забрана за извоз Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zabrana-za-izvoz/ За подобро да се разбереме Fri, 30 Sep 2022 12:16:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png забрана за извоз Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zabrana-za-izvoz/ 32 32 Забраната за извоз на млеко и млечни прозиводи од Србија не важи за Македонија и Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zabranata-za-izvoz-na-mleko-i-mlechni-prozivodi-od-srbija-ne-vazi-za-severna-makedonija-i-albanija/ Fri, 30 Sep 2022 12:16:05 +0000 https://republika.mk/?p=556023

Владата на Република Србија на денешната седница донесе повеќе изменети прописи и одлуки, чија важност истекува на 31 октомври, меѓу кои е и Одлуката за привремена забрана за извоз на млеко и млечни производи, јави дописникот на МИА од Белград.

-Со оваа мерка ќе се спречат можни штетни последици врз стопанството и граѓаните, а измените се направени со цел да се ублажат последиците и да се спречи критичен недостиг на млеко и млечни производи, поради зголемениот извоз и потребата на населението од зголемено снабдување предизвикано од кризата на светскиот пазар, се наведува во соопштението на владата.

Според Министерството за земјоделство, забраната не се однесува на Македонија и Албанија, како членки на иницијативата Отворен Балкан.

https://republika.mk/vesti/balkan/vladata-na-srbija-gi-odmrzna-cenite-na-mlekoto-novi-ceni-na-shekjerot-i-pileshkoto/

Владата го продолжи лимитот на цените на маслото, брашното, лебот и свинското месо.

-Млекото е отстрането од списокот на прехранбени производи чија цена е ограничена поради состојбата на пазарот во регионот и притисокот од високите цени, но и со цел непречено снабдување со млеко за членовите на Отворениот Балкан, соопштија од Министерството за земјоделство на Србија.

The post Забраната за извоз на млеко и млечни прозиводи од Србија не важи за Македонија и Албанија appeared first on Република.

]]>

Владата на Република Србија на денешната седница донесе повеќе изменети прописи и одлуки, чија важност истекува на 31 октомври, меѓу кои е и Одлуката за привремена забрана за извоз на млеко и млечни производи, јави дописникот на МИА од Белград.
-Со оваа мерка ќе се спречат можни штетни последици врз стопанството и граѓаните, а измените се направени со цел да се ублажат последиците и да се спречи критичен недостиг на млеко и млечни производи, поради зголемениот извоз и потребата на населението од зголемено снабдување предизвикано од кризата на светскиот пазар, се наведува во соопштението на владата.
Според Министерството за земјоделство, забраната не се однесува на Македонија и Албанија, како членки на иницијативата Отворен Балкан. https://republika.mk/vesti/balkan/vladata-na-srbija-gi-odmrzna-cenite-na-mlekoto-novi-ceni-na-shekjerot-i-pileshkoto/ Владата го продолжи лимитот на цените на маслото, брашното, лебот и свинското месо.
-Млекото е отстрането од списокот на прехранбени производи чија цена е ограничена поради состојбата на пазарот во регионот и притисокот од високите цени, но и со цел непречено снабдување со млеко за членовите на Отворениот Балкан, соопштија од Министерството за земјоделство на Србија.

The post Забраната за извоз на млеко и млечни прозиводи од Србија не важи за Македонија и Албанија appeared first on Република.

]]>
Србија ја укина забраната за извоз на сите видови масло https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srbija-ja-ukina-zabranata-za-izvoz-na-site-vidovi-maslo/ Thu, 11 Aug 2022 14:50:23 +0000 https://republika.mk/?p=539176

Владата на Република Србија на денешната седница донесе одлука за укинување на забраната за извоз на сите видови масло по целосен преглед на состојбата на залихите, како и рекордните површини посев на сончогледот. Надлежните институции ќе продолжат да ја следат состојбата на пазарот и соодветно ќе преземаат соодветни мерки, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопштија од Владата, приоритет ќе биде прво да се задоволат сите потреби на населението. Владата во претходниот период ги укина забраните за извоз на сите видови жито кои беа предмет на ограничени извозни мерки.

