За наше Куманово Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/za-nashe-kumanovo/ За подобро да се разбереме Tue, 04 Jul 2023 07:10:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png За наше Куманово Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/za-nashe-kumanovo/ 32 32 „За наше Куманово“ ќе учествува на парламентарните и претседателските избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-nashe-kumanovo-ke-uchestvuva-na-parlamentarnite-i-pretsedatelskite-izbori/ Tue, 04 Jul 2023 07:10:53 +0000 https://republika.mk/?p=657882

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во интервјуто за Дојче Веле потенцира дека се формирани осум граѓански здруженија во државата по моделот на здружението „За наше Куманово“.

Очекуваме следниот месец да бидат формирани уште неколку. Во овој процес влеговме по барање на граѓаните на целата држава и тоа што ми импонира е желбата и мотивот на граѓаните да се вклучат со нивно дејствување. Како нов политички субјект ќе учествуваме на следните претседателски и парламентарни избори, без разлика дали ќе бидат редовни или предвремени. Ќе се позиционираме во политичкиот центар, со јасно нагласени државни, национални и патриотски визии, стратегија и политики со сериозни економски, образовни, здравствени проекти, како и проекти од други области кои ќе го подигнат стандардот и квалитет на живот на граѓаните! Предуслов за сето оваа е добро владеење, во чија основа е владеење на правото и правна држава“, вели Димитриевски.

Тој информира дека во здружението се приклучуваат разочарани членови од двете најголеми партии, но и од помалите, и тоа без разлика на нивната верска и етничка припадност.

Особено ме радува што во овие здруженија се приклучуваат граѓани кои досега немале никаква политичка активност, неопределени и голем број граѓани што не гласале никогаш досега. Тоа ми дава за право да верувам дека ќе бидеме политичка сила која ќе биде важен фактор за формирањето на новата влада“, истакнува Димитриевски.

The post „За наше Куманово“ ќе учествува на парламентарните и претседателските избори appeared first on Република.

]]>

Денеска во Гостивар, во септемри Димитриевски планира здружение и во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/deneska-vo-gostivar-vo-septemri-dimitrievski-planira-zdruzhenie-i-vo-skopje/ Tue, 25 Apr 2023 07:56:43 +0000 https://republika.mk/?p=633777

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во Дневникот на телевизија Сител истакна дека се реализирани голем број на проекти, а Куманово е првиот град во Македонија што има бесплатен превоз.

Спроведовме многу социјални пакети, паралелно имплементираме голем број на инфраструктурни проекти. Тоа што го применивме во Куманово сакаме да го примениме и на ниво на држава, бидејќи се покажа практично и ефикасно. Имаме тим, располагаме со доволно човечки капацитет да излеземе пред јавноста, да понудиме одредени решенија како од Македонија да направиме држава, бидејќи во овој момент ние всушност сме држава којашто ја контролираат поединци по принцип на должничко-доверителски односи. Имате власт којашто е целосно контролирана од една политичка партија, тоа е ДУИ веќе 20 години владее со државата. Во овој момент мислам дека дури господинот Ахмети е и премиер, Ковачевски е само една фигура којашто ги извршува наредбите од центарот на ДУИ, тоа мора да се спречи и да се стави крај на ваквите погубни политики и државата да тргне напред. Дали имаме капацитет? Да, секако. Сметам дека Македонија поседува капацитет, поседува доволен број на луѓе коишто можат да излезат, луѓе кои покажале и докажале дека знаат. Тоа се луѓе коишто всушност доаѓаат и од бизнис заедницата, науката, студентските редови, работничката класа, од сите општествени делувања, а ќе ги оставам имињата сами да ги соопштуваат, бидејќи не е коректно во нивно име да зборувам. Утре ќе формираме ново здружение во Гостивар и јас за првпат некои од нив ќе сретнам, но како и да е тоа се шири од град во град, од село во село, рече Димитриевски.

Тој посочи дека целта е да се вратиме на асномските и крушевските корени на државата, бидејќи во Македонија се изгуби идеологијата, премногу се сè материјализира.

Формиравме свои движења, Куманово, Прилеп, Крушево, отидовме и во источна Македонија во Кочани, дополнително работиме на нови места и утре продолжуваме во Гостивар, претходно завршивме и во Тетово. Некаде 20тина здруженија, во септември планираме да го организираме за првпат здружението и во Скопје. Дали ќе прерасне во политичко движење искрено не знам, јас посакувам тоа да биде формирано од граѓаните и да работи директно за граѓаните, но самите членови на овие здруженија во нивната заедничка иницијатива треба да ги дадат предлозите, и за името на тоа движење, и како ќе функционира и работи. Дополнително, голем број на поединци, експерти работат на програмите и верувам дека ќе излеземе подготвени на изборите. Не само да понудиме нешто, бидејќи граѓаните тоа го имаат слушнато, ние нудиме решенија и ги реализираме. Каде е доказот? Доказот е Куманово. Куманово беше една од најзадолжените општини во Македонија, денеска е една од финансиски најстабилните општини којашто реализира сериозни инфраструктурни проекти. Дали е тоа доволно? Секако не. Секогаш има потреба повеќе, но доколку се направи реална децентрализација фискална во државата можеме да дојдеме до ниво да реализираме сериозни капитални проекти, додаде Димитриевски.

