второ полугодие Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vtoro-polugodie/ За подобро да се разбереме Tue, 23 Jan 2024 14:02:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png второ полугодие Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vtoro-polugodie/ 32 32 Заминале во странство: Во Гостивар има околу 200 ученици помалку на почетокот на второто полугодие https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zaminale-vo-stranstvo-vo-gostivar-ima-okolu-200-uchenitsi-pomalku-na-pochetokot-na-vtoroto-polugodie/ Tue, 23 Jan 2024 11:58:19 +0000 https://republika.mk/?p=735897

Според податоците на општинската Дирекција за образование, второто полугодие од учебната година на територијата на Гостивар започна со околу 200 деца помалку во училишните клупи.

Во втората половина од годината бројот на ученици во училиштата е намален за околу 200, а причината е заминувањето во странство“, нагласуваат од Дирекцијата.

Речиси 10.000 ученици учат во основните и средните училишта во Гостивар.

Со слична трагедија се соочуваат и штипјани, бидејќи 50 ученици од основните и од средните училишта во овој град вчера не го почнаа второто полугодие во учебната 2023/2024 година поради тоа што заедно со семејствата се преселиле во странство.

Раководителот на Секторот на образование во Општина Штип Снежана Санева вели дека оваа бројка не е мала.

Според податоците на училиштата, во второто полугодие во средните училишта ќе има помалку 26 ученици, а во основните училишта оваа бројка е 24.

https://republika.mk/vesti/makedonija/pedeset-uchenitsi-zaminale-vo-stranstvo-vtoroto-polugodie-nema-da-go-prodolzhat-vo-shtip/

The post Заминале во странство: Во Гостивар има околу 200 ученици помалку на почетокот на второто полугодие appeared first on Република.

]]>

Според податоците на општинската Дирекција за образование, второто полугодие од учебната година на територијата на Гостивар започна со околу 200 деца помалку во училишните клупи.
Во втората половина од годината бројот на ученици во училиштата е намален за околу 200, а причината е заминувањето во странство“, нагласуваат од Дирекцијата.
Речиси 10.000 ученици учат во основните и средните училишта во Гостивар. Со слична трагедија се соочуваат и штипјани, бидејќи 50 ученици од основните и од средните училишта во овој град вчера не го почнаа второто полугодие во учебната 2023/2024 година поради тоа што заедно со семејствата се преселиле во странство. Раководителот на Секторот на образование во Општина Штип Снежана Санева вели дека оваа бројка не е мала. Според податоците на училиштата, во второто полугодие во средните училишта ќе има помалку 26 ученици, а во основните училишта оваа бројка е 24. https://republika.mk/vesti/makedonija/pedeset-uchenitsi-zaminale-vo-stranstvo-vtoroto-polugodie-nema-da-go-prodolzhat-vo-shtip/

The post Заминале во странство: Во Гостивар има околу 200 ученици помалку на почетокот на второто полугодие appeared first on Република.

]]>
Почнува второто полугодие https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochnuva-vtoroto-polugodie/ Mon, 22 Jan 2024 07:51:01 +0000 https://republika.mk/?p=735273

По тринеделниот зимски распуст, основците и средношколците денеска се враќаат во училишните клупи за да ја продолжат наставата од второто полугодие на 2023/2024 година. Ќе имаат уште еден, пролетен одмор, од 29 април до 6 мај 2024, што е новина оваа учебна година.

Ново е и што учениците во основните училишта ќе учат до 17 јуни, за да се исполни утврдениот број работни денови (180) согласно календарот за организација на наставата. За средношколците учебната година ќе заврши на 10-ти наместо на 17 јуни. МОН ја смени првичната одлука на барање на Средношколскиот сојуз заради подготовките за запишување во високото образование.

За основците, Владата дополнително ќе треба да одлучи како ќе бидат надоместени двете неработни среди кога треба да се одржат изборите (24 април и 8 мај) и дали учебната година во основните училишта ќе заврши два дена после 17 јуни.

Ќе треба да се разгледа како може да се постапи за тие два дена кои се предвидени за реализација во календарот за работа на годишно ниво. Ќе известиме навремено кога ќе има владина одлука за тоа, рече Шаќири.

Покрај пролетниот распуст за сите ученици и продолжената учебна година за основците, новина во второто полугодие ќе биде и постепената примена на нов електронски дневник (Е-дневник). Како пилот-проект ќе се воведе во 40 основни и средни училишта во неколку општини во државава за да се отстранат евентуалните слабости пред да се употребува во сите училишта. Изготвен е со поддршка на ЕУ преку ИПА-фондови.

Пред неколку години целосно беше повлечена хартиената форма на дневникот и воведен Е-дневник, но се појавија проблеми во функционирањето – пад на системот поради што податоците требаше да се воведуваат постепено и во периоди. По реакции на наставниците, повторно беше воведен хартиен дневник, а воедно почна и ИПА-проект за креирање нов електронски дневник кој ќе биде пофункционален од претходниот.

За време на зимскиот распуст, Владата на предлог на МОН, усвои два предлог-закона – за средно образование и за средно стручно образование и обука, кои треба да ги заменат актуелните од 1995 и 2007 година. Тие се проследени во Собранието и се очекува да бидат донесени од овој пратенички состав. Министерот Шаќири ги повика парламентарците да ги изгласаат новите закони затоа што постојните, како што рече, не соодветствуваат со реалноста.

The post Почнува второто полугодие appeared first on Република.

]]>

По тринеделниот зимски распуст, основците и средношколците денеска се враќаат во училишните клупи за да ја продолжат наставата од второто полугодие на 2023/2024 година. Ќе имаат уште еден, пролетен одмор, од 29 април до 6 мај 2024, што е новина оваа учебна година. Ново е и што учениците во основните училишта ќе учат до 17 јуни, за да се исполни утврдениот број работни денови (180) согласно календарот за организација на наставата. За средношколците учебната година ќе заврши на 10-ти наместо на 17 јуни. МОН ја смени првичната одлука на барање на Средношколскиот сојуз заради подготовките за запишување во високото образование. За основците, Владата дополнително ќе треба да одлучи како ќе бидат надоместени двете неработни среди кога треба да се одржат изборите (24 април и 8 мај) и дали учебната година во основните училишта ќе заврши два дена после 17 јуни.
Ќе треба да се разгледа како може да се постапи за тие два дена кои се предвидени за реализација во календарот за работа на годишно ниво. Ќе известиме навремено кога ќе има владина одлука за тоа, рече Шаќири.
Покрај пролетниот распуст за сите ученици и продолжената учебна година за основците, новина во второто полугодие ќе биде и постепената примена на нов електронски дневник (Е-дневник). Како пилот-проект ќе се воведе во 40 основни и средни училишта во неколку општини во државава за да се отстранат евентуалните слабости пред да се употребува во сите училишта. Изготвен е со поддршка на ЕУ преку ИПА-фондови. Пред неколку години целосно беше повлечена хартиената форма на дневникот и воведен Е-дневник, но се појавија проблеми во функционирањето – пад на системот поради што податоците требаше да се воведуваат постепено и во периоди. По реакции на наставниците, повторно беше воведен хартиен дневник, а воедно почна и ИПА-проект за креирање нов електронски дневник кој ќе биде пофункционален од претходниот. За време на зимскиот распуст, Владата на предлог на МОН, усвои два предлог-закона – за средно образование и за средно стручно образование и обука, кои треба да ги заменат актуелните од 1995 и 2007 година. Тие се проследени во Собранието и се очекува да бидат донесени од овој пратенички состав. Министерот Шаќири ги повика парламентарците да ги изгласаат новите закони затоа што постојните, како што рече, не соодветствуваат со реалноста.

