За нашиот Горан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/za-nashiot-goran/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Mar 2022 13:50:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png За нашиот Горан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/za-nashiot-goran/ 32 32 Поради големиот интерес претставата „За нашиот Горан“ ќе се изведе на 9 април во МНТ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/poradi-golemiot-interes-pretstavata-za-nashiot-goran-kje-se-izvede-na-9-april-vo-mnt/ Wed, 30 Mar 2022 13:38:00 +0000 https://republika.mk/?p=480943

По успешната изведба на премиера на театарската претстава „За нашиот Горан“, во режија на Весна Петрушевска на 26 март, поради големиот интерес, претставата ќе се изведе и на 9 април, во 12 часот, во Македонскиот народен театар.

Силни и искрени емоции ја преплавија големата сцена на Македонскиот Народен Театар додека малите деца, но големи актери од актерската школа на Весна Петрушевска ги говореа репликите од книгата „Стапица“, одломки од „Лонг плеј“ и „Демонот од Дебар маало“ на Горан Стефановски.
Со голема почит кон театарот и актерската игра како и сериозниот и професионален пристап на овие млади актери кон делата на Стефановски создаде атмосфера на восхит и почит, и докажа дека младите се нашата иднина, вели Петрушевска.

За првпат на сцената се слушнаа неговите генијални текстови од книгата „Стапица“. Таа книга ги содржи сите тајни на драмскиот занает и на приодот кон создавање и градење лик.

Во вистинска смисла на зборот за еден актер предизвик, за малите актери мисловен и актерски предизвик и задача. Горан е нашиот идентитет, нашиот најдобар драмски писател. Театарот немаше да биде ист ако не постоеше Горан. Децата од актерската школа лесно го разбираат и нивниот поттекст е прецизно точен. Јас сакам секое дете да знае барем по еден монолог на Горан. Така живее само онолку колку го зборуваме. Ние немаме друг Горан. Имаме само еден! Храбар, бескрајно талентиран, точен, шармантен и полн со љубов! Горан е љубов!, додава Петрушевска.

https://republika.mk/vesti/kultura/v-sabota-premiera-na-pretstavata-za-nashiot-goran-vo-mnt/

The post Поради големиот интерес претставата „За нашиот Горан“ ќе се изведе на 9 април во МНТ appeared first on Република.

]]>

По успешната изведба на премиера на театарската претстава „За нашиот Горан“, во режија на Весна Петрушевска на 26 март, поради големиот интерес, претставата ќе се изведе и на 9 април, во 12 часот, во Македонскиот народен театар.
Силни и искрени емоции ја преплавија големата сцена на Македонскиот Народен Театар додека малите деца, но големи актери од актерската школа на Весна Петрушевска ги говореа репликите од книгата „Стапица“, одломки од „Лонг плеј“ и „Демонот од Дебар маало“ на Горан Стефановски. Со голема почит кон театарот и актерската игра како и сериозниот и професионален пристап на овие млади актери кон делата на Стефановски создаде атмосфера на восхит и почит, и докажа дека младите се нашата иднина, вели Петрушевска.
За првпат на сцената се слушнаа неговите генијални текстови од книгата „Стапица“. Таа книга ги содржи сите тајни на драмскиот занает и на приодот кон создавање и градење лик.
Во вистинска смисла на зборот за еден актер предизвик, за малите актери мисловен и актерски предизвик и задача. Горан е нашиот идентитет, нашиот најдобар драмски писател. Театарот немаше да биде ист ако не постоеше Горан. Децата од актерската школа лесно го разбираат и нивниот поттекст е прецизно точен. Јас сакам секое дете да знае барем по еден монолог на Горан. Така живее само онолку колку го зборуваме. Ние немаме друг Горан. Имаме само еден! Храбар, бескрајно талентиран, точен, шармантен и полн со љубов! Горан е љубов!, додава Петрушевска.
https://republika.mk/vesti/kultura/v-sabota-premiera-na-pretstavata-za-nashiot-goran-vo-mnt/

The post Поради големиот интерес претставата „За нашиот Горан“ ќе се изведе на 9 април во МНТ appeared first on Република.

]]>
В сабота премиера на претставата „За нашиот Горан“ во МНТ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/v-sabota-premiera-na-pretstavata-za-nashiot-goran-vo-mnt/ Mon, 21 Mar 2022 12:50:44 +0000 https://republika.mk/?p=476085

На 26 март, сабота, во 12 и во 14 часот на големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) ќе се одигра премиерата на претставата „За нашиот Горан“  каде што улогите ги толкуваат децата од актерската школа на Весна Петрушевска.

