вселенска патријаршија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vselenska-patrijarshija/ За подобро да се разбереме Wed, 22 May 2024 05:43:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вселенска патријаршија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vselenska-patrijarshija/ 32 32 Бараат да се откажеме од името МПЦ и македонската дијаспора, откри г.г.Стефан за барањата на Вселенската патријаршија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/baraat-da-se-otkazheme-od-imeto-mpts-i-makedonskata-dijaspora-otkri-g-g-stefan-za-baranata-na-vselenskata-patrijarshija/ Wed, 22 May 2024 05:43:09 +0000 https://republika.mk/?p=780657

Вселенската патријаршија поставува неприфатливи услови за да ѝ додели томос за автокефалност на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, изјави архиепискот охридски и македонски г.г Стефан.

Прашан кога ќе биде доделен томосот, тој за штипската телевизија ТВ Стар одговори – кога ќе се исполни времето.

Тоа не може да се претпостави. Може да биде и утре, а може да биде и задутре. Така што ние да ја чуваме црквата, да ја градиме црквата, да градиме односи и релации со другите помесни православни цркви. Тоа ќе дојде кога ќе се исполни времето како што порачува и апостолот Павле, изјави поглаварот на МПЦ-ОА.

Прашан што конкретно бара Вселенската патријаршија, тој посочи дека биле поставени неприфатливи услови - откажување од името Македонска православна црква, отстапување на македонската дијаспора и признавање на Православната црква на Украина.

МПЦ-ОА се враќа во канонско единство со другите православни помесни цркви. Вселенската патријаршија одлучи да ја признае Охридската архиепископија како канонска црква. Оваа одлука не значи то

Вселенската патријаршија која нè упатуваше на тоа и за кое впрочем се потпишани сите православни цркви во Шамбези дека така треба тоа да се случува не прифати во заедничко сослужување во канонско единство со сите православни цркви. Ако ни даде томос ние ќе го прифатиме, но условите кои ни се поставуваат се неприфатливи за нас – откажување од името Mакедонска православна црква, отстапување на македонската дијаспора и признавање на украинската црква која ја призна Цариград, рече г.г. Стефан.

Според поглаварот на МПЦ-ОА, барањата на Цариградската патријаршија тешко ќе бидат позитивно одговорени и реализирани, особено тие поврзани со името и со дијаспората.

Името ние си го имаме, тоа име е наше на никој друг не припаѓа и затоа не треба никој да бара да се откажуваме ние од нашето име, а името на нашата црква е Македонската православна црква возобновена Охридска архиепископија затоа се соджат и и двете имиња во името на нашата црква. Дијаспората кога ќе преземат од сите други народи православни кои имаат своја дијаспора тогаш нека биде и нашава, но тоа прашање тешко ќе биде реализирано односно одговорено во позитивна насока кон барањата на Цариградската патријашрија, изјаци г.г. Стефан.

The post Бараат да се откажеме од името МПЦ и македонската дијаспора, откри г.г.Стефан за барањата на Вселенската патријаршија appeared first on Република.

]]>

Вселенската патријаршија поставува неприфатливи услови за да ѝ додели томос за автокефалност на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, изјави архиепискот охридски и македонски г.г Стефан. Прашан кога ќе биде доделен томосот, тој за штипската телевизија ТВ Стар одговори – кога ќе се исполни времето.
Тоа не може да се претпостави. Може да биде и утре, а може да биде и задутре. Така што ние да ја чуваме црквата, да ја градиме црквата, да градиме односи и релации со другите помесни православни цркви. Тоа ќе дојде кога ќе се исполни времето како што порачува и апостолот Павле, изјави поглаварот на МПЦ-ОА.
Прашан што конкретно бара Вселенската патријаршија, тој посочи дека биле поставени неприфатливи услови - откажување од името Македонска православна црква, отстапување на македонската дијаспора и признавање на Православната црква на Украина. МПЦ-ОА се враќа во канонско единство со другите православни помесни цркви. Вселенската патријаршија одлучи да ја признае Охридската архиепископија како канонска црква. Оваа одлука не значи то
Вселенската патријаршија која нè упатуваше на тоа и за кое впрочем се потпишани сите православни цркви во Шамбези дека така треба тоа да се случува не прифати во заедничко сослужување во канонско единство со сите православни цркви. Ако ни даде томос ние ќе го прифатиме, но условите кои ни се поставуваат се неприфатливи за нас – откажување од името Mакедонска православна црква, отстапување на македонската дијаспора и признавање на украинската црква која ја призна Цариград, рече г.г. Стефан.
Според поглаварот на МПЦ-ОА, барањата на Цариградската патријаршија тешко ќе бидат позитивно одговорени и реализирани, особено тие поврзани со името и со дијаспората.
Името ние си го имаме, тоа име е наше на никој друг не припаѓа и затоа не треба никој да бара да се откажуваме ние од нашето име, а името на нашата црква е Македонската православна црква возобновена Охридска архиепископија затоа се соджат и и двете имиња во името на нашата црква. Дијаспората кога ќе преземат од сите други народи православни кои имаат своја дијаспора тогаш нека биде и нашава, но тоа прашање тешко ќе биде реализирано односно одговорено во позитивна насока кон барањата на Цариградската патријашрија, изјаци г.г. Стефан.

The post Бараат да се откажеме од името МПЦ и македонската дијаспора, откри г.г.Стефан за барањата на Вселенската патријаршија appeared first on Република.