The post Почнува второто полугодие appeared first on Република.

]]>
Шаќири: Второто полугодие почна во сите училишта, главна цел ни е подобрување на условите за едукација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shakiri-vtoroto-polugodie-pochna-vo-site-uchilishta-glavna-tsel-ni-e-podobruvane-na-uslovite-za-edukatsija/ Tue, 24 Jan 2023 09:42:55 +0000 https://republika.mk/?p=600361

Второто полугодие од учебната 2022-2023 година вчера почна со физичко присуство во училиштата во сите општини, одложено за неколку дена согласно проценката на МОН и на Владата дека така училиштата подобро ќе се подготват за преостанатиот дел од годината.

Успешен старт на второто полугодие од учебната 2022-2023 во сите општини и училишни објекти. Продолжува наставата со физичко присуство, испораката на нови учебници и реализацијата на низа капитални инвестиции. На сите ученици им посакувам успешно продолжение на образовниот процес. Многу нови знаења, вештини и лесно надминување на предизвиците на патот кон надградувањето и остварувањето на личниот потенцијал. На наставниците им посакувам успешна и креативна настава и максимална заложба и посветеност кои оние кои треба да го предводат општеството во иднина, објави министерот Јетон Шаќири на Фејсбук.

Тој ветува целосна заложба на МОН за подобрување на сите аспекти на воспитно-образовниот систем и дека главна цел останува подобрување на условите за едукација.

Како клучни приоритети ќе ги наведам процесите за продолжување на тековните и отпочнување на низа нови инфраструктурни инвестиции во општините каде се нотирани најголеми потреби од вложувања, а во над 100 училишта во сите општини ќе се подобри ИТ-инфраструктурата и ќе се изградат пристапни рампи. Ќе продолжи испораката на веќе одобрените и набавката на нови учебници за основното и средното образование. За наставниот кадар ќе продолжи процесот на професионален развој, преку тековно спроведување на обуките предвидени во планот за 2023 година, за надградба на нивните знаења и вештини во различните подрачја, наведува Шаќири.

The post Шаќири: Второто полугодие почна во сите училишта, главна цел ни е подобрување на условите за едукација appeared first on Република.

Мицковски: Битно златно доба за Албанците било https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskovski-bitno-zlatno-doba-za-albantsite-bilo/ Mon, 23 Jan 2023 12:00:04 +0000 https://republika.mk/?p=599975

Почна второ полугодие, уште нема учебници за сите деца, потенцира активистот Ивор Мицковски.

Битно златно доба за Албанците било, коментира тој.

The post Мицковски: Битно златно доба за Албанците било appeared first on Република.

Почнува второто полугодие од учебната 2022/2023: Наставата нема да заврши на 10 јуни https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochnuva-vtoroto-polugodie-od-uchebnata-2022-2023-nastavata-nema-da-zavrshi-na-10-ti-juni/ Mon, 23 Jan 2023 07:42:06 +0000 https://republika.mk/?p=599737

За основците и средношколците денеска почнува второто полугодие од учебната 2022/2023 година. Со одлука на Владата, зимскиот распуст беше продолжен и почетокот на наставата одложен од 18-ти на 23 јануари заради функционалност на училиштата.

Најверојатно учебната година ќе заврши на 14 јуни наместо на 9 јуни (петок) затоа што, како што изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири, учениците треба да ги одработат сите 180 работни наставни денови утврдени со Календарот за воспитно-образовниот процес во училиштата.

-За подобро функционирање на процесот, поради тоа што 18 јануари е среда, 19-ти е празник за поголем дел од граѓаните и 20-ти е петок, одлучивме второто полугодие да почне во понеделник. Исто така, да се изработат сите 180 работни денови до крајот на ова второ полугодие. Има три работни наставни денови и не гледам причина да има некаков проблем, рече Шаќири минатата недела.

Министерот вчера најави дека на почетокот на второто полугодие ќе се испорачаат учебниците по матетматика и општество за второ одделение.

Тој пред почетокот на второто полугодие истакна дека годинава ќе има и дел од учебниците за средно гимназиско образование, а речиси сите учебници за средно стручно образование ќе бидат целосно достапни и во електронска форма.

Министерството за образование и наука годинава ќе обезбеди и нови учебници за странски јазици за основно и средно образование. Министерот Шаќири го најави и новиот Закон за учебници.

-Министерството за образование и наука со оглед на предизвиците со учебниците што се појавија, утврди дека има потреба од нов подобар Закон за учебници, со кои ќе се минимизираат можностите за грешки, доцнење и слични проблеми и убеден сум дека следниот септември дел од проблемите што се појавија ќе бидат минато и нема да се повторат. Иако МОН не е дел од процесот на одобрување на учебници, ја користам приликата да ја информирам јавноста дека ги активираме сите можни механизми, довербата на граѓаните да биде уште поголема, рече Шаќири.

The post Почнува второто полугодие од учебната 2022/2023: Наставата нема да заврши на 10 јуни appeared first on Република.

]]>

За основците и средношколците денеска почнува второто полугодие од учебната 2022/2023 година. Со одлука на Владата, зимскиот распуст беше продолжен и почетокот на наставата одложен од 18-ти на 23 јануари заради функционалност на училиштата. Најверојатно учебната година ќе заврши на 14 јуни наместо на 9 јуни (петок) затоа што, како што изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири, учениците треба да ги одработат сите 180 работни наставни денови утврдени со Календарот за воспитно-образовниот процес во училиштата. -За подобро функционирање на процесот, поради тоа што 18 јануари е среда, 19-ти е празник за поголем дел од граѓаните и 20-ти е петок, одлучивме второто полугодие да почне во понеделник. Исто така, да се изработат сите 180 работни денови до крајот на ова второ полугодие. Има три работни наставни денови и не гледам причина да има некаков проблем, рече Шаќири минатата недела. Министерот вчера најави дека на почетокот на второто полугодие ќе се испорачаат учебниците по матетматика и општество за второ одделение. Тој пред почетокот на второто полугодие истакна дека годинава ќе има и дел од учебниците за средно гимназиско образование, а речиси сите учебници за средно стручно образование ќе бидат целосно достапни и во електронска форма. Министерството за образование и наука годинава ќе обезбеди и нови учебници за странски јазици за основно и средно образование. Министерот Шаќири го најави и новиот Закон за учебници. -Министерството за образование и наука со оглед на предизвиците со учебниците што се појавија, утврди дека има потреба од нов подобар Закон за учебници, со кои ќе се минимизираат можностите за грешки, доцнење и слични проблеми и убеден сум дека следниот септември дел од проблемите што се појавија ќе бидат минато и нема да се повторат. Иако МОН не е дел од процесот на одобрување на учебници, ја користам приликата да ја информирам јавноста дека ги активираме сите можни механизми, довербата на граѓаните да биде уште поголема, рече Шаќири.

