Врчак Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vrchak/ За подобро да се разбереме Mon, 20 Nov 2023 09:16:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Врчак Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vrchak/ 32 32 ДНК И Врчак ја објавија заедничката песна „Посреќна“ https://arhiva3.republika.mk/scena/dnk-i-vrchak-ja-objavija-zaednichkata-pesna-posrekna/ Mon, 20 Nov 2023 09:16:38 +0000 https://republika.mk/?p=714296

Раде Врчаковски  - Врчак и официјално се „врати“ на македонската музичка сцена. Вчера на сите социјални мрежи и музички платформи беше објавена заедничката песна на Врчак и момците од ДНК  со наслов „Посреќна“ , а според коментарите на публиката, вредело што чекале толку долго време за повторно да се случи овој музички спој.

Автори на музиката на оваа песна се Панчо и Лазар Цветковски, текстот е на Панчо и Врчак, додека пак аранжманот е дело на Лазе.

Иако можеби изгледа како вчера да беше кога Врчак се повлече од музичката сцена, сепак, ова е негова прва песна по цели 15 години.

Исто така и на ДНК после спектакуларниот концерт во арената „Борис Трајковски“ на 3. декември 2022 година, ова е нивна песна по пауза од скоро една година.

За оваа музичка соработка, Панчо и Андреј, заедно со Врчак пред извесно време престојуваа во српската престолина каде го снимија и видеоспотот за новата песна.

Покрај нив тројца, во видеото улога има и преубавата Елена Ѓоргоска (23), која е член на познатата модна агенција од Милано - „E2 Model Management“, а која одлично си ја заврши својата задача.

Видеото во Белград го снимаше професионална екипа, на чело со Макарије Топаловиќ, кој соработува со најпознатите регионални ѕвезди како Сенидах и многу други...

 

https://www.youtube.com/watch?v=u5pG-jAqs-I

The post ДНК И Врчак ја објавија заедничката песна „Посреќна“ appeared first on Република.

]]>

Раде Врчаковски  - Врчак и официјално се „врати“ на македонската музичка сцена. Вчера на сите социјални мрежи и музички платформи беше објавена заедничката песна на Врчак и момците од ДНК  со наслов „Посреќна“ , а според коментарите на публиката, вредело што чекале толку долго време за повторно да се случи овој музички спој. Автори на музиката на оваа песна се Панчо и Лазар Цветковски, текстот е на Панчо и Врчак, додека пак аранжманот е дело на Лазе. Иако можеби изгледа како вчера да беше кога Врчак се повлече од музичката сцена, сепак, ова е негова прва песна по цели 15 години. Исто така и на ДНК после спектакуларниот концерт во арената „Борис Трајковски“ на 3. декември 2022 година, ова е нивна песна по пауза од скоро една година. За оваа музичка соработка, Панчо и Андреј, заедно со Врчак пред извесно време престојуваа во српската престолина каде го снимија и видеоспотот за новата песна. Покрај нив тројца, во видеото улога има и преубавата Елена Ѓоргоска (23), која е член на познатата модна агенција од Милано - „E2 Model Management“, а која одлично си ја заврши својата задача. Видеото во Белград го снимаше професионална екипа, на чело со Макарије Топаловиќ, кој соработува со најпознатите регионални ѕвезди како Сенидах и многу други...   https://www.youtube.com/watch?v=u5pG-jAqs-I

The post ДНК И Врчак ја објавија заедничката песна „Посреќна“ appeared first on Република.

]]>