заб Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zab/ За подобро да се разбереме Mon, 12 Jun 2023 19:19:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png заб Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zab/ 32 32 Сонувавте дека ви паднал заб? Еве што значи и што треба веднаш да направите https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/sonuvavte-deka-vi-padnal-zab-eve-shto-znachi-i-shto-treba-vednash-da-napravite/ Mon, 12 Jun 2023 19:19:05 +0000 https://republika.mk/?p=650638

Голем број луѓе веруваат дека соништата се потсвесни пораки и често бараат смисла и значење во нив. Овие соништа понекогаш се вистински кошмари, а меѓу нив се и оние на кои забите ви скапуваат и паѓаат.

Народните претскажувања за ваквите соништа обично се поврзани со лоши прогнозирачки исходи за некој наш близок член од семејството, со што се предвидува дека наскоро ќе се разболи или умре.

Психологот и експерт за соништа Рубин Најман вели дека толкувањето на соништата е поврзано со емоциите што ви ги буди неговата симболика. Повеќе се работи за личното, а помалку за буквалното значење.

Затоа, експертите наведуваат пет основни толкувања за соништата за губење на забите.

Чувство на срам и несигурност. Забите навистина не паѓаат сами од себе, што го прави овој сон особено бизарен и е во спротивност со теоријата дека соништата се само консолидација на сеќавањата. Ако прифатиме дека соништата претставуваат емоции и не се само буквални симболи, можно е паѓањето на забите да претставува недостаток на самодоверба.

Трансформација. Познатиот психијатар Карл Јунг верувал дека таков сон претставува повторно раѓање и трансформација. Имено, што се случува кога ќе ви испаднат млечните заби? Трајните заби избиваат. На овој начин, губењето заб во сон може да се толкува како знак на раст и позитивна промена.

Недостаток на контрола. Според оваа теорија, паѓањето на забите во сон може да укаже на недостаток на контрола. Никој не сака да му паднат забите, па ако имате такви соништа, размислете дали во вашиот живот се случува нешто што ве прави да се чувствувате беспомошни и дали сте соочени со ситуација врз која немате никакво влијание.

Загуба и тага. Соништата за паѓање на забите исто така може да претставуваат загуба, па дури и тага. Таквиот сон е од вознемирувачки карактер, па затоа треба да се запрашате дали неодамна сте изгубиле нешто. Ако вашата потсвест се обидува да се помири со загубата во реалниот живот, тоа може да се одрази во вашите соништа.

Можеби навистина имате проблеми со забите. На крајот на краиштата, постои можност вашите соништа да се поврзани со проблеми со забите. Во една студија објавена во Frontiers in Psychology, научниците открија врска помеѓу соништата за забите и вистинските проблеми со забите што луѓето ги чувствуваат кога ќе се разбудат.

Меѓу нив е и несвесното крцкање на забите, но тешко е да се каже дали токму тоа е причината за кошмарот. Тие веруваат дека непријатноста и можната болка можеби нашле начин да се вклучат во вашите соништа.

 

The post Сонувавте дека ви паднал заб? Еве што значи и што треба веднаш да направите appeared first on Република.

