вреди Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vredi/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Nov 2024 20:17:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вреди Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vredi/ 32 32 ВРЕДИ: Патериците на Али Ахмети испуштаат очајнички крици за да ги прикријат своите неуспеси https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vredi-pateritsite-na-ali-ahmeti-ispushtaat-ochajnichki-kritsi-za-da-gi-prikrijat-svoite-neuspesi/ Fri, 15 Nov 2024 20:17:02 +0000 https://republika.mk/?p=838315

Од коалицијата Вреди реагираат дека е јасно како ден дека сателитите на Али Ахмети, заслепени од жедта за власт, ја губат секоја честичка на политичко достоинство.

Откако ги изневерија гласачите кои некогаш им веруваа со чисто срце, тие се претворија во патерици на ДУИ, надевајќи се на загарантирани позиции.
Но, кога нивните интриги пропаднаа, овие разочарани почнаа да испуштаат очајнички крици, слични на вресоците на оние што се дават во тешката болест на политичка депресија.

 

Тие што некогаш беа гласот на надежта, денес се срамот на своите гласачи. Нивната стратегија е лоша копија на ДУИ: манипулации, дезинформации и клевети за да ги прикријат своите неуспеси. Зијадин Села, сега „тивок портпарол“ на Али Ахмети, ја следи темната пропаганда и заштитата на клановите. Неговите малкумина поддржувачи денес се соочуваат со прашањето како завршија бранејќи ги оние против кои некогаш се бореа.

 

Повеќе од 20 години, неговите ментори ги затвораа очите пред катастрофалната состојба во Кујната на Детската Клиника, ставајќи го во ризик здравјето на новите генерации. Благодарение на коалицијата ВРЕДИ и заложбата на директорот Реџеп Мемеди, по само 4 месеци напорна работа, овој проблем кој со децении беше занемаруван, конечно добива заслужено решение. За нас, здравјето на децата е над секој друг интерес, се вели во реакцијата на Вреди.

Оттаму додаваат дека времето на манипулациите на Али Ахмети и неговите сателити заврши.

Граѓаните веќе се свесни за нивните игри и нема да дозволат повеќе да бидат манипулирани од тие што мислат само на себе и на своите кланови. Коалицијата ВРЕДИ е надежта и решението за Албанците!, велат од Вреди.

The post ВРЕДИ: Патериците на Али Ахмети испуштаат очајнички крици за да ги прикријат своите неуспеси appeared first on Република.

]]>

Од коалицијата Вреди реагираат дека е јасно како ден дека сателитите на Али Ахмети, заслепени од жедта за власт, ја губат секоја честичка на политичко достоинство.
Откако ги изневерија гласачите кои некогаш им веруваа со чисто срце, тие се претворија во патерици на ДУИ, надевајќи се на загарантирани позиции. Но, кога нивните интриги пропаднаа, овие разочарани почнаа да испуштаат очајнички крици, слични на вресоците на оние што се дават во тешката болест на политичка депресија.   Тие што некогаш беа гласот на надежта, денес се срамот на своите гласачи. Нивната стратегија е лоша копија на ДУИ: манипулации, дезинформации и клевети за да ги прикријат своите неуспеси. Зијадин Села, сега „тивок портпарол“ на Али Ахмети, ја следи темната пропаганда и заштитата на клановите. Неговите малкумина поддржувачи денес се соочуваат со прашањето како завршија бранејќи ги оние против кои некогаш се бореа.   Повеќе од 20 години, неговите ментори ги затвораа очите пред катастрофалната состојба во Кујната на Детската Клиника, ставајќи го во ризик здравјето на новите генерации. Благодарение на коалицијата ВРЕДИ и заложбата на директорот Реџеп Мемеди, по само 4 месеци напорна работа, овој проблем кој со децении беше занемаруван, конечно добива заслужено решение. За нас, здравјето на децата е над секој друг интерес, се вели во реакцијата на Вреди.
Оттаму додаваат дека времето на манипулациите на Али Ахмети и неговите сателити заврши.
Граѓаните веќе се свесни за нивните игри и нема да дозволат повеќе да бидат манипулирани од тие што мислат само на себе и на своите кланови. Коалицијата ВРЕДИ е надежта и решението за Албанците!, велат од Вреди.

The post ВРЕДИ: Патериците на Али Ахмети испуштаат очајнички крици за да ги прикријат своите неуспеси appeared first on Република.

]]>
ВРЕДИ: Ја отстранивме ДУИ како најголем загадувач на животната средина! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vredi-ja-otstranivme-dui-kako-najgolem-zagaduvach-na-zhivotnata-sredina/ Fri, 15 Nov 2024 12:12:18 +0000 https://republika.mk/?p=838095

ДУИ, партијата која две децении го држеше животот на граѓаните како заложник на својата неспособност и корумпираност, денес се осмелува да критикува и лицемерно да се претставува како бранител на животната средина. Оваа партија, која ги управуваше државните институции и ја загрози иднината на нашите граѓани, сега зборува за „итни акции“ и „грижа за здравјето“, велат од ВРЕДИ.

„Но прашањето е – каде беа тие изминативе 20 години? Тогаш не беше ли време за итни акции и грижа за здравјето? Тогаш за што беше време? За коцкарници, за трговски центри?

Додека беа власт, Министерството за животна средина неколкупати беше управувано од кадри на ДУИ. Цели 12 години. Што направија? Оставија депонии во Тетово, Кичево, Струга – вистински еколошки бомби кои и денес го загадуваат воздухот, водата и почвата. Ова е нивното наследство – загадување, негрижа и корупција. Оставија депонии низ цела држава. Не решија ниту едно круцијално прашаење за заштита на животната средина.

ДУИ не се грижеа за граѓаните ниту како власт, ниту сега како опозиција.

Нивната реакција е ништо повеќе од евтин обид за манипулација и дефокусирање од нивната одговорност. За разлика од нив, Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање, под раководство на Изет Меџити, веќе презема конкретни чекори за решавање на долгогодишните проблеми што ги остави ДУИ.

Додека беа на власт ДУИ промовираа смешна зелена агенда. Али Ахмети и Артан Груби да дадат одговор каде се плодовите на нивната зелена агенда.

Кој имаше добивка од нивната зелена агенда?

ДУИ владееше со Министерството за животна средина од 2011 година, до 2023 година. Тоа се цели 12 години. Од нивните 12 години резултатие се нула, и не се споредливи со сето она што е превземано во нашите само 5 месеци.

Во време кога болниците се полнат со граѓани кои страдаат од последиците на загадувањето, Владата работи на зајакнување на мониторингот на квалитетот на воздухот и ќе инвестира во чисти енергетски решенија.

Додека ДУИ создаваше депонии, денес се работи на чистење и затворање на истите и се работи на проекти за имплементација на модерни системи за управување со отпад.

ДУИ нема легитимитет да зборува за животната средина, бидејќи нивните 20 години власт го докажаа спротивното. Граѓаните знаат кој е одговорен за кризата што ја наследивме, но исто така знаат и кој сега работи на вистински решенија.

Грижата за здравјето на граѓаните е приоритет на оваа Влада, а оние што оставија хаос, депонии и корупција ќе одговараат за своите дела – пред граѓаните и историјата“, се вели во соопштението на ВРЕДИ.

The post ВРЕДИ: Ја отстранивме ДУИ како најголем загадувач на животната средина! appeared first on Република.

]]>

ДУИ, партијата која две децении го држеше животот на граѓаните како заложник на својата неспособност и корумпираност, денес се осмелува да критикува и лицемерно да се претставува како бранител на животната средина. Оваа партија, која ги управуваше државните институции и ја загрози иднината на нашите граѓани, сега зборува за „итни акции“ и „грижа за здравјето“, велат од ВРЕДИ.
„Но прашањето е – каде беа тие изминативе 20 години? Тогаш не беше ли време за итни акции и грижа за здравјето? Тогаш за што беше време? За коцкарници, за трговски центри? Додека беа власт, Министерството за животна средина неколкупати беше управувано од кадри на ДУИ. Цели 12 години. Што направија? Оставија депонии во Тетово, Кичево, Струга – вистински еколошки бомби кои и денес го загадуваат воздухот, водата и почвата. Ова е нивното наследство – загадување, негрижа и корупција. Оставија депонии низ цела држава. Не решија ниту едно круцијално прашаење за заштита на животната средина. ДУИ не се грижеа за граѓаните ниту како власт, ниту сега како опозиција. Нивната реакција е ништо повеќе од евтин обид за манипулација и дефокусирање од нивната одговорност. За разлика од нив, Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање, под раководство на Изет Меџити, веќе презема конкретни чекори за решавање на долгогодишните проблеми што ги остави ДУИ. Додека беа на власт ДУИ промовираа смешна зелена агенда. Али Ахмети и Артан Груби да дадат одговор каде се плодовите на нивната зелена агенда. Кој имаше добивка од нивната зелена агенда? ДУИ владееше со Министерството за животна средина од 2011 година, до 2023 година. Тоа се цели 12 години. Од нивните 12 години резултатие се нула, и не се споредливи со сето она што е превземано во нашите само 5 месеци. Во време кога болниците се полнат со граѓани кои страдаат од последиците на загадувањето, Владата работи на зајакнување на мониторингот на квалитетот на воздухот и ќе инвестира во чисти енергетски решенија. Додека ДУИ создаваше депонии, денес се работи на чистење и затворање на истите и се работи на проекти за имплементација на модерни системи за управување со отпад. ДУИ нема легитимитет да зборува за животната средина, бидејќи нивните 20 години власт го докажаа спротивното. Граѓаните знаат кој е одговорен за кризата што ја наследивме, но исто така знаат и кој сега работи на вистински решенија. Грижата за здравјето на граѓаните е приоритет на оваа Влада, а оние што оставија хаос, депонии и корупција ќе одговараат за своите дела – пред граѓаните и историјата“, се вели во соопштението на ВРЕДИ.

