Врапчиште Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vrapchishte/ За подобро да се разбереме Thu, 10 Oct 2024 09:49:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Врапчиште Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vrapchishte/ 32 32 Тешко повредено прегазено дете https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/teshko-povredeno-pregazeno-dete/ Thu, 10 Oct 2024 10:01:19 +0000 https://republika.mk/?p=825126

Вчера во 08.20 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионален пат Гостивар - с.Градец, во с.Врапчиште, патничко возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.Ќ.(42) од гостиварско Здуње, удрил во малолетен пешак.

Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Ургентен центар Гостивар.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

The post Тешко повредено прегазено дете appeared first on Република.

]]>

Вчера во 08.20 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионален пат Гостивар - с.Градец, во с.Врапчиште, патничко возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.Ќ.(42) од гостиварско Здуње, удрил во малолетен пешак. Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Ургентен центар Гостивар. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.  

The post Тешко повредено прегазено дете appeared first on Република.

]]>
Инцидент во Врапчиште, нападнати судски службеници https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/intsident-vo-vrapchishte-napadnati-sudski-sluzhbenitsi/ Tue, 01 Oct 2024 12:06:13 +0000 https://republika.mk/?p=821404

Вчера во 15.40 часот во с. Врапчиште, гостиварско, полициски службеници од ПО Галате ги лишиле од слобода Ѓ.М.(61), Е.М.(30), М.М.(35), Џ.М.(56) и Н.М.(61) сите од с.Врапчиште, кои во 15.00 часот во ОВР Гостивар, биле пријавени од Б.И.(41) судија во Основен суд Гостивар, дека истите во Врапчиште спречувале судски службеници во извршување на службени дејствија и задачи, при што и физички ги нападнале.

Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок, велат од СВР Тетово.

The post Инцидент во Врапчиште, нападнати судски службеници appeared first on Република.

МВР со детали за инцидентот пред општината во Врапчиште и црквата Света Петка во Галате https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-so-detali-za-intsidentot-pred-opshtinata-vo-vrapchishte-i-tsrkvata-sveta-petka-vo-galate/ Tue, 10 Sep 2024 20:22:39 +0000 https://republika.mk/?p=815112

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска во 10 часот од страна на полициски службеници од НККР Гостивар, градежен инспектор од општина Врапчиште и ангажирана геодетска фирма извршен е увид на локацијата каде се наоѓа црквата во атарот на с. Галате. Увидот е извршен по претходно отворена пријава на 09.09.2024 од страна на инспектор за урбанизам при општина Врапчиште за бесправна градба на оваа локација, а по завршување на увидот, од страна на градежниот инспектор местото е околчено со арматури и трака.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pushteni-privedenite-gragani-koi-baraa-sredba-so-gradonachalnikot-od-dui-da-im-objasni-zoshto-ne-mozhat-da-ja-obnovat-tsrkvata-sveta-petka/

Околу 15 часот од страна на лицето Д.П., во присуство на неколку граѓани, отстранета е арматурата и траката, по што групата граѓани се упатиле пред општина Врапчиште, каде се одржал мирен протест. Од страна на Д.П. и уште две лица, дел од траката е залепена преку влезната врата на општината, а по извесно време Д.П. со група од околу 10 луѓе влегува во објектот на општината, со цел да бидат примени од страна на градоначалникот Исен Шабани. По извесно време, градоначалникот се согласил да ги прими, но со услов разговорот да не се снима со приватни телефони. Групата граѓани одбиле да го направат тоа и градоначалникот побарал да го напуштат објектот. Откако не го напуштиле, градоначалникот побарал од полициските службеници да го испразнат објектот, по што од страна на полициските службеници при ПС ОН Гостивар на групата граѓани им е дадена наредба да го напуштат објектот на општината, нешто кое Д.П. и уште едно лице одбиле да го направат и пружиле активен отпор на полициските службеници. Двете лица се приведени во просториите на ПС Гостивар и по извршен службен разговор со нив и направена консултација со јавен обвинител, истите се пуштени да си одат, соопшти МВР.

МВР апелира за воздржување од било какви тензии по однос на овој настан.

Било кое подгревање на меѓуетнички и меѓурелигиски тензии било на јавен простор или преку социјални медиуми ќе биде предмет на кривично-правен прогон од страна на МВР. Македонското општество е засновано на меѓусебна почит и толеранција, а нашите темелни уставни вредности се гарант дека никој нема право да ги користи верските прашања во дневно-политички цели. МВР во текот на утрешниот ден ќе направи средби со сите чинители кои можат да придонесат за расчистување на овој настан, велат од МВР.