]]>

Голем број луѓе веруваат дека соништата се потсвесни пораки и често бараат смисла и значење во нив. Овие соништа понекогаш се вистински кошмари, а меѓу нив се и оние на кои забите ви скапуваат и паѓаат. Народните претскажувања за ваквите соништа обично се поврзани со лоши прогнозирачки исходи за некој наш близок член од семејството, со што се предвидува дека наскоро ќе се разболи или умре. Психологот и експерт за соништа Рубин Најман вели дека толкувањето на соништата е поврзано со емоциите што ви ги буди неговата симболика. Повеќе се работи за личното, а помалку за буквалното значење. Затоа, експертите наведуваат пет основни толкувања за соништата за губење на забите. Чувство на срам и несигурност. Забите навистина не паѓаат сами од себе, што го прави овој сон особено бизарен и е во спротивност со теоријата дека соништата се само консолидација на сеќавањата. Ако прифатиме дека соништата претставуваат емоции и не се само буквални симболи, можно е паѓањето на забите да претставува недостаток на самодоверба. Трансформација. Познатиот психијатар Карл Јунг верувал дека таков сон претставува повторно раѓање и трансформација. Имено, што се случува кога ќе ви испаднат млечните заби? Трајните заби избиваат. На овој начин, губењето заб во сон може да се толкува како знак на раст и позитивна промена. Недостаток на контрола. Според оваа теорија, паѓањето на забите во сон може да укаже на недостаток на контрола. Никој не сака да му паднат забите, па ако имате такви соништа, размислете дали во вашиот живот се случува нешто што ве прави да се чувствувате беспомошни и дали сте соочени со ситуација врз која немате никакво влијание. Загуба и тага. Соништата за паѓање на забите исто така може да претставуваат загуба, па дури и тага. Таквиот сон е од вознемирувачки карактер, па затоа треба да се запрашате дали неодамна сте изгубиле нешто. Ако вашата потсвест се обидува да се помири со загубата во реалниот живот, тоа може да се одрази во вашите соништа. Можеби навистина имате проблеми со забите. На крајот на краиштата, постои можност вашите соништа да се поврзани со проблеми со забите. Во една студија објавена во Frontiers in Psychology, научниците открија врска помеѓу соништата за забите и вистинските проблеми со забите што луѓето ги чувствуваат кога ќе се разбудат. Меѓу нив е и несвесното крцкање на забите, но тешко е да се каже дали токму тоа е причината за кошмарот. Тие веруваат дека непријатноста и можната болка можеби нашле начин да се вклучат во вашите соништа.  

The post Сонувавте дека ви паднал заб? Еве што значи и што треба веднаш да направите appeared first on Република.

]]>
Бајден ќе оди на операција на забот, ги откажа сите обврски https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bajden-ke-odi-na-operatsija-na-zabot-gi-otkazha-site-obvrski/ Mon, 12 Jun 2023 19:00:41 +0000 https://republika.mk/?p=650635

Американскиот претседател Џо Бајден за денеска ги откажа сите закажани ангажмани заради неговиот втор стоматолошки зафат што трае два дена, откако изјави дека страда од забоболка, објави Белата куќа.

 

 

Бајден вчера кажа дека чувствува болки во забите, поради што дента требаше да оди на преглед и да се подложи на лечење на коренскиот канал, се наведува во писмото од неговиот лекар објавено до медиумите.

Претседателот добро го поднесе зафатот. Немаше никакви компликации, напишал лекарот Кевин О’Конор.

Откако и утрово доживеа болка, за која О’Конор рече дека е очекувана, медицинскиот тим на Бајден имал намера да го „заврши зафатот на коренскиот канал на претседателот“ во Белата куќа.

Не се очекува Бајден да биде анестезиран и нема да биде потребно да ги делегира своите овластувања на потпретседателката Камала Харис за време на процедурата според 25-от амандман на американскиот Устав, изјави претставник на Белата куќа.

Белата куќа денеска го откажа учеството на Бајден на настан во чест на спортистите од универзитетите, а наместо него на настанот присуствуваше Харис.

Откажани се и приемот на дипломатите и средбата на Бајден со лидерот на НАТО Јенс Столтенберг. Тие два настани се преместени за вторник.

Осумдесетгодишниот Бајден е најстариот човек што некогаш бил претседател на САД, а неговата возраст и здравје се централно прашање за гласачите, бидејќи има намера да се кандидира за втор четиригодишен мандат на претседателските избори следната година.

