вулкан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vulkan/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Nov 2024 18:47:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вулкан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vulkan/ 32 32 Седма за една година: Нова ерупција на вулкан на Исланд https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sedma-za-edna-godina-nova-eruptsija-na-vulkan-na-island/ Thu, 21 Nov 2024 20:00:54 +0000 https://republika.mk/?p=840541

На исландскиот полуостров Рејкјанес повторно еруптирал тамошниот вулкан, поради што се евакуирани жителите на градот Гриндавик, јавува телевизијата „РУВ“.

Ова е седма ерупција на вулканот за една година.

Градоначалникот Фанар Јонасон во официјално соопштение ја коментира непредвидливоста на природата, бидејќи се очекува вулканот да акумулира критична количина на магма до крајот на месецот.

The post Седма за една година: Нова ерупција на вулкан на Исланд appeared first on Република.

]]>

На исландскиот полуостров Рејкјанес повторно еруптирал тамошниот вулкан, поради што се евакуирани жителите на градот Гриндавик, јавува телевизијата „РУВ“. Ова е седма ерупција на вулканот за една година. Градоначалникот Фанар Јонасон во официјално соопштение ја коментира непредвидливоста на природата, бидејќи се очекува вулканот да акумулира критична количина на магма до крајот на месецот.

The post Седма за една година: Нова ерупција на вулкан на Исланд appeared first on Република.

]]>
Вулканот во Индонезија продолжи да еруптира и денеска https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vulkanot-vo-indonezija-prodolzhi-da-eruptira-i-deneska/ Sat, 09 Nov 2024 17:54:03 +0000 https://republika.mk/?p=835929

Индонезискиот вулкан на планината Левотоби Лаки Лаки денеска исфрли „високи столбови врела пепел“, неколку дена по големата ерупција во која загинаа девет лица, а десетици беа повредени.

Активноста на вулканот на островот Флорес се интензивира по првичната ерупција во понеделникот.

Властите во четвртокот ја проширија опасната зона бидејќи вулканот повторно еруптираше.

Вулканот вчера исфрли голем столб пепел висок околу 10 километри, изјави Хади Виџаја, шеф на Центарот за вулканологија и ублажување на геолошки катастрофи.

Виџаја додаде дека лава и чакал паднале во радиус од околу осум километри од кратерот.

Нема информации за жртви во последната ерупција, соопшти агенцијата за следење на вулканите.

The post Вулканот во Индонезија продолжи да еруптира и денеска appeared first on Република.

]]>

Индонезискиот вулкан на планината Левотоби Лаки Лаки денеска исфрли „високи столбови врела пепел“, неколку дена по големата ерупција во која загинаа девет лица, а десетици беа повредени. Активноста на вулканот на островот Флорес се интензивира по првичната ерупција во понеделникот. Властите во четвртокот ја проширија опасната зона бидејќи вулканот повторно еруптираше. Вулканот вчера исфрли голем столб пепел висок околу 10 километри, изјави Хади Виџаја, шеф на Центарот за вулканологија и ублажување на геолошки катастрофи. Виџаја додаде дека лава и чакал паднале во радиус од околу осум километри од кратерот. Нема информации за жртви во последната ерупција, соопшти агенцијата за следење на вулканите.

The post Вулканот во Индонезија продолжи да еруптира и денеска appeared first on Република.

]]>
Србија размислува да го екстрадира белорускиот режисер Андреј Хњот кому во Белорусија му се заканува затвор од 20 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srbija-razmisluva-da-go-ekstradira-beloruskiot-rezhiser-andrej-hnot-komu-vo-belorusija-mu-se-zakanuva-zatvor-od-20-godini/ Fri, 23 Aug 2024 16:58:49 +0000 https://republika.mk/?p=808921

Белорускиот режисер, Андреј Хњот, би можело да биде екстрадиран од Србија во Белорусија, каде што му се заканува казна на политичка основа.

На почетокот на идната недела српскиот апелациски суд ќе одлучува за неговата судбина: да го остави на слобода или да го екстрадира во Белорусија. Самиот Хњот смета дека од политички причини може да се соочи со казна затвор до 20 години.

Активистите за човекови права не брзаат да го признаат Андреј како политички затвореник, но во исто време ги повикуваат српските власти да ја спречат неговата екстрадиција во Белорусија. Статусот на политички затвореник сериозно би му помогнал на суд.

Во одбрана на Андреј Хњот говореа Павел Латушка, Канцеларијата на Светлана Џихануска, претставници на дијаспората, белоруски и меѓународни организации за човекови права, како и други познати политичари, новинари и активисти.

Андреј Хњот беше приведен во Србија на 30 октомври 2023 година по барање на Интерпол под обвинение за неплаќање данок.

The post Србија размислува да го екстрадира белорускиот режисер Андреј Хњот кому во Белорусија му се заканува затвор од 20 години appeared first on Република.

]]>

Белорускиот режисер, Андреј Хњот, би можело да биде екстрадиран од Србија во Белорусија, каде што му се заканува казна на политичка основа. На почетокот на идната недела српскиот апелациски суд ќе одлучува за неговата судбина: да го остави на слобода или да го екстрадира во Белорусија. Самиот Хњот смета дека од политички причини може да се соочи со казна затвор до 20 години. Активистите за човекови права не брзаат да го признаат Андреј како политички затвореник, но во исто време ги повикуваат српските власти да ја спречат неговата екстрадиција во Белорусија. Статусот на политички затвореник сериозно би му помогнал на суд. Во одбрана на Андреј Хњот говореа Павел Латушка, Канцеларијата на Светлана Џихануска, претставници на дијаспората, белоруски и меѓународни организации за човекови права, како и други познати политичари, новинари и активисти. Андреј Хњот беше приведен во Србија на 30 октомври 2023 година по барање на Интерпол под обвинение за неплаќање данок.

