втор пат Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vtor-pat/ За подобро да се разбереме Wed, 02 Feb 2022 11:32:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png втор пат Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vtor-pat/ 32 32 ИЈЗ: Се зголемува смртноста од Ковид- над 1.500 пациенти се разболеле по вторпат, 17 по третпат https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ijz-se-zgolemuva-smrtnosta-od-kovid-nad-1-500-pacienti-se-razbolele-po-vtorpat-17-po-tretpat/ Wed, 02 Feb 2022 11:30:04 +0000 https://republika.mk/?p=452929

Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 1.558 реинфекции, скоро идентично во однос на претходната недела.

Заклучно со 30.01.2022 вкупно се регистрирани 6.494 реинфекции (2,4% од вкупен број заразени), од кои 17 се втори реинфекции односно 17 граѓани по трипати се заразиле.

13 лица кои по вторпат се заразиле починале при реинфекцијата, наведено е во неделниот извештај на ИЈЗ.

Досега во лабораторијата за вирусологија при ИЈЗ се детектирани 255 пациенти позитивни на Омикрон варијантата (B1.1.529). Детектирани се и примероци со Делта сојот.

Пријавени се 148 смртни случаи во 26 градови во текот на изминатата недела, за 38,3% повеќе
во однос на минатата недела. Најголем дел од нив се од Скопје (48).

Во однос на возраста, најголем број (n=132; 89,2%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (12), 40-49 години (2) и двајца починати на возраст меѓу 20 и 29 години.

Регистрирана е зголемена инциденца (број на заболувања на 100 илјади жители) во 30 градови во државата, а намалување на инциденцата во последните две недели се забележува во Крушево, Пробиштип, Прилеп, Охрид и Битола во однос на претходните 2 недели.

R0 (фактор на преносливост) се движи од 0,61 во Демир Хисар до 1,32 во Демир Капија. На државно ниво факторот R0 изнесува 1,00 односно еден заболен заразува 1 нов пациент.

The post ИЈЗ: Се зголемува смртноста од Ковид- над 1.500 пациенти се разболеле по вторпат, 17 по третпат appeared first on Република.

]]>

Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 1.558 реинфекции, скоро идентично во однос на претходната недела. Заклучно со 30.01.2022 вкупно се регистрирани 6.494 реинфекции (2,4% од вкупен број заразени), од кои 17 се втори реинфекции односно 17 граѓани по трипати се заразиле. 13 лица кои по вторпат се заразиле починале при реинфекцијата, наведено е во неделниот извештај на ИЈЗ. Досега во лабораторијата за вирусологија при ИЈЗ се детектирани 255 пациенти позитивни на Омикрон варијантата (B1.1.529). Детектирани се и примероци со Делта сојот. Пријавени се 148 смртни случаи во 26 градови во текот на изминатата недела, за 38,3% повеќе во однос на минатата недела. Најголем дел од нив се од Скопје (48). Во однос на возраста, најголем број (n=132; 89,2%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (12), 40-49 години (2) и двајца починати на возраст меѓу 20 и 29 години. Регистрирана е зголемена инциденца (број на заболувања на 100 илјади жители) во 30 градови во државата, а намалување на инциденцата во последните две недели се забележува во Крушево, Пробиштип, Прилеп, Охрид и Битола во однос на претходните 2 недели. R0 (фактор на преносливост) се движи од 0,61 во Демир Хисар до 1,32 во Демир Капија. На државно ниво факторот R0 изнесува 1,00 односно еден заболен заразува 1 нов пациент.

The post ИЈЗ: Се зголемува смртноста од Ковид- над 1.500 пациенти се разболеле по вторпат, 17 по третпат appeared first on Република.

]]>