Вукан Њагуљ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vukan-nagul/ За подобро да се разбереме Sun, 23 Jul 2023 06:59:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Вукан Њагуљ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vukan-nagul/ 32 32 Не може со дрон да се заклучи дека каблите не се сериозно оштетени, вели проектантот на мостот „Беласица“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ne-mozhe-so-dron-da-se-zakluchi-deka-kablite-ne-se-seriozno-oshteteni-veli-proektantot-na-mostot-belasitsa/ Sun, 23 Jul 2023 06:59:34 +0000 https://republika.mk/?p=664343

Констатациите за оштетувања на конструкцијата на мостот „Беласица“ од пожарот коишто се однесуваат на состојбата на каблите за преднапрегање, а кои се донесени врз база на преглед на мостот со дрон и тоа на помалку загрозените делови на неговата конструкција, без сомнение не можат да бидат основ за носење заклучок дека каблите не се сериозно оштетени, вели проектантот на мостот, Вукан Њагуљ за МИА.

Њагуљ појаснува дека се неопходни испитувања на лице место и дополнителни пресметки. Според него, улогата на средишната плоча на мостот за негово правилно функционирање во ниту еден случај не може да се смета за споредна.

Напротив, со тоа што ги поврзува главните сандачести носачи во една целина таа значително ги намалува влијанијата во нив при несиметричното сообраќајно оптоварување. Ова може да се докаже со соодветна статичка пресметка, онака како што е направено и во Главниот проект - вели Њагуљ.

Мислењето дека мостот е во ред само затоа што во моментот стои и затоа што можеби би издржал некое пробно оптоварување, според Њагуљ, не е во согласност со основните особини на сите градежни материјали.

Тоа конкретно подразбира дека мостот не е сигурен доколку поради пожарот дошло до губиток на силата на преднапрегање и како последица на тоа до пораст на напрегањата на затегнување во бетонот преку границите дефинирани со проектот. Во такви околности мостот наизглед сигурно ќе стои се додека носивоста на бетонот на затегнување поради замор не се намали на ниво кое ќе овозможи појава на статички неконтролирани пукнатини што ќе доведе до загрозување на стабилноста на конструкцијата. Или грубо кажано – мора да се знае зошто мостот стои - појаснува Вукан.

Додава дека би сакал да го види извештајот како човек кој целиот работен век се занимава со мостови, особено како проектакт на мостот „Беласица“.

За жал, немав прилика да го погледнам Извештајот, а како некој кој целиот свој работен век, па и повеќе, се занимава со мостови и особено како проектант на овој мост навистина би сакал да ја имам таа можност - вели меѓу другото Њагуљ, додавајќи дека поради тоа неговите заклучоци се креирани врз основа на информациите објавени во јавноста.

The post Не може со дрон да се заклучи дека каблите не се сериозно оштетени, вели проектантот на мостот „Беласица“ appeared first on Република.

]]>

Констатациите за оштетувања на конструкцијата на мостот „Беласица“ од пожарот коишто се однесуваат на состојбата на каблите за преднапрегање, а кои се донесени врз база на преглед на мостот со дрон и тоа на помалку загрозените делови на неговата конструкција, без сомнение не можат да бидат основ за носење заклучок дека каблите не се сериозно оштетени, вели проектантот на мостот, Вукан Њагуљ за МИА. Њагуљ појаснува дека се неопходни испитувања на лице место и дополнителни пресметки. Според него, улогата на средишната плоча на мостот за негово правилно функционирање во ниту еден случај не може да се смета за споредна.
Напротив, со тоа што ги поврзува главните сандачести носачи во една целина таа значително ги намалува влијанијата во нив при несиметричното сообраќајно оптоварување. Ова може да се докаже со соодветна статичка пресметка, онака како што е направено и во Главниот проект - вели Њагуљ.
Мислењето дека мостот е во ред само затоа што во моментот стои и затоа што можеби би издржал некое пробно оптоварување, според Њагуљ, не е во согласност со основните особини на сите градежни материјали.
Тоа конкретно подразбира дека мостот не е сигурен доколку поради пожарот дошло до губиток на силата на преднапрегање и како последица на тоа до пораст на напрегањата на затегнување во бетонот преку границите дефинирани со проектот. Во такви околности мостот наизглед сигурно ќе стои се додека носивоста на бетонот на затегнување поради замор не се намали на ниво кое ќе овозможи појава на статички неконтролирани пукнатини што ќе доведе до загрозување на стабилноста на конструкцијата. Или грубо кажано – мора да се знае зошто мостот стои - појаснува Вукан.
Додава дека би сакал да го види извештајот како човек кој целиот работен век се занимава со мостови, особено како проектакт на мостот „Беласица“.
За жал, немав прилика да го погледнам Извештајот, а како некој кој целиот свој работен век, па и повеќе, се занимава со мостови и особено како проектант на овој мост навистина би сакал да ја имам таа можност - вели меѓу другото Њагуљ, додавајќи дека поради тоа неговите заклучоци се креирани врз основа на информациите објавени во јавноста.