The post Србија размислува да го екстрадира белорускиот режисер Андреј Хњот кому во Белорусија му се заканува затвор од 20 години appeared first on Република.

]]>
Поради ерупција на вулкан во Нов Зеланд утринава се откажани десет летови https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poradi-eruptsija-na-vulkan-vo-nov-zeland-utrinava-se-otkazhani-deset-letovi/ Thu, 22 Aug 2024 07:16:47 +0000 https://republika.mk/?p=808917

Десет летови се откажани утринава поради ерупција на вулкан во Нов Зеланд, соопшти локалната авиокомпанија Ер Нов Зеланд, додавајќи дека сообраќајот се нормализира.

Вулканот White Island (Бел остров) се наоѓа на околу 50 километри од брегот на Северниот остров и 200 километри од Окленд, најнаселениот град во Нов Зеланд. Владините научници предупредија дека активноста на Вакари, како што го нарекуваат домородните Маори во земјата, може да продолжи „недели до месеци“ што доаѓаат.

Поради пепелта што ја исфрли вулканот откажани се 10 летови, а портпаролот на авиокомпанијата потврди дека сообраќајот е воспоставен по подобрување на состојбата.
Во ерупцијата на вулканот Бел Остров во 2019 година загинаа 22 лица.

The post Поради ерупција на вулкан во Нов Зеланд утринава се откажани десет летови appeared first on Република.

]]>

Десет летови се откажани утринава поради ерупција на вулкан во Нов Зеланд, соопшти локалната авиокомпанија Ер Нов Зеланд, додавајќи дека сообраќајот се нормализира. Вулканот White Island (Бел остров) се наоѓа на околу 50 километри од брегот на Северниот остров и 200 километри од Окленд, најнаселениот град во Нов Зеланд. Владините научници предупредија дека активноста на Вакари, како што го нарекуваат домородните Маори во земјата, може да продолжи „недели до месеци“ што доаѓаат. Поради пепелта што ја исфрли вулканот откажани се 10 летови, а портпаролот на авиокомпанијата потврди дека сообраќајот е воспоставен по подобрување на состојбата. Во ерупцијата на вулканот Бел Остров во 2019 година загинаа 22 лица.

The post Поради ерупција на вулкан во Нов Зеланд утринава се откажани десет летови appeared first on Република.

]]>
Вулканот Етна исфрли лава и облак од пепел и чад висок околу пет километри https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vulkanot-etna-isfrli-lava-i-oblak-od-pepel-i-chad-visok-okolu-pet-kilometri/ Sun, 07 Jul 2024 09:37:44 +0000 https://republika.mk/?p=794194

Вулканот Етна еруптираше синоќа, исфрлајќи лава и облак од пепел и чад висок околу пет километри.

Облакот од чад и пепел од Етна се движи во правец исток-југоисток, објави Националниот институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ), пренесува агенцијата АНСА.

ИНГВ наведува дека активноста на Етна, која директно се следи од опсерваторијата во Катанија, се намалува.

Етна исфрлаше лава и пепел и на 4 јули, а аеродромот во италијанскиот град Катанија на 5 јули беше затворен неколку часа поради големото количество пепел што се појави од активноста на вулканот.

The post Вулканот Етна исфрли лава и облак од пепел и чад висок околу пет километри appeared first on Република.

]]>

Вулканот Етна еруптираше синоќа, исфрлајќи лава и облак од пепел и чад висок околу пет километри. Облакот од чад и пепел од Етна се движи во правец исток-југоисток, објави Националниот институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ), пренесува агенцијата АНСА. ИНГВ наведува дека активноста на Етна, која директно се следи од опсерваторијата во Катанија, се намалува. Етна исфрлаше лава и пепел и на 4 јули, а аеродромот во италијанскиот град Катанија на 5 јули беше затворен неколку часа поради големото количество пепел што се појави од активноста на вулканот.

The post Вулканот Етна исфрли лава и облак од пепел и чад висок околу пет километри appeared first on Република.

]]>
На Исланд еруптираше уште еден вулкан, прогласена е вонредна состојба https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/na-island-eruptirashe-ushte-eden-vulkan-proglasena-e-vonredna-sostojba/ Wed, 29 May 2024 18:29:44 +0000 https://republika.mk/?p=782913

Во близина на исландскиот крајбрежен град Гриндавик еруптираше уште еден вулкан, поради што локалните власти прогласија вонредна состојба.

Тоа е петта вулканска ерупција во регионот од декември. По бројните земјотреси во истата област и огромниот притисок создаден под земја, попладнето избувна ерупција во близина на Сунднук, место северно од Гриндавик, објави исландската телевизија RUV.

Кристин Јонсдотир, геофизичарка од Исландската метеоролошка служба, процени дека пукнатината била долга повеќе од еден километар.

Властите прогласија вонредна состојба.

Ерупцијата дојде неколку часа откако властите наредија евакуација на селото Гриндавик и Сината лагуна, отворен термички базен популарен меѓу туристите.

Таму во средата наутро имало меѓу 700 и 800 посетители.

Гриндавик се наоѓа на полуостровот Рејкјанес, околу 55 километри југозападно од главниот град на Исланд, Рејкјавик.

За време на ерупцијата во јануари, лавата проголтала три куќи на северниот раб на селото Гриндавик, кое има 4.000 жители.

