Забава во подрум во Книн во Хрватска завршила со експлозија на рачна граната. Загина 25-годишен маж, а тешко се повредени двајца млади на возраст од 25 и 23 години, една девојка на 21 година и еден малолетник, јавуваaт хрватските медиуми.
Полицијата во саботата во 23 часот добила дојава дека ескплодирала непозната експлозивна направа. По увидот било утврдено дека се работи за рачна граната М-75.
Од спроведените увиди е откриено дека повредениот 25-годишник од спалната соба од станот што го користел за време на забавата донел рачна бомба М-75 и ја предал на друг 25-годишник. Поради нестручно ракување дошло до несакано активирање на рачна бомба во раката на починатиот 25-годишник“, се вели во полициското соопштение.
Полициски службеници ја продолжуваат кривичната истрага за утврдување на околностите за набавката и поседувањето на споменатата минска експлозивна направа.
The post Забава со трагичен крај во Книн: Рачна бомба експлодирала во раката на 25-годишно момче appeared first on Република.
]]>The post Забава со трагичен крај во Книн: Рачна бомба експлодирала во раката на 25-годишно момче appeared first on Република.
]]>Близнаци
Близнаците се комуникативни, интелигентни и имаат неверојатна смисла за хумор. Тие секогаш знаат да ги насмеат другите, дури и во најтешките моменти. Нивната духовитост и способноста да се прилагодат на различни ситуации ги прави идеално друштво во секое време. Близнаците се мајстори за импровизација и често ги изненадуваат другите со своите неочекувани потсмевови.
Лав
Лавовите се природни забавувачи. Нивната харизма и желбата да бидат во центарот на вниманието често ги мотивира да ги прават другите среќни. Сакаат да организираат забави и собири на кои секогаш се грижат сите околу нив да се забавуваат. Лавовите се дарежливи и полни со топлина, што ги прави одлични пријатели и друштво кое внесува радост во секојдневниот живот. Нивниот ентузијазам е заразен, а нивната енергија неисцрпна.
Стрелец
Стрелците се познати по оптимизмот и љубовта кон авантурите. Тие се вечни патници кои секогаш носат возбуда и позитивни вибрации каде и да одат. Стрелците се и големи оптимисти, тие секогаш ја гледаат поволната страна на секоја ситуација и знаат како да го пренесат тој поглед на светот и на другите. Нивната безгрижна природа и способност да се шегуваат на своја сметка ги прави омилени во секое општество.
Риба
Рибите се нежни и секогаш знаат како да пружат удобност и поддршка. Нивната интуитивна природа им овозможува да ги разберат туѓите чувства, што им помага да го подигнат духот на луѓето на кои тоа им е најпотребно. Нивната добрина и сочувство ги прават вистински светилник на надеж и радост.
The post Хороскопски знаци кои секогаш знаат како да го подигнат расположението appeared first on Република.
]]>The post Хороскопски знаци кои секогаш знаат како да го подигнат расположението appeared first on Република.
]]>Во петок во Музејот на современа уметност од 21 часот ќе се одржи пред фестивалското MакеДокс корзо за загревање.
,,Петок отсекогаш бил ден за корзо и добра журка. Затоа овој петок протегнете ги нозете до МСУ и дојдете на игранка со диџеј Шурбе…Секој нека си го донесе шанкот од дома…. А ние ќе се погрижиме за вода, ем ракија, вино и по некое пивце за живце. Да се загрееме за 15ка и за копање емоции низ времето”, се вели во најавата на МакеДокс.
The post MакеДокс корзо за загревање во МСУ appeared first on Република.
]]>The post MакеДокс корзо за загревање во МСУ appeared first on Република.
]]>Од вечерва до 28 јули ( недела) во Трпејца по 13 пат ќе се одржува културно – забавното лето „На зајдисонце“.
Организаторот на летото Здружението „За Трпејца со љубов“ ветува интересна програма во која до израз ќе дојде креативноста на младите но и промоција на Трпејца од историски, културен и спортски аспект.
