вселена Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vselena/ За подобро да се разбереме Sat, 16 Nov 2024 19:53:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вселена Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vselena/ 32 32 Американците гласаат и во вселената https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/amerikantsite-glasaat-i-vo-vselenata/ Wed, 06 Nov 2024 07:22:51 +0000 https://republika.mk/?p=834504

Повикот за сите Американци да гласаат стигна до вселената - астронаутите успеаја да го дадат својот глас.

Астронаутите на НАСА на Меѓународната вселенска станица споделија фотографија од нив како лебдат и покажуваат чорапи кои не оставаат сомнеж од каде се.

„Не е важно дали седите, стоите или лебдите – важно е да гласате“, е пораката на Ник Хејг, еден од четворицата кои позираат на сликата

The post Американците гласаат и во вселената appeared first on Република.

]]>

Повикот за сите Американци да гласаат стигна до вселената - астронаутите успеаја да го дадат својот глас. Астронаутите на НАСА на Меѓународната вселенска станица споделија фотографија од нив како лебдат и покажуваат чорапи кои не оставаат сомнеж од каде се. „Не е важно дали седите, стоите или лебдите – важно е да гласате“, е пораката на Ник Хејг, еден од четворицата кои позираат на сликата

The post Американците гласаат и во вселената appeared first on Република.

]]>
Маск ќе го однесе на Марс „секој што сака да патува таму“, само ако Камала не победи https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/mask-ke-go-odnese-na-mars-sekoj-shto-saka-da-patuva-tamu-samo-ako-kamala-ne-pobedi/ Mon, 23 Sep 2024 07:35:21 +0000 https://republika.mk/?p=818844

Елон Маск вети дека ќе го однесе на Марс „секој што сака да патува таму“, но истакна дека тоа нема да се случи ако Камала Харис стане претседателка на САД.

Маск синоќа на X објави дека ќе испрати пет вселенски бродови на Марс за само две години. „На крајот ќе има илјадници Старшип кои ќе одат на Марс. Тоа ќе биде прекрасна глетка“, рече Маск.

Сепак, американскиот мултимилијардер и поддржувач на Доналд Трамп изјави дека уште еден мандат на демократите на чело на државата ќе ја „уништи“ програмата за патување на Марс. „Никогаш нема да стигнеме на Марс ако победи Камала“, рече Маск претходно овој месец.

Такво тврдење повторува и самиот Трамп. Републиканскиот кандидат вети дека ќе испрати луѓе на Марс за време на неговиот мандат. „Ќе разговарам со Илон. Илон, придвижи ги ракетите“, рече Трамп на свој митинг, пренесува Скај њуз.

SpaceX зазема пристап со висок ризик-висока награда во истражувањето на вселената. Компанијата стана главен превозник на НАСА до Меѓународната вселенска станица. Пред само две недели, таа му помогна на американски милијардер да стане првиот човек што учествувал во ризична приватна прошетка во вселената.

The post Маск ќе го однесе на Марс „секој што сака да патува таму“, само ако Камала не победи appeared first on Република.

]]>

Елон Маск вети дека ќе го однесе на Марс „секој што сака да патува таму“, но истакна дека тоа нема да се случи ако Камала Харис стане претседателка на САД. Маск синоќа на X објави дека ќе испрати пет вселенски бродови на Марс за само две години. „На крајот ќе има илјадници Старшип кои ќе одат на Марс. Тоа ќе биде прекрасна глетка“, рече Маск. Сепак, американскиот мултимилијардер и поддржувач на Доналд Трамп изјави дека уште еден мандат на демократите на чело на државата ќе ја „уништи“ програмата за патување на Марс. „Никогаш нема да стигнеме на Марс ако победи Камала“, рече Маск претходно овој месец. Такво тврдење повторува и самиот Трамп. Републиканскиот кандидат вети дека ќе испрати луѓе на Марс за време на неговиот мандат. „Ќе разговарам со Илон. Илон, придвижи ги ракетите“, рече Трамп на свој митинг, пренесува Скај њуз. SpaceX зазема пристап со висок ризик-висока награда во истражувањето на вселената. Компанијата стана главен превозник на НАСА до Меѓународната вселенска станица. Пред само две недели, таа му помогна на американски милијардер да стане првиот човек што учествувал во ризична приватна прошетка во вселената.

The post Маск ќе го однесе на Марс „секој што сака да патува таму“, само ако Камала не победи appeared first on Република.

]]>
Месечевиот прав може да се користи за технологијата на иднината https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/mesecheviot-prav-mozhe-da-se-koristi-za-tehnologijata-na-idninata/ Thu, 13 Jun 2024 06:15:12 +0000 https://republika.mk/?p=787067

Месечевата прашина може да се искористи во производството на сателити, бази и сончева енергија, покажува истражување спроведено на Универзитетот на Ватерло во Белгија.

Се работи за реголит - метален прав што содржи кислород во себе, којшто научниците сакаат да го искористат за да го поттикнат развојот на технологијата на иднината.

Тоа би ги опфатило и идните замислени привремени населби на природниот сателит на Земјата, каде што луѓето ќе престојуваат, работат и истражуваат во базни кампови, со ровери и најсовремена технологија. Месечевиот реголит е тамошен достапен ресурс што може да има полза.

 

Нашето истражување ја претвора научната фантастика во реалност. Нашата цел е да помогнеме во изградбата на инфраструктура и технологија што ќе овозможат одржливо човечко населување на Месечината, но и пошироко, вели кандидатот за докторат Конор Мекроби.

Истражувачите тестирале различни комбинации на композиции на гориво и оксидатор за да ја оптимизираат тн. термитна реакција.

Бидејќи реголитот веќе содржи кислород, може да го користиме за производство на топлинска енергија, без потреба од атмосферски кислород. Ова се нарекува термитна реакција, којашто е корисна во Вселената бидејќи таму нема лесно достапен кислород, појаснува Мекроби.

Преносот на градежни материјали од Земјата за градбите на Месечината би бил скап и неделотворен, а месечевиот реголит е доста полезна замена, се согласуваат од белгиската Лабораторијата за истражување нова енергија (ЛЕЕР).

Резултатите ја покажуваат одржливоста на горниот слој на Месечината да го поттикне развојот на самото вселенско тело, дозволувајќи им на луѓето да ја истражуваат и населуваат површината. Сега непрекинато работиме на подобро извлекување метали и друг корисен материјал од реголитот, како и дизајнирање автоматизирани процеси во соработка со канадски и истражувачи од цел свет, за да се олесни користењето на месечевите ресурси и да се поддржи кругот на вселенската економија, објаснува Џон Вен, директор на ЛЕЕР.

Истражувачите во истовреме работат и на решавање на растечкиот проблем со вселенскиот отпад. Тимот на ЛЕЕР ги гледа нефункционалните сателити како вредни ресурси. Тие содржат алуминиум, што во комбинација со месечевиот реголит може да се користи за термичка реакција и генерирање топлина. Сепак, потребни се повеќе истражувања за да се реализира оваа замисла.

Употребата на вселенски отпад преку термичка реакција може да го поддржи одржувањето и подобрувањето и на сончевите сателитски системи во вселената. Тестирањето на овој метод може да го отвори патот до сигурен извор на енергија за идните вселенски истражувања.

The post Месечевиот прав може да се користи за технологијата на иднината appeared first on Република.