]]>
На втората слава на манастирот во Рајчица ќе присуствува и г. Кирил од Вселенската патријаршија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-vtorata-slava-na-manastirot-vo-rajchitsa-ke-prisustvuva-i-g-kiril-od-vselenskata-patrijarshija/ Tue, 26 Sep 2023 11:22:07 +0000 https://republika.mk/?p=685297

Манастирот „Свети Георгиј Победоносец“, во дебарското село Рајчица, ја одбележува втората манастирската слава, Воздвижението на чесниот и животворен крст Господов – Крстовден.

Одбележувањето почнува вечерва со свечена и празнична вечерна богослужба, која почнува во 18 часот на која ќе претстои Неговото Високопреосвештенство Митрополит на Имврос и Тенедос г. Кирил, во молитвено присуство на Неговото преосвештенство епископ Дремвицки г. Давид и на старецот на Обителта, Неговото преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј.

- Многупочитуваниот Митрополит на Имврос и Тенедос, г. Кирил, кој доаѓа од редовите на Вселенската патријаршија, повторно ни доаѓа како наш драг гостин, овој пат на манастирската слава во чест на празникот Крстовден. Особена чест ни предизвикува тоа што тој ни го носи штедриот благослов од Првопрестолната Црква во православието, возглавена од Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј, кој ја врати нашата Помесна Црква во канонско единство со одлуката од 9 мај 2022 година. Оваа година, пак, и епископот Дремвицки г. Давид е присутен овде со нас, што исто така ја дополнува нашата радост, изјави сестра Ефимија за МИА.

На крајот од вечерната богослужба, проследен од стиховите на празничниот Тропар, ќе биде изнесен на вход крстот со честичка од Чесното дрво и потоа повторно ќе биде внесен во олтарот.

- Утре во 7:30 часот ќе започне Утрената богослужба. На крајот од утрената од светиот Престол, од олтарот, ќе биде изнесен сребрениот филигрански крст, во кој се вметнува крстот од времето на игуменот Арсениј со честица на Чесниот и Животворен Крст, а кој преку годината се чува во големиот кивот на Бигорскиот манастир, додава сестрата.

По чинот на Воздвижението на крстот, на верниците ќе им се даде можност и да се поклонат пред Живоносното и спасително Дрво на нашиот Господ Исус Христос.

Во 8:45 часот пречек на г. Кирил и г. Давид а во 9 часот ќе започне Светата Архиерејска златоустова Литургија.

- Дојдете сите заедно победнички да го издигнеме чесниот крст на нашиот спасител, Господ Исус Христос, нашето оружје и нашата надеж за спасение, и откако ќе го прославиме, радосно да се причестиме со светите Христови тајни, порачува сестра Ефимија.

Манастирот „Св. Георгиј Победоносец“ е женски манастир и се наоѓа на околу два километра од Дебар.

The post На втората слава на манастирот во Рајчица ќе присуствува и г. Кирил од Вселенската патријаршија appeared first on Република.

]]>

Манастирот „Свети Георгиј Победоносец“, во дебарското село Рајчица, ја одбележува втората манастирската слава, Воздвижението на чесниот и животворен крст Господов – Крстовден. Одбележувањето почнува вечерва со свечена и празнична вечерна богослужба, која почнува во 18 часот на која ќе претстои Неговото Високопреосвештенство Митрополит на Имврос и Тенедос г. Кирил, во молитвено присуство на Неговото преосвештенство епископ Дремвицки г. Давид и на старецот на Обителта, Неговото преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј. - Многупочитуваниот Митрополит на Имврос и Тенедос, г. Кирил, кој доаѓа од редовите на Вселенската патријаршија, повторно ни доаѓа како наш драг гостин, овој пат на манастирската слава во чест на празникот Крстовден. Особена чест ни предизвикува тоа што тој ни го носи штедриот благослов од Првопрестолната Црква во православието, возглавена од Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј, кој ја врати нашата Помесна Црква во канонско единство со одлуката од 9 мај 2022 година. Оваа година, пак, и епископот Дремвицки г. Давид е присутен овде со нас, што исто така ја дополнува нашата радост, изјави сестра Ефимија за МИА. На крајот од вечерната богослужба, проследен од стиховите на празничниот Тропар, ќе биде изнесен на вход крстот со честичка од Чесното дрво и потоа повторно ќе биде внесен во олтарот. - Утре во 7:30 часот ќе започне Утрената богослужба. На крајот од утрената од светиот Престол, од олтарот, ќе биде изнесен сребрениот филигрански крст, во кој се вметнува крстот од времето на игуменот Арсениј со честица на Чесниот и Животворен Крст, а кој преку годината се чува во големиот кивот на Бигорскиот манастир, додава сестрата. По чинот на Воздвижението на крстот, на верниците ќе им се даде можност и да се поклонат пред Живоносното и спасително Дрво на нашиот Господ Исус Христос. Во 8:45 часот пречек на г. Кирил и г. Давид а во 9 часот ќе започне Светата Архиерејска златоустова Литургија. - Дојдете сите заедно победнички да го издигнеме чесниот крст на нашиот спасител, Господ Исус Христос, нашето оружје и нашата надеж за спасение, и откако ќе го прославиме, радосно да се причестиме со светите Христови тајни, порачува сестра Ефимија. Манастирот „Св. Георгиј Победоносец“ е женски манастир и се наоѓа на околу два километра од Дебар.