Публиката на отворената сцена под ведро небо „Кај бунарот“ во наредниве девет дена ќе може да ја проследи проекцијата на документарниот филм: „Кино Охридско Езеро“ од Љупчо Паункоски. Ќе биде промовирана монографијата за селото „Трпејца – Трпеза со духовна благодат “ од авторот Игор Никовски, а младиот историчар Петар Симоноски ќе презентира факти за Трпејца во 16 век. Планирани се настапи на драмското студио „Цвет 75“ под раководство на Драгана Боцеска со претставата „Ќерките на Фроса“ , концерт на млади музички надежи. Во текот на организираното лето Креативни Боб техники со заинтересираните заедно ќе учат и ќе се забавуваат младите туристи со инструкторите Валентина и Ангела Кузманоски. Во Трпејца првпат настап ќе има и новиот женски хор при Црвен крст – Охрид „ACordis“ под раководство на диригент Биљана Николоска.
И годинава нема да изостане популарната Трка со куфери по скалилата во Трпејца, Фото конкурсот за најдобра фотографија од Трпејца направена со мобилен и денот посветен на Кајакарскиот клуб „Рибар“ и неговиот основач и тренер Номче Митрески.
Свеченото отворање на манифестацијата „На зајдисонце “ е вечерва од 20. 30 часот со мини изложба од ланската Меѓународна колонија одржана во Трпејца и со мини концертот на Влатко Броз и ДЏ Марама.
Во име на покровителот на летото Општина Охрид се очекува пред присутните туристи и мештани да се обрати Ана Крстеска, заменик градоначалник.
The post Трпејца од вечерва во знакот на културно – забавното лето „На зајдисонце“ appeared first on Република.
]]>The post Трпејца од вечерва во знакот на културно – забавното лето „На зајдисонце“ appeared first on Република.
]]>Чоколаден оскар е еден од заштитните знаци на Гувернерскиот бал, ексклузивната забава која следува по церемонијата на доделување Оскари. Таа ќе се одржи в понеделник наутро по македонско време.
Главен готвач на овие вечери веќе 30 години е Волфганг Пук, чиј тим за кетеринг мора да опслужи 1.500 гости. За да се нахранат сите се трошат 90 килограми чаден лосос, пилешко и говедско, речиси 75 литри соја сос, 27 килограми печурки, 18 килограми ракчиња и карфиол, 100 патки и илјада лепчиња. Неизбежни на менито се и минибургери и пици, а во понуда ќе бидат и 37 десерти, од класични до егзотични.
Пет илјади чоколадни оскари попрскани со 24-каратна златна прашина ќе се направат за претстојната забава, со што Пук ќе стигне до бројката од 150.000 вакви десерти во своето тридецениско учество на Оскарите.
The post Пет илјади чоколадни оскари попрскани со 24-каратна златна прашина ќе се направат за претстојната забава за Оскарите appeared first on Република.
]]>The post Пет илјади чоколадни оскари попрскани со 24-каратна златна прашина ќе се направат за претстојната забава за Оскарите appeared first on Република.
]]>На 9 јануари актерот Милош Биковиќ и неговата свршеница Ивана Малиќ добија син кого го нарекоа Василије.
По тој повод Биковиќ организираше прослава и ја сподели среќата со пријателите, а на прославата присуствуваа голем број актери меѓу кои Миодраг Радоњиќ, Тамара Драгичевиќ, Нина Јанковиќ, Јелисавете Орашанин и многу други, па заедно славеа до зори.
Тие пееја и играа, а гордиот татко имаше искината маица околу главата и меч во раката.
Да потсетиме, со оглед на тоа дека малиот е роден на Свети Стефан, многумина мислеа дека ќе се вика Стефан.
Сепак, колегата на Милош, Милош Петровиќ Тројпец објави фотографија со новиот татко, заедно со која напиша:
– Васааа.
Сите фанови на Биковиќ веднаш помислија дека тоа е името на детето, а дека се вика Васа или Василије, објави српски Телеграф
View this post on Instagram
The post Српскиот актер Милош Биковиќ со забава до зори го славеше раѓањето на синот appeared first on Република.