The post На Исланд еруптираше уште еден вулкан, прогласена е вонредна состојба appeared first on Република.

]]>

Во близина на исландскиот крајбрежен град Гриндавик еруптираше уште еден вулкан, поради што локалните власти прогласија вонредна состојба. Тоа е петта вулканска ерупција во регионот од декември. По бројните земјотреси во истата област и огромниот притисок создаден под земја, попладнето избувна ерупција во близина на Сунднук, место северно од Гриндавик, објави исландската телевизија RUV. Кристин Јонсдотир, геофизичарка од Исландската метеоролошка служба, процени дека пукнатината била долга повеќе од еден километар. Властите прогласија вонредна состојба. Ерупцијата дојде неколку часа откако властите наредија евакуација на селото Гриндавик и Сината лагуна, отворен термички базен популарен меѓу туристите. Таму во средата наутро имало меѓу 700 и 800 посетители. Гриндавик се наоѓа на полуостровот Рејкјанес, околу 55 километри југозападно од главниот град на Исланд, Рејкјавик. За време на ерупцијата во јануари, лавата проголтала три куќи на северниот раб на селото Гриндавик, кое има 4.000 жители.

The post На Исланд еруптираше уште еден вулкан, прогласена е вонредна состојба appeared first on Република.

]]>
Ни лавата не им може ништо: Балканци прават скара на вулкан додека уживаат и пејат https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ni-lavata-ne-im-mozhe-nishto-balkantsi-pravat-skara-na-vulkan-dodeka-uzhivaat-i-pejat/ Thu, 16 May 2024 14:54:49 +0000 https://republika.mk/?p=778912

На тик-ток-профилот „bata.osovina“ е објавено видео кое привлече внимание кај корисниците на социјалната мрежа. Авторот на видеото покажува како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објаснува што се случува:

Ова не е првпат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца… Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пеш“, вели момчето.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново:

„Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

 

The post Ни лавата не им може ништо: Балканци прават скара на вулкан додека уживаат и пејат appeared first on Република.

]]>

На тик-ток-профилот „bata.osovina“ е објавено видео кое привлече внимание кај корисниците на социјалната мрежа. Авторот на видеото покажува како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан. Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина. Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.
„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.
Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објаснува што се случува:
Ова не е првпат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца… Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пеш“, вели момчето.
@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina
Меѓу многуте коментари го забележавме следново:
„Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.
 

The post Ни лавата не им може ништо: Балканци прават скара на вулкан додека уживаат и пејат appeared first on Република.

]]>
Еден од најактивните вулкани на светот секојдневно исфрла злато во вредност од 6.000 долари https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/eden-od-najaktivnite-vulkani-na-svetot-sekojdnevno-isfrla-zlato-vo-vrednost-od-6-000-dolari/ Sat, 04 May 2024 08:41:29 +0000 https://republika.mk/?p=774019

Во ледените пространства на Антарктикот се крие вулкан кој буквално исфрла парчиња злато. Откритието било објавено во 1991 година од страна на американски геолози.

Тогаш геолозите пронашле честички злато во вулканските гасови и во снегот во близина на вулканот, а „ИФЛ Сајенс“ наведува дека честички од благородниот метал се откриени и на 1000 километри оддалеченост.

Вулканот е сè уште активен и денес, а Филип Кајл од Институтот за рударство и технологија во Сокоро објаснува дека златните наслаги може да се појават во вулканските карпи, па кога лавата од планината емитира жешки гасови, тоа пренесува дел од честичките злато во воздухот.

Планината Еребус дневно исфрла злато во вредност од околу 6000 долари, пишува „Аку Ведер“.

https://www.youtube.com/watch?v=owxtROejMB0&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fstrana.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

Бројни туристи ја посетуваат планината Еребус, која е исто така позната и по голема трагедија.

Имено, на 28 ноември 1979 година, авионот „Ер Нов Зеланд“ 901 удрил во едната страна на овој масив. Тој летал над островот Рос каде што се наоѓа планината Еребус како дел од своите редовни антарктички панорамски летови кои се одржувале од 1977 година. Во несреќата загинале сите 237 патници и 20 членови на екипажот, а од тој ден „Ер Нов Зеланд“ ги прекина сите летови над Антарктикот.

The post Еден од најактивните вулкани на светот секојдневно исфрла злато во вредност од 6.000 долари appeared first on Република.

]]>

Во ледените пространства на Антарктикот се крие вулкан кој буквално исфрла парчиња злато. Откритието било објавено во 1991 година од страна на американски геолози. Тогаш геолозите пронашле честички злато во вулканските гасови и во снегот во близина на вулканот, а „ИФЛ Сајенс“ наведува дека честички од благородниот метал се откриени и на 1000 километри оддалеченост. Вулканот е сè уште активен и денес, а Филип Кајл од Институтот за рударство и технологија во Сокоро објаснува дека златните наслаги може да се појават во вулканските карпи, па кога лавата од планината емитира жешки гасови, тоа пренесува дел од честичките злато во воздухот. Планината Еребус дневно исфрла злато во вредност од околу 6000 долари, пишува „Аку Ведер“. https://www.youtube.com/watch?v=owxtROejMB0&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fstrana.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title Бројни туристи ја посетуваат планината Еребус, која е исто така позната и по голема трагедија. Имено, на 28 ноември 1979 година, авионот „Ер Нов Зеланд“ 901 удрил во едната страна на овој масив. Тој летал над островот Рос каде што се наоѓа планината Еребус како дел од своите редовни антарктички панорамски летови кои се одржувале од 1977 година. Во несреќата загинале сите 237 патници и 20 членови на екипажот, а од тој ден „Ер Нов Зеланд“ ги прекина сите летови над Антарктикот.

