Вуди Ален Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vudi-alen/ За подобро да се разбереме Wed, 17 Jul 2024 08:04:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Вуди Ален Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vudi-alen/ 32 32 „Неочекувана среќа“ на Вуди Ален го затвора 23. издание на „Синедејс“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/neochekuvana-sreka-na-vudi-alen-go-zatvora-23-izdanie-na-sinedejs/ Wed, 17 Jul 2024 08:04:01 +0000 https://republika.mk/?p=797595

Најновиот филм на Вуди Ален, „Неочекувана среќа“ вечерва во паркот зад Младински културен центар (МКЦ) во 20,30 часот го затвора 23. издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“ кој почна на 11 јули.

Новиот филм на Вуди Ален е оригинален, забавен, длабински, неповторливо повторлив и што сè не, вели организаторот.

Фани и Жан се навидум совршен брачен пар. Обајцата се професионално остварени, живеат во прекрасен стан во ексклузивна населба во Париз и се чини дека се вљубени исто како и првиот ден. Но кога Фани случајно наидува на својот поранешен соученик, Алан, сосема го губи умот. Наскоро повторно се гледаат и почнуваат да стануваат сè поблиски и поблиски…

Според програмата, во 19,30 часот во кино „Фросина“ во МКЦ Living Music Project, а од 23 часот на платото пред МКЦ диџеј сет на Џано Куч Марко Иван Кочишки и Ѓорѓи Старделов.

Билетите за CINEDAYS ќе бидат по цена од 250 денари, за сите филмови.

The post „Неочекувана среќа“ на Вуди Ален го затвора 23. издание на „Синедејс“ appeared first on Република.

]]>

Најновиот филм на Вуди Ален, „Неочекувана среќа“ вечерва во паркот зад Младински културен центар (МКЦ) во 20,30 часот го затвора 23. издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“ кој почна на 11 јули.
Новиот филм на Вуди Ален е оригинален, забавен, длабински, неповторливо повторлив и што сè не, вели организаторот.
Фани и Жан се навидум совршен брачен пар. Обајцата се професионално остварени, живеат во прекрасен стан во ексклузивна населба во Париз и се чини дека се вљубени исто како и првиот ден. Но кога Фани случајно наидува на својот поранешен соученик, Алан, сосема го губи умот. Наскоро повторно се гледаат и почнуваат да стануваат сè поблиски и поблиски… Според програмата, во 19,30 часот во кино „Фросина“ во МКЦ Living Music Project, а од 23 часот на платото пред МКЦ диџеј сет на Џано Куч Марко Иван Кочишки и Ѓорѓи Старделов. Билетите за CINEDAYS ќе бидат по цена од 250 денари, за сите филмови.

The post „Неочекувана среќа“ на Вуди Ален го затвора 23. издание на „Синедејс“ appeared first on Република.

]]>
Вуди Ален есенва во Париз ќе го снима последниот филм https://arhiva3.republika.mk/scena/film/vudi-alen-esenva-vo-pariz-kje-go-snima-posledniot-film/ Wed, 29 Jun 2022 13:14:40 +0000 https://republika.mk/?p=521171

Режисерот Вуди Ален, кој и во поблиското минато се соочи со обвиненија за сексуална злоупотреба на неговата посвоена ќерка, изјави оти оваа есен ќе сними нов филм во Париз, Франција, и дека тој би можело да му биде последен.

Во инаку реткото интервју преку видеоврска, режисерот разговара со глумецот Алек Болдвин за својата кариера и новата книга „Нулта гравитација“ (Zero Gravity) – збирка хумористични есеи.

Голем дел од возбудата исчезна, вели Ален за снимањето филмови. – Кога ќе снимав филм порано, тој одеше во кината ширум земјата… Сега снимаш филм и добиваш неколку седмици в кино – можеби шест недели, или четири недели, а тоа потоа оди на стрим или плаќање по преглед на малите екрани – тоа не е задоволство за мене!, додаде тој.

Вуди Ален (86) не кажува подробности за новиот филм, којшто инаку ќе биде негов 50-ти, јубилеен кинопроект.

Инаку награден со вкупно четири „Оскари“, режисерот на „Ени Хол“ и други комедии постојано ги порекнуваше наводите дека ја злоставувал својата посвоена ќерка Дилан Фароу во 1992 година. Многу познати личности во Холивуд, сепак, се дистанцираа од него откако движењето против сексуално недоличното однесување – „#МеТоо“ зеде светски замав од 2017 година.

„Ејч-би-о“ ги преиспита обвинувањата против Ален во минисеријата од 2021 година под наслов „Ален против Фароу“.

The post Вуди Ален есенва во Париз ќе го снима последниот филм appeared first on Република.

]]>

Режисерот Вуди Ален, кој и во поблиското минато се соочи со обвиненија за сексуална злоупотреба на неговата посвоена ќерка, изјави оти оваа есен ќе сними нов филм во Париз, Франција, и дека тој би можело да му биде последен. Во инаку реткото интервју преку видеоврска, режисерот разговара со глумецот Алек Болдвин за својата кариера и новата книга „Нулта гравитација“ (Zero Gravity) – збирка хумористични есеи.
Голем дел од возбудата исчезна, вели Ален за снимањето филмови. – Кога ќе снимав филм порано, тој одеше во кината ширум земјата… Сега снимаш филм и добиваш неколку седмици в кино – можеби шест недели, или четири недели, а тоа потоа оди на стрим или плаќање по преглед на малите екрани – тоа не е задоволство за мене!, додаде тој.
Вуди Ален (86) не кажува подробности за новиот филм, којшто инаку ќе биде негов 50-ти, јубилеен кинопроект. Инаку награден со вкупно четири „Оскари“, режисерот на „Ени Хол“ и други комедии постојано ги порекнуваше наводите дека ја злоставувал својата посвоена ќерка Дилан Фароу во 1992 година. Многу познати личности во Холивуд, сепак, се дистанцираа од него откако движењето против сексуално недоличното однесување – „#МеТоо“ зеде светски замав од 2017 година. „Ејч-би-о“ ги преиспита обвинувањата против Ален во минисеријата од 2021 година под наслов „Ален против Фароу“.

The post Вуди Ален есенва во Париз ќе го снима последниот филм appeared first on Република.

]]>