вулкан Етна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vulkan-etna/ За подобро да се разбереме Sat, 11 Nov 2023 10:13:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вулкан Етна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vulkan-etna/ 32 32 Вулканот Етна исфрли лава, вонредна состојба на Исланд поради можна вулканска ерупција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vulkanot-etna-isfrli-lava-vonredna-sostojba-na-island-poradi-mozhna-vulkanska-eruptsija/ Sat, 11 Nov 2023 11:20:36 +0000 https://republika.mk/?p=700508

Вулканот Етна на италијанскиот остров Сицилија синоќа исфрли жешка лава, но немаше големо исфрлање пепел, како и извештаи за штети, јави ДПА.

Аеродромот во градот Катанија изутринава продолжи да работи и покрај тоа што италијанскиот Институт за геофизика и вулканологија го подигна нивото на опасност од жолто на портокалово.

Од далечина, можеше да се види вжештена лава и остатоци, исфрлени нагоре во темнината кои потоа бавно паѓаа по падините на планините. Поактивен бил југоисточниот кратер на вулканот.

Етна е најголемиот активен вулкан во Европа и е висок околу 3.300 метри.

На Исланд, пак, е прогласена вонредна состојба поради опасност од вулканска ерупција.

Мерката беше воведена по серијата земјотреси на полуостровот Рејкјанес, југозападно од островската држава во северниот дел на Атлантскиот Океан. Ова предизвика страв од вулканска ерупција, за која Исландската метеоролошка служба вели дека може да се случи „во рок од неколку дена“.

Развиени се планови за евакуација на околу 4.000 жители на рибарскиот град Гриндавик.

Блиската Сина лагуна, популарна туристичка локација позната по своите геотермални минерални извори, завчера беше затворена како мерка на претпазливост.

Главниот град Рејкјавик се наоѓа на околу 40 километри северно.

Од крајот на минатиот месец на полуостровот Рејкјанес се регистрирани околу 24.000 земјотреси.

Во Исланд има 33 активни вулкански екосистеми - најмногу во цела Европа.

Во својата последна ерупција, во 2010 година, вулканот Ејафјордур практично го запре воздушниот сообраќај во Европа, предизвикувајќи откажување на 100.000 летови и блокирајќи 10 милиони патници.

The post Вулканот Етна исфрли лава, вонредна состојба на Исланд поради можна вулканска ерупција appeared first on Република.

]]>

Вулканот Етна на италијанскиот остров Сицилија синоќа исфрли жешка лава, но немаше големо исфрлање пепел, како и извештаи за штети, јави ДПА. Аеродромот во градот Катанија изутринава продолжи да работи и покрај тоа што италијанскиот Институт за геофизика и вулканологија го подигна нивото на опасност од жолто на портокалово. Од далечина, можеше да се види вжештена лава и остатоци, исфрлени нагоре во темнината кои потоа бавно паѓаа по падините на планините. Поактивен бил југоисточниот кратер на вулканот. Етна е најголемиот активен вулкан во Европа и е висок околу 3.300 метри. На Исланд, пак, е прогласена вонредна состојба поради опасност од вулканска ерупција. Мерката беше воведена по серијата земјотреси на полуостровот Рејкјанес, југозападно од островската држава во северниот дел на Атлантскиот Океан. Ова предизвика страв од вулканска ерупција, за која Исландската метеоролошка служба вели дека може да се случи „во рок од неколку дена“. Развиени се планови за евакуација на околу 4.000 жители на рибарскиот град Гриндавик. Блиската Сина лагуна, популарна туристичка локација позната по своите геотермални минерални извори, завчера беше затворена како мерка на претпазливост. Главниот град Рејкјавик се наоѓа на околу 40 километри северно. Од крајот на минатиот месец на полуостровот Рејкјанес се регистрирани околу 24.000 земјотреси. Во Исланд има 33 активни вулкански екосистеми - најмногу во цела Европа. Во својата последна ерупција, во 2010 година, вулканот Ејафјордур практично го запре воздушниот сообраќај во Европа, предизвикувајќи откажување на 100.000 летови и блокирајќи 10 милиони патници.

The post Вулканот Етна исфрли лава, вонредна состојба на Исланд поради можна вулканска ерупција appeared first on Република.

]]>
Ерупција на вулканот Етна, поради пепел прекинати летовите од Катанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eruptsija-na-vulkanot-etna-poradi-pepel-prekinati-letovite-od-katanija/ Sun, 21 May 2023 16:00:12 +0000 https://republika.mk/?p=643300

Најактивниот вулкан во Европа, Етна еруптираше денеска и исфрли пепел врз Катанија, најголемиот град во источна Сицилија, што предизвика прекин на летовите на аеродромот во градот.

Италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија (INGV), кој внимателно ја следи Етна, рече дека облаците и дождливите денови го отежнуваат следењето на ерупцијата, која некогаш беше спектакуларен приказ на оган и лава.

Институтот објави дека пепел паднал во Катанија и во еден град на падините на Етна. Нема извештаи за повредени.

Аеродромот Катанија објави дека летовите се привремено прекинати поради пепелта.

Национален институт за геофизика и вулканологија посочи дека мониторингот забележал докази за зголемена активност, за потреси во последните денови.

Италијанската национална агенција за цивилна заштита во четвртокот во предупредувањето наведе дека со оглед на зголемената вулканска активност, може да има „ненадејни“ варијации во активноста на Етна. На почетокот на 2021 година, ерупцијата на вулканот траеше неколку недели.

 

The post Ерупција на вулканот Етна, поради пепел прекинати летовите од Катанија appeared first on Република.

]]>

Најактивниот вулкан во Европа, Етна еруптираше денеска и исфрли пепел врз Катанија, најголемиот град во источна Сицилија, што предизвика прекин на летовите на аеродромот во градот. Италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија (INGV), кој внимателно ја следи Етна, рече дека облаците и дождливите денови го отежнуваат следењето на ерупцијата, која некогаш беше спектакуларен приказ на оган и лава. Институтот објави дека пепел паднал во Катанија и во еден град на падините на Етна. Нема извештаи за повредени. Аеродромот Катанија објави дека летовите се привремено прекинати поради пепелта. Национален институт за геофизика и вулканологија посочи дека мониторингот забележал докази за зголемена активност, за потреси во последните денови. Италијанската национална агенција за цивилна заштита во четвртокот во предупредувањето наведе дека со оглед на зголемената вулканска активност, може да има „ненадејни“ варијации во активноста на Етна. На почетокот на 2021 година, ерупцијата на вулканот траеше неколку недели.  

The post Ерупција на вулканот Етна, поради пепел прекинати летовите од Катанија appeared first on Република.

]]>