Врба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vrba/ За подобро да се разбереме Wed, 12 Oct 2022 09:12:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Врба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vrba/ 32 32 Уште како гимназијалец научив да се борам за својата авторска слобода, против цензура и туѓа контрола https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ushte-kako-gimnazijalec-nauchiv-da-se-boram-za-svojata-avtorska-sloboda-protiv-cenzura-i-tugja-kontrola/ Wed, 12 Oct 2022 07:34:05 +0000 https://republika.mk/?p=559916

Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски имаше кинопремиера во Србија, првин во култниот Културен центар на Белград, потоа во Нови Сад, а понатаму се прикажува и ширум земјата. „Врба“ на кинорепертоарот во Србија доаѓа две и пол години по фестивалската премиера на белградски ФЕСТ – премиерата во српските кино-сали беше закажана за почетокот на 2020, но беше одложена поради ковид пандемијата.

На публиката ѝ останавме должни, ама успеавме да го победиме ковидот, вели дистрибутерот Ванс филм.

Манчевски одржа и голем мастерклас на Факултетот за драмски уметности во Белград, како и разговори со публиката во Белград и Нови Сад.

Одзивот во српските медиуми беше огромен. Тие во бројните интервјуа по повод кинопремиерата на „Врба“ го најавуваат Манчевски како „легендарен режисер“, „имагинативен и комплексен автор со префинет и истражувачки дух“. Тој е исклучително ценет и почитуван во Србија, а минатиот месец ја доби и наградата „Живојин Жика Павловиќ“ за придонес кон светскиот филм.

„Врба“ доби високи оценки од српската филмска критика:

„По Кишловски, Манчевски можеби најмногу истражува на полето на судбината, метафизичкото и ирационалното, кои го диктираат битието и силно ја одредуваат судбината на херојот“, вели критичарот Горан Јовановиќ и додава: „ ...Авторот вешто го користи своето докажано мајсторство за детали, чувство за уверлива слика и симболични и субверзивно-критички слоеви, Манчевски ни подари уште една скапоцена и емотивно обоена драма.... Манчевски уште еднаш ја докажа својата исклучителна сензибилност, префинет пристап кон темите кои се некако древни и вкоренети во земјата (каде луѓето меѓу земјата и Бог често се како немоќни марионети, кои некој ги движи во судбинска игра) и способноста да плете напнато и возбудлив драмски мозаик“.

„Визуелно раскошен филм“, вели критичарката Дубравка Лакиќ во „Политика“.

„За жените Манчевски има направено повеќе од многубројни феминистки“, смета тв новинарката Тања Петернек.

Во десетина големи интервјуа српските медиуми го распрашуваат Манчевски за неговиот авторски процес, за неговото толкување на современите општествени токови, за животот меѓу Њујорк и Македонија, за холивудскиот период...

Во интервјуто за „Данас“, тој вели: „Не ги делам луѓето на машки и женски, на кирилица и латиница. Секоја личност е различна, а секој драмски лик е посебен, ако знаете добро да го извајате. Не ми е важно дали филмскиот лик е маж или жена, барате што е посебно во него, што го прави вреден да биде во вашата драма, во вашата приказна. Ми се допаѓаат жените, тие се поинтересни, побогати, покомплицирани, подлабоки“.

„Циничен човек би рекол дека прашањето на правата на малцинствата и на жените – барем во Америка и Англија – го киднапирале луѓе на кои им е најважно на другите да им кажат како да го живеат својот живот, што смеат, а што не смеат да кажат, да мислат и да прават, луѓе на кои контролата врз другите им е поважна одошто причината зошто тоа би го правеле. Едвај чекам на некоја прес конференција да ме прашаат зошто стрејт глумец глуми хомосексуалец, па да го прашам новинарот (или твитер-воинот) дали е тоа помал грев одошто богат глумец да глуми сиромашен човек.“

За „Блиц“, пак, Манчевски изјави: „Уште како гимназијалец научив да се борам за својата авторска слобода, против цензура и туѓа контрола. Комунистичката цензура не беше полоша од оваа денешнава или од холивудската. Европските фондови денес имаат свои идеолошки барања кои најчесто не се артикулирани, туку се само во главите на бирократите кои одлучуваат кој филм ќе постои, а кој нема. Да, мојот авторитет, ама – повеќе од тоа – мојата упорност и, верувам, вредноста на материјалот секогаш ги победуваат бирократите и цензорите, ама тоа е битка од која ти побелува косата. Јас само така умеам. Нема никакво задоволство во тоа да им удоволуваш на некреативните авторитети.“

Кајмак тргна од мојата потреба да снимам романтичен филм за возрасни, каде нема да се фолираме во стилот на холивудска лимонада или евтини ТВ серии. Направивме љубовен филм за возрасни со навистина комплексни љубовни односи.