The post Еден од најактивните вулкани на светот секојдневно исфрла злато во вредност од 6.000 долари appeared first on Република.

]]>
Еруптираше вулкан на островот Суваносе во југозападна Јапонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/eruptirashe-vulkan-na-ostrovot-suvanose-vo-jugozapadna-japonija/ Sat, 13 Jan 2024 17:57:08 +0000 https://republika.mk/?p=732693

Вулканот на планината Отаке на островот Суваносе во префектурата Кагошима во југозападна Јапонија еруптираше денеска, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Агенцијата наведува дека засега нема извештаи за повредени.

По ерупцијата, метеоролошката агенција го подигна нивото на предупредување за вулканска активност за еден степен на три, што значи дека луѓето не треба да се приближуваат до кратерот.

The post Еруптираше вулкан на островот Суваносе во југозападна Јапонија appeared first on Република.

]]>

Вулканот на планината Отаке на островот Суваносе во префектурата Кагошима во југозападна Јапонија еруптираше денеска, соопшти Јапонската метеоролошка агенција. Агенцијата наведува дека засега нема извештаи за повредени. По ерупцијата, метеоролошката агенција го подигна нивото на предупредување за вулканска активност за еден степен на три, што значи дека луѓето не треба да се приближуваат до кратерот.

The post Еруптираше вулкан на островот Суваносе во југозападна Јапонија appeared first on Република.

]]>
Еруптираше вулкан на Исланд, евакуирани 4.000 луѓе https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eruptirashe-vulkan-na-island-evakuirani-4-000-luge/ Tue, 19 Dec 2023 07:12:51 +0000 https://republika.mk/?p=724414

Вулкан во југозападен Исланд еруптираше по неколку недели интензивна сеизмичка активност, соопшти Метеоролошката служба на земјата.

На полуостровот Рејкјанес, властите евакуираа речиси 4.000 жители на рибарскиот град Гриндавик и ја затворија блиската геотермална бања Плава лагуна.

„Предупредување: Ерупцијата започна северно од Гриндавик во близина на Хагафел“, објави Метеоролошката канцеларија на својата веб-страница.

Меѓународниот аеродром во Рејкјавик, кој се наоѓа во близина, остана отворен.

„Во моментов нема пречки во пристигнувањата и полетувањата на аеродромот Кефлавик“, се вели на неговата веб-страница.

Во последниве години имаше неколку ерупции на полуостровот во ненаселени области, но се верува дека сегашната ерупција претставува непосредна закана за градот, соопштија властите.

Рејкјанес е вулканско и сеизмичко жариште југозападно од главниот град Рејкјавик. Во март 2021 година, фонтаните од лава еруптираа спектакуларно од пукнатина долга 500-750 метри во земјата во вулканскиот систем Фаградалсфјал.

The post Еруптираше вулкан на Исланд, евакуирани 4.000 луѓе appeared first on Република.

]]>

Вулкан во југозападен Исланд еруптираше по неколку недели интензивна сеизмичка активност, соопшти Метеоролошката служба на земјата. На полуостровот Рејкјанес, властите евакуираа речиси 4.000 жители на рибарскиот град Гриндавик и ја затворија блиската геотермална бања Плава лагуна.
„Предупредување: Ерупцијата започна северно од Гриндавик во близина на Хагафел“, објави Метеоролошката канцеларија на својата веб-страница.
Меѓународниот аеродром во Рејкјавик, кој се наоѓа во близина, остана отворен.
„Во моментов нема пречки во пристигнувањата и полетувањата на аеродромот Кефлавик“, се вели на неговата веб-страница.
Во последниве години имаше неколку ерупции на полуостровот во ненаселени области, но се верува дека сегашната ерупција претставува непосредна закана за градот, соопштија властите. Рејкјанес е вулканско и сеизмичко жариште југозападно од главниот град Рејкјавик. Во март 2021 година, фонтаните од лава еруптираа спектакуларно од пукнатина долга 500-750 метри во земјата во вулканскиот систем Фаградалсфјал.

The post Еруптираше вулкан на Исланд, евакуирани 4.000 луѓе appeared first on Република.

]]>
Се активира вулканот Попокатепетл во Мексико https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-aktivira-vulkanot-popokatepetl-vo-meksiko/ Sun, 19 Nov 2023 14:24:05 +0000 https://republika.mk/?p=703205

Вулканот Попокатепетл, во мексиканската држава Пуебла, почнал да исфрла пепел, а мексиканските власти ги предупредија луѓето да се држат понастрана од областа.

Националниот центар за превенција од катастрофи информира дека вулканот исфрла жешка пареа, вулкански гасови и пепел и дека на сила е жолт аларм, што значи зголемена активност, пренесоа мексиканските медиуми.

Вулканот вчера исфрлаше пепел на височина од над 6.000 метри.

Мексиканската Агенција за управување со вонредни состојби соопшти дека облакот од вулканска пепел се очекува да се движи југозападно и нема да се упати кон Мексико Сити.

Првичните активности вулканот ги покажа во петокот.

Попокатепетл, познат и како Ел Попо, се наоѓа во централно Мексико. Висок е 5.426 метри и е вториот највисок вулкан во Северна Америка. Античките Ацтеки му го дале името Попокатепетл, што во превод значи - „планина која пуши“.

The post Се активира вулканот Попокатепетл во Мексико appeared first on Република.