На владината седница беше донесена и Одлука за времено намалување на висината на акцизата на одредени нафтени деривати за 10 отсто. Владата ја донесе оваа одлука имајќи ја предвид моменталната состојба со цената на суровата нафта на светскиот пазар, која негативно влијае на макроекономската стабилност во земјата, а со цел редовно снабдување на пазарот со нафтени деривати, зачувување на стандардите на граѓаните, како и зачувување на економската стабилност.

Како што соопштија од Владата, на денешната седница беше донесена изменета одлука за привремена забрана за извоз на еуро дизел ЕН 590, со што забраната се продолжува за уште седум дена.

Денес, во 11:00 часот завршија разговорите меѓу премиерката Ана Брнабиќ и министерот за земјоделство Бранислав Недимовиќ со претставници на земјоделците кои протестираа изминатите денови во Нови Сад.

Претставникот на Иницијативата за опстанок на српските земјоделци, Радослав Адамовиќ, рече дека им било ветено дека денеска ќе добијат одговори и на другите барања, по што земјоделците ќе одлучат дали ќе ги прекинат протестите или ќе продолжат и ќе ги радикализираат.

Одлуката на Владата за укинување на забраната на извоз на сончогледово масло и другите одлуки уследија по разговорите со преставниците на земјоделците.

The post Србија ја укина забраната за извоз на сите видови масло appeared first on Република.

]]>

Владата на Република Србија на денешната седница донесе одлука за укинување на забраната за извоз на сите видови масло по целосен преглед на состојбата на залихите, како и рекордните површини посев на сончогледот. Надлежните институции ќе продолжат да ја следат состојбата на пазарот и соодветно ќе преземаат соодветни мерки, јави дописникот на МИА од Белград. Како што соопштија од Владата, приоритет ќе биде прво да се задоволат сите потреби на населението. Владата во претходниот период ги укина забраните за извоз на сите видови жито кои беа предмет на ограничени извозни мерки. На владината седница беше донесена и Одлука за времено намалување на висината на акцизата на одредени нафтени деривати за 10 отсто. Владата ја донесе оваа одлука имајќи ја предвид моменталната состојба со цената на суровата нафта на светскиот пазар, која негативно влијае на макроекономската стабилност во земјата, а со цел редовно снабдување на пазарот со нафтени деривати, зачувување на стандардите на граѓаните, како и зачувување на економската стабилност. Како што соопштија од Владата, на денешната седница беше донесена изменета одлука за привремена забрана за извоз на еуро дизел ЕН 590, со што забраната се продолжува за уште седум дена. Денес, во 11:00 часот завршија разговорите меѓу премиерката Ана Брнабиќ и министерот за земјоделство Бранислав Недимовиќ со претставници на земјоделците кои протестираа изминатите денови во Нови Сад. Претставникот на Иницијативата за опстанок на српските земјоделци, Радослав Адамовиќ, рече дека им било ветено дека денеска ќе добијат одговори и на другите барања, по што земјоделците ќе одлучат дали ќе ги прекинат протестите или ќе продолжат и ќе ги радикализираат. Одлуката на Владата за укинување на забраната на извоз на сончогледово масло и другите одлуки уследија по разговорите со преставниците на земјоделците.

The post Србија ја укина забраната за извоз на сите видови масло appeared first on Република.

]]>
МЗШВ: Се воведува забрана за извоз на семе од сончоглед https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mzshv-se-voveduva-zabrana-za-izvoz-na-seme-od-sonchogled/ Thu, 11 Aug 2022 10:03:00 +0000 https://republika.mk/?p=539020

Владата на денешната седница ја усвои Одлуката за воведување забрана за извоз на семе од сончоглед.

Целта на оваа Одлука, како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), е да се овозможи по завршување на жетвата која треба да почне во втората половина на август, најпрво да се снабдат домашните капацитети за производство на масло од сончоглед за јадење.

