врнежи од дожд Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vrnezi-od-dozd/ За подобро да се разбереме Mon, 09 Sep 2024 16:42:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png врнежи од дожд Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vrnezi-od-dozd/ 32 32 Приберете се навреме дома, вечерва ќе врне https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/priberete-se-navreme-doma-vecherva-ke-vrne/ Mon, 09 Sep 2024 17:25:42 +0000 https://republika.mk/?p=814716

Управата за хидрометеоролошки работи најавува нестабилно време со пообилни врнежи и локално невреме.

Како што информираат од УХМР, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, денеска во вечерните часови почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде.

– Во текот на ноќта, наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер, стои во соопштението од УХМР.

Во Скопје денеска во вечерните часови, во текот на ноќта и утре времето ќе биде облачно со врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со интензивен пороен дожд (над 20 l/m2), грмежи и засилен ветер.

– Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, велат од УХМР.

Времето утре ќе биде претежно облачно и значително посвежо, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме, со интензивен пороен дожд (над 30 l/m2 за 24 часа), грмежи, силен ветер (над 70 km/h) и услови за појава на град.

Во среда ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а преодно стабилизирање на времето во четврток.

Под влијание на нова влажна и нестабилна воздушна маса врнежи повторно се очекуваат во петок.

The post Приберете се навреме дома, вечерва ќе врне appeared first on Република.

]]>

Управата за хидрометеоролошки работи најавува нестабилно време со пообилни врнежи и локално невреме. Како што информираат од УХМР, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, денеска во вечерните часови почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. – Во текот на ноќта, наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер, стои во соопштението од УХМР. Во Скопје денеска во вечерните часови, во текот на ноќта и утре времето ќе биде облачно со врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со интензивен пороен дожд (над 20 l/m2), грмежи и засилен ветер.
– Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, велат од УХМР.
Времето утре ќе биде претежно облачно и значително посвежо, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме, со интензивен пороен дожд (над 30 l/m2 за 24 часа), грмежи, силен ветер (над 70 km/h) и услови за појава на град. Во среда ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а преодно стабилизирање на времето во четврток. Под влијание на нова влажна и нестабилна воздушна маса врнежи повторно се очекуваат во петок.

The post Приберете се навреме дома, вечерва ќе врне appeared first on Република.

]]>
Претпладне сончево, попладне услови за локален пороен дожд https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/pretpladne-sonchevo-popladne-uslovi-za-lokalen-poroen-dozhd/ Sun, 02 Jun 2024 07:41:49 +0000 https://republika.mk/?p=784012

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени Целзиусови дека УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и во вечерните часови во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 31 степен.

И во следните денови ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Утре во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а поради големата енергија во атмосферата наместа процесите ќе бидат и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.

The post Претпладне сончево, попладне услови за локален пороен дожд appeared first on Република.

]]>

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени Целзиусови дека УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и во вечерните часови во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 31 степен. И во следните денови ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Утре во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а поради големата енергија во атмосферата наместа процесите ќе бидат и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.

The post Претпладне сончево, попладне услови за локален пороен дожд appeared first on Република.

]]>
До среда нестабилно време со дожд и грмежи https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/do-sreda-nestabilno-vreme-so-dozhd-i-grmezhi/ Sun, 19 May 2024 13:29:54 +0000 https://republika.mk/?p=779801

По врнежите и невремето по кое во текот на ноќта полавени беа подруми во Охрид, од УХМР најавуваат дека до среда ќе се задржи нестабилно време, претежно во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи.

Во четврток ќе има услови за краткотраен дожд, претежно во планинските подрачја, а преодно стабилизирање на времето се очекува во петок.

Температурите ќе бидат без значителна промена.

The post До среда нестабилно време со дожд и грмежи appeared first on Република.

]]>

По врнежите и невремето по кое во текот на ноќта полавени беа подруми во Охрид, од УХМР најавуваат дека до среда ќе се задржи нестабилно време, претежно во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи. Во четврток ќе има услови за краткотраен дожд, претежно во планинските подрачја, а преодно стабилизирање на времето се очекува во петок. Температурите ќе бидат без значителна промена.

The post До среда нестабилно време со дожд и грмежи appeared first on Република.

]]>
Во Берово наврнале 57 л/м2 дожд https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/vo-berovo-navrnale-57-l-m2-dozhd/ Sat, 24 Jun 2023 20:18:10 +0000 https://republika.mk/?p=654813

УХМР попладнево соопшти дека во невремето во Берово наврнале 57 л/м2 дожд, додека во Охрид, каде исто така имаше силно невреме, наврнале 36 л/м2. Како што наведуваат од УХМР, дадените вредности за количината врнежи се измерени на нивните дождомерните места. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената, нагласуваат од таму.