]]>

Вулканот Попокатепетл, во мексиканската држава Пуебла, почнал да исфрла пепел, а мексиканските власти ги предупредија луѓето да се држат понастрана од областа. Националниот центар за превенција од катастрофи информира дека вулканот исфрла жешка пареа, вулкански гасови и пепел и дека на сила е жолт аларм, што значи зголемена активност, пренесоа мексиканските медиуми. Вулканот вчера исфрлаше пепел на височина од над 6.000 метри. Мексиканската Агенција за управување со вонредни состојби соопшти дека облакот од вулканска пепел се очекува да се движи југозападно и нема да се упати кон Мексико Сити. Првичните активности вулканот ги покажа во петокот. Попокатепетл, познат и како Ел Попо, се наоѓа во централно Мексико. Висок е 5.426 метри и е вториот највисок вулкан во Северна Америка. Античките Ацтеки му го дале името Попокатепетл, што во превод значи - „планина која пуши“.

The post Се активира вулканот Попокатепетл во Мексико appeared first on Република.

]]>
Снимени неверојатни звуци од продорот на магмата во Исланд: Еве како звучат сеизмичките активности под земја https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/snimeni-neverojatni-zvutsi-od-prodorot-na-magmata-vo-island-eve-kako-zvuchat-seizmichkite-aktivnosti-pod-zemja/ Sun, 19 Nov 2023 12:36:00 +0000 https://republika.mk/?p=703169

Геолошката положба на Исланд во моментов е особено неповолна. Додека вулканот Фаградалсфјал се подготвува да еруптира, стотици земјотреси го тресат полуостровот Рејкјанес секој ден. Благодарение на апликацијата „Earthtunes“ на Универзитетот Нортвестерн, сега е можно да се слушнат оние длабоки сеизмички движења кои секојдневно се случуваат под островот.

Најновата колекција на звуци е снимена минатата недела, на почетокот на ноември 2023 година, од станицата „Global Seismographic Network“. Оваа сеизмичка активност вообичаено не може да се слушне, па научниците ги трансформираат сеизмичките фреквенции во звучни тонови кои се достапни за луѓето.

https://www.youtube.com/watch?si=VXD2VUSuoJJ7vEYc&v=rmL_apikjdw&feature=youtu.be

Тоа што го слушате се 24 часа сеизмички податоци исполнети со сигнали за земјотреси. Огромното мнозинство од овие земјотреси се поврзани со навлегување на магма во кората на областа Фаградалсфјал-Свартсенги-Гриндавик на полуостровот Рејкјанес. Не може да се слушнат сеизмички податоци, нивните фреквенции се премногу ниски. Така, податоците од 24 часа се компресирани во приближно 1,5 минути аудио податоци. Може да се слушне неверојатниот интензитет на земјотресот што се случи ноќта минатиот петок кон сабота, а е поврзан со ново навлегување на магма во кората“, вели Сузан ван дер Ли, сеизмолог на Универзитетот Нортвестерн.

The post Снимени неверојатни звуци од продорот на магмата во Исланд: Еве како звучат сеизмичките активности под земја appeared first on Република.

]]>

Геолошката положба на Исланд во моментов е особено неповолна. Додека вулканот Фаградалсфјал се подготвува да еруптира, стотици земјотреси го тресат полуостровот Рејкјанес секој ден. Благодарение на апликацијата „Earthtunes“ на Универзитетот Нортвестерн, сега е можно да се слушнат оние длабоки сеизмички движења кои секојдневно се случуваат под островот. Најновата колекција на звуци е снимена минатата недела, на почетокот на ноември 2023 година, од станицата „Global Seismographic Network“. Оваа сеизмичка активност вообичаено не може да се слушне, па научниците ги трансформираат сеизмичките фреквенции во звучни тонови кои се достапни за луѓето. https://www.youtube.com/watch?si=VXD2VUSuoJJ7vEYc&v=rmL_apikjdw&feature=youtu.be
Тоа што го слушате се 24 часа сеизмички податоци исполнети со сигнали за земјотреси. Огромното мнозинство од овие земјотреси се поврзани со навлегување на магма во кората на областа Фаградалсфјал-Свартсенги-Гриндавик на полуостровот Рејкјанес. Не може да се слушнат сеизмички податоци, нивните фреквенции се премногу ниски. Така, податоците од 24 часа се компресирани во приближно 1,5 минути аудио податоци. Може да се слушне неверојатниот интензитет на земјотресот што се случи ноќта минатиот петок кон сабота, а е поврзан со ново навлегување на магма во кората“, вели Сузан ван дер Ли, сеизмолог на Универзитетот Нортвестерн.

The post Снимени неверојатни звуци од продорот на магмата во Исланд: Еве како звучат сеизмичките активности под земја appeared first on Република.

]]>
Вулканот Етна исфрли лава, вонредна состојба на Исланд поради можна вулканска ерупција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vulkanot-etna-isfrli-lava-vonredna-sostojba-na-island-poradi-mozhna-vulkanska-eruptsija/ Sat, 11 Nov 2023 11:20:36 +0000 https://republika.mk/?p=700508

Вулканот Етна на италијанскиот остров Сицилија синоќа исфрли жешка лава, но немаше големо исфрлање пепел, како и извештаи за штети, јави ДПА.

Аеродромот во градот Катанија изутринава продолжи да работи и покрај тоа што италијанскиот Институт за геофизика и вулканологија го подигна нивото на опасност од жолто на портокалово.