The post Почнува второто полугодие од учебната 2022/2023: Наставата нема да заврши на 10 јуни appeared first on Република.

]]>
Шаќири тврди дека учебници за второ одделение ќе има на почетокот на второто полугодие https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shakiri-tvrdi-deka-uchebnitsi-za-vtoro-oddelenie-ke-ima-na-pochetokot-na-vtoroto-polugodie/ Sun, 22 Jan 2023 16:21:23 +0000 https://republika.mk/?p=599641

Учениците од второ одделение на почетокот на второто полугодие ќе ги добијат учебниците по математика и општетство, најави денеска Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири. Тој пред почетокот на второто полугодие истакна дека годинава ќе има и дел од учебниците за средно гимназиско образование, а речиси сите учебници за средно стручно образование ќе бидат целосно достапни и во електронска форма.

Министерството за образование и наука годинава ќе обезбеди и нови учебници за странски јазици за основно и средно образование. Министерот Шаќири го најави и новиот Закон за учебници.

Министерството за образование и наука со оглед на предизвиците со учебниците што се појавија, утврди дека има потреба од нов подобар Закон за учебници, со кои ќе се минимизираат можностите за грешки, доцнење и слични проблеми и убеден сум дека следниот септември дел од проблемите што се појавија ќе бидат минато и нема да се повторат. Иако МОН не е дел од процесот на одобрување на учебници, ја користам приликата да ја информирам јавноста дека ги активираме сите можни механизми, довербата на граѓаните да биде уште поголема, рече Шаќири.

Најавува дека и инвестициите во нови лабаратории, надгледни средства, таблети и компјутери ќе се удвојат, а стотина училишта ќе имаат целосна вифи покриеност, со што, како што, вели Шаќири ќе се намали дигиталниот јаз.

Прашан дали годинава ќе има зголемување на платите на наставниот кадар во основните и средни училишта, Шаќири вели дека лани добиле рекордно покачување на платите од 15 отсто, а оти во моментов со синдикатите се разговара и за донесување нов колективен договор.

Ценам дека трудот на наставниците се уште е недоволно награден, со оглед и на инфлацијата, па така ние и во моментов разговараме со синдикатите и бараме решение за нов колективен договор, со кој ќе се покачат платите во образованието, рече Шаќири.

Министерот за образование и наука смета дека со инвестициите во наставниот кадар, неговото усовршување, реновирањето на училиштата, со воведување нa целодневна настава на целата територија на државата ќе се побара и поголем труд од наставниците, со цел да има поподготвени ученици, кои полесно ќе се вклучат на пазарот на трудот. Забележа дека лани МОН имало 95 ороценти реализација на капиталните инвестиции, а годинава околу 50 училишта ќе се реновираат, но и ќе се градат нови училишта во дваесеттина општини.

The post Шаќири тврди дека учебници за второ одделение ќе има на почетокот на второто полугодие appeared first on Република.

]]>

Учениците од второ одделение на почетокот на второто полугодие ќе ги добијат учебниците по математика и општетство, најави денеска Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири. Тој пред почетокот на второто полугодие истакна дека годинава ќе има и дел од учебниците за средно гимназиско образование, а речиси сите учебници за средно стручно образование ќе бидат целосно достапни и во електронска форма. Министерството за образование и наука годинава ќе обезбеди и нови учебници за странски јазици за основно и средно образование. Министерот Шаќири го најави и новиот Закон за учебници.
Министерството за образование и наука со оглед на предизвиците со учебниците што се појавија, утврди дека има потреба од нов подобар Закон за учебници, со кои ќе се минимизираат можностите за грешки, доцнење и слични проблеми и убеден сум дека следниот септември дел од проблемите што се појавија ќе бидат минато и нема да се повторат. Иако МОН не е дел од процесот на одобрување на учебници, ја користам приликата да ја информирам јавноста дека ги активираме сите можни механизми, довербата на граѓаните да биде уште поголема, рече Шаќири.
Најавува дека и инвестициите во нови лабаратории, надгледни средства, таблети и компјутери ќе се удвојат, а стотина училишта ќе имаат целосна вифи покриеност, со што, како што, вели Шаќири ќе се намали дигиталниот јаз. Прашан дали годинава ќе има зголемување на платите на наставниот кадар во основните и средни училишта, Шаќири вели дека лани добиле рекордно покачување на платите од 15 отсто, а оти во моментов со синдикатите се разговара и за донесување нов колективен договор.
Ценам дека трудот на наставниците се уште е недоволно награден, со оглед и на инфлацијата, па така ние и во моментов разговараме со синдикатите и бараме решение за нов колективен договор, со кој ќе се покачат платите во образованието, рече Шаќири.
Министерот за образование и наука смета дека со инвестициите во наставниот кадар, неговото усовршување, реновирањето на училиштата, со воведување нa целодневна настава на целата територија на државата ќе се побара и поголем труд од наставниците, со цел да има поподготвени ученици, кои полесно ќе се вклучат на пазарот на трудот. Забележа дека лани МОН имало 95 ороценти реализација на капиталните инвестиции, а годинава околу 50 училишта ќе се реновираат, но и ќе се градат нови училишта во дваесеттина општини.

The post Шаќири тврди дека учебници за второ одделение ќе има на почетокот на второто полугодие appeared first on Република.

]]>
МОН: Второто полугодие почнува на 23 јануари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mon-vtoroto-polugodie-pochnuva-na-23-januari-2/ Tue, 17 Jan 2023 13:41:56 +0000 https://republika.mk/?p=597926

Министерството за образование и наука информира дека учебната година продолжува на 23 јануари. Со одлука на Владата, на предлог на Министерството, второто полугодие од учебната 2022/23 година наместо на 18 јануари почнува на 23 јануари (понеделник), со физичко присуство за сите ученици. Зимскиот распуст е продолжен поради заштита на здравјето на учениците и заштеда на електрична енергија за греење.

