Вучиќ и Курти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vuchik-i-kurti/ За подобро да се разбереме Fri, 14 Apr 2023 14:27:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Вучиќ и Курти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vuchik-i-kurti/ 32 32 Ескобар тврди дека Македонија е најзаслужна за договорот меѓу Србија и Косово во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/eskobar-tvrdi-deka-makedonija-e-najzasluzhna-za-dogovorot-megu-srbija-i-kosovo-vo-ohrid/ Fri, 14 Apr 2023 14:33:34 +0000 https://republika.mk/?p=630819

Специјалниот пратеник на Стејт департментот за Западен Балкан, Габриел Ескобар, кој беше во посета на Тирана, во интервју за Топ чанел,  како историски го оцени  постигнатиот договор во Охрид,  меѓу  Белград и Приштина.
- Што се однесува на прашањето Косово-Србија тоа што го имаме во овој договор за нормализација е еден историски договор за пријателски, конструктивни односи меѓу двете страни кои немаа голема меѓусебна доверба, вели тој.
Додава дека договорот, што го овозможи Европската унија, со поддршка на САД,  „речиси во секој аспект е поддржан од земјите од регионот“ и оти без поддршка на Македонија тој не би се постигнал.
- Преговорите се водеа во Македонија и без нивна поддршка тоа немаше да биде возможно. Но,  поддржано беше и од владите на Албанија и Хрватска, како и други земји во регионот. Ние ја гледаме многу важната улога на Албанија во регионалната стабилност. Тоа сега и се потврди, изјави  Ескобар.
За време на посетата на Тирана од 11 до 13 месецов Ескобар се сретна со претседателот Бајрам Бегај, со премиерот Еди Рама и со претставници на политички партии, Демократската Енкелед Алибеај и на Партијата на слободата Илир Мета.

The post Ескобар тврди дека Македонија е најзаслужна за договорот меѓу Србија и Косово во Охрид appeared first on Република.

]]>

ЕУ ги повика Белград и Приштина да го почитуват Охридскиот договор https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/eu-gi-povika-belgrad-i-prishtina-da-go-pochituvat-ohridskiot-dogovor/ Tue, 28 Mar 2023 08:20:57 +0000 https://republika.mk/?p=624531

Институциите на Европската унија, со поддршка на лидерите на ЕУ, во наредните денови ќе ги направат првите чекори кон имплементација на Охридскиот договор заедно со Косово и Србија, изјави за агенцијата БЕТА портпаролот во Европската комисија Петер Стано.

Портпаролот на високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, изјави дека Белград и Приштина се договорно обврзани да го спроведат Охридскиот договор и Анексот и јасно стави до знаење дека доколку не го сторат тоа, тогаш го напуштаат патот кон Европската унија.

Стано потсети дека Борел изјавил дека ќе ги „советува двете страни во извршувањето на нивната работа“ во спроведувањето на Договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија, вклучувајќи го и анексот за имплементација.

Портпаролот на ЕК подвлече дека „сега се во игра меѓународниот углед и доверба во Косово и Србија, затоа тие треба да се покажат како доверливи партнери за ЕУ и затоа е неопходно да се спроведе она што го ветија“.

Тој посочи дека одредбите од договорот и анексот ќе бидат вградени во поглавјето 35 од преговорите меѓу ЕУ и Србија за членство и во програмата на Специјалната група на ЕУ за нормализација со Косово.

- Тоа значи дека двете страни ќе бидат договорно обврзани да ги спроведат тие одредби доколку сакаат да напредуваат кон ЕУ, а неспроведувањето значи напуштање на патот кон Европската унија, нагласи тој.

Стано рече и дека Борел ги информирал лидерите на ЕУ за разговорите во Охрид минатата недела и рекол дека Косово и Србија сега треба да го спроведат во пракса она за што постигнале договор.

The post ЕУ ги повика Белград и Приштина да го почитуват Охридскиот договор appeared first on Република.

]]>

Институциите на Европската унија, со поддршка на лидерите на ЕУ, во наредните денови ќе ги направат првите чекори кон имплементација на Охридскиот договор заедно со Косово и Србија, изјави за агенцијата БЕТА портпаролот во Европската комисија Петер Стано. Портпаролот на високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, изјави дека Белград и Приштина се договорно обврзани да го спроведат Охридскиот договор и Анексот и јасно стави до знаење дека доколку не го сторат тоа, тогаш го напуштаат патот кон Европската унија. Стано потсети дека Борел изјавил дека ќе ги „советува двете страни во извршувањето на нивната работа“ во спроведувањето на Договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија, вклучувајќи го и анексот за имплементација. Портпаролот на ЕК подвлече дека „сега се во игра меѓународниот углед и доверба во Косово и Србија, затоа тие треба да се покажат како доверливи партнери за ЕУ и затоа е неопходно да се спроведе она што го ветија“. Тој посочи дека одредбите од договорот и анексот ќе бидат вградени во поглавјето 35 од преговорите меѓу ЕУ и Србија за членство и во програмата на Специјалната група на ЕУ за нормализација со Косово.
- Тоа значи дека двете страни ќе бидат договорно обврзани да ги спроведат тие одредби доколку сакаат да напредуваат кон ЕУ, а неспроведувањето значи напуштање на патот кон Европската унија, нагласи тој.
Стано рече и дека Борел ги информирал лидерите на ЕУ за разговорите во Охрид минатата недела и рекол дека Косово и Србија сега треба да го спроведат во пракса она за што постигнале договор.

