врховен судија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vrhoven-sudija/ За подобро да се разбереме Tue, 21 May 2024 05:40:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png врховен судија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vrhoven-sudija/ 32 32 Судски совет на полноќ ќе одлучува за имунитетот на судијата фатен како прима мито https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sudski-sovet-na-polnok-ke-odluchuva-za-imunitetot-na-sudijata-faten-kako-prima-mito/ Mon, 20 May 2024 20:33:41 +0000 https://republika.mk/?p=780273

Судски совет на полноќ ќе одлучува да му го одземе имунитетот на врховниот судија фатен како прима мито.  Уапсениот судија има право да се повика на судиски имунитет за кој одлучува Судскиот совет на седница на Советот со мнозинство гласови од вкупниот број членови со право на глас.

Доколку му е одземен, може да му биде одредена мерка притвор. Бидејќи за делото за кое со сомничи е пропишана затворска казна до пет години, согласност за притвор мора да даде Судски совет. За дела за кои лице е затечено на лице место и за кои е пропишана казна над пет години, не треба согласност.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vrhoven-sudija-faten-so-10-000-evra-mito/

Претходно денеска беше соопштено дека полицијата уапсила судија од Врховен суд поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело.

Од МВР дополнуваат дека се чекаат понатамошни насоки од надлежен јавен обвинител.

Според последните информации станува збор за судија со иницијали Н.Г., кој бил фатен со 10.000 евра.

The post Судски совет на полноќ ќе одлучува за имунитетот на судијата фатен како прима мито appeared first on Република.

]]>

Судски совет на полноќ ќе одлучува да му го одземе имунитетот на врховниот судија фатен како прима мито.  Уапсениот судија има право да се повика на судиски имунитет за кој одлучува Судскиот совет на седница на Советот со мнозинство гласови од вкупниот број членови со право на глас. Доколку му е одземен, може да му биде одредена мерка притвор. Бидејќи за делото за кое со сомничи е пропишана затворска казна до пет години, согласност за притвор мора да даде Судски совет. За дела за кои лице е затечено на лице место и за кои е пропишана казна над пет години, не треба согласност. https://republika.mk/vesti/makedonija/vrhoven-sudija-faten-so-10-000-evra-mito/ Претходно денеска беше соопштено дека полицијата уапсила судија од Врховен суд поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело. Од МВР дополнуваат дека се чекаат понатамошни насоки од надлежен јавен обвинител. Според последните информации станува збор за судија со иницијали Н.Г., кој бил фатен со 10.000 евра.

The post Судски совет на полноќ ќе одлучува за имунитетот на судијата фатен како прима мито appeared first on Република.

]]>
Врховен судија фатен со 10.000 евра мито https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vrhoven-sudija-faten-so-10-000-evra-mito/ Mon, 20 May 2024 15:15:32 +0000 https://republika.mk/?p=780218

Полицијата денеска уапсила судија од Врховен суд поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело.

Од МВР дополнуваат дека се чекаат понатамошни насоки од надлежен јавен обвинител.

Според последните информации станува збор за судија со иницијали Н.Г., кој бил фатен со 10.000 евра.

Уапсениот судија има право да се повика на судиски имунитет за кој одлучува Судскиот совет на седница на Советот со мнозинство гласови од вкупниот број членови со право на глас.

Од Судски совет за МИА информираа дека засега немаат добиено информација.

 

The post Врховен судија фатен со 10.000 евра мито appeared first on Република.

]]>

Полицијата денеска уапсила судија од Врховен суд поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело. Од МВР дополнуваат дека се чекаат понатамошни насоки од надлежен јавен обвинител. Според последните информации станува збор за судија со иницијали Н.Г., кој бил фатен со 10.000 евра. Уапсениот судија има право да се повика на судиски имунитет за кој одлучува Судскиот совет на седница на Советот со мнозинство гласови од вкупниот број членови со право на глас. Од Судски совет за МИА информираа дека засега немаат добиено информација.  

The post Врховен судија фатен со 10.000 евра мито appeared first on Република.

]]>
Претседателката на Врховен суд Беса Адеми може да биде разрешена на иницијатива на член на Судскиот совет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-na-vrhoven-sud-besa-ademi-mozhe-da-bide-razreshena-na-initsijativa-na-chlen-na-sudskiot-sovet/ Thu, 21 Dec 2023 20:05:20 +0000 https://republika.mk/?p=725446

Два дена пред Нова година Судскиот совет ќе расправа за разрешување на претседателката на Врховниот суд Беса Адеми, на иницијатива поднесена од еден член на Советот, објави ТВ Телма. Од Судскиот совет не ја потврдуваат ниту ја демантираат информацијата, со оглед дека постапката за утврдување на одговорност на судија е тајна, но за неа неодамна зборуваше самата претседателка Адеми, која на медиумите индиректно им потврди дека има постапка.

Мојата работа и работата на Врховниот суд се позитивно оценети во извештаите на ЕУ. Евентуално такво барање мора да ги предвиди и овие факти и аргументи. Знаете дека постапките по вакви барања се од доверлив карактер, но јас би барала јавност на постапката – рече Адеми

Законот за Судски совет пропишува дека постапката е од доверлив карактер и се води без присуство на јавноста, но по барање на судијата, Советот може да одлучи постапката да биде јавна со гласање на членовите на ова тело.

