Вселенско момче Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vselensko-momche/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Jul 2022 08:31:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Вселенско момче Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vselensko-momche/ 32 32 Наградуваниот белгиски филм „Вселенско момче“ во кината https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nagraduvaniot-belgiski-film-vselensko-momche-vo-kinata/ Thu, 21 Jul 2022 08:22:22 +0000 https://republika.mk/?p=531679

Детскиот белгиски филм „Вселенско момче“, во режија на Оливие Перу, од утре ќе игра во пет киносали низ републиката. Проекциите почнуваат денеска (21 јули) во 13:00 часот во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино, од каде продожуваат во Центарот за култура „АСНОМ“ Гостивар и киното „Милениум“ во Скопје од 15:00 часот, во Кинотека на Македонија со почеток од 18:00 часот и во Домот на култура „Крсте Мисирков“ во Свети Николе од 20:00 часот. Проекциите во Кинотека и кино „Милениум“ и онлајн на Cinesquare.net се во рамки на проектот KidSquare – Детско катче, поддржан од Град Скопје.

Сценариото е на Еузебио Лареа и Оливие Перу. Филмот е добитник на низа награди на фестивали за филмови за млади меѓу кои и Европската награда за филм за деца и награда од детското жири на Интернационалниот филмски фестивал во Рига. Филмот ја освои и главната награда на Интернационалниот детски и младински фестивал во Бусан.

Младиот протагонист во „Вселенско момче“ е 11-годишниот Џим  кој е вљубеник во вселената и науката. Доселувајќи се во нов град со татко му, Џим треба да учествува на натпревар за млади научници со неговата нова соученичка Ема, чувствително и срамежливо девојче. И покрај нејзината неподготвеност, Џим ја убедува да го имитира проектот „Екселсиор“ на Китингер (првиот човек кој стигна до границата на вселената во 1960 година) и тајно да направи вистински воздушен балон. Овој талент го наследува од неговиот татко, Греам, астрофизичар кој треба да оди на вселенска мисија. Бидејќи мајката на Џим е почината, овој проект му е многу важен. Но, кога открива дека Греам се откажал без да му каже, неговиот свет се распаѓа. Натпреварот се претвора во опсесија и Џим сака да докаже дека нема да се откаже како неговиот татко. Џим ја турка Ема до нејзините граници и ја вовлекува во авантура која ќе ги зближи.

Дистрибутер на филмот е Катавеј, а дистрибуцијата на филмот е овозможена од потпрограмата МЕДИА Креативна Европа.

 

The post Наградуваниот белгиски филм „Вселенско момче“ во кината appeared first on Република.

]]>

Детскиот белгиски филм „Вселенско момче“, во режија на Оливие Перу, од утре ќе игра во пет киносали низ републиката. Проекциите почнуваат денеска (21 јули) во 13:00 часот во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино, од каде продожуваат во Центарот за култура „АСНОМ“ Гостивар и киното „Милениум“ во Скопје од 15:00 часот, во Кинотека на Македонија со почеток од 18:00 часот и во Домот на култура „Крсте Мисирков“ во Свети Николе од 20:00 часот. Проекциите во Кинотека и кино „Милениум“ и онлајн на Cinesquare.net се во рамки на проектот KidSquare – Детско катче, поддржан од Град Скопје. Сценариото е на Еузебио Лареа и Оливие Перу. Филмот е добитник на низа награди на фестивали за филмови за млади меѓу кои и Европската награда за филм за деца и награда од детското жири на Интернационалниот филмски фестивал во Рига. Филмот ја освои и главната награда на Интернационалниот детски и младински фестивал во Бусан. Младиот протагонист во „Вселенско момче“ е 11-годишниот Џим  кој е вљубеник во вселената и науката. Доселувајќи се во нов град со татко му, Џим треба да учествува на натпревар за млади научници со неговата нова соученичка Ема, чувствително и срамежливо девојче. И покрај нејзината неподготвеност, Џим ја убедува да го имитира проектот „Екселсиор“ на Китингер (првиот човек кој стигна до границата на вселената во 1960 година) и тајно да направи вистински воздушен балон. Овој талент го наследува од неговиот татко, Греам, астрофизичар кој треба да оди на вселенска мисија. Бидејќи мајката на Џим е почината, овој проект му е многу важен. Но, кога открива дека Греам се откажал без да му каже, неговиот свет се распаѓа. Натпреварот се претвора во опсесија и Џим сака да докаже дека нема да се откаже како неговиот татко. Џим ја турка Ема до нејзините граници и ја вовлекува во авантура која ќе ги зближи. Дистрибутер на филмот е Катавеј, а дистрибуцијата на филмот е овозможена од потпрограмата МЕДИА Креативна Европа.  

The post Наградуваниот белгиски филм „Вселенско момче“ во кината appeared first on Република.

]]>