Со оглед на тоа што дел од јавните основни и средни училишта сè уште ја немаат искористено поволноста за снабдување со субвенционирана електрична енергија, апелираме до раководствата на образовните установи и општините како нивни основачи, да ја реализираат оваа можност. Со тоа, училиштата ќе ги намалат трошоците за електрична енергија и ќе се овозможи непречено одржување на настава со физичко присуство до крајот на учебната година, информираат од МОН.

Оттаму посочуваат дека одговорноста на секој чинител во реализацијата на воспитно-образовниот процес придонесува за повисок квалитет на образованието.

The post МОН: Второто полугодие почнува на 23 јануари appeared first on Република.

Шаќири: До крајот на второто полугодие треба да се одработат сите 180 работни денови https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shakiri-do-krajot-na-vtoroto-polugodie-treba-da-se-odrabotat-site-180-rabotni-denovi/ Mon, 16 Jan 2023 13:50:42 +0000 https://republika.mk/?p=597567

Според календарот за работа во образованието, до крајот на второто полугодие треба да се одработат 180 наставни денови, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири одговарајќи на новинарско прашање дали е точно дека поради одложениот почеток на второто полугодие учебната година ќе заврши на 14-ти наместо на 9 јуни.

На владина седница минатата недела беше одлучено наместо на 18-ти, второто полугодие од учебната 2022/2023 година да почне на 23 јануари, а Шаќири денеска образложи дека причина за одложениот почеток е подобро функционирање на наставниот процес.

За подобро функционирање на процесот, поради тоа што 18 јануари е среда, 19-ти е празник за поголем дел од граѓаните и 20-ти е петок, одлучивме второто полугодие да почне во понеделник. Исто така, да се изработат сите 180 работни денови до крајот на ова второ полугодие. Што значи дека иако, освен 10-ти, има три работни наставни денови, не гледам причина да има некаков проблем, рече Шаќири одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата на премиерот Димитар Ковачевски.

The post Шаќири: До крајот на второто полугодие треба да се одработат сите 180 работни денови appeared first on Република.

]]>

Според календарот за работа во образованието, до крајот на второто полугодие треба да се одработат 180 наставни денови, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири одговарајќи на новинарско прашање дали е точно дека поради одложениот почеток на второто полугодие учебната година ќе заврши на 14-ти наместо на 9 јуни. На владина седница минатата недела беше одлучено наместо на 18-ти, второто полугодие од учебната 2022/2023 година да почне на 23 јануари, а Шаќири денеска образложи дека причина за одложениот почеток е подобро функционирање на наставниот процес.
За подобро функционирање на процесот, поради тоа што 18 јануари е среда, 19-ти е празник за поголем дел од граѓаните и 20-ти е петок, одлучивме второто полугодие да почне во понеделник. Исто така, да се изработат сите 180 работни денови до крајот на ова второ полугодие. Што значи дека иако, освен 10-ти, има три работни наставни денови, не гледам причина да има некаков проблем, рече Шаќири одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата на премиерот Димитар Ковачевски.

The post Шаќири: До крајот на второто полугодие треба да се одработат сите 180 работни денови appeared first on Република.

]]>
Заради заштеда на греење и заштита на здравјето на учениците, второто полугодие ќе почне на 23 јануари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zaradi-zashteda-na-greene-i-zashtita-na-zdravjeto-na-uchenitsite-vtoroto-polugodie-ke-zapochne-na-23-januari/ Tue, 10 Jan 2023 14:23:07 +0000 https://republika.mk/?p=595443

Владата на Република Македонија денеска на 118-та редовна седница го разгледа и го усвои предлогот на Министерството за образование и наука, второто полугодие од учебната 2022/23 година наместо на18 јануари да започне на 23 јануари (понеделник) со физичко присуство за сите ученици. Во образложението од Министерството за образование и наука е наведено дека зимскиот распуст се продолжува поради заштеда на греење и заштита на здравјето на учениците.

The post Заради заштеда на греење и заштита на здравјето на учениците, второто полугодие ќе почне на 23 јануари appeared first on Република.

Шаќири: Училиштата се подготвени за настава со физичко присуство, нема огромен број позитивни наставници или деца https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shakjiri-uchilishtata-se-podgotveni-za-nastava-so-fizichko-prisustvo-nema-ogromen-broj-pozitivni-nastavnici-ili-deca/ Tue, 01 Feb 2022 09:46:58 +0000 https://republika.mk/?p=452290

Училиштата се подготвени за настава со физичко присуство, но неопходно е доследно да се почитуваат антиковид протоколите за да се заштити здравјето и училиштата да останат отворени до крајот на учебната година, изјави денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

Информацијата за подготвеноста на училиштата ја добил од директорите на сите основни и средни училишта со кои комуницирал во изминатите десет дена.

Најважна информација е дека училиштата се подготвени. Најрадосен сум што во училниците видов деца кои се радосни за почетокот на второто полугодие и дека се во училиштата. Ќе бидеме во секојдневна комуникација со претставници на сите училишта за нови случаи и секој ден ќе ја имаме предвид реализацијата на наставата. Директорите кажуваат дека нема огромен број позитивни наставници, професори или деца, рече Шаќири при посетата на основното училиште „Битолски конгрес“ во скопската општина Чаир.

Тој уште додаде дека не може со претпоставки да одговори како ќе се одвива наставата и дека ќе се почитува секоја препорака на надлежната Комисија за заразни болести. Од состанокот на Комисијата денеска се очекуваат и насоки како ќе се реализира најавениот скрининг во училиштата по случаен избор на учениците.

Во врска со барањата учениците да следат настава без заштитни маски, Шаќири одговори дека „ќе има средба со сите што мислат различно“, но дека сите протоколи, вклучително и носењето маски, се препораки од Комисијата и тие треба да се почитуваат.

Министерот за здравство додаде дека Комисијата за заразни болести е известена за тие барања и дека денеска или на нареден состанок ќе одлучува за тоа, а МОН ќе го почитува нејзиното мислење.

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, соопшти дека наставата од второто полугодие на учебната 2021/2022 денеска почнала со физичко присуство за над 8.300 ученици во деветте училишта на територијата на општината.

The post Шаќири: Училиштата се подготвени за настава со физичко присуство, нема огромен број позитивни наставници или деца appeared first on Република.