]]>

Месечевата прашина може да се искористи во производството на сателити, бази и сончева енергија, покажува истражување спроведено на Универзитетот на Ватерло во Белгија. Се работи за реголит - метален прав што содржи кислород во себе, којшто научниците сакаат да го искористат за да го поттикнат развојот на технологијата на иднината.
Тоа би ги опфатило и идните замислени привремени населби на природниот сателит на Земјата, каде што луѓето ќе престојуваат, работат и истражуваат во базни кампови, со ровери и најсовремена технологија. Месечевиот реголит е тамошен достапен ресурс што може да има полза.   Нашето истражување ја претвора научната фантастика во реалност. Нашата цел е да помогнеме во изградбата на инфраструктура и технологија што ќе овозможат одржливо човечко населување на Месечината, но и пошироко, вели кандидатот за докторат Конор Мекроби.
Истражувачите тестирале различни комбинации на композиции на гориво и оксидатор за да ја оптимизираат тн. термитна реакција.
Бидејќи реголитот веќе содржи кислород, може да го користиме за производство на топлинска енергија, без потреба од атмосферски кислород. Ова се нарекува термитна реакција, којашто е корисна во Вселената бидејќи таму нема лесно достапен кислород, појаснува Мекроби.
Преносот на градежни материјали од Земјата за градбите на Месечината би бил скап и неделотворен, а месечевиот реголит е доста полезна замена, се согласуваат од белгиската Лабораторијата за истражување нова енергија (ЛЕЕР).
Резултатите ја покажуваат одржливоста на горниот слој на Месечината да го поттикне развојот на самото вселенско тело, дозволувајќи им на луѓето да ја истражуваат и населуваат површината. Сега непрекинато работиме на подобро извлекување метали и друг корисен материјал од реголитот, како и дизајнирање автоматизирани процеси во соработка со канадски и истражувачи од цел свет, за да се олесни користењето на месечевите ресурси и да се поддржи кругот на вселенската економија, објаснува Џон Вен, директор на ЛЕЕР.
Истражувачите во истовреме работат и на решавање на растечкиот проблем со вселенскиот отпад. Тимот на ЛЕЕР ги гледа нефункционалните сателити како вредни ресурси. Тие содржат алуминиум, што во комбинација со месечевиот реголит може да се користи за термичка реакција и генерирање топлина. Сепак, потребни се повеќе истражувања за да се реализира оваа замисла. Употребата на вселенски отпад преку термичка реакција може да го поддржи одржувањето и подобрувањето и на сончевите сателитски системи во вселената. Тестирањето на овој метод може да го отвори патот до сигурен извор на енергија за идните вселенски истражувања.

The post Месечевиот прав може да се користи за технологијата на иднината appeared first on Република.

]]>
И Македонија доби место во Вселената https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/i-makedonija-dobi-mesto-vo-vselenata/ Sun, 17 Dec 2023 08:00:23 +0000 https://republika.mk/?p=723823

Македонија ги потпиша финалните акти за добивање орбитална позиција во рамки на Светската радиокомуникациска конференција на ИТУ (WRC-23), која се одржа во Дубаи, известуваат од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА).

Според министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, финалните акти го дефинираат начинот на заедничко користење на радиофреквенцискиот спектар и сателитската орбита.

Процесот на координација за добивање на иста орбитална позиција во фиксната и радиодифузната сателитска служба беше долг, но на крај успеавме. Денеска Македонија има место и во орбитата. Нашата орбитална позиција од денеска е сигурна, следен чекор е лансирање на Сателитот, велат од МИОА.

Како што посочуваат од МИОА, второто достигнување за нашата земја на конференцијата е дигиталната дивиденда 3 со која се ослободува фреквенциски простор за шестата генерација мобилни мрежи (6Г) во пониски фреквенциски опсези.

Денес, земји од целиот свет на Светската радиокомуникациска конференција на ИТУ (WRC-23) ја дефинираа дигиталната трансформација, нагласуваат од Министерството.

The post И Македонија доби место во Вселената appeared first on Република.

]]>

Македонија ги потпиша финалните акти за добивање орбитална позиција во рамки на Светската радиокомуникациска конференција на ИТУ (WRC-23), која се одржа во Дубаи, известуваат од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА). Според министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, финалните акти го дефинираат начинот на заедничко користење на радиофреквенцискиот спектар и сателитската орбита.
Процесот на координација за добивање на иста орбитална позиција во фиксната и радиодифузната сателитска служба беше долг, но на крај успеавме. Денеска Македонија има место и во орбитата. Нашата орбитална позиција од денеска е сигурна, следен чекор е лансирање на Сателитот, велат од МИОА.
Како што посочуваат од МИОА, второто достигнување за нашата земја на конференцијата е дигиталната дивиденда 3 со која се ослободува фреквенциски простор за шестата генерација мобилни мрежи (6Г) во пониски фреквенциски опсези.
Денес, земји од целиот свет на Светската радиокомуникациска конференција на ИТУ (WRC-23) ја дефинираа дигиталната трансформација, нагласуваат од Министерството.

The post И Македонија доби место во Вселената appeared first on Република.

]]>
Американски генерал: САД треба да ја контролираат вселената за да бидат конкурентни во идните војни https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/amerikanski-general-sad-treba-da-ja-kontroliraat-vselenata-za-da-bidat-konkurentni-vo-idnite-vojni/ Sat, 16 Dec 2023 07:53:22 +0000 https://republika.mk/?p=723227

Генерал-полковник на Маринскиот корпус на војската на САД, Метју Глави, на конференцијата на Здружението на стари врани порача дека вселената е домен што американската војска треба да го освои ако сака да се натпреварува во идните војни.

Вселената е најотпорната способност што ја имаме. Ви велам токму сега: Не го освојуваме вселенскиот домен? Тогаш да не се ни мачиме“, изјави Глави.

Воените технологии засновани на вселената моментално вклучуваат шпионски сателити, комуникациски релеи и навигациски помагала што ги користи војската во секој друг домен.

Американските вселенски сили беа создадени од администрацијата на Доналд Трамп во 2019 година, знак дека американската војска посериозно го сфаќа вселенскиот домен.

Доминацијата на САД во вселената беше доведена во прашање во последниве години, при што неколку земји, вклучувајќи ги Кина, Русија, Индија и други, сите лансираа научно значајни мисии во 2023 година, вклучително и во август, кога Индија стана првата земја што слета вселенско летало во близина на јужниот пол на Месечината.

The post Американски генерал: САД треба да ја контролираат вселената за да бидат конкурентни во идните војни appeared first on Република.

]]>

Генерал-полковник на Маринскиот корпус на војската на САД, Метју Глави, на конференцијата на Здружението на стари врани порача дека вселената е домен што американската војска треба да го освои ако сака да се натпреварува во идните војни.
Вселената е најотпорната способност што ја имаме. Ви велам токму сега: Не го освојуваме вселенскиот домен? Тогаш да не се ни мачиме“, изјави Глави.
Воените технологии засновани на вселената моментално вклучуваат шпионски сателити, комуникациски релеи и навигациски помагала што ги користи војската во секој друг домен. Американските вселенски сили беа создадени од администрацијата на Доналд Трамп во 2019 година, знак дека американската војска посериозно го сфаќа вселенскиот домен. Доминацијата на САД во вселената беше доведена во прашање во последниве години, при што неколку земји, вклучувајќи ги Кина, Русија, Индија и други, сите лансираа научно значајни мисии во 2023 година, вклучително и во август, кога Индија стана првата земја што слета вселенско летало во близина на јужниот пол на Месечината.

The post Американски генерал: САД треба да ја контролираат вселената за да бидат конкурентни во идните војни appeared first on Република.

]]>
Индискиот лунарен ровер испрати први податоци од Месечината: Измерена температура од 70 степени https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/indiskiot-lunaren-rover-isprati-prvi-podatotsi-od-mesechinata-izmerena-temperatura-od-70-stepeni/ Mon, 28 Aug 2023 10:45:53 +0000 https://republika.mk/?p=676570

Индискиот лунарен ровер „Прагјан“, кој слета на Месечината откако беше истоварен од вселенско летало како дел од мисијата „Чандрајан-3“, ги испратил на Земјата првите научни податоци кои ги менуваат идеите за јужниот пол на Месечината.

Од испратените податоци може да се дозане дека е измерена температура од 70 степени Целзиусови, додека досега постоеше мислење дека таа би можело да биде меѓу 20 и 30 степени, соопшти Индиската организација за вселенски истражувања.

Организацијата на платформата „Икс“ (Твитер) соопшти дека се мери температурата на горниот слој на тлото на Месечината околу јужниот пол за да се разбере термичкото однесување на површината на сателитот.

