забранет влез Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zabranet-vlez/ За подобро да се разбереме Tue, 22 Aug 2023 14:23:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png забранет влез Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zabranet-vlez/ 32 32 На Бреговиќ му беше забранет влез во Молдавија поради неговите проруски ставови и поддршката за руската анексија на Крим https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/na-bregovik-mu-beshe-zabranet-vlez-vo-moldavija-poradi-negovite-proruski-stavovi-i-poddrshkata-za-ruskata-aneksija-na-krim/ Tue, 22 Aug 2023 16:52:47 +0000 https://republika.mk/?p=674692

По осудата на министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ, кој побара објаснување од Министерство за надворешни работи на Молдавија за забраната за влез на музичарот и поранешен фронтмен на популарната југословенска рок група „Бијело дугме“ Горан Бреговиќ во Кишињев, се огласи молдавскиот министер за внатрешни работи Адријан Ефрос кој изјави дека на Бреговиќ му е забранет влезот поради неговите проруски ставови и поддршката за руската анексија на Крим, јави дописникот на МИА од Белград.

Ефрос рече дека „се анализирале и други причини во безбедносните структури“ кога било одлучено да не се дозволи влез на Бреговиќ во Молдавија, но не соопшти повеќе детали.

Според Радио Слободна Европа, Бреговиќ во март 2015 година одржал концерт во Одеса на Крим, една година откако на тој украински полуостров беше организиран референдум за приклучување кон Русија, кој не беше признат од повеќето земји-членки на Обединетите нации.

Граничната полиција на Молдавија вчера претходно соопшти дека на Бреговиќ му е забранет влез во земјата од 2022 година, за што, велат, однапред биле информирани организаторите на фестивалот во Стари Орхеи, пренесува молдавската агенција ИПН.

Како што соопштија од Граничната полиција, врз основа на анализа на ризик и информации добиени од размена на информации со Службата за разузнавање и безбедност, како и со меѓународни партнери, забранет е влез во државата на 29 странски државјани кои имале намера да влезат во Република Молдавија во последните 24 часа.

-А во врска со објавениот случај на странски изведувач на кој не му беше дозволен влез во Молдавија, напоменуваме дека организаторите биле однапред известени за забраната која важи од 2022 година до денот на неговото пристигнување во нашата земја, наведоа од Граничната полиција.

Горан Бреговиќ требаше да настапи во недела на 20 август на музичкиот фестивал Густар во Стари Орхеј. Неговиот бенд ден претходно бил вратен од границата на аеродромот во Кишињев, главниот град на Молдавија, а Бреговиќ не ни тргнал на пат потоа.

Денес забраната на Бреговиќ за влез во Молдавија ја коментираше и српскиот претседател Александар Вучиќ, кој оцени дека за ова имало „чудни причини“.

-Кога видов дека некому во молдавската јавност му пречи кога Бреговиќ пее песна наречена „Калашников“, тогаш застануваш и се прашуваш што е ова народе. Тогаш разбирате дека се работи за таква глупост што доаѓа од социјалните мрежи, не ми се верува дека некои земји така реагираат, рече Вучиќ.

The post На Бреговиќ му беше забранет влез во Молдавија поради неговите проруски ставови и поддршката за руската анексија на Крим appeared first on Република.

