врсничко насилство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vrsnichko-nasilstvo/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Nov 2024 11:20:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png врсничко насилство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vrsnichko-nasilstvo/ 32 32 Секоја година е сè полошо, врсничкото насилство најмногу го има во основните училишта, жртви се повлечени деца кои потекнуват од посиромашни семејства и деца со попречености https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sekoja-godina-e-se-polosho-vrsnichkoto-nasilstvo-najmnogu-go-ima-vo-osnovnite-uchilishta-zhrtvi-se-povlecheni-detsa-koi-poteknuvat-od-posiromashni-semejstva-i-detsa-so-poprechenosti/ Tue, 19 Nov 2024 11:20:35 +0000 https://republika.mk/?p=839579

Оваа година во канцеларијата на Народниот првобранител стасале тресетина претставки за врсничко насилство. Состојбата секоја година се влошува. Врсничкото насилство е позастапено во основните училишта, дури и во второ и трето одделение, а жртви најчесто се послабите деца, децата кои се поповлечени, многу често децата со попреченост или децата кои потекнуваат од многу посиромашни или недоволно едуцирани семејства...

Ова беше кажано од Канцеларијата на народниот првобранител кој го одбележува Светскиот ден на детето – 20 Ноември. Беше најавена претстојната кампања за подигнување на свеста за промовирање на правата на децата и нивна заштита од насилство, вклучително и од врсничкото. Дел од кампањата е и видеото „Да го прекинеме кругот на врсничкото насилство!" во рамки на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото" финансиран од Европската Унија.

Васка Бајрамовска-Мустафа, државен советник во канцеларијата на Народниот правобранител, изјави дека оваа година имаат триесетина претставки за врсничко насилство, дека состојбата секоја година се влошува и оти најзастапено е кај ученици во основните училишта, дури, рече, и кај деца од второ и трето одделение, а помалку го има во средните училишта.

При посети на училиштата и во разговор со ученици, тимовите на НП констатирале дека врсничкото насилство често се користи како алатка за прикажување моќ или доминација на некои деца меѓу нивните соученици. Состојба во училиштата, рече таа, „во моментов алармира дека многу мора да се вложи во промена“.

Како жртви секогаш се јавуваат или послабите деца, децата кои се поповлечени, многу често децата со попреченост или децата кои потекнуваат од многу посиромашни или недоволно едуцирани семејства... Податоците покажуваат дека состојбата е иста, ако не и полоша за разлика од претходната година. Претставките што ги добиваме покажуваат дека, за жал, врсничкото насилство сѐ уште е присутно и тоа особено во училиштата, а го има и надвор, во парковите. Наместо другарување, користиме насилство. Споредено со минатата година, податоците покажуваат дека во институцијата Народен правобранител бројот на претставки повторно се движи околу триесет, најчесто за физичко насилство, но нашите посети во училиштата покажуваат дека, за жал, ние сѐ уште не ги препознаваме останатите облици на насилство. Токму затоа, преку проектот на ЕУ, одлучивме со видео да почнеме кампања за подигање на свеста за промовирање на правата на децата и заштита на децата од врсничко насилство, изјави Бајрамовска-Мустафа.

Нагласи дека ставот на НП, кој го истакнуваат секоја година, е дека „мора да се укаже на штетните последици од врсничкото насилство и децата од мали нозе мора да ги воспитаме и едуцираме дека конфликтите се решаваат преку дијалог, а не со употреба на сила“.

Според неа, треба да се доекипираат и стручните служби за да препознаат насилство и како да преземат мерки за заштита, притоа посочувајќи дека довербата во нив е „на најниско ниво“, исто како што е слаба довербата и во класните раководители.

На прашањето што презема НП, согласно неговите надлежности, откако ќе добие претставка за врсничко насилство, таа одговори дека доколку е претставката доволно јасна и ги содржи потребните податоци со кои се потврдува насилство и повреда на правото на детето, НП доставува укажување до директорот на училиштето со насока како проблемот да се надмине.

Во случај кога со претставката не може целосно да се потврдат определени сознанија, тогаш се обраќаме до самото училиште за испитување на претставката, бараме докази, и многу често, речиси најчесто, го вклучуваме и Државниот просветен инспекторат кој согласно надлежностите има обврска да изврши вонреден надзор. И секогаш постапуваат по нашите барања, доставуваат докази и во зависност од утврдената состојба, понатаму преземаме мерки, додаде Бајрамовска-Мустафа.

 

The post Секоја година е сè полошо, врсничкото насилство најмногу го има во основните училишта, жртви се повлечени деца кои потекнуват од посиромашни семејства и деца со попречености appeared first on Република.

]]>

Оваа година во канцеларијата на Народниот првобранител стасале тресетина претставки за врсничко насилство. Состојбата секоја година се влошува. Врсничкото насилство е позастапено во основните училишта, дури и во второ и трето одделение, а жртви најчесто се послабите деца, децата кои се поповлечени, многу често децата со попреченост или децата кои потекнуваат од многу посиромашни или недоволно едуцирани семејства... Ова беше кажано од Канцеларијата на народниот првобранител кој го одбележува Светскиот ден на детето – 20 Ноември. Беше најавена претстојната кампања за подигнување на свеста за промовирање на правата на децата и нивна заштита од насилство, вклучително и од врсничкото. Дел од кампањата е и видеото „Да го прекинеме кругот на врсничкото насилство!" во рамки на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото" финансиран од Европската Унија. Васка Бајрамовска-Мустафа, државен советник во канцеларијата на Народниот правобранител, изјави дека оваа година имаат триесетина претставки за врсничко насилство, дека состојбата секоја година се влошува и оти најзастапено е кај ученици во основните училишта, дури, рече, и кај деца од второ и трето одделение, а помалку го има во средните училишта. При посети на училиштата и во разговор со ученици, тимовите на НП констатирале дека врсничкото насилство често се користи како алатка за прикажување моќ или доминација на некои деца меѓу нивните соученици. Состојба во училиштата, рече таа, „во моментов алармира дека многу мора да се вложи во промена“.
Како жртви секогаш се јавуваат или послабите деца, децата кои се поповлечени, многу често децата со попреченост или децата кои потекнуваат од многу посиромашни или недоволно едуцирани семејства... Податоците покажуваат дека состојбата е иста, ако не и полоша за разлика од претходната година. Претставките што ги добиваме покажуваат дека, за жал, врсничкото насилство сѐ уште е присутно и тоа особено во училиштата, а го има и надвор, во парковите. Наместо другарување, користиме насилство. Споредено со минатата година, податоците покажуваат дека во институцијата Народен правобранител бројот на претставки повторно се движи околу триесет, најчесто за физичко насилство, но нашите посети во училиштата покажуваат дека, за жал, ние сѐ уште не ги препознаваме останатите облици на насилство. Токму затоа, преку проектот на ЕУ, одлучивме со видео да почнеме кампања за подигање на свеста за промовирање на правата на децата и заштита на децата од врсничко насилство, изјави Бајрамовска-Мустафа.
Нагласи дека ставот на НП, кој го истакнуваат секоја година, е дека „мора да се укаже на штетните последици од врсничкото насилство и децата од мали нозе мора да ги воспитаме и едуцираме дека конфликтите се решаваат преку дијалог, а не со употреба на сила“. Според неа, треба да се доекипираат и стручните служби за да препознаат насилство и како да преземат мерки за заштита, притоа посочувајќи дека довербата во нив е „на најниско ниво“, исто како што е слаба довербата и во класните раководители. На прашањето што презема НП, согласно неговите надлежности, откако ќе добие претставка за врсничко насилство, таа одговори дека доколку е претставката доволно јасна и ги содржи потребните податоци со кои се потврдува насилство и повреда на правото на детето, НП доставува укажување до директорот на училиштето со насока како проблемот да се надмине.
Во случај кога со претставката не може целосно да се потврдат определени сознанија, тогаш се обраќаме до самото училиште за испитување на претставката, бараме докази, и многу често, речиси најчесто, го вклучуваме и Државниот просветен инспекторат кој согласно надлежностите има обврска да изврши вонреден надзор. И секогаш постапуваат по нашите барања, доставуваат докази и во зависност од утврдената состојба, понатаму преземаме мерки, додаде Бајрамовска-Мустафа.
 

The post Секоја година е сè полошо, врсничкото насилство најмногу го има во основните училишта, жртви се повлечени деца кои потекнуват од посиромашни семејства и деца со попречености appeared first on Република.

]]>
Жител на Горно Седларце го нападнал таткa си https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zhitel-na-gorno-sedlartse-go-napadnal-tatko-si/ Thu, 24 Oct 2024 14:56:00 +0000 https://republika.mk/?p=830643

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.З.(42) од с.Горно Седларце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ при семејно насилство. На 09.07.2024, пријавениот физички го нападнал неговиот татко и му нанел повреди.

The post Жител на Горно Седларце го нападнал таткa си appeared first on Република.

]]>

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.З.(42) од с.Горно Седларце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ при семејно насилство. На 09.07.2024, пријавениот физички го нападнал неговиот татко и му нанел повреди.

The post Жител на Горно Седларце го нападнал таткa си appeared first on Република.

]]>
Зголемен број случаи на врсничко и малолетничко насилство во Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zgolemen-broj-sluchai-na-vrsnichko-i-maloletnichko-nasilstvo-vo-grtsija/ Wed, 09 Oct 2024 12:31:43 +0000 https://republika.mk/?p=824692

Многу случаи на малолетничко насилство се објавуваат на социјалните мрежи, бидејќи токму тоа го сакаат, да постои фотографија или видео што ќе се објави како „подвиг“, како што сметаат децата, истакна портпаролката на грчката полиција Константина Димоглиду, говорејќи за зголеменото врсничко насилство во Грција и влијанието на социјалните мрежи, јави дописничката на МИА од Атина.

Во изминатиот период во Грција се зголемени случаите на врсничкото и малолетничкото насилство, а според официјалните податоци од Министерството за заштита на граѓаните на од 30 септември до 6 октомври во рамките на активностите на полицијата за спречување и справување со малолетничката деликвенција и насилството меѓу малолетниците, на целата територија биле извршени проверки врз 6.283 лица, било констатирани 296 прекршоци, приведено 361 лице, а уапсени 189.

Последниот случај на врсничко насилство беше регистриран утрово во средно училиште на Пелопонез кога 13-годишен ученик физички нападнал негов соученик и се обидел да го фрли од првиот кат на зградата, нешто што било спречено од друг ученик, а сторителот бил уапсен.

Во интервјуто за државната телевизија ЕРТ Димоглиду рече дека инцидентот се случил на голем одмор, а жртвата ги информирала родителите, кои пријавиле во полиција.

Треба и директорите на училиштата и наставниците да ја информираат полицијата и локалните полициски станици. Постои многу добра комуникација со командирите на полициските станици, директорите на училиштата да информираат во случај да видат дека има деликвентни деца и секако да ги информираат семејствата на овие деца и да се обидат да го решат ова прашање во училиштето со психолозите и социјалните работници, истакна портпаролката на грчката полиција.