The post Бајден ќе оди на операција на забот, ги откажа сите обврски appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден за денеска ги откажа сите закажани ангажмани заради неговиот втор стоматолошки зафат што трае два дена, откако изјави дека страда од забоболка, објави Белата куќа.     Бајден вчера кажа дека чувствува болки во забите, поради што дента требаше да оди на преглед и да се подложи на лечење на коренскиот канал, се наведува во писмото од неговиот лекар објавено до медиумите.
Претседателот добро го поднесе зафатот. Немаше никакви компликации, напишал лекарот Кевин О’Конор.
Откако и утрово доживеа болка, за која О’Конор рече дека е очекувана, медицинскиот тим на Бајден имал намера да го „заврши зафатот на коренскиот канал на претседателот“ во Белата куќа.
Не се очекува Бајден да биде анестезиран и нема да биде потребно да ги делегира своите овластувања на потпретседателката Камала Харис за време на процедурата според 25-от амандман на американскиот Устав, изјави претставник на Белата куќа.
Белата куќа денеска го откажа учеството на Бајден на настан во чест на спортистите од универзитетите, а наместо него на настанот присуствуваше Харис. Откажани се и приемот на дипломатите и средбата на Бајден со лидерот на НАТО Јенс Столтенберг. Тие два настани се преместени за вторник. Осумдесетгодишниот Бајден е најстариот човек што некогаш бил претседател на САД, а неговата возраст и здравје се централно прашање за гласачите, бидејќи има намера да се кандидира за втор четиригодишен мандат на претседателските избори следната година.

The post Бајден ќе оди на операција на забот, ги откажа сите обврски appeared first on Република.

]]>
ДСЗИ информира како течел вонредниот инспекциски надзор за лекувањето на беровачанецот кој почина од операција на заб https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/dszi-informira-kako-techel-vonredniot-inspekciski-nadzor-za-lekuvanjeto-na-berovachanecot-koj-pochina-od-operacija-na-zab/ Tue, 30 Aug 2022 10:30:46 +0000 https://republika.mk/?p=545564

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) информира како течел вонредниот инспекциски надзор кој тие го извршиле по допрен глас за починат пациент од Берово после хируршка интервенција на заб. Според соопштението, пациентот првпат на лекар се јавил на 19 август, а починал 14 дена подоцна.

ДСЗИ изврши вонреден инспекциски надзор во сите здравствени установи каде се што јавил на преглед пациентот при што е констатирана следната фактичка состојба:

-Посета кај матичен стоматолог

-Од увид во индивидуалниот стоматолошки картон е утврдено дека од 10.08.2022 год д-р  Слободан Рушковски од ПЗУ Д-р.Рушковски - ординација по општа стоматологија во Берово е матичен стоматолог на пациентот Ј.Д., кога за прв пат е извршен стоматолошки преглед при што е утврдено присуство на огромен оток на десна страна без можност да се изврши орален преглед поради болка и присутен тризмус (вкочанетост на долната вилица). Веднаш е креиран спец.упат до спец. по орална хирургија при ПЗУ Д-р.Чавков – Д-р.Бајрактаров орална -специјалистичка ординација по орална хирургија во Струмица) во мој термин за 09.30 часот на 11.8.2022год, Од увидот во здравствената евиденција и електронскиот систем е констатирано дека упатот не е реализиран, односно пациентот не се јавил на преглед. Препишана антибиотска терапија од страна на матичниот стоматолог.

На 13.08.2022год пациентот Ј.Д. во 22.30 часот (сабота) поради болка и оток повторно се јавил на преглед при што како итен случај повторно е упатен до специјалист, но овој пат специјалист максилофацијален хирург при ЈЗУ КБ Штип .

-посета кај матичен лекар:

Истиот ден, на 10.08.2022  по препорака на матичниот стоматолог пациентот се јавил кај матичниот лекар Д-р.Ванчо Ременски при ПЗУ Поликлиника Биомедика при што од извршениот преглед било констатирано оток и болка во десна букална и субмандибуларна регија, при што од страна на матичниот лекар е ординиран друг антибиотик и остната супортивна терапија.

На ден 13.08.2022 пациентот Ј. Д. дошол на контролен преглед при што е констатирано и понатаму присуство на оток и болка, назначено да продолжи со препорачаната терапија.

На 19.08.2022 во индивидуалниот картон е заведен извештај (прилог кон отпусно писмо) од ЈЗУ КБ Штип-Максилофацијална хирургија од Д-р.Владимир Милошев со назначена терапија.

