врева Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vreva/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Sep 2023 07:28:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png врева Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vreva/ 32 32 Во Германија не смее да се пушта машина за перење, има казни за врева по 22 часот https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/vo-germanija-ne-smee-da-se-pushta-mashina-za-perene-ima-kazni-za-vreva-po-22-chasot/ Sun, 17 Sep 2023 20:32:17 +0000 https://republika.mk/?p=682664

Во Германија, според законот, „ноќен мир“ е на сила од 22 часот, а оние кои нема да го почитуваат може да платат голема казна. По 22 часот жителите не смеат да прават врева во становите и куќите, но времето за одмор важи и во недела и за државни празници. Во зависност од сојузната држава и општината, „ноќниот мир“ трае до шест или седум часот наутро следниот ден, пишува магазинот „Феникс“. Оние кои нема да го почитуваат ова може да бидат казнети со парична казна до 5.000 евра.

Гласната музика која доаѓа од стан се смета за бучава, а со тоа и за нарушување на мирот. Според законот, оние кои предизвикуваат бучава мора да очекуваат висока казна. Прифатливото ниво на бучава од музика во станот е околу 30 децибели. Меѓутоа, доколку оваа одредба постојано се надминува, бучавата може да се смета за нарушување на мирот.

Употребата на чекани, дупчалки и други алатки може да предизвика многу бучава, па затоа е забрането да се вршат поправки и градежни работи по 22 часот.

Бидејќи употребата на алат значително го надминува нивото на бучава во просторијата, граѓаните треба да го реновираат станот надвор од временските периоди предвидени за одмор за да избегнат евентуална казна.

Исто така, не смее да усисавате и пуштите машина за перење алишта навечер ако тие прават многу бучава.

The post Во Германија не смее да се пушта машина за перење, има казни за врева по 22 часот appeared first on Република.

]]>

Во Германија, според законот, „ноќен мир“ е на сила од 22 часот, а оние кои нема да го почитуваат може да платат голема казна. По 22 часот жителите не смеат да прават врева во становите и куќите, но времето за одмор важи и во недела и за државни празници. Во зависност од сојузната држава и општината, „ноќниот мир“ трае до шест или седум часот наутро следниот ден, пишува магазинот „Феникс“. Оние кои нема да го почитуваат ова може да бидат казнети со парична казна до 5.000 евра. Гласната музика која доаѓа од стан се смета за бучава, а со тоа и за нарушување на мирот. Според законот, оние кои предизвикуваат бучава мора да очекуваат висока казна. Прифатливото ниво на бучава од музика во станот е околу 30 децибели. Меѓутоа, доколку оваа одредба постојано се надминува, бучавата може да се смета за нарушување на мирот. Употребата на чекани, дупчалки и други алатки може да предизвика многу бучава, па затоа е забрането да се вршат поправки и градежни работи по 22 часот. Бидејќи употребата на алат значително го надминува нивото на бучава во просторијата, граѓаните треба да го реновираат станот надвор од временските периоди предвидени за одмор за да избегнат евентуална казна. Исто така, не смее да усисавате и пуштите машина за перење алишта навечер ако тие прават многу бучава.

The post Во Германија не смее да се пушта машина за перење, има казни за врева по 22 часот appeared first on Република.

]]>