]]>

По осудата на министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ, кој побара објаснување од Министерство за надворешни работи на Молдавија за забраната за влез на музичарот и поранешен фронтмен на популарната југословенска рок група „Бијело дугме“ Горан Бреговиќ во Кишињев, се огласи молдавскиот министер за внатрешни работи Адријан Ефрос кој изјави дека на Бреговиќ му е забранет влезот поради неговите проруски ставови и поддршката за руската анексија на Крим, јави дописникот на МИА од Белград. Ефрос рече дека „се анализирале и други причини во безбедносните структури“ кога било одлучено да не се дозволи влез на Бреговиќ во Молдавија, но не соопшти повеќе детали. Според Радио Слободна Европа, Бреговиќ во март 2015 година одржал концерт во Одеса на Крим, една година откако на тој украински полуостров беше организиран референдум за приклучување кон Русија, кој не беше признат од повеќето земји-членки на Обединетите нации. Граничната полиција на Молдавија вчера претходно соопшти дека на Бреговиќ му е забранет влез во земјата од 2022 година, за што, велат, однапред биле информирани организаторите на фестивалот во Стари Орхеи, пренесува молдавската агенција ИПН. Како што соопштија од Граничната полиција, врз основа на анализа на ризик и информации добиени од размена на информации со Службата за разузнавање и безбедност, како и со меѓународни партнери, забранет е влез во државата на 29 странски државјани кои имале намера да влезат во Република Молдавија во последните 24 часа. -А во врска со објавениот случај на странски изведувач на кој не му беше дозволен влез во Молдавија, напоменуваме дека организаторите биле однапред известени за забраната која важи од 2022 година до денот на неговото пристигнување во нашата земја, наведоа од Граничната полиција. Горан Бреговиќ требаше да настапи во недела на 20 август на музичкиот фестивал Густар во Стари Орхеј. Неговиот бенд ден претходно бил вратен од границата на аеродромот во Кишињев, главниот град на Молдавија, а Бреговиќ не ни тргнал на пат потоа. Денес забраната на Бреговиќ за влез во Молдавија ја коментираше и српскиот претседател Александар Вучиќ, кој оцени дека за ова имало „чудни причини“. -Кога видов дека некому во молдавската јавност му пречи кога Бреговиќ пее песна наречена „Калашников“, тогаш застануваш и се прашуваш што е ова народе. Тогаш разбирате дека се работи за таква глупост што доаѓа од социјалните мрежи, не ми се верува дека некои земји така реагираат, рече Вучиќ.

The post На Бреговиќ му беше забранет влез во Молдавија поради неговите проруски ставови и поддршката за руската анексија на Крим appeared first on Република.

]]>
На четворица бугарски државјани им бил забранет влез во Македонија еден ден пред собирот во Скопје пред спомен плочата на Мара Бунева: Носеле пендреци и ножеви https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/na-chetvoritsa-bugarski-drzhavjani-im-bil-zabranet-vlez-vo-makedonija-eden-den-pred-sobirot-vo-skopje-pred-spomen-plochata-na-mara-buneva-nosele-pendretsi-i-nozhevi/ Sat, 28 Jan 2023 19:47:39 +0000 https://republika.mk/?p=602086

На 13 јануари, еден ден пред собирот на неколку бугарски здруженија во центарот на Скопје пред спомен плочата на Мара Бунева, на граничниот премин Табановце, четворица Бугари биле фатени при влез во Македонија со пендреци и ножеви. Предметите им биле одземени, по што им бил спречен влезот во Македонија, дознава МКД.мк.

Еве што тој ден било запишано во билтенот на МВР: „На 13 јануари во 15,30 часот на граничниот премин Табановце полициски службеници го привеле И.Н.Д. (31) од Бугарија. При преглед и контрола на патничкото возило „фолксваген туран“ со бугарска национална ознака кое го управувал, биле пронајдени и одземени нож и метална палка на расклопување. Лицето било предадено во полициската станица во Куманово и во консултација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава“.

Нема друга официјална информација за текот на поднесената соодветна пријава

The post На четворица бугарски државјани им бил забранет влез во Македонија еден ден пред собирот во Скопје пред спомен плочата на Мара Бунева: Носеле пендреци и ножеви appeared first on Република.

]]>

На 13 јануари, еден ден пред собирот на неколку бугарски здруженија во центарот на Скопје пред спомен плочата на Мара Бунева, на граничниот премин Табановце, четворица Бугари биле фатени при влез во Македонија со пендреци и ножеви. Предметите им биле одземени, по што им бил спречен влезот во Македонија, дознава МКД.мк. Еве што тој ден било запишано во билтенот на МВР: „На 13 јануари во 15,30 часот на граничниот премин Табановце полициски службеници го привеле И.Н.Д. (31) од Бугарија. При преглед и контрола на патничкото возило „фолксваген туран“ со бугарска национална ознака кое го управувал, биле пронајдени и одземени нож и метална палка на расклопување. Лицето било предадено во полициската станица во Куманово и во консултација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава“. Нема друга официјална информација за текот на поднесената соодветна пријава

The post На четворица бугарски државјани им бил забранет влез во Македонија еден ден пред собирот во Скопје пред спомен плочата на Мара Бунева: Носеле пендреци и ножеви appeared first on Република.

