задоволство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zadovolstvo/ За подобро да се разбереме Thu, 18 Jan 2024 09:58:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png задоволство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zadovolstvo/ 32 32 Германците се најнезадоволни од животот, а Австријците се најзадоволни https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germantsite-se-najnezadovolni-od-zhivotot-a-avstrijtsite-se-najzadovolni/ Thu, 18 Jan 2024 09:58:32 +0000 https://republika.mk/?p=734297

Покрај пандемијата, кризите и војните, мнозинството граѓани на земјите членки на Европската унија и натаму се многу задоволни од животот, покажуваат резултатите од најновото истражување објавено од европскиот завод за статистика Евростат.

Истражувањето беше спроведено во 2022 година и во него од луѓето ширум ЕУ се бараше да оценат колку се задоволни од нивната животна ситуација на скала од еден до 10. Жителите на ЕУ го оценија животот во просек со 7,1, додека во 18 од 27 земји на ЕУ задоволство од животот е оценето со просечна или повисока оценка отколку што е во ЕУ, пренесува Дојче веле.

Во сите земји освен во Бугарија, просечните оценки за задоволството од животот биле над шест, што значи дека мнозинството луѓе во ЕУ се изјасниле дека се повеќе задоволни отколку незадоволни.

На последните три места се Бугарија (5,6), Германија (6,5) и Грција (6,7), каде што треба да се нагласи дека во последните десет години животното задоволство во Грција е зголемено за 0,5 поени, додека во Бугарија е зголемено во однос на 2013. за 0,8 поени.

Според истражувањето, задоволството од животот кај Германците паднало за 0,8 поени, што претставува најголем пад меѓу сите земји на ЕУ.

Од друга страна, најзадоволна земја е Швајцарија со просечна оценка 8 и покрај тоа што не е членка на ЕУ, но се појавува во студиите на Евростат.

Од членките на ЕУ, најзадоволни се Австрија (7,9), Финска, Полска и Романија (сите со по 7,7), Белгија и Холандија (7,6), додека најголем пораст на задоволството за еден поен е забележан во Кипар, чијa просечна оценка за задоволство од животот е 7.2.

The post Германците се најнезадоволни од животот, а Австријците се најзадоволни appeared first on Република.

]]>

Покрај пандемијата, кризите и војните, мнозинството граѓани на земјите членки на Европската унија и натаму се многу задоволни од животот, покажуваат резултатите од најновото истражување објавено од европскиот завод за статистика Евростат. Истражувањето беше спроведено во 2022 година и во него од луѓето ширум ЕУ се бараше да оценат колку се задоволни од нивната животна ситуација на скала од еден до 10. Жителите на ЕУ го оценија животот во просек со 7,1, додека во 18 од 27 земји на ЕУ задоволство од животот е оценето со просечна или повисока оценка отколку што е во ЕУ, пренесува Дојче веле. Во сите земји освен во Бугарија, просечните оценки за задоволството од животот биле над шест, што значи дека мнозинството луѓе во ЕУ се изјасниле дека се повеќе задоволни отколку незадоволни. На последните три места се Бугарија (5,6), Германија (6,5) и Грција (6,7), каде што треба да се нагласи дека во последните десет години животното задоволство во Грција е зголемено за 0,5 поени, додека во Бугарија е зголемено во однос на 2013. за 0,8 поени. Според истражувањето, задоволството од животот кај Германците паднало за 0,8 поени, што претставува најголем пад меѓу сите земји на ЕУ. Од друга страна, најзадоволна земја е Швајцарија со просечна оценка 8 и покрај тоа што не е членка на ЕУ, но се појавува во студиите на Евростат. Од членките на ЕУ, најзадоволни се Австрија (7,9), Финска, Полска и Романија (сите со по 7,7), Белгија и Холандија (7,6), додека најголем пораст на задоволството за еден поен е забележан во Кипар, чијa просечна оценка за задоволство од животот е 7.2.

The post Германците се најнезадоволни од животот, а Австријците се најзадоволни appeared first on Република.

]]>
Истражување: Љубовната авантура „за една ноќ“ нѐ прави несреќни https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/istrazuvanje-ljubovnata-avantura-za-edna-nokj-n-pravi-nesrekjni/ Tue, 28 Jun 2022 08:07:02 +0000 https://republika.mk/?p=520583

Сите слушнале за поимот „врска за една ноќ“. Оваа тема се среќава насекаде – од Саманта во „Сексот и градот“ до „средновековните“ средби во „Игра на престоли“, па честопати влијае и на тоа како луѓето претпочитаат одредени односи…

Сепак, сексот за една вечер, не може да ја замени љубовта. Истражување коешто опфатило 4.000 студенти, посочува дека оние кои неодамна претходно имале секс „за една ноќ“, имаат многу пониско ниво на самодоверба и се помалку среќни. Тие исто така пројавиле повисоки нивоа на анксиозност и депресија.

