат нови градоначалници, а во Лепосавиќ и Звечан ќе гласаат и за новиот состав на општинските собранија. Изборите се организираат откако градоначалниците на тие општини од редовите на Српската листа, поднесоа оставки во ноември минатата година, во знак на противење на одлуката на Владата на Косово да се пререгистрираат автомобилите со нелегални српски таблички во РКС - Република Косово. Сепак, изборите ќе минат во бојкот од најголемиот политички субјект на косовските Срби, Српската листа. Оттаму наведуваат дека изборите се недемократски и повикува „на 23 април сите избирачки места да бидат празни, што ќе испрати јасна порака до Приштина и меѓународната заедница“. Портпаролот на ЕУ, Петер Стано, вчера соопшти дека „Европската Унија оценува дека одржувањето на избори во мирни услови на северот на Косово е од суштинско значење и ги повикува сите страни на воздржаност“.
Многу е разочарувачки што Српската листа, која ги претставува косовските Срби, одлучи да не учествува на локалните избори планирани за 23 април во четири северни општини и покрај тоа што изборите беа одложени од декември за април и е продолжен крајниот рок за поднесување на кандидатурите“, изјави Стано.
Претседателката на Косово, Вјоса Османи по повод изборите, вчера изјави дека тие се важен момент за граѓаните од тој дел на Косово и за иднината на нивните општини.
Изборите се камен-темелник на секоја демократија, а денот на изборите е ден кога сите ќе го слушнат вашиот глас. Затоа, изборите на 23 април се важен момент за вас и за иднината на вашите општини, а правото на глас е загарантирано со Уставот и законите, за да уживаат сите граѓани на Косово, без разлика“, изјави косовската претседателка.
Таа додаде дека со својот глас граѓаните на општините на северот на Косово ќе се осигурат дека избраните претставници директно ќе се занимаваат со прашањата кои влијаат на нивните животи и ќе создадат перспектива за сите.
Меѓутоа, сакам да ве уверам дека косовските институции прават се за овие избори да бидат слободни и фер и дека вашата безбедност е загарантирана. Затоа ве повикувам да ги одбиете оние што доаѓаат кај вас со закани и уцени и ве охрабрувам со своето учество на локалните избори на 23. април, да испратите силна и јасна порака“, се вели во пораката на претседателката на Косово.
Српскиот претседател Александар Вучиќ, пак, изјави дека Србите на Косово се наоѓаат во тешка ситуација поради тоа што нема да учествуваат на изборите и дека по формирањето на новите локални власти ќе следи „целосна окупација“.
Нашиот народ утре мирно, одговорно и со презир ќе ги гледа тие што ќе ги довлечат од Јужна Митровица да гласаат и да им изберат власт во Cеверна Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток. Што ќе се случи потоа, ништо, целосна окупација што луѓето се веќе подготвени, навикнати, научени, ќе бидат мирни, одговорни, ние ќе исплатуваме плати како и досега, ќе се бориме за нив уште повеќе, ќе им го подигнеме стандардот и ќе чекаме некои подобри времиња во кои ќе важи повелбата на ОН и меѓународното јавно право“, порача Вучиќ.
https://republika.mk/vesti/balkan/vuchik-za-izborite-vo-severno-kosovo-gi-povikuvam-srbite-ushte-poveke-da-gi-razocharaat/ Тој повтори дека Србите во Косово досега учествувале во неколку изборни циклуси, а дека тоа не требало да го сторат пред да се формира Заедницата на српските општини.
Изборите се спроведуваат со придружба на 550 вооружени полицајци, од декември до јануари се застрелани две деца, извршени се неколку напади врз Срби, а некој од Европа тврди дека е разочаран“, истакна Вучиќ и ги повика Србите на единство.
Косовската полиција соопшти дека ги презела сите мерки за безбедно и непречено спроведување на изборниот процес. Како што се наведува во соопштението од полицијата, мерките се преземени врз основа на оперативно планирање и во координација со претставници на надлежните институции, вклучително и Централната изборна комисија (ЦИК). Од полицијата додаваат дека целта на тоа планирање и координација е спроведување на оперативен план кој има за цел да создаде безбедна и мирна средина за сите граѓани на Косово, пред, за време и по изборниот процес.
Гаранција на избирачкото право, заштита на животот и имотот, спречување на негативни појави и криминални дејствија кои би ја загрозиле безбедноста, мирот и стабилноста во било која мерка, како и преземање законски мерки против незаконски и други дела, се задачи на косовската полиција, се наведува во соопштението.
Надлежните институции ги повикаа сите граѓани да соработуваат со косовската полиција, државното обвинителство, ЦИК и да ги пријават сите незаконски случаи поврзани со безбедноста, изборниот процес или други, а како што е наведено, тие пријави ќе се третираат доверливо, а можат и да бидат испратени и до Државното обвинителството, ЦИК и полицијата.

The post Вонредни локални избори на северот на Косово: Србите ги бојкотираат appeared first on Република.

]]>
Изборите на северот на Косово се срам за Европа: Сега ни е јасно сè, нема да има ЗСО https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/izborite-na-severot-na-kosovo-se-sram-za-evropa-sega-ni-e-jasno-se-nema-da-ima-zso/ Fri, 21 Apr 2023 05:57:15 +0000 https://republika.mk/?p=632662

В недела на северот на Косово ќе има страшен ден за демократијата и тежок ден за српскиот народ, ден во кој официјално ќе биде обележан срамот на Европа и светот за тоа што го организираа и го прават, рече претседателот на Србија Александар Вучиќ вечерва на ТВ Прва зборувајќи за изборите во недела во четири општини на северот на Косово, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ објасни дека Србите на Косово во ноември минатата година ги напуштија косовските институции не поради нивниот хир, или затоа што се луди и глупави, па сакаат барикади и тепачки, туку поради протиправно разрешените српски полициски командири, апсењата на србите, пукањето на децата срби во Штрпце и не само таму, грабањето земја, секојдневното малтретирање во врска со регистарски таблички.

Десет години учествуваме на избори, а вие десет години не ја формиравте ЗСО. Сега доаѓаме до тоа што всушност се случува. Ќе бидам доста отворен, ова е срам за Квинта. Ќе направат избори и ќе ги прифатат, рече претседателот на Србија.

