вторпат Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vtorpat/ За подобро да се разбереме Sat, 29 Jun 2024 18:42:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вторпат Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vtorpat/ 32 32 Зоран Милановиќ ќе се кандидира за втор претседателски мандат на изборите во Хрватска https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zoran-milanovik-ke-se-kandidira-za-vtor-pretsedatelski-mandat-na-izborite-vo-hrvatska/ Sat, 29 Jun 2024 18:42:44 +0000 https://republika.mk/?p=791958

Претседателот на хрватската Социјалдемократска партија (СДП), Пеѓа Грбин, денеска соопшти дека актуелниот претседател Зоран Милановиќ ќе биде кандидат на партијата на претседателските избори оваа година. Милановиќ се кандидира за втор мандат на функцијата, пренесува Н1.

Грбин истакна дека партијата гласала Милановиќ да биде нејзин кандидат на претседателските избори, иако немало целосна согласност по ова прашање.

Нема да кажам кој беше против, но оваа одлука беше донесена со големо мнозинство гласови. Тој (Милановиќ) ги споделува нашите вредности и е бариера пред целосното преземање на оваа земја. Верувам дека наскоро ќе следи и поддршка од другите партии, изјави Грбин.

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ се кандидираше со СДП и за премиер на парламентарните избори во април оваа година, но загуби од премиерот Андреј Пленковиќ и неговата партија Хрватска демократска заедница. Според анкетите на јавното мислење, довербата во Милановиќ опаднала по парламентарните избори и тој повеќе не е најпопуларниот политичар во Хрватска. Првото место сега го зазема премиерот Пленковиќ.

The post Зоран Милановиќ ќе се кандидира за втор претседателски мандат на изборите во Хрватска appeared first on Република.

]]>

Претседателот на хрватската Социјалдемократска партија (СДП), Пеѓа Грбин, денеска соопшти дека актуелниот претседател Зоран Милановиќ ќе биде кандидат на партијата на претседателските избори оваа година. Милановиќ се кандидира за втор мандат на функцијата, пренесува Н1. Грбин истакна дека партијата гласала Милановиќ да биде нејзин кандидат на претседателските избори, иако немало целосна согласност по ова прашање.
Нема да кажам кој беше против, но оваа одлука беше донесена со големо мнозинство гласови. Тој (Милановиќ) ги споделува нашите вредности и е бариера пред целосното преземање на оваа земја. Верувам дека наскоро ќе следи и поддршка од другите партии, изјави Грбин.
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ се кандидираше со СДП и за премиер на парламентарните избори во април оваа година, но загуби од премиерот Андреј Пленковиќ и неговата партија Хрватска демократска заедница. Според анкетите на јавното мислење, довербата во Милановиќ опаднала по парламентарните избори и тој повеќе не е најпопуларниот политичар во Хрватска. Првото место сега го зазема премиерот Пленковиќ.

The post Зоран Милановиќ ќе се кандидира за втор претседателски мандат на изборите во Хрватска appeared first on Република.

]]>
Ријана на Супербол откри дека е бремена https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/rijana-na-superbol-otkri-deka-e-bremena/ Mon, 13 Feb 2023 10:01:37 +0000 https://republika.mk/?p=608319

Поп-ѕвездата Ријана повторно заблеска на сцената по петгодишна пауза, настапувајќи на полувремето на „Супербоул“, најгледаниот спортски настан во САД.

Пејачката по настапот потврди дека е бремена по втор пат, а за време на настапот неколку пати го допираше стомакот.

Ријана пееше и танцуваше на пловечка платформа, која полека се спушта кон тревникот каде „Канзас Сити чифс“ и „Филаделфија иглс“ се бореа за титулата најдобар НФЛ тим оваа сезона.

Таа беше облечена во црвен падобрански костум, а во настапот кој траеше околу 15 минути изведе делови од нејзините најголеми хитови во придружба на десетици танчери во бели тренерки.

 

The post Ријана на Супербол откри дека е бремена appeared first on Република.

]]>

Поп-ѕвездата Ријана повторно заблеска на сцената по петгодишна пауза, настапувајќи на полувремето на „Супербоул“, најгледаниот спортски настан во САД. Пејачката по настапот потврди дека е бремена по втор пат, а за време на настапот неколку пати го допираше стомакот. Ријана пееше и танцуваше на пловечка платформа, која полека се спушта кон тревникот каде „Канзас Сити чифс“ и „Филаделфија иглс“ се бореа за титулата најдобар НФЛ тим оваа сезона. Таа беше облечена во црвен падобрански костум, а во настапот кој траеше околу 15 минути изведе делови од нејзините најголеми хитови во придружба на десетици танчери во бели тренерки.  