-Посета ВО ИМП-Берово

Од увид во амбулантскиот дневник на Итна медицинска помош Берово на 21.08.2022г во вечерните часови (не е прецизиран часот) заведен е преглед на пациентот Ј. Д кој побарал здравствена помош поради општа лоша состојба со постоечка инцизиона рана со дрен, извршена е тоалета и преврска на раната, ординирана амп. диазепам и.м, дадена оксигена терапија (кислород), препорачано земање на табл. парацетамол за дома, со напомена ако е потребно веднаш да се јави повторно на преглед на ИМП. На 22.08.2022 во 02.30 часот пациентот Ј.Д. со придружба од семејството повторно дошол во ИТМ-Берово каде поради влошена општа состојба му е ординирана терапија физиолошки р-р 500мл и амп. новалгетол 5 мл (и.м) и со возило на ИМП-Берово во придружба на мед. сестра е транспортиран до ЈЗУ КБ-Штип каде веднаш е примен

-лекување во ЈЗУ КБ Штип:

-Пациентот Ј.Д прв пат се јавил на преглед во ЈЗУ КБ Штип на ден 13.08.2022 во дежурна ургентна амбуланта каде дежурниот доктор д-р.Владимир Милошев спеијалист максилофацијален хирург извршил преглед. Ординирана терапија, направена РТГ на глава и запис за прием на болничко лекување.

По приемот на хирушко одделение со максилофацијална хирургија извршена е екстракција на забот и киретажа, но бидејќи не е воспоставено спонтано дренирање извршена е екстраорална длабока инцизија со поставување на лашва за пасивна дренажа.

Пациентот е задржан на болничко лекување до 19.08. 2022 год. од каде по подобрување на општата и локална здравствена состојба, по извршена контрола на медијастинумот со цел утврдување на дистално ширење на инфекцијата направен е контролен Ртг на бели дробови и добиен уреден наод, направени се контролни лабараториски испитувања, со препорачана терапија е испишан на домашно лекување. Закажана е контрола за 2 дена односно за 21.08.2022.

На 21.08.2022  пациентот се јавил на контрола во ЈЗУ КБ-Штип каде е извршена преврска на инцизионата рана и повторно му е закажана контрола за 23.08.2022.

На 22.08.2022г. во 04.40 часот поради влошена состојба (обилно крварење од инцизионата ектраорална рана, фебрилен, со отежнато дишење и намалена сатурација со возило на итна медицинска помош од Берово е донесен во ЈЗУ КБ-Штип.

По пристигнување во ЈЗУ КБ-Штип пациентот Ј. Д. веднаш е спроведен во операциона сала, извршена е интубација и со општа анестезија пристапено е кон оперативна интервенција (подлабоко отварање на инцизионата рана. Истовремено се земени се два бриса - не се најдени патогени бактерии според лабораторискот извештај додека резултатот од хемокултурата за време на инспекцискиот надзор сеуште е во тек.

Истовремено телефонски е побарана консулатација со професоре д-р.Даница Поповиќ спец. максиолофацијален хирург од ЈЗУ УК Максилофацијална хирургија во Скопје, која лично пристигнала во 08.30 часот на 23.08.2022г и дала насоки пациентот да не се транспортира во таква состојба во Скопје туку во наредните 24 часа да биде следена неговата состојба на одделението за интензивна нега со реанимација во ЈЗУ КБ-Штип .

На 23.08.2022г. поради влошување на здравствената состојба на пациентот Ј. Д., со болничко возило и во придружба на специјализант доктор по анестезија и главна мед.сестра на анестезија е пренесен на ЈЗУ УК-Карил во Скопје.

-прием на ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ – ОЕ за анестезиологија, реанимација и интензивно лекување

Пациентот е примен на ден 23.08.2022 год по претходно креиран упат од страна на др Владимир Милошев од ЈЗУ КБ Штип за понатамошно лекување.

Пациентот е примен во крајно тешка состојба со знаци за септичен шок . Веднаш се преземени сите мерки за интензивно лекување, мониторинг, иследувања и терапија .