The post ВРЕДИ: Ја отстранивме ДУИ како најголем загадувач на животната средина! appeared first on Република.

]]>
Таравари: ДУИ не одат на протести, ладното ги предомисли https://arhiva3.republika.mk/vesti/taravari-dui-ne-odat-na-protesti-ladnoto-gi-predomisli/ Tue, 22 Oct 2024 13:03:45 +0000 https://republika.mk/?p=829898

Министерот за здравство Арбен Таравари, кој е дел од коалицијата „Вреди“, коментирајќи ја одлуката на Централното претседателство на ДУИ да одржуваат состаноци од отворен карактер со присуство на граѓани, рече дека она што треба да го направи ДУИ е да се реформира бидејќи, како што посочи, има многу некредибилни луѓе меѓу нив.

-ДУИ не одат на протести, туку на средби со граѓани. Јас им кажав, но и препорачувам на ДУИ прво да започнат со реформи во партијата. Имаат доста некредибилни луѓе меѓу нив. Им треба адаптација во опозиција. Така што, прво беа протести, сега ми се чини поради ниските температури, одлучија да се сретнат со граѓаните. Нека се сретнат. Дури мислам дека не требаше да направат толку долга апстиненција од четири месеци, вопшто да не се видат со граѓаните, изјави Таравари.

Централното претседателство на ДУИ вчера во седиштето на партијата во Мала Речица одржа седница на која беа донесени повеќе заклучоци меѓу кои и да се организираат состаноци од отворен карактер.

The post Таравари: ДУИ не одат на протести, ладното ги предомисли appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Арбен Таравари, кој е дел од коалицијата „Вреди“, коментирајќи ја одлуката на Централното претседателство на ДУИ да одржуваат состаноци од отворен карактер со присуство на граѓани, рече дека она што треба да го направи ДУИ е да се реформира бидејќи, како што посочи, има многу некредибилни луѓе меѓу нив.
-ДУИ не одат на протести, туку на средби со граѓани. Јас им кажав, но и препорачувам на ДУИ прво да започнат со реформи во партијата. Имаат доста некредибилни луѓе меѓу нив. Им треба адаптација во опозиција. Така што, прво беа протести, сега ми се чини поради ниските температури, одлучија да се сретнат со граѓаните. Нека се сретнат. Дури мислам дека не требаше да направат толку долга апстиненција од четири месеци, вопшто да не се видат со граѓаните, изјави Таравари.
Централното претседателство на ДУИ вчера во седиштето на партијата во Мала Речица одржа седница на која беа донесени повеќе заклучоци меѓу кои и да се организираат состаноци од отворен карактер.

The post Таравари: ДУИ не одат на протести, ладното ги предомисли appeared first on Република.

]]>
Тетово, Гостивар, Желино и Чаир со одлука да финансираат албанската Академија на науките и уметностите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tetovo-gostivar-zhelino-i-chair-so-odluka-da-finansiraat-albanskata-akademija-na-naukite-i-umetnostite/ Tue, 15 Oct 2024 16:35:19 +0000 https://republika.mk/?p=827248

Општините Тетово, Гостивар, Желино и Чаир донеле одлука тие да ја финансираат иницијативата за основање на албанската Академија на науките и уметностите. Оваа одлука е чекор кон реализирање на проектот што е наменет за промоција и развој на албанската наука и култура во земјата.

Иницијативата за албанската Академија е поддржана од градоначалниците на овие општини, кои истакнуваат дека со ова вложување се обезбедува важен простор за научна работа и културна афирмација на албанската заедница.

Билал Касами, градоначалникот на Тетово, денеска изјави дека создавањето на ваква институција е долгоочекуван чекор кон зајакнување на албанскиот идентитет.

– Време е нашата заедница да има институција која ќе се грижи за нашето културно и научно наследство. Поддршката од општините е само првиот чекор – рече Касами, посочувајќи на неопходноста од вложување во науката и културата како основни столбови на развојот.

Поддршката на општините е сигнал за значајноста на овој проект, кој се очекува да има влијание не само на локално, туку и на национално ниво. Академијата ќе ги вклучува најистакнатите албански интелектуалци, истражувачи и уметници, со цел создавање на дела што ќе придонесат за научниот и културниот капитал на Албанците во Македонија.

Одлуката да се поддржи оваа академија доаѓа во време на контроверзии и расправи околу улогата на етничките институции во земјата. Поддржувачите велат дека ова ќе отвори нови можности за промоција на албанската заедница, додека дел од јавноста ја прашува оправданоста на ваквите иницијативи. Општините, сепак, се убедени дека оваа инвестиција ќе има долгорочен позитивен ефект.

Коалицијата „Вреди“ од албанскиот блок веќе извесно време ја бранува политичката сцена со идејата за формирање на паралелна Албанска академија на науките и уметностите, што не наиде на поддршка кај останатите коалициони партнери и кај опозицијата. Тие изминатиов периов во повеќе наврати порачаа дека науката не треба да се поларизира и етнизира, а МАНУ треба да остане единствена институција во која членуваат реномирани научници од сите етнички заедници. Ова е ставот зад кој застанаа и академици од МАНУ.

The post Тетово, Гостивар, Желино и Чаир со одлука да финансираат албанската Академија на науките и уметностите appeared first on Република.

]]>

Општините Тетово, Гостивар, Желино и Чаир донеле одлука тие да ја финансираат иницијативата за основање на албанската Академија на науките и уметностите. Оваа одлука е чекор кон реализирање на проектот што е наменет за промоција и развој на албанската наука и култура во земјата. Иницијативата за албанската Академија е поддржана од градоначалниците на овие општини, кои истакнуваат дека со ова вложување се обезбедува важен простор за научна работа и културна афирмација на албанската заедница. Билал Касами, градоначалникот на Тетово, денеска изјави дека создавањето на ваква институција е долгоочекуван чекор кон зајакнување на албанскиот идентитет.
– Време е нашата заедница да има институција која ќе се грижи за нашето културно и научно наследство. Поддршката од општините е само првиот чекор – рече Касами, посочувајќи на неопходноста од вложување во науката и културата како основни столбови на развојот.
Поддршката на општините е сигнал за значајноста на овој проект, кој се очекува да има влијание не само на локално, туку и на национално ниво. Академијата ќе ги вклучува најистакнатите албански интелектуалци, истражувачи и уметници, со цел создавање на дела што ќе придонесат за научниот и културниот капитал на Албанците во Македонија. Одлуката да се поддржи оваа академија доаѓа во време на контроверзии и расправи околу улогата на етничките институции во земјата. Поддржувачите велат дека ова ќе отвори нови можности за промоција на албанската заедница, додека дел од јавноста ја прашува оправданоста на ваквите иницијативи. Општините, сепак, се убедени дека оваа инвестиција ќе има долгорочен позитивен ефект. Коалицијата „Вреди“ од албанскиот блок веќе извесно време ја бранува политичката сцена со идејата за формирање на паралелна Албанска академија на науките и уметностите, што не наиде на поддршка кај останатите коалициони партнери и кај опозицијата. Тие изминатиов периов во повеќе наврати порачаа дека науката не треба да се поларизира и етнизира, а МАНУ треба да остане единствена институција во која членуваат реномирани научници од сите етнички заедници. Ова е ставот зад кој застанаа и академици од МАНУ.

The post Тетово, Гостивар, Желино и Чаир со одлука да финансираат албанската Академија на науките и уметностите appeared first on Република.

]]>
Вреди: Али Ахмети и ДУИ леат крокодилски солзи поради губењето на власта https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vredi-ali-ahmeti-i-dui-leat-krokodilski-solzi-poradi-gubeneto-na-vlasta/ Sat, 12 Oct 2024 13:15:06 +0000 https://republika.mk/?p=825903

Колку повеќе завива Демократската унија за интеграција, толку повеќе се разобличуваат нивните лаги и манипулации, и толку подлабоко паѓаат во стапиците што самите ги поставиле за да ги закопаат своите политички противници, реагира коалицијата Вреди.

Аргументот на Али Ахмети за легитимитет е разобличен со фактот дека барем тројца од пратениците на „Европскиот фронт“ не зборуваат албански, и на албанската јавност ѝ се обраќаат на македонски јазик! Во оваа група се поранешниот претседател на Уставниот суд Сали Мурат, милионерот и пратеник Исмаил Јахоски, познат како Пуцко Петрол, и пратеникот Бејџан Иљас. Второ, Али Ахмети одамна го загуби ексклузивното право да зборува во име на Охридскиот договор. Бидејќи долго време е на власт и за да ја зачува својата фотелја, Ахмети направи стотици отстапки и извитоперувања на основните дефиниции на Охридскиот договор. За време на неговиот 22-годишен мандат, официјализацијата на албанскиот јазик стана предмет на пазарење, децентрализацијата на власта деградираше во банално прашање, додека вниманието се посвети само на збогатувањето на неговите вечни функционери.

Трето, Али Ахмети веќе нема морален кредибилитет да зборува за статусот на поранешните борци на Ослободителната народна армија (ОНА). За жал, за време на сите мандати на Ахмети беа затворани и убивани поранешни борци на ОНА.

Неговиот заменик Арбер Адеми беше фатен на дело! Јавноста виде во оптужницата што Арбер ја поднесе против државата поради „бегството од домашен притвор“ на Блерим Рамадани. Покрај тоа, сите влади на Али Ахмети досега редовно доделуваа финансиски средства за социјална поддршка на бранителите. Но, ниту една влада на Али Ахмети досега не го решила статусот на поранешните борци на ОНА.

Четврто, Али Ахмети го вложи својот кредибилитет и моќта на неговата партија за, преку контрола на судството, да го спаси Никола Груевски од затвор. Фактот дека Сашо Мијалков денес е слободен граѓанин, а сите негови казни застареа затоа што ДУИ заедно со Кренар Лога го сменија Кривичниот законик, не бара дополнителен аргумент дека Али Ахмети бил животно заинтересиран и работел на спасување на Груевски и негово враќање како херој од Будимпешта.