Како што додаде, веќе нема ниту еден српски кандидат во ниту една од тие општини на северот, откако Јаблановиќ денеска се откажа од учеството на изборите.

Тука се кандидатите на Албин Курти и Хашим Тачи, кои ќе ги довлечат гласачите да стигнат некаде над четири отсто. И ќе кажат дека изборите се легални. Срам да им е на сите нив, цела Квинта, сите тие лажговци!, истакна Вучиќ.

Денеска им кажав полоши зборови од овие, додаде тој.

Тоа го прават сите заедно затоа што треба да го поддржат Косово и да ја скршат Србија, а јас сега знам дека сакаат мене да ме скршат, можеби мене сакаат, но нема да им дозволам да ја скршат Србија. Ќе си играат со тоа, како да биде ЗСО кога никој од север не сака ЗСО, бидејќи на избори ќе ги преземат косовските Албанци.
Сега разбравме се, нема ништо од заедницата ЗСО. Ги наградивте со визна либерализација, ќе ги наградите и со избори да станат градоначалници на четири општини. Српскиот народ порачува, окупацијата е реална и недвосмислена, изјави Вучиќ.

Претседателот на Србија ги повика граѓаните на северно Косово да бидат смирени во недела.

Да не ги ни погледнат, да видат презир во погледот на секој Србин, не гнев, туку презир и да ги оставаат на мира и да не ги напаѓаат никаде. Нека (Приштина) си ја одработи својата најодвратна работа, рече Вучиќ

The post Изборите на северот на Косово се срам за Европа: Сега ни е јасно сè, нема да има ЗСО appeared first on Република.

]]>

В недела на северот на Косово ќе има страшен ден за демократијата и тежок ден за српскиот народ, ден во кој официјално ќе биде обележан срамот на Европа и светот за тоа што го организираа и го прават, рече претседателот на Србија Александар Вучиќ вечерва на ТВ Прва зборувајќи за изборите во недела во четири општини на северот на Косово, јави дописникот на МИА од Белград. Вучиќ објасни дека Србите на Косово во ноември минатата година ги напуштија косовските институции не поради нивниот хир, или затоа што се луди и глупави, па сакаат барикади и тепачки, туку поради протиправно разрешените српски полициски командири, апсењата на србите, пукањето на децата срби во Штрпце и не само таму, грабањето земја, секојдневното малтретирање во врска со регистарски таблички.
Десет години учествуваме на избори, а вие десет години не ја формиравте ЗСО. Сега доаѓаме до тоа што всушност се случува. Ќе бидам доста отворен, ова е срам за Квинта. Ќе направат избори и ќе ги прифатат, рече претседателот на Србија.
Како што додаде, веќе нема ниту еден српски кандидат во ниту една од тие општини на северот, откако Јаблановиќ денеска се откажа од учеството на изборите.
Тука се кандидатите на Албин Курти и Хашим Тачи, кои ќе ги довлечат гласачите да стигнат некаде над четири отсто. И ќе кажат дека изборите се легални. Срам да им е на сите нив, цела Квинта, сите тие лажговци!, истакна Вучиќ.
Денеска им кажав полоши зборови од овие, додаде тој.
Тоа го прават сите заедно затоа што треба да го поддржат Косово и да ја скршат Србија, а јас сега знам дека сакаат мене да ме скршат, можеби мене сакаат, но нема да им дозволам да ја скршат Србија. Ќе си играат со тоа, како да биде ЗСО кога никој од север не сака ЗСО, бидејќи на избори ќе ги преземат косовските Албанци. Сега разбравме се, нема ништо од заедницата ЗСО. Ги наградивте со визна либерализација, ќе ги наградите и со избори да станат градоначалници на четири општини. Српскиот народ порачува, окупацијата е реална и недвосмислена, изјави Вучиќ.
Претседателот на Србија ги повика граѓаните на северно Косово да бидат смирени во недела.
Да не ги ни погледнат, да видат презир во погледот на секој Србин, не гнев, туку презир и да ги оставаат на мира и да не ги напаѓаат никаде. Нека (Приштина) си ја одработи својата најодвратна работа, рече Вучиќ

The post Изборите на северот на Косово се срам за Европа: Сега ни е јасно сè, нема да има ЗСО appeared first on Република.

]]>
Српската Влада го усвои пакетoт-мерки договорен на состанокот со косовските Срби https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srpskata-vlada-go-usvoi-paketot-merki-dogovoren-na-sostanokot-so-kosovskite-srbi/ Sat, 15 Apr 2023 13:30:01 +0000 https://republika.mk/?p=631046

Српската Влада на денешниот состанок усвои пакет мерки, што беше договрен меѓу претседателот Александар Вучиќ и косовските Срби на средбата во Рашка пред два дена, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопшти Владата, пакет мерките опфаќаат пет точки, а во првата Србија бара итна реакција на меѓународната заедница кон косовските власти за прекинување на кршење на договорот за регистарски таблички и овозможување на целосна слобода на движење на Србите чии возила користат легални и легитимни таблички.

Во случај да косовските власти да го отфрлат компромисното решение (доставен од преговрачкиот тим), надлежните органи на Србија ќе возвратат со силни и адекватни политички мерки во заштита на уставниот поредок, се наведува во владиното соопштение.

Втората точка се однесува на „безусловното и итно формирање на Заедницата на српски општини (ЗСО), според четирите договори постигнати во Бриселскиот дијалог, како и предусловот за враќање на Србите во косовските институтуции“.

Трета точка, како што се наведува во соопштението, е враќањето во Приштина на косовските полициски сили од северниот дел на Косово, „каде се наоѓаат противправно“.

Во четвртата точка се наведува дека српската Влада „остро ги осудува недемократските обиди на Приштина да одржи избори за локалната администрација во четирите општини во северно Косово каде има српско мнозинство на жители“.

Владата на Србија ја поддржува одлуката на легитимните политички претставници на Србите во Косово да не учествува во овој недемократски и нелегитимен процес, како и нивната одлука за враќање во политичкиот живот, тогаш кога ќе бидат исполнети услови за воспоставување на ЗСО, се наведува во соопштението.