 

The post Уште како гимназијалец научив да се борам за својата авторска слобода, против цензура и туѓа контрола appeared first on Република.

]]>

Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски имаше кинопремиера во Србија, првин во култниот Културен центар на Белград, потоа во Нови Сад, а понатаму се прикажува и ширум земјата. „Врба“ на кинорепертоарот во Србија доаѓа две и пол години по фестивалската премиера на белградски ФЕСТ – премиерата во српските кино-сали беше закажана за почетокот на 2020, но беше одложена поради ковид пандемијата.
На публиката ѝ останавме должни, ама успеавме да го победиме ковидот, вели дистрибутерот Ванс филм.
Манчевски одржа и голем мастерклас на Факултетот за драмски уметности во Белград, како и разговори со публиката во Белград и Нови Сад. Одзивот во српските медиуми беше огромен. Тие во бројните интервјуа по повод кинопремиерата на „Врба“ го најавуваат Манчевски како „легендарен режисер“, „имагинативен и комплексен автор со префинет и истражувачки дух“. Тој е исклучително ценет и почитуван во Србија, а минатиот месец ја доби и наградата „Живојин Жика Павловиќ“ за придонес кон светскиот филм. „Врба“ доби високи оценки од српската филмска критика: „По Кишловски, Манчевски можеби најмногу истражува на полето на судбината, метафизичкото и ирационалното, кои го диктираат битието и силно ја одредуваат судбината на херојот“, вели критичарот Горан Јовановиќ и додава: „ ...Авторот вешто го користи своето докажано мајсторство за детали, чувство за уверлива слика и симболични и субверзивно-критички слоеви, Манчевски ни подари уште една скапоцена и емотивно обоена драма.... Манчевски уште еднаш ја докажа својата исклучителна сензибилност, префинет пристап кон темите кои се некако древни и вкоренети во земјата (каде луѓето меѓу земјата и Бог често се како немоќни марионети, кои некој ги движи во судбинска игра) и способноста да плете напнато и возбудлив драмски мозаик“. „Визуелно раскошен филм“, вели критичарката Дубравка Лакиќ во „Политика“. „За жените Манчевски има направено повеќе од многубројни феминистки“, смета тв новинарката Тања Петернек. Во десетина големи интервјуа српските медиуми го распрашуваат Манчевски за неговиот авторски процес, за неговото толкување на современите општествени токови, за животот меѓу Њујорк и Македонија, за холивудскиот период... Во интервјуто за „Данас“, тој вели: „Не ги делам луѓето на машки и женски, на кирилица и латиница. Секоја личност е различна, а секој драмски лик е посебен, ако знаете добро да го извајате. Не ми е важно дали филмскиот лик е маж или жена, барате што е посебно во него, што го прави вреден да биде во вашата драма, во вашата приказна. Ми се допаѓаат жените, тие се поинтересни, побогати, покомплицирани, подлабоки“. „Циничен човек би рекол дека прашањето на правата на малцинствата и на жените – барем во Америка и Англија – го киднапирале луѓе на кои им е најважно на другите да им кажат како да го живеат својот живот, што смеат, а што не смеат да кажат, да мислат и да прават, луѓе на кои контролата врз другите им е поважна одошто причината зошто тоа би го правеле. Едвај чекам на некоја прес конференција да ме прашаат зошто стрејт глумец глуми хомосексуалец, па да го прашам новинарот (или твитер-воинот) дали е тоа помал грев одошто богат глумец да глуми сиромашен човек.“ За „Блиц“, пак, Манчевски изјави: „Уште како гимназијалец научив да се борам за својата авторска слобода, против цензура и туѓа контрола. Комунистичката цензура не беше полоша од оваа денешнава или од холивудската. Европските фондови денес имаат свои идеолошки барања кои најчесто не се артикулирани, туку се само во главите на бирократите кои одлучуваат кој филм ќе постои, а кој нема. Да, мојот авторитет, ама – повеќе од тоа – мојата упорност и, верувам, вредноста на материјалот секогаш ги победуваат бирократите и цензорите, ама тоа е битка од која ти побелува косата. Јас само така умеам. Нема никакво задоволство во тоа да им удоволуваш на некреативните авторитети.“
Кајмак тргна од мојата потреба да снимам романтичен филм за возрасни, каде нема да се фолираме во стилот на холивудска лимонада или евтини ТВ серии. Направивме љубовен филм за возрасни со навистина комплексни љубовни односи.
 