The post ЕУ ги повика Белград и Приштина да го почитуват Охридскиот договор appeared first on Република.

]]>
Невиден притисок врз српскиот претседател во Охрид: Цела вечер ми велеа, „ајде Вучиќу потпиши“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/neviden-pritisok-vrz-srpskiot-pretsedatel-vo-ohrid-tsela-vecher-mi-velea-ajde-vuchiku-potpishi/ Sun, 19 Mar 2023 11:21:33 +0000 https://republika.mk/?p=621203

За нас е важно повеќе да не зависиме од волјата на Приштина.Наскоро ќе го посетам Косово и Метохија.Цела вечер ми велеа ајде Вучиќу потпиши, проговори српскиот претседател за маратонската средба во Охрид.

Имам неподносливи болки во десната рака и само со десната се потпишувам, ќе ме боли уште четири години... Секако ова беше шега... објаснив зошто не потпишувам... се однесувам одговорно и сериозно и знам што потпишувам, а навикнат сум да го правам тоа 16 часа, ги стекнав тие работни навики... Мислам дека направивме добри работи за Србија и за регионот и сега треба да почнеме да работиме како тешко и максимално тешко, рече претседателот, откако претходно одговори дека изјавата на новинарот дека Аљбин Курти синоќа се пожалил дека „Вучиќ не сака ништо да потпише“.

Тој објасни дека има обврска да биде одговорен.

Државата не е играчка, не е за несериозни и неодговорни луѓе... Не е ни куќен совет за несериозни, а камоли државата - нагласи претседателот. Ќе има многу проблеми околу Заедницата на српски општини.

https://republika.mk/vesti/balkan/vuchik-tvrdi-deka-nemaat-obvrski-kon-prishtina-se-nadevam-ke-ima-zaednitsa-na-srpski-opshtini-se-plasham-deka-ke-bide-poteshko-od-shto-mislam/

The post Невиден притисок врз српскиот претседател во Охрид: Цела вечер ми велеа, „ајде Вучиќу потпиши“ appeared first on Република.

Koвачевски се нуди да биде домаќин на средбата Вучиќ-Курти во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-se-nudi-da-bide-domakin-na-sredbata-vuchik-kurti-vo-makedonija/ Tue, 28 Feb 2023 07:55:01 +0000 https://republika.mk/?p=613993

 Премиерот Димитар Ковачевски е подготвен да биде домаќин на средбата на претседателот на Србија Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти како дел од преговорите меѓу Белград и Приштина, кои се водат под покровителство на ЕУ и САД, на 18 март во Македонија, потврдија за МИА од Владата.

На средбата, како што е најавено ќе присустуваат и високиот претставник на Европската Унија за заедничка надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

На прашањето на МИА дали премиерот Ковачевски би прифатил да биде домаќин на оваа средба следниот месец во земјава, од Владата одговорија потврдно и посочија дека  европскиот предлог за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина е исклучително важен за иднината и стабилноста на регионот, а Македонија уште еднаш докажува дека фактор на стабилност, односно земја членка на НАТО, која ги отпочна преговорите со ЕУ и како земја која претседава со ОБСЕ, најголемата безбедносна организација во Европа.

-Оваа констатација беше неодамна потврдена и посочена на Минхенската безбедносна конференција каде премиерот Ковачевски ја предводеше владината делегација, додаваат од Владата.

Средбата меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти со претставници на Европската Унија во Брисел заврши без договор, но европскиот комесар за надворешни работи Жозеп Борел изјави дека Вучиќ и Курти се согласиле дека не се потребни дополнителни разговори за европскиот предлог и дека тоа е рамка за нормализирање на односите меѓу двете страни.

https://republika.mk/vesti/balkan/eu-go-objavi-tseliot-predlog-dogovor-za-patot-kon-normalizatsija-na-odnosite-megu-kosovo-i-srbija/

Вучиќ рече дека е договорено следната средба да се одржи во Македонија на 18 март. Тој додаде дека разговорите во Брисел биле тешки и дека главниот камен на сопнување е Заедницата на српските општини на Косово.