Петто, Али Ахмети имаше 22 години време, шест владини мандати, министер за надворешни работи и ПРЕМИЕР за да ги реши отворените прашања со соседите и да ја направи  Македонија членка на Европската Унија. Али Ахмети не успеа. Сега е време Али Ахмети да биде опозиција. А приоритетите и политиките на државата, како и нејзините стратешки ориентации, ги определува владата, велат од Вреди.

The post Вреди: Али Ахмети и ДУИ леат крокодилски солзи поради губењето на власта appeared first on Република.

]]>

Колку повеќе завива Демократската унија за интеграција, толку повеќе се разобличуваат нивните лаги и манипулации, и толку подлабоко паѓаат во стапиците што самите ги поставиле за да ги закопаат своите политички противници, реагира коалицијата Вреди. Аргументот на Али Ахмети за легитимитет е разобличен со фактот дека барем тројца од пратениците на „Европскиот фронт“ не зборуваат албански, и на албанската јавност ѝ се обраќаат на македонски јазик! Во оваа група се поранешниот претседател на Уставниот суд Сали Мурат, милионерот и пратеник Исмаил Јахоски, познат како Пуцко Петрол, и пратеникот Бејџан Иљас. Второ, Али Ахмети одамна го загуби ексклузивното право да зборува во име на Охридскиот договор. Бидејќи долго време е на власт и за да ја зачува својата фотелја, Ахмети направи стотици отстапки и извитоперувања на основните дефиниции на Охридскиот договор. За време на неговиот 22-годишен мандат, официјализацијата на албанскиот јазик стана предмет на пазарење, децентрализацијата на власта деградираше во банално прашање, додека вниманието се посвети само на збогатувањето на неговите вечни функционери. Трето, Али Ахмети веќе нема морален кредибилитет да зборува за статусот на поранешните борци на Ослободителната народна армија (ОНА). За жал, за време на сите мандати на Ахмети беа затворани и убивани поранешни борци на ОНА. Неговиот заменик Арбер Адеми беше фатен на дело! Јавноста виде во оптужницата што Арбер ја поднесе против државата поради „бегството од домашен притвор“ на Блерим Рамадани. Покрај тоа, сите влади на Али Ахмети досега редовно доделуваа финансиски средства за социјална поддршка на бранителите. Но, ниту една влада на Али Ахмети досега не го решила статусот на поранешните борци на ОНА. Четврто, Али Ахмети го вложи својот кредибилитет и моќта на неговата партија за, преку контрола на судството, да го спаси Никола Груевски од затвор. Фактот дека Сашо Мијалков денес е слободен граѓанин, а сите негови казни застареа затоа што ДУИ заедно со Кренар Лога го сменија Кривичниот законик, не бара дополнителен аргумент дека Али Ахмети бил животно заинтересиран и работел на спасување на Груевски и негово враќање како херој од Будимпешта. Петто, Али Ахмети имаше 22 години време, шест владини мандати, министер за надворешни работи и ПРЕМИЕР за да ги реши отворените прашања со соседите и да ја направи  Македонија членка на Европската Унија. Али Ахмети не успеа. Сега е време Али Ахмети да биде опозиција. А приоритетите и политиките на државата, како и нејзините стратешки ориентации, ги определува владата, велат од Вреди.

The post Вреди: Али Ахмети и ДУИ леат крокодилски солзи поради губењето на власта appeared first on Република.

]]>
Ахмети повикува Вреди да се повлече: Ние нема да станеме дел од Владата, и заедно да го прекинеме ова понижување на Албанците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ahmeti-povikuva-vredi-da-se-povleche-nie-nema-da-staneme-del-od-vladata-i-zaedno-da-go-prekineme-ova-ponizhuvane-na-albantsite/ Fri, 04 Oct 2024 12:45:06 +0000 https://republika.mk/?p=822712

Преку статус на Фејсбук, лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, ги откри петте приоритети и ги повика „Вреди“ да ја напуштат Владата, повикувајќи ги заедно да стават крај на понижувањето на Албанците и другите етнички заедници.

„Почитувани граѓани, дозволете ми уште еднаш да повторам дека нашите приоритети вклучуваат: Евроинтеграци без никакво одлагање и без никакви двоумења како единствена алтернатива за нашата земја.

Ветинг за сите политичари, судии, обвинители и носители на јавни функции, со меѓународен мониторинг.

Верификација и контрола на имотот за сите носители на јавна функција во последните 33 години.

Истрага за процесот на приватизација и транзиција заедно со олигархијата создадена од тој процес.

Почитување на етничкиот легитимитет на изборниот процес и меѓуетничкиот карактер на институциите во согласност со вољата на гласачите и заедниците.

П.С. За да го отстранат срамот од непочитување на волјата на Албанците на изборите, Влен нека се повлече од узурпацијата на институциите без легитимитет на гласачите, додека ние, повторувам, нема да станеме дел од Владата, туку заедно да го прекинеме ова понижување што им се наметнува на Албанците и на другите заедници.

The post Ахмети повикува Вреди да се повлече: Ние нема да станеме дел од Владата, и заедно да го прекинеме ова понижување на Албанците appeared first on Република.

]]>

Преку статус на Фејсбук, лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, ги откри петте приоритети и ги повика „Вреди“ да ја напуштат Владата, повикувајќи ги заедно да стават крај на понижувањето на Албанците и другите етнички заедници. „Почитувани граѓани, дозволете ми уште еднаш да повторам дека нашите приоритети вклучуваат: Евроинтеграци без никакво одлагање и без никакви двоумења како единствена алтернатива за нашата земја. Ветинг за сите политичари, судии, обвинители и носители на јавни функции, со меѓународен мониторинг. Верификација и контрола на имотот за сите носители на јавна функција во последните 33 години. Истрага за процесот на приватизација и транзиција заедно со олигархијата создадена од тој процес. Почитување на етничкиот легитимитет на изборниот процес и меѓуетничкиот карактер на институциите во согласност со вољата на гласачите и заедниците. П.С. За да го отстранат срамот од непочитување на волјата на Албанците на изборите, Влен нека се повлече од узурпацијата на институциите без легитимитет на гласачите, додека ние, повторувам, нема да станеме дел од Владата, туку заедно да го прекинеме ова понижување што им се наметнува на Албанците и на другите заедници.

The post Ахмети повикува Вреди да се повлече: Ние нема да станеме дел од Владата, и заедно да го прекинеме ова понижување на Албанците appeared first on Република.

]]>
ВРЕДИ: Европскиот Фронт се распаѓа од лагите на Ахмети https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vredi-evropskiot-front-se-raspaga-od-lagite-na-ahmeti/ Thu, 03 Oct 2024 08:51:16 +0000 https://republika.mk/?p=822103

Кога ДУИ и нивните сателити зборуваат за фолклоризам и лажен патриотизам, вистината секогаш ги удира по лицето. А вистината е една! Рамиз Мерко, од американските црни листи како пријател и ветеран на кликата на ДУИ, ги потсетува Али Ахмети и Зијадин Села дека корупцијата беше основен столб на нивното 22-годишно владеење, соопштуваат од коалицијата ВРЕДИ.

Кога Ахмети зборува за ветинг, да го потсетиме дека токму неговиот долгогодишен кадар, Иџет Мемети, спроведе ветинг во неговата партија преку договорот со абазијанското обвинителство. Кога зборува за албанскиот јазик, го потсетуваме дека неговиот „пациент“ Бујар Османи ги испрати трите членови на Венецијанската комисија за оспорување на јазикот. Кога зборува за сила, да го потсетиме на покорноста кон Мијалков и Груевски — едниот ослободен од одговорност, а другиот пуштен да избега. За економијата, да го потсетиме на „Лас Вегасот“ што Артан Груби и Прпарим Бајрами го создадоа во нашите населби. Но, за разлика од нив, ВРЕДИ во своите 100 дена ги покачи пензиите, донесе странски инвестиции, вложува 34.5 милиони евра во изградбата на кампусот на Универзитетот Мајка Тереза и обезбеди 100 милиони евра за општините. Овие се реални дела што ќе го подобрат животот на нашите граѓани. ВРЕДИ, преку своите кадри, донесе нова свежина, надеж, работна етика, чесност и посветеност кон ветеното. Со непоколеблива волја, поставивме темели за нова ера, каде што граѓаните се на прво место, а нивните очекувања се исполнуваат со дела, не само со зборови. Ние продолжуваме напред, заедно со вас, граѓаните, како наш најголем капитал. На крај, го потсетуваме Али Ахмети дека ВРЕДИ ги доби изборите со 107 илјади албански гласови, се нагласува во соопштението на коалицијата ВРЕДИ.

The post ВРЕДИ: Европскиот Фронт се распаѓа од лагите на Ахмети appeared first on Република.

]]>

Кога ДУИ и нивните сателити зборуваат за фолклоризам и лажен патриотизам, вистината секогаш ги удира по лицето. А вистината е една! Рамиз Мерко, од американските црни листи како пријател и ветеран на кликата на ДУИ, ги потсетува Али Ахмети и Зијадин Села дека корупцијата беше основен столб на нивното 22-годишно владеење, соопштуваат од коалицијата ВРЕДИ. Кога Ахмети зборува за ветинг, да го потсетиме дека токму неговиот долгогодишен кадар, Иџет Мемети, спроведе ветинг во неговата партија преку договорот со абазијанското обвинителство. Кога зборува за албанскиот јазик, го потсетуваме дека неговиот „пациент“ Бујар Османи ги испрати трите членови на Венецијанската комисија за оспорување на јазикот. Кога зборува за сила, да го потсетиме на покорноста кон Мијалков и Груевски — едниот ослободен од одговорност, а другиот пуштен да избега. За економијата, да го потсетиме на „Лас Вегасот“ што Артан Груби и Прпарим Бајрами го создадоа во нашите населби. Но, за разлика од нив, ВРЕДИ во своите 100 дена ги покачи пензиите, донесе странски инвестиции, вложува 34.5 милиони евра во изградбата на кампусот на Универзитетот Мајка Тереза и обезбеди 100 милиони евра за општините. Овие се реални дела што ќе го подобрат животот на нашите граѓани. ВРЕДИ, преку своите кадри, донесе нова свежина, надеж, работна етика, чесност и посветеност кон ветеното. Со непоколеблива волја, поставивме темели за нова ера, каде што граѓаните се на прво место, а нивните очекувања се исполнуваат со дела, не само со зборови. Ние продолжуваме напред, заедно со вас, граѓаните, како наш најголем капитал. На крај, го потсетуваме Али Ахмети дека ВРЕДИ ги доби изборите со 107 илјади албански гласови, се нагласува во соопштението на коалицијата ВРЕДИ.