]]>View this post on Instagram
The post Српскиот актер Милош Биковиќ со забава до зори го славеше раѓањето на синот appeared first on Република.
]]>Поранешниот британски премиер Борис Џонсон денеска под заклетва изјави дека никогаш не ги лажел пратениците за владините забави за време на карантинот, воведен поради пандемијата на Ковид-19.
Тој денеска сведочеше пред Комитетот за стандарди на Долниот дом поради „лажни изјави“ што ги давал во парламентот за собирите во владините згради.
Рака на срце, не го излажав Парламентот, рече Џонсон пред комисијата откако положи заклетва со раката на Библијата.
Ако комисијата утврди дека тој намерно лажел, тој може да биде суспендиран или дури и да го изгуби своето место во Парламентот.
Ако некој мисли дека се забавував за време на карантинот, тие апсолутно грешат, рече Џонсон за време на повеќечасовното сослушување.
Џонсон, исто така, го критикуваше Комитетот, кој вклучува четворица членови од редовите на конзервативците и тројца од опозициските партии, велејќи дека тие дејствуваат како „истражувачи, обвинители, судии и порота“.
После серијата скандали, вклучително и нелегалните забави за време на коронавирусот, Џонсон поднесе оставка на чело на британската Конзервативна партија во јули минатата година.
Остана премиер до изборот на Лиз Трас за негова наследничка.
The post Борис Џонсон искрен: Никогаш не лажев за забавите во Владата за време на карантинот appeared first on Република.
]]>Рака на срце, не го излажав Парламентот, рече Џонсон пред комисијата откако положи заклетва со раката на Библијата.Ако комисијата утврди дека тој намерно лажел, тој може да биде суспендиран или дури и да го изгуби своето место во Парламентот.
Ако некој мисли дека се забавував за време на карантинот, тие апсолутно грешат, рече Џонсон за време на повеќечасовното сослушување.Џонсон, исто така, го критикуваше Комитетот, кој вклучува четворица членови од редовите на конзервативците и тројца од опозициските партии, велејќи дека тие дејствуваат како „истражувачи, обвинители, судии и порота“. После серијата скандали, вклучително и нелегалните забави за време на коронавирусот, Џонсон поднесе оставка на чело на британската Конзервативна партија во јули минатата година. Остана премиер до изборот на Лиз Трас за негова наследничка.
The post Борис Џонсон искрен: Никогаш не лажев за забавите во Владата за време на карантинот appeared first on Република.
]]>На Твитер се појави вест која испаничи многу родители. Се работи за алките кои ги носат младите на забавите на кои одат.На забавите секој носи алки во различни бои и секоја боја има свое значење.
Еве што означуваат
Burazerova ćerka (14 god) mi priča o žurkama na koje ide.
Informacija koja mi je pokvarila mozak: na žurkama svi nose narukvice drugih boja.
Svaka boja ima svoje značenje:
1. Zelena - singl
2. Crvena - zauzet/a
3. Žuta - open relationship
4. Plava - ISKUSAN/A— Goran Mirkovic (@ClemmRusty) February 15, 2023
1. Зелено - сингл девојка
2. Црвено - зафатена
3. Жолто - отворена врска
4. Сино - искусна
The post Секоја боја има значење: Родители внимавајте какви алки носат вашите деца на журките appeared first on Република.
]]>1. Зелено - сингл девојка 2. Црвено - зафатена 3. Жолто - отворена врска 4. Сино - искуснаBurazerova ćerka (14 god) mi priča o žurkama na koje ide. Informacija koja mi je pokvarila mozak: na žurkama svi nose narukvice drugih boja. Svaka boja ima svoje značenje: 1. Zelena - singl 2. Crvena - zauzet/a 3. Žuta - open relationship 4. Plava - ISKUSAN/A
— Goran Mirkovic (@ClemmRusty) February 15, 2023
The post Секоја боја има значење: Родители внимавајте какви алки носат вашите деца на журките appeared first on Република.