Димитриевски информираше дека името на здружението е во втор план, затоа што во прв план е самата идеологија и предлозите да бидат реални, а луѓето коишто ќе се изберат да бидат посветени на работата којашто сакаат да ја вршат.

The post Денеска во Гостивар, во септемри Димитриевски планира здружение и во Скопје appeared first on Република.

Димитриевски: Колку сме, толку сме, многу сме и повторно ќе победиме https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-kolku-sme-tolku-sme-mnogu-sme-i-povtorno-kje-pobedime/ Sun, 18 Dec 2022 06:48:08 +0000 https://republika.mk/?p=587058

Градоначалникот на Куманово и идејниот творец на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“, Максим Димитриевски, се обрати по повод шест месеци од формирањето на здружението и една година реален граѓански концепт.

Колку сме, толку сме, многу сме и повторно ќе победиме. Да видат дека сме за Македонија во Европа, но со чист образ, со крената глава, чесно гордо, достоинствено. Такви сме ние од наше Куманово. Различни по вера, по нација, по политичко убедување, но сите кумановци, заедно за нашиот град и за наша Македонија.

И затоа сме ние тука, дополнително да ги охрабриме луѓето и да направиме едно ново движење кое што ќе тргне од Куманово преку Прилеп, од Прилеп до Крушево, од Крушево во Тетово, од Тетово ќе се разгради низ цела Македонија“, порача Димитриевски.

The post Димитриевски: Колку сме, толку сме, многу сме и повторно ќе победиме appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Куманово и идејниот творец на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“, Максим Димитриевски, се обрати по повод шест месеци од формирањето на здружението и една година реален граѓански концепт.
Колку сме, толку сме, многу сме и повторно ќе победиме. Да видат дека сме за Македонија во Европа, но со чист образ, со крената глава, чесно гордо, достоинствено. Такви сме ние од наше Куманово. Различни по вера, по нација, по политичко убедување, но сите кумановци, заедно за нашиот град и за наша Македонија.   И затоа сме ние тука, дополнително да ги охрабриме луѓето и да направиме едно ново движење кое што ќе тргне од Куманово преку Прилеп, од Прилеп до Крушево, од Крушево во Тетово, од Тетово ќе се разгради низ цела Македонија“, порача Димитриевски.

The post Димитриевски: Колку сме, толку сме, многу сме и повторно ќе победиме appeared first on Република.

]]>
„За наше Куманово“ и „За нашите граѓани“ испратија делегација во Благоевград https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-nashe-kumanovo-i-za-nashite-gragjani-ispratija-delegacija-vo-blagoevgrad/ Sun, 30 Oct 2022 10:49:47 +0000 https://republika.mk/?p=567357

Делегација на граѓанските здруженија „За наше Куманово“ од Куманово и „За нашите граѓани“ од Прилеп предводена од Даниел Стојчевски, Зоран Јовановски и Ристо Николовски, денеска во Благоевград, Република Бугарија присуствуваат на отварањето на Македонскиот културен клуб “Никола Вапцаров”.

Независниот кандидат за градоначалник на последните локални избори од „За наше Куманово“ и актуелен градоначалнил Максим Димитриевски упатува честитки на иницијаторите на оваа иницијатива и посакува успешна работа на клубот во остварување на нивните програмски определби.

The post „За наше Куманово“ и „За нашите граѓани“ испратија делегација во Благоевград appeared first on Република.

]]>

Делегација на граѓанските здруженија „За наше Куманово“ од Куманово и „За нашите граѓани“ од Прилеп предводена од Даниел Стојчевски, Зоран Јовановски и Ристо Николовски, денеска во Благоевград, Република Бугарија присуствуваат на отварањето на Македонскиот културен клуб “Никола Вапцаров”. Независниот кандидат за градоначалник на последните локални избори од „За наше Куманово“ и актуелен градоначалнил Максим Димитриевски упатува честитки на иницијаторите на оваа иницијатива и посакува успешна работа на клубот во остварување на нивните програмски определби.

The post „За наше Куманово“ и „За нашите граѓани“ испратија делегација во Благоевград appeared first on Република.