The post ВРЕДИ: Европскиот Фронт се распаѓа од лагите на Ахмети appeared first on Република.

]]>
Таравари: „Вреди“ ќе биде забрзувач за што поскоро да почнеме со преговорите со ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/taravari-vredi-ke-bide-zabrzuvach-za-shto-poskoro-da-pochneme-so-pregovorite-so-eu/ Wed, 02 Oct 2024 16:59:41 +0000 https://republika.mk/?p=821868

Министерот за здравство и претседател на Алијанса за Албанци, Арбен Таравари, при посета на Клиничката болница во Тетово изрази надеж дека за шест месеци може да почнат преговорите со ЕУ.

Таравари изјави дека надежта ја темели поради таквиот заеднички став во Владата.

„Вреди“ повторно инсистира дека Македонија мора да ги почне преговорите, Македонија нема друга алтернатива освен ЕУ. Кажавме рок од шест месеци, дека „Вреди“ ќе направи се да започнат преговорите. Добро е што Албанија започна, меѓутоа лошо е што ние се разделивме. Од друга страна треба и да разбереме дека и од бугарска страна нема Влада, очекуваме избори таму да има. Јас се надевам дека ние ќе изнајдеме решение и „Вреди“ ќе биде акцелератор и тригер за да што поскоро Македонија почне со преговорите со ЕУ. Јас колку што знам и премиерот е за започнување што побргу, и тој е за ЕУ како и сите што сме во Владата, изјави Таравари.

Таравари изјави дека како министер за здравство, во Тетово дошол да ги посочи инвестициите во првите сто дена од владата.

Монтирани се пет нови лифта - три на одделот за хирургија и два на одделот за интерна медицина, конструкција и санација на кровната конструкција на интернистичкиот блок, се во вредност од 20 милиони денари.

Лифтовите се ставени во употреба, покривот на интернистичкиот дел е готов. Имаше комбинирана инвестција во амбулантите на хируршки клиники, на Клиничка болница и Компанијата Еколог. Инвестиција од Еколог за амбуланти на интерно. Тетово станува еден од приоритетите бидејќи децентрализацијата регионализацијата ни е многу битна, изјави Таравари.

За идната година Таравари арбнајави нова апаратура, инвестиции на одделот за педијатрија, електронска архива како и нова зграда.

The post Таравари: „Вреди“ ќе биде забрзувач за што поскоро да почнеме со преговорите со ЕУ appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство и претседател на Алијанса за Албанци, Арбен Таравари, при посета на Клиничката болница во Тетово изрази надеж дека за шест месеци може да почнат преговорите со ЕУ. Таравари изјави дека надежта ја темели поради таквиот заеднички став во Владата.
„Вреди“ повторно инсистира дека Македонија мора да ги почне преговорите, Македонија нема друга алтернатива освен ЕУ. Кажавме рок од шест месеци, дека „Вреди“ ќе направи се да започнат преговорите. Добро е што Албанија започна, меѓутоа лошо е што ние се разделивме. Од друга страна треба и да разбереме дека и од бугарска страна нема Влада, очекуваме избори таму да има. Јас се надевам дека ние ќе изнајдеме решение и „Вреди“ ќе биде акцелератор и тригер за да што поскоро Македонија почне со преговорите со ЕУ. Јас колку што знам и премиерот е за започнување што побргу, и тој е за ЕУ како и сите што сме во Владата, изјави Таравари.
Таравари изјави дека како министер за здравство, во Тетово дошол да ги посочи инвестициите во првите сто дена од владата. Монтирани се пет нови лифта - три на одделот за хирургија и два на одделот за интерна медицина, конструкција и санација на кровната конструкција на интернистичкиот блок, се во вредност од 20 милиони денари.
Лифтовите се ставени во употреба, покривот на интернистичкиот дел е готов. Имаше комбинирана инвестција во амбулантите на хируршки клиники, на Клиничка болница и Компанијата Еколог. Инвестиција од Еколог за амбуланти на интерно. Тетово станува еден од приоритетите бидејќи децентрализацијата регионализацијата ни е многу битна, изјави Таравари.
За идната година Таравари арбнајави нова апаратура, инвестиции на одделот за педијатрија, електронска архива како и нова зграда.

The post Таравари: „Вреди“ ќе биде забрзувач за што поскоро да почнеме со преговорите со ЕУ appeared first on Република.

]]>
„Вреди“: Сведоштвото на Ангелов го демаскира лажниот патриотизам на ДУИ И СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vredi-svedoshtvoto-na-angelov-go-demaskira-lazhniot-patriotizam-na-dui-i-sdsm/ Thu, 26 Sep 2024 08:42:34 +0000 https://republika.mk/?p=819751

Како бомба одекна вчерашното сведоштво на Стојанче Ангелов кој директно посочи дека Али Ахмети лично и персонално изразил подготвеност да прифати усвојување само на Законот за бранители, додека бил во владина коалиција со СДСМ, истакнуваат од коалицијата.

„Јасно е дека Недемократската унија за дезинтеграција (ДУИ) и делегитимираниот СДСМ, кои очајнички се обидуваат да ја спасат својата кожа од кривична одговорност, не избираат средства во своите манипулации. Во седумгодишното владеење, граѓаните станаа сведоци на масовна корупција, а наместо да го прифатат својот дебакл и да го стават прстот на чело, тие се обидуваат да ја замајуваат јавноста со предлогот за “законот за бранителите”.

Делегитимираниот СДСМ, кој некогаш се залагаше за концептот “Едно општество за сите”, сега, врз грбот на Албанците се обидува да заработи ниски политички поени. Нивната стратегија на манипулација и популизам ги

доведува до точка на безизлез, каде што граѓаните, независно од нивната националност, ќе ја отстранат трајно од политичката мапа. Но ВЛЕН има јасна порака и за ДУИ: кога стануваш “Али Ахмети на Соравија”, завршува “Али Ахмети на УЧК”, велат од Вреди.

Јавно го прозиваат како што нагласуваат “Али Ахмети на Соравија”: Дали е точно сведоштвото на Стојанче Ангелов дека пред сите тогашни коалициони партнери си се согласил да ги затвориш очите да помине Законот за бранители, обидувајќи се да ја спасиш коалицијата и Владата на Димитар Ковачевски? Законот за бранителите е очигледен обид на побратимите по мака ДУИ и СДСМ да го одвлечат вниманието од корупцијата и скандалите што ги следea нивните политики.

Коалицијата ВЛЕН, додават од таму е решена да се бори за транспарентност, одговорност и вистински интереси на граѓаните. Ќе продолжиме, велат од „Вреди“ да стоиме цврсто против манипулативните политики, обезбедувајќи посветла иднина за сите граѓани.

The post „Вреди“: Сведоштвото на Ангелов го демаскира лажниот патриотизам на ДУИ И СДСМ appeared first on Република.

]]>

Како бомба одекна вчерашното сведоштво на Стојанче Ангелов кој директно посочи дека Али Ахмети лично и персонално изразил подготвеност да прифати усвојување само на Законот за бранители, додека бил во владина коалиција со СДСМ, истакнуваат од коалицијата. „Јасно е дека Недемократската унија за дезинтеграција (ДУИ) и делегитимираниот СДСМ, кои очајнички се обидуваат да ја спасат својата кожа од кривична одговорност, не избираат средства во своите манипулации. Во седумгодишното владеење, граѓаните станаа сведоци на масовна корупција, а наместо да го прифатат својот дебакл и да го стават прстот на чело, тие се обидуваат да ја замајуваат јавноста со предлогот за “законот за бранителите”. Делегитимираниот СДСМ, кој некогаш се залагаше за концептот “Едно општество за сите”, сега, врз грбот на Албанците се обидува да заработи ниски политички поени. Нивната стратегија на манипулација и популизам ги доведува до точка на безизлез, каде што граѓаните, независно од нивната националност, ќе ја отстранат трајно од политичката мапа. Но ВЛЕН има јасна порака и за ДУИ: кога стануваш “Али Ахмети на Соравија”, завршува “Али Ахмети на УЧК”, велат од Вреди. Јавно го прозиваат како што нагласуваат “Али Ахмети на Соравија”: Дали е точно сведоштвото на Стојанче Ангелов дека пред сите тогашни коалициони партнери си се согласил да ги затвориш очите да помине Законот за бранители, обидувајќи се да ја спасиш коалицијата и Владата на Димитар Ковачевски? Законот за бранителите е очигледен обид на побратимите по мака ДУИ и СДСМ да го одвлечат вниманието од корупцијата и скандалите што ги следea нивните политики. Коалицијата ВЛЕН, додават од таму е решена да се бори за транспарентност, одговорност и вистински интереси на граѓаните. Ќе продолжиме, велат од „Вреди“ да стоиме цврсто против манипулативните политики, обезбедувајќи посветла иднина за сите граѓани.

The post „Вреди“: Сведоштвото на Ангелов го демаскира лажниот патриотизам на ДУИ И СДСМ appeared first on Република.