Како што се наведува во соопштението, роверот е опремен со температурна сонда со механизам што може да ја мери температурата на тлото на Месечината до длабочина од 10 сантиметри.

The post Индискиот лунарен ровер испрати први податоци од Месечината: Измерена температура од 70 степени appeared first on Република.

]]>

Индискиот лунарен ровер „Прагјан“, кој слета на Месечината откако беше истоварен од вселенско летало како дел од мисијата „Чандрајан-3“, ги испратил на Земјата првите научни податоци кои ги менуваат идеите за јужниот пол на Месечината. Од испратените податоци може да се дозане дека е измерена температура од 70 степени Целзиусови, додека досега постоеше мислење дека таа би можело да биде меѓу 20 и 30 степени, соопшти Индиската организација за вселенски истражувања. Организацијата на платформата „Икс“ (Твитер) соопшти дека се мери температурата на горниот слој на тлото на Месечината околу јужниот пол за да се разбере термичкото однесување на површината на сателитот. Како што се наведува во соопштението, роверот е опремен со температурна сонда со механизам што може да ја мери температурата на тлото на Месечината до длабочина од 10 сантиметри.

The post Индискиот лунарен ровер испрати први податоци од Месечината: Измерена температура од 70 степени appeared first on Република.

]]>
НАСА објави снимка од слетување на хеликоптерот „Генијалност“ на Марс https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/nasa-objavi-snimka-od-sletuvane-na-helikopterot-genijalnost-na-mars/ Mon, 21 Aug 2023 16:19:21 +0000 https://republika.mk/?p=674264

Хеликоптерот „Генијалност“ (Ingenuity) извршил уште еден пробен лет и слетување на Марс, а целиот процес го снимил роверот „Упорност“ (Perseverance). Беспилотното летало досега заврши повеќе од 50 летови иако се очекуваа најмногу пет лета.

Клучна цел на мисијата „Упорност“ на Марс е астробиологијата, вклучително и потрагата по знаци на микробиолошки живот во минатото“, соопшти НАСА.

https://twitter.com/NASAJPL/status/1692959617071173803?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1692959617071173803%7Ctwgr%5E0b3301c67dd00d206f9b4c48735edcb4f8f8c17f%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fmia.mk%2Fstory%2FD0BDD0B0D181D0B0-D0BED0B1D198D0B0D0B2D0B8-D181D0BDD0B8D0BCD0BAD0B0-D0BED0B4-D0BBD0B5D182-D0BDD0B0-D185D0B5D0BBD0B8D0BAD0BED0BFD182D0B5D180D0BED182-D0B3D0B5D0BDD0B8D198-D0BDD0B0-D0BCD0B0D180D181

Густината на атмосферата на Марс е само еден отсто од онаа на Земјата, што им отежнува на леталата да го направат потребното подигнување за летот. Сепак, експерименталниот хеликоптер „Генијалност“ на американската вселенска агенција НАСА е дизајниран да се крева користејќи ги своите ротори во такви уникатни услови.

Цел на истражувањата се карпите и почвата на Марс, коишто бараат „тела, супстанции и / или примероци за чие потекло е потребен биолошки агенс“. Роверот „Упорност“ неодамна го сними 54-от лет на својот хеликоптер, којшто се случил на почетокот на август. Откако кај „Генијалност“ се појави аномалија, НАСА го направи овој тест за да се увери дека системот за навигација сè уште работи без проблеми, а резултатот е позитивен.

На видеото се гледа како „Генијалност“ ги стартува своите ротори и полетува, а потоа лебди на висина од околу пет метри над површината, пред да слета. „Упорност“ го снимил тој тест од далечина од 55 метри.

The post НАСА објави снимка од слетување на хеликоптерот „Генијалност“ на Марс appeared first on Република.

]]>

Хеликоптерот „Генијалност“ (Ingenuity) извршил уште еден пробен лет и слетување на Марс, а целиот процес го снимил роверот „Упорност“ (Perseverance). Беспилотното летало досега заврши повеќе од 50 летови иако се очекуваа најмногу пет лета.
Клучна цел на мисијата „Упорност“ на Марс е астробиологијата, вклучително и потрагата по знаци на микробиолошки живот во минатото“, соопшти НАСА.
https://twitter.com/NASAJPL/status/1692959617071173803?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1692959617071173803%7Ctwgr%5E0b3301c67dd00d206f9b4c48735edcb4f8f8c17f%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fmia.mk%2Fstory%2FD0BDD0B0D181D0B0-D0BED0B1D198D0B0D0B2D0B8-D181D0BDD0B8D0BCD0BAD0B0-D0BED0B4-D0BBD0B5D182-D0BDD0B0-D185D0B5D0BBD0B8D0BAD0BED0BFD182D0B5D180D0BED182-D0B3D0B5D0BDD0B8D198-D0BDD0B0-D0BCD0B0D180D181 Густината на атмосферата на Марс е само еден отсто од онаа на Земјата, што им отежнува на леталата да го направат потребното подигнување за летот. Сепак, експерименталниот хеликоптер „Генијалност“ на американската вселенска агенција НАСА е дизајниран да се крева користејќи ги своите ротори во такви уникатни услови. Цел на истражувањата се карпите и почвата на Марс, коишто бараат „тела, супстанции и / или примероци за чие потекло е потребен биолошки агенс“. Роверот „Упорност“ неодамна го сними 54-от лет на својот хеликоптер, којшто се случил на почетокот на август. Откако кај „Генијалност“ се појави аномалија, НАСА го направи овој тест за да се увери дека системот за навигација сè уште работи без проблеми, а резултатот е позитивен. На видеото се гледа како „Генијалност“ ги стартува своите ротори и полетува, а потоа лебди на висина од околу пет метри над површината, пред да слета. „Упорност“ го снимил тој тест од далечина од 55 метри.

The post НАСА објави снимка од слетување на хеликоптерот „Генијалност“ на Марс appeared first on Република.

]]>
„Virgin Galactic“ ги однесе првите туристи во Вселената https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/virgin-galactic-gi-odnese-prvite-turisti-vo-vselenata/ Thu, 10 Aug 2023 19:56:12 +0000 https://republika.mk/?p=670930

Првите патници кои ги превезе компанијата „Virgin Galactic“ стасаа во четвртокот во Вселената, соопшти компанијата којашто ја основаше британскиот милијардер и магнат во комерцијалната астронаутика Ричард Брансон кој со тоа го исполни ветувањето дадено пред дваесет години.

Тројцата патници: 80-годишниот Џон Гудвин, 46-годишната Кеијша Шафафф и нејзината 18-годишна ќерка Анастатија Мајерс, минаа неколку минути во Вселентата, од каде што можеа да ѝ се восхитуваат на заобленоста на Земјата и кусо да лебдат во бестежинска состојба, наведува компанијата која вршеше видео-пренос од летот.

Мисијата наречена „Galactic 02“ е вториот комерцијален лет на „Virgin Galactic“, по првиот кој беше реализиран кон крајот на јуни.

Големиот авион-носач полета од конвенционалната писта во Њу Мексико и по фазата на искачување го лансираше леталото на ракетен погон коешто наликува на голем приватен авион.

Потоа леталото го вклучи својот мотор и забрзуваше вертикално додека не ја надмина височината од 80 километри, којашто американската војска ја смета за границата од којашто започнува Вселената. Леталото достигнало височина од 88 километри, според коментаторот на директниот видео-пренос.

Вселенското летало набрзо потоа почна да се спушта лебдејќи, а потоа слета на истата писта од којашто полета.
Кеијша Шафафф и нејзината ќерка Анастатија Мајерс од Карибите го освоија билетот на играта на среќа којашто ја организираше „Virgin Galactic“. Третиот патник, Британецот Џон Гудвин учествуваше на Олимписките игри во 1972 година. Тој боледува од Паркинсоновата болест и е втората личност со оваа болест којашто претстојуваше накусо во Вселената. Иако има 80 години, тој не е најстариот вселенски патник, бидејќи таа „титула“ му припаѓа на Вилијам Шатнер кој има 90 години.