]]>
Димитриевски вети: На следните парламентарни избори – ќе победиме! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-veti-na-slednite-parlamentarni-izbori-kje-pobedime/ Fri, 28 Oct 2022 20:19:23 +0000 https://republika.mk/?p=566998

Носителот на листа од последните локални избори на граѓанското здружение „За наше Куманово” и актуелен градоначалник Максим Димитриевски вечерва присуствуваше на отворањето на канцеларија на граѓанското здружение во Куманово, здружение кое има за цел да работи од граѓаните за граѓаните и во следните три години да испорача што поголем број на реализирани проекти.

Димитриевски се заблагодари од срце на сите присутни што вечерва дадоа поддршка.

Ви се заблагодарувам од срце, чим сте вечерва тука вие де факто сте за нас и со нас, а и ние за вас. Тука е една авангарда којашто не се раѓа само во Куманово, туку се раѓа на територија на цела држава и има намера оваа наша држава да ја врати на вистинските корени, на крушевски и асномски корени, на борба против фашизам и за се она што се бореле нашите предци, без разлика колку да не убедуваат и едни и други, фактот е еден, ние како народ сме поделени и повеќе од потребно е да се јави едно народно, политичко движење што ќе се појави на политичката сцена кое нема само да владее, туку ќе практикува власт, да се стави во функција на народот и да го обедини, порача Димитриевски.

Димитриевски истакна дека има храбри граѓани во Куманово и во државата кои ќе покажат дека државата може да се менува на подобро.

Направија политиката да биде најпрофитабилен бизнис, а бизнисот да биде во функција на поединци кои ја водат државата. Ние против таква Македонија имаме намера да се бориме, ќе излеземе со чесни луѓе и вистинска понуда и ќе победиме на следните парламентарни избори. Нема да се откажеме од Куманово, туку ќе продолжиме да работиме за наше Куманово и наши кумановци и ќе го правиме од ден на ден подостоинствено место за живеење. Куманово е голем град, најголема општина во Македонија, али за разлика од останатите во оваа држава ние се разликуваме по тоа што сме кумановци, без разлика кој на која етничка заедница, религија, вера или политичка припадност припаѓа. Ние сме силни и во срце и во душа, на нас никој не може да ни удри шамар затоа што ние како граѓани сме биле тие кои ги правеле најголемите промени во кое било општество или власт, рече Димитриевски.

The post Димитриевски вети: На следните парламентарни избори – ќе победиме! appeared first on Република.

]]>

Носителот на листа од последните локални избори на граѓанското здружение „За наше Куманово” и актуелен градоначалник Максим Димитриевски вечерва присуствуваше на отворањето на канцеларија на граѓанското здружение во Куманово, здружение кое има за цел да работи од граѓаните за граѓаните и во следните три години да испорача што поголем број на реализирани проекти. Димитриевски се заблагодари од срце на сите присутни што вечерва дадоа поддршка.
Ви се заблагодарувам од срце, чим сте вечерва тука вие де факто сте за нас и со нас, а и ние за вас. Тука е една авангарда којашто не се раѓа само во Куманово, туку се раѓа на територија на цела држава и има намера оваа наша држава да ја врати на вистинските корени, на крушевски и асномски корени, на борба против фашизам и за се она што се бореле нашите предци, без разлика колку да не убедуваат и едни и други, фактот е еден, ние како народ сме поделени и повеќе од потребно е да се јави едно народно, политичко движење што ќе се појави на политичката сцена кое нема само да владее, туку ќе практикува власт, да се стави во функција на народот и да го обедини, порача Димитриевски.
Димитриевски истакна дека има храбри граѓани во Куманово и во државата кои ќе покажат дека државата може да се менува на подобро.
Направија политиката да биде најпрофитабилен бизнис, а бизнисот да биде во функција на поединци кои ја водат државата. Ние против таква Македонија имаме намера да се бориме, ќе излеземе со чесни луѓе и вистинска понуда и ќе победиме на следните парламентарни избори. Нема да се откажеме од Куманово, туку ќе продолжиме да работиме за наше Куманово и наши кумановци и ќе го правиме од ден на ден подостоинствено место за живеење. Куманово е голем град, најголема општина во Македонија, али за разлика од останатите во оваа држава ние се разликуваме по тоа што сме кумановци, без разлика кој на која етничка заедница, религија, вера или политичка припадност припаѓа. Ние сме силни и во срце и во душа, на нас никој не може да ни удри шамар затоа што ние како граѓани сме биле тие кои ги правеле најголемите промени во кое било општество или власт, рече Димитриевски.

The post Димитриевски вети: На следните парламентарни избори – ќе победиме! appeared first on Република.

]]>
Димитриевски: Ни во сон не мислев дека малата партиска врхушка на СДСМ ќе прерасне во коруптивно-мафијашка влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-ni-vo-son-ne-mislev-deka-malata-partiska-vrhushka-na-sdsm-kje-prerasne-vo-koruptivno-mafijashka-vlada/ Sat, 27 Aug 2022 17:18:18 +0000 https://republika.mk/?p=544759

Градоначалникот Максим Димитриевски е уверен дека успехот на иницијативата „За наше Куманово“ на локалните избори, може да биде успех и за „За наша Македонија“ на централно ниво. Во интервју за Прес24, тврди дека засега иницијативата е само идеја, но нема дилеми дека на државата и се потребни промени.