]]>
ДУИ: Соопштенијата на „Вреди“ против ДУИ им ги пишува ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dui-soopshtenijata-na-vredi-protiv-dui-im-gi-pishuva-vmro-dpmne/ Sun, 22 Sep 2024 11:23:48 +0000 https://republika.mk/?p=818700

Денес, неколку албански политички субјекти, кои влегоа во владата преку поддршката од македонските партии, издадоа неосновано соопштение против ДУИ и нашиот лидер, Али Ахмети. Најзагрижувачки е грешката на крајот од оваа изјава, каде што е оставена реченицата „преведете го на албански“, што открива дека овие соопштенија се напишани од нивните македонски патрони, ВМРО-ДПМНЕ, а потоа им се предадени на нив, велат од ДУИ, како реакција на соопштението на „Вреди“.

Овој факт јасно покажува дека овие субјекти не ги претставуваат интересите на албанската заедница, туку се алатки во служба на туѓи интереси. Со овој срамен чин, тие јасно покажаа дека немаат политичка независност и дека се користат за да ги нападнат интересите на Албанците и да го оцрнат угледот на ОНА и ДУИ.

 

ДУИ силно го осудува овој политички манипулациски чин и им упатува повик на Албанците да не ја толерираат оваа отворена предавничка постапка. Албанскиот народ заслужува достојно и искрено претставување, а не политички актери кои следат туѓи сценарија.

 

ДУИ и Али Ахмети ќе продолжат да ги бранат интересите на Албанците, со транспарентност и достоинство, како и секогаш. Ние остануваме цврсто посветени на нашата агенда за напредок на Албанците во оваа земја, се вели во реакцијата на ДУИ.

The post ДУИ: Соопштенијата на „Вреди“ против ДУИ им ги пишува ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Денес, неколку албански политички субјекти, кои влегоа во владата преку поддршката од македонските партии, издадоа неосновано соопштение против ДУИ и нашиот лидер, Али Ахмети. Најзагрижувачки е грешката на крајот од оваа изјава, каде што е оставена реченицата „преведете го на албански“, што открива дека овие соопштенија се напишани од нивните македонски патрони, ВМРО-ДПМНЕ, а потоа им се предадени на нив, велат од ДУИ, како реакција на соопштението на „Вреди“.
Овој факт јасно покажува дека овие субјекти не ги претставуваат интересите на албанската заедница, туку се алатки во служба на туѓи интереси. Со овој срамен чин, тие јасно покажаа дека немаат политичка независност и дека се користат за да ги нападнат интересите на Албанците и да го оцрнат угледот на ОНА и ДУИ.   ДУИ силно го осудува овој политички манипулациски чин и им упатува повик на Албанците да не ја толерираат оваа отворена предавничка постапка. Албанскиот народ заслужува достојно и искрено претставување, а не политички актери кои следат туѓи сценарија.   ДУИ и Али Ахмети ќе продолжат да ги бранат интересите на Албанците, со транспарентност и достоинство, како и секогаш. Ние остануваме цврсто посветени на нашата агенда за напредок на Албанците во оваа земја, се вели во реакцијата на ДУИ.

The post ДУИ: Соопштенијата на „Вреди“ против ДУИ им ги пишува ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
Вреди: Лагите на Ахмети не поминуваат ниту кај пратениците на „Европскиот фронт“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vredi-lagite-na-ahmeti-ne-pominuvaat-nitu-kaj-pratenitsite-na-evropskiot-front/ Sun, 22 Sep 2024 09:53:52 +0000 https://republika.mk/?p=818665

Од „Вреди“ реагираат дека гнасната игра врз грбот на Албанците, оркестрирана од криминализираната клика на ДУИ, која постави мини во секој сегмент на системот на државата за време на своето 22-годишно владеење, сега е целосно разбрана од албанскиот народ.

Од познатата Соба 161 во Собранието, каде за да остане на власт т.н. „Европски фронт“ му понуди на ВМРО-ДПМНЕ коалиција со четири министерства и без претседател на Собранието, па сè до тензичните чекања во ходниците за влез во владата, се покажа дека играта на ДУИ за злоупотреби е како за снимање холивудски филм.

 

Интерпелацијата против Африм Гаши, иницирана од триномот Левица-ДУИ-СДСМ, заедно со спречувањето на Законот за бранителите од страна на ВЛЕН, ја покажа вистинската природа на оваа клика. Балансерот, механизмот кој беше замрзнат поради уставните судии избрани за време на ДУИ и делегитимираната СДСМ, стана причина за нови тензии во т.н. „Европски фронт“.

 

Пратеникот Елми Азири, еден од главните протагонисти на коалицијата со ДУИ, почна да покажува знаци дека ја разбира играта на Али Ахмети и Артан Груби. Кулата од карти, изградена на коцкање, криминал и измами, сè повеќе го разјадува сознанието на пратеникот Азири. Тој, свесно или несвесно, почна да ја открива вистината што ВЛЕН ја кажуваше од самиот почеток: уставните судии беа избрани од криминализираната ДУИ.

 

Сега, со оглед на тоа што иницијативата за оценка на уставноста на балансерот е поддржана од Нури Бајрами, баџанакот на Талат Џафери, а Артан Груби, како тогашен министер за политички систем и односи со заедниците, не сакал да достави аргументи до Антикорупциската комисија за вработувањата на Албанците во администрацијата, се продлабочува раздорот на овој т.н. фронт.

 

Одлуката на Уставниот суд за замрзнување на балансерот е уште една потврда дека ДУИ, наместо да ги искористи функциите во Владата со делегитимираната СДСМ за систематско решавање на статусот на Албанците, се фокусираше на ограбување на јавните пари и лично богатење. Коалицијата ВЛЕН гарантира дека замрзувањето на балансерот нема да ја загрози правото на вработување на ниту еден Албанец, ниту на припадниците на други етнички заедници.

 

Ние сме посветени на донесување на Закон за правична застапеност, кој ќе обезбеди правичност и ќе ги заштити интересите на сите граѓани, независно од нивната етничка припадност, се вели во реакцијата на „Вреди“.

The post Вреди: Лагите на Ахмети не поминуваат ниту кај пратениците на „Европскиот фронт“ appeared first on Република.

]]>

Од „Вреди“ реагираат дека гнасната игра врз грбот на Албанците, оркестрирана од криминализираната клика на ДУИ, која постави мини во секој сегмент на системот на државата за време на своето 22-годишно владеење, сега е целосно разбрана од албанскиот народ.
Од познатата Соба 161 во Собранието, каде за да остане на власт т.н. „Европски фронт“ му понуди на ВМРО-ДПМНЕ коалиција со четири министерства и без претседател на Собранието, па сè до тензичните чекања во ходниците за влез во владата, се покажа дека играта на ДУИ за злоупотреби е како за снимање холивудски филм.   Интерпелацијата против Африм Гаши, иницирана од триномот Левица-ДУИ-СДСМ, заедно со спречувањето на Законот за бранителите од страна на ВЛЕН, ја покажа вистинската природа на оваа клика. Балансерот, механизмот кој беше замрзнат поради уставните судии избрани за време на ДУИ и делегитимираната СДСМ, стана причина за нови тензии во т.н. „Европски фронт“.   Пратеникот Елми Азири, еден од главните протагонисти на коалицијата со ДУИ, почна да покажува знаци дека ја разбира играта на Али Ахмети и Артан Груби. Кулата од карти, изградена на коцкање, криминал и измами, сè повеќе го разјадува сознанието на пратеникот Азири. Тој, свесно или несвесно, почна да ја открива вистината што ВЛЕН ја кажуваше од самиот почеток: уставните судии беа избрани од криминализираната ДУИ.   Сега, со оглед на тоа што иницијативата за оценка на уставноста на балансерот е поддржана од Нури Бајрами, баџанакот на Талат Џафери, а Артан Груби, како тогашен министер за политички систем и односи со заедниците, не сакал да достави аргументи до Антикорупциската комисија за вработувањата на Албанците во администрацијата, се продлабочува раздорот на овој т.н. фронт.   Одлуката на Уставниот суд за замрзнување на балансерот е уште една потврда дека ДУИ, наместо да ги искористи функциите во Владата со делегитимираната СДСМ за систематско решавање на статусот на Албанците, се фокусираше на ограбување на јавните пари и лично богатење. Коалицијата ВЛЕН гарантира дека замрзувањето на балансерот нема да ја загрози правото на вработување на ниту еден Албанец, ниту на припадниците на други етнички заедници.   Ние сме посветени на донесување на Закон за правична застапеност, кој ќе обезбеди правичност и ќе ги заштити интересите на сите граѓани, независно од нивната етничка припадност, се вели во реакцијата на „Вреди“.

The post Вреди: Лагите на Ахмети не поминуваат ниту кај пратениците на „Европскиот фронт“ appeared first on Република.

]]>
Минчев вели дека за балансерот не се подготвува закон како што тврдат од коалицијата ВЛЕН https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/minchev-veli-deka-za-balanserot-ne-se-podgotvuva-zakon-kako-shto-tvrdat-od-koalitsijata-vlen/ Fri, 20 Sep 2024 20:58:30 +0000 https://republika.mk/?p=818354

Министерот за јавна администрација Горан Минчев вели дека за балансерот не се подготвува закон како што тврдат од коалицијата Вреди. Според Минчев, прво ќе се чека одлуката на Уставниот суд, а потоа ќе се постапи за нов евентуален закон, но нагласувајќи дека тоа зависи од одлуката на судот.

Вреди веќе неколку дена ја коментира идејата дека балансерот ќе добие правна форма.

https://republika.mk/vesti/makedonija/medhiti-balanserot-ke-bide-nadminat-so-zakon/

За разлика од Зеколи, денеска Арбен Таравари рече дека законот допрва ќе се изработува.