The post Уште како гимназијалец научив да се борам за својата авторска слобода, против цензура и туѓа контрола appeared first on Република.

]]>
„Врба“ на Манчевски го отвора Филмскиот фестивал во Кјото https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vrba-na-manchevski-go-otvora-filmskiot-festival-vo-kjoto/ Fri, 21 Jan 2022 07:36:15 +0000 https://republika.mk/?p=447372

Филмот „Врба“ на најнаградуваниот македонски режисер Милчо Манчевски, на 22 јануари ќе го отвори 13. Меѓународeн филмски фестивал Историка во Кјото, Јапонија. Манчевски ќе биде виртуелен гостин на фестивалот и по проекцијата на филмот ќe учествува онлајн во дискусијата со публиката.

Јапонскиот фестивал Историка е уникатен во светот поради тоа што во фокусот има филмови со историска тематика. Мотото на фестивалот е „Поврзување со иднината преку историски филмови“, a седиштетото е во филмските компании Тоеи и Шошику, прославени по самурајските филмови. Фестивалот секоја година прикажува нови историски филмови од целиот свет, а како што вели директорот Кен Такахаши, годинава избрал да го отвори со „величествениот филм 'Врба'“.

Речиси две и пол години по светската премиера во октомври 2019 на Римскиот фестивал, „Врба“ продолжува со интензивен фестивалски живот. Досега, освои вкупно тринаесет трофеи, меѓу кои и за најдобра режија на Реинденс во Лондон, најдобар филм на Синеквест во Калифорнија, Сребрена палма во Валенсија...

Минатиот месец, „Врба“ освои вкупно 7 трофеи - три награди и четири почесни признанија, а имаше и грчка и француска премиера на Маратонскиот филмски фестивал во Атина и на „Европа околу Европа“ (L'Europe Autour de l'Europe) во Париз. Филмот беше прогласен за најдобар филм на Маратонскиот филмски фестивал во Атина, a aктерката Наталија Теодосиева беше наградена за најдобра споредна женска улога. Во Атина доби и уште четири почесни признанија - за Милчо Манчевски како најдобар режисер, за најдобра споредна улога на актерката Сара Климоска, за најдобар кинематографер Тамаш Добош и за најдобар филм во избор на публиката. Теодосиева беше добитничка и на наградата за најдобра главна женска улога во „Врба“ на фестивалот на независен филм „Околу глобусот“ (Across the Globe Film Festival) во Њујорк.

„Врба“ собори рекорди во кино и тв прикажувањето дома, забележа извонредни критики во светските медиуми („Суптилен и длабок“ - Варајати), се прикажа на четириесетина фестивали на четири континенти, беше вброен и во потесниот избор за наградите на Европската филмска академија и е еден од малкуте европски филмови со редовна дистрибуција во САД.

Најновиот, седми филм на Манчевски „Кајмак“, кој се снимаше лани во Скопје и околината, е во постпродукција и се очекува годинава да има премиера. Продуцентската куќа „Банана филм“ го најавува „Кајмак“ како „безобразна комедија“ и безмилосна критика на лицемерието и малограѓанштината, црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства, кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот.

„Кајмак“ е европска копродукција во која 54 проценти од буџетот го финансираат филмските фондови на Данска, Холандија, Хрватска и европскиот фонд Еуроимаж, а 46 проценти се од Македонија, од Агенцијата за филм и Македонската радио телевизија (МРТВ), која е копродуцент. Во меѓународната екипа беа вклучени филмски работници од Македонија, Англија, Италија, Данска, Холандија, Србија, Бугарија и Хрватска. Копродуценти се Мета Луиз Фолдагер, Мете Борч, Елс Вандеворст, Изабел Депевег и Синиша Јуричиќ. Продуцент е Јане Ќортошев, извршен продуцент е Ијан Прајор директор на фотографија Улрик Боел Бенцен, дизајнер Дејвид Манс, дизајнер на шминка Марио Микисанти, музика Дениш стринг квартет, монтажа Емил Нунинга, а костимограф Жаклина Крстевска. Во главните улоги се Камка Тоциновски, Сара Климоска, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска и Филип Трајковиќ.