The post На втората слава на манастирот во Рајчица ќе присуствува и г. Кирил од Вселенската патријаршија appeared first on Република.

]]>
Вселенската Патријаршија им додели високи свештенички достоинства на свештеници на МПЦ-ОА https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vselenskata-patrijarshija-im-dodeli-visoki-sveshtenichki-dostoinstva-na-sveshtenitsi-na-mpts-oa/ Mon, 10 Apr 2023 08:48:24 +0000 https://republika.mk/?p=629342

На празникот Цветници, свештеници на Охридската Архиепископија беа удостоени со највисока чест и со свештени достоинства од страна на вселенскиот патријарх. г.г. Вартоломеј.

Удостојувањето се одржа на островот Имврос, под пастирско раководство на митрополитот на Имврос и на Тенедос, г. Кирил, во храмот на „Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец“, каде од рацете на патријархот Вартоломеј, а со благослов на неговото блаженство г.г. Стефан и на надлежниот митрополит, г. Тимотеј, во високото достоинство, чинот протопрезвитери (протојереи-ставрофори) на Вселенскиот патријаршиски престол беа назначени веќе произведените протојереи Никола Христоски, секретар на Дебарско-кичевската епархија и отците Димче Ѓорѓиевски и Кирил Јовановски од Дебарско-кичевската епархија.

Јеромонасите Кирил Деловски и Анатолиј Лазески од Бигорскиот манастир беа ракопроизведени во највисоката монашка титула во Црквата, архимандрити на Вселенскиот патријаршиски престол, а свештениците Бобан Митевски од Скопската епархија, Александар Димовски од Дебарско-кичевската епархија и Симеон Кантурски од Струмичката епархија, пак, беа удостоени со чинот протопрезвитери на Вселенскиот патријаршиски трон.

Во обраќањето по свештените ракопроизведувања и одликувања, патријархот Вартоломеј упати повик до свештенството да застане околу светата Трпеза на Сечесниот патријаршиски храм и да се причести со пречистите Тајни, објавувајќи го на тој начин единството на верата во врската на љубовта.

-Денеска во нашето село, во нашево место, во Имврос, имаме одбрани посетители, браќа од странство, од Охридската Архиепископија, од Република Македонија. Дојдоа, за да ја принесат својата почит кон Светата Велика Христова Црква, во лицето на вселенскиот патријарх, Црква, која како вистинска Мајка, го прегрна и тој народ и таа Црква, која речиси седумдесет години беше отсечена од телото на останатото Православие, без општење со другите православни Цркви, порача вселенскиот патријарх.

Г.г. Вартоломеј потенцира дека во случајот со нашата Црква, Вселенската Патријаршија повторно „како што направи и во којзнае колку соодветни случаи низ историјата, го востанови општењето со овие наши браќа и сестри, Христијаните од Македонија, да ги воведе во заедништво со останатиот православен свет“.

Тоа се случи минатата година, на 9 мај 2022 година. Потоа, по Вселенската Патријаршија, и други цркви започнаа да ја признаваат нивната каноничност, да ги примаат во општење со нив. И сега, се наоѓаме во стадиум на подготовка на доделувањето и на оваа Црква, под одредени услови, на статусот на автокефалија. Се наоѓаме на добар пат, разговорите продолжуваат. Најглавното беше тоа што возмогнавме и служувавме заедно и се пречисетивме од истиот свет Путир, потенцира патријархот Вартоломеј.

Тој потсети дека ова чествување се случи минатата година на празникот на Педесетницата во Истанбул, кога архиепископот г.г. Стефан, „многувозљубениот брат дојде од Скопје во Вселенската Патријаршија и служевме заедно и се причестивме заедно и заедно го дадовме својот благослов на народот Божји“.

Тоа беше еден велик и историски ден. Сега, останатите работи се второстепени, подробности, додаде патријархот.

Возвратна благодарност кон неговата сесветост, упати епископот стобиски г. Јаков, кој ја предводеше црковната делегација на Имврос.

Ваша Сесветост, браќа архијереи и благословен народе Божји, Ви го пренесувам поздравот од нашиот Блаженејши Архиепископ Стефан и на сите други епископи на нашата света Охридска Архиепископија, коишто Вашето срце многу добро ги знае, а коишто имаат нераскинлива врска со Светата Гора – Атонска, којашто е под Ваша духовна и молитвена закрила. Се молиме Бог да Ве укрепи во Вашиот подвиг, на сите да им станете сè и да се надминат веќе сите поделби и во се да биде Христос, потенцира епископот Јаков.

Тој се заблагодари во име на отците за доделените одликувања, нагласувајќи дека патријархот не ги одликувал само нив, туку и „сите генерации на свештеници и на отци коишто ја чуваа чистотата на верата апостолска и светоотечка во Охридската Архиепископија“.

Се надеваме на Вашите свети молитви, а Вие сте веќе во нашите секојдневно, додаде епископот стобиски Јаков.

Инаку, на турскиот островот Имврос, покрај многубројните значајни личности за црковната историја, е роден и сегашниот вселенски патријарх и архиепископ на Константинопол, г.г. Вартоломеј.

 

The post Вселенската Патријаршија им додели високи свештенички достоинства на свештеници на МПЦ-ОА appeared first on Република.