Министерството за земјоделство и Минстерството за економија доставија Одлука за дополнување на Одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки, со која предложија до Владата ограничување на извозот на нова тарифна ознака 1206 00- семе од сончоглед, вклучувајќи кршени или дробени. Рокот на примена на овој тарифен број ќе продолжи да важи до 31 декември 2022 година, како што е уредено во Одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки од 20 јули 2022. Причината за дополнување на Одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки со тарифната ознака 1206 00- семе од сончоглед, вклучувајќи кршени или дробени е да се овозможи по завршување на жетвата која треба да почне во втората половина на август, најпрво да се снабдат домашните капацитети за производство на масло од сончоглед за јадење, наведуваат од МЗШВ.

Во изминатиот период во МЗШВ беа одржани состаноци со производители и откупувачи на сончоглед при што беше заклучено дека во државата има доволни количини и финансиски средства за откуп на сончогледот од регистрираните откупни претпријатија.

Во 2022 година очекуваме производство на 11 800 тони сончоглед и имаме доволни количини за покривање на 2 месеци од домашните потреби. Со цел поддршка на производството на сончоглед, МЗШВ креираше неколку мерки. Прв пат оваа година преку интервентната програма се обезбеди финансиска поддршка за вештачко ѓубриво за сончоглед и тоа 40 отсто од цената или 2.500 денари по хектар како дополнителна мерка на основната финансиска поддршка по 11 000 денари на хектар без користење на сертифициран семенски материјал и по 15 000 денари на хектар со користење на сертифициран семенски материјал. Исто така, воведена е дополнителна мерка за произведен и предаден сончоглед со минимум 1 500 килограми за хектар во регистрирано откупно претпријатие, во износ од 5 760 денари за хектар, наведува Министерството.

Целта на овие мерки, потенцира, е домашното производство да се предаде на домашните откупни претпријатија.

Тоа ќе се реализира со оглед дека кај производството на сончоглед од оваа година стартуваше договорно производство, дополнува МЗШВ.

The post МЗШВ: Се воведува забрана за извоз на семе од сончоглед appeared first on Република.

]]>

Владата на денешната седница ја усвои Одлуката за воведување забрана за извоз на семе од сончоглед. Целта на оваа Одлука, како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), е да се овозможи по завршување на жетвата која треба да почне во втората половина на август, најпрво да се снабдат домашните капацитети за производство на масло од сончоглед за јадење.
Министерството за земјоделство и Минстерството за економија доставија Одлука за дополнување на Одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки, со која предложија до Владата ограничување на извозот на нова тарифна ознака 1206 00- семе од сончоглед, вклучувајќи кршени или дробени. Рокот на примена на овој тарифен број ќе продолжи да важи до 31 декември 2022 година, како што е уредено во Одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки од 20 јули 2022. Причината за дополнување на Одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки со тарифната ознака 1206 00- семе од сончоглед, вклучувајќи кршени или дробени е да се овозможи по завршување на жетвата која треба да почне во втората половина на август, најпрво да се снабдат домашните капацитети за производство на масло од сончоглед за јадење, наведуваат од МЗШВ.
Во изминатиот период во МЗШВ беа одржани состаноци со производители и откупувачи на сончоглед при што беше заклучено дека во државата има доволни количини и финансиски средства за откуп на сончогледот од регистрираните откупни претпријатија.
Во 2022 година очекуваме производство на 11 800 тони сончоглед и имаме доволни количини за покривање на 2 месеци од домашните потреби. Со цел поддршка на производството на сончоглед, МЗШВ креираше неколку мерки. Прв пат оваа година преку интервентната програма се обезбеди финансиска поддршка за вештачко ѓубриво за сончоглед и тоа 40 отсто од цената или 2.500 денари по хектар како дополнителна мерка на основната финансиска поддршка по 11 000 денари на хектар без користење на сертифициран семенски материјал и по 15 000 денари на хектар со користење на сертифициран семенски материјал. Исто така, воведена е дополнителна мерка за произведен и предаден сончоглед со минимум 1 500 килограми за хектар во регистрирано откупно претпријатие, во износ од 5 760 денари за хектар, наведува Министерството.
Целта на овие мерки, потенцира, е домашното производство да се предаде на домашните откупни претпријатија.
Тоа ќе се реализира со оглед дека кај производството на сончоглед од оваа година стартуваше договорно производство, дополнува МЗШВ.