The post Ријана на Супербол откри дека е бремена appeared first on Република.

]]>
Директорот на Фајзер се зарази со Ковид вторпат за два месеци https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/direktorot-na-fajzer-se-zarazi-so-kovid-vtorpat-za-dva-meseci/ Sun, 25 Sep 2022 16:41:26 +0000 https://republika.mk/?p=554125

Извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла (60) соопшти дека е позитивен на тестот за ковид по вторпат.

Се чувствувам добро и немам никакви симптоми, рече Бурла.

Во август Бурла за прв пат имаше коронавирус и почна да го пие лекот против Ковид-19 развиен од неговата компанија „Паксловид“.

Тој примил четири дози од вакцината против ковид развиена од Фајзер и германскиот партнер Бионтек.

Бурла рече дека сè уште не го примил новиот бивалентен бустер.

Не примив бивалентен бустер, ги следев упатствата на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) да чекам три месеци, бидејќи претходно имав ковид во средината на август, објасни Бурла.

Таканаречените бивалентни дози, развиени од Модерна и тимовите од Фајзер и Бопнтек, се насочени кон подсоевите на Омикрон БА. 5 и БА. 4, кои во моментов претставуваат 84,8 отсто од инфекциите со коронавирус во САД, спoред д најновите податоци.

 

The post Директорот на Фајзер се зарази со Ковид вторпат за два месеци appeared first on Република.

]]>

Извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла (60) соопшти дека е позитивен на тестот за ковид по вторпат.
Се чувствувам добро и немам никакви симптоми, рече Бурла.
Во август Бурла за прв пат имаше коронавирус и почна да го пие лекот против Ковид-19 развиен од неговата компанија „Паксловид“. Тој примил четири дози од вакцината против ковид развиена од Фајзер и германскиот партнер Бионтек. Бурла рече дека сè уште не го примил новиот бивалентен бустер.
Не примив бивалентен бустер, ги следев упатствата на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) да чекам три месеци, бидејќи претходно имав ковид во средината на август, објасни Бурла.
Таканаречените бивалентни дози, развиени од Модерна и тимовите од Фајзер и Бопнтек, се насочени кон подсоевите на Омикрон БА. 5 и БА. 4, кои во моментов претставуваат 84,8 отсто од инфекциите со коронавирус во САД, спoред д најновите податоци.  

The post Директорот на Фајзер се зарази со Ковид вторпат за два месеци appeared first on Република.

]]>
Може ли да се заразиме двапати со омикрон варијантата? https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/moze-li-da-se-zarazime-dvapati-so-omikron-varijantata/ Thu, 16 Jun 2022 12:46:16 +0000 https://republika.mk/?p=515987

Ако некогаш сме биле изложени на сојот омикрон на коронавирус, најважното прашање што секогаш се поставува е: дали постои страв од повторно заразување со истиот вид?

Омикронската варијанса не дава имунитет и постои можност за повторна инфекција со овој вид на вирусот.

Студијата на научниците од Империјалниот колеџ во Лондон покажа дека луѓето кои ја имале омикронската варијанта на вирусот немаат заштита од повторна инфекција со вирусот.

Истражувачите откриле дека иако луѓето имале одреден степен на антитела со првата форма на ковид и други подоцнежни варијанти на вирусот, тие не го откриле ова кога ги истражувале соевите на омикрон.

Овие наоди би можеле да објаснат зошто луѓето кои имале омикрон наскоро повторно ја „закачиле“ истата форма на вирусот.

Добрата вест е дека бројот на смртни случаи од ковид е намален, и покрај овие тврдења.

Професорот Дени Алтман од Одделот за имунологија и инфекции објасни дека омикронот е способен да „лета под радарот“ така што човечкиот имунолошки систем не може да го запомни.

Омикрон и неговите варијанти се одлични во пенетрациите, но лоши во поттикнувањето имунитет, па тогаш добиваме нови инфекции. Не само што може да ја пробие бариерата на вакцината, туку се чини дека остава многу малку траги на имунолошкиот систем.