Како петта точка се наведува дека српската Влада ќе ги преземе сите законски политички и економски мерки за да го осигури животот и правата на Србите во Косово, и преку посебен инвестициски програми за инфраструктурни, стопански и аграрни мерки.

Петте мерки се обврзувачки за сите органи на државната управа и за преговарачите на српската страна во Дијалогот на Белград – Приштина, соопштија српската Влада.

The post Српската Влада го усвои пакетoт-мерки договорен на состанокот со косовските Срби appeared first on Република.

]]>

Српската Влада на денешниот состанок усвои пакет мерки, што беше договрен меѓу претседателот Александар Вучиќ и косовските Срби на средбата во Рашка пред два дена, јави дописникот на МИА од Белград. Како што соопшти Владата, пакет мерките опфаќаат пет точки, а во првата Србија бара итна реакција на меѓународната заедница кон косовските власти за прекинување на кршење на договорот за регистарски таблички и овозможување на целосна слобода на движење на Србите чии возила користат легални и легитимни таблички. Во случај да косовските власти да го отфрлат компромисното решение (доставен од преговрачкиот тим), надлежните органи на Србија ќе возвратат со силни и адекватни политички мерки во заштита на уставниот поредок, се наведува во владиното соопштение. Втората точка се однесува на „безусловното и итно формирање на Заедницата на српски општини (ЗСО), според четирите договори постигнати во Бриселскиот дијалог, како и предусловот за враќање на Србите во косовските институтуции“. Трета точка, како што се наведува во соопштението, е враќањето во Приштина на косовските полициски сили од северниот дел на Косово, „каде се наоѓаат противправно“. Во четвртата точка се наведува дека српската Влада „остро ги осудува недемократските обиди на Приштина да одржи избори за локалната администрација во четирите општини во северно Косово каде има српско мнозинство на жители“. Владата на Србија ја поддржува одлуката на легитимните политички претставници на Србите во Косово да не учествува во овој недемократски и нелегитимен процес, како и нивната одлука за враќање во политичкиот живот, тогаш кога ќе бидат исполнети услови за воспоставување на ЗСО, се наведува во соопштението. Како петта точка се наведува дека српската Влада ќе ги преземе сите законски политички и економски мерки за да го осигури животот и правата на Србите во Косово, и преку посебен инвестициски програми за инфраструктурни, стопански и аграрни мерки. Петте мерки се обврзувачки за сите органи на државната управа и за преговарачите на српската страна во Дијалогот на Белград – Приштина, соопштија српската Влада.

The post Српската Влада го усвои пакетoт-мерки договорен на состанокот со косовските Срби appeared first on Република.

]]>
Вучиќ најави со кој услов ќе настапи во Охрид на 18 март: Без ЗСО не се може https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-najavi-so-koj-uslov-ke-nastapi-vo-ohrid-na-18-mart-bez-zso-ne-se-mozhe/ Sat, 11 Mar 2023 22:04:07 +0000 https://republika.mk/?p=618611

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, повтори дека Заедницата на српски општини е услов без кој не може да има понатамошни разговори во дијалогот меѓу Белград и Приштина и додаде дека и во Охрид, ќе го каже истото.

Во одговор на констатацијата на новинар дека Албин Курти нема да формира ЗСО додека ЕУ не го коментира тоа, а САД велат дека мора да се формира, Вучиќ рече дека ЗСО не е само прашање на инсистирање на Србија, туку тема на сите дискусии, и тоа мора да се воспостави, бидејќи е договорено во Брисел.

Тој потсети дека во понеделник и вторник во Белград ќе биде домаќин на специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак.

„Не знам што очекува некој од Охрид. Ќе одам во Охрид, никогаш нема да кажам дека нема да зборувам. Зошто да се претставуваме како луди. И таму ќе го кажам истото што го кажувам и сега овде, рече Вучиќ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека нема да има „ниту фактичко, ниту де јуре“ признавање на независноста на Косово.

На средбата во Врање, каде што ја започна својата турнеја низ Србија како дел од формирањето на Народното движење за државата, Вучиќ рече дека знае оти претседателската заклетва ја дал за Уставот.

The post Вучиќ најави со кој услов ќе настапи во Охрид на 18 март: Без ЗСО не се може appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, повтори дека Заедницата на српски општини е услов без кој не може да има понатамошни разговори во дијалогот меѓу Белград и Приштина и додаде дека и во Охрид, ќе го каже истото. Во одговор на констатацијата на новинар дека Албин Курти нема да формира ЗСО додека ЕУ не го коментира тоа, а САД велат дека мора да се формира, Вучиќ рече дека ЗСО не е само прашање на инсистирање на Србија, туку тема на сите дискусии, и тоа мора да се воспостави, бидејќи е договорено во Брисел. Тој потсети дека во понеделник и вторник во Белград ќе биде домаќин на специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак.
„Не знам што очекува некој од Охрид. Ќе одам во Охрид, никогаш нема да кажам дека нема да зборувам. Зошто да се претставуваме како луди. И таму ќе го кажам истото што го кажувам и сега овде, рече Вучиќ.
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека нема да има „ниту фактичко, ниту де јуре“ признавање на независноста на Косово. На средбата во Врање, каде што ја започна својата турнеја низ Србија како дел од формирањето на Народното движење за државата, Вучиќ рече дека знае оти претседателската заклетва ја дал за Уставот.

The post Вучиќ најави со кој услов ќе настапи во Охрид на 18 март: Без ЗСО не се може appeared first on Република.

]]>
ЕУ го објави целиот предлог-договор за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/eu-go-objavi-tseliot-predlog-dogovor-za-patot-kon-normalizatsija-na-odnosite-megu-kosovo-i-srbija/ Tue, 28 Feb 2023 07:21:31 +0000 https://republika.mk/?p=613960

Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) на својата веб-страница го објави текстот на предлогот на Европската унија за Договорот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија. Како што објави на Твитер високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, вчера во Брисел премиерот на Косово Албин Курти и претседателот на Србија Александар Вучиќ се согласиле дека за предлогот не се потребни понатамошни разговори.

