второ издание Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vtoro-izdanie/ За подобро да се разбереме Tue, 23 Jul 2024 10:20:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png второ издание Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vtoro-izdanie/ 32 32 „Господ, па Америка“ на Румена Бужаровска со второ издание во „Три“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/gospod-pa-amerika-na-rumena-buzharovska-so-vtoro-izdanie-vo-tri/ Tue, 23 Jul 2024 10:20:59 +0000 https://republika.mk/?p=799467

По саемското објавување во мај оваа година, „Господ, па Америка“ ја освои читателската публика со своите „нешто повеќе од есеи“, како што ги нарече нејзиниот промотор Ивор Мицковски.

По три месеци, на полиците на ТРИ пристигна второто издание на оваа извонредна книга, што е уште еден доказ за ерудицијата, чувствителноста и можноста на книжевноста да ги одредува и да ги надминува границите.

Книгата оригинално беше напишана на англиски јазик, а есеите постапно беа објавувани на српски јазик на сајтот „Велике приче“. Румена Бужаровска е една од најпреведуваните авторки во нашата земја, досега објавена на четиринаесет јазици, а расказите од „Мојот маж“ и „Не одам никаде“ се поставени во шест театарски претстави што се играат со голем успех кај нас и во странство.

Во исчекување на единаесеттото издание на „Мојот маж“, го славиме второто издание на оваа збирка есеи за која од ТРИ изјавуваат дека е една од најбараните книги што постојано е меѓу најпродаваните за овие месеци. Повеќе автори веќе се огласија за „Господ, па Америка“.

Според Петар Андоновски, „Ако во расказите Бужаровска е ненадминлива, во есеите е – па, Господ!“А Сашо Огненовски во својата рецензија ја означи како „книга која балансира токму меѓу подземниот анимозитет и слаткоста на секојдневието каде што отворените прашања се секогаш добредојдени, зашто ако не се одговорат сите, ќе нема за што да се живее, ќе нема каде да се оди и зошто да се очекува новиот ден“.

The post „Господ, па Америка“ на Румена Бужаровска со второ издание во „Три“ appeared first on Република.

]]>

По саемското објавување во мај оваа година, „Господ, па Америка“ ја освои читателската публика со своите „нешто повеќе од есеи“, како што ги нарече нејзиниот промотор Ивор Мицковски. По три месеци, на полиците на ТРИ пристигна второто издание на оваа извонредна книга, што е уште еден доказ за ерудицијата, чувствителноста и можноста на книжевноста да ги одредува и да ги надминува границите. Книгата оригинално беше напишана на англиски јазик, а есеите постапно беа објавувани на српски јазик на сајтот „Велике приче“. Румена Бужаровска е една од најпреведуваните авторки во нашата земја, досега објавена на четиринаесет јазици, а расказите од „Мојот маж“ и „Не одам никаде“ се поставени во шест театарски претстави што се играат со голем успех кај нас и во странство. Во исчекување на единаесеттото издание на „Мојот маж“, го славиме второто издание на оваа збирка есеи за која од ТРИ изјавуваат дека е една од најбараните книги што постојано е меѓу најпродаваните за овие месеци. Повеќе автори веќе се огласија за „Господ, па Америка“. Според Петар Андоновски, „Ако во расказите Бужаровска е ненадминлива, во есеите е – па, Господ!“А Сашо Огненовски во својата рецензија ја означи како „книга која балансира токму меѓу подземниот анимозитет и слаткоста на секојдневието каде што отворените прашања се секогаш добредојдени, зашто ако не се одговорат сите, ќе нема за што да се живее, ќе нема каде да се оди и зошто да се очекува новиот ден“.  

The post „Господ, па Америка“ на Румена Бужаровска со второ издание во „Три“ appeared first on Република.

]]>
„Дијалог“ објави второ издание на книгата „Од онаа страна на Небиднината: разговори за Ацо Шопов со Светлана Шопова“ од Иван Антоновски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dijalog-objavi-vtoro-izdanie-na-knigata-od-onaa-strana-na-nebidninata-razgovori-za-atso-shopov-so-svetlana-shopova-od-ivan-antonovski/ Wed, 13 Mar 2024 07:33:47 +0000 https://republika.mk/?p=754212

Издавачката куќа „Дијалог“ објави второ издание на книгата „Од онаа страна на Небиднината: разговори за Ацо Шопов со Светлана Шопова“ од Иван Антоновски. Второто издание на книгата се објавува по само неколку месеци од првото, кое веќе е исцрпено по големиот интерес на читетелите и одгласите на македонската книжевна наука и културологија, а веќе предизвика забележлив интерес и надвор од Македонија.