Околу 800 клиенти купиле билет за патување во Вселената по цена којашто во почетокот изнесуваше од 200.000 до 250.000 долари, а подоцна се зголеми на 450.000 долари.

The post „Virgin Galactic“ ги однесе првите туристи во Вселената appeared first on Република.

]]>

Првите патници кои ги превезе компанијата „Virgin Galactic“ стасаа во четвртокот во Вселената, соопшти компанијата којашто ја основаше британскиот милијардер и магнат во комерцијалната астронаутика Ричард Брансон кој со тоа го исполни ветувањето дадено пред дваесет години. Тројцата патници: 80-годишниот Џон Гудвин, 46-годишната Кеијша Шафафф и нејзината 18-годишна ќерка Анастатија Мајерс, минаа неколку минути во Вселентата, од каде што можеа да ѝ се восхитуваат на заобленоста на Земјата и кусо да лебдат во бестежинска состојба, наведува компанијата која вршеше видео-пренос од летот. Мисијата наречена „Galactic 02“ е вториот комерцијален лет на „Virgin Galactic“, по првиот кој беше реализиран кон крајот на јуни. Големиот авион-носач полета од конвенционалната писта во Њу Мексико и по фазата на искачување го лансираше леталото на ракетен погон коешто наликува на голем приватен авион. Потоа леталото го вклучи својот мотор и забрзуваше вертикално додека не ја надмина височината од 80 километри, којашто американската војска ја смета за границата од којашто започнува Вселената. Леталото достигнало височина од 88 километри, според коментаторот на директниот видео-пренос. Вселенското летало набрзо потоа почна да се спушта лебдејќи, а потоа слета на истата писта од којашто полета. Кеијша Шафафф и нејзината ќерка Анастатија Мајерс од Карибите го освоија билетот на играта на среќа којашто ја организираше „Virgin Galactic“. Третиот патник, Британецот Џон Гудвин учествуваше на Олимписките игри во 1972 година. Тој боледува од Паркинсоновата болест и е втората личност со оваа болест којашто претстојуваше накусо во Вселената. Иако има 80 години, тој не е најстариот вселенски патник, бидејќи таа „титула“ му припаѓа на Вилијам Шатнер кој има 90 години. Околу 800 клиенти купиле билет за патување во Вселената по цена којашто во почетокот изнесуваше од 200.000 до 250.000 долари, а подоцна се зголеми на 450.000 долари.

The post „Virgin Galactic“ ги однесе првите туристи во Вселената appeared first on Република.

]]>
НАСА поради погрешна наредба изгубила контакт со вселенското летало „Војаџер 2“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/nasa-poradi-pogreshna-naredba-izgubila-kontakt-so-vselenskoto-letalo-vojadher-2/ Wed, 02 Aug 2023 14:32:30 +0000 https://republika.mk/?p=667960

НАСА интензивно трага по каков било сигнал од вселенското летало „Војаџер 2“ откако го изгуби контактот со леталото, коешто во мигов е оддалечено милијарди километри од Земјата.

Американската вселенска агенција, за оваа своја програма, користи огромна антена наречена Комплекс за комуникација со далечната вселена, сместена во Канбера, Австралија. Пред седум дена, погрешен сигнал оттаму предизвикал антената на леталото ненамерно да се оттргне од Земјата, т.е контролорите на НАСА случајно испратиле погрешна команда

. Иако станува збор за многу мала промена, тоа е доволно за да се прекине комуникацијата со „Војаџер 2“.

Со оглед на оддалеченоста, потребни се повеќе од 18 часа сигналот да допатува од леталото до нашата планета.

„Војаџер 2“ беше лансиран 1977 година од Флорида (САД) за да ги истражува тн. надворешни планети во Сончевиот Систем, а тоа се Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун. Беше лансиран само неколку недели пред леталото „Војаџер 1“. Инаку, „двојката“ излезе од Сончевиот Систем и влезе во меѓуѕвездениот простор во 2018 година, по откритијата на мноштво нови месечини на Уран, и една на Јупитер.

Антената на НАСА во Канбера наредната недела ќе се обиде повторно да го пронајде „Војаџер 2“ и да ја испрати правилната команда. Ако тоа не успее, ќе треба да се почека до октомври кога леталото автоматски ќе се ресетира со надеж дека тоа повторно ќе ја воспостави комуникацијата со Земјата.

The post НАСА поради погрешна наредба изгубила контакт со вселенското летало „Војаџер 2“ appeared first on Република.

]]>

НАСА интензивно трага по каков било сигнал од вселенското летало „Војаџер 2“ откако го изгуби контактот со леталото, коешто во мигов е оддалечено милијарди километри од Земјата. Американската вселенска агенција, за оваа своја програма, користи огромна антена наречена Комплекс за комуникација со далечната вселена, сместена во Канбера, Австралија. Пред седум дена, погрешен сигнал оттаму предизвикал антената на леталото ненамерно да се оттргне од Земјата, т.е контролорите на НАСА случајно испратиле погрешна команда . Иако станува збор за многу мала промена, тоа е доволно за да се прекине комуникацијата со „Војаџер 2“. Со оглед на оддалеченоста, потребни се повеќе од 18 часа сигналот да допатува од леталото до нашата планета. „Војаџер 2“ беше лансиран 1977 година од Флорида (САД) за да ги истражува тн. надворешни планети во Сончевиот Систем, а тоа се Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун. Беше лансиран само неколку недели пред леталото „Војаџер 1“. Инаку, „двојката“ излезе од Сончевиот Систем и влезе во меѓуѕвездениот простор во 2018 година, по откритијата на мноштво нови месечини на Уран, и една на Јупитер. Антената на НАСА во Канбера наредната недела ќе се обиде повторно да го пронајде „Војаџер 2“ и да ја испрати правилната команда. Ако тоа не успее, ќе треба да се почека до октомври кога леталото автоматски ќе се ресетира со надеж дека тоа повторно ќе ја воспостави комуникацијата со Земјата.

The post НАСА поради погрешна наредба изгубила контакт со вселенското летало „Војаџер 2“ appeared first on Република.

]]>
НАСА ја избра компанијата за производство на оружје „Локхид Мартин“ да развие летало за на Марс https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/nasa-ja-izbra-kompanijata-za-proizvodstvo-na-oruzhje-lokhid-martin-da-razvie-letalo-za-na-mars/ Fri, 28 Jul 2023 08:25:31 +0000 https://republika.mk/?p=666171

Американската Национална воздушно-вселенска администрација (НАСА) и Напредната одбранбена агенција за истражувачки проекти (ДАРПА) ја избраа компанијата „Локхид Мартин“ за конструкција и развој на вселенско летало со нуклеарен термички ракетен мотор за идните мисии на Марс.

Нуклеарниот термички погон (НТП) има неколку предности во однос на ракетите со хемиски погон. Пред сѐ, тој е два до пет пати поделотворен и им овозможува на вселенските летала побрзо движење. Покрај тоа, намалениот баран простор за горивото остава повеќе место за складирање научна опрема и други основни работи на самото летало.

Исто така, нуклеарните мотори го олеснуваат менувањето на траекторијата на вселенското летало за повратно патување порано од очекуваното. Овие фактори заедно го прават НТП скоро идеален метод за патување до Марс.

Овие помоќни и поделотворни нуклеарни термални погонски системи можат да обезбедат пократко време на транзит меѓу дестинациите. Намалувањето на тоа време е битно за човековите мисии на Марс за да се ограничи изложеноста на екипажот на радијација, изјави Кирк Шајрман, одговорен за месечеви и вселенски истражувања во „Локхид Мартин“.

Системот НТП ќе користи нуклеарен реактор за брзо загревање на водородот до екстремно високи температури, а потоа тој гас се насочува низ млазницата на моторот за да се создаде потисок за вселенското летало. Пред НТП да им дозволи на првите луѓе да патуваат на Марс, може да се користи и за пократки летови. Овој погон би можел да го направи и преносот на материјали до Месечината уште полесен и побрз.

https://www.youtube.com/watch?v=LSIlLUKiiGE&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fmia.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post НАСА ја избра компанијата за производство на оружје „Локхид Мартин“ да развие летало за на Марс appeared first on Република.