Истражувањето покажа дека кај оние кои трипати биле вакцинирани без претходна инфекција, омикрон обезбедил зајакнување на имунитетот против претходните соеви на коронавирусот – изјави Алтман.

The post Може ли да се заразиме двапати со омикрон варијантата? appeared first on Република.

]]>

Ако некогаш сме биле изложени на сојот омикрон на коронавирус, најважното прашање што секогаш се поставува е: дали постои страв од повторно заразување со истиот вид? Омикронската варијанса не дава имунитет и постои можност за повторна инфекција со овој вид на вирусот. Студијата на научниците од Империјалниот колеџ во Лондон покажа дека луѓето кои ја имале омикронската варијанта на вирусот немаат заштита од повторна инфекција со вирусот. Истражувачите откриле дека иако луѓето имале одреден степен на антитела со првата форма на ковид и други подоцнежни варијанти на вирусот, тие не го откриле ова кога ги истражувале соевите на омикрон. Овие наоди би можеле да објаснат зошто луѓето кои имале омикрон наскоро повторно ја „закачиле“ истата форма на вирусот. Добрата вест е дека бројот на смртни случаи од ковид е намален, и покрај овие тврдења. Професорот Дени Алтман од Одделот за имунологија и инфекции објасни дека омикронот е способен да „лета под радарот“ така што човечкиот имунолошки систем не може да го запомни.
Омикрон и неговите варијанти се одлични во пенетрациите, но лоши во поттикнувањето имунитет, па тогаш добиваме нови инфекции. Не само што може да ја пробие бариерата на вакцината, туку се чини дека остава многу малку траги на имунолошкиот систем. Истражувањето покажа дека кај оние кои трипати биле вакцинирани без претходна инфекција, омикрон обезбедил зајакнување на имунитетот против претходните соеви на коронавирусот – изјави Алтман.

The post Може ли да се заразиме двапати со омикрон варијантата? appeared first on Република.

]]>
За само една недела 1.247 лица се заразиле вторпат со ковид-19 https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/za-samo-edna-nedela-1-247-lica-se-zarazile-vtorpat-so-kovid-19/ Tue, 18 Jan 2022 08:04:50 +0000 https://republika.mk/?p=446141

Само за една недела има нови 1.247 реинфекции, што е зголемување од 31,8% во однос на претходната недела. Од почетокот на епидемијата, регистрирани се 3.380 реинфекции, што е 1,4% од вкупниот брои на инфицирани, покажува поледниот извештај на Институтот за јавно здравје.

Во периодот од 10 до 16 јануари годинава во земјава се регистрирани вкупно 11.123 нови позитивни случаи на Ковид-19, што е зголемување од 33,9% во однос на претходната седмица.

Тестирани се вкупно 45.401 материјали, за 14,7% помалку од претходните седум дена, а процентот на позитивност се движел од 21,4% до 30,2%, просечно 24,4%“, се наведува во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.

Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 439 лица (25,1% повеќе во
споредба со претходна недела), а од нив 251 се на кислородна поддршка и 26 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Заклучно со 16 јануари годинава, пријавени се вкупно 245.398 случаи на Ковид-19. Регистрирани се 8.115 смртни случаи. Активни во моментов се 16.397 лица, а 220.886 се водат како оздравени.

The post За само една недела 1.247 лица се заразиле вторпат со ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Само за една недела има нови 1.247 реинфекции, што е зголемување од 31,8% во однос на претходната недела. Од почетокот на епидемијата, регистрирани се 3.380 реинфекции, што е 1,4% од вкупниот брои на инфицирани, покажува поледниот извештај на Институтот за јавно здравје.
Во периодот од 10 до 16 јануари годинава во земјава се регистрирани вкупно 11.123 нови позитивни случаи на Ковид-19, што е зголемување од 33,9% во однос на претходната седмица. Тестирани се вкупно 45.401 материјали, за 14,7% помалку од претходните седум дена, а процентот на позитивност се движел од 21,4% до 30,2%, просечно 24,4%“, се наведува во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.
Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 439 лица (25,1% повеќе во споредба со претходна недела), а од нив 251 се на кислородна поддршка и 26 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација. Заклучно со 16 јануари годинава, пријавени се вкупно 245.398 случаи на Ковид-19. Регистрирани се 8.115 смртни случаи. Активни во моментов се 16.397 лица, а 220.886 се водат како оздравени.

The post За само една недела 1.247 лица се заразиле вторпат со ковид-19 appeared first on Република.