]]>
ЕП им забрани влез на дипломатите од Русија и Белорусија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ep-im-zabrani-vlez-na-diplomatite-od-rusija-i-belorusija/ Fri, 18 Mar 2022 14:12:54 +0000 https://republika.mk/?p=475038

Европскиот парламент од денеска им забрани на дипломатите од Русија и од Белорусија да влезат во просториите.

Од денеска на дипломатскиот и владиниот персонал на Русија и Белорусија им е забранет влез во просториите на Европскиот парламент.

Во Домот на демократијата нема место за оние кои бараат да го уништат демократскиот поредок, напиша претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола на Твитер.

 

The post ЕП им забрани влез на дипломатите од Русија и Белорусија appeared first on Република.

]]>

Европскиот парламент од денеска им забрани на дипломатите од Русија и од Белорусија да влезат во просториите.
Од денеска на дипломатскиот и владиниот персонал на Русија и Белорусија им е забранет влез во просториите на Европскиот парламент. Во Домот на демократијата нема место за оние кои бараат да го уништат демократскиот поредок, напиша претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола на Твитер.
 

The post ЕП им забрани влез на дипломатите од Русија и Белорусија appeared first on Република.

]]>
Откако загинаа двајца новинари: На медиумите им е забрането да влезат во градот Ирпин https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/otkako-zaginaa-dvajca-novinari-na-mediumite-im-e-zabraneto-da-vlezat-vo-gradot-irpin/ Sun, 13 Mar 2022 18:02:09 +0000 https://republika.mk/?p=472203

Градоначалникот на Ирпин, Олександар Маркушин изјави дека од денеска на новинарите им е забранет влез во градот.

Одлуката е донесена откако загина американскиот новинар Брен Рено (51) при напад на руските сили, кои отвориле оган врз автомобил во движење. При нападот повредени се уште двајца новинари и се хоспитализирани.

Почнувајќи од денеска им забрануваме на новинарите да влезат во Ирпин. Сакаме да ги спасиме нивните животите и на нашите бранители, истакна Маркушин.

Тој, исто така, ги повика новинарите и украинските цивили да не објавуваат информации на интернет за воениот персонал, нивната опрема или нешто што може да укаже на нивната локација.

Од почетокот на руската инвазија во Украина убиени се двајца новинари. Јевгениј Сакун, дописник и снимател на украинскиот телевизиски канал „Лајф“, кој работеше и за шпанската новинска агенција ЕФЕ, загина за време на нападот врз телевизиската кула на 1 март, соопшти Меѓународната федерација на новинари.

The post Откако загинаа двајца новинари: На медиумите им е забрането да влезат во градот Ирпин appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Ирпин, Олександар Маркушин изјави дека од денеска на новинарите им е забранет влез во градот. Одлуката е донесена откако загина американскиот новинар Брен Рено (51) при напад на руските сили, кои отвориле оган врз автомобил во движење. При нападот повредени се уште двајца новинари и се хоспитализирани.
Почнувајќи од денеска им забрануваме на новинарите да влезат во Ирпин. Сакаме да ги спасиме нивните животите и на нашите бранители, истакна Маркушин.
Тој, исто така, ги повика новинарите и украинските цивили да не објавуваат информации на интернет за воениот персонал, нивната опрема или нешто што може да укаже на нивната локација.
Од почетокот на руската инвазија во Украина убиени се двајца новинари. Јевгениј Сакун, дописник и снимател на украинскиот телевизиски канал „Лајф“, кој работеше и за шпанската новинска агенција ЕФЕ, загина за време на нападот врз телевизиската кула на 1 март, соопшти Меѓународната федерација на новинари.

The post Откако загинаа двајца новинари: На медиумите им е забрането да влезат во градот Ирпин appeared first on Република.

]]>