Во претставата ќе има одломки од „Лонг плеј“ и „Демонот од Дебар маало“, пиеси на еден од најголемите македонски драматурзи Горан Стефановски.

Горан беше мој професор, мој омилен драмски автор и мојата дефиниција за бескрајно талентиран и племенит човек. Децата од мојата актерска школа се крајно посветени на ликовите кои ги играат во различни сцени од нколку пиеси на Горан. Првпат ќе се слушнат на сцена неговите генијални текстови од книгата „Стапица". Таа книга ги содржи сите тајни на драмскиот занает и на приодот кон создавање и градење лик, вели Петрушевска за „Република“.

Претставата „За нашиот Горан“, е предизвик во вистинска смисла на зборот за еден актер, а за малите актери мисловен и актерски предизвик и задача.

Горан е нашиот идентитет, нашиот најдобар драмски писател. Театарот немаше да биде ист ако не постоеше Горан. Горан е љубов, вели Петрушевска.

Петрушевска е режисер на претставата, а таа го направи и изборот на музиката и адаптацијата на сцените.

Горан е често име на нашите простори изведено од именката гора, но исто така со значение голем и силен. Таква е нашата љубов кон Горан: силна,огромна, истрајна и посветена. Можете лесно да паднете во неговата стапица на зборови. Децата од актерската школа лесно го разбираат и нивниот поттекст е прецизно точен. Јас сакам секое дете да знае барем по еден монолог на Горан. Така живее само онолку колку го зборуваме. Ние немаме друг Горан. Имаме само еден! Храбар, бескрајно талентиран,точен, шармантен и полн со љубов, се вели во најавата за претставата.

Кореограф е Надја Лукановска, графички дизајнер е Александра Гатовска, а продуцент е Виолета Дамевска. Претставата е во продукција на КМК Продукција.

Следна изведба на претставата „За нашиот Горан“ е на 9 април во 12 часот во МНТ.

The post В сабота премиера на претставата „За нашиот Горан“ во МНТ appeared first on Република.

]]>

На 26 март, сабота, во 12 и во 14 часот на големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) ќе се одигра премиерата на претставата „За нашиот Горан“  каде што улогите ги толкуваат децата од актерската школа на Весна Петрушевска. Во претставата ќе има одломки од „Лонг плеј“ и „Демонот од Дебар маало“, пиеси на еден од најголемите македонски драматурзи Горан Стефановски.
Горан беше мој професор, мој омилен драмски автор и мојата дефиниција за бескрајно талентиран и племенит човек. Децата од мојата актерска школа се крајно посветени на ликовите кои ги играат во различни сцени од нколку пиеси на Горан. Првпат ќе се слушнат на сцена неговите генијални текстови од книгата „Стапица". Таа книга ги содржи сите тајни на драмскиот занает и на приодот кон создавање и градење лик, вели Петрушевска за „Република“.
Претставата „За нашиот Горан“, е предизвик во вистинска смисла на зборот за еден актер, а за малите актери мисловен и актерски предизвик и задача.
Горан е нашиот идентитет, нашиот најдобар драмски писател. Театарот немаше да биде ист ако не постоеше Горан. Горан е љубов, вели Петрушевска.
Петрушевска е режисер на претставата, а таа го направи и изборот на музиката и адаптацијата на сцените.
Горан е често име на нашите простори изведено од именката гора, но исто така со значение голем и силен. Таква е нашата љубов кон Горан: силна,огромна, истрајна и посветена. Можете лесно да паднете во неговата стапица на зборови. Децата од актерската школа лесно го разбираат и нивниот поттекст е прецизно точен. Јас сакам секое дете да знае барем по еден монолог на Горан. Така живее само онолку колку го зборуваме. Ние немаме друг Горан. Имаме само еден! Храбар, бескрајно талентиран,точен, шармантен и полн со љубов, се вели во најавата за претставата.
Кореограф е Надја Лукановска, графички дизајнер е Александра Гатовска, а продуцент е Виолета Дамевска. Претставата е во продукција на КМК Продукција. Следна изведба на претставата „За нашиот Горан“ е на 9 април во 12 часот во МНТ.