Во текстот на европскиот предлог се наведува дека страните од договорот се свесни за својата одговорност да го зачуваат мирот,  посветени на придонес кон плодната регионална соработка и безбедност во Европа и надминување на минатото, свесни се дека неповредливоста на границите и почитувањето на територијалниот интегритет и суверенитет и заштитата на националните малцинства се основните услови за мир.

Во текстот на договорот се наведува дека двете страни ќе развијат „нормални, добрососедски односи засновани на еднакви права“, дека „заемно ќе ги признаваат документите и националните симболи, вклучувајќи пасоши, дипломи, регистарски таблички и царински печати“.

Двете страни ќе се водат од целите и принципите утврдени во Повелбата на Обединетите нации, особено оние за суверена еднаквост на сите држави, почитување на нивната независност, автономија и територијален интегритет, правото на самоопределување, заштита на човековите права и недискриминација.

„Со договор, Косово и Србија се обврзуваат да ги решаваат меѓусебните спорови исклучиво со мирни средства и да се воздржат од закани за употреба на сила. Страните тргнуваат од претпоставката дека ниту една од двете не може да го претставува другото во меѓународната сфера или да дејствува во нејзино име, а Србија нема да се спротивстави на членството на Косово во ниту една меѓународна организација“, се вели во текстот.

Ниту една страна нема да ги блокира или охрабрува другите да го блокираат напредокот на другата на нејзиниот пат кон ЕУ по сопствена заслуга.

Во текстот се вели дека овој договор е важен чекор во нормализацијата на односите, но дека страните треба да го продолжат дијалогот под покровителство на ЕУ, што треба да доведе до правно обврзувачки договор за сеопфатна нормализација на нивните односи.

Страните се согласија да ја продлабочат соработката на полето на економијата, науката, технологијата, транспортот, поврзаноста, правдата, спроведувањето на законот, поштата, телекомуникациите, здравството, културата, религијата, спортот, заштитата на животната средина, исчезнатите лица, бегалците и други слични области преку склучување на конкретни договори.

„Двете страни се обврзуваат да воспостават посебни аранжмани и гаранции, во согласност со релевантните инструменти на Советот на Европа и потпирајќи се на постоечките европски искуства, со цел да се обезбеди соодветно ниво на самоуправа на српската заедница на Косово и способност за обезбедуваат услуги во одредени области, вклучително и можност за финансиска поддршка од Србија и директен канал за комуникација на српската заедница со владата на Косово“, се вели во текстот.

Исто така, се вели дека партиите ќе го официјализираат статусот на Српската православна црква во Косово и ќе обезбедат силно ниво на заштита на српското верско и културно наследство, во согласност со постоечките европски модели.

Предвидена е размена на постојани мисии, кои ќе бидат формирани во седиштата на владите. Страните се согласија да формираат заеднички комитет со кој ќе претседава ЕУ, кој ќе го следи спроведувањето на овој договор.

Во последниот член се вели дека страните се обврзуваат да го почитуваат планот за имплементација кој е во анекс на договорот.

Европскиот комесар за надворешни работи Жозеп Борел по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин рече дека таа завршила без договор, но дека Вучиќ и Курти се согласиле дека не се потребни дополнителни разговори за европскиот предлог и дека тоа е рамка за нормализирање на односите меѓу двете страни.

Вучиќ рече дека е договорено следната средба да се одржи во Македонија на 18 март. Тој додаде дека разговорите во Брисел биле тешки и дека главниот камен на сопнување е Заедницата на српските општини на Косово.

https://republika.mk/vesti/balkan/kurti-i-vuchik-na-18-mart-ke-pregovaraat-vo-makedonija/

По средбата, на која учествуваше специјалниот пратеник на ЕУ за нормализација на односите меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак, Борел изјави дека разговорите биле интензивни и дека и Вучиќ и Курти покажале одговорност.

https://republika.mk/vesti/balkan/borel-se-faka-za-glava-vuchik-i-kurti-se-osvezhuvaa-so-koka-kola-i-kolachina/

Косовскиот премиер по средбата изјави дека е подготвен да го потпише договорот, но дека другата страна одбила.

The post ЕУ го објави целиот предлог-договор за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија appeared first on Република.