Зошто оваа иницијатива. Мој впечаток е дека кај граѓаните постои презаситеност од 30 годишното владеење на два политички субјекти во македонскиот политички блок и 20 годишно владеење од еден политички субјект во албанскиот политички блок. Едноставно, граѓаните бараат промена и излез од црно-белиот свет, бараат луѓе кои во нивно име ќе ја водат и управуваат со државата, но при тоа главниот приоритет ќе биде граѓанинот и неговиот подобар живот, вели Максим Димитриевски во интервјуто за Прес24.

Иако јавноста во оваа иницијатива препознава поврзаност со поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски, Димитриевски негира. Со
Црвенковски подолг период немал контакти, но е во коректни и професионални релации е, но за оваа иницијатива идејата дошла од негови сограѓани.

Јавноста ме препознава како искрен и директен политичар кој одговара на сите прашања. Веќе два пати ви одговорив на ова прашање. Иако инсистирате, одговорот останува ист. Господинот Црвенковски е еден од основачите на СДСМ, поранешен претседател и премиер на Република Македонија и човек со политичко искуство од којшто може многу да се слушне и научи. Во оваа иницијатива секој со искрени намери е добредојден. Но повторувам, господинот Црвенковски до овој момент не е дел од оваа иницијатива. Моите релации со Црвенковски можам да ги оценам како професионални и коректни, вели градоначалникот на Куманово во интервјуто.

Димитриевски во интервјуто зборува и за тоа како и кога почнале поделбите во СДСМ, кои се вистинските причини за неговото разидување со
Заев и со актуелното раководство на партијата.

Навистина сум неразделен од социјалдемократијата. Но, основните столбови, државотворните политики и вистинската социјалдемократска идеологија ја напушти раководството на СДСМ. На 27 април се борев за рушење на 11-годишниот режим и диктатура на Груевски. Верував во подобро утре и се надевав дека можеме да смениме многу работи во државата. Искрено верував во паролите „Живот за сите“ и „Нема правда, нема мир“. Ништо од тоа не се случи. Ни во сон не мислев дека малата партиска врхушка на СДСМ ќе прерасне во една коруптивно-мафијашка влада која исклучиво ќе работи за своите интереси и своите фотелји, вели Максим Димитриевски.

Договорот со Бугарија според него е нешто што не е карактеристика на полтиката на СДСМ и со тоа не можел да се помири.

Немам ништо против бугарскиот народ, го почитувам, имам многу блиски и искрени пријатели помеѓу нив, но имам против изјавите на актуелните бугарски челници, за негирање на македонската нација и јазик. Во 21 век, почитувајќи ги европските нормативи, тоа е неприфатливо, таквите недолични акти потребно е да бидат осудени од официјална Европа, вели Максим Димитриевски во интервју за Прес 24.

The post Димитриевски: Ни во сон не мислев дека малата партиска врхушка на СДСМ ќе прерасне во коруптивно-мафијашка влада appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот Максим Димитриевски е уверен дека успехот на иницијативата „За наше Куманово“ на локалните избори, може да биде успех и за „За наша Македонија“ на централно ниво. Во интервју за Прес24, тврди дека засега иницијативата е само идеја, но нема дилеми дека на државата и се потребни промени.
Зошто оваа иницијатива. Мој впечаток е дека кај граѓаните постои презаситеност од 30 годишното владеење на два политички субјекти во македонскиот политички блок и 20 годишно владеење од еден политички субјект во албанскиот политички блок. Едноставно, граѓаните бараат промена и излез од црно-белиот свет, бараат луѓе кои во нивно име ќе ја водат и управуваат со државата, но при тоа главниот приоритет ќе биде граѓанинот и неговиот подобар живот, вели Максим Димитриевски во интервјуто за Прес24.
Иако јавноста во оваа иницијатива препознава поврзаност со поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски, Димитриевски негира. Со Црвенковски подолг период немал контакти, но е во коректни и професионални релации е, но за оваа иницијатива идејата дошла од негови сограѓани.
Јавноста ме препознава како искрен и директен политичар кој одговара на сите прашања. Веќе два пати ви одговорив на ова прашање. Иако инсистирате, одговорот останува ист. Господинот Црвенковски е еден од основачите на СДСМ, поранешен претседател и премиер на Република Македонија и човек со политичко искуство од којшто може многу да се слушне и научи. Во оваа иницијатива секој со искрени намери е добредојден. Но повторувам, господинот Црвенковски до овој момент не е дел од оваа иницијатива. Моите релации со Црвенковски можам да ги оценам како професионални и коректни, вели градоначалникот на Куманово во интервјуто.
Димитриевски во интервјуто зборува и за тоа како и кога почнале поделбите во СДСМ, кои се вистинските причини за неговото разидување со Заев и со актуелното раководство на партијата.
Навистина сум неразделен од социјалдемократијата. Но, основните столбови, државотворните политики и вистинската социјалдемократска идеологија ја напушти раководството на СДСМ. На 27 април се борев за рушење на 11-годишниот режим и диктатура на Груевски. Верував во подобро утре и се надевав дека можеме да смениме многу работи во државата. Искрено верував во паролите „Живот за сите“ и „Нема правда, нема мир“. Ништо од тоа не се случи. Ни во сон не мислев дека малата партиска врхушка на СДСМ ќе прерасне во една коруптивно-мафијашка влада која исклучиво ќе работи за своите интереси и своите фотелји, вели Максим Димитриевски.
Договорот со Бугарија според него е нешто што не е карактеристика на полтиката на СДСМ и со тоа не можел да се помири.
Немам ништо против бугарскиот народ, го почитувам, имам многу блиски и искрени пријатели помеѓу нив, но имам против изјавите на актуелните бугарски челници, за негирање на македонската нација и јазик. Во 21 век, почитувајќи ги европските нормативи, тоа е неприфатливо, таквите недолични акти потребно е да бидат осудени од официјална Европа, вели Максим Димитриевски во интервју за Прес 24.