Пациентот доаѓаа со веќе извршена дијгностичко иследување КТ на белодробие после кое заради итноста на ситуацијата е повикан торакален хирург кој по преглед на компјутерскиот наод поставува торакален дрен.

И покрај сите преземени мерки согласно протокол кај пациентот настапува смрт на ден 24.05,2022 год.

The post ДСЗИ информира како течел вонредниот инспекциски надзор за лекувањето на беровачанецот кој почина од операција на заб appeared first on Република.

]]>

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) информира како течел вонредниот инспекциски надзор кој тие го извршиле по допрен глас за починат пациент од Берово после хируршка интервенција на заб. Според соопштението, пациентот првпат на лекар се јавил на 19 август, а починал 14 дена подоцна. ДСЗИ изврши вонреден инспекциски надзор во сите здравствени установи каде се што јавил на преглед пациентот при што е констатирана следната фактичка состојба: -Посета кај матичен стоматолог -Од увид во индивидуалниот стоматолошки картон е утврдено дека од 10.08.2022 год д-р  Слободан Рушковски од ПЗУ Д-р.Рушковски - ординација по општа стоматологија во Берово е матичен стоматолог на пациентот Ј.Д., кога за прв пат е извршен стоматолошки преглед при што е утврдено присуство на огромен оток на десна страна без можност да се изврши орален преглед поради болка и присутен тризмус (вкочанетост на долната вилица). Веднаш е креиран спец.упат до спец. по орална хирургија при ПЗУ Д-р.Чавков – Д-р.Бајрактаров орална -специјалистичка ординација по орална хирургија во Струмица) во мој термин за 09.30 часот на 11.8.2022год, Од увидот во здравствената евиденција и електронскиот систем е констатирано дека упатот не е реализиран, односно пациентот не се јавил на преглед. Препишана антибиотска терапија од страна на матичниот стоматолог. На 13.08.2022год пациентот Ј.Д. во 22.30 часот (сабота) поради болка и оток повторно се јавил на преглед при што како итен случај повторно е упатен до специјалист, но овој пат специјалист максилофацијален хирург при ЈЗУ КБ Штип . -посета кај матичен лекар: Истиот ден, на 10.08.2022  по препорака на матичниот стоматолог пациентот се јавил кај матичниот лекар Д-р.Ванчо Ременски при ПЗУ Поликлиника Биомедика при што од извршениот преглед било констатирано оток и болка во десна букална и субмандибуларна регија, при што од страна на матичниот лекар е ординиран друг антибиотик и остната супортивна терапија. На ден 13.08.2022 пациентот Ј. Д. дошол на контролен преглед при што е констатирано и понатаму присуство на оток и болка, назначено да продолжи со препорачаната терапија. На 19.08.2022 во индивидуалниот картон е заведен извештај (прилог кон отпусно писмо) од ЈЗУ КБ Штип-Максилофацијална хирургија од Д-р.Владимир Милошев со назначена терапија. -Посета ВО ИМП-Берово Од увид во амбулантскиот дневник на Итна медицинска помош Берово на 21.08.2022г во вечерните часови (не е прецизиран часот) заведен е преглед на пациентот Ј. Д кој побарал здравствена помош поради општа лоша состојба со постоечка инцизиона рана со дрен, извршена е тоалета и преврска на раната, ординирана амп. диазепам и.м, дадена оксигена терапија (кислород), препорачано земање на табл. парацетамол за дома, со напомена ако е потребно веднаш да се јави повторно на преглед на ИМП. На 22.08.2022 во 02.30 часот пациентот Ј.