„Имавме договор со ВМРО-ДПМНЕ пред да почне коалицијата дека прво треба да се договориме за законот за правична застапеност, а потоа за балансерот„, рече Таравари.

Вреди вчера соопшти дека законот е во фаза на подготовка, кога реагираше на одлуката на Уставниот суд да започне постапка за оценување на уставноста на балансерот.

The post Минчев вели дека за балансерот не се подготвува закон како што тврдат од коалицијата ВЛЕН appeared first on Република.

]]>

Министерот за јавна администрација Горан Минчев вели дека за балансерот не се подготвува закон како што тврдат од коалицијата Вреди. Според Минчев, прво ќе се чека одлуката на Уставниот суд, а потоа ќе се постапи за нов евентуален закон, но нагласувајќи дека тоа зависи од одлуката на судот. Вреди веќе неколку дена ја коментира идејата дека балансерот ќе добие правна форма. https://republika.mk/vesti/makedonija/medhiti-balanserot-ke-bide-nadminat-so-zakon/ За разлика од Зеколи, денеска Арбен Таравари рече дека законот допрва ќе се изработува. „Имавме договор со ВМРО-ДПМНЕ пред да почне коалицијата дека прво треба да се договориме за законот за правична застапеност, а потоа за балансерот„, рече Таравари. Вреди вчера соопшти дека законот е во фаза на подготовка, кога реагираше на одлуката на Уставниот суд да започне постапка за оценување на уставноста на балансерот.

The post Минчев вели дека за балансерот не се подготвува закон како што тврдат од коалицијата ВЛЕН appeared first on Република.

]]>
Вреди: Фирма блиска со пратеник на Европскиот фронт во 2022 година добивала тендери во Државна лотарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vredi-firma-bliska-so-pratenik-na-evropskiot-front-vo-2022-godina-dobivala-tenderi-vo-drzhavna-lotarija/ Fri, 13 Sep 2024 10:56:01 +0000 https://republika.mk/?p=816018

Бујаре Абази од Коалицијата „Вреди“, денеска на прес-конференција изнесе тврдења дека фирмата „Ритрон копи ДООЕЛ“, која била тесно поврзана со пратеникот на Европскиот фронт Елми Азири, во текот на 2022 година во два наврата добила тендер за јавни набавки во Државна лотарија со вредност од околу 3 милиони денари.

Артан Ајрули фигурира како сопственик на фирмата „Ритрон Копи“ ДООЕЛ увоз-извоз Куманово, кој е внук на сопругата на Елми Азири. Оваа фирма во текот на 2022 година, во само три месеци има добиено две јавни набавки во Државна лотарија, каде директор беше Прпарин Бајрами, десна рака на Артан Груби - рече Абази.

Посочи дека набавките се однесуваат на набавки на компјутерска опрема, графички станици, извлекување лотарија и телевизори за инсталација на електронски игри.

Набавките се однесуваат на набавки на компјутерска опрема, графички станици, извлекување лотарија и телевизори за инсталација на електронски игри. Вкупната вредност, на само овие две набавки преку Државна лотарија, заедно со анексите, изнесуваат околу 3 милиони денари - истакна Абази.

The post Вреди: Фирма блиска со пратеник на Европскиот фронт во 2022 година добивала тендери во Државна лотарија appeared first on Република.

]]>

Бујаре Абази од Коалицијата „Вреди“, денеска на прес-конференција изнесе тврдења дека фирмата „Ритрон копи ДООЕЛ“, која била тесно поврзана со пратеникот на Европскиот фронт Елми Азири, во текот на 2022 година во два наврата добила тендер за јавни набавки во Државна лотарија со вредност од околу 3 милиони денари.
Артан Ајрули фигурира како сопственик на фирмата „Ритрон Копи“ ДООЕЛ увоз-извоз Куманово, кој е внук на сопругата на Елми Азири. Оваа фирма во текот на 2022 година, во само три месеци има добиено две јавни набавки во Државна лотарија, каде директор беше Прпарин Бајрами, десна рака на Артан Груби - рече Абази.
Посочи дека набавките се однесуваат на набавки на компјутерска опрема, графички станици, извлекување лотарија и телевизори за инсталација на електронски игри.
Набавките се однесуваат на набавки на компјутерска опрема, графички станици, извлекување лотарија и телевизори за инсталација на електронски игри. Вкупната вредност, на само овие две набавки преку Државна лотарија, заедно со анексите, изнесуваат околу 3 милиони денари - истакна Абази.

The post Вреди: Фирма блиска со пратеник на Европскиот фронт во 2022 година добивала тендери во Државна лотарија appeared first on Република.

]]>
ВРЕДИ по повод 8 Септември: Овој ден е симбол на нашата одлучност и стремеж кон демократија, слобода и просперитет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vredi-po-povod-8-septemvri-ovoj-den-e-simbol-na-nashata-odluchnost-i-stremezh-kon-demokratija-sloboda-i-prosperitet/ Sun, 08 Sep 2024 12:08:49 +0000 https://republika.mk/?p=814368

На денот кога ја одбележуваме 33-годишнината од независноста на нашата заедничка Република Македонија, Коалицијата ВЛЕН им упатува честитки на сите граѓани. Овој ден е симбол на нашата одлучност и стремеж кон демократија, слобода и просперитет.

И по 33 години од независноста и 23 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, за жал, сè уште отвораме прашања за употребата на мајчиниот јазик на Албанците, што во 21 век е цивилизациски дострел и демократска придобивка која не смее да се оспорува.

Нашата генерација има историска должност да се справи со ендемичната политичка корупција и да преземе решителни чекори кон реформи кои ќе ги вратат капацитетите на уништените државни институции.

Само преку транспарентност, одговорност и посветеност кон заедничкото добро, ќе можеме да обезбедиме иднина што ќе биде светла за сите наши граѓани, без разлика на етничката припадност.

На овој важен ден, Коалицијата ВЛЕН ги повикува сите граѓани и политички чинители да го негуваат духот на единство, толеранција и соработка. Само така ќе продолжиме да го градиме општеството што го заслужуваме – општество на еднакви права, можности и стабилност.

Нека ни е честит 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија!

The post ВРЕДИ по повод 8 Септември: Овој ден е симбол на нашата одлучност и стремеж кон демократија, слобода и просперитет appeared first on Република.

]]>

На денот кога ја одбележуваме 33-годишнината од независноста на нашата заедничка Република Македонија, Коалицијата ВЛЕН им упатува честитки на сите граѓани. Овој ден е симбол на нашата одлучност и стремеж кон демократија, слобода и просперитет. И по 33 години од независноста и 23 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, за жал, сè уште отвораме прашања за употребата на мајчиниот јазик на Албанците, што во 21 век е цивилизациски дострел и демократска придобивка која не смее да се оспорува. Нашата генерација има историска должност да се справи со ендемичната политичка корупција и да преземе решителни чекори кон реформи кои ќе ги вратат капацитетите на уништените државни институции. Само преку транспарентност, одговорност и посветеност кон заедничкото добро, ќе можеме да обезбедиме иднина што ќе биде светла за сите наши граѓани, без разлика на етничката припадност. На овој важен ден, Коалицијата ВЛЕН ги повикува сите граѓани и политички чинители да го негуваат духот на единство, толеранција и соработка. Само така ќе продолжиме да го градиме општеството што го заслужуваме – општество на еднакви права, можности и стабилност. Нека ни е честит 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија!

The post ВРЕДИ по повод 8 Септември: Овој ден е симбол на нашата одлучност и стремеж кон демократија, слобода и просперитет appeared first on Република.

]]>
Вреди по неуспешната интерпелација на Гаши: Пропадна планот за дестабилизација на тројката Левица-СДСМ-ДУИ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vredi-po-neuspeshnata-interpelatsija-na-gashi-propadna-planot-za-destabilizatsija-na-trojkata-levitsa-sdsm-dui/ Wed, 04 Sep 2024 11:30:43 +0000 https://republika.mk/?p=813073

Синоќа, со големата поддршка која ја доби претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, уште еднаш се докажа дека владејачкото мнозинство е стабилно и нема никакви знаци на колебање, велат од Вреди.

Покрај тоа, оваа интерпелација го изнесе на површина и новиот коалиционен блок за дестабилизација на државата, Левица-СДСМ-ДУИ.

Всушност, Левица е само врвот на ледениот брег и портпарол на еден поголем проект на оваа тројка, кој има за цел дестабилизација на државата. Како што и самите претходно изјавија, а сега веќе и седокажува на дело, иницијативата за интерпелација, со толку меѓуетничка и меѓурелигиска говорна омраза, зборува за координација и соработка меѓу оваа тројка во плановите за дестабилизација и предизвикување на тензии, зошто да не и меѓуетнички инциденти во Македонија.

Сепак, оваа интерпелација беше уште една причина за хомогенизација на коалицијата ВЛЕН, но и на владејачката коалиција, докажувајќи стабилност и цврстина наспроти мрачните планови кои се кројат во анти-НАТО и анти-ЕУ кујни.

И покрај намерата на интерпелацијата да предизвика забуна и дестабилизација, таа повеќе придонесе за освестување на владејачкото мнозинство и за внатрешна кохезија, докажувајќи дека овие иницијативи се осудени на неуспех.

Во оваа прилика изјавуваме дека коалицијата ВЛЕН, во соработка со меѓународните сојузници, нема да дозволи овие дестабилизирачки проекти да се реализираат и да го оштетат стратешкиот евроатлантски правец на Македонија

The post Вреди по неуспешната интерпелација на Гаши: Пропадна планот за дестабилизација на тројката Левица-СДСМ-ДУИ appeared first on Република.