Лошите односи помеѓу Судскиот совет и претседателката на највисокиот суд во државата ескалира минатиот месец, откако Адеми во интервју рече дека на судиите им се вршат притисоци, но не прецизираше врз кои судии и какви се притисоците. Претседателката на Врховен тогаш рече дека „постојат ситуации на обиди за директно мешање на политиката и на другите власти поради реализација на агенди кои не се во корелација на владеењето на правото и на надлежностите на судската власт, но тие како Врховен суд нема да дозволат да се наруши независноста на судството и со тоа да падне неговиот углед“. Адеми претходно за притисоци врз судството ѝ се пожали и на американската амбасадорка Анџела Агелер.

По интервјуто, Судскиот совет ја покани да каже врз кој судија е вршен притисок и како, зашто должност на Советот е да ја штити независноста на судиите, но Адеми не дојде, образложувајќи дека досега повеќепати се укажувало на притисоци врз судството во официјални извештаи и во медиумски натписи, но Судскиот совет никого не повикал на разговор. Адеми во писмото спомена и дека претходните две претседателки на Судскиот совет по смените дале изјави дека трпеле притисоци од политички и од бизнис-кругови, ама Судскиот совет не испитал кој ги вршел тие притисоци. Според Адеми, доставувањето покани и организирање работни средби за новинарски написи и интервјуа ниту е соодветно, ниту пак е во надлежност на Судскиот совет.

На ова, од Судскиот совет најавија дека тие ќе одат во работни посети во Врховниот суд или ќе ги кани судиите во Советот и ќе разговараат со секој судија поединечно за тоа дали некој им врши притисок во одлучувањето. Членовите на Советот тогаш на прес-конференција најавија дека нема да се откажат од тоа да дознаат дали, кој и какви притисоци врши врз Врховниот суд, а она што ќе го откријат ќе го пријават во Јавното обвинителство и ќе го споделат со јавноста.

The post Претседателката на Врховен суд Беса Адеми може да биде разрешена на иницијатива на член на Судскиот совет appeared first on Република.

]]>

Два дена пред Нова година Судскиот совет ќе расправа за разрешување на претседателката на Врховниот суд Беса Адеми, на иницијатива поднесена од еден член на Советот, објави ТВ Телма. Од Судскиот совет не ја потврдуваат ниту ја демантираат информацијата, со оглед дека постапката за утврдување на одговорност на судија е тајна, но за неа неодамна зборуваше самата претседателка Адеми, која на медиумите индиректно им потврди дека има постапка.
Мојата работа и работата на Врховниот суд се позитивно оценети во извештаите на ЕУ. Евентуално такво барање мора да ги предвиди и овие факти и аргументи. Знаете дека постапките по вакви барања се од доверлив карактер, но јас би барала јавност на постапката – рече Адеми
Законот за Судски совет пропишува дека постапката е од доверлив карактер и се води без присуство на јавноста, но по барање на судијата, Советот може да одлучи постапката да биде јавна со гласање на членовите на ова тело. Лошите односи помеѓу Судскиот совет и претседателката на највисокиот суд во државата ескалира минатиот месец, откако Адеми во интервју рече дека на судиите им се вршат притисоци, но не прецизираше врз кои судии и какви се притисоците. Претседателката на Врховен тогаш рече дека „постојат ситуации на обиди за директно мешање на политиката и на другите власти поради реализација на агенди кои не се во корелација на владеењето на правото и на надлежностите на судската власт, но тие како Врховен суд нема да дозволат да се наруши независноста на судството и со тоа да падне неговиот углед“. Адеми претходно за притисоци врз судството ѝ се пожали и на американската амбасадорка Анџела Агелер. По интервјуто, Судскиот совет ја покани да каже врз кој судија е вршен притисок и како, зашто должност на Советот е да ја штити независноста на судиите, но Адеми не дојде, образложувајќи дека досега повеќепати се укажувало на притисоци врз судството во официјални извештаи и во медиумски натписи, но Судскиот совет никого не повикал на разговор. Адеми во писмото спомена и дека претходните две претседателки на Судскиот совет по смените дале изјави дека трпеле притисоци од политички и од бизнис-кругови, ама Судскиот совет не испитал кој ги вршел тие притисоци. Според Адеми, доставувањето покани и организирање работни средби за новинарски написи и интервјуа ниту е соодветно, ниту пак е во надлежност на Судскиот совет. На ова, од Судскиот совет најавија дека тие ќе одат во работни посети во Врховниот суд или ќе ги кани судиите во Советот и ќе разговараат со секој судија поединечно за тоа дали некој им врши притисок во одлучувањето. Членовите на Советот тогаш на прес-конференција најавија дека нема да се откажат од тоа да дознаат дали, кој и какви притисоци врши врз Врховниот суд, а она што ќе го откријат ќе го пријават во Јавното обвинителство и ќе го споделат со јавноста.

The post Претседателката на Врховен суд Беса Адеми може да биде разрешена на иницијатива на член на Судскиот совет appeared first on Република.

]]>