]]>

Училиштата се подготвени за настава со физичко присуство, но неопходно е доследно да се почитуваат антиковид протоколите за да се заштити здравјето и училиштата да останат отворени до крајот на учебната година, изјави денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Информацијата за подготвеноста на училиштата ја добил од директорите на сите основни и средни училишта со кои комуницирал во изминатите десет дена.
Најважна информација е дека училиштата се подготвени. Најрадосен сум што во училниците видов деца кои се радосни за почетокот на второто полугодие и дека се во училиштата. Ќе бидеме во секојдневна комуникација со претставници на сите училишта за нови случаи и секој ден ќе ја имаме предвид реализацијата на наставата. Директорите кажуваат дека нема огромен број позитивни наставници, професори или деца, рече Шаќири при посетата на основното училиште „Битолски конгрес“ во скопската општина Чаир.
Тој уште додаде дека не може со претпоставки да одговори како ќе се одвива наставата и дека ќе се почитува секоја препорака на надлежната Комисија за заразни болести. Од состанокот на Комисијата денеска се очекуваат и насоки како ќе се реализира најавениот скрининг во училиштата по случаен избор на учениците. Во врска со барањата учениците да следат настава без заштитни маски, Шаќири одговори дека „ќе има средба со сите што мислат различно“, но дека сите протоколи, вклучително и носењето маски, се препораки од Комисијата и тие треба да се почитуваат. Министерот за здравство додаде дека Комисијата за заразни болести е известена за тие барања и дека денеска или на нареден состанок ќе одлучува за тоа, а МОН ќе го почитува нејзиното мислење. Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, соопшти дека наставата од второто полугодие на учебната 2021/2022 денеска почнала со физичко присуство за над 8.300 ученици во деветте училишта на територијата на општината.

The post Шаќири: Училиштата се подготвени за настава со физичко присуство, нема огромен број позитивни наставници или деца appeared first on Република.

]]>
Учениците се враќаат во училиштата, почнува второто полугодие https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/uchenicite-se-vrakjaat-vo-uchilishtata-pochnuva-vtoroto-polugodie/ Tue, 01 Feb 2022 07:45:21 +0000 https://republika.mk/?p=452195

По едномесечниот, продолжен зимски распуст, околу 255 илјади ученици денеска се враќаат во училишните клупи за второто полугодие од учебната 2021/2022 година. Поради влошената епидемилошката состојба и проценката дека земјата се наоѓа на врвот од  КОВИД-заразата, наставата не почна на 20 јануари и беше одложена за десетина дена по препорака на Главниот координативен кризен штаб и со одлука на Владата.

И покрај пролонгираниот почеток, учебната 2021/2022 ќе заврши во редовниот термин – 10 јуни 2022 и за таа цел Владата на седница веќе го утврди бројот на наставни денови во вонредни околности. Во сите училишта (основни и средни) се утврдени 172 наставни денови, освен за средношколците во завршна година за кои се утврдени 158 поради нивните обврски за државната матура и  полагањето на двата екстерни  испита закажани за 4 и 13 јуни.

Ставот на надлежните во здравство и образование е учебната година, како и во првото полугодие, да продолжи со физичко присуство, со примена на антиковид-протоколите, така што и натаму резервни остануваат другите две сценарија што беа подготвени летото – настава на далечина и комбинирана настава со ротации на ученици во иста паралелка.

ПрватÐ ° детска амбасада „Меѓаши“, Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и опозициската ВМРО-ДПМНЕ деновиве бараа Владата да ја преиспита одлуката и наставата да продолжи онлајн затоа што се високи бројките на  новозаразени со КОВИД-19, чести се и реинфекциите што се должи на брзото ширење на сојот омикрон.

Според министерот за здравство Беким Сали, одлуката е донесена откако е проценето дека епидемиолошката состојба дозволува настава со физичко присуство.

Според нашите податоци, нема потреба од онлајн-учење во овој момент. Епидемиолошката состојба се менува секоја недела, а врз основа на тие податоци ние и ги носиме одлуките, рече Сали во петокот кога најави скрининг по случаен избор меѓу учениците како превентивна мерка.

Вчера тој соопшти дека Комисијата за заразни болести денеска на состанок ќе одлучува како и кога ќе се реализира скринингот во училиштата, а ќе го спроведат центрите за јавно здравје кои ја водат евиденцијата на сите позитивни случаи.

И ресорниот министер Јетон Шаќири укажа дека состојбата постојано ќе се следи и МОН ќе биде во постојана комуникација со Комисијата за заразни болести и со Кризниот штаб.

Тој во средата изјави дека одлуката ќе била лесна ако била истата варијанта од вирусот како што беше во септември и октомври, затоа што во првото полугодие заразата во училиштата беше стабилна и, според малиот број на новозаразени и активни случаи, училиштата не биле средини каде што таа се шири.

Сега има нова варијанта, но и тоа не значи дека почетокот на второто полугодие со физичко присуство ќе го зголеми бројот на заразени. МОН ќе биде во постојана комуникација и секој ден ќе има средби со директорите на основните и на средните училишта, изјави Шаќири, посочувајќи притоа и дека градинките се постојано отворени, а функционираат и други сектори.

The post Учениците се враќаат во училиштата, почнува второто полугодие appeared first on Република.

]]>

По едномесечниот, продолжен зимски распуст, околу 255 илјади ученици денеска се враќаат во училишните клупи за второто полугодие од учебната 2021/2022 година. Поради влошената епидемилошката состојба и проценката дека земјата се наоѓа на врвот од  КОВИД-заразата, наставата не почна на 20 јануари и беше одложена за десетина дена по препорака на Главниот координативен кризен штаб и со одлука на Владата. И покрај пролонгираниот почеток, учебната 2021/2022 ќе заврши во редовниот термин – 10 јуни 2022 и за таа цел Владата на седница веќе го утврди бројот на наставни денови во вонредни околности. Во сите училишта (основни и средни) се утврдени 172 наставни денови, освен за средношколците во завршна година за кои се утврдени 158 поради нивните обврски за државната матура и  полагањето на двата екстерни  испита закажани за 4 и 13 јуни. Ставот на надлежните во здравство и образование е учебната година, како и во првото полугодие, да продолжи со физичко присуство, со примена на антиковид-протоколите, така што и натаму резервни остануваат другите две сценарија што беа подготвени летото – настава на далечина и комбинирана настава со ротации на ученици во иста паралелка. ПрватÐ ° детска амбасада „Меѓаши“, Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и опозициската ВМРО-ДПМНЕ деновиве бараа Владата да ја преиспита одлуката и наставата да продолжи онлајн затоа што се високи бројките на  новозаразени со КОВИД-19, чести се и реинфекциите што се должи на брзото ширење на сојот омикрон. Според министерот за здравство Беким Сали, одлуката е донесена откако е проценето дека епидемиолошката состојба дозволува настава со физичко присуство.
Според нашите податоци, нема потреба од онлајн-учење во овој момент. Епидемиолошката состојба се менува секоја недела, а врз основа на тие податоци ние и ги носиме одлуките, рече Сали во петокот кога најави скрининг по случаен избор меѓу учениците како превентивна мерка.
Вчера тој соопшти дека Комисијата за заразни болести денеска на состанок ќе одлучува како и кога ќе се реализира скринингот во училиштата, а ќе го спроведат центрите за јавно здравје кои ја водат евиденцијата на сите позитивни случаи. И ресорниот министер Јетон Шаќири укажа дека состојбата постојано ќе се следи и МОН ќе биде во постојана комуникација со Комисијата за заразни болести и со Кризниот штаб. Тој во средата изјави дека одлуката ќе била лесна ако била истата варијанта од вирусот како што беше во септември и октомври, затоа што во првото полугодие заразата во училиштата беше стабилна и, според малиот број на новозаразени и активни случаи, училиштата не биле средини каде што таа се шири.
Сега има нова варијанта, но и тоа не значи дека почетокот на второто полугодие со физичко присуство ќе го зголеми бројот на заразени. МОН ќе биде во постојана комуникација и секој ден ќе има средби со директорите на основните и на средните училишта, изјави Шаќири, посочувајќи притоа и дека градинките се постојано отворени, а функционираат и други сектори.

