забранети луѓе Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zabraneti-lugje/ За подобро да се разбереме Fri, 30 Jun 2023 11:49:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png забранети луѓе Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zabraneti-lugje/ 32 32 „Забранети луѓе“ – изложба на фотографии од Џон Илија Апелгрен https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zabraneti-luge-izlozhba-na-fotografii-od-dhon-ilija-apelgren/ Fri, 30 Jun 2023 11:49:04 +0000 https://republika.mk/?p=656850

Утре во Кинотека на Македонија, со почеток во 20 часот, се отвора изложбата „Забранети луѓе“ од Џон Илија Апелгрен. Црно – белите фотографии на музичарите кои публиката ќе може да ги види се всушност дел од неговата книга издадена за време на ковид пандемијата со ист наслов „Забранети луѓе“. Делото, кое е во издание на „Арс Либрис“, е своевиден книжевен документарец за незавидната состојба на дел од џез- и рок-музичарите за време на пандемијата со ковид-19. Апелгрин покрај тоа што е автор на книгата, се јавува и како фотограф на црно-белите портрети на музичарите.

Оваа изложба се поставува во склоп на фестивалската понуда на Скопско лето.

Со фотографија се занимавам од поодамна. Љубовта ми се роди во Англија, кога го добив првиот фотоапарат марка Пентакс асахи, во 1989 година… Во моментот кога замреа микрофоните, силно ми зазвучи тишината во животот на 'забранетите', а фотографијата ми се виде како најсоодветна за 'заробување' на таа тишина во фотографиите и решив да ја раскажам нашата приказна на овој начин“, објаснува тој.

Во книгата се застапени портрети на 14 домашни музичари, чијашто главна егзистенција се ноќните свирки и настапите во живо во локали, кои беа забранети за време на карантините и мерките за заштита за време на пандемијата. Фотографиите се портрети на музичарите застапени во книгата.

Меѓу нив се: Благоја Антовски (тапани), Игор Атанасоски-Харе (гитара), Трајче Велков (труба), Калина Велковска-Кали (вокал), Зоран Костадиновски (гитара), Крле (вокал), Кирил Кузманов (саксофон), Џоле Максимовски (бас-гитарист), Андреа Мирческа (контрабас), Иван Петровски (гитара), Полина Тасева (сопран), Петар Ренџов (гитара), Гордан Спасовски (пијано), Арбен Бени Шаќири (вокал) и самиот Џон Илија Апелгрен (вокал).

Апелгрен воопшто не помислил дека во паниката што настана од вирусот, независните уметници-изведувачи ќе бидат сосема заборавени и тргнати настрана од системот… Дека ќе бидат забранети ноќните свирки и настапите во живо во локали. Тој е еден од многуте музичари на кои со мерките за справување со пандемијата им беше забрането да настапуваат. Тие станаа „забранети луѓе“.

Објавувањето на книгата имаше солидарен, односно хуман аспект, за поддршка на музичарите чиишто ангажмани беа на најголем удар за време на пандемијата.

The post „Забранети луѓе“ – изложба на фотографии од Џон Илија Апелгрен appeared first on Република.

]]>

Утре во Кинотека на Македонија, со почеток во 20 часот, се отвора изложбата „Забранети луѓе“ од Џон Илија Апелгрен. Црно – белите фотографии на музичарите кои публиката ќе може да ги види се всушност дел од неговата книга издадена за време на ковид пандемијата со ист наслов „Забранети луѓе“. Делото, кое е во издание на „Арс Либрис“, е своевиден книжевен документарец за незавидната состојба на дел од џез- и рок-музичарите за време на пандемијата со ковид-19. Апелгрин покрај тоа што е автор на книгата, се јавува и како фотограф на црно-белите портрети на музичарите. Оваа изложба се поставува во склоп на фестивалската понуда на Скопско лето.
Со фотографија се занимавам од поодамна. Љубовта ми се роди во Англија, кога го добив првиот фотоапарат марка Пентакс асахи, во 1989 година… Во моментот кога замреа микрофоните, силно ми зазвучи тишината во животот на 'забранетите', а фотографијата ми се виде како најсоодветна за 'заробување' на таа тишина во фотографиите и решив да ја раскажам нашата приказна на овој начин“, објаснува тој.
Во книгата се застапени портрети на 14 домашни музичари, чијашто главна егзистенција се ноќните свирки и настапите во живо во локали, кои беа забранети за време на карантините и мерките за заштита за време на пандемијата. Фотографиите се портрети на музичарите застапени во книгата. Меѓу нив се: Благоја Антовски (тапани), Игор Атанасоски-Харе (гитара), Трајче Велков (труба), Калина Велковска-Кали (вокал), Зоран Костадиновски (гитара), Крле (вокал), Кирил Кузманов (саксофон), Џоле Максимовски (бас-гитарист), Андреа Мирческа (контрабас), Иван Петровски (гитара), Полина Тасева (сопран), Петар Ренџов (гитара), Гордан Спасовски (пијано), Арбен Бени Шаќири (вокал) и самиот Џон Илија Апелгрен (вокал). Апелгрен воопшто не помислил дека во паниката што настана од вирусот, независните уметници-изведувачи ќе бидат сосема заборавени и тргнати настрана од системот… Дека ќе бидат забранети ноќните свирки и настапите во живо во локали. Тој е еден од многуте музичари на кои со мерките за справување со пандемијата им беше забрането да настапуваат. Тие станаа „забранети луѓе“. Објавувањето на книгата имаше солидарен, односно хуман аспект, за поддршка на музичарите чиишто ангажмани беа на најголем удар за време на пандемијата.