Од пладневните часови имаше локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Наместа процесите беа поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град (Охридско-Струшкиот Регион, Пехчево, Виница, Берово, Тиквешијата, Радовишкиот Регион, Струмичко и Штипско).

До 17 часот дожд врнело и во Пожаране - 24 л/м2, во Струмица седум л/м2,а со помал интензитет и во Крива Паланка, Претор, Демир Капија,  Прилеп, Тополчани, Маврови Анови и Штип.

Највисока температура од 33 степени се измерени во Штип, Демир Капија, Кавадарци, Гевгелија, 32 степени во Струмица и велес, 30 во Скопје, 29 во Прилеп, 28 во Берово и Крива Паланка, во Претор 27, во Охрид и Тетово 26, во Крушево и Лазарополе 23, 22 во Маврови Анови и 20 во Попова Шапка.

Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.

Сообраќајот Берово – Делчево се одвива по една коловозна лента

Сообраќајот на патот Берово – Делчево кој беше во прекин кај село Смојмирово, од 17 и 10 часот се одвива наизменично по една коловозна лента, информираат од АМСМ. По попладневото невреме што г зафати регионот на Берово, надојдената вода се повлекува од Смојмирска река. Патот Берово-Виница, пак, е прооден периодично и се уште се расчистува.

Водата се повлекува, нивото на Колачински Поток и Смојмирска река опаѓа. Поплавени се земјоделски површини, АМСМ во Берово и повеќе куќи, а по улиците има наноси од песок.

Екипите на ТППЕ Берово се на терен и работат на расчистување на улиците и испумпување на вода во АМСМ и од куќите. На помош се испратени и две екипи на ТППЕ од соседните градови, се вели во информацијата од ЦУК.

Времето утре ќе биде променливо облачно. Од пладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен.

Во Скопје претпладне променливо облачно, од пладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Во текот на следната седмица ќе преовладува претежно стабилно време, на места со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.

The post Во Берово наврнале 57 л/м2 дожд appeared first on Република.

]]>

УХМР попладнево соопшти дека во невремето во Берово наврнале 57 л/м2 дожд, додека во Охрид, каде исто така имаше силно невреме, наврнале 36 л/м2. Како што наведуваат од УХМР, дадените вредности за количината врнежи се измерени на нивните дождомерните места. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената, нагласуваат од таму. Од пладневните часови имаше локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Наместа процесите беа поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град (Охридско-Струшкиот Регион, Пехчево, Виница, Берово, Тиквешијата, Радовишкиот Регион, Струмичко и Штипско). До 17 часот дожд врнело и во Пожаране - 24 л/м2, во Струмица седум л/м2,а со помал интензитет и во Крива Паланка, Претор, Демир Капија,  Прилеп, Тополчани, Маврови Анови и Штип. Највисока температура од 33 степени се измерени во Штип, Демир Капија, Кавадарци, Гевгелија, 32 степени во Струмица и велес, 30 во Скопје, 29 во Прилеп, 28 во Берово и Крива Паланка, во Претор 27, во Охрид и Тетово 26, во Крушево и Лазарополе 23, 22 во Маврови Анови и 20 во Попова Шапка. Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.

Сообраќајот Берово – Делчево се одвива по една коловозна лента

Сообраќајот на патот Берово – Делчево кој беше во прекин кај село Смојмирово, од 17 и 10 часот се одвива наизменично по една коловозна лента, информираат од АМСМ. По попладневото невреме што г зафати регионот на Берово, надојдената вода се повлекува од Смојмирска река. Патот Берово-Виница, пак, е прооден периодично и се уште се расчистува. Водата се повлекува, нивото на Колачински Поток и Смојмирска река опаѓа. Поплавени се земјоделски површини, АМСМ во Берово и повеќе куќи, а по улиците има наноси од песок. Екипите на ТППЕ Берово се на терен и работат на расчистување на улиците и испумпување на вода во АМСМ и од куќите. На помош се испратени и две екипи на ТППЕ од соседните градови, се вели во информацијата од ЦУК.
Времето утре ќе биде променливо облачно. Од пладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. Во Скопје претпладне променливо облачно, од пладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 28 степени. Во текот на следната седмица ќе преовладува претежно стабилно време, на места со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.

The post Во Берово наврнале 57 л/м2 дожд appeared first on Република.

]]>