The post Учениците се враќаат во училиштата, почнува второто полугодие appeared first on Република.

]]>
Јаневска: Јас барам 2 недели онлајн настава, тие манипулираат, нека им служи на чест https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-jas-baram-2-nedeli-onlajn-nastava-tie-manipuliraat-neka-im-sluzi-na-chest/ Mon, 31 Jan 2022 12:24:23 +0000 https://republika.mk/?p=451962

Што би можело да биде лажно и неискрено во едно обично барање за 2 недели онлајн настава, навистина не ми е јасно, напиша професорката Весна Јаневска на својот фејсбук профил.

Наместо да образложат зошто сметаат дека не е опасно за децата и нивната околина да тргнат на училиште физички, при околу 2000 заразени дневно со Ковид19 вирусот, тие обвинуваат дека сме лицемерни. При тоа, не плашат со УНИЦЕФ, демек ние неписмените, не ги знаеме препораките па треба да ни ги кажат. Можеби и не не плашат нас, зошто и нема ништо за плашење, туку само се куражат, а и оправдуваат себе си, што би било пологично.

Дека не мислиме исто и не користиме ист речник за комуникација со јавноста е очигледно. Јас барам 2 недели онлајн настава, тие манипулираат. Нека им служи на чест.

Инаку оние кои решиле второто полугодие да почне со физичка настава во вакви услови НИТУ ЕДНАШ НЕ ВЛЕГЛЕ ВО УЧИЛНИЦА ДА ВИДАТ ШТО СЕ СЛУЧУВА ТАМУ, ЗОШТО ДА ВЛЕГЛЕ НЕ БИ ДАВАЛЕ ТАКВИ ПРЕПОРАКИ.

The post Јаневска: Јас барам 2 недели онлајн настава, тие манипулираат, нека им служи на чест appeared first on Република.

Барања за онлајн настава пред утрешниот почеток на второто полугодие https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/baranja-za-onlajn-nastava-pred-utreshniot-pochetok-na-vtoroto-polugodie/ Mon, 31 Jan 2022 08:07:03 +0000 https://republika.mk/?p=451763

Со Одлука на Владата од минатата недела, второто полугодие во основните и средните училишта во земјава треба да почне утре со физичко присуство на учениците. Но, во пресрет на продолжението на учебната година зачестија барањата за почеток на второто полугодие со онлајн настава. По Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), со вакво барења излезе и Првата детска амбасада во светот „Меѓаши”, како и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Владата на 26 јануари по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе одлука наставата во основното и средното образование да продолжи со физичко присуство на учениците на 1 февруари. Министерот за здравство Беким Сали во петокот изјави оти ваквата одлука е донесена откако е проценето дека епидемиолошката состојба дозволува настава со физичко присуство. Тој сепак нагласи дека Министерството за здравство ќе спроведува скрининг меѓу учениците по случаен избор и доколку се појави ширење на вирусот во одреден регион, општина или град, ќе бидат преземени соодветни мерки мерки.

Според нашите податоци нема потреба од онлајн учење во овој момент. Епидемиолошката состојба се менува секоја недела, а врз основа на тие податоци ние и ги носиме одлуките. Тоа значи дека од 1 февруари ќе се почне со физичко присуство во училиштата и како Министерството ќе преземеме превентивни мерки со случаен скрининг и зависно од регионот, градот или општината ако се појави епидемија, ќе се преземат мерки, изјави Сали.

СОНК во четвртокот побара од Владата да ја преиспита одлуката за почеток на второто полугодие со физичко присуство, со оценка дека во ситуација кога расте бројот на новозаболени треба да се започне со онлајн настава во првите две недели, а потоа да се согледа епидемиолошката ситуација за да се почне со физичко присуство.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, во изјава за МИА истакна дека во период кога во земјава расте процентот на новозаболени од КОВИД-19, доколку наставата почне со физичко присуство, постои реална можност вирусот многу побрзо да се шири.

Бараме преиспитување на одлуката од причина што сметаме дека процентот на новозаболени секојдневно е во нагорна линија и доколку учениците одат со физичко присуство постои реална можност училиштата да се претворат во кластери и вирусот побрзо да се шири. Од таа причина сметаме дека одреден временски период од пример две недели наставата да биде онлајн, па да се согледаат состојбите од ширење на вирусот и доколку е во надолна линија, да се направи проценка и да се види дали постојат услови за физичко присуство, нагласи Неделков.

Во петокот и Првата детска амбасада во светот „Меѓаши” соопшти дека упатила барање до Владата и до Комисијата за заразни болести за преиспитување на одлуката за почеток на второто полугодие со физичко присуство на учениците.

Според „Меѓаши”, бројот на заболени деца што се јавиле во Институтот за белодробни заболувања во периодот крајот на декември 2021 – почетокот на втората половина на јануари е двојно зголемен од вообичаениот број за време на најголемите пикови во претходните бранови, па со оглед на ваквата состојба неопходно да се размисли дали започнувањето на наставата со физичко присуство е најсоодветниот начин на продолжување на наставата или е подобро да се започне барем две седмици подоцна или онлајн.

Цврсто веруваме дека оваа одлука треба да биде преиспитана во насока на започнување на полугодието со онлајн настава, најмалку за две седмици од февруари, а потоа да се одлучи повторно за евентуално продолжување одреден период, следејќи ја актуелната епидемиолошка состојба. Меѓу другото, сметаме дека е добро Владата да размисли за брзо реагирање и обезбедување на сите основни и средни училишта со брзи тестови, така како што и голем дел држави веќе подолго време практикуваат. Веруваме дека и приватниот сектор (особено фармацевтскиот) би можел да излезе во пресрет и да го заштити јавното или колективното здравје доколку им се обрати Владата. Искрено веруваме дека ќе ја донесете вистинската одлука што е во најдобриот интерес на децата, се наведува во барањето од „Меѓаши”.

Вчера и ВМРО-ДПМНЕ побара власта да ја преиспита одлуката за започнување на второто полугодие со физички присуство „во услови кога сојот омикрон коси во државата”.