]]>Гулаб обоен розово бил пронајден во тешка состојба како лежи во Централ парк во Њујорк. Како што пренесуваат американските медиуми, тој најверојатно бил дел од некаква забава за откривање на пол на неродено бебе, кои се доста популарни во моментов.
Ветеринарите кои се обиделе да му помогнат претпоставуваат дека за бојата била користена фарба за коса или некоја потешка хемикалија, а од тешкиот мирис неповратно биле влошени неговите респираторни органи. Тие не успеале да му ја стабилизираат ни температурата на телото, по што тој им подлегнал на повредите еден ден потоа.
We are deeply sad to report that Flamingo, our sweet pink pigeon, has passed away. Despite our best efforts to reduce the fumes coming off the dye, while keeping him calm and stable, he died in the night. We believe his death was caused by inhaling the toxins.
📷: Alexis Ayala pic.twitter.com/218hh6oN8P
— Wild Bird Fund (@wildbirdfund) February 7, 2023
Ветеринарите потенцираа дека станувало збор за домашна птица, а не гулаб пораснат на улица, која не може да лета брзо за да избега од предатори или да најде храна во дивина, па затоа покажувал и знаци на неухранетост.
The post Угина гулаб обоен розево со фарба искористен за забава за откривање на пол на бебе appeared first on Република.
]]>Ветеринарите потенцираа дека станувало збор за домашна птица, а не гулаб пораснат на улица, која не може да лета брзо за да избега од предатори или да најде храна во дивина, па затоа покажувал и знаци на неухранетост.We are deeply sad to report that Flamingo, our sweet pink pigeon, has passed away. Despite our best efforts to reduce the fumes coming off the dye, while keeping him calm and stable, he died in the night. We believe his death was caused by inhaling the toxins.
📷: Alexis Ayala pic.twitter.com/218hh6oN8P — Wild Bird Fund (@wildbirdfund) February 7, 2023
The post Угина гулаб обоен розево со фарба искористен за забава за откривање на пол на бебе appeared first on Република.
]]>Еден од најдобрите кошаркарски тренери во Европа, Жељко Обрадовиќ, секогаш го предизвикува вниманието на јавноста со својата темпераментност, нервоза и интензивните емоции што ги покажува на теренот.
Сепак, Обрадовиќ знае и тоа как да се опушти и да се забавува.
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како тренерот на Партизан целосно му се предава на еден од големите хитови на Џеј - „Еден, два“.
https://twitter.com/VasovicVelibor/status/1547487596237946880?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1547487596237946880%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fsport%2Fkosarka%2F3972255%2Fnajludji-snimak-zeljka-obradovica-ikada
The post Жељко Обрадовиќ целосно откачи: Ова е најлудата снимка на тренерот на Партизан appeared first on Република.
]]>The post Жељко Обрадовиќ целосно откачи: Ова е најлудата снимка на тренерот на Партизан appeared first on Република.
]]>Вчеравечер во луксузниот хотел „Мирор“ во Скопје, магазинот „Убавина и Здравје“ го прослави својот 14. роденден на која присуствуваа преку 400 гости.
Роденденската забава започна уште во 19 часот, а траеше до полноќ. Гостите ги забавуваше „Попарт бенд“ и Бока Конга&Баже Сакс кои направија одлична атмосфера.
Пред присутните се обрати уредничката на „Убавина и Здравје“, Јована Стојменовиќ која ја отвори вечерта и на присутните им посака да уживаат и да се забавуваат вечерта.
Исто така на почетокот од забавата, магазинот додели 10 награди за општествена одговорност, хуманост и активизам, а помеѓу наградите беа: Фатмир Етеми - ЗСФ КОМ, потоа бизнисменот Владимир Стајиќ, компанијата А1 Македонија, Есенса Македонија, здружението „Љубезност“, Мариа Дуда Дибиаџио, Борче Стаменов со иницијативата „Донирај компјутер“, активистката Дороти Пачкова, Ѓоко Митровски од „Слајс“ и Моника Ризова од Ways2Help.
На роденденот присуствуваа и голем број познати личности од јавниот живот, пејачи, водители, новинари, бизнисмени, преставници на компании и уште многу други.