Од далечина, можеше да се види вжештена лава и остатоци, исфрлени нагоре во темнината кои потоа бавно паѓаа по падините на планините. Поактивен бил југоисточниот кратер на вулканот.

Етна е најголемиот активен вулкан во Европа и е висок околу 3.300 метри.

На Исланд, пак, е прогласена вонредна состојба поради опасност од вулканска ерупција.

Мерката беше воведена по серијата земјотреси на полуостровот Рејкјанес, југозападно од островската држава во северниот дел на Атлантскиот Океан. Ова предизвика страв од вулканска ерупција, за која Исландската метеоролошка служба вели дека може да се случи „во рок од неколку дена“.

Развиени се планови за евакуација на околу 4.000 жители на рибарскиот град Гриндавик.

Блиската Сина лагуна, популарна туристичка локација позната по своите геотермални минерални извори, завчера беше затворена како мерка на претпазливост.

Главниот град Рејкјавик се наоѓа на околу 40 километри северно.

Од крајот на минатиот месец на полуостровот Рејкјанес се регистрирани околу 24.000 земјотреси.

Во Исланд има 33 активни вулкански екосистеми - најмногу во цела Европа.

Во својата последна ерупција, во 2010 година, вулканот Ејафјордур практично го запре воздушниот сообраќај во Европа, предизвикувајќи откажување на 100.000 летови и блокирајќи 10 милиони патници.

The post Вулканот Етна исфрли лава, вонредна состојба на Исланд поради можна вулканска ерупција appeared first on Република.

]]>

Вулканот Етна на италијанскиот остров Сицилија синоќа исфрли жешка лава, но немаше големо исфрлање пепел, како и извештаи за штети, јави ДПА. Аеродромот во градот Катанија изутринава продолжи да работи и покрај тоа што италијанскиот Институт за геофизика и вулканологија го подигна нивото на опасност од жолто на портокалово. Од далечина, можеше да се види вжештена лава и остатоци, исфрлени нагоре во темнината кои потоа бавно паѓаа по падините на планините. Поактивен бил југоисточниот кратер на вулканот. Етна е најголемиот активен вулкан во Европа и е висок околу 3.300 метри. На Исланд, пак, е прогласена вонредна состојба поради опасност од вулканска ерупција. Мерката беше воведена по серијата земјотреси на полуостровот Рејкјанес, југозападно од островската држава во северниот дел на Атлантскиот Океан. Ова предизвика страв од вулканска ерупција, за која Исландската метеоролошка служба вели дека може да се случи „во рок од неколку дена“. Развиени се планови за евакуација на околу 4.000 жители на рибарскиот град Гриндавик. Блиската Сина лагуна, популарна туристичка локација позната по своите геотермални минерални извори, завчера беше затворена како мерка на претпазливост. Главниот град Рејкјавик се наоѓа на околу 40 километри северно. Од крајот на минатиот месец на полуостровот Рејкјанес се регистрирани околу 24.000 земјотреси. Во Исланд има 33 активни вулкански екосистеми - најмногу во цела Европа. Во својата последна ерупција, во 2010 година, вулканот Ејафјордур практично го запре воздушниот сообраќај во Европа, предизвикувајќи откажување на 100.000 летови и блокирајќи 10 милиони патници.

The post Вулканот Етна исфрли лава, вонредна состојба на Исланд поради можна вулканска ерупција appeared first on Република.

]]>
Вулкан еруптира на Хаваите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vulkan-eruptira-na-havaite/ Mon, 11 Sep 2023 11:56:39 +0000 https://republika.mk/?p=680891

Вулканот Килауеа на Хаваите, еден од најактивните во светот, еруптираше по двомесечна пауза, исфрлајќи вжештена лава, но безбедноста на луѓето и објектите во националниот парк на Големиот остров не е загрозена.

Хавајската опсерваторија на вулканите соопшти дека Килауеа еруптирала во неделата попладне.

Килауеа еруптираше во јуни неколку недели, исфрлајќи вжештена лава, а луѓето се собраа во националниот парк на Големиот остров за да ја гледаат ерупцијата.

Килауеа, вториот по големина вулкан на Хаваите, еруптираше од септември 2021 година до декември минатата година.

Во ерупцијата на тој вулкан во 2018 година беа уништени повеќе од 700 домови.

Facebook

The post Вулкан еруптира на Хаваите appeared first on Република.

]]>

Вулканот Килауеа на Хаваите, еден од најактивните во светот, еруптираше по двомесечна пауза, исфрлајќи вжештена лава, но безбедноста на луѓето и објектите во националниот парк на Големиот остров не е загрозена. Хавајската опсерваторија на вулканите соопшти дека Килауеа еруптирала во неделата попладне. Килауеа еруптираше во јуни неколку недели, исфрлајќи вжештена лава, а луѓето се собраа во националниот парк на Големиот остров за да ја гледаат ерупцијата. Килауеа, вториот по големина вулкан на Хаваите, еруптираше од септември 2021 година до декември минатата година. Во ерупцијата на тој вулкан во 2018 година беа уништени повеќе од 700 домови. Facebook

The post Вулкан еруптира на Хаваите appeared first on Република.

]]>
Еруптираше највисокиот вулкан во Евроазија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eruptirashe-najvisokiot-vulkan-vo-evroazija/ Fri, 23 Jun 2023 17:21:26 +0000 https://republika.mk/?p=654512

Ерутираше вулканот Кључевско, во Евроазија, изјави денеска Олга Гирина од рускиот институт за вулканологија и сеизмологија.

