всленски отпад Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vslenski-otpad/ За подобро да се разбереме Sun, 21 Apr 2024 11:14:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png всленски отпад Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vslenski-otpad/ 32 32 Предмет од вселената пробил покрив и два ката од куќа на Флорида – НАСА објави дека открила за каков објект станува збор https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/predmet-od-vselenata-probil-pokriv-i-dva-kata-od-kuka-na-florida-nasa-objavi-deka-otkrila-za-kakov-objekt-stanuva-zbor/ Sun, 21 Apr 2024 11:14:34 +0000 https://republika.mk/?p=768812

Мистериозен објект кој падна „од небо“ на куќа во Флорида на 8 март всушност е парче вселенски отпад, објави НАСА. Вселенската агенција навела дека се работи за цилиндрично парче метал, тешко 0,7 килограми, високо 10 сантиметри и широко 4 сантиметри.

Заклучено е дека се работи за парче отпад што е фрлено од Меѓународната вселенска станица (ISS) во 2021 година, односно метална потпора за поставување на стари батерии на товарен контејнер. Канистерот беше исфрлен од вселенската станица пред три години и се очекуваше товарот целосно да изгори по повторното влегување во атмосферата на Земјата, но едно парче преживеало.

Објектот го пробил покривот и потоа поминал низ два ката од домот на Алехандро Отеро во градот Неапол на југозападниот брег на Флорида. Вселенскиот објект веднаш е однесен на анализа во вселенскиот центар Кенеди во Кејп Канаверал.

Отеро за телевизиската станица „WINK“ изјави дека предметот испуштал „ужасен звук“ и за влакно го промашил неговиот син.

Се тресев. Бев во потполно неверување. Колкави се шансите нешто да слета на мојата куќа со толкава сила за да предизвика толкава штета. Многу сум благодарен што никој не беше повреден“, вели тој.

The post Предмет од вселената пробил покрив и два ката од куќа на Флорида – НАСА објави дека открила за каков објект станува збор appeared first on Република.

]]>

Мистериозен објект кој падна „од небо“ на куќа во Флорида на 8 март всушност е парче вселенски отпад, објави НАСА. Вселенската агенција навела дека се работи за цилиндрично парче метал, тешко 0,7 килограми, високо 10 сантиметри и широко 4 сантиметри. Заклучено е дека се работи за парче отпад што е фрлено од Меѓународната вселенска станица (ISS) во 2021 година, односно метална потпора за поставување на стари батерии на товарен контејнер. Канистерот беше исфрлен од вселенската станица пред три години и се очекуваше товарот целосно да изгори по повторното влегување во атмосферата на Земјата, но едно парче преживеало. Објектот го пробил покривот и потоа поминал низ два ката од домот на Алехандро Отеро во градот Неапол на југозападниот брег на Флорида. Вселенскиот објект веднаш е однесен на анализа во вселенскиот центар Кенеди во Кејп Канаверал. Отеро за телевизиската станица „WINK“ изјави дека предметот испуштал „ужасен звук“ и за влакно го промашил неговиот син.
Се тресев. Бев во потполно неверување. Колкави се шансите нешто да слета на мојата куќа со толкава сила за да предизвика толкава штета. Многу сум благодарен што никој не беше повреден“, вели тој.

The post Предмет од вселената пробил покрив и два ката од куќа на Флорида – НАСА објави дека открила за каков објект станува збор appeared first on Република.

]]>