]]>

Синоќа, со големата поддршка која ја доби претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, уште еднаш се докажа дека владејачкото мнозинство е стабилно и нема никакви знаци на колебање, велат од Вреди. Покрај тоа, оваа интерпелација го изнесе на површина и новиот коалиционен блок за дестабилизација на државата, Левица-СДСМ-ДУИ.
Всушност, Левица е само врвот на ледениот брег и портпарол на еден поголем проект на оваа тројка, кој има за цел дестабилизација на државата. Како што и самите претходно изјавија, а сега веќе и седокажува на дело, иницијативата за интерпелација, со толку меѓуетничка и меѓурелигиска говорна омраза, зборува за координација и соработка меѓу оваа тројка во плановите за дестабилизација и предизвикување на тензии, зошто да не и меѓуетнички инциденти во Македонија.
Сепак, оваа интерпелација беше уште една причина за хомогенизација на коалицијата ВЛЕН, но и на владејачката коалиција, докажувајќи стабилност и цврстина наспроти мрачните планови кои се кројат во анти-НАТО и анти-ЕУ кујни. И покрај намерата на интерпелацијата да предизвика забуна и дестабилизација, таа повеќе придонесе за освестување на владејачкото мнозинство и за внатрешна кохезија, докажувајќи дека овие иницијативи се осудени на неуспех. Во оваа прилика изјавуваме дека коалицијата ВЛЕН, во соработка со меѓународните сојузници, нема да дозволи овие дестабилизирачки проекти да се реализираат и да го оштетат стратешкиот евроатлантски правец на Македонија

The post Вреди по неуспешната интерпелација на Гаши: Пропадна планот за дестабилизација на тројката Левица-СДСМ-ДУИ appeared first on Република.

]]>
Вреди: Интерпелацијата на Гаши е сегмент од сценариото на Левица-СДСМ-ДУИ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vredi-interpelatsijata-na-gashi-e-segment-od-stsenarioto-na-levitsa-sdsm-dui/ Tue, 03 Sep 2024 08:06:57 +0000 https://republika.mk/?p=812549

Стравот од правосудна одговорност за сторена политичка корупција ги руши идеолошките бариери. ДУИ и СДСМ се подготвени да ја следат Левица ако тоа им изгледа како формула за спас на нивните поранешни функционери. Токму тоа се случува со триномот ЛЕВИЦА-СДСМ-ДУИ, oбвини „Вреди“.

„ЛЕВИЦА“, партија со длабоки анти-НАТО определби, се обидува заедно со пратениците на СДСМ и ДУИ да посее семе за тензии во општеството, користејќи ја и интерпелацијата против претседателот на Собранието, Африм Гаши, како еден сегмент во нивното сценарио.
Не е чудно што СДСМ, кој до вчера заедно со партнерот во криминал ДУИ ги девастираше сите институции сега реши да игра по нотите на Левица, која ги слави комунистичките режими ма Енвер Хоџа и Ким Џонг ун.

Од друга страна, ДУИ, партијата која фрла камен и ја крие раката, ја користи секоја можност да избега од политичката корупција која ја има
зафатено до срж. Овој трионом, фатен во спирала на измами, има за цел да создаде опасен и неморален сојуз. Бидејќи немаат ништо ново да понудат и знаат дека нивната поддршка е во слободен пад, тие бараат спас во предизвикување кризи.

Овој трином докажува дека се подготвени да си поигруваат со националните интереси и стабилноста на државата само за да ја спречат правдата. На крајот, соработката меѓу ЛЕВИЦА, СДСМ и ДУИ е доказ дека вторите и третите не се ни евроатлантисти, ниту се за едно општество за сите, ниту се за западните вредности, туку се обични клиентелисти кои сега сакаат по секоја цена да го заштитат нелегално стекнатиот имот и да не одговараат за грабежот што му го сторија на народот.

Тоа нема да се случи, одговорност мора да има за сите и истата ќе се испорача неселективно!

The post Вреди: Интерпелацијата на Гаши е сегмент од сценариото на Левица-СДСМ-ДУИ appeared first on Република.

]]>

Стравот од правосудна одговорност за сторена политичка корупција ги руши идеолошките бариери. ДУИ и СДСМ се подготвени да ја следат Левица ако тоа им изгледа како формула за спас на нивните поранешни функционери. Токму тоа се случува со триномот ЛЕВИЦА-СДСМ-ДУИ, oбвини „Вреди“.
„ЛЕВИЦА“, партија со длабоки анти-НАТО определби, се обидува заедно со пратениците на СДСМ и ДУИ да посее семе за тензии во општеството, користејќи ја и интерпелацијата против претседателот на Собранието, Африм Гаши, како еден сегмент во нивното сценарио. Не е чудно што СДСМ, кој до вчера заедно со партнерот во криминал ДУИ ги девастираше сите институции сега реши да игра по нотите на Левица, која ги слави комунистичките режими ма Енвер Хоџа и Ким Џонг ун.
Од друга страна, ДУИ, партијата која фрла камен и ја крие раката, ја користи секоја можност да избега од политичката корупција која ја има зафатено до срж. Овој трионом, фатен во спирала на измами, има за цел да создаде опасен и неморален сојуз. Бидејќи немаат ништо ново да понудат и знаат дека нивната поддршка е во слободен пад, тие бараат спас во предизвикување кризи.
Овој трином докажува дека се подготвени да си поигруваат со националните интереси и стабилноста на државата само за да ја спречат правдата. На крајот, соработката меѓу ЛЕВИЦА, СДСМ и ДУИ е доказ дека вторите и третите не се ни евроатлантисти, ниту се за едно општество за сите, ниту се за западните вредности, туку се обични клиентелисти кои сега сакаат по секоја цена да го заштитат нелегално стекнатиот имот и да не одговараат за грабежот што му го сторија на народот.
Тоа нема да се случи, одговорност мора да има за сите и истата ќе се испорача неселективно!

The post Вреди: Интерпелацијата на Гаши е сегмент од сценариото на Левица-СДСМ-ДУИ appeared first on Република.

]]>
Вреди: Уставниот суд да не ја отвора Пандорината кутија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vredi-ustavniot-sud-da-ne-ja-otvora-pandorinata-kutija/ Sun, 01 Sep 2024 13:08:39 +0000 https://republika.mk/?p=811998

На денешниот состанок на Вреди била разгледана и изјавата на претседателот на Уставниот суд за Законот за употреба на јазиците и за Балансерот при што Координативното тело ја оценува како опасна и неприфатлива ваквата иницијатива за оценување на уставноста на Законот за јазиците.

https://republika.mk/vesti/makedonija/prviot-chovek-na-ustavniot-sud-za-zakonot-za-jazitsi-ne-mozhe-i-ne-e-dozvoleno-makedonskoto-opshtestvo-da-treperi-ochekuvajki-ja-odlukata/

Сметаме дека оваа иницијатива, која доаѓа од сили познати по своите анти-НАТО ставови, не е ништо повеќе од обид за државен удар со правни експерименти. Доколку ваква иницијатива биде прифатена, ќе се отвори Пандорината кутија за сите клучни достигнувања на државата, вклучително и промената на уставното име, која исто така беше реализирана без потписот на тогашниот претседател Ѓорге Иванов, што овозможи членство во НАТО. Ваков чин би го загрозил стабилноста и суверенитетот на Република Македонија, сериозно заканувајќи се на нејзината евроатлантска ориентација. Коалицијата Вреди решително и без компромиси ќе го брани интегритетот на државните институции и интересите на граѓаните на Република Македонија, стоејќи цврсто против секој обид за нарушување на евроатлантскиот пат на земјата, наведуваат од „Вреди“.

The post Вреди: Уставниот суд да не ја отвора Пандорината кутија appeared first on Република.

]]>

На денешниот состанок на Вреди била разгледана и изјавата на претседателот на Уставниот суд за Законот за употреба на јазиците и за Балансерот при што Координативното тело ја оценува како опасна и неприфатлива ваквата иницијатива за оценување на уставноста на Законот за јазиците. https://republika.mk/vesti/makedonija/prviot-chovek-na-ustavniot-sud-za-zakonot-za-jazitsi-ne-mozhe-i-ne-e-dozvoleno-makedonskoto-opshtestvo-da-treperi-ochekuvajki-ja-odlukata/
Сметаме дека оваа иницијатива, која доаѓа од сили познати по своите анти-НАТО ставови, не е ништо повеќе од обид за државен удар со правни експерименти. Доколку ваква иницијатива биде прифатена, ќе се отвори Пандорината кутија за сите клучни достигнувања на државата, вклучително и промената на уставното име, која исто така беше реализирана без потписот на тогашниот претседател Ѓорге Иванов, што овозможи членство во НАТО. Ваков чин би го загрозил стабилноста и суверенитетот на Република Македонија, сериозно заканувајќи се на нејзината евроатлантска ориентација. Коалицијата Вреди решително и без компромиси ќе го брани интегритетот на државните институции и интересите на граѓаните на Република Македонија, стоејќи цврсто против секој обид за нарушување на евроатлантскиот пат на земјата, наведуваат од „Вреди“.

The post Вреди: Уставниот суд да не ја отвора Пандорината кутија appeared first on Република.

]]>
ВЛЕН: Корумпираната ДУИ е пречка за вистинската правда во случајот „Ласкарци“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vlen-korumpiranata-dui-e-prechka-za-vistinskata-pravda-vo-sluchajot-laskartsi/ Sun, 25 Aug 2024 09:35:55 +0000 https://republika.mk/?p=809911

Коалицијата ВЛЕН ја поздравува доцната, но неопходна одлука на скопското обвинителство за поднесување жалба против неприфатливо ниската и скандалозна казна изречена за случајот Ласкарци. Ние силно ја поддржуваме барањето за построги казни за сите други одговорни лица инволвирани во ова трагедија. Овој страшен настан, кој се обиде да се релативизира и минимизира од претходниот режим со корумпираните кадри на ДУИ, бара целосна и непристрасна правда - стои во соопштението испратено до медиумите.