The post Димитриевски: Ни во сон не мислев дека малата партиска врхушка на СДСМ ќе прерасне во коруптивно-мафијашка влада appeared first on Република.

]]>
Димитриевски: Овој СДСМ не е партија, туку само приврзок на ДУИ, единствена цел им е остварување профит https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-ovoj-sdsm-ne-e-partija-tuku-samo-privrzok-na-dui-edinstvena-cel-im-e-ostvaruvanje-profit/ Sat, 30 Jul 2022 11:57:04 +0000 https://republika.mk/?p=535080

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој дојде до нов градоначалнички мандат како независен кандидат и лидер на движењето „За наше Куманово“ најавува дека движењето од Куманово ќе се прошири на цела Македонија.

Димитриевски е еден од ретките политички лидери на политичката сцена кој поседува препознатлив авторитет, харизма и има јасна политичка идеја и идеологоија. За себе вели дека гради и следи социјадемократија но, во нејзината изворна смисла, идолошки темелена на Асномска Македонија и граѓанска еднаквост, нешто од што СДСМ се откажа по доаѓањето на Зоран Заев на чело на партијата, кога почна применувајќи трговска политика без никаква друга содржина и цел, освен остварување профит.

Димитриевски јавно ги поддржа протестите против бугарскиот ултиматум и, дополнително, организираше протести со таква порака и во Куманово, учествувајќи во сенародниот отпор против доброволното откажување од македонскиот идентитет, јазик, култура и историја што ги наметнува власта, со што уште еднаш се најде од спротивната страна од таа на сегашниот СДСМ.

Разликата во разбирањето и примената на политиката помеѓу Зоран Заев и Димитар Ковачевски од една, и Максим Димитриевски од друга страна, стана јавно препознаена и доволно е да се погледнат само реакциите на социјалните мрежи и излезноста на протестите против бугарскиот ултиматум за да се види дека Социјалдемократите во Македонија добија реална нова опција, и нов лидер.

И во пресрет на најголемиот државен празник на Македонија, Илинден, Димитриевски останува доследен на својата државотворна социјалдемократска политика која корените на современата држава ги гледа во АСНОМ, а на историјата, идентитетот и културата низ дејностите на македонските интелектуалци, уметници, востаници… последните два века. Тоа го потврува и во своето интервју за весникот „Вечер“.

За жал, Македонците и во 21. век сè уште се борат за своите правдини. Но, пострашно е што Македонците во 21. век се борат за основното човеково право, правото на припадност на одредена нација и правото на употреба на свој мајчин јазик.

Илинденското востание и формирањето на Крушевската Република се настани од поновата македонска историја кои го потврдуваат вековниот стремеж на македонскиот народ за формирање на своја самостојна и независна држава.

Оваа година, со прифаќањето на Францускиот предлог од актуелната влада, и понудената преговарачка рамка за влез во ЕУ, националниот празник Илинден ќе го пречекаме со едно горко чувство на неправда, со изгубено достоинство, понижени и со неизвесна судбина за натамошниот тек во преговарачкиот процес и нашиот пат кон ЕУ.

За Македонија настапува еден турбулентен период, разединето општество, период во кој ни претстои борба за зачувување на македонскиот идентитет, јазик, историја, култура и заштита на македонските историски настани и личности. Со еден збор, мораме да сториме сѐ за да ги зачуваме македонските национални и државни интереси - вели Димитириевски.