Академик Ала Шешкен од Универзитетот „Ломоносов“ во Москва нагласува дека „Од онаа страна на Небиднината“ е врвен придонес за македонската книжевност и култура.

Нема да згрешам со тврдењето дека ова е бесценето издание. Книга што е благороден и вистински патриотски чин, без удирање во гради. Со неа се спасени од заборав безброј драгоцени моменти од животот на голем поет. Благодарение на „Од онаа страна на Небиднината“, за современата македонска генерација и за идните поколенија, Ацо Шопов е сочуван како жива личност, доближена со илјадници детали. И ние, странските читатели добивме можност подлабоко да го разбереме овој поет-класик, бидејќи за првпат стануваат достапни важни детали за конкретни песни и за неговото творештво во целина. Добивме подлога за вистинска биографија на Шопов, напоменува академик Шешкен.

Според универзитетската професорка и книжевна критичарка Лидија Капушевска-Дракулевска, Светлана Шопова е нашата Софија Толстој или Надежда Мандељштам, а како автор, Иван Антоновски пројавува извонредна упатеност во животот и делото на Ацо Шопов и фасцинира неговата идејна концепција и творечка вештина во книгата.

Оваа невообичаена, но искрена, „отворена“ книга е клучна за чување и негување на меморијата не само на Ацо Шопов, туку и на нашата културна историја. Зашто, богатиот фактографски материјал, покрај тоа што ги портретира ликот и делото на Ацо Шопов, дава и една панорама на состојбите во македонската книжевност од втората половина на 20 век. Оттаму, интенцијата на овие разговори е да бидат влог во нашето културно наследство и репер за грижата за тоа наследство. Книга што е редок и скапоцен дар кој на читателите им нуди книжевна, културна и општествена авантура од најпрефинет вид, оценува во својата рецензија, Капушевска-Дракулевска.

И според универзитетската професорка и книжевна критичарка, Весна Мојсова-Чепишевска, разговорите поместени во оваа книга се еден вид биографија или обид за вистинската биографија на Ацо Шопов, иако, како што се вели и во книгата, „сета биографија, тој ја запишал во своите стихови…“, но она што во оваа книга го посведочи Светлана Шопова за него не може никој друг.

Книгата „Од онаа страна на Небиднината“ добива визура на оној ткаеж на кој инсистира и Блаже Конески во својата „Везилка“. Оваа книга е „прост и строг“ дијалог, „прост и строг“ муабет, „меѓу времињата – она на Шопов и денешното“ и „меѓу генерациите“. А тоа значи дека Антоновски требал темелно да го исчита Шопов и на тој начин таа сложеност да ја совлада и потоа да ја издигне, да ја трансформира до едноставен разговор. Зашто само на тој начин можел да ѝ биде донекаде рамноправен соговорник на Светлана Шопова и да знае кога и како треба да ја поттикне на одредени моменти кои, ете, таа сака да ги претрча или едноставно да не ни ги открие докрај, истакнува Мојсова-Чепишевска во својата рецензијата.

Според универзитетската професорка, Луси Караниколова-Чочоровска, воодушевувачки е колку во оваа книга, детално и прецизно се опишува живеењето и делувањето на поетот Шопов.

Моето длабоко убедување по однос на книгата „Од онаа страна на Небиднината“ е дека таа конечно  ќе ги осветли „темните“ и ќе ги „расчисти“ тешко проодните места во поезијата на Шопов. Кои, за волја на вистината ниту се тешки, ниту пак темни, ако се има волја длабоко да се навлезе во суштината на поезијата и суштината на поетовото суштествување, нагласува Караниколова-Чочоровска.

И второто издание на „Од онаа страна на Небиднината“ е објавено во соработка и со финансиска поддршка од Фондацијата „Ацо Шопов Поезија“.