Д. со придружба од семејството повторно дошол во ИТМ-Берово каде поради влошена општа состојба му е ординирана терапија физиолошки р-р 500мл и амп. новалгетол 5 мл (и.м) и со возило на ИМП-Берово во придружба на мед. сестра е транспортиран до ЈЗУ КБ-Штип каде веднаш е примен -лекување во ЈЗУ КБ Штип: -Пациентот Ј.Д прв пат се јавил на преглед во ЈЗУ КБ Штип на ден 13.08.2022 во дежурна ургентна амбуланта каде дежурниот доктор д-р.Владимир Милошев спеијалист максилофацијален хирург извршил преглед. Ординирана терапија, направена РТГ на глава и запис за прием на болничко лекување. По приемот на хирушко одделение со максилофацијална хирургија извршена е екстракција на забот и киретажа, но бидејќи не е воспоставено спонтано дренирање извршена е екстраорална длабока инцизија со поставување на лашва за пасивна дренажа. Пациентот е задржан на болничко лекување до 19.08. 2022 год. од каде по подобрување на општата и локална здравствена состојба, по извршена контрола на медијастинумот со цел утврдување на дистално ширење на инфекцијата направен е контролен Ртг на бели дробови и добиен уреден наод, направени се контролни лабараториски испитувања, со препорачана терапија е испишан на домашно лекување. Закажана е контрола за 2 дена односно за 21.08.2022. На 21.08.2022  пациентот се јавил на контрола во ЈЗУ КБ-Штип каде е извршена преврска на инцизионата рана и повторно му е закажана контрола за 23.08.2022. На 22.08.2022г. во 04.40 часот поради влошена состојба (обилно крварење од инцизионата ектраорална рана, фебрилен, со отежнато дишење и намалена сатурација со возило на итна медицинска помош од Берово е донесен во ЈЗУ КБ-Штип. По пристигнување во ЈЗУ КБ-Штип пациентот Ј. Д. веднаш е спроведен во операциона сала, извршена е интубација и со општа анестезија пристапено е кон оперативна интервенција (подлабоко отварање на инцизионата рана. Истовремено се земени се два бриса - не се најдени патогени бактерии според лабораторискот извештај додека резултатот од хемокултурата за време на инспекцискиот надзор сеуште е во тек. Истовремено телефонски е побарана консулатација со професоре д-р.Даница Поповиќ спец. максиолофацијален хирург од ЈЗУ УК Максилофацијална хирургија во Скопје, која лично пристигнала во 08.30 часот на 23.08.2022г и дала насоки пациентот да не се транспортира во таква состојба во Скопје туку во наредните 24 часа да биде следена неговата состојба на одделението за интензивна нега со реанимација во ЈЗУ КБ-Штип . На 23.08.2022г. поради влошување на здравствената состојба на пациентот Ј. Д., со болничко возило и во придружба на специјализант доктор по анестезија и главна мед.сестра на анестезија е пренесен на ЈЗУ УК-Карил во Скопје. -прием на ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ – ОЕ за анестезиологија, реанимација и интензивно лекување Пациентот е примен на ден 23.08.2022 год по претходно креиран упат од страна на др Владимир Милошев од ЈЗУ КБ Штип за понатамошно лекување. Пациентот е примен во крајно тешка состојба со знаци за септичен шок . Веднаш се преземени сите мерки за интензивно лекување, мониторинг, иследувања и терапија . Пациентот доаѓаа со веќе извршена дијгностичко иследување КТ на белодробие после кое заради итноста на ситуацијата е повикан торакален хирург кој по преглед на компјутерскиот наод поставува торакален дрен. И покрај сите преземени мерки согласно протокол кај пациентот настапува смрт на ден 24.05,2022 год.