Затоа предлагаме наставата од второто полугодие за учениците од четврто до деветто одделение да продолжи онлајн во наредните две недели, а од прво до трето одделение наставата да започне со физичко присуство, но секојдневно да се следи епидемиолошката состојба во училиштата низ Македонија, наведоа од ВМРО-ДПМНЕ.

Ваквото барање на ВМРО-ДПМНЕ од СДСМ го оценија како „лицемерно, неискрено и лажно”.

Одлуката за наставата да продолжи со физичко присуство е донесена врз основа на мислењето на стручните лица, на Комисијата за заразни болести и согласно препораките на УНИЦЕФ. Здравјето на учениците е заштитено со спроведувањето на протоколите за одржување настава со физичко присуство, а тоа се покажа и во минатото, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Здруженијата „Од нас за нас” и „Слобода и правда”, пак, вчера со протестен караван со автомобили и вклучени сирени низ улиците на Струмица побараа учебната година да продолжи со физичко присуство, но без протоколи за децата, односно без носење маски.

Барање за укинување на задолжителното носење маски во училиштата, уште претходно достави и Иницијативата „СТОП за носењето маски во училиштата”, која дури најави дека нивните членови нема да ги пуштаат децата на настава во второто полугодие со маски.

The post Барања за онлајн настава пред утрешниот почеток на второто полугодие appeared first on Република.

]]>

Со Одлука на Владата од минатата недела, второто полугодие во основните и средните училишта во земјава треба да почне утре со физичко присуство на учениците. Но, во пресрет на продолжението на учебната година зачестија барањата за почеток на второто полугодие со онлајн настава. По Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), со вакво барења излезе и Првата детска амбасада во светот „Меѓаши”, како и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Владата на 26 јануари по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе одлука наставата во основното и средното образование да продолжи со физичко присуство на учениците на 1 февруари. Министерот за здравство Беким Сали во петокот изјави оти ваквата одлука е донесена откако е проценето дека епидемиолошката состојба дозволува настава со физичко присуство. Тој сепак нагласи дека Министерството за здравство ќе спроведува скрининг меѓу учениците по случаен избор и доколку се појави ширење на вирусот во одреден регион, општина или град, ќе бидат преземени соодветни мерки мерки.
Според нашите податоци нема потреба од онлајн учење во овој момент. Епидемиолошката состојба се менува секоја недела, а врз основа на тие податоци ние и ги носиме одлуките. Тоа значи дека од 1 февруари ќе се почне со физичко присуство во училиштата и како Министерството ќе преземеме превентивни мерки со случаен скрининг и зависно од регионот, градот или општината ако се појави епидемија, ќе се преземат мерки, изјави Сали.
СОНК во четвртокот побара од Владата да ја преиспита одлуката за почеток на второто полугодие со физичко присуство, со оценка дека во ситуација кога расте бројот на новозаболени треба да се започне со онлајн настава во првите две недели, а потоа да се согледа епидемиолошката ситуација за да се почне со физичко присуство. Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, во изјава за МИА истакна дека во период кога во земјава расте процентот на новозаболени од КОВИД-19, доколку наставата почне со физичко присуство, постои реална можност вирусот многу побрзо да се шири.
Бараме преиспитување на одлуката од причина што сметаме дека процентот на новозаболени секојдневно е во нагорна линија и доколку учениците одат со физичко присуство постои реална можност училиштата да се претворат во кластери и вирусот побрзо да се шири. Од таа причина сметаме дека одреден временски период од пример две недели наставата да биде онлајн, па да се согледаат состојбите од ширење на вирусот и доколку е во надолна линија, да се направи проценка и да се види дали постојат услови за физичко присуство, нагласи Неделков.
Во петокот и Првата детска амбасада во светот „Меѓаши” соопшти дека упатила барање до Владата и до Комисијата за заразни болести за преиспитување на одлуката за почеток на второто полугодие со физичко присуство на учениците. Според „Меѓаши”, бројот на заболени деца што се јавиле во Институтот за белодробни заболувања во периодот крајот на декември 2021 – почетокот на втората половина на јануари е двојно зголемен од вообичаениот број за време на најголемите пикови во претходните бранови, па со оглед на ваквата состојба неопходно да се размисли дали започнувањето на наставата со физичко присуство е најсоодветниот начин на продолжување на наставата или е подобро да се започне барем две седмици подоцна или онлајн.
Цврсто веруваме дека оваа одлука треба да биде преиспитана во насока на започнување на полугодието со онлајн настава, најмалку за две седмици од февруари, а потоа да се одлучи повторно за евентуално продолжување одреден период, следејќи ја актуелната епидемиолошка состојба. Меѓу другото, сметаме дека е добро Владата да размисли за брзо реагирање и обезбедување на сите основни и средни училишта со брзи тестови, така како што и голем дел држави веќе подолго време практикуваат. Веруваме дека и приватниот сектор (особено фармацевтскиот) би можел да излезе во пресрет и да го заштити јавното или колективното здравје доколку им се обрати Владата. Искрено веруваме дека ќе ја донесете вистинската одлука што е во најдобриот интерес на децата, се наведува во барањето од „Меѓаши”.
Вчера и ВМРО-ДПМНЕ побара власта да ја преиспита одлуката за започнување на второто полугодие со физички присуство „во услови кога сојот омикрон коси во државата”.
Затоа предлагаме наставата од второто полугодие за учениците од четврто до деветто одделение да продолжи онлајн во наредните две недели, а од прво до трето одделение наставата да започне со физичко присуство, но секојдневно да се следи епидемиолошката состојба во училиштата низ Македонија, наведоа од ВМРО-ДПМНЕ.
Ваквото барање на ВМРО-ДПМНЕ од СДСМ го оценија како „лицемерно, неискрено и лажно”.
Одлуката за наставата да продолжи со физичко присуство е донесена врз основа на мислењето на стручните лица, на Комисијата за заразни болести и согласно препораките на УНИЦЕФ. Здравјето на учениците е заштитено со спроведувањето на протоколите за одржување настава со физичко присуство, а тоа се покажа и во минатото, се наведува во реакцијата на СДСМ.
Здруженијата „Од нас за нас” и „Слобода и правда”, пак, вчера со протестен караван со автомобили и вклучени сирени низ улиците на Струмица побараа учебната година да продолжи со физичко присуство, но без протоколи за децата, односно без носење маски. Барање за укинување на задолжителното носење маски во училиштата, уште претходно достави и Иницијативата „СТОП за носењето маски во училиштата”, која дури најави дека нивните членови нема да ги пуштаат децата на настава во второто полугодие со маски.

The post Барања за онлајн настава пред утрешниот почеток на второто полугодие appeared first on Република.