]]>

На празникот Цветници, свештеници на Охридската Архиепископија беа удостоени со највисока чест и со свештени достоинства од страна на вселенскиот патријарх. г.г. Вартоломеј. Удостојувањето се одржа на островот Имврос, под пастирско раководство на митрополитот на Имврос и на Тенедос, г. Кирил, во храмот на „Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец“, каде од рацете на патријархот Вартоломеј, а со благослов на неговото блаженство г.г. Стефан и на надлежниот митрополит, г. Тимотеј, во високото достоинство, чинот протопрезвитери (протојереи-ставрофори) на Вселенскиот патријаршиски престол беа назначени веќе произведените протојереи Никола Христоски, секретар на Дебарско-кичевската епархија и отците Димче Ѓорѓиевски и Кирил Јовановски од Дебарско-кичевската епархија. Јеромонасите Кирил Деловски и Анатолиј Лазески од Бигорскиот манастир беа ракопроизведени во највисоката монашка титула во Црквата, архимандрити на Вселенскиот патријаршиски престол, а свештениците Бобан Митевски од Скопската епархија, Александар Димовски од Дебарско-кичевската епархија и Симеон Кантурски од Струмичката епархија, пак, беа удостоени со чинот протопрезвитери на Вселенскиот патријаршиски трон. Во обраќањето по свештените ракопроизведувања и одликувања, патријархот Вартоломеј упати повик до свештенството да застане околу светата Трпеза на Сечесниот патријаршиски храм и да се причести со пречистите Тајни, објавувајќи го на тој начин единството на верата во врската на љубовта.
-Денеска во нашето село, во нашево место, во Имврос, имаме одбрани посетители, браќа од странство, од Охридската Архиепископија, од Република Македонија. Дојдоа, за да ја принесат својата почит кон Светата Велика Христова Црква, во лицето на вселенскиот патријарх, Црква, која како вистинска Мајка, го прегрна и тој народ и таа Црква, која речиси седумдесет години беше отсечена од телото на останатото Православие, без општење со другите православни Цркви, порача вселенскиот патријарх.
Г.г. Вартоломеј потенцира дека во случајот со нашата Црква, Вселенската Патријаршија повторно „како што направи и во којзнае колку соодветни случаи низ историјата, го востанови општењето со овие наши браќа и сестри, Христијаните од Македонија, да ги воведе во заедништво со останатиот православен свет“.
Тоа се случи минатата година, на 9 мај 2022 година. Потоа, по Вселенската Патријаршија, и други цркви започнаа да ја признаваат нивната каноничност, да ги примаат во општење со нив. И сега, се наоѓаме во стадиум на подготовка на доделувањето и на оваа Црква, под одредени услови, на статусот на автокефалија. Се наоѓаме на добар пат, разговорите продолжуваат. Најглавното беше тоа што возмогнавме и служувавме заедно и се пречисетивме од истиот свет Путир, потенцира патријархот Вартоломеј.
Тој потсети дека ова чествување се случи минатата година на празникот на Педесетницата во Истанбул, кога архиепископот г.г. Стефан, „многувозљубениот брат дојде од Скопје во Вселенската Патријаршија и служевме заедно и се причестивме заедно и заедно го дадовме својот благослов на народот Божји“.
Тоа беше еден велик и историски ден. Сега, останатите работи се второстепени, подробности, додаде патријархот.
Возвратна благодарност кон неговата сесветост, упати епископот стобиски г. Јаков, кој ја предводеше црковната делегација на Имврос.
Ваша Сесветост, браќа архијереи и благословен народе Божји, Ви го пренесувам поздравот од нашиот Блаженејши Архиепископ Стефан и на сите други епископи на нашата света Охридска Архиепископија, коишто Вашето срце многу добро ги знае, а коишто имаат нераскинлива врска со Светата Гора – Атонска, којашто е под Ваша духовна и молитвена закрила. Се молиме Бог да Ве укрепи во Вашиот подвиг, на сите да им станете сè и да се надминат веќе сите поделби и во се да биде Христос, потенцира епископот Јаков.
Тој се заблагодари во име на отците за доделените одликувања, нагласувајќи дека патријархот не ги одликувал само нив, туку и „сите генерации на свештеници и на отци коишто ја чуваа чистотата на верата апостолска и светоотечка во Охридската Архиепископија“.
Се надеваме на Вашите свети молитви, а Вие сте веќе во нашите секојдневно, додаде епископот стобиски Јаков.
Инаку, на турскиот островот Имврос, покрај многубројните значајни личности за црковната историја, е роден и сегашниот вселенски патријарх и архиепископ на Константинопол, г.г. Вартоломеј.  

The post Вселенската Патријаршија им додели високи свештенички достоинства на свештеници на МПЦ-ОА appeared first on Република.

]]>
Ковачевски, Османи, Петровска и Спасовски во делегацијата која ќе присуствува на литургија во Влселенската аптријаршија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-osmani-petrovska-i-spasovski-vo-delegacijata-koja-kje-prisustvuva-na-liturgija-vo-vlselenskata-aptrijarshija/ Sat, 11 Jun 2022 19:43:03 +0000 https://republika.mk/?p=513981

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски ќе ја предводи владината делегација, која утре во Истанбул ќе учествува на заедничката литургијата на г. г. Стефан и патријархот Вартоломеј.

Претседателот на Владата на Македонија Димитар Ковачевски и членовите на делегацијата Бујар Османи, министер за надворешни работи, Славјанка Петровска, министерка за одбрана и Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, во Фанар ќе присуствуваат на Патријаршиската и Синодолна Света литургија, откако во четвртокот вселенскиот патријарх г. Вартоломеј на нашиот архиепископ г. г. Стефан му го предаде актот на Вселенската патријаршија за примање на Охридската Архиепископија во богослужбено и канонско единство со останатите православни цркви.