 

The post Зголемен број случаи на врсничко и малолетничко насилство во Грција appeared first on Република.

]]>

Многу случаи на малолетничко насилство се објавуваат на социјалните мрежи, бидејќи токму тоа го сакаат, да постои фотографија или видео што ќе се објави како „подвиг“, како што сметаат децата, истакна портпаролката на грчката полиција Константина Димоглиду, говорејќи за зголеменото врсничко насилство во Грција и влијанието на социјалните мрежи, јави дописничката на МИА од Атина. Во изминатиот период во Грција се зголемени случаите на врсничкото и малолетничкото насилство, а според официјалните податоци од Министерството за заштита на граѓаните на од 30 септември до 6 октомври во рамките на активностите на полицијата за спречување и справување со малолетничката деликвенција и насилството меѓу малолетниците, на целата територија биле извршени проверки врз 6.283 лица, било констатирани 296 прекршоци, приведено 361 лице, а уапсени 189. Последниот случај на врсничко насилство беше регистриран утрово во средно училиште на Пелопонез кога 13-годишен ученик физички нападнал негов соученик и се обидел да го фрли од првиот кат на зградата, нешто што било спречено од друг ученик, а сторителот бил уапсен. Во интервјуто за државната телевизија ЕРТ Димоглиду рече дека инцидентот се случил на голем одмор, а жртвата ги информирала родителите, кои пријавиле во полиција.
Треба и директорите на училиштата и наставниците да ја информираат полицијата и локалните полициски станици. Постои многу добра комуникација со командирите на полициските станици, директорите на училиштата да информираат во случај да видат дека има деликвентни деца и секако да ги информираат семејствата на овие деца и да се обидат да го решат ова прашање во училиштето со психолозите и социјалните работници, истакна портпаролката на грчката полиција.
 

The post Зголемен број случаи на врсничко и малолетничко насилство во Грција appeared first on Република.

]]>
Шест пријави за врсничко насилство пристигнале во МОН од почетокот на учебната година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shest-prijavi-za-vrsnichko-nasilstvo-pristignale-vo-mon-od-pochetokot-na-uchebnata-godina/ Thu, 03 Oct 2024 11:53:52 +0000 https://republika.mk/?p=822196

Шест пријави за врсничко насилство пристигнале во Министерството за образование и наука од почетокот на учебната година и по нив се постапува, соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска, која учествуваше на тркалезна маса за образование за ментално здравје што денеска ја организираше Здружението на граѓани „Младите можат“. Јаневска истакна дека менталното здравје е исклучително значајна тема што треба да биде постојано во фокусот на вниманието затоа што, рече, секоја следна генерација има свои предизвици, тие се менуваат и затоа се потребни и понови решенија.

Според Јаневска, државата има систем да води грижа за менталното здравје на младите преку училиштата, вклучено е и Министерството со својата Педагошка служба, но нагласи дека е неопходна и меѓуресорска соработка на повеќе министерства, невладини организации и стручни лица.

Од особено значење е и кога самите млади се вклучени во процесот и секогаш е добро да се слушнат и заеднички да изнаоѓаме најповолни решенија за да се грижиме за здравјето на младите, рече Јаневска.

Непосредна улога во грижата за менталното здравје имаат стручните служби, составени од педагог и психолог, во некои и дефектолог и социјален работник, во зависност од големината на училиштата.

Бирото за развој на образованието секоја година, па и годинава поради овие шест пријави и други неколку настани, секогаш испраќа препораки за постапување во конкретни и општи случаи. Стручните служби изготвуваат годишен план за справување со одредени проблеми за одржување на менталното здравје на децата, и во годишниот план, во одредени часови вклучително и класниот час, треба да ги спроведат своите едукации и работа со учениците. Доколку се појави конкретен случај, тогаш се прави измена во тој план и понатаму се работи со децата. При поголем проблем, потребно е инволвирање и на други стручњаци, вообичаено тоа е комуникација со Министерството за социјална политика и млади, во ретки случаи е потребно да се повика полиција и лекарска помош, рече Јаневска.

Во однос на поплаките од стручните служби дека имаат многу административни и организациски обврски за сметка на работата за која постојат, министерката рече дека тие приговори стигнале и во МОН и дека новите закони што се во подготовка „ќе им овозможат да си ја работат својата работа“.

Ќе инсистираме многу повеќе да се присутни во училиштата со нивната стручност и да помагаат во решавањето на овие проблеми. А некогаш не се само проблеми, ние имаме и талентирани деца со коишто треба да се работи, на некои родители им е потребна помош од некакви други причини, не само поради проблематични деца. Значи, има многу работа за стручните служби, полека воспоставуваме систем со кој тие ќе почнат да си ја работат само својата работа, рече министерката.

Надвор од училишниот процес, во грижата за менталното здравје се вклучени службите за социјална работа кои, како што рече заменик- министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, се голема поддршка за младите и семејствата.

Ова министерството нема статистика за млади кои се жртви на врсничко насилство, така што тој ја потенцираше неопходноста од меѓуресорска комуникација – со МОН и со МВР.

Точно е дека недостигаат одредени статистики во нашето министерство, но она што беше заборавено во минатото е целосен систем на сите права и услуги коишто, за жал, министерството не ги спровело со години наназад од не знам кои причини. Тоа го извадивме од фиока и за брзо време ќе ја имаме комплетната слика на сите приматели на правото од социјална заштита, меѓутоа и услугите што ги даваат самите центри. Буквално систем во кој ќе гледаме што се случува во едно семејство и ќе ја знаеме целата слика за тоа семејство, рече Велковски.

Програмскиот координатор на Здружението „Младите можат“ Филип Ивковски изјави дека тркалезната маса за образование за ментално здравје што ја организираат е активност во рамки на процесот за застапување за креирање соодветни решенија за менталното здравје и благосостојбата на младите.

Со посебен фокус на училишната средина односно нејзино трансформирање во средина која се грижи и поттикнува благосостојба и пријатен развој на младите. Целта на настанот е на едно место да бидат споделени мислења и ставови од релевантни чинители и заложбите на институциите во креирање соодветни системски решенија. Веќе осум години како организација ја подигнуваме свеста за менталното здравје и мислиме дека е редно сега да се направат конкретни чекори во овозможување услуги, ресурси и средства за младите, конечно, да можат да почнат да се грижат за своето ментално здравје, истакна Ивковски.

 

The post Шест пријави за врсничко насилство пристигнале во МОН од почетокот на учебната година appeared first on Република.

]]>

Шест пријави за врсничко насилство пристигнале во Министерството за образование и наука од почетокот на учебната година и по нив се постапува, соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска, која учествуваше на тркалезна маса за образование за ментално здравје што денеска ја организираше Здружението на граѓани „Младите можат“. Јаневска истакна дека менталното здравје е исклучително значајна тема што треба да биде постојано во фокусот на вниманието затоа што, рече, секоја следна генерација има свои предизвици, тие се менуваат и затоа се потребни и понови решенија. Според Јаневска, државата има систем да води грижа за менталното здравје на младите преку училиштата, вклучено е и Министерството со својата Педагошка служба, но нагласи дека е неопходна и меѓуресорска соработка на повеќе министерства, невладини организации и стручни лица.
Од особено значење е и кога самите млади се вклучени во процесот и секогаш е добро да се слушнат и заеднички да изнаоѓаме најповолни решенија за да се грижиме за здравјето на младите, рече Јаневска.
Непосредна улога во грижата за менталното здравје имаат стручните служби, составени од педагог и психолог, во некои и дефектолог и социјален работник, во зависност од големината на училиштата.
Бирото за развој на образованието секоја година, па и годинава поради овие шест пријави и други неколку настани, секогаш испраќа препораки за постапување во конкретни и општи случаи. Стручните служби изготвуваат годишен план за справување со одредени проблеми за одржување на менталното здравје на децата, и во годишниот план, во одредени часови вклучително и класниот час, треба да ги спроведат своите едукации и работа со учениците. Доколку се појави конкретен случај, тогаш се прави измена во тој план и понатаму се работи со децата. При поголем проблем, потребно е инволвирање и на други стручњаци, вообичаено тоа е комуникација со Министерството за социјална политика и млади, во ретки случаи е потребно да се повика полиција и лекарска помош, рече Јаневска.
Во однос на поплаките од стручните служби дека имаат многу административни и организациски обврски за сметка на работата за која постојат, министерката рече дека тие приговори стигнале и во МОН и дека новите закони што се во подготовка „ќе им овозможат да си ја работат својата работа“.
Ќе инсистираме многу повеќе да се присутни во училиштата со нивната стручност и да помагаат во решавањето на овие проблеми. А некогаш не се само проблеми, ние имаме и талентирани деца со коишто треба да се работи, на некои родители им е потребна помош од некакви други причини, не само поради проблематични деца. Значи, има многу работа за стручните служби, полека воспоставуваме систем со кој тие ќе почнат да си ја работат само својата работа, рече министерката.
Надвор од училишниот процес, во грижата за менталното здравје се вклучени службите за социјална работа кои, како што рече заменик- министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, се голема поддршка за младите и семејствата. Ова министерството нема статистика за млади кои се жртви на врсничко насилство, така што тој ја потенцираше неопходноста од меѓуресорска комуникација – со МОН и со МВР.
Точно е дека недостигаат одредени статистики во нашето министерство, но она што беше заборавено во минатото е целосен систем на сите права и услуги коишто, за жал, министерството не ги спровело со години наназад од не знам кои причини. Тоа го извадивме од фиока и за брзо време ќе ја имаме комплетната слика на сите приматели на правото од социјална заштита, меѓутоа и услугите што ги даваат самите центри. Буквално систем во кој ќе гледаме што се случува во едно семејство и ќе ја знаеме целата слика за тоа семејство, рече Велковски.
Програмскиот координатор на Здружението „Младите можат“ Филип Ивковски изјави дека тркалезната маса за образование за ментално здравје што ја организираат е активност во рамки на процесот за застапување за креирање соодветни решенија за менталното здравје и благосостојбата на младите.
Со посебен фокус на училишната средина односно нејзино трансформирање во средина која се грижи и поттикнува благосостојба и пријатен развој на младите. Целта на настанот е на едно место да бидат споделени мислења и ставови од релевантни чинители и заложбите на институциите во креирање соодветни системски решенија. Веќе осум години како организација ја подигнуваме свеста за менталното здравје и мислиме дека е редно сега да се направат конкретни чекори во овозможување услуги, ресурси и средства за младите, конечно, да можат да почнат да се грижат за своето ментално здравје, истакна Ивковски.
 

The post Шест пријави за врсничко насилство пристигнале во МОН од почетокот на учебната година appeared first on Република.

]]>
Забавен настан во Градски парк во рамки на кампањата „Крени глас против врсничко насилство“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/zabaven-nastan-vo-gradski-park-vo-ramki-na-kampanata-kreni-glas-protiv-vrsnichko-nasilstvo/ Sat, 18 May 2024 06:58:45 +0000 https://republika.mk/?p=779376

Во рамки на кампањата на „Макпетрол“ за спречување на врсничкото насилство, во Градски парк денеска ќе се одржи отворен настан наменет за деца, млади, родители...