The post ДСЗИ информира како течел вонредниот инспекциски надзор за лекувањето на беровачанецот кој почина од операција на заб appeared first on Република.

]]>
Не можевме да го спасиме, па го пративме на КАРИЛ: Протече извештајот за смртта на 25-годишниот Ванчо https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ne-mozevme-da-go-spasime-pa-go-prativme-na-karil-proteche-izveshtajot-za-smrtta-na-25-godishniot-vancho/ Thu, 25 Aug 2022 13:45:15 +0000 https://republika.mk/?p=544032

25-годишниот Јован Димовски од Берово, кој наводно поради сепса предизвикана од забот кој го лекувал во Штипската болница прерано го напушти овој свет, првпат во болницата се јавил на 14 август во 1 часот по полноќ, со изразена флегмонозна состојба на десната страна на вратот со потекло од заб.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/25-godishniot-vancho-pochina-od-sepsa-po-losho-postaven-dren-na-zab-vo-shtipskata-bolnica/

Ова е наведено во извештајот напишан од ординирачкиот лекар во болницата во Штип, а кој денеска беше доставен до редакцијата на Плусинфо.

Ординирана е инфузиона терапија, направен е РТГ и извршена е екстракција на забот заради обезбедување на дренажа на гнојната колекција. Следниот ден извршена е и инизија со дренажа. Постинционо, состојбата покажува знаци на подобрување. По три дена пациентот се отпушта со локален уреден наод и со ординирана терапија за дома, како и препорака за контрола. На контролен преглед, локален наод уреден, се вели во извештајот.

Но, таму е наведено и дека истиот пациент во болницата во Штип бил донесен и на 23 август во 04:40 часот со возило на Итната помош од Берово, во тешка општа состојба, кардио-васкуларно нестабилен, со ниска сатурација, фебрилен и со локален наод: крваво-гноева секреција од инцизиона рана на врат, како и од устата.

Пациентот е итно внесен во операциона сала, интубиран и започната интервенција. Поради сериозноста на состојбата, итно е повикана помош од УК МФХ. Оперативниот зафат е завршен околу 10 часот. Пациентот е сместен на одделот за интензивно лекување поради септичната состојба и понатамошна опсервација. Во раните утрински часови, поради влошување на општата состојба, организиран е итен транспорт на КАРИЛ, се вели во извештајот.

Инаку, роднини и блиски пријатели на 25-годишниот Јован на социјалните мрежи обвинуваат дека станува збор за лекарска грешка, односно дека забарот го ставил дренот наопаку, па со тоа се предизвикала сепсата.

The post Не можевме да го спасиме, па го пративме на КАРИЛ: Протече извештајот за смртта на 25-годишниот Ванчо appeared first on Република.

]]>

25-годишниот Јован Димовски од Берово, кој наводно поради сепса предизвикана од забот кој го лекувал во Штипската болница прерано го напушти овој свет, првпат во болницата се јавил на 14 август во 1 часот по полноќ, со изразена флегмонозна состојба на десната страна на вратот со потекло од заб. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/25-godishniot-vancho-pochina-od-sepsa-po-losho-postaven-dren-na-zab-vo-shtipskata-bolnica/ Ова е наведено во извештајот напишан од ординирачкиот лекар во болницата во Штип, а кој денеска беше доставен до редакцијата на Плусинфо. Ординирана е инфузиона терапија, направен е РТГ и извршена е екстракција на забот заради обезбедување на дренажа на гнојната колекција. Следниот ден извршена е и инизија со дренажа. Постинционо, состојбата покажува знаци на подобрување. По три дена пациентот се отпушта со локален уреден наод и со ординирана терапија за дома, како и препорака за контрола. На контролен преглед, локален наод уреден, се вели во извештајот. Но, таму е наведено и дека истиот пациент во болницата во Штип бил донесен и на 23 август во 04:40 часот со возило на Итната помош од Берово, во тешка општа состојба, кардио-васкуларно нестабилен, со ниска сатурација, фебрилен и со локален наод: крваво-гноева секреција од инцизиона рана на врат, како и од устата. Пациентот е итно внесен во операциона сала, интубиран и започната интервенција. Поради сериозноста на состојбата, итно е повикана помош од УК МФХ. Оперативниот зафат е завршен околу 10 часот. Пациентот е сместен на одделот за интензивно лекување поради септичната состојба и понатамошна опсервација. Во раните утрински часови, поради влошување на општата состојба, организиран е итен транспорт на КАРИЛ, се вели во извештајот. Инаку, роднини и блиски пријатели на 25-годишниот Јован на социјалните мрежи обвинуваат дека станува збор за лекарска грешка, односно дека забарот го ставил дренот наопаку, па со тоа се предизвикала сепсата.

The post Не можевме да го спасиме, па го пративме на КАРИЛ: Протече извештајот за смртта на 25-годишниот Ванчо appeared first on Република.

]]>