Потоа додаваат:

Но, прашањата што се поставуваат се неизбежни. Дали ова е уште еден случај во кој мувлосаниот кадар на ДУИ го спречува заслуженото казнување на виновниците и откривањето на вистината? Каква улога одигра Валдет Џафери, поранешен директор на Бирото за судска експертиза, во намерното одложување на експертизата на случајот Ласкарци?

Исто така, треба да се дознае дали сопствениците на „Дурмо Турс“ се блиски со ДУИ, како што често се зборува во јавноста, и дали се соработници на Талат Џафери. Зошто сите институции вклучени во овој случај не успеале да донесат праведна и навремена пресуда? Кои се тие што се кријат зад овие постапки и се обидуваат да ги заштитат своите тесни политички интереси, попречувајќи ја правдата за жртвите и нивните семејства?

Коалицијата ВЛЕН бара целосна транспарентност и конкретни дејствија од сите институции за да се обезбеди правда за жртвите и за сите граѓани.

The post ВЛЕН: Корумпираната ДУИ е пречка за вистинската правда во случајот „Ласкарци“ appeared first on Република.

]]>

Коалицијата ВЛЕН ја поздравува доцната, но неопходна одлука на скопското обвинителство за поднесување жалба против неприфатливо ниската и скандалозна казна изречена за случајот Ласкарци. Ние силно ја поддржуваме барањето за построги казни за сите други одговорни лица инволвирани во ова трагедија. Овој страшен настан, кој се обиде да се релативизира и минимизира од претходниот режим со корумпираните кадри на ДУИ, бара целосна и непристрасна правда - стои во соопштението испратено до медиумите. Потоа додаваат: Но, прашањата што се поставуваат се неизбежни. Дали ова е уште еден случај во кој мувлосаниот кадар на ДУИ го спречува заслуженото казнување на виновниците и откривањето на вистината? Каква улога одигра Валдет Џафери, поранешен директор на Бирото за судска експертиза, во намерното одложување на експертизата на случајот Ласкарци? Исто така, треба да се дознае дали сопствениците на „Дурмо Турс“ се блиски со ДУИ, како што често се зборува во јавноста, и дали се соработници на Талат Џафери. Зошто сите институции вклучени во овој случај не успеале да донесат праведна и навремена пресуда? Кои се тие што се кријат зад овие постапки и се обидуваат да ги заштитат своите тесни политички интереси, попречувајќи ја правдата за жртвите и нивните семејства? Коалицијата ВЛЕН бара целосна транспарентност и конкретни дејствија од сите институции за да се обезбеди правда за жртвите и за сите граѓани.

The post ВЛЕН: Корумпираната ДУИ е пречка за вистинската правда во случајот „Ласкарци“ appeared first on Република.

]]>
ВРЕДИ: Мувлата на ДУИ од државните институции ќе биде искоренета https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vredi-muvlata-na-dui-od-drzhavnite-institutsii-ke-bide-iskoreneta/ Tue, 20 Aug 2024 08:19:57 +0000 https://republika.mk/?p=808189

Раководството на криминализираната ДУИ продолжува да живее во паралелен свет. Потценувајќи го албанскиот народ, тие се обидуваат да се претстават како политички жртви на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ВЛЕН. Ова е тешка демагогија. Мнозинството Албанци гласаа за промена на 8 мај, што, меѓу другото, значи кривична одговорност за сите што се збогатуваа на грбот на граѓаните во овие 22 години режим. Целта на албанската опозиција е по секоја цена да го спречат нивното целосно разобличување пред јавноста. Затоа не случајно рековме дека треба да се преименуваат во Недемократска унија за дезинтеграција, стои во соопштението на коалицијата „ВРЕДИ“.

Мувлата на ДУИ во државните институции, како што оценуваат, има добиено наредба да ја опструира на секој можен начин работата на новата влада.

По 22 години режим, тие оставија свои послушници во правосудството, дипломатијата, безбедносните служби, ресорните министерства, државните институции и медиумите. Нивната деструктивна агенда вклучува обиди за нарушување на билатералните односи со Косово, Бугарија, Грција, со цел да го попречат нашиот пат кон ЕУ.

Тие преку своите инсталации поставуваат пречки во системот за да ја спречат испораката на правдата, а нивните мегафони се задолжени да создаваат хистерија.

Албанскиот народ одамна ги има прочитано и веќе не паѓа на нивните трикови. Нивната исплашена структура, уште во првите два месеци од формирањето на новата влада, ги нуди своите услуги на коалицијата ВРЕДИ, истакнуваат од коалицијата.

„ВРЕДИ“, како што додаваат, го избра потешкиот пат и нема да ја прибере мувлата на ДУИ.

ВРЕДИ е создаден како рефлексија на потребата на мнозинството Албанци кои бараат опција сосема спротивна од ДУИ. „ВРЕДИ“ ќе продолжи да гради автентична политичка доктрина, која ја спроведува преку нова и модерна коалициска структура, чија обврска е да ги решава проблемите на граѓаните и да обезбеди сигурна иднина за Албанците. Ваквото изолирано, програмски и кадровски нереформирано ДУИ е политичко минато, потенцираат во соопштението.

The post ВРЕДИ: Мувлата на ДУИ од државните институции ќе биде искоренета appeared first on Република.

]]>

Раководството на криминализираната ДУИ продолжува да живее во паралелен свет. Потценувајќи го албанскиот народ, тие се обидуваат да се претстават како политички жртви на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ВЛЕН. Ова е тешка демагогија. Мнозинството Албанци гласаа за промена на 8 мај, што, меѓу другото, значи кривична одговорност за сите што се збогатуваа на грбот на граѓаните во овие 22 години режим. Целта на албанската опозиција е по секоја цена да го спречат нивното целосно разобличување пред јавноста. Затоа не случајно рековме дека треба да се преименуваат во Недемократска унија за дезинтеграција, стои во соопштението на коалицијата „ВРЕДИ“. Мувлата на ДУИ во државните институции, како што оценуваат, има добиено наредба да ја опструира на секој можен начин работата на новата влада. По 22 години режим, тие оставија свои послушници во правосудството, дипломатијата, безбедносните служби, ресорните министерства, државните институции и медиумите. Нивната деструктивна агенда вклучува обиди за нарушување на билатералните односи со Косово, Бугарија, Грција, со цел да го попречат нашиот пат кон ЕУ. Тие преку своите инсталации поставуваат пречки во системот за да ја спречат испораката на правдата, а нивните мегафони се задолжени да создаваат хистерија. Албанскиот народ одамна ги има прочитано и веќе не паѓа на нивните трикови. Нивната исплашена структура, уште во првите два месеци од формирањето на новата влада, ги нуди своите услуги на коалицијата ВРЕДИ, истакнуваат од коалицијата. „ВРЕДИ“, како што додаваат, го избра потешкиот пат и нема да ја прибере мувлата на ДУИ. ВРЕДИ е создаден како рефлексија на потребата на мнозинството Албанци кои бараат опција сосема спротивна од ДУИ. „ВРЕДИ“ ќе продолжи да гради автентична политичка доктрина, која ја спроведува преку нова и модерна коалициска структура, чија обврска е да ги решава проблемите на граѓаните и да обезбеди сигурна иднина за Албанците. Ваквото изолирано, програмски и кадровски нереформирано ДУИ е политичко минато, потенцираат во соопштението.

The post ВРЕДИ: Мувлата на ДУИ од државните институции ќе биде искоренета appeared first on Република.

]]>
Меџити: Прашањето за Блерим Рамадани треба да се затвори и се надевам дека во иднина нема да имаме вакви случаи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/medhiti-prashaneto-za-blerim-ramadani-treba-da-se-zatvori-i-se-nadevam-deka-vo-idnina-nema-da-imame-vakvi-sluchai/ Fri, 16 Aug 2024 11:41:42 +0000 https://republika.mk/?p=807215

Во однос на тоа каде потфрлиле институциите во случајот со бегството на Блерим Рамадани ќе се обратите до Министерството за внатрешни работи, но од она што ми е веќе познато е дека судот донел одлука дека аргументите кои ги посочува Србија немаат основа и затоа не постои причина да тој се екстрадира во Србија, вели вицепремиерот Изет Меџити на новинарско прашање – дали како Влада располагаат со повеќе информации во однос на бегството на поранешниот војник на ОВК.

Тој рече и дека како држава, Македонија треба да се насочи кон дејствување како и сите останати европски држави во однос на меѓународните потерници издадени од Србија за борците на поранешната Ослободителна војска на Косово.

„Тоа е веќе трета одлука, имаше и за Дуголи во минатото и за Морина и веќе тоа станува судска пракса и таа пракса треба да нè насочи како држава да делуваме и како сите други европски држави, дека Србија дава неточни информации и не треба да се сфатат сериозно“, кажа Меџити.

The post Меџити: Прашањето за Блерим Рамадани треба да се затвори и се надевам дека во иднина нема да имаме вакви случаи appeared first on Република.

]]>

Во однос на тоа каде потфрлиле институциите во случајот со бегството на Блерим Рамадани ќе се обратите до Министерството за внатрешни работи, но од она што ми е веќе познато е дека судот донел одлука дека аргументите кои ги посочува Србија немаат основа и затоа не постои причина да тој се екстрадира во Србија, вели вицепремиерот Изет Меџити на новинарско прашање – дали како Влада располагаат со повеќе информации во однос на бегството на поранешниот војник на ОВК. Тој рече и дека како држава, Македонија треба да се насочи кон дејствување како и сите останати европски држави во однос на меѓународните потерници издадени од Србија за борците на поранешната Ослободителна војска на Косово. „Тоа е веќе трета одлука, имаше и за Дуголи во минатото и за Морина и веќе тоа станува судска пракса и таа пракса треба да нè насочи како држава да делуваме и како сите други европски држави, дека Србија дава неточни информации и не треба да се сфатат сериозно“, кажа Меџити.

The post Меџити: Прашањето за Блерим Рамадани треба да се затвори и се надевам дека во иднина нема да имаме вакви случаи appeared first on Република.

]]>