The post „Забранети луѓе“ – изложба на фотографии од Џон Илија Апелгрен appeared first on Република.

]]>
Џон Илија Апелгрен ја промовираше првата книга „Забранети луѓе“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dzon-ilija-apelgren-ja-promovirashe-prvata-kniga-zabraneti-lugje/ Fri, 24 Jun 2022 06:56:40 +0000 https://republika.mk/?p=519102

Со музички настап во живо, во присуство на многубројни гости, во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“, познатиот џез-вокалист Џон Илија Апелгрен ја промовираше својата прва книга „Забранети луѓе“. Делото, кое е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е своевидно сведоштво за незавидната состојба на дел од џез- и рок-музичарите за време на пандемијата со Ковид-19.

Оваа книга е пишан документ што претставува едноставен, но прецизен одговор на она што ни се случи и како се справувавме со оваа криза како поединци и како општество. Свесни сме дека имавме пандемија и дека застана цел свет. Но, исто така, сме свесни дека некои држави беа спремни да обезбедат егзистенција на оние на кои им забранија да работат во одреден период... Во период на присилно мирување, претпоставувам дека секој креативен ум бара начин да ја канализира креативната енергија што извира од него. Во ситуација кога начинот на којшто уметникот тоа вообичаено го прави е невозможна, умот се отвора. Освен оваа книга, развивам идеи за два телевизиски и три музички проекти, како и идеја за долгометражен филм – изјави Апелгрен, кој на промоцијата одржа настап со џез-пијанистот Гордан Спасовски.

Во книгата се застапени портрети на 14 домашни музичари, чијашто главна егзистенција се ноќните свирки и настапите во живо во локали, кои беа забранети за време на карантините и мерките за заштита за време на пандемијата. Меѓу нив се: Благоја Антовски (тапани), Игор Атанасоски-Харе (гитара), Трајче Велков (труба), Калина Велковска-Кали (вокал), Зоран Костадиновски (гитара), Крле (вокал), Кирил Кузманов (саксофон), Џоле Максимовски (бас-гитарист), Андреа Мирческа (контрабас), Иван Петровски (гитара), Полина Тасева (сопран), Петар Ренџов (гитара), Гордан Спасовски (пијано), Арбен Бени Шаќири (вокал), како и самиот Апелгрен.

– Идејата беше со портрети да опфатам не само џез-музичари туку и колеги кои негуваат рок, поп, блуз и други стилови на музика. Важно ми беше да бидеме застапени сите, а низ нашите биографии публиката да се запознае со нас, непосредно. Преку нашите одговори на поставените прашања, пак, сакавме да дадеме краток увид во нашата состојба тогаш и на нашите надежи кон иднината. Снимањето се одвиваше во студиото на Гоце Стевковски... Читајќи ги одговорите на сите музичари вклучени во книгата сфаќам дека сите ние сме со музиката затоа што некаква мистериозна желба ни тече низ вените за да се изразуваме музички, а поголемиот дел од нас на иднината гледаат со претпазлив ентузијазам. Кризата нѐ погоди сите до еден, некои од нас сосем се предадоа на активизам за промена на статус кво ситуацијата што ни тежеше, други се снаоѓаа и привремено работеа тоа што можеа, трети ја напуштија музиката – рече авторот.