]]>

Американската Национална воздушно-вселенска администрација (НАСА) и Напредната одбранбена агенција за истражувачки проекти (ДАРПА) ја избраа компанијата „Локхид Мартин“ за конструкција и развој на вселенско летало со нуклеарен термички ракетен мотор за идните мисии на Марс. Нуклеарниот термички погон (НТП) има неколку предности во однос на ракетите со хемиски погон. Пред сѐ, тој е два до пет пати поделотворен и им овозможува на вселенските летала побрзо движење. Покрај тоа, намалениот баран простор за горивото остава повеќе место за складирање научна опрема и други основни работи на самото летало. Исто така, нуклеарните мотори го олеснуваат менувањето на траекторијата на вселенското летало за повратно патување порано од очекуваното. Овие фактори заедно го прават НТП скоро идеален метод за патување до Марс.
Овие помоќни и поделотворни нуклеарни термални погонски системи можат да обезбедат пократко време на транзит меѓу дестинациите. Намалувањето на тоа време е битно за човековите мисии на Марс за да се ограничи изложеноста на екипажот на радијација, изјави Кирк Шајрман, одговорен за месечеви и вселенски истражувања во „Локхид Мартин“.
Системот НТП ќе користи нуклеарен реактор за брзо загревање на водородот до екстремно високи температури, а потоа тој гас се насочува низ млазницата на моторот за да се создаде потисок за вселенското летало. Пред НТП да им дозволи на првите луѓе да патуваат на Марс, може да се користи и за пократки летови. Овој погон би можел да го направи и преносот на материјали до Месечината уште полесен и побрз. https://www.youtube.com/watch?v=LSIlLUKiiGE&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fmia.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post НАСА ја избра компанијата за производство на оружје „Локхид Мартин“ да развие летало за на Марс appeared first on Република.

]]>
НАСА вежбаше прифаќање и безбедно складирање на примероци од астероид донесени со вселенско летало https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/nasa-vezhbashe-prifakane-i-bezbedno-skladirane-na-primerotsi-od-asteroid-doneseni-so-vselensko-letalo/ Wed, 26 Jul 2023 18:42:15 +0000 https://republika.mk/?p=660733

Американската Национална воздушно-вселенска администрација (НАСА) изведе симулација на својата прва мисија за прифаќање, пренос и безбедно складирање примероци од астероид на Земјата.

Планот е вселенското летало „Озирис-Рекс“ (OSIRIS-REx) на НАСА да испорача примероци од астероидот Бену на нашата планета на 24 септември, а тимот што треба да стигне до нив, мора да дејствува многу брзо. Имено, капсулата што ги носи примероците, ќе падне со падобран во пустината во Јута, а тимот мора да стигне таму што е можно поскоро за да се избегне контаминација од Земјата што би го расипала примерокот.

Капсулата ќе биде прикачена за хеликоптер и пренесена по воздушен пат. Токму затоа тимот на мисијата „Озирис-Рекс“ го спроведе тестот, како подготовка за она што треба да се случи за два месеца.

Леталото „Озирис-Рекс“ веќе слета на Бену пред три години и собра примерок од неговата карпеста површина, па сега е во последната етапа од своето патување назад кон Земјата. Мисијата „Озирис-Рекс“ е првиот обид на НАСА да испорача примерок земен од астероид, но Јапонската вселенска агенција - ЈАКСА веќе го направи тоа двапати за време на двете мисии „Хајабуса“.

Американското летало беше лансирано на 8 септември 2016 година, а на астероидот Бену слета во октомври 2020 година. Научниците се надеваат дека собраните примероци ќе дадат нови сознанија за улогата на астероидите во овозможувањето живот на Земјата. Можно е вселенските астероиди да донеле дел од градивата на нашата планета.

Според предвидудањата и плановите на НАСА, леталото во 2029 година има нова цел, односно треба да лета кон астероидот Апофис.

The post НАСА вежбаше прифаќање и безбедно складирање на примероци од астероид донесени со вселенско летало appeared first on Република.

]]>

Американската Национална воздушно-вселенска администрација (НАСА) изведе симулација на својата прва мисија за прифаќање, пренос и безбедно складирање примероци од астероид на Земјата. Планот е вселенското летало „Озирис-Рекс“ (OSIRIS-REx) на НАСА да испорача примероци од астероидот Бену на нашата планета на 24 септември, а тимот што треба да стигне до нив, мора да дејствува многу брзо. Имено, капсулата што ги носи примероците, ќе падне со падобран во пустината во Јута, а тимот мора да стигне таму што е можно поскоро за да се избегне контаминација од Земјата што би го расипала примерокот. Капсулата ќе биде прикачена за хеликоптер и пренесена по воздушен пат. Токму затоа тимот на мисијата „Озирис-Рекс“ го спроведе тестот, како подготовка за она што треба да се случи за два месеца. Леталото „Озирис-Рекс“ веќе слета на Бену пред три години и собра примерок од неговата карпеста површина, па сега е во последната етапа од своето патување назад кон Земјата. Мисијата „Озирис-Рекс“ е првиот обид на НАСА да испорача примерок земен од астероид, но Јапонската вселенска агенција - ЈАКСА веќе го направи тоа двапати за време на двете мисии „Хајабуса“. Американското летало беше лансирано на 8 септември 2016 година, а на астероидот Бену слета во октомври 2020 година. Научниците се надеваат дека собраните примероци ќе дадат нови сознанија за улогата на астероидите во овозможувањето живот на Земјата. Можно е вселенските астероиди да донеле дел од градивата на нашата планета. Според предвидудањата и плановите на НАСА, леталото во 2029 година има нова цел, односно треба да лета кон астероидот Апофис.

The post НАСА вежбаше прифаќање и безбедно складирање на примероци од астероид донесени со вселенско летало appeared first on Република.

]]>
Роверот на Марс открил органски соедниненија на „Црвената Планета“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/roverot-upornost-na-mars-otkril-organski-soedninenija-na-tsrvenata-planeta/ Fri, 14 Jul 2023 17:58:00 +0000 https://republika.mk/?p=661468

Роверот „Упорност“ (Perseverance), којшто беше испратен на Марс од американската вселенска агенција НАСА, пронашол остатоци од органски соединенија на „Црвената Планета“.

Органските молекули, како оние забележани во кратерот Језеро, содржат атоми на јаглерод и водород. Тоа се клучните компоненти на животот каков што го знаеме на Земјата. Но, како што се истакнува, ова не мора да значи дека некогаш постоел живот на Марс. Овие соединенија би можеле да се развијат и на небиолошки начини. Сепак, резултатите укажуваат на изненадувачки сложени органски услови за „клучните градива на животот“ во својот зародиш.

Ова е возбудлива трага за астробиолозите, бидејќи тие (наоди, б.п.) главно се сметаат за градивни елементи на животот. Важно е да се знае дека, исто така, тие можат да бидат создадени од процеси што не се поврзани со животот каков што го знаеме, така што органските молекули не се доказ за живот сами по себе, без дополнителни докази кои не можат да се објаснат со небиолошки, односно биотски процеси, изјави еден од авторите на истражувањето, Џозеф Разел Холис од британскиот Природонаучен музеј во Лондон.

„Упорност“ е првиот ровер што го истражува кратерот Језеро, а тоа почна во февруари 2021 година. Истражувачите веруваат дека некогаш во кратерот имало езеро, како и делта на реката што се влевала во него. Тоа е еден од најверојатните области во коишто може да има остатоци од знаци на живот на Марс. Следи дополнително истражување на молекулите и нивното потекло.

Ако овие примероци се пренесат на наше копно во лабораторија, во истражувањата може да се користат поразновидни алатки, како и поголема просторна резолуција со многу поголема специфичност и чувствителност.