Диџеј Боно, Сашко Коцев, „Биби и Боби“, Лозано, Пајак, Весна Петрушевска со децата од нејзината актерска школа, како и други гости, ќе бидат дел од програмата на оваа забавна дружба што е дел од кампањата „Крени глас против врсничко насилство“, а за најмладите ќе има интерактивни содржини и популарни игри.

Марија Јосифовска-Спасовска, член на Управниот одбор и директор во „Макпетрол“, вели дека се пресреќни што во текот на нивната општествено одговорна активност добиле многу поддржувачи.

Почнувајќи од децата и младите, од кои добивме впечаток дека им е навистина мило што, конечно, така отворено и толку гласно, се зборува за проблем со којшто тие секојдневно се соочуваат. Секако, тука се и општините, кои ја препознаа вредноста на нашата идеја и активно се вклучија во обезбедувањето услови за учениците да се здобијат со знаења за булингот. Наставниците, стручните служби, како и родителите, исто така, застанаа зад кампањата и помогнаа фокусот на јавноста да се сврти кон врсничкото насилство. За да се реши проблемот со булингот потребна е уште работа и посветеност, но веруваме дека и со позитивната енергија од нашиот настан, ќе придонесеме да се придвижиме во вистинска насока, истакнува Јосифовска-Спасовска.

Како што информира организаторот, на кампањата „Крени глас против врсничко насилство“ досега се приклучиле 24 општини и за сите нив „Макпетрол“ обезбеди едукативни материјали и работилници предводени од психолог со долгогодишно искуство за проблемот со булингот.

Десетици училишта со неколку илјади ученици беа дел од овие образовни средби, а во останатите тие се во тек. Физичкото, вербалното, психичкото, социјалното и сајбер-насилството се најчестите форми на булинг, а токму со нив децата и младите се запознаваат во текот на едукативните средби, наведува „Макпетрол“.

Компанијата соопшти дека ќе биде активна и во наредниот период и дека и натаму на социјалните мрежи, како и на вебсајтот kreniglas.mk, ќе бидат достапни сите објавени комуникациски материјали - едукативни спотови, епизоди  од анимираната серија „Биби и Боби“, брошури наменети за деца, родители и за наставници.

На оваа платформа и натаму, секој што имал некакво искуство со булингот, ќе има простор анонимно да ја сподели личната приказна. Дополнително, преку интерактивни тестови, сите можат да препознаат дали биле сторители, жртви или набљудувачи на врсничкото насилство, соопштуваат од „Макпетрол“.

The post Забавен настан во Градски парк во рамки на кампањата „Крени глас против врсничко насилство“ appeared first on Република.

]]>

Во рамки на кампањата на „Макпетрол“ за спречување на врсничкото насилство, во Градски парк денеска ќе се одржи отворен настан наменет за деца, млади, родители... Диџеј Боно, Сашко Коцев, „Биби и Боби“, Лозано, Пајак, Весна Петрушевска со децата од нејзината актерска школа, како и други гости, ќе бидат дел од програмата на оваа забавна дружба што е дел од кампањата „Крени глас против врсничко насилство“, а за најмладите ќе има интерактивни содржини и популарни игри. Марија Јосифовска-Спасовска, член на Управниот одбор и директор во „Макпетрол“, вели дека се пресреќни што во текот на нивната општествено одговорна активност добиле многу поддржувачи.
Почнувајќи од децата и младите, од кои добивме впечаток дека им е навистина мило што, конечно, така отворено и толку гласно, се зборува за проблем со којшто тие секојдневно се соочуваат. Секако, тука се и општините, кои ја препознаа вредноста на нашата идеја и активно се вклучија во обезбедувањето услови за учениците да се здобијат со знаења за булингот. Наставниците, стручните служби, како и родителите, исто така, застанаа зад кампањата и помогнаа фокусот на јавноста да се сврти кон врсничкото насилство. За да се реши проблемот со булингот потребна е уште работа и посветеност, но веруваме дека и со позитивната енергија од нашиот настан, ќе придонесеме да се придвижиме во вистинска насока, истакнува Јосифовска-Спасовска.
Како што информира организаторот, на кампањата „Крени глас против врсничко насилство“ досега се приклучиле 24 општини и за сите нив „Макпетрол“ обезбеди едукативни материјали и работилници предводени од психолог со долгогодишно искуство за проблемот со булингот.
Десетици училишта со неколку илјади ученици беа дел од овие образовни средби, а во останатите тие се во тек. Физичкото, вербалното, психичкото, социјалното и сајбер-насилството се најчестите форми на булинг, а токму со нив децата и младите се запознаваат во текот на едукативните средби, наведува „Макпетрол“.
Компанијата соопшти дека ќе биде активна и во наредниот период и дека и натаму на социјалните мрежи, како и на вебсајтот kreniglas.mk, ќе бидат достапни сите објавени комуникациски материјали - едукативни спотови, епизоди  од анимираната серија „Биби и Боби“, брошури наменети за деца, родители и за наставници.
На оваа платформа и натаму, секој што имал некакво искуство со булингот, ќе има простор анонимно да ја сподели личната приказна. Дополнително, преку интерактивни тестови, сите можат да препознаат дали биле сторители, жртви или набљудувачи на врсничкото насилство, соопштуваат од „Макпетрол“.

The post Забавен настан во Градски парк во рамки на кампањата „Крени глас против врсничко насилство“ appeared first on Република.

]]>
Трибина за меѓуврсничко насилство-превенција и сузбивање: За превенција на врсничкото насилство потребно е поголема едукација во семејството и во училиштата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tribina-za-meguvrsnichko-nasilstvo-preventsija-i-suzbivane-za-preventsija-na-vrsnichkoto-nasilstvo-potrebno-e-pogolema-edukatsija-vo-semejstvoto-i-vo-uchilishtata/ Thu, 29 Feb 2024 21:00:12 +0000 https://republika.mk/?p=749807

Врсничкото насилство претставува всушност форма на агресивно однесување кое што е насочено кон едно или група на ученици. Причините за врсничко насилство и воопшто една личност да стане насилник се многу, но оние кои што се најдоминантни и се најзастапени и најсилни се токму оние од основната клетка од општеството, т.ес од семејството. Едно дете кое што е растено и по модел на учење сведочело на насилство огромна е шансата дека ќе биде и самото насилник. Тоа најчесто се дечиња кои не се воспитувани во насока да ја препознаваат, да ја градат кај себе како црта на личност емпатијата, тешко ги разбираат чувствата на другите, се дечиња кои што исто така и каењето како црта на личност не име доволно развиено и се дечиња кои што имаат потреба да ги контролираат останатите. На другата страна, односно на страната на жртвата според модел на учење и тие најчесто имаат некоја улога на жртва во семејството, тоа се поинтровертни дечиња, по молчеливи, дечиња кои што имаат можеби и поголема страв и помала самодоверба, па тешко се охрабруваат да признаат дека се жртва на насилство, вели Николина Ивановска Котевска, дипломиран психолог на денешната трибина насловена „Меѓуврсничко насилство: превенција и сузбивање“ во организација на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Ивановска Котевска истакна дека постои физичко насилство преку буткање, ударање, невербално насилство кое е тесно поврзано со емоционалното, психолошкото насилство кое се манифестира преку исмевање и она што е посебно актуелно во периодот сајбер насилството со кое што екстремно тешко се справуваме како општество.

На трибината се обрати и универзитетскиот професор Денко Скаловски кој рече:

Уште пред повеќе децении и пред масовната појава и употреба на мобилните телефони и дигиталните мас медиуми и социјалните мрежи воопшто светски познати и признати аналитичари, теоретичари и хуманисти предупредуваа на оваа опасност од создавање ново големо светско зло. Една од последните форми на тоа светско зло на модерната технолошка и милитаризација цивилизација, го дефинираме како сајбер булинг или врсничко насилство кое се врши преку компјутер или мобилен телефон.

Скаловски додаде дека треба што побрзо да се донесат ригорозни закони за сузбивање и ограничување на употребата на мобилната телефонија во воспитно образовните институции.

Елементарна морална должност и задача на политичките субјекти имено политичките партии е да го спречат остварувањето на оваа негативна утопија или дистопија затоа што одговорноста за иднината на нашите деца ја имаме ние денешните генерации, без разлика на приврзаноста кон идеолошки политички и партиски програми. Со други зборови, јас лично сметам дека што побрзо треба да донесеме ригорозни закони за сузбивање и ограничување на мобилната телефонија во воспитно образовните институции. Но, треба да избегнуваме и премногу дневна, краткорочна и парцијална политика и да го гледаме општиот и долгорочен интерес на нашето општество и нашата држава, и на нашите деца и следните поколенија да им овозможиме достоинствен, убав , здрав, долг и среќен живот. Но, не таму некаде низ светот, туку пред се овде во Република Македонија, дециден е Скаловски.

Она што јас мислам е дека добар пристап е да го ограничиме дејствувањето на екстремистички и радикални групи кон децата. Да можеме колку што може нашите деца да ги заштитиме до колку може поголема возраст да не бидат жртви, бидејќи децата и младите се најранлива категорија, а овие кои се од другата страна на мониторот се лица кои се врвно обучени да ги искористат сите слабости, истакна деканот на факултетот за детективи и криминалистика при Европскиот универзитет во Скопје Александар Нацев.

Нацев нагласи дека сериозно треба како држава да се занимаваме со безбедносниот систем.

Радикализацијата може да се спречи навреме, таа не настанува преку ноќ, тоа е процес каде нема заедничка формулација и секој случај за радикализација е засебен, кажа Нацев.

Свое обраќање имаше и универзитетската професорка и пратеничката Иванка Василевска која се осврна на раната превенција на булингот и социо-економските причини за појава на агресија кај младите за што рече дека една од главните причини за ваквата негативна појава е немањето на сенс за развивање на емпатија кај младите уште од најрана возраст.

„Сите ние педагозите знаеме дека секоја индивидуа е посебна и има различен тип на развој, различно се развива емоционалната интелигенција. Некои деца се интровертни, некои екстровертни, а некои имаат комбинација од двете архетипски типологии. Секако еден особено значаен момент кој се помалку го има и кај нас повозрасните е немањето на сенс за развивање на емпатија кај младите уште од најрана возраст. Таа емпатија ние ја добивавме кога бевме помлади, тоа е мојот впечаток, од нашите баби и дедовци, но денеска во денешно време кога нив најчесто ги нема во сликата, родителите играат свесно или несвесно, голема улога во развивањето на психофизичкиот развој на секоја млада индивидуа. Тој мост помеѓу семејството, родител, старател и образовниот процес, предучилишна возраст, основно, средно, па и на факултет кога ќе дојдат е особено значајна доколку се направи хармонија помеѓу истата, во голема мера самото општество може да ги згрижи овие индивидуи или навреме да превенира во недај боже несакани последици“, истакна Василевска.

