забрана за сообраќај Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zabrana-za-soobrakjaj/ За подобро да се разбереме Fri, 26 Jul 2024 08:33:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png забрана за сообраќај Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zabrana-za-soobrakjaj/ 32 32 Семејство загина во Турција откако излета од мост, постариот син се спасил https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/semejstvo-zagina-vo-turtsija-otkako-izleta-od-most-postariot-sin-se-spasil/ Fri, 26 Jul 2024 08:33:46 +0000 https://republika.mk/?p=800396

Четиричлено семејство загина во сообраќајна несреќа што се случи на мост во Турција.Несреќата кога автомобил со турско семејство на патување излетал низ ограда и паднал од мост во езеро во Адана. Во автомобилите биле 37-годишниот Весел Ајдогмуш, неговата 35-годишна сопруга Емине и нивните две деца, 16-годишниот Батухан и 13-годишниот Мете.

На видеото од безбедносната камера која ја снимила несреќата се гледа како автомобилот во еден момент се движи во цик-цак, пробивајќи ја оградата и паѓајќи од мостот.

Се претпоставува дека Вејсел се обидел да го претекне возилото напред, но не сфатил дека во исто време друг автомобил се обидува да го направи истото.

Телата на Вејсел, Емина и Мета биле пронајдени во автомобилот, во водата, четири часа откако излегле од мостот. Постариот син Батухан успеал да излезе од автомобилот, а телото било пронајдено во водата.

The post Семејство загина во Турција откако излета од мост, постариот син се спасил appeared first on Република.

]]>

Четиричлено семејство загина во сообраќајна несреќа што се случи на мост во Турција.Несреќата кога автомобил со турско семејство на патување излетал низ ограда и паднал од мост во езеро во Адана. Во автомобилите биле 37-годишниот Весел Ајдогмуш, неговата 35-годишна сопруга Емине и нивните две деца, 16-годишниот Батухан и 13-годишниот Мете. На видеото од безбедносната камера која ја снимила несреќата се гледа како автомобилот во еден момент се движи во цик-цак, пробивајќи ја оградата и паѓајќи од мостот. Се претпоставува дека Вејсел се обидел да го претекне возилото напред, но не сфатил дека во исто време друг автомобил се обидува да го направи истото. Телата на Вејсел, Емина и Мета биле пронајдени во автомобилот, во водата, четири часа откако излегле од мостот. Постариот син Батухан успеал да излезе од автомобилот, а телото било пронајдено во водата.

The post Семејство загина во Турција откако излета од мост, постариот син се спасил appeared first on Република.

]]>
Забрана за камиони на патните правци Маврово-Маврови Анови и Берово-Струмица https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/zabrana-za-kamioni-na-patnite-pravtsi-mavrovo-mavrovi-anovi-i-berovo-strumitsa/ Sun, 17 Dec 2023 08:08:57 +0000 https://republika.mk/?p=723826

На патните правци Маврово-Маврови Анови и Струмица-Берово останува забраната за сообраќај за тешки товарни возила.

Забраната беше воведена од вчера поради обилните врнежи од снег. На патот Струмица-Берово, тим на јавното претпријатие „Македонијапат“ во текот на вчерашниот ден работеше и на отстранување на паднатите дрвја на овој патен правец.

На останатите патишта низ државата, според утринските информации на Авто мото сојузот на Македонија, сообраќајот се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Синоптичарите за денеска највауваат променливо облачно и студено време претпладне, а преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура е во интервал од -10 до -1, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени Целзиусови.

The post Забрана за камиони на патните правци Маврово-Маврови Анови и Берово-Струмица appeared first on Република.

]]>

На патните правци Маврово-Маврови Анови и Струмица-Берово останува забраната за сообраќај за тешки товарни возила. Забраната беше воведена од вчера поради обилните врнежи од снег. На патот Струмица-Берово, тим на јавното претпријатие „Македонијапат“ во текот на вчерашниот ден работеше и на отстранување на паднатите дрвја на овој патен правец. На останатите патишта низ државата, според утринските информации на Авто мото сојузот на Македонија, сообраќајот се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Синоптичарите за денеска највауваат променливо облачно и студено време претпладне, а преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура е во интервал од -10 до -1, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени Целзиусови.

The post Забрана за камиони на патните правци Маврово-Маврови Анови и Берово-Струмица appeared first on Република.

]]>
Од вечерва забрана за тешки товарни возила на Стража и Маврово-Дебар, на Плетвар само со зимска опрема https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/od-vecherva-zabrana-za-teshki-tovarni-vozila-na-straza-i-mavrovo-debar-na-pletvar-samo-so-zimska-oprema/ Mon, 07 Feb 2022 21:33:48 +0000 https://republika.mk/?p=455347

На патните правци крак Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража од вечерва е воведена забрана за сообраќај на тешките товарни возила, соопштија од АМСМ.

Од 20:00 ч. сите тешки товарни возила кои се движат преку планискиот превој Плетвар мора да имаат поставено зимска опрема (синџири) известуваат од АМСМ

Воедно, од таму препорачуваат на прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post Од вечерва забрана за тешки товарни возила на Стража и Маврово-Дебар, на Плетвар само со зимска опрема appeared first on Република.

]]>

На патните правци крак Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража од вечерва е воведена забрана за сообраќај на тешките товарни возила, соопштија од АМСМ. Од 20:00 ч. сите тешки товарни возила кои се движат преку планискиот превој Плетвар мора да имаат поставено зимска опрема (синџири) известуваат од АМСМ Воедно, од таму препорачуваат на прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post Од вечерва забрана за тешки товарни возила на Стража и Маврово-Дебар, на Плетвар само со зимска опрема appeared first on Република.

]]>