Прашан каков е неговиот однос и дали има контакт со раководството на СДСМ, откако беше донесоа одлуката за негово исклучување од партијата, Димитриевски вели дека формално-правно, сè уште е член на СДСМ.

Процесот за моето исклучување од партијата, во согласност со статутот на СДСМ, не е завршен. Мојата определба е социјалдемократска, но политиката на актуелното раководство на СДСМ нема никаква допирна точка со основните вредности на социјалдемократијата.

Во СДСМ владее една мала политичка елита, која е базирана на клиентелистички основи, личен интерес, без државна и национална стратегија и единствена определба и визија е како да се зачуваат сопствените фотелји. Всушност, СДСМ не е вистинската власт, туку е приврзок на ДУИ, кој ги диктира политиките на владата и е грубо кажано ГАЗДА во Македонија.

Контактите и комуникацијата, со дел од раководството на СДСМ, се сведени на минимално ниво и неколку министри, но исклучиво за обврски и проекти кои се поврзани со Општина Куманово и се интерес на граѓаните.

Да, и оваа година Општина Куманово ќе има своја делегација во Пелинце во согласност со претходниот добиен протокол од Собранието. На 2 Август нема простор за политика и политиканство, ќе оддадеме достоинствено почит на загинатите комити и партизани за независна Македонија. Како тоа ќе го сторат актуелните носители на функциите од законодавната и извршната власт кои ги изневерија вредностите на кои им се поклонуваат и дали држењето на говори од нивна страна, на овие за нас свети места, е гест на лицемерство, е прашања за нив кое што ќе ги следи цел живот - вели Димитриевски.

Целото интервју на „Вечер.мк“.

The post Димитриевски: Овој СДСМ не е партија, туку само приврзок на ДУИ, единствена цел им е остварување профит appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој дојде до нов градоначалнички мандат како независен кандидат и лидер на движењето „За наше Куманово“ најавува дека движењето од Куманово ќе се прошири на цела Македонија. Димитриевски е еден од ретките политички лидери на политичката сцена кој поседува препознатлив авторитет, харизма и има јасна политичка идеја и идеологоија. За себе вели дека гради и следи социјадемократија но, во нејзината изворна смисла, идолошки темелена на Асномска Македонија и граѓанска еднаквост, нешто од што СДСМ се откажа по доаѓањето на Зоран Заев на чело на партијата, кога почна применувајќи трговска политика без никаква друга содржина и цел, освен остварување профит. Димитриевски јавно ги поддржа протестите против бугарскиот ултиматум и, дополнително, организираше протести со таква порака и во Куманово, учествувајќи во сенародниот отпор против доброволното откажување од македонскиот идентитет, јазик, култура и историја што ги наметнува власта, со што уште еднаш се најде од спротивната страна од таа на сегашниот СДСМ. Разликата во разбирањето и примената на политиката помеѓу Зоран Заев и Димитар Ковачевски од една, и Максим Димитриевски од друга страна, стана јавно препознаена и доволно е да се погледнат само реакциите на социјалните мрежи и излезноста на протестите против бугарскиот ултиматум за да се види дека Социјалдемократите во Македонија добија реална нова опција, и нов лидер. И во пресрет на најголемиот државен празник на Македонија, Илинден, Димитриевски останува доследен на својата државотворна социјалдемократска политика која корените на современата држава ги гледа во АСНОМ, а на историјата, идентитетот и културата низ дејностите на македонските интелектуалци, уметници, востаници… последните два века. Тоа го потврува и во своето интервју за весникот „Вечер“.
За жал, Македонците и во 21. век сè уште се борат за своите правдини. Но, пострашно е што Македонците во 21. век се борат за основното човеково право, правото на припадност на одредена нација и правото на употреба на свој мајчин јазик.   Илинденското востание и формирањето на Крушевската Република се настани од поновата македонска историја кои го потврдуваат вековниот стремеж на македонскиот народ за формирање на своја самостојна и независна држава.   Оваа година, со прифаќањето на Францускиот предлог од актуелната влада, и понудената преговарачка рамка за влез во ЕУ, националниот празник Илинден ќе го пречекаме со едно горко чувство на неправда, со изгубено достоинство, понижени и со неизвесна судбина за натамошниот тек во преговарачкиот процес и нашиот пат кон ЕУ.   За Македонија настапува еден турбулентен период, разединето општество, период во кој ни претстои борба за зачувување на македонскиот идентитет, јазик, историја, култура и заштита на македонските историски настани и личности. Со еден збор, мораме да сториме сѐ за да ги зачуваме македонските национални и државни интереси - вели Димитириевски.
Прашан каков е неговиот однос и дали има контакт со раководството на СДСМ, откако беше донесоа одлуката за негово исклучување од партијата, Димитриевски вели дека формално-правно, сè уште е член на СДСМ.
Процесот за моето исклучување од партијата, во согласност со статутот на СДСМ, не е завршен. Мојата определба е социјалдемократска, но политиката на актуелното раководство на СДСМ нема никаква допирна точка со основните вредности на социјалдемократијата.   Во СДСМ владее една мала политичка елита, која е базирана на клиентелистички основи, личен интерес, без државна и национална стратегија и единствена определба и визија е како да се зачуваат сопствените фотелји. Всушност, СДСМ не е вистинската власт, туку е приврзок на ДУИ, кој ги диктира политиките на владата и е грубо кажано ГАЗДА во Македонија.   Контактите и комуникацијата, со дел од раководството на СДСМ, се сведени на минимално ниво и неколку министри, но исклучиво за обврски и проекти кои се поврзани со Општина Куманово и се интерес на граѓаните.   Да, и оваа година Општина Куманово ќе има своја делегација во Пелинце во согласност со претходниот добиен протокол од Собранието. На 2 Август нема простор за политика и политиканство, ќе оддадеме достоинствено почит на загинатите комити и партизани за независна Македонија. Како тоа ќе го сторат актуелните носители на функциите од законодавната и извршната власт кои ги изневерија вредностите на кои им се поклонуваат и дали држењето на говори од нивна страна, на овие за нас свети места, е гест на лицемерство, е прашања за нив кое што ќе ги следи цел живот - вели Димитриевски.
Целото интервју на „Вечер.мк“.