Се поставува прашањето: Ако сексот без обврски е добар и главно се гледа и прифаќа како нормална активност, зошто луѓето се чувствуваат лошо потоа?

Една од причините биолошки објаснува како кусата авантура влијае на нашиот мозок, пишува „Локал“. Имено, мозокот лачи различни хормони за време на сексот, но и за време на гушкањето. Еден од главните такви „двигатели“ се нарекува окситоцин – „хормонот на љубовта“ и „на среќата“. Се смета дека окситоцинот многу придонесува за меѓучовечките односи, без разлика дали се работи за мајка и новороденче, или љубовна врска меѓу двајца… И жените и мажите лачат окситоцин за време на сексот, а мажите лачат и вазопресин. Тој се смета за „заштитен хормон“ и преку него мажите всушност „ја штитат“ партнерката од другите можни додворувачи.

Но, овие хемиски врски, ако не сме внимателни, може да го попречат нашето размислување. Тогаш гледиштата се менуваат и често се случува да се создаде илузија кон личноста со која сме спиеле.

И покрај фактот што нѐ возбудува да имаме секс за една ноќ, тоа е само „мамка“ за нашиот мозок. Мозокот „мисли“ дека го нашол тоа што го бара, но штом окситоцинот исчезне, се чувствуваме збунето и тажно.

Луѓето, по природа, сите копнеат по љубов и врска, а општеството е тоа што постојано „нѐ притиска“ да бидеме сексуално активни. Но, природата, т.е. биологијата не лаже… Ние всушност, го збунуваме мозокот кога имаме интимни односи со луѓе кои штотуку сме ги запознале.

Значи, дајте ѝ време на врската да се развие. Така човекот сигурно ќе биде посреќен кога работите ќе почнат постепено да се случуваат.

The post Истражување: Љубовната авантура „за една ноќ“ нѐ прави несреќни appeared first on Република.

]]>

Сите слушнале за поимот „врска за една ноќ“. Оваа тема се среќава насекаде – од Саманта во „Сексот и градот“ до „средновековните“ средби во „Игра на престоли“, па честопати влијае и на тоа како луѓето претпочитаат одредени односи… Сепак, сексот за една вечер, не може да ја замени љубовта. Истражување коешто опфатило 4.000 студенти, посочува дека оние кои неодамна претходно имале секс „за една ноќ“, имаат многу пониско ниво на самодоверба и се помалку среќни. Тие исто така пројавиле повисоки нивоа на анксиозност и депресија. Се поставува прашањето: Ако сексот без обврски е добар и главно се гледа и прифаќа како нормална активност, зошто луѓето се чувствуваат лошо потоа? Една од причините биолошки објаснува како кусата авантура влијае на нашиот мозок, пишува „Локал“. Имено, мозокот лачи различни хормони за време на сексот, но и за време на гушкањето. Еден од главните такви „двигатели“ се нарекува окситоцин – „хормонот на љубовта“ и „на среќата“. Се смета дека окситоцинот многу придонесува за меѓучовечките односи, без разлика дали се работи за мајка и новороденче, или љубовна врска меѓу двајца… И жените и мажите лачат окситоцин за време на сексот, а мажите лачат и вазопресин. Тој се смета за „заштитен хормон“ и преку него мажите всушност „ја штитат“ партнерката од другите можни додворувачи. Но, овие хемиски врски, ако не сме внимателни, може да го попречат нашето размислување. Тогаш гледиштата се менуваат и често се случува да се создаде илузија кон личноста со која сме спиеле. И покрај фактот што нѐ возбудува да имаме секс за една ноќ, тоа е само „мамка“ за нашиот мозок. Мозокот „мисли“ дека го нашол тоа што го бара, но штом окситоцинот исчезне, се чувствуваме збунето и тажно. Луѓето, по природа, сите копнеат по љубов и врска, а општеството е тоа што постојано „нѐ притиска“ да бидеме сексуално активни. Но, природата, т.е. биологијата не лаже… Ние всушност, го збунуваме мозокот кога имаме интимни односи со луѓе кои штотуку сме ги запознале. Значи, дајте ѝ време на врската да се развие. Така човекот сигурно ќе биде посреќен кога работите ќе почнат постепено да се случуваат.

The post Истражување: Љубовната авантура „за една ноќ“ нѐ прави несреќни appeared first on Република.

]]>