Тоа што се случува како проблематика и феномен на меѓуврсничко насилство во детството, во младоста има силна рефлексија потоа во светот и животот на возрасните, вклучително во работниот однос. Оттаму работниот однос не можеме да го гледаме само како правен феномен, како свет регулиран со правни норми, закони, колективни договори, правилници. Трудот има своја подлабока феноменологија и тоа опфаќа психолошки и социолошки аспекти. Психологијата на трудот и социологијата на трудот се би рекол дури и побитни компоненти, од правните аспекти од неговата регулација, затоа што тие се внатрешниот живот, секојдневието, објасни Лазар Јовевски, професор и претседател на Комисијата за труд и социјална политика, еднакви можности и демографија на ВМРО-ДПМНЕ.

Јовевски посочи дека какви деца ќе се градат таква слика ќе се гледа во светот на трудот, укажувајќи дека мобингот, сексуалното вознемирување на работното место и дискриминаторско однесување извира токму од младоста.

Какви деца ќе гради, такви ситуации и слики ќе гледаме потоа во светот на трудот. Психолошкото вознемирување односно мобингот, сексуалното вознемирување на работното место, дискриминаторското однесување, извира од некаде а тоа е токму од младоста од детството. И сите вие кои сте биле жртви на психолошкото однесување согласно сфаќањата на шведските психолози всушност сте се соочиле со ликови кои што се насилници и кои што вршат терор, кажа тој.

The post Трибина за меѓуврсничко насилство-превенција и сузбивање: За превенција на врсничкото насилство потребно е поголема едукација во семејството и во училиштата appeared first on Република.

]]>

Врсничкото насилство претставува всушност форма на агресивно однесување кое што е насочено кон едно или група на ученици. Причините за врсничко насилство и воопшто една личност да стане насилник се многу, но оние кои што се најдоминантни и се најзастапени и најсилни се токму оние од основната клетка од општеството, т.ес од семејството. Едно дете кое што е растено и по модел на учење сведочело на насилство огромна е шансата дека ќе биде и самото насилник. Тоа најчесто се дечиња кои не се воспитувани во насока да ја препознаваат, да ја градат кај себе како црта на личност емпатијата, тешко ги разбираат чувствата на другите, се дечиња кои што исто така и каењето како црта на личност не име доволно развиено и се дечиња кои што имаат потреба да ги контролираат останатите. На другата страна, односно на страната на жртвата според модел на учење и тие најчесто имаат некоја улога на жртва во семејството, тоа се поинтровертни дечиња, по молчеливи, дечиња кои што имаат можеби и поголема страв и помала самодоверба, па тешко се охрабруваат да признаат дека се жртва на насилство, вели Николина Ивановска Котевска, дипломиран психолог на денешната трибина насловена „Меѓуврсничко насилство: превенција и сузбивање“ во организација на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Ивановска Котевска истакна дека постои физичко насилство преку буткање, ударање, невербално насилство кое е тесно поврзано со емоционалното, психолошкото насилство кое се манифестира преку исмевање и она што е посебно актуелно во периодот сајбер насилството со кое што екстремно тешко се справуваме како општество. На трибината се обрати и универзитетскиот професор Денко Скаловски кој рече: Уште пред повеќе децении и пред масовната појава и употреба на мобилните телефони и дигиталните мас медиуми и социјалните мрежи воопшто светски познати и признати аналитичари, теоретичари и хуманисти предупредуваа на оваа опасност од создавање ново големо светско зло. Една од последните форми на тоа светско зло на модерната технолошка и милитаризација цивилизација, го дефинираме како сајбер булинг или врсничко насилство кое се врши преку компјутер или мобилен телефон. Скаловски додаде дека треба што побрзо да се донесат ригорозни закони за сузбивање и ограничување на употребата на мобилната телефонија во воспитно образовните институции. Елементарна морална должност и задача на политичките субјекти имено политичките партии е да го спречат остварувањето на оваа негативна утопија или дистопија затоа што одговорноста за иднината на нашите деца ја имаме ние денешните генерации, без разлика на приврзаноста кон идеолошки политички и партиски програми. Со други зборови, јас лично сметам дека што побрзо треба да донесеме ригорозни закони за сузбивање и ограничување на мобилната телефонија во воспитно образовните институции. Но, треба да избегнуваме и премногу дневна, краткорочна и парцијална политика и да го гледаме општиот и долгорочен интерес на нашето општество и нашата држава, и на нашите деца и следните поколенија да им овозможиме достоинствен, убав , здрав, долг и среќен живот. Но, не таму некаде низ светот, туку пред се овде во Република Македонија, дециден е Скаловски. Она што јас мислам е дека добар пристап е да го ограничиме дејствувањето на екстремистички и радикални групи кон децата. Да можеме колку што може нашите деца да ги заштитиме до колку може поголема возраст да не бидат жртви, бидејќи децата и младите се најранлива категорија, а овие кои се од другата страна на мониторот се лица кои се врвно обучени да ги искористат сите слабости, истакна деканот на факултетот за детективи и криминалистика при Европскиот универзитет во Скопје Александар Нацев. Нацев нагласи дека сериозно треба како држава да се занимаваме со безбедносниот систем. Радикализацијата може да се спречи навреме, таа не настанува преку ноќ, тоа е процес каде нема заедничка формулација и секој случај за радикализација е засебен, кажа Нацев. Свое обраќање имаше и универзитетската професорка и пратеничката Иванка Василевска која се осврна на раната превенција на булингот и социо-економските причини за појава на агресија кај младите за што рече дека една од главните причини за ваквата негативна појава е немањето на сенс за развивање на емпатија кај младите уште од најрана возраст. „Сите ние педагозите знаеме дека секоја индивидуа е посебна и има различен тип на развој, различно се развива емоционалната интелигенција. Некои деца се интровертни, некои екстровертни, а некои имаат комбинација од двете архетипски типологии. Секако еден особено значаен момент кој се помалку го има и кај нас повозрасните е немањето на сенс за развивање на емпатија кај младите уште од најрана возраст. Таа емпатија ние ја добивавме кога бевме помлади, тоа е мојот впечаток, од нашите баби и дедовци, но денеска во денешно време кога нив најчесто ги нема во сликата, родителите играат свесно или несвесно, голема улога во развивањето на психофизичкиот развој на секоја млада индивидуа. Тој мост помеѓу семејството, родител, старател и образовниот процес, предучилишна возраст, основно, средно, па и на факултет кога ќе дојдат е особено значајна доколку се направи хармонија помеѓу истата, во голема мера самото општество може да ги згрижи овие индивидуи или навреме да превенира во недај боже несакани последици“, истакна Василевска. Тоа што се случува како проблематика и феномен на меѓуврсничко насилство во детството, во младоста има силна рефлексија потоа во светот и животот на возрасните, вклучително во работниот однос. Оттаму работниот однос не можеме да го гледаме само како правен феномен, како свет регулиран со правни норми, закони, колективни договори, правилници. Трудот има своја подлабока феноменологија и тоа опфаќа психолошки и социолошки аспекти. Психологијата на трудот и социологијата на трудот се би рекол дури и побитни компоненти, од правните аспекти од неговата регулација, затоа што тие се внатрешниот живот, секојдневието, објасни Лазар Јовевски, професор и претседател на Комисијата за труд и социјална политика, еднакви можности и демографија на ВМРО-ДПМНЕ. Јовевски посочи дека какви деца ќе се градат таква слика ќе се гледа во светот на трудот, укажувајќи дека мобингот, сексуалното вознемирување на работното место и дискриминаторско однесување извира токму од младоста. Какви деца ќе гради, такви ситуации и слики ќе гледаме потоа во светот на трудот. Психолошкото вознемирување односно мобингот, сексуалното вознемирување на работното место, дискриминаторското однесување, извира од некаде а тоа е токму од младоста од детството. И сите вие кои сте биле жртви на психолошкото однесување согласно сфаќањата на шведските психолози всушност сте се соочиле со ликови кои што се насилници и кои што вршат терор, кажа тој.

The post Трибина за меѓуврсничко насилство-превенција и сузбивање: За превенција на врсничкото насилство потребно е поголема едукација во семејството и во училиштата appeared first on Република.

]]>
Шаќири: За врсничкото насилство треба да се вклучат сите институции и родителите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shakiri-za-vrsnichkoto-nasilstvo-treba-da-se-vkluchat-site-institutsii-i-roditelite/ Mon, 19 Feb 2024 10:52:57 +0000 https://republika.mk/?p=745668

Врсничкото насилство не е одговорност само на Министерството за образование и наука, туку сите институции треба да се вклучат во превенција на оваа појава, изјави министерот Јетон Шаќири и апелираше до сите институции да се посветат на овој проблем согласно нивните надлежности и до родителите да соработуваат за да има што помалку случаи на булинг.

Откако го отворивме мејлот, многу случаи од таква проблематика се решени со добра комуникација помеѓу родителите, директорите, претставниците на институциите. Во одредени ситуации не е одговорност само на Министерството за образование и наука, без разлика на моментите кога се случува, туку сите институции треба да се вклучиме во оваа проблематика“, изјави Шаќири откако денеска заедно со техничкиот премиер Талат Џафери го посети новоизградениот Студентски дом во Тетово.

Тој порача Бирото за образование и наука да продолжи со обуки на наставниците на таа тема, општините, како што рече, да бидат повнимателни во менаџирањето на училиштата, а стручните служби во училиштата повнимателно и попосветено да работат на оваа проблематика.

Но јас ги повикувам и родителите на добра соработка за да имаме што помалку такви случаи. Затоа што сите се во контакт со учениците, почнувајќи од училиштата, но исто така и родителите. Секогаш да пријавуваат тоа што треба да се пријави во училиште, а исто така и во другите институции“, додаде министерот за образование и наука.

Министерството минатата учебна година отвори службена е-адреса за пријавување врсничко насилство: prijavinasilstvo@mon.gov.mk и paraqitdhune@mon.gov.mk на албански јазик.

Како што МОН соопшти тогаш, со отворањето на електронската адреса, се воспоставува брз, доверлив и безбеден начин, преку кој учениците, родителите и граѓаните можат да пријават инциденти.

МОН тогаш нагласи дека ваквиот начин на комуникација е „дел од системот за идентификување и запирање на непосакуваните однесувања“ и дека „секоја пријава ќе се истражи и ќе се преземат соодветни мерки“.

 

The post Шаќири: За врсничкото насилство треба да се вклучат сите институции и родителите appeared first on Република.