The post МЗШВ: Се воведува забрана за извоз на семе од сончоглед appeared first on Република.

]]>
Владата на Србија ја укина забраната за извоз на пченица и пченка https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vladata-na-srbija-ja-ukina-zabranata-za-izvoz-na-pchenica-i-pchenka/ Thu, 21 Jul 2022 21:03:49 +0000 https://republika.mk/?p=531972

Владата на Србија денеска ја укина забраната за извоз на пченица и пченка, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, оваа одлука е донесена по анализа на моменталната состојба и резервите на пченицата по жетвата во Србија.

Слободниот извоз на пченица и пченка ќе важи до почетокот на есента, до нова проценка на состојбата и вкупните резерви на клучните житни култури.

Српката Владата донесе и одлука да одобри извоз на 4.000 тони рафинирано сончогледово масло на големо.

Владата на Република Србија на денешната седница донесе изменета одлука за привремената забрана за извоз на еуро дизел EН 590, со што истата се продолжува за уште седум дена, имајќи предвид дека енергетската криза на светскиот пазар се уште трае како и можноста за критичен недостиг на оваа стока значајна за граѓаните на Србија, соопштија од Владата.

The post Владата на Србија ја укина забраната за извоз на пченица и пченка appeared first on Република.

]]>

Владата на Србија денеска ја укина забраната за извоз на пченица и пченка, јави дописникот на МИА од Белград. Како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, оваа одлука е донесена по анализа на моменталната состојба и резервите на пченицата по жетвата во Србија. Слободниот извоз на пченица и пченка ќе важи до почетокот на есента, до нова проценка на состојбата и вкупните резерви на клучните житни култури. Српката Владата донесе и одлука да одобри извоз на 4.000 тони рафинирано сончогледово масло на големо. Владата на Република Србија на денешната седница донесе изменета одлука за привремената забрана за извоз на еуро дизел EН 590, со што истата се продолжува за уште седум дена, имајќи предвид дека енергетската криза на светскиот пазар се уште трае како и можноста за критичен недостиг на оваа стока значајна за граѓаните на Србија, соопштија од Владата.

The post Владата на Србија ја укина забраната за извоз на пченица и пченка appeared first on Република.

]]>
Бектеши: Забраната за извоз на оделни житарици и сончогледово масло продолжена за 30 дена https://arhiva3.republika.mk/vesti/bekteshi-zabranata-za-izvoz-na-odelni-zitarici-i-sonchogledovo-maslo-prodolzena-za-30-dena/ Tue, 12 Apr 2022 13:13:20 +0000 https://republika.mk/?p=487404

На предлог на Министерството за економија во координација со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Владата на денешната седница донесе одлука  да ја продолжи забраната за извоз на одделни житарици и сончогледово масло  до 15 мај 2022 година, објави на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши.

Согласно оваа одлука и во наредните 30 дена до 15 мај 2022 година ќе биде забранет извоз на: пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе од сончоглед-вклучувајки кршено или дробено, масла од семе од сончоглед, шафраника или мапуково семе и нивни фракции, пречистени или непречистени, но хемиски немодификувани, од сончоглед.

Исто така, на предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука за укинување на увозната давачка-царинска стапка за увоз на масло од сончоглед за јадење до 31 мај 2022 година.