]]>
Вкупно 13 починати од ковид-19, меѓу нив и едно бебе, уште 1.732 позитивни од кои 204 вторпат се заразиле https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vkupno-13-pochinati-od-kovid-19-megju-niv-i-edno-bebe-ushte-1-732-pozitivni-od-koi-204-vtorpat-se-zarazile/ Fri, 14 Jan 2022 18:04:29 +0000 https://republika.mk/?p=444712

Вкупно 13 пациенти починале од компликации од ковид-19, меѓу нив и едно бебе, а уште 1.732 се позитивни од кои 204 вторпат се заразиле, соопшти Министерството за здравство.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (68г и 88г) и Велес (57г и 83г) и по едно починато лице од Прилеп (84г), Кавадарци (69г) и Свети Николе (79г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 6 починати лица, од Скопје (3), од Охрид (1), Кавадарци (1) и Куманово (1), на возраст од 0-91 година. Регистрираните се починати во период од 24.12.2021-11.01.2022. Од починатите лица, 4 се починати во болнички, а 2 лица во домашни услови.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 6.928 тестови, а регистрирани се 1.732 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 788, Битола – 159, Прилеп – 95, Куманово – 79, Охрид – 57, Кавадарци – 47,
Велес – 45, Кичево – 38, Тетово – 35, Штип – 34, Струмица – 33, Ресен – 31, Гостивар – 30, Неготино – 29, Гевгелија – 27, Кочани – 26, Радовиш – 24, Делчево и Крушево – по 20, Струга – 18, Валандово – 16, Демир Хисар – 14, Свети Николе – 13, Берово – 12, Богданци – 11, Крива Паланка – 10, Пробиштип – 5, Дебар, Виница и Кратово – по 3, Македонски Брод, Демир Капија и Македонска Каменица – по 2, Пехчево - 1 .

Од вкупниот број на позитивни (1.732), регистрирани се 204 реинфекции.

Регистрирани сe 1.035 оздравени пациенти од: Скопје – 659, Битола – 114, Прилеп – 52, Кавадарци – 32, Штип – 22, Куманово – 18, Тетово – 11, Охрид, Струмица и Неготино – по 10, Ресен, Гевгелија и Струга – по 9, Гостивар и Радовиш – по 8, Велес и Богданци – по 7, Крушево и Крива Паланка - по 6, Пробиштип – 5, Кичево, Делчево, Валандово и Демир Хисар – по 4, Кочани – 3, Свети Николе – 2, Демир Капија и Пехчево – по 1.

Направени се 6.928 тестови преку: ИЈЗ-448, ЦЈЗ Скопје-98, ЦЈЗ Битола-113, ЦЈЗ Прилеп-58, ЦЈЗ Тетово–19, ЦЈЗ Куманово-90, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-23, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–186, Жан Митрев (Филип Втори)-184, Авицена-243, Биотек-430, Систина-122, лабораторија Лаор-168, Синлаб-51, Ремедика-14, Плодност-122, Генеа-18, Никоб Лаб-683, ВФВ Медикал-448, Ели Медика-21, Ројал Медика–42, Спектра-ММ-34, Рапид Лаб–48, Жан Митрев Струмица–35, Нова Лаб Дијагностика–15, Рамус-32, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.180.

Досега во земјата се направени вкупно 1.692.991 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 241.651, бројот на оздравени пациенти е 218.340, на починати е 8.083, а бројот на активни случаи изнесува 15.228.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 108346, Активни 8333
Куманово 13670, Активни 490
Прилеп 11723, Активни 839
Тетово 11653, Активни 206
Битола 10870, Активни 1423
Гостивар 8280, Активни 183
Кавадарци 7913, Активни 407
Велес 7809, Активни 270
Охрид 7345, Активни 535
Штип 7051, Активни 259
Струмица 6583, Активни 267
Кичево 4538, Активни 202
Кочани 4276, Активни 152
Струга 4079, Активни 131
Гевгелија 3222, Активни 249
Неготино 2797, Активни 133
Свети Николе 2227, Активни 66
Крива Паланка 2050, Активни 81
Ресен 2049, Активни 151
Радовиш 1979, Активни 151
Делчево 1565, Активни 86
Берово 1528, Активни 45
Дебар 1474, Активни 15
Виница 1210, Активни 31
Пробиштип 1199, Активни 49
Валандово 1182, Активни 133
Кратово 808, Активни 19
Богданци 749, Активни 56
Крушево 741, Активни 130
Демир Хисар 693, Активни 46
Македонски Брод 579, Активни 32
Демир Капија 451, Активни 15
Македонска Каменица 446, Активни 18
Пехчево 376, Активни 16
Дојран 190, Активни 9

The post Вкупно 13 починати од ковид-19, меѓу нив и едно бебе, уште 1.732 позитивни од кои 204 вторпат се заразиле appeared first on Република.