]]>

Врсничкото насилство не е одговорност само на Министерството за образование и наука, туку сите институции треба да се вклучат во превенција на оваа појава, изјави министерот Јетон Шаќири и апелираше до сите институции да се посветат на овој проблем согласно нивните надлежности и до родителите да соработуваат за да има што помалку случаи на булинг.
Откако го отворивме мејлот, многу случаи од таква проблематика се решени со добра комуникација помеѓу родителите, директорите, претставниците на институциите. Во одредени ситуации не е одговорност само на Министерството за образование и наука, без разлика на моментите кога се случува, туку сите институции треба да се вклучиме во оваа проблематика“, изјави Шаќири откако денеска заедно со техничкиот премиер Талат Џафери го посети новоизградениот Студентски дом во Тетово.
Тој порача Бирото за образование и наука да продолжи со обуки на наставниците на таа тема, општините, како што рече, да бидат повнимателни во менаџирањето на училиштата, а стручните служби во училиштата повнимателно и попосветено да работат на оваа проблематика.
Но јас ги повикувам и родителите на добра соработка за да имаме што помалку такви случаи. Затоа што сите се во контакт со учениците, почнувајќи од училиштата, но исто така и родителите. Секогаш да пријавуваат тоа што треба да се пријави во училиште, а исто така и во другите институции“, додаде министерот за образование и наука.
Министерството минатата учебна година отвори службена е-адреса за пријавување врсничко насилство: prijavinasilstvo@mon.gov.mk и paraqitdhune@mon.gov.mk на албански јазик. Како што МОН соопшти тогаш, со отворањето на електронската адреса, се воспоставува брз, доверлив и безбеден начин, преку кој учениците, родителите и граѓаните можат да пријават инциденти. МОН тогаш нагласи дека ваквиот начин на комуникација е „дел од системот за идентификување и запирање на непосакуваните однесувања“ и дека „секоја пријава ќе се истражи и ќе се преземат соодветни мерки“.  

The post Шаќири: За врсничкото насилство треба да се вклучат сите институции и родителите appeared first on Република.

]]>
Почнува кампања за подигање на свеста за врсничкото насилство, превенција и за препознавање на насилството https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochnuva-kampana-za-podigane-na-svesta-za-vrsnichkoto-nasilstvo-preventsija-i-za-prepoznavane-na-nasilstvoto/ Tue, 10 Oct 2023 11:44:52 +0000 https://republika.mk/?p=689874

Тренчевска: Од петок започнуваме со кампања која ќе има за дел подигање на свеста за булингот

Скопје, 10 октомври 2023 (МИА) – Од петок започнуваме со кампања во делот на менталното здравје која ќе има за цел да пренесе пораки за подигање на свеста за булингот, информира денеска министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска.

Таа на денешната промоција на Протколот за постапување со деца со дијабетес во училиштата и детските градинки, одговорајќи на новинарско прашање рече дека Министерството за труд и социјална политика работи преку центрите за врсничко насилство, булингот и дека по секоја пријава од училиште, од градинка се вклучуваат стручни тимови.

-Во петок почнуваме од Валандово и Струмица во петок заедно со амбасадори, со поддршка на УНИЦЕФ, со извидници со млади, токму од младите за младите да ја подигнеме свеста за врсничкото насилство, за превенција, и за препознавање на насилството. Општина Центар започнаа веќе со активности. Исто така и други општини започнуваат со активности во училиштата. Министерството за образование ги користи стручните тимови од центрите како поддршка на стручните тимови и училиштата, и верувам дека една од приоритетите во наредниот период, ќе биде токму врсничкото насилство, да ги заштитиме децата, истакна министерката.

Градоначалник на општина Центар Горан Герасимовски од друга страна, рече дека општината изминатиот период има направено повеќе акции.

-Да. Последниов месец дена кога настана неколку немили настани Дебар маало, една од населбите каде што е најфреквентна и има збиралишта на поголем број на наши млади деца. Во соработка и со МВР, но и со МТСП и други ресорни министерства направивме повеќе акции , се со цел да ги намалиме сите тие немили настани. Дополнително како општина отпочнавме одредени кампањи. Покрај тоа што се грижиме да нашите дечиња учат и се воспитуваат во најдобри услови ги реконструираме сите градинки, училишта, дополнително се грижиме за нашиот наставен кадар каде што изминатиот месец дена нашите наставници, негувателки имаа обуки во делот на булингот и меѓу врсничкото насилство коешто ќе го пренесат на дечињата.

Додаде дека покрај кампањите во кои ќе се вклучат со министерствата, општината дополнително потпишала Меморандум за поддршка на кампањата на Макпетрол во делот на врсничкото насилство.

-Исто така за брзо време ќе почнеме обуки на дечињата на родителите, коишто ќе се вклучат во истите, ќе се делат брошури, флаери се со цел да ја подигнеме свеста кај најмладите. Постојано ги повикуваме и родителите меѓу кој сум и јас за што повеќе време одвоиме и споделуваме заедно со нашите дечиња, посочи Герасимовски.

The post Почнува кампања за подигање на свеста за врсничкото насилство, превенција и за препознавање на насилството appeared first on Република.

]]>

Тренчевска: Од петок започнуваме со кампања која ќе има за дел подигање на свеста за булингот Скопје, 10 октомври 2023 (МИА) – Од петок започнуваме со кампања во делот на менталното здравје која ќе има за цел да пренесе пораки за подигање на свеста за булингот, информира денеска министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска. Таа на денешната промоција на Протколот за постапување со деца со дијабетес во училиштата и детските градинки, одговорајќи на новинарско прашање рече дека Министерството за труд и социјална политика работи преку центрите за врсничко насилство, булингот и дека по секоја пријава од училиште, од градинка се вклучуваат стручни тимови. -Во петок почнуваме од Валандово и Струмица во петок заедно со амбасадори, со поддршка на УНИЦЕФ, со извидници со млади, токму од младите за младите да ја подигнеме свеста за врсничкото насилство, за превенција, и за препознавање на насилството. Општина Центар започнаа веќе со активности. Исто така и други општини започнуваат со активности во училиштата. Министерството за образование ги користи стручните тимови од центрите како поддршка на стручните тимови и училиштата, и верувам дека една од приоритетите во наредниот период, ќе биде токму врсничкото насилство, да ги заштитиме децата, истакна министерката. Градоначалник на општина Центар Горан Герасимовски од друга страна, рече дека општината изминатиот период има направено повеќе акции. -Да. Последниов месец дена кога настана неколку немили настани Дебар маало, една од населбите каде што е најфреквентна и има збиралишта на поголем број на наши млади деца. Во соработка и со МВР, но и со МТСП и други ресорни министерства направивме повеќе акции , се со цел да ги намалиме сите тие немили настани. Дополнително како општина отпочнавме одредени кампањи. Покрај тоа што се грижиме да нашите дечиња учат и се воспитуваат во најдобри услови ги реконструираме сите градинки, училишта, дополнително се грижиме за нашиот наставен кадар каде што изминатиот месец дена нашите наставници, негувателки имаа обуки во делот на булингот и меѓу врсничкото насилство коешто ќе го пренесат на дечињата. Додаде дека покрај кампањите во кои ќе се вклучат со министерствата, општината дополнително потпишала Меморандум за поддршка на кампањата на Макпетрол во делот на врсничкото насилство. -Исто така за брзо време ќе почнеме обуки на дечињата на родителите, коишто ќе се вклучат во истите, ќе се делат брошури, флаери се со цел да ја подигнеме свеста кај најмладите. Постојано ги повикуваме и родителите меѓу кој сум и јас за што повеќе време одвоиме и споделуваме заедно со нашите дечиња, посочи Герасимовски.

The post Почнува кампања за подигање на свеста за врсничкото насилство, превенција и за препознавање на насилството appeared first on Република.

]]>
Малолетници снимале како тепаат и малтретираат врсник https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/maloletnitsi-snimale-kako-tepaat-i-maltretiraat-vrsnik/ Thu, 07 Sep 2023 11:25:53 +0000 https://republika.mk/?p=679692

Триесет и седумгодишната тетовка И.С. вчеравечер во СВР Тетово пријавила дека на 4-ти овој месец нејзиниот малолетен син физички бил нападнат од неколку малолетници, кои со мобилен телефон го снимале настанот и потоа снименото го прикажувале на други лица.

Од СВР Тетово велат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

The post Малолетници снимале како тепаат и малтретираат врсник appeared first on Република.

]]>

Триесет и седумгодишната тетовка И.С. вчеравечер во СВР Тетово пријавила дека на 4-ти овој месец нејзиниот малолетен син физички бил нападнат од неколку малолетници, кои со мобилен телефон го снимале настанот и потоа снименото го прикажувале на други лица. Од СВР Тетово велат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

The post Малолетници снимале како тепаат и малтретираат врсник appeared first on Република.

]]>
Го удирале и плукале другарчето од кинеска националност, следниот ден тој донел нож на училиште: нов случај на врсничко насилство во Белград https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/go-udirale-i-plukale-drugarcheto-od-kineska-natsionalnost-sledniot-den-toj-donel-nozh-na-uchilishte-nov-sluchaj-na-vrsnichko-nasilstvo-vo-belgrad/ Thu, 08 Jun 2023 10:14:37 +0000 https://republika.mk/?p=649187

Нов случај на врсничко насилство се случи во ОУ „Бранко Радичевиќ“ во Нов Белград. Еден од родителите на учениците од тоа училиште за „Блиц“ тврди дека две момчиња претепале момче од кинеска националност во соблекувалната за време на физичко образование, а тој следниот ден донел нож во училиште.

Директорката на таа институција, Сузана Липиќ, вели дека истрагата е во тек, и дека „училиштето нема да игнорира ниту една насилна ситуација“, пренесуваат медиумите во соседството. За овој случај дознале, како што вели, на неодамнешна родителска средба и тоа од мајката на детето. Наводно, момчето со месеци е изложено на врсничко насилство.

Родителот рекол дека две паралелки од седмо одделение имале заеднички час по физичко и дека за тоа време момчето, кинески државјанин, останало во соблекувалната и играло на телефон. Потоа, како што тврди таа, дошле три момчиња, едното го држело додека другото го тепало. Момчето, наводно имало хемиско пенкало во раката и бранејќи се избодело едно од момчињата во кошулата.

Кога се обидел да излезе, момчињата „го собориле на подот, го клоцале и го плукале“. Според родителите, „тоа го гледале други две момчиња“ кои, како што вели, не реагирале, а ниту наставничката и полицаецот во училиштето знаеле што се случува.

Родителот понатаму вели дека ученикот од Кина следниот ден дошол на училиште со нож и им го покажал на соучениците. Родителот нагласува дека ова не е прв пат да се случува врсничко насилство, а за тоа дознале на средба пред два дена.

 

The post Го удирале и плукале другарчето од кинеска националност, следниот ден тој донел нож на училиште: нов случај на врсничко насилство во Белград appeared first on Република.