Потребата за продолжување на рокот за забрана за извоз за следни 30 дена односно по 15 април 2022 година до 15 мај 2022 година, како и да се укине царинската стапка за увоз на масло од сончоглед за јадење до 31 мај 2022 година е да се задржи тековната состојба на домашниот пазар од можноста на  сериозни пореметувања поради недостаток на стоки, неопходно потребни за производството, преработката и за животот и здравјето на граѓаните, до новата реколта, како и дополнителен стимул за одржување на снабдување на домашниот пазар од растот на цените„ напиша министерот Бектеши.

Целта на овие мерки е заштита на домашниот пазар и граѓаните во време на криза за да се избегнат шпекулативни дејствија на трговците и производителите и за заштита на домашното производство, домашниот пазар и граѓаните.

Приоритет на нашата Влада е е да го заштитиме стандардот на граѓаните и да одржи економска стабилност.

The post Бектеши: Забраната за извоз на оделни житарици и сончогледово масло продолжена за 30 дена appeared first on Република.

]]>

На предлог на Министерството за економија во координација со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Владата на денешната седница донесе одлука  да ја продолжи забраната за извоз на одделни житарици и сончогледово масло  до 15 мај 2022 година, објави на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши. Согласно оваа одлука и во наредните 30 дена до 15 мај 2022 година ќе биде забранет извоз на: пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе од сончоглед-вклучувајки кршено или дробено, масла од семе од сончоглед, шафраника или мапуково семе и нивни фракции, пречистени или непречистени, но хемиски немодификувани, од сончоглед. Исто така, на предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука за укинување на увозната давачка-царинска стапка за увоз на масло од сончоглед за јадење до 31 мај 2022 година.
Потребата за продолжување на рокот за забрана за извоз за следни 30 дена односно по 15 април 2022 година до 15 мај 2022 година, како и да се укине царинската стапка за увоз на масло од сончоглед за јадење до 31 мај 2022 година е да се задржи тековната состојба на домашниот пазар од можноста на  сериозни пореметувања поради недостаток на стоки, неопходно потребни за производството, преработката и за животот и здравјето на граѓаните, до новата реколта, како и дополнителен стимул за одржување на снабдување на домашниот пазар од растот на цените„ напиша министерот Бектеши.
Целта на овие мерки е заштита на домашниот пазар и граѓаните во време на криза за да се избегнат шпекулативни дејствија на трговците и производителите и за заштита на домашното производство, домашниот пазар и граѓаните. Приоритет на нашата Влада е е да го заштитиме стандардот на граѓаните и да одржи економска стабилност.

The post Бектеши: Забраната за извоз на оделни житарици и сончогледово масло продолжена за 30 дена appeared first on Република.

]]>
Забраната за извоз на житарки и масло ќе важи до 15 април https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zabranata-za-izvoz-na-zitarki-i-maslo-kje-vazi-do-15-april/ Sat, 19 Mar 2022 07:37:22 +0000 https://republika.mk/?p=475273

До 15 април ќе продолжи забраната за извоз на пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, сончогледово семе и масло, одлучи Владата. Целта на одлуката е заштита на домашниот пазар и граѓаните, заштита на домашното производство и избегнување шпекулативни дејства од страна на трговците и производителите.

Како што нагласи министерот за економија Крешник Бектеши, приоритет на Владата е да го заштити стандардот и да одржи економска стабилност.

Заштита на домашниот пазар и граѓаните во време на криза, избегнување шпекулативни дејства на трговците и производителите и заштита на домашното производство, е целта на најновата мерка, донесена денеска во Владата, со која до 15 април 2022 година продолжува забраната за извоз на одделни житарици и сончогледово масло. Владата на седница одржана на 10 март 2022 година, донесе Одлука за ограничување на извозот на одделни стоки, според која, почнувајки од 10 март, се ограничува извозот на одделни стоки до 20 март 2022 година со цел да се оневозможи нивен извоз со забрзана динамика на штета на домашниот пазар, соопшти синоќа Бектеши.

Одлуката ја поздрави и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Одлуката е исправна. Мора да го штитиме домашното производство и да се грижиме за домашните потреби. Забраната ќе продолжи, рече Николовски.