 

Досега единствените карпи на Марс што можеме да ги проучуваме на Земјата беа всушност метеоритите. Пристапот до недопрените карпи на Марс, внимателно сместени, складирани и заштитени од контаминација, ќе биде од непроценливо значење за планетарнава наука, вели Разел Холис, еден од авторите на написот

Научниците велат дека ќе треба да се почека на мисијата за пренос на примероците на Земјата, наречена „Марс сампл ретурн“ (МСР), којашто би требало да биде допрва испратена оттука, и тоа најрано кон крајот на 2020-тите.

The post Роверот на Марс открил органски соедниненија на „Црвената Планета“ appeared first on Република.

]]>

Роверот „Упорност“ (Perseverance), којшто беше испратен на Марс од американската вселенска агенција НАСА, пронашол остатоци од органски соединенија на „Црвената Планета“. Органските молекули, како оние забележани во кратерот Језеро, содржат атоми на јаглерод и водород. Тоа се клучните компоненти на животот каков што го знаеме на Земјата. Но, како што се истакнува, ова не мора да значи дека некогаш постоел живот на Марс. Овие соединенија би можеле да се развијат и на небиолошки начини. Сепак, резултатите укажуваат на изненадувачки сложени органски услови за „клучните градива на животот“ во својот зародиш.
Ова е возбудлива трага за астробиолозите, бидејќи тие (наоди, б.п.) главно се сметаат за градивни елементи на животот. Важно е да се знае дека, исто така, тие можат да бидат создадени од процеси што не се поврзани со животот каков што го знаеме, така што органските молекули не се доказ за живот сами по себе, без дополнителни докази кои не можат да се објаснат со небиолошки, односно биотски процеси, изјави еден од авторите на истражувањето, Џозеф Разел Холис од британскиот Природонаучен музеј во Лондон.
„Упорност“ е првиот ровер што го истражува кратерот Језеро, а тоа почна во февруари 2021 година. Истражувачите веруваат дека некогаш во кратерот имало езеро, како и делта на реката што се влевала во него. Тоа е еден од најверојатните области во коишто може да има остатоци од знаци на живот на Марс. Следи дополнително истражување на молекулите и нивното потекло.
Ако овие примероци се пренесат на наше копно во лабораторија, во истражувањата може да се користат поразновидни алатки, како и поголема просторна резолуција со многу поголема специфичност и чувствителност.   Досега единствените карпи на Марс што можеме да ги проучуваме на Земјата беа всушност метеоритите. Пристапот до недопрените карпи на Марс, внимателно сместени, складирани и заштитени од контаминација, ќе биде од непроценливо значење за планетарнава наука, вели Разел Холис, еден од авторите на написот
Научниците велат дека ќе треба да се почека на мисијата за пренос на примероците на Земјата, наречена „Марс сампл ретурн“ (МСР), којашто би требало да биде допрва испратена оттука, и тоа најрано кон крајот на 2020-тите.

The post Роверот на Марс открил органски соедниненија на „Црвената Планета“ appeared first on Република.

]]>
Први јасни фотографии од Марс: Роверот на НАСА снимил два необични облаци https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/prvi-jasni-fotografii-od-mars-roverot-na-nasa-snimil-dva-neobichni-oblatsi/ Sat, 11 Mar 2023 08:25:01 +0000 https://republika.mk/?p=618376

Роверот на НАСА ја направил првата јасна фотографија од сончевите зраци на Марс, а целата сцена наликува на морничаво бело зајдисонце на Земјата. Роверот ја снимил оваа етерична фотографија на 2 февруари, додека Сонцето заоѓа зад група мрачни облаци, осветлувајќи ги во пригушени нијанси на зелена и розова боја.

Со оглед на тоа дека овој облак се наоѓал на невообичаено голема надморска височина, научниците претпоставуваат дека облаците се составени од мраз со јаглерод диоксид; познат и како сув мраз. Повеќето од облаците на Марс се на висина до 60 километри, а се состојат од воден мраз.

Роверот исто така, снимил блескав облак во облик на столб. Овие облаци, кои ги гледаме и на Земјата, поради нивната разнобојност потсетуваат на виножито. Тие се нарекуваат „iridescent“ или облаци во бои на виножитото.

За разлика од виножитото, кое е резултат на прекршување на сончевата светлина додека минува низ големи капки вода, блескавите облаци се предизвикани од дифракција. Дифракцијата се јавува кога зрак светлина ќе наиде на пречка со слична големина на таа бранова должина на светлината, а потоа се прекршува и се наведнува околу пречката.

Кога ги гледаме транзициите на боите, всушност гледаме промена во големината на честичките во облакот. Тоа ни кажува за начинот на кој облакот еволуира и како неговите честички ја менуваат големината со текот на времето“, вели атмосферскиот научник Марк Лемон, на Институтот за вселенска наука во Колорадо.

Облаците на Марс се ретка појава бидејќи нема многу вода во атмосферата на планетата. Кога се појавуваат облаци, тоа најчесто се случува околу Марсовиот екватор во најстудениот дел од годината.

The post Први јасни фотографии од Марс: Роверот на НАСА снимил два необични облаци appeared first on Република.

]]>

Роверот на НАСА ја направил првата јасна фотографија од сончевите зраци на Марс, а целата сцена наликува на морничаво бело зајдисонце на Земјата. Роверот ја снимил оваа етерична фотографија на 2 февруари, додека Сонцето заоѓа зад група мрачни облаци, осветлувајќи ги во пригушени нијанси на зелена и розова боја. Со оглед на тоа дека овој облак се наоѓал на невообичаено голема надморска височина, научниците претпоставуваат дека облаците се составени од мраз со јаглерод диоксид; познат и како сув мраз. Повеќето од облаците на Марс се на висина до 60 километри, а се состојат од воден мраз. Роверот исто така, снимил блескав облак во облик на столб. Овие облаци, кои ги гледаме и на Земјата, поради нивната разнобојност потсетуваат на виножито. Тие се нарекуваат „iridescent“ или облаци во бои на виножитото. За разлика од виножитото, кое е резултат на прекршување на сончевата светлина додека минува низ големи капки вода, блескавите облаци се предизвикани од дифракција. Дифракцијата се јавува кога зрак светлина ќе наиде на пречка со слична големина на таа бранова должина на светлината, а потоа се прекршува и се наведнува околу пречката.
Кога ги гледаме транзициите на боите, всушност гледаме промена во големината на честичките во облакот. Тоа ни кажува за начинот на кој облакот еволуира и како неговите честички ја менуваат големината со текот на времето“, вели атмосферскиот научник Марк Лемон, на Институтот за вселенска наука во Колорадо.
Облаците на Марс се ретка појава бидејќи нема многу вода во атмосферата на планетата. Кога се појавуваат облаци, тоа најчесто се случува околу Марсовиот екватор во најстудениот дел од годината.

The post Први јасни фотографии од Марс: Роверот на НАСА снимил два необични облаци appeared first on Република.

]]>
Русија ќе ја напушти Меѓународната вселенска станица по 2024 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/rusija-kje-ja-napushti-megjunarodnata-vselenska-stanica-po-2024-godina/ Tue, 26 Jul 2022 14:12:01 +0000 https://republika.mk/?p=533418

Шефот на руската вселенска агенција „Роскосмос“, Јуриј Борисов, изјави дека Русија ќе престане да ја користи Меѓународната вселенска станица по 2024 година.

Без сомнение ќе ги исполниме сите наши обврски кон нашите партнери во Меѓународната вселенска станица. Сепак, донесена е одлука да се напушти таа станица по 2024 година - изјави Борисов на средба со рускиот претседател Владимир Путин.

Тој додаде оти дека мисли дека дотогаш ќе почне формирањето на руската орбитална станица, која ќе биде „главен приоритет“ на руската национална вселенска програма.

Иднината на руските летови со екипаж треба пред сè да се заснова на систематска и избалансирана научна програма, со цел секој лет да нè збогатува со знаење во вселенската сфера - порача тој.