]]>

Нов случај на врсничко насилство се случи во ОУ „Бранко Радичевиќ“ во Нов Белград. Еден од родителите на учениците од тоа училиште за „Блиц“ тврди дека две момчиња претепале момче од кинеска националност во соблекувалната за време на физичко образование, а тој следниот ден донел нож во училиште. Директорката на таа институција, Сузана Липиќ, вели дека истрагата е во тек, и дека „училиштето нема да игнорира ниту една насилна ситуација“, пренесуваат медиумите во соседството. За овој случај дознале, како што вели, на неодамнешна родителска средба и тоа од мајката на детето. Наводно, момчето со месеци е изложено на врсничко насилство. Родителот рекол дека две паралелки од седмо одделение имале заеднички час по физичко и дека за тоа време момчето, кинески државјанин, останало во соблекувалната и играло на телефон. Потоа, како што тврди таа, дошле три момчиња, едното го држело додека другото го тепало. Момчето, наводно имало хемиско пенкало во раката и бранејќи се избодело едно од момчињата во кошулата. Кога се обидел да излезе, момчињата „го собориле на подот, го клоцале и го плукале“. Според родителите, „тоа го гледале други две момчиња“ кои, како што вели, не реагирале, а ниту наставничката и полицаецот во училиштето знаеле што се случува. Родителот понатаму вели дека ученикот од Кина следниот ден дошол на училиште со нож и им го покажал на соучениците. Родителот нагласува дека ова не е прв пат да се случува врсничко насилство, а за тоа дознале на средба пред два дена.  

The post Го удирале и плукале другарчето од кинеска националност, следниот ден тој донел нож на училиште: нов случај на врсничко насилство во Белград appeared first on Република.

]]>
Училиштата и институциите се глуви на врсничкото насилство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/uchilishtata-i-institutsiite-se-gluvi-na-vrsnichkoto-nasilstvo/ Tue, 16 May 2023 14:02:58 +0000 https://republika.mk/?p=641440

Часови по ментално здравје во основните и средните училишта, како нужен предуслов за одржување на менталното здравје и детектирање на потешкотиите, проблемите и несигурностите со коишто се соочува секој ученик или ученичка, бара преку Декларацијата за образование усвоена на конгресот, Либерално демократската младина (ЛИДЕМ).

Велат виновникот има име и презиме, меѓутоа вината е колективна, и ја носи секој од нас, подеднакво. Време е да бидеме сложни и подобри од она што сме биле вчера. Да создадеме сигурна и пријателска иднина за сите. Булингот е присутен насекаде околу нас и тоа во загрижувачки размери, а жртвите на врсничко насилство најчесто немаат кому да го пријават овој проблем бидејќи не гледаат поддршка во училиштето или институциите, велат од ЛИДЕМ.

Според нив за решавање на проблемите со булингот и врсничкото насилство, мора да има еден стратешки пристап.

Превенцијата е приоритет. Мора да работи стручниот кадар, преку едукативни програми. До Владата и институциите ќе доставиме предлог мерки и чекори кои се потребни да се преземат бидејќи ние во ЛИДЕМ, се залагаме за создавање на безбедна средина за сите. Сметаме дека булингот е сериозен проблем во нашите училишта и дека е неопходно да се земат превентивни мерки за да се намали истиот, додаваат од ЛИДЕМ.

The post Училиштата и институциите се глуви на врсничкото насилство appeared first on Република.

]]>

Часови по ментално здравје во основните и средните училишта, како нужен предуслов за одржување на менталното здравје и детектирање на потешкотиите, проблемите и несигурностите со коишто се соочува секој ученик или ученичка, бара преку Декларацијата за образование усвоена на конгресот, Либерално демократската младина (ЛИДЕМ).
Велат виновникот има име и презиме, меѓутоа вината е колективна, и ја носи секој од нас, подеднакво. Време е да бидеме сложни и подобри од она што сме биле вчера. Да создадеме сигурна и пријателска иднина за сите. Булингот е присутен насекаде околу нас и тоа во загрижувачки размери, а жртвите на врсничко насилство најчесто немаат кому да го пријават овој проблем бидејќи не гледаат поддршка во училиштето или институциите, велат од ЛИДЕМ.
Според нив за решавање на проблемите со булингот и врсничкото насилство, мора да има еден стратешки пристап.
Превенцијата е приоритет. Мора да работи стручниот кадар, преку едукативни програми. До Владата и институциите ќе доставиме предлог мерки и чекори кои се потребни да се преземат бидејќи ние во ЛИДЕМ, се залагаме за создавање на безбедна средина за сите. Сметаме дека булингот е сериозен проблем во нашите училишта и дека е неопходно да се земат превентивни мерки за да се намали истиот, додаваат од ЛИДЕМ.

The post Училиштата и институциите се глуви на врсничкото насилство appeared first on Република.

]]>
Српската Влада формираше Совет за спречување врсничко насилство https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srpskata-vlada-formirashe-sovet-za-sprechuvane-vrsnichko-nasilstvo/ Fri, 12 May 2023 16:02:35 +0000 https://republika.mk/?p=640237

Владата на Србија на денешната седница формираше Совет за спречување на врсничкото насилство, чија задача меѓу другото ќе биде да обезбеди организирање мобилни тимови за спречување врсничко насилство преку протоколи меѓу центрите за социјална работа и други служби, како образовни и здравствени установи и полиција, која итно ќе реагира ако се случи таков вид насилство.

Со советот ќе раководи претседателката на Владата на србија, Ана Брнабиќ, а заменик-претседател на Советот ќе биде министерката за семејна грижа и демографија, Дарија Кисиќ, се наведува во владиното соопштение.
Членовите на Владата на Србија донесоа и одлуката за формирање работна група за безбедност на децата на интернет, која во наредниот месец ќе го разгледа воведувањето мерки за забрана за пристап до сајтови како Даркнет и слично, кои содржат совети за тоа како да се изврши убиство, да се набави дрога или огнено оружје.

The post Српската Влада формираше Совет за спречување врсничко насилство appeared first on Република.

]]>

Владата на Србија на денешната седница формираше Совет за спречување на врсничкото насилство, чија задача меѓу другото ќе биде да обезбеди организирање мобилни тимови за спречување врсничко насилство преку протоколи меѓу центрите за социјална работа и други служби, како образовни и здравствени установи и полиција, која итно ќе реагира ако се случи таков вид насилство. Со советот ќе раководи претседателката на Владата на србија, Ана Брнабиќ, а заменик-претседател на Советот ќе биде министерката за семејна грижа и демографија, Дарија Кисиќ, се наведува во владиното соопштение. Членовите на Владата на Србија донесоа и одлуката за формирање работна група за безбедност на децата на интернет, која во наредниот месец ќе го разгледа воведувањето мерки за забрана за пристап до сајтови како Даркнет и слично, кои содржат совети за тоа како да се изврши убиство, да се набави дрога или огнено оружје.

The post Српската Влада формираше Совет за спречување врсничко насилство appeared first on Република.

]]>
20 пријави до МОН за врсничко насилство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/20-prijavi-do-mon-za-vrsnichko-nasilstvo/ Thu, 11 May 2023 06:31:11 +0000 https://republika.mk/?p=639478

Во Министерството за образование и наука (МОН) веќе има 20 пријави за врсничко насилство.

Министерот за образование, Јетон Шаќири изјави дека првиот чекор во процесот е проверка на изворите и точноста на информациите наведени во пријавата, по што ќе следат други чекори. Младите, родителите и граѓаните можат да пријават врсничко насилство на мејловите prijavinasilstvo@mon.gov.mk и paraqitdhune@mon.gov.mk.

По масакрот во Белград, каде ученик уби 9 луѓе и повреди 7, македонските власти преземаат мерки.

The post 20 пријави до МОН за врсничко насилство appeared first on Република.

]]>

Во Министерството за образование и наука (МОН) веќе има 20 пријави за врсничко насилство. Министерот за образование, Јетон Шаќири изјави дека првиот чекор во процесот е проверка на изворите и точноста на информациите наведени во пријавата, по што ќе следат други чекори. Младите, родителите и граѓаните можат да пријават врсничко насилство на мејловите prijavinasilstvo@mon.gov.mk и paraqitdhune@mon.gov.mk. По масакрот во Белград, каде ученик уби 9 луѓе и повреди 7, македонските власти преземаат мерки.

The post 20 пријави до МОН за врсничко насилство appeared first on Република.

]]>
Како со „КиВа“ методот речиси е искоренетп врсничкото насилство во Финска https://arhiva3.republika.mk/zivot/psihologija/kako-so-kiva-metodot-rechisi-e-iskorenetp-vrsnichkoto-nasilstvo-vo-finska/ Mon, 08 May 2023 16:52:30 +0000 https://republika.mk/?p=638473

Методот КиВа (KiVa) е иновативна финска програма против малтретирање во училиштата, базирана на истражувања и докази за да се спречи агресија и да се запре вознемирувањето во и надвор од училиштата.

Промовира лична добробит и образование и обезбедува соодветни алатки за искоренување на случаите на малтретирање и вознемирување, како и постојано следење на ситуацијата во училиштата.

Вклучува план за сите ученици фокусиран на превенција од малтретирање, како и серија активности што треба да се преземат кога ќе се открие случај на вознемирување и да се стави крај на ситуацијата.

KiVa доаѓа од финскиот збор „Kiusaamista Vastaan“ што значи против малтретирање. Создаден е на Универзитетот во Турку во 2007 година, а го спроведуваат експерти по оваа тема и го финансира Министерството за образование и култура.

Дури 90 отсто од училиштата во Финска го користат овој метод, кој веќе се проширува и применува во други училишта во Белгија, Шведска, Естонија, Обединетото Кралство, Нов Зеланд и Шпанија, што го докажува неговиот успех и ефикасност.

KiVa е научно докажано со бројни научни студии, а се проценуваат и неговите ефекти. Покрај тоа, професионалците кои го користат овој метод мора да бидат обучени во програмата.

KiVa се обидува да ги промени правилата што ја регулираат групата. Има и други во групата, оние кои не малтретираат, кои набљудуваат, кои се сведоци и кои се смеат. Преку оваа невербална комуникација тие ја пренесуваат пораката дека тоа што се случува е забавно или добро, дури и ако имаат поинакво мислење, вели Кристина Салмивали, професорка по психологија и една од креаторите на програмата.

Целта е групата да види дека вознемирувањето не е забавно, дека не треба да се толерира, дека не треба да се гледа како детски работи и дека не мора да се усвојува пасивен и неутрален став.

Групата треба да учествува со запирање на вознемирувањето со тоа што не го поддржува вознемирувањето. Групата треба да обезбеди поддршка и заштита на жртвата за да види дека таа не е сама.

Програмата се состои од три дела: За возраст од 6 до 9 години; За возраст од 10 до 12 години; За трансфер во средно образование, достапно само во Финска
Има специфичен материјал за наставници, ученици и родители, тоа е програма која е трајно вградена во училиштата.

Се состои од 10 часови и работи кои се изведуваат во текот на курсот, каде што учениците посетуваат настава, дебатираат, спроведуваат активности и групнo работат против вознемирување и почитување на другите.

Учениците добиваат лекции како да го подобрат соживотот и знаењето за различните видови вознемирување, заедно со лекции за почит и емпатија, учење преку материјали за поддршка, аудиовизуелни материјали, видео игри, како и материјали за наставници и разговори за родители.