Агендата од работната посета на делегацијата на Владата на Македонија на Вселенската патријаршија предвидува прием за членовите на делегацијата и тет-а-тет средба на премиерот Ковачевски со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј.

The post Ковачевски, Османи, Петровска и Спасовски во делегацијата која ќе присуствува на литургија во Влселенската аптријаршија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски ќе ја предводи владината делегација, која утре во Истанбул ќе учествува на заедничката литургијата на г. г. Стефан и патријархот Вартоломеј. Претседателот на Владата на Македонија Димитар Ковачевски и членовите на делегацијата Бујар Османи, министер за надворешни работи, Славјанка Петровска, министерка за одбрана и Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, во Фанар ќе присуствуваат на Патријаршиската и Синодолна Света литургија, откако во четвртокот вселенскиот патријарх г. Вартоломеј на нашиот архиепископ г. г. Стефан му го предаде актот на Вселенската патријаршија за примање на Охридската Архиепископија во богослужбено и канонско единство со останатите православни цркви. Агендата од работната посета на делегацијата на Владата на Македонија на Вселенската патријаршија предвидува прием за членовите на делегацијата и тет-а-тет средба на премиерот Ковачевски со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј.

The post Ковачевски, Османи, Петровска и Спасовски во делегацијата која ќе присуствува на литургија во Влселенската аптријаршија appeared first on Република.

]]>
Дали Царигардската патријаршија ќе и го додели томосот на МПЦ веќе на 12 јуни? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dali-carigardskata-patrijarshija-kje-i-go-dodeli-tomosot-na-mpc-na-12-juni/ Wed, 25 May 2022 05:44:13 +0000 https://republika.mk/?p=506533

Српскиот патријарх Порфириј вчера по сослужувањето на заедничка литургија со aрхиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан во Соборниот храм во Скопје, ја одобри и упати благослов за афтокефалност на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, ставајќи крај на 55-годишниот спор меѓу двете цркви. -Она што беше раздвоено од 1967 година Господ не удостои да биде исцелено, нагласи српскиот патријарх. Архиепископот г.г. Стефан, пак, по објавата за прифаќање на афтокефалноста од страна на Порфириј, рече: „Бог ни даде ден во кој дочекавме да ја слушнеме одамна посакуваната и очекувана вест“.

– Благодарение на вашите молитви воспоставивме единство, а сега браќа и сестри ви носиме уште една радост – Светиот архиерејски собор на Српската православна црква едногласно во пресрет на барањето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Соборот на нашата црква ја благословува и одобрува афтокефалноста на МПЦ-ОА, рече српскиот патријарх Порфириј.

Тој додаде дека Светиот собор на СПЦ му дал должност на Синодот, во соработка со архиепископот Стефан и неговиот Синод, да разработат техничко-организациски детали, по што ќе следи свеченото прогласување на официјален акт.

Проценките се дека тоа може да се случи веќе на 12 јуни на Духовден на Педесетница празникот на црквата. На тој ден заеднички ќе сослужуваат Вселенскиот патријарх Вартоломеј и Архепископот Охридски г.г Стефан.

Српскиот патријархот Порфириј објасени дека тотогаш ќе бидат известени сите помесни православни цркви по својот каконски ред и тие да го прифатат афтокефалниот статус на МПЦ-ОА.

– Денес да се радуваме бидејќи денеска се радува целата црвка, се радуваат небото и земјата кога браќата се сакаат, кога го слават името на Господ, да се радуваме што по 55 години служевме света литургија прво во Белград, па во Скопје, два пати за само неколку дена, нагласи српскиот патријарх.

Господ не поставил граници народот да се дели, продолжи во обраќањето патријархот Порфириј, туку границите значат можност секој народ подобро да се организира како свој посебен печат, посебни дарови што ги добил од Бога, ги умножувал, ја создал различноста и на секој му дал со свој личен печат да биде збогатен со другите, за да тогаш во заедница и убавина на сите народи сите да бидат едно.

– Во едно сме единствени, во Христа сме едно, и навистина браќа и сестри, еден е Господ и една е црквата негова, една е верата наша и љубовта наша и затоа денеска неописливо се радуваме, бидејќи пред наши очи се случува чудо и ние сме дел сме од тоа чудо, учесници на тоа чудо. Она што беше раздвоено од 1967 година Господ не удостои да биде исцелено, нагласи српскиот патријарх.

Пред неколку дена во Белград, денеска во Скопје служевме света литургија, повтори патријархот Порфириј и во Белград каде што имаше повеќе илјада луѓе и овде каде што сме собрани денеска видов радост, љубов во очите на сите нас, гледам обврска задача и порака на нас архиереите, а тоа е дека вашата љубов и вашите молитиви во Белград и овде го надминаа искушението и овозможија Господ да направи чудо.

– Да покаже дека разбираме дека сме едно, дека не можеме едни без други, дека сме едно тело, дека Христос е нашата нашата мерка и оти неговите заповеди се закон по кој сакаме да живееме. Дека тој е алфа и омега на нашето постоење и во историјата и во вечноста, додаде српскиот патријарх Порфириј.

По објавувањето на радосната вест од страна на патријархот Порфириј, следеше долг и громогласен аплауз од верниците кои се наоѓаат во и околу Соборниот храм „Свети Климент Охридски“.