Погледнете дел од забавата:
The post „Убавина и здравје“ со голема журка и доделување награди прослави 14 години успешна работа appeared first on Република.
]]>The post „Убавина и здравје“ со голема журка и доделување награди прослави 14 години успешна работа appeared first on Република.
]]>Британската полиција издаде повеќе од 50 нови казни за прекршување на антиковид правилата во Даунинг стрит и други владини згради. Овие казни се дополнување на повеќе од 50 изречени минатиот месец, вклучително и на премиерот Борис Џонсон, неговата сопруга Кери Џонсон и министерот за финансии Риши Сунак, јави Би-Би-Си.
Британскиот премиер Борис Џонсон се извини минатиот месец кога му беше изречена казната за кршење на правилата на „локдаун“ кога во неговата канцеларија била организирана прослава за неговиот роденден, но одби да поднесе оставка поради тоа.
Најновите казни се однесуваат на божиќна забава во декември 2020 година, на која Џонсон не присуствувал.
Полицијата истражува 12 собири, од кои се знае дека Џонсон присуствувал на најмалку три.
Додека пристигнуваше на специјален состанок на кабинетот во Стафордшир, Џонсон беше прашан дали е „шокиран“ од размерите на кршење на законот во Даунинг стрит 10. – Ќе имаме многу да кажеме за тоа кога ќе заврши работата“ одговори тој.
Во соопштението, британската полиција најави дека истрагата продолжува. Се очекува да следат дополнителни казни, н о не е даден временски рок.
The post Полицијата во Британија казни уште 50 лица за забавата во локдаун каде што бил присутен и Џонсон appeared first on Република.
]]>The post Полицијата во Британија казни уште 50 лица за забавата во локдаун каде што бил присутен и Џонсон appeared first on Република.
]]>Министерот за правда на Велика Британија, лорд Дејвид Волфсон, поднесе оставка на функцијата, откако британскиот премиер Борис Џонсон и министерот за финансии Риши Сунак беа казнети заради прекршување на антиковид-правилата во земјата.
Волфсон во писмото испратено до премиерот, а што го објави и преку својот твитер-налог, истакнува дека постапките на Џонсон не се „во согласност со владеењето на правото“.
Лордот Волфсон истакнува дека би било погрешно „таквото однесување на мине неказнето, особено кога многумина други во општеството ги почитуваа правилата и платија висока цена, додека други биле казнувани или кривично гонети за слични, понекогаш наизглед тивијални прекршоци“.
Волфсон е прв член на британската Влада што поднесува оставка по објавувањето на скандалот со забавите организирани за време на антиковид-рестрикциите.
Премиерот Џонсон изрази жалење поради оставката на Лорд Волфсон, притоа фалејќи го неговиот придонес во реформите на правниот систем во земјата.
Опозицијата во Велика Британија веќе се произнесе со барање за оставки на премиерот Џонсон и министерот Сунак откако им беа изречени казни заради кршење на антиковид-мерките и учество на забава организирана во јуни 2020 година.
The post Оставка на британскиот министер за правда поради скандалот со забавите во локдаунот appeared first on Република.
]]>The post Оставка на британскиот министер за правда поради скандалот со забавите во локдаунот appeared first on Република.
]]>Британскиот премиер Борис Џонсон денеска во своето обраќање во Парламентот нагласи дека му е „жал“ за серијата прослави за време на „локдаунот“ во земјата, идентификувани во официјалната истрага, но вети дека „ќе продолжи со работата“.
Го разбрав тоа и ќе се поправам - нагласи тој.
На Џонсон денеска му беше врачен долгоочекуваниот извештај од истражителите за забавите на кои тој и неговите соработници ги прекршиле строгите мерки против коронавирусот, но содржината не беше објавена бидејќи е во тек полициска истрага.
Владата соопшти дека државната службеничка Сју Греј доставила ажуриран извештај за истрагите што ги водеше против премиерот.