Дополнително, поставено е и виртуелно поштенско сандаче за оние ученици кои не сакаат да ја претстават својата ситуација пред другите соученици и преку него да кажат дека се жртви или учениците да пријават ситуации на кои биле сведоци.

Има и рекреативци, кои всушност се ученици кои носат рефлектирачки елеци, со цел да ја подигнат свеста и да запомнат дека и тие се одговорни за безбедноста на сите.

Од друга страна, секое училиште има тим од тројца професионалци кои реагираат веднаш штом дознаат за ситуација на малтретирање или кибер-малтретирање.

Прво делуваат како филтер, да препознаат дали се работи за систематско вознемирување. Тие потоа се среќаваат со жртвата за поддршка и помош. Разговараат и со вознемирувачите за да бидат свесни за нивните постапки и да ги променат, објасни Кристина Салмивали.

Финска се смета за една од најиновативните земји во Европа и земја со еден од најдобрите образовни системи во светот, според извештаите на ПИСА.

Во Финска, преку една студија беше оценето дека методот KiVa го намалува малтретирањето и виктимизацијата и ја зголемува мотивацијата, академските достигнувања, перцепцијата за позитивна клима во групата, како и намалувањето на анксиозноста и депресијата.

По интервенцијата, 98 отсто од жртвите изјавиле дека нивната состојба е подобрена.

Податоците од повеќе од 1.000 фински училишта покажаа дека по првата година од спроведувањето на програмата, малтретирањето и вознемирувањето биле значително намалени.

Оваа програма ја освои европската награда за превенција на криминалот (2009), наградата за најдобра социјална политика (2012) и Националните награди во 2008, 2010, 2011 и 2012 година.

The post Како со „КиВа“ методот речиси е искоренетп врсничкото насилство во Финска appeared first on Република.

]]>

Методот КиВа (KiVa) е иновативна финска програма против малтретирање во училиштата, базирана на истражувања и докази за да се спречи агресија и да се запре вознемирувањето во и надвор од училиштата. Промовира лична добробит и образование и обезбедува соодветни алатки за искоренување на случаите на малтретирање и вознемирување, како и постојано следење на ситуацијата во училиштата. Вклучува план за сите ученици фокусиран на превенција од малтретирање, како и серија активности што треба да се преземат кога ќе се открие случај на вознемирување и да се стави крај на ситуацијата. KiVa доаѓа од финскиот збор „Kiusaamista Vastaan“ што значи против малтретирање. Создаден е на Универзитетот во Турку во 2007 година, а го спроведуваат експерти по оваа тема и го финансира Министерството за образование и култура. Дури 90 отсто од училиштата во Финска го користат овој метод, кој веќе се проширува и применува во други училишта во Белгија, Шведска, Естонија, Обединетото Кралство, Нов Зеланд и Шпанија, што го докажува неговиот успех и ефикасност. KiVa е научно докажано со бројни научни студии, а се проценуваат и неговите ефекти. Покрај тоа, професионалците кои го користат овој метод мора да бидат обучени во програмата.
KiVa се обидува да ги промени правилата што ја регулираат групата. Има и други во групата, оние кои не малтретираат, кои набљудуваат, кои се сведоци и кои се смеат. Преку оваа невербална комуникација тие ја пренесуваат пораката дека тоа што се случува е забавно или добро, дури и ако имаат поинакво мислење, вели Кристина Салмивали, професорка по психологија и една од креаторите на програмата.
Целта е групата да види дека вознемирувањето не е забавно, дека не треба да се толерира, дека не треба да се гледа како детски работи и дека не мора да се усвојува пасивен и неутрален став. Групата треба да учествува со запирање на вознемирувањето со тоа што не го поддржува вознемирувањето. Групата треба да обезбеди поддршка и заштита на жртвата за да види дека таа не е сама. Програмата се состои од три дела: За возраст од 6 до 9 години; За возраст од 10 до 12 години; За трансфер во средно образование, достапно само во Финска Има специфичен материјал за наставници, ученици и родители, тоа е програма која е трајно вградена во училиштата. Се состои од 10 часови и работи кои се изведуваат во текот на курсот, каде што учениците посетуваат настава, дебатираат, спроведуваат активности и групнo работат против вознемирување и почитување на другите. Учениците добиваат лекции како да го подобрат соживотот и знаењето за различните видови вознемирување, заедно со лекции за почит и емпатија, учење преку материјали за поддршка, аудиовизуелни материјали, видео игри, како и материјали за наставници и разговори за родители. Дополнително, поставено е и виртуелно поштенско сандаче за оние ученици кои не сакаат да ја претстават својата ситуација пред другите соученици и преку него да кажат дека се жртви или учениците да пријават ситуации на кои биле сведоци. Има и рекреативци, кои всушност се ученици кои носат рефлектирачки елеци, со цел да ја подигнат свеста и да запомнат дека и тие се одговорни за безбедноста на сите. Од друга страна, секое училиште има тим од тројца професионалци кои реагираат веднаш штом дознаат за ситуација на малтретирање или кибер-малтретирање.
Прво делуваат како филтер, да препознаат дали се работи за систематско вознемирување. Тие потоа се среќаваат со жртвата за поддршка и помош. Разговараат и со вознемирувачите за да бидат свесни за нивните постапки и да ги променат, објасни Кристина Салмивали.
Финска се смета за една од најиновативните земји во Европа и земја со еден од најдобрите образовни системи во светот, според извештаите на ПИСА. Во Финска, преку една студија беше оценето дека методот KiVa го намалува малтретирањето и виктимизацијата и ја зголемува мотивацијата, академските достигнувања, перцепцијата за позитивна клима во групата, како и намалувањето на анксиозноста и депресијата. По интервенцијата, 98 отсто од жртвите изјавиле дека нивната состојба е подобрена. Податоците од повеќе од 1.000 фински училишта покажаа дека по првата година од спроведувањето на програмата, малтретирањето и вознемирувањето биле значително намалени. Оваа програма ја освои европската награда за превенција на криминалот (2009), наградата за најдобра социјална политика (2012) и Националните награди во 2008, 2010, 2011 и 2012 година.

The post Како со „КиВа“ методот речиси е искоренетп врсничкото насилство во Финска appeared first on Република.

]]>
Социјалните мрежи поттикнуваат врсничко насилствo: МОН предлага да се направи итна проценка на безбедносните ризици https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sotsijalnite-mrezhi-pottiknuvaat-vrsnichko-nasilstvo-mon-predlaga-da-se-napravi-itna-protsenka-na-bezbednosnite-rizitsi/ Sun, 07 May 2023 09:35:52 +0000 https://republika.mk/?p=637899

По последните случувања во соседна Србија каде беа убиени 17 деца и возрасни и ранети околу 20 лица, надлежните институции во земјава веќе преземаат мерки со цел превенција на вакви несакани настани. Откако во петокот беа отворени електронски адреси за пријавување врсничко насилство, вчера Министерството за образование и наука соопшти дека ќе и предложи на Владата итна проценка на состојбите и безбедносните ризици, што во голема мера се потхрануваат од одредени социјални мрежи, како ТикТок.

Според министерот Шаќири, имајќи предвид дека тие социјални мрежи не треба да се користат во училишна средина, МОН веќе изработува протоколи и насоки за стручните служби на училиштата и наставниците, како тие ризици би се минимизирале, а нивната употреба да се ограничи или целосно да се оневозможи.

Министерот ги повика сите наставници и родители на поотворен дијалог, надминување на шокот и неверувањето, промоцијата на разбирањето и позитивните согледувања, со цел да се помогне на своето дете, како и на децата околу нас, бидејќи тие се најзагрозената категорија во моментот.

Во консултација со експертската заедница од повеќе институции и факултети, пак, ќе се зајакнат дополнително превентивните програми за борба против булингот, промоција на ненасилството и дијалогот, како клучни елементи за образование и развој на нашите ученици.

Најпрвин, Сојузот смета дека безбедносниот аспект ќе биде мошне важен во претстојниот период поради ризикот од т.н. „домино ефект“. Затоа предложивме МОН да стапи во меѓуинституционална сораб

На средба со министерот за образование и наука Јетон Шаќири,беа и претставници на Сојузот на средношколци кој е на став дека мора да се делува брзо и ефикасно за да се превенираат и избегнат негативните ефекти, а истовремено спроведените мерки да дадат конкретни и видливи резултати на терен.

На средбата на која учествуваа и универзитетски професори од областа на педагогијата, психологијата, социологијата, правото и безбедносните науки е прва фаза од консултациите за креирање мерки и надополнување на постоечките механизми за детекција и спречување на меѓуврсничкото насилство во училиштата.

Имено, Сојузот на средношколци има четири предлози, кои на средбата ги образложи нивниот претседател Лука Павиќевиќ. Првиот предлог е МОН да стапи во меѓуинституционална соработка со Министерството за внатрешни работи со цел засилено обезбедување на училиштата најдоцна до крајот на оваа учебна година.

Сојузот исто така предлага нов модел на работа на училишните психолози. Оттаму сметаат дека нивните канцеларии треба да бидат отворени за средношколците, а тие треба да го имаат правото да закажат тет-а-тет средба со својот училиштен психолог.

За ваква промена, според Сојузот, ќе бидат потребни обуки и доквалифакации за стручните служби и сметаат дека тие треба да се спроведат што поскоро, односно штом биде изготвен протоколот кој ќе го дефинира новиот модел. За да се избегне докажаната неуспешност на обуките, Сојузот предложи и спроведување на тестирања кои ќе ги мерат знаењата стекнати од овие обуки.

Според нив, покрај е-адресите треба да се размисли и за отворање на бесплатна телефонска линија и профили на социјалните медиуми, со цел пријавувањето на врсничкото насилство да биде поблиску до целната група – средношколците и учениците воопшто.

На 16. Конгрес на Либерално-демократската младина, пак, претседателката на ЛДП и пратеничка Моника Зајкова нагласи дека време е да се реагира и дејствува со конкретни превентивни мерки и акции, наместо да коментираме на социјалните мрежи.

-Особено е потребна е забрана на „Тик-ток“ како и останатите социјални мрежи кои поттикнуваат насилство бидејќи и во нашата земја сведочевме на жртви од користењето на овие мрежи. Забрана и к

Според Зајкова, оваа спирала на насилство извршена од млади лица мора да го вклучи црвениот аларм и кај нас и потребно е преземање на итни и ефикасни превентивни мерки за да се спречи врсничкото насилство, грозоморните слики од убиени и повредени.

ЛДП има низа предлози кои ќе ги достави и до Владата, а иницијативите се однесуваат  на најостра контрола на издавањето и поседувањето на огнено оружје, проверка кој се поседува оружје, контрола и забрана малолетни лица да вежбаат во стрелишта и казни за родителите кои ги мотивираат децата да ракуваат со вакви убиствени направи.

Оттаму сметаат дека Министерство за правда треба да ја разгледа состојбата и предложи заострување на казнената политика со намалување на возраста за кривична одговорност согласно европското законодавство и практики, како и поголема контрола во училиштата и ангажирање на психолози и педагози за превенирање на булингот во образовниот процес.