The post „Врба“ на Манчевски го отвора Филмскиот фестивал во Кјото appeared first on Република.

]]>

Филмот „Врба“ на најнаградуваниот македонски режисер Милчо Манчевски, на 22 јануари ќе го отвори 13. Меѓународeн филмски фестивал Историка во Кјото, Јапонија. Манчевски ќе биде виртуелен гостин на фестивалот и по проекцијата на филмот ќe учествува онлајн во дискусијата со публиката. Јапонскиот фестивал Историка е уникатен во светот поради тоа што во фокусот има филмови со историска тематика. Мотото на фестивалот е „Поврзување со иднината преку историски филмови“, a седиштетото е во филмските компании Тоеи и Шошику, прославени по самурајските филмови. Фестивалот секоја година прикажува нови историски филмови од целиот свет, а како што вели директорот Кен Такахаши, годинава избрал да го отвори со „величествениот филм 'Врба'“. Речиси две и пол години по светската премиера во октомври 2019 на Римскиот фестивал, „Врба“ продолжува со интензивен фестивалски живот. Досега, освои вкупно тринаесет трофеи, меѓу кои и за најдобра режија на Реинденс во Лондон, најдобар филм на Синеквест во Калифорнија, Сребрена палма во Валенсија... Минатиот месец, „Врба“ освои вкупно 7 трофеи - три награди и четири почесни признанија, а имаше и грчка и француска премиера на Маратонскиот филмски фестивал во Атина и на „Европа околу Европа“ (L'Europe Autour de l'Europe) во Париз. Филмот беше прогласен за најдобар филм на Маратонскиот филмски фестивал во Атина, a aктерката Наталија Теодосиева беше наградена за најдобра споредна женска улога. Во Атина доби и уште четири почесни признанија - за Милчо Манчевски како најдобар режисер, за најдобра споредна улога на актерката Сара Климоска, за најдобар кинематографер Тамаш Добош и за најдобар филм во избор на публиката. Теодосиева беше добитничка и на наградата за најдобра главна женска улога во „Врба“ на фестивалот на независен филм „Околу глобусот“ (Across the Globe Film Festival) во Њујорк. „Врба“ собори рекорди во кино и тв прикажувањето дома, забележа извонредни критики во светските медиуми („Суптилен и длабок“ - Варајати), се прикажа на четириесетина фестивали на четири континенти, беше вброен и во потесниот избор за наградите на Европската филмска академија и е еден од малкуте европски филмови со редовна дистрибуција во САД. Најновиот, седми филм на Манчевски „Кајмак“, кој се снимаше лани во Скопје и околината, е во постпродукција и се очекува годинава да има премиера. Продуцентската куќа „Банана филм“ го најавува „Кајмак“ како „безобразна комедија“ и безмилосна критика на лицемерието и малограѓанштината, црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства, кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот. „Кајмак“ е европска копродукција во која 54 проценти од буџетот го финансираат филмските фондови на Данска, Холандија, Хрватска и европскиот фонд Еуроимаж, а 46 проценти се од Македонија, од Агенцијата за филм и Македонската радио телевизија (МРТВ), која е копродуцент. Во меѓународната екипа беа вклучени филмски работници од Македонија, Англија, Италија, Данска, Холандија, Србија, Бугарија и Хрватска. Копродуценти се Мета Луиз Фолдагер, Мете Борч, Елс Вандеворст, Изабел Депевег и Синиша Јуричиќ. Продуцент е Јане Ќортошев, извршен продуцент е Ијан Прајор директор на фотографија Улрик Боел Бенцен, дизајнер Дејвид Манс, дизајнер на шминка Марио Микисанти, музика Дениш стринг квартет, монтажа Емил Нунинга, а костимограф Жаклина Крстевска. Во главните улоги се Камка Тоциновски, Сара Климоска, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска и Филип Трајковиќ.

The post „Врба“ на Манчевски го отвора Филмскиот фестивал во Кјото appeared first on Република.

]]>