Од кабинетот на Џонсон изјавија дека извештајот ќе биде објавен и дека премиерот по тој повод во текот на денот ќе се обрати пред Парламентот. Сепак, тешко дека ќе биде објавена целосната приказна за наводите што ја потресоа Владата на Џонсон.
Дел од наодите од извештајот нема да бидат објавени на барање на полицијата, која покрена специјална истрага дали некои од речиси 20-те собири кои Сју Греј ги истражувала ги прекршиле законите поврзани со борбата против коронавирусот. Наводите дека премиерот и неговите блиски соработници ги прекршиле строгите ограничувања наметнати од Владата за борба против коронавирусот, предизвикаа гнев во јавноста, но и интензивни расправии во Конзервативната партија на Џонсон, при што некои пратеници бараат негова оставка.
The post Го разбрав тоа и ќе се поправам: Џонсон се извини за забавата appeared first on Република.
]]>Го разбрав тоа и ќе се поправам - нагласи тој.На Џонсон денеска му беше врачен долгоочекуваниот извештај од истражителите за забавите на кои тој и неговите соработници ги прекршиле строгите мерки против коронавирусот, но содржината не беше објавена бидејќи е во тек полициска истрага. Владата соопшти дека државната службеничка Сју Греј доставила ажуриран извештај за истрагите што ги водеше против премиерот. Од кабинетот на Џонсон изјавија дека извештајот ќе биде објавен и дека премиерот по тој повод во текот на денот ќе се обрати пред Парламентот. Сепак, тешко дека ќе биде објавена целосната приказна за наводите што ја потресоа Владата на Џонсон. Дел од наодите од извештајот нема да бидат објавени на барање на полицијата, која покрена специјална истрага дали некои од речиси 20-те собири кои Сју Греј ги истражувала ги прекршиле законите поврзани со борбата против коронавирусот. Наводите дека премиерот и неговите блиски соработници ги прекршиле строгите ограничувања наметнати од Владата за борба против коронавирусот, предизвикаа гнев во јавноста, но и интензивни расправии во Конзервативната партија на Џонсон, при што некои пратеници бараат негова оставка.
The post Го разбрав тоа и ќе се поправам: Џонсон се извини за забавата appeared first on Република.
]]>Скотланд Јард започна истрага за „настани“ во Даунинг стрит и Вајтхол во врска со потенцијални прекршувања на регулативата за коронавирус.
Британскиот премиер Борис Џонсон се соочува со нов притисок поради социјални собири во неговите резиденции и канцеларии во Даунинг стрит во последниве две години, за време на забрана на собири со цел да се спречи ширење на Ковид-19.
Според најновото откритие, во јуни 2020 година, околу 30 луѓе се собрале за да му подарат роденденска торта на британскиот премиер.
Фактот што сега истражуваме, не значи дека фиксни казни ќе има во секој случај и за секое инволвирано лице, изјави полицискиот комесар Дам Кресида Дик.
The post Џонсон се најде во небрано: Роденденската забава од сопругата може да му донесе „нокаут“ appeared first on Република.
]]>The post Џонсон се најде во небрано: Роденденската забава од сопругата може да му донесе „нокаут“ appeared first on Република.
]]>Шпанската полиција прекинала секс-забава на имот во близина на Барселона откако двајца гости кои биле поканети затропале на погрешна врата. Шпанската полиција соопшти дека 50 гости ги прекршиле ковид мерките со тоа што се појавиле на имотот на кој се случувала забавата.
Полицијата ја алармирал сосед кај кога по грешка се обиделе да влезат две лица кој мислеле дека тоа е адресата за забавата.
Наводно, оргиите ги организирале Американци кои ангажирале 50-тина проститутки за новогодишната ноќ. Според шпанските медиуми, гостите биле од 50 до 70 години.
Инаку, според новите ковид мерки во Каталонија дозволено е групирање до 10 лица, а има воведено и полицијски час од 1 часот по полноќ до 6 часот наутро.
The post Шпанската полиција прекинала оргии поради прекршени корона мерки appeared first on Република.
]]>The post Шпанската полиција прекинала оргии поради прекршени корона мерки appeared first on Република.
]]>