Борисов беше назначен за шеф на „Роскосмос“ во средината на јули, на местото на Дмитриј Рогозин. До тогаш 65-годишниот Борисов беше вицепремиер задолжен за рускиот воено-индустриски комплекс, кој го вклучува и секторот што се занимава со вселената.

Вселенскиот сектор е во тешка ситуација и мислам дека мојата главна задача не е да го спуштам нивото, туку да го подигнам повисоко, пред сè обезбедувајќи ги потребните вселенски услуги за руската економија - изјави Борисов пред Путин, наведувајќи ги навигацијата, комуникациите и преносот на податоци.

The post Русија ќе ја напушти Меѓународната вселенска станица по 2024 година appeared first on Република.

]]>

Шефот на руската вселенска агенција „Роскосмос“, Јуриј Борисов, изјави дека Русија ќе престане да ја користи Меѓународната вселенска станица по 2024 година.
Без сомнение ќе ги исполниме сите наши обврски кон нашите партнери во Меѓународната вселенска станица. Сепак, донесена е одлука да се напушти таа станица по 2024 година - изјави Борисов на средба со рускиот претседател Владимир Путин.
Тој додаде оти дека мисли дека дотогаш ќе почне формирањето на руската орбитална станица, која ќе биде „главен приоритет“ на руската национална вселенска програма.
Иднината на руските летови со екипаж треба пред сè да се заснова на систематска и избалансирана научна програма, со цел секој лет да нè збогатува со знаење во вселенската сфера - порача тој.
Борисов беше назначен за шеф на „Роскосмос“ во средината на јули, на местото на Дмитриј Рогозин. До тогаш 65-годишниот Борисов беше вицепремиер задолжен за рускиот воено-индустриски комплекс, кој го вклучува и секторот што се занимава со вселената.
Вселенскиот сектор е во тешка ситуација и мислам дека мојата главна задача не е да го спуштам нивото, туку да го подигнам повисоко, пред сè обезбедувајќи ги потребните вселенски услуги за руската економија - изјави Борисов пред Путин, наведувајќи ги навигацијата, комуникациите и преносот на податоци.

The post Русија ќе ја напушти Меѓународната вселенска станица по 2024 година appeared first on Република.

]]>
НАСА лансира микросателит во вселената: Ќе ја испитува можноста за поставување вселенска станица на Месечината https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/nasa-lansira-mikrosatelit-vo-vselenata-kje-ja-ispituva-moznosta-za-postavuvanje-vselenska-stanica-na-mesechinata/ Sun, 03 Jul 2022 10:07:00 +0000 https://republika.mk/?p=522989

НАСА лансираше микросателит во вселената, што едвај поголем од микробранова рерна како дел од програмата за враќање на човечки екипаж на Месечината.

Ракетата што го носеше малиот модул „Капстон“ беше успешно лансирана од новозеландскиот полуостров Махија.

Нашиот неверојатен тим штотуку го испрати Капстон ​​на траекторија во орбитата на Месечината - изјави Бредли Смит од НАСА.

https://twitter.com/NASA_LSP/status/1541466565819990019?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1541466565819990019%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3963273%2Fnasa-lansirala-mikrosatelit-u-svemir

Ако се биде според планот, „Капстон“ ​​ќе се пресели во праволиниска орбита околу Месечината за четири месеци. Најблиската позиција за време на орбитата ќе биде оддалечена околу 1600 километри од Месечината, а најдолгата на околу 70.000 километри.

„Капстон“ ​​треба да орбитира околу природниот сателит на Земјата најмалку шест месеци за научниците подобро да ги разберат карактеристиките на орбитата, односно, како што велат од НАСА, ќе покаже дали моделите на НАСА одговараат на реалната потреба за моќ и погон за да се одржи орбитата.

Овој мал сателит со тежина колку куфер е всушност пилот тест за „Гејтвеј“ на НАСА, кој би требало да орбитира околу Месечината и да служи како почетна точка за истражување на нашиот природен сателит.

„Гејтвеј“, исто така, треба да се користи за проучување на нашата планета, хелиофизиката, лунарната и планетарната наука, животните науки, астрофизиката и основните истражувања на физиката.

Со други зборови, како што пишува „Франс прес“, ќе овозможи подобар увид во тие науки бидејќи ќе овозможи подобар поглед на Земјата, Сонцето, Месечината и универзумот од оној од површината на Земјата или од Земјината орбита.

Научниците се надеваат дека овој тип на орбита ќе се покаже како многу ефикасен бидејќи ја користи гравитациската сила на Месечината и Земјата за да ја намали потрошувачката на гориво.

Како дел од истиот проект, НАСА планира да ја испрати првата жена на Месечината. Проектот предвидува и планови за  да се изгради лунарна база и да го искористи тоа искуство како отскочна даска за лет со екипаж до Марс.

https://twitter.com/SpaceflightNow/status/1541727098749984768?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1541727098749984768%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3963273%2Fnasa-lansirala-mikrosatelit-u-svemir

 

The post НАСА лансира микросателит во вселената: Ќе ја испитува можноста за поставување вселенска станица на Месечината appeared first on Република.

]]>

НАСА лансираше микросателит во вселената, што едвај поголем од микробранова рерна како дел од програмата за враќање на човечки екипаж на Месечината. Ракетата што го носеше малиот модул „Капстон“ беше успешно лансирана од новозеландскиот полуостров Махија.
Нашиот неверојатен тим штотуку го испрати Капстон ​​на траекторија во орбитата на Месечината - изјави Бредли Смит од НАСА.
https://twitter.com/NASA_LSP/status/1541466565819990019?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1541466565819990019%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3963273%2Fnasa-lansirala-mikrosatelit-u-svemir Ако се биде според планот, „Капстон“ ​​ќе се пресели во праволиниска орбита околу Месечината за четири месеци. Најблиската позиција за време на орбитата ќе биде оддалечена околу 1600 километри од Месечината, а најдолгата на околу 70.000 километри. „Капстон“ ​​треба да орбитира околу природниот сателит на Земјата најмалку шест месеци за научниците подобро да ги разберат карактеристиките на орбитата, односно, како што велат од НАСА, ќе покаже дали моделите на НАСА одговараат на реалната потреба за моќ и погон за да се одржи орбитата. Овој мал сателит со тежина колку куфер е всушност пилот тест за „Гејтвеј“ на НАСА, кој би требало да орбитира околу Месечината и да служи како почетна точка за истражување на нашиот природен сателит. „Гејтвеј“, исто така, треба да се користи за проучување на нашата планета, хелиофизиката, лунарната и планетарната наука, животните науки, астрофизиката и основните истражувања на физиката. Со други зборови, како што пишува „Франс прес“, ќе овозможи подобар увид во тие науки бидејќи ќе овозможи подобар поглед на Земјата, Сонцето, Месечината и универзумот од оној од површината на Земјата или од Земјината орбита. Научниците се надеваат дека овој тип на орбита ќе се покаже како многу ефикасен бидејќи ја користи гравитациската сила на Месечината и Земјата за да ја намали потрошувачката на гориво. Како дел од истиот проект, НАСА планира да ја испрати првата жена на Месечината. Проектот предвидува и планови за  да се изгради лунарна база и да го искористи тоа искуство како отскочна даска за лет со екипаж до Марс. https://twitter.com/SpaceflightNow/status/1541727098749984768?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1541727098749984768%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3963273%2Fnasa-lansirala-mikrosatelit-u-svemir  

The post НАСА лансира микросателит во вселената: Ќе ја испитува можноста за поставување вселенска станица на Месечината appeared first on Република.

]]>
Откриено раѓање на џиновска егзопланета: Според научниците тоа е насилен процес https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/otkrieno-ragjanje-na-dzinovska-egzoplaneta-spored-nauchnicite-toa-e-nasilen-proces/ Thu, 07 Apr 2022 08:18:55 +0000 https://republika.mk/?p=484560

Вселенскиот телескоп „Хабл“ на НАСА ги снимил првите знаци на формирање на протопланета слична на Јупитер, што очигледно е многу „насилен и интензивен“ процес, велат научниците.