„Синоќа забележавме експлозивна ерупција од типот Стромболија“, изјави за ТАСС Гирина, која го предводи тимот за одговор на вулканска ерупција на Камчатка, КВЕРТ.

Кључевска или Кључевска Сопка, која достигнува висина од 4.754 метри, последен пат еруптирала во 2020 година.

Најблиското населено место е градот Кључи, кој се наоѓа на падината на вулканот, на околу 30 километри од кратерот.

 

The post Еруптираше највисокиот вулкан во Евроазија appeared first on Република.

]]>

Ерутираше вулканот Кључевско, во Евроазија, изјави денеска Олга Гирина од рускиот институт за вулканологија и сеизмологија.
„Синоќа забележавме експлозивна ерупција од типот Стромболија“, изјави за ТАСС Гирина, која го предводи тимот за одговор на вулканска ерупција на Камчатка, КВЕРТ.
Кључевска или Кључевска Сопка, која достигнува висина од 4.754 метри, последен пат еруптирала во 2020 година. Најблиското населено место е градот Кључи, кој се наоѓа на падината на вулканот, на околу 30 километри од кратерот.  

The post Еруптираше највисокиот вулкан во Евроазија appeared first on Република.

]]>
Се активираше вулканот на Филипините, евакуирани илјадници луѓе https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-aktivirashe-vulkanot-na-filipinite-evakuirani-iljadnitsi-luge/ Mon, 12 Jun 2023 07:57:07 +0000 https://republika.mk/?p=650317

Најактивниот вулкан на Филипините изминативе 24 се активираше со зголемен интензитет, исфрлајќи големи количини лава по падините на вулканската планина Мајон, јавуваат медиумите. Десетици илјади луѓе се во подготвеност да ја напуштат опасната зона во случај на голема ерупција.

Откако вулканската активност се интензивираше минатата недела, повеќе од 12.600 луѓе избегаа од главно сиромашните земјоделски заедници на 6 километри од кратерот на Мајон.

Сепак, илјадници луѓе остануваат во опасната зона во подножјето на Мајон бидејќи немаат каде да одат и да се извлечат од потенцијалната поголема опасност, пренесуваат медиумите.

https://www.youtube.com/watch?v=iQWXBx6Whxk

 

The post Се активираше вулканот на Филипините, евакуирани илјадници луѓе appeared first on Република.

]]>

Најактивниот вулкан на Филипините изминативе 24 се активираше со зголемен интензитет, исфрлајќи големи количини лава по падините на вулканската планина Мајон, јавуваат медиумите. Десетици илјади луѓе се во подготвеност да ја напуштат опасната зона во случај на голема ерупција. Откако вулканската активност се интензивираше минатата недела, повеќе од 12.600 луѓе избегаа од главно сиромашните земјоделски заедници на 6 километри од кратерот на Мајон. Сепак, илјадници луѓе остануваат во опасната зона во подножјето на Мајон бидејќи немаат каде да одат и да се извлечат од потенцијалната поголема опасност, пренесуваат медиумите. https://www.youtube.com/watch?v=iQWXBx6Whxk  

The post Се активираше вулканот на Филипините, евакуирани илјадници луѓе appeared first on Република.

]]>
Вулканска ерупција на Филипини: Зголемено ниво на тревога, издадено предупредување https://arhiva3.republika.mk/vesti/vulkanska-eruptsija-na-filipini-zgolemeno-nivo-na-trevoga-izdadeno-predupreduvane/ Thu, 08 Jun 2023 12:09:20 +0000 https://republika.mk/?p=649244

Филипините го подигнаа нивото на тревога на третото ниво на вулканот Мајон, откако беа регистрирани вулкански земјотреси и стотици одрони од карпи.

Вулканот висок 2.462 метри во централната провинција Албај „покажува магматска ерупција“, соопшти филипинската агенција за вулканологија.

Денеска агенцијата го подигна нивото на тревога за вулканот Мајон на три на скала од пет, откако нивото на тревога беше подигнато на второ ниво на 5 јуни.

Агенцијата наведува дека луѓето во радиус од шест километри од вулканот треба да се евакуираат, како и дека пилотите треба да избегнуваат прелети во близина на кратерот на вулканот, пренесе Ројтерс.

Мајон е еден од најактивните од 24-те вулкани на Филипините и еруптирал повеќе од 50 пати во последните четири века.

Најразорната ерупција се случи во февруари 1841 година, кога лавата го затрупа градот и умреа 1.200 луѓе.

Филипините се наоѓаат во пацифичкиот „огнен појас“, каде вулканската активност и земјотресите се вообичаени.

Мајон привлекува многу туристи поради неговата речиси совршена конусна форма.

 

The post Вулканска ерупција на Филипини: Зголемено ниво на тревога, издадено предупредување appeared first on Република.

]]>

Филипините го подигнаа нивото на тревога на третото ниво на вулканот Мајон, откако беа регистрирани вулкански земјотреси и стотици одрони од карпи. Вулканот висок 2.462 метри во централната провинција Албај „покажува магматска ерупција“, соопшти филипинската агенција за вулканологија. Денеска агенцијата го подигна нивото на тревога за вулканот Мајон на три на скала од пет, откако нивото на тревога беше подигнато на второ ниво на 5 јуни. Агенцијата наведува дека луѓето во радиус од шест километри од вулканот треба да се евакуираат, како и дека пилотите треба да избегнуваат прелети во близина на кратерот на вулканот, пренесе Ројтерс. Мајон е еден од најактивните од 24-те вулкани на Филипините и еруптирал повеќе од 50 пати во последните четири века. Најразорната ерупција се случи во февруари 1841 година, кога лавата го затрупа градот и умреа 1.200 луѓе. Филипините се наоѓаат во пацифичкиот „огнен појас“, каде вулканската активност и земјотресите се вообичаени. Мајон привлекува многу туристи поради неговата речиси совршена конусна форма.  

