задожителна вакцинација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zadozitelna-vakcinacija/ За подобро да се разбереме Tue, 06 Sep 2022 06:23:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png задожителна вакцинација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zadozitelna-vakcinacija/ 32 32 Се враќа кампањата за потребата од вакцинирање против Ковид-19 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-vrakja-kampanjata-za-potrebata-od-vakciniranje-protiv-kovid-19/ Tue, 06 Sep 2022 06:23:10 +0000 https://republika.mk/?p=547824

Професионално информирање за процесот на вакцинација, анализирање и адресирање на факторите што придонесуваат за ширење дезинформации околу вакцинацијата против Ковид-19, поттикнување на поактивна вклученост на медиумите во иницијативите за покренување на свесноста за важноста на вакцинацијата и како да се подобри начинот на информирање околу имунизацијата се дел од темите на кои ќе се дискутира денеска во хотелот „Александар палас“ во Скопје, со почеток во 11 часот.

Покрај новинари од најрелевантните медиуми во земјава, во програмата, како гости – предавачи, ќе бидат вклучени и министерот за здравство Беким Сали, претставници на УСАИД, УНИЦЕФ и на Комисијата за заразни болести.

Настанот е во рамки на серијалот стручни советувања за медиумите, во организација на Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје, кој ќе се одржува во периодот од септември до ноември оваа година.

Целта е да се овозможи поттикнување вештини за критичко анализирање на содржините поврзани со вакцинацијата; да се овозможи активна размена на информации и ефективна комуникација меѓу новинарите, претставниците на здравствените институции и другите релевантни чинители, да се поттикнат здравствените институции да ја зголемат транспарентноста и стратегиската комуникација со јавноста  во однос на имунизацијата.

The post Се враќа кампањата за потребата од вакцинирање против Ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Професионално информирање за процесот на вакцинација, анализирање и адресирање на факторите што придонесуваат за ширење дезинформации околу вакцинацијата против Ковид-19, поттикнување на поактивна вклученост на медиумите во иницијативите за покренување на свесноста за важноста на вакцинацијата и како да се подобри начинот на информирање околу имунизацијата се дел од темите на кои ќе се дискутира денеска во хотелот „Александар палас“ во Скопје, со почеток во 11 часот. Покрај новинари од најрелевантните медиуми во земјава, во програмата, како гости – предавачи, ќе бидат вклучени и министерот за здравство Беким Сали, претставници на УСАИД, УНИЦЕФ и на Комисијата за заразни болести. Настанот е во рамки на серијалот стручни советувања за медиумите, во организација на Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје, кој ќе се одржува во периодот од септември до ноември оваа година. Целта е да се овозможи поттикнување вештини за критичко анализирање на содржините поврзани со вакцинацијата; да се овозможи активна размена на информации и ефективна комуникација меѓу новинарите, претставниците на здравствените институции и другите релевантни чинители, да се поттикнат здравствените институции да ја зголемат транспарентноста и стратегиската комуникација со јавноста  во однос на имунизацијата.

The post Се враќа кампањата за потребата од вакцинирање против Ковид-19 appeared first on Република.

]]>
Словенија се откажа од воведување задолжителна вакцинација https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/slovenija-se-otkaza-od-voveduvanje-zadolzitelna-vakcinacija/ Wed, 12 Jan 2022 15:56:31 +0000 https://republika.mk/?p=443845

Словенечките епидемиолози не и препорачуваат на владата да воведе задолжителна вакцинација против Ковид-19.

Сепак, тие сугерираат дека поради зголемениот број на инфекции со омикрон, негативните тестови за коронавирус не се користат како олеснување во работата и активностите, туку само потврда за вакцинација или болест.

Експертската група која работи во рамките на Словенечкиот институт за јавно здравје (NIJZ) и предложи на словенечката влада да ги заостри условите за работа и движење поради порастот на бројот на заразени, објави Словенечката новинска агенција (STA).

На неодамнешниот состанок на советодавното тело, беше заклучено дека задолжителната вакцинација во сегашната фаза на епидемијата нема да биде соодветна, но дека поради брзиот раст на новите инфекции во последно време, се препорачува од т.н. PCT-услови за активности и работа (прележани, вакцинирани, тестирани), да се воведе правилото ПЦ, што значи дека негативниот тест за коронавирус повеќе нема да важи.

Вакво решение веќе воведоа неколку европски земји, меѓу кои Австрија и Италија, но не се знае дали владата на Јанез Јанша веќе го разгледала предлогот и кога има намера да донесе одлука за него.

Владата есента минатата година одлучи да воведе задолжителна вакцинација за државната администрација, но таа беше оспорена и суспендирана од Уставниот суд.

Експертската група предложи владата да усвои стратегија во случај на нови бранови на епидемијата кои би можеле да ги оптоварат болниците и здравствениот систем.

The post Словенија се откажа од воведување задолжителна вакцинација appeared first on Република.

]]>

Словенечките епидемиолози не и препорачуваат на владата да воведе задолжителна вакцинација против Ковид-19. Сепак, тие сугерираат дека поради зголемениот број на инфекции со омикрон, негативните тестови за коронавирус не се користат како олеснување во работата и активностите, туку само потврда за вакцинација или болест. Експертската група која работи во рамките на Словенечкиот институт за јавно здравје (NIJZ) и предложи на словенечката влада да ги заостри условите за работа и движење поради порастот на бројот на заразени, објави Словенечката новинска агенција (STA). На неодамнешниот состанок на советодавното тело, беше заклучено дека задолжителната вакцинација во сегашната фаза на епидемијата нема да биде соодветна, но дека поради брзиот раст на новите инфекции во последно време, се препорачува од т.н. PCT-услови за активности и работа (прележани, вакцинирани, тестирани), да се воведе правилото ПЦ, што значи дека негативниот тест за коронавирус повеќе нема да важи. Вакво решение веќе воведоа неколку европски земји, меѓу кои Австрија и Италија, но не се знае дали владата на Јанез Јанша веќе го разгледала предлогот и кога има намера да донесе одлука за него. Владата есента минатата година одлучи да воведе задолжителна вакцинација за државната администрација, но таа беше оспорена и суспендирана од Уставниот суд. Експертската група предложи владата да усвои стратегија во случај на нови бранови на епидемијата кои би можеле да ги оптоварат болниците и здравствениот систем.

The post Словенија се откажа од воведување задолжителна вакцинација appeared first on Република.

]]>