Апелгрен, покрај тоа што е автор на книгата, се јавува и како фотограф на црно-белите портрети на музичарите.

Со фотографија се занимавам од поодамна. Љубовта ми се роди во Англија, кога го добив првиот фотоапарат „Пентакс асахи“, во 1989 година... Во моментот кога замреа микрофоните, силно ми зазвучи тишината во животот на „забранетите“, а фотографијата ми се виде како најсоодветна за „заробување“ на таа тишина во фотографиите и решив да ја раскажам нашата приказна на овој начин, објаснува тој.

Предговорите ги напишаа еминетните музички новинари м-р Бранка Костиќ-Марковиќ и Ненад Георгиевски, како и познатиот фотограф Драги Неделчевски.

Објавувањето на книгата има солидарен, односно хуман аспект, за поддршка на музичарите чиишто ангажмани беа на најголем удар за време на пандемијата. Со купување примерок од „Забранети луѓе“ им се помага токму ним – на забранетите луѓе.

Пандемијата донесе и големи материјални загуби, финансиска нестабилност и остави многумина без работа. Меѓу нив беа и музичарите чијашто главен извор на средства се ноќните свирки и настапите во живо во локали, кои, како што добро паметиме, беа забранети за време на карантините и мерките за заштита од Ковид-19. Токму нивните приказни се дел од книгата „Забранети луѓе“. Овој проект не е само книжевен документарец за состојбата на една фела, таа е сведоштво за кризата низ која помина (и сѐ уште поминува) целокупната културно-уметничка сцена. Сите ние бевме принудени да се снаоѓаме и да ги менуваме начините на кој ќе функционираме, создаваме и ќе дојдеме до својата публика. Се покажа дека културата, книгите, музиката, театарот, филмовите... беа лек во задржување на здравиот и нормален ум, во тие не толку нормални времиња. Објавувањето на книгата има солидарна страна. Таа нема само репортерска мисија – да раскаже како било, туку таа носи и порака за тоа како треба во иднина да се движат нештата, дека со меѓусебна поддршка и солидарност ќе да одржиме уметноста (односно нашата духовна храна), изјави Бранка Бугариска, директорка на издаваштво во „Арс Ламина“.

The post Џон Илија Апелгрен ја промовираше првата книга „Забранети луѓе“ appeared first on Република.

Предговорите ги напишаа еминетните музички новинари м-р Бранка Костиќ-Марковиќ и Ненад Георгиевски, како и познатиот фотограф Драги Неделчевски. Објавувањето на книгата има солидарен, односно хуман аспект, за поддршка на музичарите чиишто ангажмани беа на најголем удар за време на пандемијата. Со купување примерок од „Забранети луѓе“ им се помага токму ним – на забранетите луѓе.
Пандемијата донесе и големи материјални загуби, финансиска нестабилност и остави многумина без работа. Меѓу нив беа и музичарите чијашто главен извор на средства се ноќните свирки и настапите во живо во локали, кои, како што добро паметиме, беа забранети за време на карантините и мерките за заштита од Ковид-19. Токму нивните приказни се дел од книгата „Забранети луѓе“. Овој проект не е само книжевен документарец за состојбата на една фела, таа е сведоштво за кризата низ која помина (и сѐ уште поминува) целокупната културно-уметничка сцена. Сите ние бевме принудени да се снаоѓаме и да ги менуваме начините на кој ќе функционираме, создаваме и ќе дојдеме до својата публика. Се покажа дека културата, книгите, музиката, театарот, филмовите... беа лек во задржување на здравиот и нормален ум, во тие не толку нормални времиња. Објавувањето на книгата има солидарна страна. Таа нема само репортерска мисија – да раскаже како било, туку таа носи и порака за тоа како треба во иднина да се движат нештата, дека со меѓусебна поддршка и солидарност ќе да одржиме уметноста (односно нашата духовна храна), изјави Бранка Бугариска, директорка на издаваштво во „Арс Ламина“.

The post Џон Илија Апелгрен ја промовираше првата книга „Забранети луѓе“ appeared first on Република.

