забар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zabar/ За подобро да се разбереме Mon, 20 Nov 2023 07:15:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png забар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zabar/ 32 32 Уште за време на прегледот почнало да крвари: Петгодишно дете починало по вадење заб https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ushte-za-vreme-na-pregledot-pochnalo-da-krvari-petgodishno-dete-pochinalo-po-vadene-zab/ Sun, 19 Nov 2023 14:20:16 +0000 https://republika.mk/?p=703202

Властите во турската провинција Бурса ја затвориle стоматолошката клиника на еден месец и ги истражуваат нејзините активности по смртта на петгодишното момче Дениз Сонмез, набргу откако тој бил на лекар.

Родителите на момчето, Елена и Ајдин Сонмез, во полиција изјавиле дека на 10 ноември го однеле синот на преглед во приватна стоматолошка амбуланта каде му бил констатиран кариес. Лекарите извадиле еден заб под општа анестезија и ставиле пломби на четири заби.

Веќе за време на прегледот детето почнало да крвари, температурата му се покачила и детето почнало да се тресе. И покрај тоа, лекарите само му препишале лекови и го испратиле дома.

Набрзо состојбата на детето се влошила и родителите го однеле во државна болница, но лекарите не успеале да го спасат. Момчето починало на 13 ноември од откажување на повеќе органи поради недостаток на кислород.

Надлежните ја запечатиле болницата на еден месец од 16 ноември, а обвинителството почнало истрага.

Родителите на момчето изјавиле дека анестезиологот не направил никакви тестови пред анестезија и дека ја напуштил клиниката без да чека детето да се освести по операцијата.

Тие исто така изјавиле дека цевката што била ставена во грлото на детето за време на операцијата го пробила аденоидот и крварењето што следело му ги наполнило белите дробови.

The post Уште за време на прегледот почнало да крвари: Петгодишно дете починало по вадење заб appeared first on Република.

]]>

Властите во турската провинција Бурса ја затвориle стоматолошката клиника на еден месец и ги истражуваат нејзините активности по смртта на петгодишното момче Дениз Сонмез, набргу откако тој бил на лекар. Родителите на момчето, Елена и Ајдин Сонмез, во полиција изјавиле дека на 10 ноември го однеле синот на преглед во приватна стоматолошка амбуланта каде му бил констатиран кариес. Лекарите извадиле еден заб под општа анестезија и ставиле пломби на четири заби. Веќе за време на прегледот детето почнало да крвари, температурата му се покачила и детето почнало да се тресе. И покрај тоа, лекарите само му препишале лекови и го испратиле дома. Набрзо состојбата на детето се влошила и родителите го однеле во државна болница, но лекарите не успеале да го спасат. Момчето починало на 13 ноември од откажување на повеќе органи поради недостаток на кислород. Надлежните ја запечатиле болницата на еден месец од 16 ноември, а обвинителството почнало истрага. Родителите на момчето изјавиле дека анестезиологот не направил никакви тестови пред анестезија и дека ја напуштил клиниката без да чека детето да се освести по операцијата. Тие исто така изјавиле дека цевката што била ставена во грлото на детето за време на операцијата го пробила аденоидот и крварењето што следело му ги наполнило белите дробови.

The post Уште за време на прегледот почнало да крвари: Петгодишно дете починало по вадење заб appeared first on Република.

]]>