]]>

Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) на својата веб-страница го објави текстот на предлогот на Европската унија за Договорот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија. Како што објави на Твитер високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, вчера во Брисел премиерот на Косово Албин Курти и претседателот на Србија Александар Вучиќ се согласиле дека за предлогот не се потребни понатамошни разговори. Во текстот на европскиот предлог се наведува дека страните од договорот се свесни за својата одговорност да го зачуваат мирот,  посветени на придонес кон плодната регионална соработка и безбедност во Европа и надминување на минатото, свесни се дека неповредливоста на границите и почитувањето на територијалниот интегритет и суверенитет и заштитата на националните малцинства се основните услови за мир. Во текстот на договорот се наведува дека двете страни ќе развијат „нормални, добрососедски односи засновани на еднакви права“, дека „заемно ќе ги признаваат документите и националните симболи, вклучувајќи пасоши, дипломи, регистарски таблички и царински печати“. Двете страни ќе се водат од целите и принципите утврдени во Повелбата на Обединетите нации, особено оние за суверена еднаквост на сите држави, почитување на нивната независност, автономија и територијален интегритет, правото на самоопределување, заштита на човековите права и недискриминација. „Со договор, Косово и Србија се обврзуваат да ги решаваат меѓусебните спорови исклучиво со мирни средства и да се воздржат од закани за употреба на сила. Страните тргнуваат од претпоставката дека ниту една од двете не може да го претставува другото во меѓународната сфера или да дејствува во нејзино име, а Србија нема да се спротивстави на членството на Косово во ниту една меѓународна организација“, се вели во текстот. Ниту една страна нема да ги блокира или охрабрува другите да го блокираат напредокот на другата на нејзиниот пат кон ЕУ по сопствена заслуга. Во текстот се вели дека овој договор е важен чекор во нормализацијата на односите, но дека страните треба да го продолжат дијалогот под покровителство на ЕУ, што треба да доведе до правно обврзувачки договор за сеопфатна нормализација на нивните односи. Страните се согласија да ја продлабочат соработката на полето на економијата, науката, технологијата, транспортот, поврзаноста, правдата, спроведувањето на законот, поштата, телекомуникациите, здравството, културата, религијата, спортот, заштитата на животната средина, исчезнатите лица, бегалците и други слични области преку склучување на конкретни договори. „Двете страни се обврзуваат да воспостават посебни аранжмани и гаранции, во согласност со релевантните инструменти на Советот на Европа и потпирајќи се на постоечките европски искуства, со цел да се обезбеди соодветно ниво на самоуправа на српската заедница на Косово и способност за обезбедуваат услуги во одредени области, вклучително и можност за финансиска поддршка од Србија и директен канал за комуникација на српската заедница со владата на Косово“, се вели во текстот. Исто така, се вели дека партиите ќе го официјализираат статусот на Српската православна црква во Косово и ќе обезбедат силно ниво на заштита на српското верско и културно наследство, во согласност со постоечките европски модели. Предвидена е размена на постојани мисии, кои ќе бидат формирани во седиштата на владите. Страните се согласија да формираат заеднички комитет со кој ќе претседава ЕУ, кој ќе го следи спроведувањето на овој договор. Во последниот член се вели дека страните се обврзуваат да го почитуваат планот за имплементација кој е во анекс на договорот. Европскиот комесар за надворешни работи Жозеп Борел по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин рече дека таа завршила без договор, но дека Вучиќ и Курти се согласиле дека не се потребни дополнителни разговори за европскиот предлог и дека тоа е рамка за нормализирање на односите меѓу двете страни. Вучиќ рече дека е договорено следната средба да се одржи во Македонија на 18 март. Тој додаде дека разговорите во Брисел биле тешки и дека главниот камен на сопнување е Заедницата на српските општини на Косово. https://republika.mk/vesti/balkan/kurti-i-vuchik-na-18-mart-ke-pregovaraat-vo-makedonija/ По средбата, на која учествуваше специјалниот пратеник на ЕУ за нормализација на односите меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак, Борел изјави дека разговорите биле интензивни и дека и Вучиќ и Курти покажале одговорност. https://republika.mk/vesti/balkan/borel-se-faka-za-glava-vuchik-i-kurti-se-osvezhuvaa-so-koka-kola-i-kolachina/ Косовскиот премиер по средбата изјави дека е подготвен да го потпише договорот, но дека другата страна одбила.

The post ЕУ го објави целиот предлог-договор за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија appeared first on Република.

]]>
Шоле на разговор со Курти: Време е да се разговара за Заедницата на српски општини https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/shole-na-razgovor-so-kurti-vreme-e-da-se-razgovara-za-zaednitsata-na-srpski-opshtini/ Sat, 25 Feb 2023 10:16:15 +0000 https://republika.mk/?p=613034

Специјалниот советник на американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле, објави дека на премиерот на Косово, Албин Курти, му кажал дека сега е време да се разговара за Заедницата на српските општини.

Шоле на Твитер, по разговор со Курти, напиша дека и Приштина и Белград треба да ги спроведат договорите што веќе ги потпишале преку процесот на дијалог, вклучително и формирањето на ЗСО.

Разговаравме со премиерот на Косово, Албин Курти, пред средбата на лидерите во рамките на дијалогот со поддршка на ЕУ, за промовирање на нормализација на односите меѓу Србија и Косово. САД поддржуваат конструктивен состанок што ја потврдува посветеноста на двете страни на предлогот на ЕУ. Реков дека сега е време да се разговара за Заедницата на општините со српско мнозинство. И Косово и Србија треба да ги спроведат договорите што веќе ги потпишаа преку процесот на дијалог, вклучително и напредокот кон формирањето на ЗСО“, напиша Шоле на Твитер.

The post Шоле на разговор со Курти: Време е да се разговара за Заедницата на српски општини appeared first on Република.

]]>

Специјалниот советник на американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле, објави дека на премиерот на Косово, Албин Курти, му кажал дека сега е време да се разговара за Заедницата на српските општини. Шоле на Твитер, по разговор со Курти, напиша дека и Приштина и Белград треба да ги спроведат договорите што веќе ги потпишале преку процесот на дијалог, вклучително и формирањето на ЗСО.
Разговаравме со премиерот на Косово, Албин Курти, пред средбата на лидерите во рамките на дијалогот со поддршка на ЕУ, за промовирање на нормализација на односите меѓу Србија и Косово. САД поддржуваат конструктивен состанок што ја потврдува посветеноста на двете страни на предлогот на ЕУ. Реков дека сега е време да се разговара за Заедницата на општините со српско мнозинство. И Косово и Србија треба да ги спроведат договорите што веќе ги потпишаа преку процесот на дијалог, вклучително и напредокот кон формирањето на ЗСО“, напиша Шоле на Твитер.

The post Шоле на разговор со Курти: Време е да се разговара за Заедницата на српски општини appeared first on Република.

]]>
Kурти: Заедницата на српски општини не го положи тестот на нашиот Устав https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kurti-zaednitsata-na-srpski-opshtini-ne-go-polozhi-testot-na-nashiot-ustav/ Tue, 21 Feb 2023 07:03:02 +0000 https://republika.mk/?p=611310

 Премиерот на Косово Албин Курти изјави дека е „голем оптимист оти конечниот договор со Србија ќе биде постигнат оваа година“.

„Мислам дека следната средба во Брисел ќе покаже на што можеме да се надеваме оваа година. Јас сум оптимист, многу сум оптимист дека ќе се постигне договор оваа година“, изјави Курти за Франс 24 за време на Минхенската безбедносна конференција.

Тој додаде дека за таков исход е потребно значително учество на меѓународната заедница.

Курти оцени и дека односите меѓу Белград и Приштина „не се нормални“.

„Сакаме целосна нормализација на односите, што подразбира взаемно признавање. Убеден сум дека шатл-дипломатијата и средбите на високо ниво што ќе се одржат оваа година ќе придонесат да бидеме поблиску до договор во согласност со европскиот предлог, што го иницираа Франција и Германија“.