Г.г. Стефан на заедничка литургија на МПЦ-ОА и СПЦ во Соборниот храм рече дека нашето благодарствено писмо и нашата молба за сослужение е прифатена и на роденденот на Црквата, на Педесетница, ќе сослужуваме во храмот на Вселенската Патријаршија во Фанар.

– Еве, и во навечерието на ова торжество на љубовта, ни пристигна уште една радост – блага вест од Царицата на градовите – Константиновиот град: примено е нашето благодарствено писмо и нашата молба за сослужение е прифатена – па на роденденот на Црквата, на Педесетница, ќе сослужуваме во храмот на Вселенската Патријаршија во Фанар, истакна Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

Овој денешен свет ден, како што рече тој, е и бањата Витезда, зашто ни пристапи човек – таткото на православните, Неговата Сесветост Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј, кој нè спушти во водата, бидејќи не 38, туку 55 години седевме чекајќи во тремот и не наоѓајќи некој да се погрижи за нас!

– Потоа ни пристапи и друг човек, нашиот собрат и денешен сослужител, да нè пресретне здрави и исцелени и срдечно да нè прегрне – и да нè испрати при првосвештеникот за да го потврди нашето исцеление, како што слепиот беше пратен во бањата Силоам, додаде г.г. Стефан.

 

Архиепископот охридски и македонски посочи дека и нашата 80-годишна заложба за самостојна Црква никогаш немала и нема за цел да нè оддели од Телото Христово, туку да ни дозволи и ние, подобно на другите православни народи, слободно да можеме да ја извршуваме својата мисија меѓу својот народ, овде, во Татковината и насекаде по светот, до каде што нѐ има.

– Овој историски период кој сите ние го минуваме е празник за сите христијани во Македонија, без разлика на национално потекло, кои се внуци на оние што сонуваа да ја видат обновена својата Охридска Архиепископија, да ја видат автокефална или се правнуци на сите оние кои некогаш живееле обединети под едниот омофор на Охридскиот Архиепископ. Тие наши предци сега од небесната Црква се радуваат заедно со нас, гледајќи ги нашата радост и нашето единство, нагласи г.г. Стефан.

Тој потсети дека неодамна во Светосавскиот храм во Белград се случи братското помирување, кое произлезе од мајчинската иницијатива на Мајката Црква – Вселенската Патријаршија и на Неговата Сесветост.

The post Дали Царигардската патријаршија ќе и го додели томосот на МПЦ веќе на 12 јуни? appeared first on Република.