Ова откритие ја поддржува теоријата за формирање на гасни џинови наречена „нестабилност на дискот“.

Новооткриеното тело се наоѓа во протопланетарен диск од прашина и гас, односно јасно е видлива спирална структура која орбитира околу млада ѕвезда, која се проценува дека е стара околу 2 милиони години.

Во тој период се формирале и планетите во нашиот Сончев систем, кој е формиран пред 4,6 милијарди години.

Природата е паметна; може да произведе планети на различни начини - изјави астрофизичарот Тајн Кари, кој работи на проектот за телескопот Субару.

Две различни теории

Планетите се формираат од материјал што се наоѓа околу ѕвезден диск. Според главната теорија за формирање на гасни џинови како што е Јупитер (теорија „акреција на јадрото“), тие се формираат од мали објекти со големина на зрнца прашина до камења кои се судираат и се спојуваат додека орбитираат околу ѕвездата. Ова јадро потоа полека акумулира гас од дискот и се формира планета.

Наспроти тоа, теоријата за „нестабилност на дискот“ вели дека гасните џинови се формираат со ладење на масивен диск околу ѕвезда, каде што дискот поради гравитацијата се распаѓа на еден или повеќе фрагменти од планетарна маса, пишува НАСА.

Ѕвезда од филмот „Не гледај нагоре“ (Don't Look Up)

Новоформираната планета „AB Aurigae b“ е веројатно околу девет пати помасивна од Јупитер и орбитира околу својата ѕвезда на огромно растојание, па затоа е повеќе од двапати подалеку од неа отколку што е Плутон од Сонцето.

На таа далечина, би требало многу долго време, можеби никогаш, за да се формира планета со големина на Јупитер со натрупување на јадрото. Затоа, научниците заклучиле дека оваа егзопланета најверојатно настанала на принципот на нестабилност на дискот.

Веруваме дека оваа планета е во повој. Се чини дека ја забележавме најраната фаза од формирањето на гасниот гигант - вели Кари.

„AB Aurigae b“ орбитира околу ѕвездата наречена „AB Aurigae“, која е оддалечена 508 светлосни години и која стана донекаде позната кога нејзината слика се појави во сцената на филмот „Не гледај нагоре“.

Оваа ѕвезда е околу 2,4 пати помасивна од нашето Сонце и речиси 60 пати посветла, пишува „Ројтерс“.

The post Откриено раѓање на џиновска егзопланета: Според научниците тоа е насилен процес appeared first on Република.

]]>

Вселенскиот телескоп „Хабл“ на НАСА ги снимил првите знаци на формирање на протопланета слична на Јупитер, што очигледно е многу „насилен и интензивен“ процес, велат научниците. Ова откритие ја поддржува теоријата за формирање на гасни џинови наречена „нестабилност на дискот“. Новооткриеното тело се наоѓа во протопланетарен диск од прашина и гас, односно јасно е видлива спирална структура која орбитира околу млада ѕвезда, која се проценува дека е стара околу 2 милиони години. Во тој период се формирале и планетите во нашиот Сончев систем, кој е формиран пред 4,6 милијарди години.
Природата е паметна; може да произведе планети на различни начини - изјави астрофизичарот Тајн Кари, кој работи на проектот за телескопот Субару.

Две различни теории

Планетите се формираат од материјал што се наоѓа околу ѕвезден диск. Според главната теорија за формирање на гасни џинови како што е Јупитер (теорија „акреција на јадрото“), тие се формираат од мали објекти со големина на зрнца прашина до камења кои се судираат и се спојуваат додека орбитираат околу ѕвездата. Ова јадро потоа полека акумулира гас од дискот и се формира планета. Наспроти тоа, теоријата за „нестабилност на дискот“ вели дека гасните џинови се формираат со ладење на масивен диск околу ѕвезда, каде што дискот поради гравитацијата се распаѓа на еден или повеќе фрагменти од планетарна маса, пишува НАСА.

Ѕвезда од филмот „Не гледај нагоре“ (Don't Look Up)

Новоформираната планета „AB Aurigae b“ е веројатно околу девет пати помасивна од Јупитер и орбитира околу својата ѕвезда на огромно растојание, па затоа е повеќе од двапати подалеку од неа отколку што е Плутон од Сонцето. На таа далечина, би требало многу долго време, можеби никогаш, за да се формира планета со големина на Јупитер со натрупување на јадрото. Затоа, научниците заклучиле дека оваа егзопланета најверојатно настанала на принципот на нестабилност на дискот.
Веруваме дека оваа планета е во повој. Се чини дека ја забележавме најраната фаза од формирањето на гасниот гигант - вели Кари.
„AB Aurigae b“ орбитира околу ѕвездата наречена „AB Aurigae“, која е оддалечена 508 светлосни години и која стана донекаде позната кога нејзината слика се појави во сцената на филмот „Не гледај нагоре“. Оваа ѕвезда е околу 2,4 пати помасивна од нашето Сонце и речиси 60 пати посветла, пишува „Ројтерс“.

The post Откриено раѓање на џиновска егзопланета: Според научниците тоа е насилен процес appeared first on Република.

]]>
Куп од три тони вселенски отпад падна на Месечината и направи кратер длабок дваесетина метри https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/kup-od-tri-toni-vselenski-otpad-padna-na-mesechinata-i-napravi-krater-dlabok-dvaesetina-metri/ Tue, 08 Mar 2022 17:12:44 +0000 https://republika.mk/?p=466719

Околу три тони вселенски отпад, односно најразни остатоци од ракети, се судрија со Месечината, создавајќи масивен кратер и кревaјќи прашина од нејзината површина. Некои научници веруваат дека ѓубрето се движи низ Вселената откако Кина ја лансираше својата прва мисија во 2014 година.

Вселенското ѓубре што падна на подалечната страна на Месечината, која не е покриена со телескопи, поради што стручњаците веруваат дека ќе бидат потребни седмици, а можеби и месеци за да се потврди ударот со сателитски снимки.

Според некои познавачи, отпадот потекнува од Кина, нешто што Пекинг го негира.

Астрономот Бил Греј од САД, кој следи астероиди, тврди дека е сигурен дека се работи за кинеска ракета.

Не гледам како тоа би можело да биде нешто друго - смета тој.

Научниците претпоставуваат дека остатоците направиле кратер длабок 10 до 20 метри на површината на Месечината. А, бидејќи речиси и нема атмосфера, нашиот природен сателит и нема одбрана од судир со метеори, астероиди или други објекти кои би можеле да го погодат. Поради овие услови, нема ниту ерозија, така што кратерите остануваат така засекогаш.

The post Куп од три тони вселенски отпад падна на Месечината и направи кратер длабок дваесетина метри appeared first on Република.

]]>

Околу три тони вселенски отпад, односно најразни остатоци од ракети, се судрија со Месечината, создавајќи масивен кратер и кревaјќи прашина од нејзината површина. Некои научници веруваат дека ѓубрето се движи низ Вселената откако Кина ја лансираше својата прва мисија во 2014 година. Вселенското ѓубре што падна на подалечната страна на Месечината, која не е покриена со телескопи, поради што стручњаците веруваат дека ќе бидат потребни седмици, а можеби и месеци за да се потврди ударот со сателитски снимки. Според некои познавачи, отпадот потекнува од Кина, нешто што Пекинг го негира. Астрономот Бил Греј од САД, кој следи астероиди, тврди дека е сигурен дека се работи за кинеска ракета.
Не гледам како тоа би можело да биде нешто друго - смета тој.
Научниците претпоставуваат дека остатоците направиле кратер длабок 10 до 20 метри на површината на Месечината. А, бидејќи речиси и нема атмосфера, нашиот природен сателит и нема одбрана од судир со метеори, астероиди или други објекти кои би можеле да го погодат. Поради овие услови, нема ниту ерозија, така што кратерите остануваат така засекогаш.

The post Куп од три тони вселенски отпад падна на Месечината и направи кратер длабок дваесетина метри appeared first on Република.

]]>