На прашањето дали може да се постигне договор веќе на средбата на 27 февруари со претседателот на Србија Александар Вучиќ, тој рече дека засега не може да каже кога ќе следи договорот.

Во врска со Заедницата на српски општини, Курти вели дека тоа е само еден дел од договорот од Брисел пред 10 години, а ги имало вкупно 33.
„Сите тие договори ќе бидат тема на средбите. Еден од нив секако е договорот што го содржи ЗСО, кој не го положи тестот на нашиот Уставен суд. Француско-германската иницијатива не може да се претвори во шведска маса, од која секој може да избере што сака. Имаме и други договори што се од големо значење... Има многу што треба да се разговара, а ќе дојде време и за ЗСО“, изјави Курти за Франс 24

The post Kурти: Заедницата на српски општини не го положи тестот на нашиот Устав appeared first on Република.

]]>

 Премиерот на Косово Албин Курти изјави дека е „голем оптимист оти конечниот договор со Србија ќе биде постигнат оваа година“.

„Мислам дека следната средба во Брисел ќе покаже на што можеме да се надеваме оваа година. Јас сум оптимист, многу сум оптимист дека ќе се постигне договор оваа година“, изјави Курти за Франс 24 за време на Минхенската безбедносна конференција.

Тој додаде дека за таков исход е потребно значително учество на меѓународната заедница.

Курти оцени и дека односите меѓу Белград и Приштина „не се нормални“.

„Сакаме целосна нормализација на односите, што подразбира взаемно признавање. Убеден сум дека шатл-дипломатијата и средбите на високо ниво што ќе се одржат оваа година ќе придонесат да бидеме поблиску до договор во согласност со европскиот предлог, што го иницираа Франција и Германија“.

На прашањето дали може да се постигне договор веќе на средбата на 27 февруари со претседателот на Србија Александар Вучиќ, тој рече дека засега не може да каже кога ќе следи договорот.

Во врска со Заедницата на српски општини, Курти вели дека тоа е само еден дел од договорот од Брисел пред 10 години, а ги имало вкупно 33. „Сите тие договори ќе бидат тема на средбите. Еден од нив секако е договорот што го содржи ЗСО, кој не го положи тестот на нашиот Уставен суд. Француско-германската иницијатива не може да се претвори во шведска маса, од која секој може да избере што сака. Имаме и други договори што се од големо значење... Има многу што треба да се разговара, а ќе дојде време и за ЗСО“, изјави Курти за Франс 24

The post Kурти: Заедницата на српски општини не го положи тестот на нашиот Устав appeared first on Република.

]]>
Приштина ќе се обиде да предизвика конфликт, предупредува Анѓелковиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/prishtina-ke-se-obide-da-predizvika-konflikt-predupreduva-angelkovik/ Tue, 14 Feb 2023 12:49:14 +0000 https://republika.mk/?p=608879

Приштина преку разни провокации ќе се обиде да предизвика конфликти на територијата на Косово и Метохија, изјави поранешниот претседател на Извршниот совет на Косово, Зоран Анѓелковиќ.

Тој за новинската агенција „Танјуг“ рече дека „целта на Приштина е Србија да ја претстави како Русија, а себеси како Украина“.

„Потребно е инцидентите да се претворат во конфликт или инцидентите да се претворат во 2004 година, кога на Косово се случи етичко чистење, што српската армија и претседателот на републиката не би го дозволиле“, рече Анѓелковиќ.

Додаде дека единствениот начин Курти да избега од прифаќањето на француско-германскиот предлог и бриселскиот договор е ескалација на конфликтот.

Формирањето на Заедницата на српските општини, вели Анѓелковиќ, е ултиматум што Приштина мора да го прифати.

Коментирајќи ги најавените вонредни избори во Србија, тој рече дека не гледа оти тие би промениле нешто значително и дека нема потреба од избори во септември.

The post Приштина ќе се обиде да предизвика конфликт, предупредува Анѓелковиќ appeared first on Република.

]]>

Приштина преку разни провокации ќе се обиде да предизвика конфликти на територијата на Косово и Метохија, изјави поранешниот претседател на Извршниот совет на Косово, Зоран Анѓелковиќ. Тој за новинската агенција „Танјуг“ рече дека „целта на Приштина е Србија да ја претстави како Русија, а себеси како Украина“. „Потребно е инцидентите да се претворат во конфликт или инцидентите да се претворат во 2004 година, кога на Косово се случи етичко чистење, што српската армија и претседателот на републиката не би го дозволиле“, рече Анѓелковиќ. Додаде дека единствениот начин Курти да избега од прифаќањето на француско-германскиот предлог и бриселскиот договор е ескалација на конфликтот. Формирањето на Заедницата на српските општини, вели Анѓелковиќ, е ултиматум што Приштина мора да го прифати. Коментирајќи ги најавените вонредни избори во Србија, тој рече дека не гледа оти тие би промениле нешто значително и дека нема потреба од избори во септември.

The post Приштина ќе се обиде да предизвика конфликт, предупредува Анѓелковиќ appeared first on Република.

]]>
Европскиот совет повика на формирање на ЗСО и имплементација на склучените договори https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/evropskiot-sovet-povika-na-formirane-na-zso-i-implementatsija-na-skluchenite-dogovori/ Thu, 09 Feb 2023 19:55:54 +0000 https://republika.mk/?p=607055

Европскиот совет денеска ги усвои заклучоците за преговорите меѓу Србија и Косово, во кои ги повикува двете страни „целосно и безусловно да ги спроведат обврските што ги презедоа во дијалогот, вклучително и договорите склучени во 2013 и 2015 година за создавање на Заедница на српски општини“.

- Во светло на неодамнешните тензии на северот на Косово, Европскиот совет нагласува дека итно е неопходно да се постигне напредок во нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија преку дијалог со посредство на ЕУ, предводен од високиот претставник, се наведува во заклучоците на Европскиот совет, јави Н1.

Советот го поздрави неодамнешниот европски предлог, познат и како француско-германски предлог, наведувајќи дека односите меѓу двете страни ќе бидат поставени на „нова и одржлива основа“.