]]>

Вкупно 13 пациенти починале од компликации од ковид-19, меѓу нив и едно бебе, а уште 1.732 се позитивни од кои 204 вторпат се заразиле, соопшти Министерството за здравство. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (68г и 88г) и Велес (57г и 83г) и по едно починато лице од Прилеп (84г), Кавадарци (69г) и Свети Николе (79г). Пријавените лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 6 починати лица, од Скопје (3), од Охрид (1), Кавадарци (1) и Куманово (1), на возраст од 0-91 година. Регистрираните се починати во период од 24.12.2021-11.01.2022. Од починатите лица, 4 се починати во болнички, а 2 лица во домашни услови. Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 6.928 тестови, а регистрирани се 1.732 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 788, Битола – 159, Прилеп – 95, Куманово – 79, Охрид – 57, Кавадарци – 47, Велес – 45, Кичево – 38, Тетово – 35, Штип – 34, Струмица – 33, Ресен – 31, Гостивар – 30, Неготино – 29, Гевгелија – 27, Кочани – 26, Радовиш – 24, Делчево и Крушево – по 20, Струга – 18, Валандово – 16, Демир Хисар – 14, Свети Николе – 13, Берово – 12, Богданци – 11, Крива Паланка – 10, Пробиштип – 5, Дебар, Виница и Кратово – по 3, Македонски Брод, Демир Капија и Македонска Каменица – по 2, Пехчево - 1 . Од вкупниот број на позитивни (1.732), регистрирани се 204 реинфекции. Регистрирани сe 1.035 оздравени пациенти од: Скопје – 659, Битола – 114, Прилеп – 52, Кавадарци – 32, Штип – 22, Куманово – 18, Тетово – 11, Охрид, Струмица и Неготино – по 10, Ресен, Гевгелија и Струга – по 9, Гостивар и Радовиш – по 8, Велес и Богданци – по 7, Крушево и Крива Паланка - по 6, Пробиштип – 5, Кичево, Делчево, Валандово и Демир Хисар – по 4, Кочани – 3, Свети Николе – 2, Демир Капија и Пехчево – по 1. Направени се 6.928 тестови преку: ИЈЗ-448, ЦЈЗ Скопје-98, ЦЈЗ Битола-113, ЦЈЗ Прилеп-58, ЦЈЗ Тетово–19, ЦЈЗ Куманово-90, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-23, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–186, Жан Митрев (Филип Втори)-184, Авицена-243, Биотек-430, Систина-122, лабораторија Лаор-168, Синлаб-51, Ремедика-14, Плодност-122, Генеа-18, Никоб Лаб-683, ВФВ Медикал-448, Ели Медика-21, Ројал Медика–42, Спектра-ММ-34, Рапид Лаб–48, Жан Митрев Струмица–35, Нова Лаб Дијагностика–15, Рамус-32, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.180. Досега во земјата се направени вкупно 1.692.991 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 241.651, бројот на оздравени пациенти е 218.340, на починати е 8.083, а бројот на активни случаи изнесува 15.228. Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно) Скопје 108346, Активни 8333 Куманово 13670, Активни 490 Прилеп 11723, Активни 839 Тетово 11653, Активни 206 Битола 10870, Активни 1423 Гостивар 8280, Активни 183 Кавадарци 7913, Активни 407 Велес 7809, Активни 270 Охрид 7345, Активни 535 Штип 7051, Активни 259 Струмица 6583, Активни 267 Кичево 4538, Активни 202 Кочани 4276, Активни 152 Струга 4079, Активни 131 Гевгелија 3222, Активни 249 Неготино 2797, Активни 133 Свети Николе 2227, Активни 66 Крива Паланка 2050, Активни 81 Ресен 2049, Активни 151 Радовиш 1979, Активни 151 Делчево 1565, Активни 86 Берово 1528, Активни 45 Дебар 1474, Активни 15 Виница 1210, Активни 31 Пробиштип 1199, Активни 49 Валандово 1182, Активни 133 Кратово 808, Активни 19 Богданци 749, Активни 56 Крушево 741, Активни 130 Демир Хисар 693, Активни 46 Македонски Брод 579, Активни 32 Демир Капија 451, Активни 15 Македонска Каменица 446, Активни 18 Пехчево 376, Активни 16 Дојран 190, Активни 9

The post Вкупно 13 починати од ковид-19, меѓу нив и едно бебе, уште 1.732 позитивни од кои 204 вторпат се заразиле appeared first on Република.