The post Не може со дрон да се заклучи дека каблите не се сериозно оштетени, вели проектантот на мостот „Беласица“ appeared first on Република.

]]>
Инж. Њагуљ: Трагите и оштетувањата од пожарот се посериозни отколку што е видливо на фотографиите https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/inzh-nagul-tragite-i-oshtetuvanata-od-pozharot-se-poseriozni-otkolku-shto-e-vidlivo-na-fotografiite/ Fri, 26 May 2023 07:58:12 +0000 https://republika.mk/?p=644761

Иако мојот увид беше визуелен, тој ми ги отвори очите дека обемот на оштетувања е многу поголем отколку што претпоставував врз основа на достапните фотографии. Трагите и оштетувањата од високата температура од пожарот не беа видливи на фотографиите онолку колку што навистина се, вели во ексклузивна изјава за МИА проектантот на мостот „Беласица” Вукан Њагуљ.

Тој во организација на Институтот за земјотресно инженерство и климатски промени изминатите два дена престојуваше во Скопје со цел да изврши увид во состојбата на мостот.

Во разговорот за МИА, инженерот Њагуљ порачува дека оштетувањата треба да се третираат многу сериозно и дека се потребни детални испитувања и пресметки.

[caption id="" align="alignnone" width="2000"] Фото: Дарко Попов[/caption]

Кога бев на мостот добив впечаток дека она што го видов бара многу посериозен пристап отколку што мислев. Тоа е мое мислење, мој впечаток. Мостот, според мене, не може да се третира како оштетувањето да е мало и безначајно, едноставно затоа што не се знае какво е. Мора да се направи многу детално испитување. Не само визуелно, туку да се отвори конструкцијата, да се испита, да се земат примероци и да се испитаат лабораториски. Го слушав интервјуто на професорот Марковски кој рече дека во Македонија не располагате со опрема за сето она што треба да се испита. Но како и да е, тоа мора да се направи и дури тогаш може да се даде проценка за моменталната состојба на мостот, истакнува Њагуљ.

Нагласува дека не станува збор за обични оштетувања како што се корозија или пукнатини, туку за сосема друг тип на оштетување и затоа се потребни прецизни претпоставки за квалитетот на материјалите на мостот.

Секоја проценка сега, без тие податоци е просто невозможна. И не само тоа, туку мора да се направат и пресметки врз основа на кои ќе се види состојбата на конструкцијата. Секако, во тие пресметки треба да се влезе со што е можно попрецизни претпоставки за квалитетот на материјалите кои треба да произлезат од испитувањата што мора претходно да се направат. Дури потоа може да се каже – сега треба да се продолжи со ова или со она, вели инженерот.

Оценува дека постои можност за оштетување на продолжените кабли во главните носачи.

Не оштетени како челик, туку оштетени во однос на нивната носивост. Ако челикот се прегрее, ги губи карактеристиките што ги има, вклучувајќи ја и силата во него, со што се намалува сигурноста на мостот до некоја мера и се менува напрегањето во конструкцијата, појаснува Њагуљ.

Во однос на проблемот со сообраќајот кој настана по затворањето на мостот, тој посочува дека има решение, но додава дека е тешко изводливо.

Мое лично мислење е дека некој вид на контролиран пешачки сообраќај можеби може да се дозволи. Но, врз основа на моето искуство при вакви слични случаи, сметам дека дозволувањето на некаков редуциран патнички сообраќај со себе носи одреден ризик. На крај да заклучам. Според мене мора да се направат сите потребни истражувања и пресметки пред да се донесе било каква одлука. Мостот може да има и доволна сигурност според некои критериуми, но тоа може да биде тема за дискусија дури откако ќе се направат испитувањата, порачува инженерот Њагуљ.

The post Инж. Њагуљ: Трагите и оштетувањата од пожарот се посериозни отколку што е видливо на фотографиите appeared first on Република.

]]>

Иако мојот увид беше визуелен, тој ми ги отвори очите дека обемот на оштетувања е многу поголем отколку што претпоставував врз основа на достапните фотографии. Трагите и оштетувањата од високата температура од пожарот не беа видливи на фотографиите онолку колку што навистина се, вели во ексклузивна изјава за МИА проектантот на мостот „Беласица” Вукан Њагуљ. Тој во организација на Институтот за земјотресно инженерство и климатски промени изминатите два дена престојуваше во Скопје со цел да изврши увид во состојбата на мостот. Во разговорот за МИА, инженерот Њагуљ порачува дека оштетувањата треба да се третираат многу сериозно и дека се потребни детални испитувања и пресметки. [caption id="" align="alignnone" width="2000"] Фото: Дарко Попов[/caption]