- Европскиот совет го поздравува европскиот предлог за поставување на односите меѓу двете страни на нова и одржлива основа како историска шанса што треба да ја искористат двете страни за да ја остварат својата европска перспектива, се наведува во заклучоците.

Дијалогот меѓу Србија и Косово во последен момент беше вклучен на агендата на самитот на шефови на држави и влади на Европската унија (ЕУ), кој се одржува денеска и утре.

The post Европскиот совет повика на формирање на ЗСО и имплементација на склучените договори appeared first on Република.

]]>

Европскиот совет денеска ги усвои заклучоците за преговорите меѓу Србија и Косово, во кои ги повикува двете страни „целосно и безусловно да ги спроведат обврските што ги презедоа во дијалогот, вклучително и договорите склучени во 2013 и 2015 година за создавање на Заедница на српски општини“. - Во светло на неодамнешните тензии на северот на Косово, Европскиот совет нагласува дека итно е неопходно да се постигне напредок во нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија преку дијалог со посредство на ЕУ, предводен од високиот претставник, се наведува во заклучоците на Европскиот совет, јави Н1. Советот го поздрави неодамнешниот европски предлог, познат и како француско-германски предлог, наведувајќи дека односите меѓу двете страни ќе бидат поставени на „нова и одржлива основа“. - Европскиот совет го поздравува европскиот предлог за поставување на односите меѓу двете страни на нова и одржлива основа како историска шанса што треба да ја искористат двете страни за да ја остварат својата европска перспектива, се наведува во заклучоците. Дијалогот меѓу Србија и Косово во последен момент беше вклучен на агендата на самитот на шефови на држави и влади на Европската унија (ЕУ), кој се одржува денеска и утре.

The post Европскиот совет повика на формирање на ЗСО и имплементација на склучените договори appeared first on Република.

]]>
Вучиќ: Ќе одам во Брисел кога ќе се формира Заедницата на српски општини https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-ke-odam-vo-brisel-koga-ke-se-formira-zaednitsata-na-srpski-opshtini/ Thu, 09 Feb 2023 17:19:26 +0000 https://republika.mk/?p=607004

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека следен пат ќе оди во Брисел кога ќе биде „испорачана Заедницата на српските општини“, јави Бета.

Високиот претставник за надворешна политика Жозеп Борел најави дека ќе ги покани Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти во Брисел за да разговараат за европскиот план за Косово.

„Тие треба да ми кажат што е смислата на тоа (средба со Курти). Ако мислите дека ме викате во Брисел за да ме убедите да кажам Заедница на српски општини во исто време кога не знам што или по нешто, не ми се јавувајте“, рече Вучиќ.

Според него, „очекувана“ е изјавата на претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца дека нема да се формира Заедница на српски општини и му „честиташе на Коњуфца за неговата искреност“, бидејќи приштинските институции „конечно покажаа искреност“.

„Конечно, тие беа искрени во тоа дека никогаш, не планираат да формираат ЗСО. Да видиме сега што ќе направат Американците и другите“, рече Вучиќ.

Коњуфца вчера изјави дека ЗСО нема да се формира и дека во спротивно заедно со граѓаните ќе излезат на улица.

The post Вучиќ: Ќе одам во Брисел кога ќе се формира Заедницата на српски општини appeared first on Република.

Кристофер Хил, американски амбасадор во Србија: Реално е да се очекува формирање на Заедницата на српските општини до крајот на годинава https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kristofer-hil-amerikanski-ambasador-vo-srbija-realno-e-da-se-ochekuva-formirane-na-zaednitsata-na-srpskite-opshtini-do-krajot-na-godinava/ Wed, 08 Feb 2023 13:52:00 +0000 https://republika.mk/?p=606549

Американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил денеска изјави дека САД инсистираат да се спроведе сè што е договорено во Бриселскиот договор и изрази уверување дека е реално да се очекува формирање на Заедницата на српските општини до крајот на годинава.

- Основното прашање е да се позанимаваме со она што се нарекува Заедница на српски општини, што произлегува од првичниот бриселски договор, изјави Хил за телевизијата К1, нагласувајќи дека тој апсолутно мора да се спроведе за луѓето да имаат доверба во идните договори, пренесе Бета.

Зборувајќи за рокот за формирање на ЗСО, Хил изјави дека „смета дека се зборува за разумни рокови кога се вели дека тоа е можно до крајот на годината“.

- Сепак, не сум сигурен дека можеме да зборуваме дури и за рокови, но луѓето треба да прават нешто секој ден за да се дојде до решение. Но, мислам дека е реално да се предложи сето тоа да се случи оваа година. Мислам дека оваа година е значајна година и француско-германскиот предлог е позитивен и може да се спроведе, додаде тој.

Хил истакна дека кога станува збор за косовското прашање, САД „апсолутно го поддржуваат она што го направија Европејците, особено предлогот што доаѓа од Французите и Германците“ и дека се обидуваат да стават до знаење дека сакаат да бидат дел од процесот и гаранција за исходот од преговорите.

Тој рече дека решението за косовското прашање е решение за Србија, решение на Балканот, но и решение за Европа.

- САД имаат долгорочни интереси во овој континент и овој регион. Она што треба да го направиме е да работиме со Европејците на решение за тие проблеми, посочи американскиот амбасадор.

Тој додаде дека Вашингтонскиот договор не треба да се заобиколи бидејќи „таму се разговарало за многу важни работи како што е економијата за да се осигура дека Приштина и Белград можат да решат некои прашања кои директно влијаат на животот на луѓето на терен“.

The post Кристофер Хил, американски амбасадор во Србија: Реално е да се очекува формирање на Заедницата на српските општини до крајот на годинава appeared first on Република.