The post Димитриевски: Овој СДСМ не е партија, туку само приврзок на ДУИ, единствена цел им е остварување профит appeared first on Република.

]]>
„За Наше Куманово” го отфрли францускиот предлог и не прфаќа отворање на Уставот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-nashe-kumanovo-go-otfrli-francuskiot-predlog-i-ne-prfakja-otvoranje-na-ustavot/ Thu, 07 Jul 2022 21:06:37 +0000 https://republika.mk/?p=525701

Актуелниот градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски најави формирање граѓанско движење кое задолжително ќе учествува на следните парламентарни избори.
Денеска Здружението „За Наше Куманово”, на состанокот на извршниот одбор, а потоа и на вонредната седница на Собранието во проширен состав, детално го разгледа понудениот Француски предлог и ги донесе следните заклучоци:
1) Предлогот е целосно неприфатлив и штетен, и директно навлегува во македонските национални интереси. Нема јасна формулација и гаранција за македонскиот јазик, македонскиот идентитет, македонската историја и заштита на македонските историски настани и личности.
2) Како таков, прифаќање на овој Француски предлог би претставувало невиден преседан и велепредаство на македонската држава, самоукинување на македонскиот јазик, нација и самобитност, за која многу македонски синови и ќерки го дале својот живот низ историјата бранејќи ја и создавајќи ја нашата татковина Македонија.

3) Како здружение кое е про-европски ориентирано, сметаме дека предлогот не ги содржи основните темелни вредности на европската цивилизација: правото на самоопределување и чувството за припадност на една нација, рамноправност, почитување на човечки и граѓански права, толеранција и правата на малцинствата.
4) Овој предлог, во ваква форма, не го отвара патот на Република Македонија кон исполнување на нашата стратешка цел, почеток на преговори и влез во Европската Унија. Напротив, ја остава можноста за долгорочна блокада од страна на Република Бугарија и претставува опасност за асимилација на македонскиот народ, т.е. бугаризација.
5) Отварањето на Уставот на Република Македонија и вметнувањето на бугарскиот народ во истиот е неприфатливо, затоа што нашиот сосед Република Бугарија не го признава македонскиот јазик и македонскиот народ. Тоа единствено може да се оствари по принципот на реципроцитет и обострано и взаемно признавање на народите и јазиците.
6) Бараме Владата на Република Македонија веднаш да ја обелодени содржината на Протоколот од вториот состанок на Мешовитата меѓувладина комисија формирана врз основа на член 12 од Договорот за пријателство, добро соседство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија. Без разлика на тоа што сега зборот Протокол е заменет со фразата „годишни прегледи и мерки за ефективна имплементација според Членот 12“ суштината е иста, а протоколот има доминантно место во документите на ЕУ поврзани со нашата ЕУ интеграција.

7) Бараме од Претседателот на Република Македонија, господинот Стево Пендаровски и од Претседателот на Владата на Република Македонија, господин Димитар Ковачевски да го отфрли овој предлог како директна закана за националните интереси на нашата држава.
😎 Ги повикуваме пратениците во Собранието на Република Македонија без разлика на нивната политичка и етничка припадност, веднаш да го отфрлат овој предлог и јавно да се оградат од него. Ова се историски моменти од кои враќање назад нема.
9) Здружението на граѓани „За Наше Куманово“ го подржува правото на секој граѓанин, поединец, да го изрази својот став, револт, незадоволство, преку протест, како основно демократско право, но не подржува насилство, инциденти и настани (сценарија), кои ги поткопуваат и рушат институциите на државата и подгреваат меѓуетнички тензии.