- Имавме тешка средба и верувам дека ќе има уште многу во наредниот период.  Треба да се видиме на 18 март во Македонија, кога Борел ќе го посети регионот, а дотогаш ќе разговараме со Лајчак за работите што треба да ги спроведеме. Во соопштението на ЕУ ќе се спомене неопходноста од спроведување на сите досегашни договори. Инсистирав на Заедницата на српските општини. Курти сега не беше подготвен да го прифати тоа, а дали ќе биде подготвен во иднина, ќе видиме, изјави Вучиќ.

По средбата, на која учествуваше специјалниот пратеник на ЕУ за нормализација на односите меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак, Борел изјави дека разговорите биле интензивни и дека и Вучиќ и Курти покажале одговорност.

Тој додаде дека претседателот на Србија и премиерот на Косово на трилатералната средба во Брисел се договориле дека не се потребни дополнителни дискусии за текстот на предлогот на ЕУ за нормализација на односите меѓу Србија и Косово и дека текстот наскоро ќе биде објавен на веб-страницата на ЕУ.

- Сега, кога се договорија за тоа, текстот на планот многу брзо ќе биде достапен на јавноста. Овој план е пред се важен за луѓето кои живеат во Србија и Косово, за нивните граѓани. Според планот, граѓаните ќе можат слободно да се движат, да ги користат пасошите и документите, како и регистарските таблички, рече Борел.

The post Koвачевски се нуди да биде домаќин на средбата Вучиќ-Курти во Македонија appeared first on Република.

]]>

 Премиерот Димитар Ковачевски е подготвен да биде домаќин на средбата на претседателот на Србија Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти како дел од преговорите меѓу Белград и Приштина, кои се водат под покровителство на ЕУ и САД, на 18 март во Македонија, потврдија за МИА од Владата. На средбата, како што е најавено ќе присустуваат и високиот претставник на Европската Унија за заедничка надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак. На прашањето на МИА дали премиерот Ковачевски би прифатил да биде домаќин на оваа средба следниот месец во земјава, од Владата одговорија потврдно и посочија дека  европскиот предлог за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина е исклучително важен за иднината и стабилноста на регионот, а Македонија уште еднаш докажува дека фактор на стабилност, односно земја членка на НАТО, која ги отпочна преговорите со ЕУ и како земја која претседава со ОБСЕ, најголемата безбедносна организација во Европа. -Оваа констатација беше неодамна потврдена и посочена на Минхенската безбедносна конференција каде премиерот Ковачевски ја предводеше владината делегација, додаваат од Владата. Средбата меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти со претставници на Европската Унија во Брисел заврши без договор, но европскиот комесар за надворешни работи Жозеп Борел изјави дека Вучиќ и Курти се согласиле дека не се потребни дополнителни разговори за европскиот предлог и дека тоа е рамка за нормализирање на односите меѓу двете страни. https://republika.mk/vesti/balkan/eu-go-objavi-tseliot-predlog-dogovor-za-patot-kon-normalizatsija-na-odnosite-megu-kosovo-i-srbija/ Вучиќ рече дека е договорено следната средба да се одржи во Македонија на 18 март. Тој додаде дека разговорите во Брисел биле тешки и дека главниот камен на сопнување е Заедницата на српските општини на Косово. - Имавме тешка средба и верувам дека ќе има уште многу во наредниот период.  Треба да се видиме на 18 март во Македонија, кога Борел ќе го посети регионот, а дотогаш ќе разговараме со Лајчак за работите што треба да ги спроведеме. Во соопштението на ЕУ ќе се спомене неопходноста од спроведување на сите досегашни договори. Инсистирав на Заедницата на српските општини. Курти сега не беше подготвен да го прифати тоа, а дали ќе биде подготвен во иднина, ќе видиме, изјави Вучиќ. По средбата, на која учествуваше специјалниот пратеник на ЕУ за нормализација на односите меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак, Борел изјави дека разговорите биле интензивни и дека и Вучиќ и Курти покажале одговорност. Тој додаде дека претседателот на Србија и премиерот на Косово на трилатералната средба во Брисел се договориле дека не се потребни дополнителни дискусии за текстот на предлогот на ЕУ за нормализација на односите меѓу Србија и Косово и дека текстот наскоро ќе биде објавен на веб-страницата на ЕУ. - Сега, кога се договорија за тоа, текстот на планот многу брзо ќе биде достапен на јавноста. Овој план е пред се важен за луѓето кои живеат во Србија и Косово, за нивните граѓани. Според планот, граѓаните ќе можат слободно да се движат, да ги користат пасошите и документите, како и регистарските таблички, рече Борел.

The post Koвачевски се нуди да биде домаќин на средбата Вучиќ-Курти во Македонија appeared first on Република.

]]>