]]>
Секој четврти тест позитивен на Ковид-19, но Македонија без нови мерки https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/sekoj-chetvrti-test-pozitiven-na-kovid-19-no-makedonija-bez-novi-merki/ Fri, 14 Jan 2022 07:48:22 +0000 https://republika.mk/?p=444410

Секој четврти тестиран е позитивен на Ковид-19, додека во околу 70% од материјалите се регистрира сојот омикрон кој е веќе присутен во 12 градови во државава. Според надлежните здравствени работници, пикот сè уште не е достигнат, но во наредниот период се очекува стагнација на бројот на новозаболени, а потоа би следувало значително опаѓање и стабилизирање на состојбата.

Омикрон брзо се шири, а низ земјава има над 350 хоспитализирани пациенти во болниците.

Во земјава вчера беа регистрирани нови 1.865 случаи на Ковид-19. Од нив, 207 се реинфекции. Бројот на активни случаи изнесува 14.545.

Од новодијагностицираните, во Скопје се 871, а потоа следуваат Битола со 177 и Прилеп со 119. Во останатите градови, бројот на нови случаи е двоцифрен или едноцифрен. Според податоците од вчерашниот билтен, оздравени се 784 пациенти, а починати се осум лица од кои најмладиот на 45 години.

Досега кај нас се направени вкупно 1.686.063 тестирања на Ковид-19, а вкупниот број инфицирани од почетокот на епидемијата изнесува 239.920.

Комисијата за заразни болести засега нема предлози за нови мерки, ниту за скратување на времето на изолација на позитивни од тестирани на SARS-CoV-2 кои се асимптоматски случаи. За овој предлог, членовите ќе донесат одлука по дополнителна обемна дискусија која ќе следи во наредните денови.

Се разгледува и евентуалната можност за промена на почетокот на второто полугодие од учебната година, но одлуката по овој предлог ќе биде донесена непосредно пред почетокот на второто полугодие, бидејќи клучно ќе биде каква е епидемилошката состојба во државата.

 

The post Секој четврти тест позитивен на Ковид-19, но Македонија без нови мерки appeared first on Република.

]]>

Секој четврти тестиран е позитивен на Ковид-19, додека во околу 70% од материјалите се регистрира сојот омикрон кој е веќе присутен во 12 градови во државава. Според надлежните здравствени работници, пикот сè уште не е достигнат, но во наредниот период се очекува стагнација на бројот на новозаболени, а потоа би следувало значително опаѓање и стабилизирање на состојбата. Омикрон брзо се шири, а низ земјава има над 350 хоспитализирани пациенти во болниците. Во земјава вчера беа регистрирани нови 1.865 случаи на Ковид-19. Од нив, 207 се реинфекции. Бројот на активни случаи изнесува 14.545. Од новодијагностицираните, во Скопје се 871, а потоа следуваат Битола со 177 и Прилеп со 119. Во останатите градови, бројот на нови случаи е двоцифрен или едноцифрен. Според податоците од вчерашниот билтен, оздравени се 784 пациенти, а починати се осум лица од кои најмладиот на 45 години. Досега кај нас се направени вкупно 1.686.063 тестирања на Ковид-19, а вкупниот број инфицирани од почетокот на епидемијата изнесува 239.920. Комисијата за заразни болести засега нема предлози за нови мерки, ниту за скратување на времето на изолација на позитивни од тестирани на SARS-CoV-2 кои се асимптоматски случаи. За овој предлог, членовите ќе донесат одлука по дополнителна обемна дискусија која ќе следи во наредните денови. Се разгледува и евентуалната можност за промена на почетокот на второто полугодие од учебната година, но одлуката по овој предлог ќе биде донесена непосредно пред почетокот на второто полугодие, бидејќи клучно ќе биде каква е епидемилошката состојба во државата.  

The post Секој четврти тест позитивен на Ковид-19, но Македонија без нови мерки appeared first on Република.

]]>