Тој најави дека во вторник ќе се сретне со српскиот колега, министерот за земјоделство Бранислав Недимовиќ. Од средбата во Белград очекува уште една потврда дека Србија ќе ги испорача во земјава потребните количини пченка и пченица за домашните мелничари.

Во вторник сме на состанок во Белград со српскиот министер за земјоделство. Се надевам дека ќе ја договориме динамиката за испорака на потребните количини жито. Верувам дека вторпат ќе биде потврдена поддршката и солидарноста од српска страна. Претседателот Вучиќ потврди, а разговарав и со министерот Недимовиќ. Верувам дека се ќе оди во правец на олеснување и овозможување на количините кои ни се потребни од жетвата, истакна Николовски.

Според него, годинава се засеани 75 000 хектари пченица или 3 000 хектари повеќе од лани. Ќе имаме 255 000 тони, додека потребите се околу 300 000 тони. Но, целото производстсво не е со соодветен квалитет.

Николовски повтори и дека ќе биде предложена промена на моделот на стоковните резерви.

Подготвен е, информира, и нов план со мерки за зголемување на приносите пченица, со кој ќе се зголеми домашното производство, а ќе се намали увозот.

На среден рок со планираните мерки ќе имаме зголемено производство на пченица од 30.000 тони, а на долг рок ќе бидеме увозно независни. Се предвидува и проширување на Програмата за интервентен фонд со нови мерки, со цел да се опфатат и другите земјоделски сектори на кои им е потребна помош во оваа светска криза. Сите барања на земјоделците ќе бидат земени предвид. Субвенциите за трите мерки за набавка на вештачки ѓубрива, за предадени јагниња и гоеници во кланични капацитети ќе бидат исплатени до 30-ти јуни годинава. Ги следиме состојбите и навремено ги преземаме сите потребни мерки за земјоделците да имаат помали трошоци, одржливо производство, да има стабилност на пазарот на храна, истакна министерот.

Од ВМРО-ДПМНЕ препорачаа Владата да ги откупи сите земјоделски производи и да ги подели во основните и средните училишта.

Наместо да троши нерационално, Владата да ги откупи сите земјоделски производи и да ги подели во средните и основните училишта. На тој начин, и учениците ќе добијат здрав и бесплатен оброк, а ќе им се помогне и на земјоделците родот да не биде фрлен. Имаат доволно пари во Буџетот ако рационално го трошат, нека го откупат целокупното земјоделско производство и нека го поделат во средните и основните школи, ем учениците да добијат здрав и бесплатен оброк, ем земјоделците да не треба родот да го фрлат, ем да заработат нешто, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во телевизиско гостување.

Поради кризата, Владата донесе пакет од 26 мерки вреден 400 милиони евра за економска заштита на граѓаните и стопанството, како и мерки за штедење во јавниот сектор со кои за забранува набавка на мебел и возила.

Од 17 март годинава дел од основните прехранбени производи се продаваат со нула проценти ДДВ, а од минатата недела намалени се и маржите. Без ДДВ се продаваат лебот, брашното тип-400, млекото со масленост од 2,8, од 3,2 и од 3,5 проценти масленост, белиот шеќер, сончогледовото масло, месото и други кланични производи за јадење, белиот ориз и јајцата.

The post Забраната за извоз на житарки и масло ќе важи до 15 април appeared first on Република.

