„Зад стоговите сено” Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zad-stogovite-seno/ За подобро да се разбереме Fri, 30 Jun 2023 09:01:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „Зад стоговите сено” Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zad-stogovite-seno/ 32 32 „Зад стоговите сено” доби десет награди на Грчката филмска академија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zad-stogovite-seno-dobi-deset-nagradi-na-grchkata-filmska-akademija/ Fri, 30 Jun 2023 09:01:11 +0000 https://republika.mk/?p=656765

Долгометражниот игран филм „Зад стоговите сено” на грчката режисерка Асимина Проедроу, реализиран во копродукција меѓу Грција, Германија и Македонија, доби десет награди на годишната церемонија на Грчката филмска академија, што се одржа на 27 јуни во Атина.

Филмот беше номиниран во 17 категории и освои десет награди - за најдобар филм (за продуцентите), за режија, за најдобар дебитант (за режисерката), за сценарио, за фотографија, за главна машка улога, за споредна машка и споредна женска улога, за монтажа и за дизајн на звукот.

Наградите на Грчката филмска академија 2023 или Грчките Ирис награди се збир на награди кои секоја година ги доделува Грчката филмска академија за извонредност на филмските достигнувања во грчката кинематографија.

Филмот „Зад стоговите сено“ е реализиран како копродукција меѓу Грција, Германија и Македонија. Македонски продуцент е „Сектор филм“, предводен од продуцентите Владимир Анастасов и Ангела Несторовска. Премиерата на филмот се одржа на Филмскиот фестивал во Солун, во ноември минатата година, каде доби шест награди. Веднаш потоа беше награден за најдобар дебитантски филм на фестивалот во Гоа - Индија.

Снимањето на филмот се одвиваше на територијата на Грција и на локации во Дојран и Гевгелија во Македонија во текот на 2021 година, кога сѐ уште беа на сила ковид-протоколите. Дејствието на филмот се одвива во 2015 година. Приказната во филмот зборува за рибар кој живее во село на границата помеѓу Грција и Македонија.

Филмот беше поддржан како малцинска копродукција од страна на Агенцијата за филм на РСМ и од Европскиот фонд за копродукција и дистрибуција на кинематографски и аудиовизуелни дела на Советот на Европа – Еуримаж. Главен продуцент е „Аргонаутс продукција“, која соработуваше со „Сектор филм“, продуцентска куќа од Скопје, и „Фикшн парк“ од Германија.

 

The post „Зад стоговите сено” доби десет награди на Грчката филмска академија appeared first on Република.

]]>

Долгометражниот игран филм „Зад стоговите сено” на грчката режисерка Асимина Проедроу, реализиран во копродукција меѓу Грција, Германија и Македонија, доби десет награди на годишната церемонија на Грчката филмска академија, што се одржа на 27 јуни во Атина. Филмот беше номиниран во 17 категории и освои десет награди - за најдобар филм (за продуцентите), за режија, за најдобар дебитант (за режисерката), за сценарио, за фотографија, за главна машка улога, за споредна машка и споредна женска улога, за монтажа и за дизајн на звукот. Наградите на Грчката филмска академија 2023 или Грчките Ирис награди се збир на награди кои секоја година ги доделува Грчката филмска академија за извонредност на филмските достигнувања во грчката кинематографија. Филмот „Зад стоговите сено“ е реализиран како копродукција меѓу Грција, Германија и Македонија. Македонски продуцент е „Сектор филм“, предводен од продуцентите Владимир Анастасов и Ангела Несторовска. Премиерата на филмот се одржа на Филмскиот фестивал во Солун, во ноември минатата година, каде доби шест награди. Веднаш потоа беше награден за најдобар дебитантски филм на фестивалот во Гоа - Индија. Снимањето на филмот се одвиваше на територијата на Грција и на локации во Дојран и Гевгелија во Македонија во текот на 2021 година, кога сѐ уште беа на сила ковид-протоколите. Дејствието на филмот се одвива во 2015 година. Приказната во филмот зборува за рибар кој живее во село на границата помеѓу Грција и Македонија. Филмот беше поддржан како малцинска копродукција од страна на Агенцијата за филм на РСМ и од Европскиот фонд за копродукција и дистрибуција на кинематографски и аудиовизуелни дела на Советот на Европа – Еуримаж. Главен продуцент е „Аргонаутс продукција“, која соработуваше со „Сектор филм“, продуцентска куќа од Скопје, и „Фикшн парк“ од Германија.  

The post „Зад стоговите сено” доби десет награди на Грчката филмска академија appeared first on Република.

]]>