Зајкова нагласи оти особено е потребна забрана на „Тик-ток“ како и останатите социјални мрежи кои поттикнуваат насилство бидејќи и во нашата земја сведочевме на жртви од користењето на овие мрежи. Понатаму, забрана и контрола на симнување на игри, содржини и апликации кои експлицитно покажуваат и поттикнуваат насилство, а исто така и преглед и контрола на филмови кои можат особено кај помладите луѓе да поттикнат насилство, манипулативно да бидат употребени во пропагандистички цели со величење на насилството. Според Зајкова, ова нема да значи цензура на уметноста.

Е-адресите „prijavinasilstvo@mon.gov.mk“ и „paraqitdhune@mon.gov.mk“ се достапни од петокот на иницијатива на МОН, а нивната цел е да се превенираат несакани настани како оние што ја потресоа соседна Србија во изминатите два дена.

По секоја пријава на овие е-адреси веднаш ќе се постапува.

Министерот завчера најави дека ќе се направат и законски измени во системот за образование доколку за тоа се увиди потреба.

Во Србија во основно училиште во Белград малолетник со пиштол уби осум ученици и припадник на училишното обезбедување и рани седум ученици, а во селото Дубона кај Младеновац, 21-годишно момче уби осум лица и рани 14 луѓе.

Во скопски Чаир завчера малолетник извадил пластичен пиштол (играчка) и го вперил кон соучениците. Полициски службеници во присуство на родители, педагог, психолог и директорката на училиштето извршиле службен разговор со малолетникот. Полицијата вчера приведе и 16-годишен малолетник - ученик, постапувајќи по пријава од директорот на училиштето поради објава на социјална мрежа чија содржина е со закани по живот кон професори.

The post Социјалните мрежи поттикнуваат врсничко насилствo: МОН предлага да се направи итна проценка на безбедносните ризици appeared first on Република.

]]>

По последните случувања во соседна Србија каде беа убиени 17 деца и возрасни и ранети околу 20 лица, надлежните институции во земјава веќе преземаат мерки со цел превенција на вакви несакани настани. Откако во петокот беа отворени електронски адреси за пријавување врсничко насилство, вчера Министерството за образование и наука соопшти дека ќе и предложи на Владата итна проценка на состојбите и безбедносните ризици, што во голема мера се потхрануваат од одредени социјални мрежи, како ТикТок. Според министерот Шаќири, имајќи предвид дека тие социјални мрежи не треба да се користат во училишна средина, МОН веќе изработува протоколи и насоки за стручните служби на училиштата и наставниците, како тие ризици би се минимизирале, а нивната употреба да се ограничи или целосно да се оневозможи. Министерот ги повика сите наставници и родители на поотворен дијалог, надминување на шокот и неверувањето, промоцијата на разбирањето и позитивните согледувања, со цел да се помогне на своето дете, како и на децата околу нас, бидејќи тие се најзагрозената категорија во моментот. Во консултација со експертската заедница од повеќе институции и факултети, пак, ќе се зајакнат дополнително превентивните програми за борба против булингот, промоција на ненасилството и дијалогот, како клучни елементи за образование и развој на нашите ученици. Најпрвин, Сојузот смета дека безбедносниот аспект ќе биде мошне важен во претстојниот период поради ризикот од т.н. „домино ефект“. Затоа предложивме МОН да стапи во меѓуинституционална сораб На средба со министерот за образование и наука Јетон Шаќири,беа и претставници на Сојузот на средношколци кој е на став дека мора да се делува брзо и ефикасно за да се превенираат и избегнат негативните ефекти, а истовремено спроведените мерки да дадат конкретни и видливи резултати на терен. На средбата на која учествуваа и универзитетски професори од областа на педагогијата, психологијата, социологијата, правото и безбедносните науки е прва фаза од консултациите за креирање мерки и надополнување на постоечките механизми за детекција и спречување на меѓуврсничкото насилство во училиштата. Имено, Сојузот на средношколци има четири предлози, кои на средбата ги образложи нивниот претседател Лука Павиќевиќ. Првиот предлог е МОН да стапи во меѓуинституционална соработка со Министерството за внатрешни работи со цел засилено обезбедување на училиштата најдоцна до крајот на оваа учебна година. Сојузот исто така предлага нов модел на работа на училишните психолози. Оттаму сметаат дека нивните канцеларии треба да бидат отворени за средношколците, а тие треба да го имаат правото да закажат тет-а-тет средба со својот училиштен психолог. За ваква промена, според Сојузот, ќе бидат потребни обуки и доквалифакации за стручните служби и сметаат дека тие треба да се спроведат што поскоро, односно штом биде изготвен протоколот кој ќе го дефинира новиот модел. За да се избегне докажаната неуспешност на обуките, Сојузот предложи и спроведување на тестирања кои ќе ги мерат знаењата стекнати од овие обуки. Според нив, покрај е-адресите треба да се размисли и за отворање на бесплатна телефонска линија и профили на социјалните медиуми, со цел пријавувањето на врсничкото насилство да биде поблиску до целната група – средношколците и учениците воопшто. На 16. Конгрес на Либерално-демократската младина, пак, претседателката на ЛДП и пратеничка Моника Зајкова нагласи дека време е да се реагира и дејствува со конкретни превентивни мерки и акции, наместо да коментираме на социјалните мрежи. -Особено е потребна е забрана на „Тик-ток“ како и останатите социјални мрежи кои поттикнуваат насилство бидејќи и во нашата земја сведочевме на жртви од користењето на овие мрежи. Забрана и к Според Зајкова, оваа спирала на насилство извршена од млади лица мора да го вклучи црвениот аларм и кај нас и потребно е преземање на итни и ефикасни превентивни мерки за да се спречи врсничкото насилство, грозоморните слики од убиени и повредени. ЛДП има низа предлози кои ќе ги достави и до Владата, а иницијативите се однесуваат  на најостра контрола на издавањето и поседувањето на огнено оружје, проверка кој се поседува оружје, контрола и забрана малолетни лица да вежбаат во стрелишта и казни за родителите кои ги мотивираат децата да ракуваат со вакви убиствени направи. Оттаму сметаат дека Министерство за правда треба да ја разгледа состојбата и предложи заострување на казнената политика со намалување на возраста за кривична одговорност согласно европското законодавство и практики, како и поголема контрола во училиштата и ангажирање на психолози и педагози за превенирање на булингот во образовниот процес. Зајкова нагласи оти особено е потребна забрана на „Тик-ток“ како и останатите социјални мрежи кои поттикнуваат насилство бидејќи и во нашата земја сведочевме на жртви од користењето на овие мрежи. Понатаму, забрана и контрола на симнување на игри, содржини и апликации кои експлицитно покажуваат и поттикнуваат насилство, а исто така и преглед и контрола на филмови кои можат особено кај помладите луѓе да поттикнат насилство, манипулативно да бидат употребени во пропагандистички цели со величење на насилството. Според Зајкова, ова нема да значи цензура на уметноста. Е-адресите „prijavinasilstvo@mon.gov.mk“ и „paraqitdhune@mon.gov.mk“ се достапни од петокот на иницијатива на МОН, а нивната цел е да се превенираат несакани настани како оние што ја потресоа соседна Србија во изминатите два дена. По секоја пријава на овие е-адреси веднаш ќе се постапува. Министерот завчера најави дека ќе се направат и законски измени во системот за образование доколку за тоа се увиди потреба. Во Србија во основно училиште во Белград малолетник со пиштол уби осум ученици и припадник на училишното обезбедување и рани седум ученици, а во селото Дубона кај Младеновац, 21-годишно момче уби осум лица и рани 14 луѓе. Во скопски Чаир завчера малолетник извадил пластичен пиштол (играчка) и го вперил кон соучениците. Полициски службеници во присуство на родители, педагог, психолог и директорката на училиштето извршиле службен разговор со малолетникот. Полицијата вчера приведе и 16-годишен малолетник - ученик, постапувајќи по пријава од директорот на училиштето поради објава на социјална мрежа чија содржина е со закани по живот кон професори.

The post Социјалните мрежи поттикнуваат врсничко насилствo: МОН предлага да се направи итна проценка на безбедносните ризици appeared first on Република.

]]>
Му ги кинеле гаќите, тетратките и учебниците: Одличен ученик две години трпел врсничко насилство во Градско https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mu-gi-kinele-gakjite-tetratkite-i-uchebnicite-odlichen-uchenik-dve-godini-trpel-vrsnichko-nasilstvo-vo-gradsko/ Wed, 30 Nov 2022 07:52:22 +0000 https://republika.mk/?p=579855

Ученик во деветто одделение во основното училиште “Даме Груев” во Градско, кој е и првенец на генерацијата, подолго време бил изложен на врсничко насилство од своите соученици, што е пријавено во полиција и кај директорот на училиштето, пренесува велешкиот портал Дума.мк.

Моето 14 и пол годишно машко дете минатата и оваа учебна година континуирано било изложено на булинг. Се додека на 11 ноември годинава дома не се врати со искинат долен веш и со гребаници. Му удирале фиски по главата, му го уништувале училишниот прибор и му го фрлале низ  прозорец. Цело време моето дете молчело поради срам, раскажува таткото на малтретираното дете, кое поради страв од насилниците веќе три недели не оди на настава.

Тој го пријавил случајот кај класниот раководител Благој Ристов и кај директорката Таца Дукова, а на 12 ноември го пријавил случајот и во СВР Велес. Случајот не е заведен во полицискиот билтен.

Родителот на детето е разочаран е од институциите зашто во изминатите 17 денови никој не помогнал во надминување на траумите што малолетното дете ги претрпело.


Повеќе ТУКА

The post Му ги кинеле гаќите, тетратките и учебниците: Одличен ученик две години трпел врсничко насилство во Градско appeared first on Република.

]]>

Ученик во деветто одделение во основното училиште “Даме Груев” во Градско, кој е и првенец на генерацијата, подолго време бил изложен на врсничко насилство од своите соученици, што е пријавено во полиција и кај директорот на училиштето, пренесува велешкиот портал Дума.мк.
Моето 14 и пол годишно машко дете минатата и оваа учебна година континуирано било изложено на булинг. Се додека на 11 ноември годинава дома не се врати со искинат долен веш и со гребаници. Му удирале фиски по главата, му го уништувале училишниот прибор и му го фрлале низ  прозорец. Цело време моето дете молчело поради срам, раскажува таткото на малтретираното дете, кое поради страв од насилниците веќе три недели не оди на настава.
Тој го пријавил случајот кај класниот раководител Благој Ристов и кај директорката Таца Дукова, а на 12 ноември го пријавил случајот и во СВР Велес. Случајот не е заведен во полицискиот билтен. Родителот на детето е разочаран е од институциите зашто во изминатите 17 денови никој не помогнал во надминување на траумите што малолетното дете ги претрпело.
Повеќе ТУКА

The post Му ги кинеле гаќите, тетратките и учебниците: Одличен ученик две години трпел врсничко насилство во Градско appeared first on Република.

]]>