10) Сметаме дека за вакво историско прашање, кое одлучува за судбината на македонската држава, постоењето на македонскиот јазик и нација, не треба одлука да носи Владата и Собранието, туку преку институцијата референдум, треба да се изјаснат граѓаните на Република Македонија.
11) Здружението „За наше Куманово“ го осудува непрофесионалното менаџирање на Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со МВР, како и во последните случувања при протестот кај ТЦ Мавровка во Скопје и бара негова неотповиклива оставка од функција Министер на МВР и поставување на негово место професионалец со искуство кој што ќе работи неселективно без политички калкулации и согласно законските овластувања.

The post „За Наше Куманово” го отфрли францускиот предлог и не прфаќа отворање на Уставот appeared first on Република.

]]>

Актуелниот градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски најави формирање граѓанско движење кое задолжително ќе учествува на следните парламентарни избори. Денеска Здружението „За Наше Куманово”, на состанокот на извршниот одбор, а потоа и на вонредната седница на Собранието во проширен состав, детално го разгледа понудениот Француски предлог и ги донесе следните заклучоци: 1) Предлогот е целосно неприфатлив и штетен, и директно навлегува во македонските национални интереси. Нема јасна формулација и гаранција за македонскиот јазик, македонскиот идентитет, македонската историја и заштита на македонските историски настани и личности. 2) Како таков, прифаќање на овој Француски предлог би претставувало невиден преседан и велепредаство на македонската држава, самоукинување на македонскиот јазик, нација и самобитност, за која многу македонски синови и ќерки го дале својот живот низ историјата бранејќи ја и создавајќи ја нашата татковина Македонија. 3) Како здружение кое е про-европски ориентирано, сметаме дека предлогот не ги содржи основните темелни вредности на европската цивилизација: правото на самоопределување и чувството за припадност на една нација, рамноправност, почитување на човечки и граѓански права, толеранција и правата на малцинствата. 4) Овој предлог, во ваква форма, не го отвара патот на Република Македонија кон исполнување на нашата стратешка цел, почеток на преговори и влез во Европската Унија. Напротив, ја остава можноста за долгорочна блокада од страна на Република Бугарија и претставува опасност за асимилација на македонскиот народ, т.е. бугаризација. 5) Отварањето на Уставот на Република Македонија и вметнувањето на бугарскиот народ во истиот е неприфатливо, затоа што нашиот сосед Република Бугарија не го признава македонскиот јазик и македонскиот народ. Тоа единствено може да се оствари по принципот на реципроцитет и обострано и взаемно признавање на народите и јазиците. 6) Бараме Владата на Република Македонија веднаш да ја обелодени содржината на Протоколот од вториот состанок на Мешовитата меѓувладина комисија формирана врз основа на член 12 од Договорот за пријателство, добро соседство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија. Без разлика на тоа што сега зборот Протокол е заменет со фразата „годишни прегледи и мерки за ефективна имплементација според Членот 12“ суштината е иста, а протоколот има доминантно место во документите на ЕУ поврзани со нашата ЕУ интеграција. 7) Бараме од Претседателот на Република Македонија, господинот Стево Пендаровски и од Претседателот на Владата на Република Македонија, господин Димитар Ковачевски да го отфрли овој предлог како директна закана за националните интереси на нашата држава. 😎 Ги повикуваме пратениците во Собранието на Република Македонија без разлика на нивната политичка и етничка припадност, веднаш да го отфрлат овој предлог и јавно да се оградат од него. Ова се историски моменти од кои враќање назад нема. 9) Здружението на граѓани „За Наше Куманово“ го подржува правото на секој граѓанин, поединец, да го изрази својот став, револт, незадоволство, преку протест, како основно демократско право, но не подржува насилство, инциденти и настани (сценарија), кои ги поткопуваат и рушат институциите на државата и подгреваат меѓуетнички тензии. 10) Сметаме дека за вакво историско прашање, кое одлучува за судбината на македонската држава, постоењето на македонскиот јазик и нација, не треба одлука да носи Владата и Собранието, туку преку институцијата референдум, треба да се изјаснат граѓаните на Република Македонија. 11) Здружението „За наше Куманово“ го осудува непрофесионалното менаџирање на Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со МВР, како и во последните случувања при протестот кај ТЦ Мавровка во Скопје и бара негова неотповиклива оставка од функција Министер на МВР и поставување на негово место професионалец со искуство кој што ќе работи неселективно без политички калкулации и согласно законските овластувања.

The post „За Наше Куманово” го отфрли францускиот предлог и не прфаќа отворање на Уставот appeared first on Република.

]]>