„Временски сензации“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vremenski-senzatsii/ За подобро да се разбереме Thu, 18 Apr 2024 08:05:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „Временски сензации“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vremenski-senzatsii/ 32 32 Отворање изложба на скулптури од керамика на Боро Новаковски – Новак https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/otvorane-izlozhba-na-skulpturi-od-keramika-na-boro-novakovski-novak/ Thu, 18 Apr 2024 08:05:29 +0000 https://republika.mk/?p=767402

Во Уметничкиот Центар АРТ ХАБ вечер во 20 часот ќе биде отворена изложба на скулптури од керамика на Боро Новаковски - Новак.

На изложбата ќе бидат презентирани ретките сочувани дела на Боро Новаковски-Новак, чија кариера како ќерамичар започнува во средината на 50-тите години.

Неговите првични обиди за изработка на ќерамички скулптури биле скромни, обидувајќи се да додаде украси и бои на грнчарски производи. Сепак, набрзо го менува овој приод, фокусирајќи се на изучување на ќерамичарскиот занает и создавањето на сопствени уникатни скулптури, соопштија од Уметничкиот Центар АРТ ХАБ.

Додаваат дека оваа изложба нуди уникатен поглед во неговиот свет, каде што секоја скулптура раскажува своја приказна, проткаена со историја, уметност и емотивна длабочина.

The post Отворање изложба на скулптури од керамика на Боро Новаковски – Новак appeared first on Република.

]]>

Во Уметничкиот Центар АРТ ХАБ вечер во 20 часот ќе биде отворена изложба на скулптури од керамика на Боро Новаковски - Новак. На изложбата ќе бидат презентирани ретките сочувани дела на Боро Новаковски-Новак, чија кариера како ќерамичар започнува во средината на 50-тите години.
Неговите првични обиди за изработка на ќерамички скулптури биле скромни, обидувајќи се да додаде украси и бои на грнчарски производи. Сепак, набрзо го менува овој приод, фокусирајќи се на изучување на ќерамичарскиот занает и создавањето на сопствени уникатни скулптури, соопштија од Уметничкиот Центар АРТ ХАБ.
Додаваат дека оваа изложба нуди уникатен поглед во неговиот свет, каде што секоја скулптура раскажува своја приказна, проткаена со историја, уметност и емотивна длабочина.

The post Отворање изложба на скулптури од керамика на Боро Новаковски – Новак appeared first on Република.

]]>
„Временски сензации“ – изложба на скулптурите од керамика на Боро Новаковски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vremenski-senzatsii-izlozhba-na-skulpturite-od-keramika-na-boro-novakovski/ Tue, 16 Apr 2024 08:28:51 +0000 https://republika.mk/?p=766581

Скулптури од керамика на Боро Новаковски-Новак ќе бидат изложени во Уметничкиот центар АРТ ХАБ во Скопје, ГТЦ, II кат.

Изложбата ќе се отвори на 18 април (четврток), со почеток во 20 часот.

На изложбата ќе бидат презентирани ретките сочувани дела на Боро Новаковски-Новак, чијашто кариера како керамичар започнува во средината на 50-тите години. Неговите првични обиди за изработка на керамички скулптури биле скромни, обидувајќи се да додаде украси и бои на грнчарски производи. Сепак, набрзо го менува овој приод, фокусирајќи се на изучување на керамичарскиот занает и создавањето на сопствени уникатни скулптури.

Делата на Боро се одликуваат со нежни линии и хармонични облици, отсликувајќи го неговиот интимен и личен пристап кон керамиката. Тие се трајни сведоци за неговата страст и посветеност на керамичарската уметност. Оваа изложба нуди уникатен поглед во неговиот свет, каде што секоја скулптура раскажува своја приказна, проткаена со историја, уметност и емотивна длабочина.

За сите љубители на уметноста изложбата ќе трае до 18 мај.

 

The post „Временски сензации“ – изложба на скулптурите од керамика на Боро Новаковски appeared first on Република.

]]>

Скулптури од керамика на Боро Новаковски-Новак ќе бидат изложени во Уметничкиот центар АРТ ХАБ во Скопје, ГТЦ, II кат. Изложбата ќе се отвори на 18 април (четврток), со почеток во 20 часот. На изложбата ќе бидат презентирани ретките сочувани дела на Боро Новаковски-Новак, чијашто кариера како керамичар започнува во средината на 50-тите години. Неговите првични обиди за изработка на керамички скулптури биле скромни, обидувајќи се да додаде украси и бои на грнчарски производи. Сепак, набрзо го менува овој приод, фокусирајќи се на изучување на керамичарскиот занает и создавањето на сопствени уникатни скулптури. Делата на Боро се одликуваат со нежни линии и хармонични облици, отсликувајќи го неговиот интимен и личен пристап кон керамиката. Тие се трајни сведоци за неговата страст и посветеност на керамичарската уметност. Оваа изложба нуди уникатен поглед во неговиот свет, каде што секоја скулптура раскажува своја приказна, проткаена со историја, уметност и емотивна длабочина. За сите љубители на уметноста изложбата ќе трае до 18 мај.  

The post „Временски сензации“ – изложба на скулптурите од керамика на Боро Новаковски appeared first on Република.

]]>