]]>

До 15 април ќе продолжи забраната за извоз на пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, сончогледово семе и масло, одлучи Владата. Целта на одлуката е заштита на домашниот пазар и граѓаните, заштита на домашното производство и избегнување шпекулативни дејства од страна на трговците и производителите. Како што нагласи министерот за економија Крешник Бектеши, приоритет на Владата е да го заштити стандардот и да одржи економска стабилност.
Заштита на домашниот пазар и граѓаните во време на криза, избегнување шпекулативни дејства на трговците и производителите и заштита на домашното производство, е целта на најновата мерка, донесена денеска во Владата, со која до 15 април 2022 година продолжува забраната за извоз на одделни житарици и сончогледово масло. Владата на седница одржана на 10 март 2022 година, донесе Одлука за ограничување на извозот на одделни стоки, според која, почнувајки од 10 март, се ограничува извозот на одделни стоки до 20 март 2022 година со цел да се оневозможи нивен извоз со забрзана динамика на штета на домашниот пазар, соопшти синоќа Бектеши.
Одлуката ја поздрави и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Одлуката е исправна. Мора да го штитиме домашното производство и да се грижиме за домашните потреби. Забраната ќе продолжи, рече Николовски.
Тој најави дека во вторник ќе се сретне со српскиот колега, министерот за земјоделство Бранислав Недимовиќ. Од средбата во Белград очекува уште една потврда дека Србија ќе ги испорача во земјава потребните количини пченка и пченица за домашните мелничари.
Во вторник сме на состанок во Белград со српскиот министер за земјоделство. Се надевам дека ќе ја договориме динамиката за испорака на потребните количини жито. Верувам дека вторпат ќе биде потврдена поддршката и солидарноста од српска страна. Претседателот Вучиќ потврди, а разговарав и со министерот Недимовиќ. Верувам дека се ќе оди во правец на олеснување и овозможување на количините кои ни се потребни од жетвата, истакна Николовски.
Според него, годинава се засеани 75 000 хектари пченица или 3 000 хектари повеќе од лани. Ќе имаме 255 000 тони, додека потребите се околу 300 000 тони. Но, целото производстсво не е со соодветен квалитет. Николовски повтори и дека ќе биде предложена промена на моделот на стоковните резерви. Подготвен е, информира, и нов план со мерки за зголемување на приносите пченица, со кој ќе се зголеми домашното производство, а ќе се намали увозот.

На среден рок со планираните мерки ќе имаме зголемено производство на пченица од 30.000 тони, а на долг рок ќе бидеме увозно независни. Се предвидува и проширување на Програмата за интервентен фонд со нови мерки, со цел да се опфатат и другите земјоделски сектори на кои им е потребна помош во оваа светска криза. Сите барања на земјоделците ќе бидат земени предвид. Субвенциите за трите мерки за набавка на вештачки ѓубрива, за предадени јагниња и гоеници во кланични капацитети ќе бидат исплатени до 30-ти јуни годинава. Ги следиме состојбите и навремено ги преземаме сите потребни мерки за земјоделците да имаат помали трошоци, одржливо производство, да има стабилност на пазарот на храна, истакна министерот.

Од ВМРО-ДПМНЕ препорачаа Владата да ги откупи сите земјоделски производи и да ги подели во основните и средните училишта.
Наместо да троши нерационално, Владата да ги откупи сите земјоделски производи и да ги подели во средните и основните училишта. На тој начин, и учениците ќе добијат здрав и бесплатен оброк, а ќе им се помогне и на земјоделците родот да не биде фрлен. Имаат доволно пари во Буџетот ако рационално го трошат, нека го откупат целокупното земјоделско производство и нека го поделат во средните и основните школи, ем учениците да добијат здрав и бесплатен оброк, ем земјоделците да не треба родот да го фрлат, ем да заработат нешто, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во телевизиско гостување.
Поради кризата, Владата донесе пакет од 26 мерки вреден 400 милиони евра за економска заштита на граѓаните и стопанството, како и мерки за штедење во јавниот сектор со кои за забранува набавка на мебел и возила. Од 17 март годинава дел од основните прехранбени производи се продаваат со нула проценти ДДВ, а од минатата недела намалени се и маржите. Без ДДВ се продаваат лебот, брашното тип-400, млекото со масленост од 2,8, од 3,2 и од 3,5 проценти масленост, белиот шеќер, сончогледовото масло, месото и други кланични производи за јадење, белиот ориз и јајцата.

The post Забраната за извоз на житарки и масло ќе важи до 15 април appeared first on Република.

]]>