]]>
Сали: Второто полугодие почнува на први февруари и маски треба да се носат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sali-vtoroto-polugodie-pochnuva-na-prvi-fevruari-i-maski-treba-da-se-nosat/ Fri, 28 Jan 2022 12:49:58 +0000 https://republika.mk/?p=450715

Сите иницијативи кои се превземаат од родители и одредени групи не сносат правна одговорност. Инстутот за јавно здравје и Министерството за здравство имаат искуство со пандемии и епдемии кај децата според нашите искуства нема да има потреба од изолација односно онлајн учење во овој период затоа што епидемиолошката состојба се менува секоја недела, кажа министерот за здравство Беким Сали во врска почетокот на второто полугодие.

Второто полугодие ќе почне со физичко присуство на 1 февруари и ние како министерство ќе направиме скрининг по случен избор на деца и во зависност од регионот ќе превземеме нови мерки, рече министерот.

Во врска со најавите на иницијативите дека децата ќе ги испратат во училиште без маски, министерот упати апел објаснувајќи:

Mаски треба да се носaт и личната хигиена е најважна.

Тој напомена дека бројот на заболени е намален изминативе денови.

Нема зголемување забележуваме дека има опаѓа на бројот на зарзени нема потреба од нови мерки, кажа Сали.

The post Сали: Второто полугодие почнува на први февруари и маски треба да се носат appeared first on Република.

СОНК: Омикрон брзо се шири, првите две недели од второто полугодие да бидат онлајн https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sonk-bara-da-se-preispita-odlukata-za-nastava-so-fizichko-prisustvo/ Thu, 27 Jan 2022 10:50:54 +0000 https://republika.mk/?p=450188

Владата и Министерството за образование и наука да ја преиспитаат одлуката второто полугодие за основното и средното образование да почне на 1 февруари, пред сè, поради сериозната епидемиолошка состојба во земјата, побара денеска Самостојниот синдикат за образование и наука (СОНК), со предлог да се размислува за алтернативно решение за изведување на наставата, барем во првите две недели од почетокот на второто полугодие.

Јаким Неделков, претседателот на СОНК, вели дека во време на висок процент на заразени и минусни температури, не се сигурни дека Владата донела исправна одлука за начинот на одржување на наставата во второто полугодие.

 Затоа бараме алтернативно изведување на наставата, па потоа да се види каква ќе биде епидемиолошката состојба. Првично предлагаме наставата две недели од февруари да се одвива онлајн. Наставниците се веќе обучени, на учениците им е познат начинот на функционирање. Знаеме дека тој начин е потежок, но засега е побезбеден – додава претседателот на СОНК.

Владата на вчерашната седница, по препорака на Комисијата за заразни болести и согласно препораките на УНИЦЕФ, донесе одлука второто полугодие да започне на 1 февруари со физичко присуство и согласно протоколите за заштита од коронавирусот.

На 17 јануари годинава Владата одлучи да се одложи почетокот на второто полугодие, кое требаше да стартува на 20 јануари. Утврди и дека учебната 2021/2022 година ќе заврши во редовниот термин, односно на 10 јуни 2022.

The post СОНК: Омикрон брзо се шири, првите две недели од второто полугодие да бидат онлајн appeared first on Република.

]]>

Владата и Министерството за образование и наука да ја преиспитаат одлуката второто полугодие за основното и средното образование да почне на 1 февруари, пред сè, поради сериозната епидемиолошка состојба во земјата, побара денеска Самостојниот синдикат за образование и наука (СОНК), со предлог да се размислува за алтернативно решение за изведување на наставата, барем во првите две недели од почетокот на второто полугодие. Јаким Неделков, претседателот на СОНК, вели дека во време на висок процент на заразени и минусни температури, не се сигурни дека Владата донела исправна одлука за начинот на одржување на наставата во второто полугодие.
 Затоа бараме алтернативно изведување на наставата, па потоа да се види каква ќе биде епидемиолошката состојба. Првично предлагаме наставата две недели од февруари да се одвива онлајн. Наставниците се веќе обучени, на учениците им е познат начинот на функционирање. Знаеме дека тој начин е потежок, но засега е побезбеден – додава претседателот на СОНК.
Владата на вчерашната седница, по препорака на Комисијата за заразни болести и согласно препораките на УНИЦЕФ, донесе одлука второто полугодие да започне на 1 февруари со физичко присуство и согласно протоколите за заштита од коронавирусот. На 17 јануари годинава Владата одлучи да се одложи почетокот на второто полугодие, кое требаше да стартува на 20 јануари. Утврди и дека учебната 2021/2022 година ќе заврши во редовниот термин, односно на 10 јуни 2022.

The post СОНК: Омикрон брзо се шири, првите две недели од второто полугодие да бидат онлајн appeared first on Република.

]]>
Движењето„Поддршка за онлајн настава” бара второто полугодие од учебната година да почне онлајн https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dvizenjeto-poddrshka-za-onlajn-nastava-bara-vtoroto-polugodie-od-uchebnata-godina-da-pochne-onlajn/ Mon, 10 Jan 2022 12:40:17 +0000 https://republika.mk/?p=442582

Движењето „Поддршка за онлајн настава" произлезено од Фејсбук група која брои 15 илјади членови денеска на прес-конференција побара второто полугодие од учебната 2021/22 да почне со онлајн настава.

Ние не сме способни да имаме комбирнирана, не сме способни да имаме ни со физичко присуство настава, затоа што децата во една училница со 30-40 метри квадратни го пренесуваат вирусот многу брзо. Шансата за заразување е многу голема. Ги фрламе во оган не само децата, туку и нивните родители, бабите, дедовците, цели семејства, изјави Ана Глигорова, претставник на движењето „Поддршка за онлајн настава".

Апелираше до министерот за здравство и министерката за образование и наука, односно Комисијата за заразни болести да дадат предлог до Владата нивното барање да се реализира.

Ако со делтата и со првиот вухански сој се заразуваа еден, двајца, во овој случај се заразуваат буквално сите. Сметаме дека во училиштата досега не се придржуваа до протоколите во првото полугодие, децата се заразуваа во ноември иако тоа се криеше, дел од децата кои беа онлајн според законот беа изложени на мобинг од страна на одредени наставници, не беа ни вклучувани. Имаме дете од внатрешноста на Македонија кое цело прво полугодие не било вклучено, одземено му е уставното право на образование на тоа дете, кое е шесто одделение. Сега таткото презема правни мерки да го реши случајот. Се работи за огромен број случаи кои едноставно сакаат онлајн настава во второто полугодие поради здравствениот ризик во земјава, рече Глигорова.

Правото на образование, наведе таа, е загарантирано со Уставот, а дел од законите се грубо прекршени.

Во моментов имаме нагорна линија на позитивни лица на корона вирусот, па сметаме дека нема услови за настава со физичко присуство во тесни училници, непочитување на протоколи, нетестирање на ученици и персонал, отворени прозорци во зимски услови, поради што за кратко време ќе се доведат во смртна опасност голем број на семејства, велат од Движењето „Поддршка за онлајн настава".

The post Движењето„Поддршка за онлајн настава” бара второто полугодие од учебната година да почне онлајн appeared first on Република.