]]>

Српскиот патријарх Порфириј вчера по сослужувањето на заедничка литургија со aрхиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан во Соборниот храм во Скопје, ја одобри и упати благослов за афтокефалност на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, ставајќи крај на 55-годишниот спор меѓу двете цркви. -Она што беше раздвоено од 1967 година Господ не удостои да биде исцелено, нагласи српскиот патријарх. Архиепископот г.г. Стефан, пак, по објавата за прифаќање на афтокефалноста од страна на Порфириј, рече: „Бог ни даде ден во кој дочекавме да ја слушнеме одамна посакуваната и очекувана вест“.
– Благодарение на вашите молитви воспоставивме единство, а сега браќа и сестри ви носиме уште една радост – Светиот архиерејски собор на Српската православна црква едногласно во пресрет на барањето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Соборот на нашата црква ја благословува и одобрува афтокефалноста на МПЦ-ОА, рече српскиот патријарх Порфириј.
Тој додаде дека Светиот собор на СПЦ му дал должност на Синодот, во соработка со архиепископот Стефан и неговиот Синод, да разработат техничко-организациски детали, по што ќе следи свеченото прогласување на официјален акт. Проценките се дека тоа може да се случи веќе на 12 јуни на Духовден на Педесетница празникот на црквата. На тој ден заеднички ќе сослужуваат Вселенскиот патријарх Вартоломеј и Архепископот Охридски г.г Стефан. Српскиот патријархот Порфириј објасени дека тотогаш ќе бидат известени сите помесни православни цркви по својот каконски ред и тие да го прифатат афтокефалниот статус на МПЦ-ОА.
– Денес да се радуваме бидејќи денеска се радува целата црвка, се радуваат небото и земјата кога браќата се сакаат, кога го слават името на Господ, да се радуваме што по 55 години служевме света литургија прво во Белград, па во Скопје, два пати за само неколку дена, нагласи српскиот патријарх.
Господ не поставил граници народот да се дели, продолжи во обраќањето патријархот Порфириј, туку границите значат можност секој народ подобро да се организира како свој посебен печат, посебни дарови што ги добил од Бога, ги умножувал, ја создал различноста и на секој му дал со свој личен печат да биде збогатен со другите, за да тогаш во заедница и убавина на сите народи сите да бидат едно.
– Во едно сме единствени, во Христа сме едно, и навистина браќа и сестри, еден е Господ и една е црквата негова, една е верата наша и љубовта наша и затоа денеска неописливо се радуваме, бидејќи пред наши очи се случува чудо и ние сме дел сме од тоа чудо, учесници на тоа чудо. Она што беше раздвоено од 1967 година Господ не удостои да биде исцелено, нагласи српскиот патријарх.
Пред неколку дена во Белград, денеска во Скопје служевме света литургија, повтори патријархот Порфириј и во Белград каде што имаше повеќе илјада луѓе и овде каде што сме собрани денеска видов радост, љубов во очите на сите нас, гледам обврска задача и порака на нас архиереите, а тоа е дека вашата љубов и вашите молитиви во Белград и овде го надминаа искушението и овозможија Господ да направи чудо. – Да покаже дека разбираме дека сме едно, дека не можеме едни без други, дека сме едно тело, дека Христос е нашата нашата мерка и оти неговите заповеди се закон по кој сакаме да живееме. Дека тој е алфа и омега на нашето постоење и во историјата и во вечноста, додаде српскиот патријарх Порфириј. По објавувањето на радосната вест од страна на патријархот Порфириј, следеше долг и громогласен аплауз од верниците кои се наоѓаат во и околу Соборниот храм „Свети Климент Охридски“. Г.г. Стефан на заедничка литургија на МПЦ-ОА и СПЦ во Соборниот храм рече дека нашето благодарствено писмо и нашата молба за сослужение е прифатена и на роденденот на Црквата, на Педесетница, ќе сослужуваме во храмот на Вселенската Патријаршија во Фанар. – Еве, и во навечерието на ова торжество на љубовта, ни пристигна уште една радост – блага вест од Царицата на градовите – Константиновиот град: примено е нашето благодарствено писмо и нашата молба за сослужение е прифатена – па на роденденот на Црквата, на Педесетница, ќе сослужуваме во храмот на Вселенската Патријаршија во Фанар, истакна Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Овој денешен свет ден, како што рече тој, е и бањата Витезда, зашто ни пристапи човек – таткото на православните, Неговата Сесветост Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј, кој нè спушти во водата, бидејќи не 38, туку 55 години седевме чекајќи во тремот и не наоѓајќи некој да се погрижи за нас! – Потоа ни пристапи и друг човек, нашиот собрат и денешен сослужител, да нè пресретне здрави и исцелени и срдечно да нè прегрне – и да нè испрати при првосвештеникот за да го потврди нашето исцеление, како што слепиот беше пратен во бањата Силоам, додаде г.г. Стефан.   Архиепископот охридски и македонски посочи дека и нашата 80-годишна заложба за самостојна Црква никогаш немала и нема за цел да нè оддели од Телото Христово, туку да ни дозволи и ние, подобно на другите православни народи, слободно да можеме да ја извршуваме својата мисија меѓу својот народ, овде, во Татковината и насекаде по светот, до каде што нѐ има.
– Овој историски период кој сите ние го минуваме е празник за сите христијани во Македонија, без разлика на национално потекло, кои се внуци на оние што сонуваа да ја видат обновена својата Охридска Архиепископија, да ја видат автокефална или се правнуци на сите оние кои некогаш живееле обединети под едниот омофор на Охридскиот Архиепископ. Тие наши предци сега од небесната Црква се радуваат заедно со нас, гледајќи ги нашата радост и нашето единство, нагласи г.г. Стефан.
Тој потсети дека неодамна во Светосавскиот храм во Белград се случи братското помирување, кое произлезе од мајчинската иницијатива на Мајката Црква – Вселенската Патријаршија и на Неговата Сесветост.

The post Дали Царигардската патријаршија ќе и го додели томосот на МПЦ веќе на 12 јуни? appeared first on Република.

]]>
Еден чекор до автокефалност: Вселенската Патријаршија ја призна нашата Црква Охридската Архиепископија за канонска https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/eden-chekor-do-avtokefalnost-vselenskata-patrijarshija-ja-prizna-nashata-crkva-ohridskata-arhiepiskopija-za-kanonska/ Mon, 09 May 2022 15:41:46 +0000 https://republika.mk/?p=500046

Со одлуката на денешното заседание на Светиот Синод на Вселенската Патријаршија, возглавен од Неговата Сесветост, Патријархот Вселенски г. г. Вартоломеј, се отстранува повеќедецениската шизма наложена врз нашата древна Охридска Архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ. Тоа значи дека Вселенската Патријаршија ја признава црковната јерархија предводена од Архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет и воспоставува канонско и литургиско општење со неа.

Во официјалното соопштение од Канцеларијата на Светиот Синод на Вселенската

Патријаршија меѓу другото се вели:

„Светиот и Свештен Синод, кој заседаваше денес, понеделник, 9 мај 2022 година, под претседателство на Неговата Божествена Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј, исцрпно дискутираше за црковниот проблем во Скопје и, оценувајќи го во конечна фаза апелациското прибегнување (еклитон) на тамошната Црква до Мајката Црква, како и повторените повици од државата на Македонија, го одлучи следново:
Ја прима во евхаристиско општење јерархијата, клирот и народот на оваа Црква под Архиепископот г. Стефан, лекувајќи ја раната на расколот и излевајќи „вино и елеј“ врз раната на нашите тамошни, православни браќа. Кон ова се издава и соодветен Патријаршиски и Синодален Акт.
Се остава на најсветата Црква на Србија да ги уреди управните прашања што ги има помеѓу неа и Црквата во Македонија, секако во рамките на светоканонскиот чин и црковното предание.
Како име на оваа Црква го признава „Охридска“ (имајќи ја на ум како област на нејзината јурисдикција владението во границите на државата Македонија“.
По повеќедеценискиот спор на нашата Црква со СПЦ и меѓународната изолација и непризнавање на нашата црква од православниот свет, во април 2018 година нашиот Синод едногласно испрати молба за апелација до Вселенската Патријаршија, која единствена на сеправославно ниво има историски и канонски права и привилегии да прифаќа апелација и да доделува автокефалност. Молбата од Синодот на Охридската Архиепископија веднаш беше земена предвид и според јавното соопштение од мај истата година Вселенската Патријаршија, Мајка Црква на сите православни „одлучи да се заземе за ова (т.е. за решавање на канонското прашање на нашата Црква) и да ги преземе потребните чекори, според неприкосновените права на историските и канонски надлежности и привилегии на првопрестолната Вселенска Патријаршија“.
Оттогаш и државниот врв на Република Македонија упати неколку писма и молби до Вселенскиот Патријарх Вартоломеј за уважување на молбата за апелација. Денеска, откако уште еднаш биле разгледани сите црковно-правни елементи, Патријархот Вартоломеј и неговиот Синод ја уважија молбата на нашата Црква и ја донесоа конечната одлука.
Оваа одлука не значи томос за автокефалност со кој официјално се регулира меѓународното име и статус на нашата црква, туку е израз на татковска љубов и грижа од страна на Вселенската Патријаршија и претставува објава дека повеќе не сме во шизма и раскол со севкупната православната Црква и нашите свештенослужители можат да сослужуваат со свештенослужители од другите помесни православни цркви. За утврдување на конечниот статус ќе следуваат дополнителни преговори.
Ваквиот чекор на Патријархот Вартоломеј и на Вселенската Патријаршија претставува историски настан, бидејќи конечно се исправа долгата неправда нанесена врз нашата Црква. Признавањето на каноничноста од страна на Мајката Црква, првопрестолната Вселенската Патријаршија ѝ стави крај на речиси седумдесетгодишната изолација на возобновената Охридска Архиепископија

The post Еден чекор до автокефалност: Вселенската Патријаршија ја призна нашата Црква Охридската Архиепископија за канонска appeared first on Република.

]]>

Со одлуката на денешното заседание на Светиот Синод на Вселенската Патријаршија, возглавен од Неговата Сесветост, Патријархот Вселенски г. г. Вартоломеј, се отстранува повеќедецениската шизма наложена врз нашата древна Охридска Архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ. Тоа значи дека Вселенската Патријаршија ја признава црковната јерархија предводена од Архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет и воспоставува канонско и литургиско општење со неа. Во официјалното соопштение од Канцеларијата на Светиот Синод на Вселенската Патријаршија меѓу другото се вели: „Светиот и Свештен Синод, кој заседаваше денес, понеделник, 9 мај 2022 година, под претседателство на Неговата Божествена Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј, исцрпно дискутираше за црковниот проблем во Скопје и, оценувајќи го во конечна фаза апелациското прибегнување (еклитон) на тамошната Црква до Мајката Црква, како и повторените повици од државата на Македонија, го одлучи следново: Ја прима во евхаристиско општење јерархијата, клирот и народот на оваа Црква под Архиепископот г. Стефан, лекувајќи ја раната на расколот и излевајќи „вино и елеј“ врз раната на нашите тамошни, православни браќа. Кон ова се издава и соодветен Патријаршиски и Синодален Акт. Се остава на најсветата Црква на Србија да ги уреди управните прашања што ги има помеѓу неа и Црквата во Македонија, секако во рамките на светоканонскиот чин и црковното предание. Како име на оваа Црква го признава „Охридска“ (имајќи ја на ум како област на нејзината јурисдикција владението во границите на државата Македонија“. По повеќедеценискиот спор на нашата Црква со СПЦ и меѓународната изолација и непризнавање на нашата црква од православниот свет, во април 2018 година нашиот Синод едногласно испрати молба за апелација до Вселенската Патријаршија, која единствена на сеправославно ниво има историски и канонски права и привилегии да прифаќа апелација и да доделува автокефалност. Молбата од Синодот на Охридската Архиепископија веднаш беше земена предвид и според јавното соопштение од мај истата година Вселенската Патријаршија, Мајка Црква на сите православни „одлучи да се заземе за ова (т.е. за решавање на канонското прашање на нашата Црква) и да ги преземе потребните чекори, според неприкосновените права на историските и канонски надлежности и привилегии на првопрестолната Вселенска Патријаршија“. Оттогаш и државниот врв на Република Македонија упати неколку писма и молби до Вселенскиот Патријарх Вартоломеј за уважување на молбата за апелација. Денеска, откако уште еднаш биле разгледани сите црковно-правни елементи, Патријархот Вартоломеј и неговиот Синод ја уважија молбата на нашата Црква и ја донесоа конечната одлука. Оваа одлука не значи томос за автокефалност со кој официјално се регулира меѓународното име и статус на нашата црква, туку е израз на татковска љубов и грижа од страна на Вселенската Патријаршија и претставува објава дека повеќе не сме во шизма и раскол со севкупната православната Црква и нашите свештенослужители можат да сослужуваат со свештенослужители од другите помесни православни цркви. За утврдување на конечниот статус ќе следуваат дополнителни преговори. Ваквиот чекор на Патријархот Вартоломеј и на Вселенската Патријаршија претставува историски настан, бидејќи конечно се исправа долгата неправда нанесена врз нашата Црква. Признавањето на каноничноста од страна на Мајката Црква, првопрестолната Вселенската Патријаршија ѝ стави крај на речиси седумдесетгодишната изолација на возобновената Охридска Архиепископија

The post Еден чекор до автокефалност: Вселенската Патријаршија ја призна нашата Црква Охридската Архиепископија за канонска appeared first on Република.

]]>