]]>

Американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил денеска изјави дека САД инсистираат да се спроведе сè што е договорено во Бриселскиот договор и изрази уверување дека е реално да се очекува формирање на Заедницата на српските општини до крајот на годинава. - Основното прашање е да се позанимаваме со она што се нарекува Заедница на српски општини, што произлегува од првичниот бриселски договор, изјави Хил за телевизијата К1, нагласувајќи дека тој апсолутно мора да се спроведе за луѓето да имаат доверба во идните договори, пренесе Бета. Зборувајќи за рокот за формирање на ЗСО, Хил изјави дека „смета дека се зборува за разумни рокови кога се вели дека тоа е можно до крајот на годината“. - Сепак, не сум сигурен дека можеме да зборуваме дури и за рокови, но луѓето треба да прават нешто секој ден за да се дојде до решение. Но, мислам дека е реално да се предложи сето тоа да се случи оваа година. Мислам дека оваа година е значајна година и француско-германскиот предлог е позитивен и може да се спроведе, додаде тој. Хил истакна дека кога станува збор за косовското прашање, САД „апсолутно го поддржуваат она што го направија Европејците, особено предлогот што доаѓа од Французите и Германците“ и дека се обидуваат да стават до знаење дека сакаат да бидат дел од процесот и гаранција за исходот од преговорите. Тој рече дека решението за косовското прашање е решение за Србија, решение на Балканот, но и решение за Европа. - САД имаат долгорочни интереси во овој континент и овој регион. Она што треба да го направиме е да работиме со Европејците на решение за тие проблеми, посочи американскиот амбасадор. Тој додаде дека Вашингтонскиот договор не треба да се заобиколи бидејќи „таму се разговарало за многу важни работи како што е економијата за да се осигура дека Приштина и Белград можат да решат некои прашања кои директно влијаат на животот на луѓето на терен“.

The post Кристофер Хил, американски амбасадор во Србија: Реално е да се очекува формирање на Заедницата на српските општини до крајот на годинава appeared first on Република.

]]>
Курти по средбата со Лајчак: Го прифаќаме предлогот на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kurti-po-sredbata-so-lajchak-go-prifakame-predlogot-na-eu-za-dijalog-megu-belgrad-i-prishtina/ Mon, 06 Feb 2023 16:49:42 +0000 https://republika.mk/?p=605591

Косовскиот премиер Албин Курти, по средбата со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина Мирослав Лајчак, соопшти дека Косово го прифаќа предлогот на ЕУ за нормализација на односите.

Курти во објава на Твитер изјави дека имал добра дискусија со Лајчак.

Добра размена на мислења со специјалниот пратеник на ЕУ Мирослав Лајчак на работниот ручек во Приштина. Го прифаќаме предлогот на ЕУ за нормализација на односите меѓу Косово и Србија и го сметаме за добра основа за понатамошна дискусија и солидна платформа за напредок“, потенцираше Курти.

Тој додава дека за одредени прашања за меѓународните гаранции, механизмите за имплементација и тајмингот ќе се разговара наскоро, на преговорите во Брисел.

Демократските концепти со европска ориентација ни даваат надеж“, додаде Курти.

The post Курти по средбата со Лајчак: Го прифаќаме предлогот на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер Албин Курти, по средбата со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина Мирослав Лајчак, соопшти дека Косово го прифаќа предлогот на ЕУ за нормализација на односите. Курти во објава на Твитер изјави дека имал добра дискусија со Лајчак.
Добра размена на мислења со специјалниот пратеник на ЕУ Мирослав Лајчак на работниот ручек во Приштина. Го прифаќаме предлогот на ЕУ за нормализација на односите меѓу Косово и Србија и го сметаме за добра основа за понатамошна дискусија и солидна платформа за напредок“, потенцираше Курти.
Тој додава дека за одредени прашања за меѓународните гаранции, механизмите за имплементација и тајмингот ќе се разговара наскоро, на преговорите во Брисел.
Демократските концепти со европска ориентација ни даваат надеж“, додаде Курти.

The post Курти по средбата со Лајчак: Го прифаќаме предлогот на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина appeared first on Република.

]]>
Курти има 6 услови за формирање на Заедница на српски општини https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kurti-ima-6-uslovi-za-formirane-na-zaednitsa-na-srpski-opshtini/ Sat, 04 Feb 2023 17:22:37 +0000 https://republika.mk/?p=604592

Премиерот на Косово Албин Курти изнесе шест услови за формирање на Заедницата на српски општини, односно Заедницата на општини со српско мнозинство.

На формирањето, според Курти, би требало да му претходни договор со Белград, а ЗСО не би можела да има извршни овластувања.

Тој ги наведе следниве услови за ЗСО:

1. Мора да бидат во согласност со косовскиот устав и постоечките закони.

2. Заедницата не може да биде еднонационална, мора да го смени називот, не може да има одбор и да служи само за хоризонтална соработка на општините според законот за локална самоуправа.

3. Правата на националните малцинства и соодветните механизми за заштита треба да бидат засновани на принципот на реципроцитет меѓу двете држави.

4. Пред формирањето на Заедницата нелегалните структури на северот на Косово да бидат укинати и сето нелегално оружје да биде предадено.

5. Заедницата е дел од конечниот договор и се спроведува по меѓусебното признавање.

6. Претседателот на Србија ги повлекува писмата упатени до членките на ЕУ за неприфаќање на Република Косово во ЕУ.

The post Курти има 6 услови за формирање на Заедница на српски општини appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Косово Албин Курти изнесе шест услови за формирање на Заедницата на српски општини, односно Заедницата на општини со српско мнозинство. На формирањето, според Курти, би требало да му претходни договор со Белград, а ЗСО не би можела да има извршни овластувања. Тој ги наведе следниве услови за ЗСО: 1. Мора да бидат во согласност со косовскиот устав и постоечките закони. 2. Заедницата не може да биде еднонационална, мора да го смени називот, не може да има одбор и да служи само за хоризонтална соработка на општините според законот за локална самоуправа. 3. Правата на националните малцинства и соодветните механизми за заштита треба да бидат засновани на принципот на реципроцитет меѓу двете држави. 4. Пред формирањето на Заедницата нелегалните структури на северот на Косово да бидат укинати и сето нелегално оружје да биде предадено. 5. Заедницата е дел од конечниот договор и се спроведува по меѓусебното признавање. 6. Претседателот на Србија ги повлекува писмата упатени до членките на ЕУ за неприфаќање на Република Косово во ЕУ.

The post Курти има 6 услови за формирање на Заедница на српски општини appeared first on Република.

]]>