]]>
Музичка промоција на книгата „Забранети луѓе“ од Џон Илија Апелгрен https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/muzichka-promocija-na-knigata-zabraneti-lugje-od-dzon-ilija-apelgren/ Wed, 15 Jun 2022 13:59:44 +0000 https://republika.mk/?p=515598

Познатиот џез-вокалист Џон Илија Апелгрен на 22 јуни (среда), со почеток во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“ ќе ја промовира својата книга „Забранети луѓе“. Промоцијата ќе биде збогатена со музички настап во живо на Апелгрен и џез-пијанистот Гордан Спасовски.

Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е своевидно сведоштво за незавидната состојба на дел од џез- и рок-музичарите за време на пандемијата со Ковид-19.

Во книгата се застапени портрети на 14 домашни музичари, чијашто главна егзистенција се ноќните свирки и настапите во живо во локали, кои беа забранети за време на карантините и мерките за заштита за време на пандемијата. Меѓу нив се: Благоја Антовски (тапани), Игор Атанасоски-Харе (гитара), Трајче Велков (труба), Калина Велковска-Кали (вокал), Зоран Костадиновски (гитара), Крле (вокал), Кирил Кузманов (саксофон), Џоле Максимовски (бас-гитарист), Андреа Мирческа (контрабас), Иван Петровски (гитара), Полина Тасева (сопран), Петар Ренџов (гитара), Гордан Спасовски (пијано), Арбен Бени Шаќири (вокал) и Џон Илија Апелгрен (вокал).

Тие се претставени преку нивни мини-биографии и интервју со три (за сите исти) прашања: зошто ја избрале музиката како професија; како ја доживуваат/преживуваат забраната за настапи во живо поради ковид-пандемијата и дали ги плаши иднината по ковидот на музички план? Апелгрен, покрај тоа што е автор на книгата, се јавува и како фотограф на црно-белите портрети на музичарите.

Предговорите ги напишаа еминетните музички новинари м-р Бранка Костиќ-Марковиќ и Ненад Георгиевски, како и познатиот фотограф Драги Неделчевски.

Објавувањето на книгата има солидарен, односно хуман аспект, за поддршка на музичарите чиишто ангажмани беа на најголем удар за време на пандемијата. Со купување примерок од „Забранети луѓе“ им се помага токму ним – на забранетите луѓе.

The post Музичка промоција на книгата „Забранети луѓе“ од Џон Илија Апелгрен appeared first on Република.

]]>

Познатиот џез-вокалист Џон Илија Апелгрен на 22 јуни (среда), со почеток во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“ ќе ја промовира својата книга „Забранети луѓе“. Промоцијата ќе биде збогатена со музички настап во живо на Апелгрен и џез-пијанистот Гордан Спасовски. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е своевидно сведоштво за незавидната состојба на дел од џез- и рок-музичарите за време на пандемијата со Ковид-19. Во книгата се застапени портрети на 14 домашни музичари, чијашто главна егзистенција се ноќните свирки и настапите во живо во локали, кои беа забранети за време на карантините и мерките за заштита за време на пандемијата. Меѓу нив се: Благоја Антовски (тапани), Игор Атанасоски-Харе (гитара), Трајче Велков (труба), Калина Велковска-Кали (вокал), Зоран Костадиновски (гитара), Крле (вокал), Кирил Кузманов (саксофон), Џоле Максимовски (бас-гитарист), Андреа Мирческа (контрабас), Иван Петровски (гитара), Полина Тасева (сопран), Петар Ренџов (гитара), Гордан Спасовски (пијано), Арбен Бени Шаќири (вокал) и Џон Илија Апелгрен (вокал). Тие се претставени преку нивни мини-биографии и интервју со три (за сите исти) прашања: зошто ја избрале музиката како професија; како ја доживуваат/преживуваат забраната за настапи во живо поради ковид-пандемијата и дали ги плаши иднината по ковидот на музички план? Апелгрен, покрај тоа што е автор на книгата, се јавува и како фотограф на црно-белите портрети на музичарите. Предговорите ги напишаа еминетните музички новинари м-р Бранка Костиќ-Марковиќ и Ненад Георгиевски, како и познатиот фотограф Драги Неделчевски. Објавувањето на книгата има солидарен, односно хуман аспект, за поддршка на музичарите чиишто ангажмани беа на најголем удар за време на пандемијата. Со купување примерок од „Забранети луѓе“ им се помага токму ним – на забранетите луѓе.

The post Музичка промоција на книгата „Забранети луѓе“ од Џон Илија Апелгрен appeared first on Република.

]]>