Откако првото издание се случи по повод 100 години од раѓањето на Шопов, ова издание се случува во годината кога се навршуваат осум децении од објавувањето на неговата прва книга „Песни“ – прва книга на македонски јазик во слободна Македонија.

Следниве денови, книгата веќе ќе биде достапна за читателите во книжарниците.

The post „Дијалог“ објави второ издание на книгата „Од онаа страна на Небиднината: разговори за Ацо Шопов со Светлана Шопова“ од Иван Антоновски appeared first on Република.

„Бегемот“ го издаде второто издание на „Урбани легенди“ од Васко Марковски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/begemot-go-izdade-vtoroto-izdanie-na-urbani-legendi-od-vasko-markovski/ Wed, 01 Mar 2023 12:09:10 +0000 https://republika.mk/?p=614643

Издавачката куќа „Бегемот“ од Скопје го издаде второто издание на книгата „Урбани легенди“ од Васко Марковски, која првично беше објавена во 2018 година.

„Урбани легенди“ содржи приказни за 50-тина урбани легенди, главно од Скопје, но и од Охрид, Струга, Битола и хронолошки тие опфаќаат период од педесетина години, од катастрофалниот земјотрес на Скопје во 1963 година па до денес.

Второто издание веќе е дистрибуирано во книжарниците, дополнето со неколку пост-скриптуми и мали корекции во текстот и има нов дизајн на корицата која е дело на Наталија Лукомска, полска илустраторка и графичка дизајнерка која живее во Скопје.

Зи-Зи (топ)“, „Ван Гог“, „Круг“, „Сабвеј“. Сале Арарат, Зоки Панкер („Балет“), Роки, Силва и Ѓоко, Соња Андерграунд, Деко, Панде (МКЦ), Миле и Драги („Пони“ и „Браво“) , Реџеп Пампур Ружниот, Рокабилите, Ситна, „Океан Пацифик“, Замокот во Црниче, Коцка, …Тоа се луѓето, местата, феномените кои Марковски ги опиша во „Урбани легенди“.

Васко Марковски е туристички водич, патеписец, фотограф, писател и литературен преведувач. Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, студии по турски јазик и книжевност со чешки јазик и книжевност. Најголемиот дел од професионалната кариера работи како новинар во петнаесетина медиуми: радио, дневни и неделни весници, мултимедија. Од 2018 година се посветил на професијата туристички водич.

The post „Бегемот“ го издаде второто издание на „Урбани легенди“ од Васко Марковски appeared first on Република.

]]>

Издавачката куќа „Бегемот“ од Скопје го издаде второто издание на книгата „Урбани легенди“ од Васко Марковски, која првично беше објавена во 2018 година. „Урбани легенди“ содржи приказни за 50-тина урбани легенди, главно од Скопје, но и од Охрид, Струга, Битола и хронолошки тие опфаќаат период од педесетина години, од катастрофалниот земјотрес на Скопје во 1963 година па до денес. Второто издание веќе е дистрибуирано во книжарниците, дополнето со неколку пост-скриптуми и мали корекции во текстот и има нов дизајн на корицата која е дело на Наталија Лукомска, полска илустраторка и графичка дизајнерка која живее во Скопје. Зи-Зи (топ)“, „Ван Гог“, „Круг“, „Сабвеј“. Сале Арарат, Зоки Панкер („Балет“), Роки, Силва и Ѓоко, Соња Андерграунд, Деко, Панде (МКЦ), Миле и Драги („Пони“ и „Браво“) , Реџеп Пампур Ружниот, Рокабилите, Ситна, „Океан Пацифик“, Замокот во Црниче, Коцка, …Тоа се луѓето, местата, феномените кои Марковски ги опиша во „Урбани легенди“. Васко Марковски е туристички водич, патеписец, фотограф, писател и литературен преведувач. Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, студии по турски јазик и книжевност со чешки јазик и книжевност. Најголемиот дел од професионалната кариера работи како новинар во петнаесетина медиуми: радио, дневни и неделни весници, мултимедија. Од 2018 година се посветил на професијата туристички водич.    

The post „Бегемот“ го издаде второто издание на „Урбани легенди“ од Васко Марковски appeared first on Република.

]]>