The post Вулканска ерупција на Филипини: Зголемено ниво на тревога, издадено предупредување appeared first on Република.

]]>
Неверојатни фотографии од ерупцијата на вулканот Сакурајима на јапонскиот остров Кјушу https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/neverojatni-fotografii-od-erupcijata-na-vulkanot-sakurajima-na-japonskiot-ostrov-kjushu/ Sun, 24 Jul 2022 14:22:55 +0000 https://republika.mk/?p=532691

Вулканот Сакурајима на јапонски остров Кјушу еруптираше, поради што е објавена петто, највисоко ниво на предупредување, а на жителите им е препорачано да се евакуираат.

Сè уште нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Сакурајима е еден од најактивните вулкани во Јапонија, а чести се неговите ерупции на различни нивоа. Во 2019 година вулканот исфрли пепел до висина од 5,5 километри.

The post Неверојатни фотографии од ерупцијата на вулканот Сакурајима на јапонскиот остров Кјушу appeared first on Република.

]]>

Вулканот Сакурајима на јапонски остров Кјушу еруптираше, поради што е објавена петто, највисоко ниво на предупредување, а на жителите им е препорачано да се евакуираат. Сè уште нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. Сакурајима е еден од најактивните вулкани во Јапонија, а чести се неговите ерупции на различни нивоа. Во 2019 година вулканот исфрли пепел до висина од 5,5 километри.

The post Неверојатни фотографии од ерупцијата на вулканот Сакурајима на јапонскиот остров Кјушу appeared first on Република.

]]>
Ерупција на вулкан на Филипините https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/erupcija-na-vulkan-na-filipinite/ Sun, 05 Jun 2022 11:15:55 +0000 https://republika.mk/?p=511368

Филипинскиот вулканот Булусан исфрли голем облак пепел поради што се евакуирани жителите од околните градови, а постои опасност и од нова ерупција.

Според филипинскиот Институт за вулканологија и сеизмологија, ерупцијата на вулканот, лоциран во провинцијата Сорсогон, во источниот дел на Филипини, траела околу 17 минути, а пепелот бил исфрлен најмалку еден километар во висина.

Со пепел покриени се два града во провинцијата Сорсогон, што се наоѓа околу 500 километри јужно од Манила.

Вулканот Булусан е активен изминатите години, а десетина слични ерупции беа забележани помеѓу 2016 и 2017 година.

Филипини се наоѓаат на така наречениот сеизмички огнен појас на Пацификот, со повеќе од 20 активни вулкани.

The post Ерупција на вулкан на Филипините appeared first on Република.

]]>

Филипинскиот вулканот Булусан исфрли голем облак пепел поради што се евакуирани жителите од околните градови, а постои опасност и од нова ерупција. Според филипинскиот Институт за вулканологија и сеизмологија, ерупцијата на вулканот, лоциран во провинцијата Сорсогон, во источниот дел на Филипини, траела околу 17 минути, а пепелот бил исфрлен најмалку еден километар во висина. Со пепел покриени се два града во провинцијата Сорсогон, што се наоѓа околу 500 километри јужно од Манила. Вулканот Булусан е активен изминатите години, а десетина слични ерупции беа забележани помеѓу 2016 и 2017 година. Филипини се наоѓаат на така наречениот сеизмички огнен појас на Пацификот, со повеќе од 20 активни вулкани.

The post Ерупција на вулкан на Филипините appeared first on Република.

]]>
Ерупција на вулканот Етна, лава тече низ кратери источно од Сицилија https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/erupcija-na-vulkanot-etna-lava-teche-niz-krateri-istochno-od-sicilija/ Tue, 17 May 2022 20:41:40 +0000 https://republika.mk/?p=503544

Вулканот Етна повторно еруптираше, јавуваат италијански медиуми. Лава тече низ кратери на источниот брег на Сицилија, во близина на Месина и Катанија. На северната страна на кратерот „Југоисток“ се појави нова еруптивна пукнатина од која излегува лава. Во исто време, ерупциите на пепел и чад се менуваат од новото отворање во близина на врвот на северниот раб на кратерот.

Вулканот Етна се смета за најголемиот и најактивниот вулкан во Европа. Неговите чести ерупции се придружени со големи теченија на лава, но тие ретко претставуваат опасност за населените места.

Етна е еден од вулканите со најдолги историски записи за ерупции кои датираат од пред повеќе од две илјади години.

The post Ерупција на вулканот Етна, лава тече низ кратери источно од Сицилија appeared first on Република.

]]>

Вулканот Етна повторно еруптираше, јавуваат италијански медиуми. Лава тече низ кратери на источниот брег на Сицилија, во близина на Месина и Катанија. На северната страна на кратерот „Југоисток“ се појави нова еруптивна пукнатина од која излегува лава. Во исто време, ерупциите на пепел и чад се менуваат од новото отворање во близина на врвот на северниот раб на кратерот. Вулканот Етна се смета за најголемиот и најактивниот вулкан во Европа. Неговите чести ерупции се придружени со големи теченија на лава, но тие ретко претставуваат опасност за населените места. Етна е еден од вулканите со најдолги историски записи за ерупции кои датираат од пред повеќе од две илјади години.

The post Ерупција на вулканот Етна, лава тече низ кратери источно од Сицилија appeared first on Република.

]]>