забранет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zabranet/ За подобро да се разбереме Wed, 28 Dec 2022 07:54:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png забранет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zabranet/ 32 32 Тик Ток забранет на сите уреди на Конгресот на САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tik-tok-zabranet-na-site-uredi-na-kongresot-na-sad/ Tue, 27 Dec 2022 22:02:39 +0000 https://republika.mk/?p=590742

Администрацијата на американскиот Конгрес ја забрани употребата на популарната кинеска видео апликација „Тик-Ток” на сите уреди во сопственост на Претставничкиот дом на САД, соопшти администрацијата на Конгресот.

Одлуката е донесена пред да стапи во сила законот за забрана на користење на оваа апликација на уредите на американската влада, што се очекува наскоро.

Апликацијата Тик-Ток се смета за висок ризик поради голем број безбедносни прашања и мора да биде отстранета од сите уреди со кои управува Претставничкиот дом, напиша шефот на административниот оддел во пораката испратена до сите пратеници.

Почнувајќи од минатата недела, најмалку 19 држави делумно го блокираа Тик-Ток на уредите што ги користат владините претставници поради загриженоста дека кинеската влада може да ја користи апликацијата за следење на Американците и цензурирање на содржината.

The post Тик Ток забранет на сите уреди на Конгресот на САД appeared first on Република.

]]>

Администрацијата на американскиот Конгрес ја забрани употребата на популарната кинеска видео апликација „Тик-Ток” на сите уреди во сопственост на Претставничкиот дом на САД, соопшти администрацијата на Конгресот. Одлуката е донесена пред да стапи во сила законот за забрана на користење на оваа апликација на уредите на американската влада, што се очекува наскоро.
Апликацијата Тик-Ток се смета за висок ризик поради голем број безбедносни прашања и мора да биде отстранета од сите уреди со кои управува Претставничкиот дом, напиша шефот на административниот оддел во пораката испратена до сите пратеници.
Почнувајќи од минатата недела, најмалку 19 држави делумно го блокираа Тик-Ток на уредите што ги користат владините претставници поради загриженоста дека кинеската влада може да ја користи апликацијата за следење на Американците и цензурирање на содржината.  

The post Тик Ток забранет на сите уреди на Конгресот на САД appeared first on Република.

]]>
Русија го забрани инстаграм https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/rusija-go-zabrani-instagram/ Sat, 12 Mar 2022 12:02:50 +0000 https://republika.mk/?p=471694

Директорот на Инстаграм Адам Мосери потврди дека одлуката на Русија да ги блокира социјалните мрежи значи дека милиони Руси од понеделник ќе останат без пристап до оваа апликација Мета.

Во понеделник Инстаграм ќе биде блокиран во Русија. Оваа одлука ќе отсече 80 милиони луѓе во Русија едни од други, остатокот од светот. Осумдесет отсто од луѓето во Русија следат профил на Инстаграм надвор од нивната земја. Ова е погрешно, напиша Мосери на Твитер, пренесува ТАС С.

Во петокот, Роскомнадзор, руската федерална служба за контрола на комуникациите, информатичката технологија и медиумите, одлучи да го ограничи пристапот до Инстаграм од полноќ на 14 март.

Руското регулаторно тело објасни дека на активните корисници на Инстаграм им „треба време да ги прикачат своите фотографии и видеа на други социјални мрежи и да ги информираат своите следбеници“.

Роскомнадзор одлучи да го блокира Инстаграм поради пријавеното ширење говор на омраза против рускиот народ, вклучително и припадници на војската.

Претходно руското државно обвинителство побара компанијата Мета, во која спаѓаат Фејсбук, Инстаграм и Ватс ап, да се прогласи за екстремистичка организација и да и се забрани да работи во Русија, јави ТАС С.

The post Русија го забрани инстаграм appeared first on Република.

]]>

Директорот на Инстаграм Адам Мосери потврди дека одлуката на Русија да ги блокира социјалните мрежи значи дека милиони Руси од понеделник ќе останат без пристап до оваа апликација Мета.
Во понеделник Инстаграм ќе биде блокиран во Русија. Оваа одлука ќе отсече 80 милиони луѓе во Русија едни од други, остатокот од светот. Осумдесет отсто од луѓето во Русија следат профил на Инстаграм надвор од нивната земја. Ова е погрешно, напиша Мосери на Твитер, пренесува ТАС С.
Во петокот, Роскомнадзор, руската федерална служба за контрола на комуникациите, информатичката технологија и медиумите, одлучи да го ограничи пристапот до Инстаграм од полноќ на 14 март. Руското регулаторно тело објасни дека на активните корисници на Инстаграм им „треба време да ги прикачат своите фотографии и видеа на други социјални мрежи и да ги информираат своите следбеници“. Роскомнадзор одлучи да го блокира Инстаграм поради пријавеното ширење говор на омраза против рускиот народ, вклучително и припадници на војската.