The post МВР со детали за инцидентот пред општината во Врапчиште и црквата Света Петка во Галате appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска во 10 часот од страна на полициски службеници од НККР Гостивар, градежен инспектор од општина Врапчиште и ангажирана геодетска фирма извршен е увид на локацијата каде се наоѓа црквата во атарот на с. Галате. Увидот е извршен по претходно отворена пријава на 09.09.2024 од страна на инспектор за урбанизам при општина Врапчиште за бесправна градба на оваа локација, а по завршување на увидот, од страна на градежниот инспектор местото е околчено со арматури и трака. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pushteni-privedenite-gragani-koi-baraa-sredba-so-gradonachalnikot-od-dui-da-im-objasni-zoshto-ne-mozhat-da-ja-obnovat-tsrkvata-sveta-petka/

Околу 15 часот од страна на лицето Д.П., во присуство на неколку граѓани, отстранета е арматурата и траката, по што групата граѓани се упатиле пред општина Врапчиште, каде се одржал мирен протест. Од страна на Д.П. и уште две лица, дел од траката е залепена преку влезната врата на општината, а по извесно време Д.П. со група од околу 10 луѓе влегува во објектот на општината, со цел да бидат примени од страна на градоначалникот Исен Шабани. По извесно време, градоначалникот се согласил да ги прими, но со услов разговорот да не се снима со приватни телефони. Групата граѓани одбиле да го направат тоа и градоначалникот побарал да го напуштат објектот. Откако не го напуштиле, градоначалникот побарал од полициските службеници да го испразнат објектот, по што од страна на полициските службеници при ПС ОН Гостивар на групата граѓани им е дадена наредба да го напуштат објектот на општината, нешто кое Д.П. и уште едно лице одбиле да го направат и пружиле активен отпор на полициските службеници. Двете лица се приведени во просториите на ПС Гостивар и по извршен службен разговор со нив и направена консултација со јавен обвинител, истите се пуштени да си одат, соопшти МВР.

МВР апелира за воздржување од било какви тензии по однос на овој настан.
Било кое подгревање на меѓуетнички и меѓурелигиски тензии било на јавен простор или преку социјални медиуми ќе биде предмет на кривично-правен прогон од страна на МВР. Македонското општество е засновано на меѓусебна почит и толеранција, а нашите темелни уставни вредности се гарант дека никој нема право да ги користи верските прашања во дневно-политички цели. МВР во текот на утрешниот ден ќе направи средби со сите чинители кои можат да придонесат за расчистување на овој настан, велат од МВР.

The post МВР со детали за инцидентот пред општината во Врапчиште и црквата Света Петка во Галате appeared first on Република.

]]>
Груби: Дали некогаш сме биле помоќни во Владата? Никогаш! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grubi-dali-nekogash-sme-bile-pomokni-vo-vladata-nikogash/ Wed, 01 Feb 2023 07:27:29 +0000 https://republika.mk/?p=603160

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, придружуван од сопартијци, ги продолжи средбите со граѓаните на општина Врапчиште. Пред присутните, покрај Ахмети, се обратија и претседателот на Собранието Талат Џафери, првиот потпретседател на Владата Артан Груби, генералниот секретар на ДУИ Фатон Ахмети, пратеникот Бајрам Кадрија и претседателот на огранокот на ДУИ во Врапчиште Неби Реџепи.

Првиот вицепремиер Артан Груби пред симпатизерите и партиските членови на ДУИ во Врапчиште зборуваше за Коридорот 8 и дека ќе започне неговата изградба.

Денес, конечно италијанската компанија „ИРД“  достави банкарска гаранција и го потпиша договорот за надзорен консултант за проектот Коридор 8. Во четврток во 09:00 часот ќе го потпишеме договорот со избраната компанија и ќе започнеме со работа со „Бехтел Енка“ за Коридорот 8 , автопат со три ленти со кој ќе ја поврземе нашата држава со Албанија. Тоа е супер голем проект за кој издвоивме 300 милиони евра, од сите капитални инвестиции, од општиот буџет од 800 милиони евра, 300 милиони наменети се само за овој проект. Дали некогаш сме биле помоќни во Владата? Никогаш!, истакна Груби.

The post Груби: Дали некогаш сме биле помоќни во Владата? Никогаш! appeared first on Република.

Oбвинение за мажот што со секира нападна новинарска екипа https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/obvinenie-za-mazot-shto-so-sekira-napadna-novinarska-ekipa/ Fri, 01 Apr 2022 11:07:32 +0000 https://republika.mk/?p=481906

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, по спроведена претходна постапка, поднесе Обвинителен предлог против 50-годишен жител на селото Ѓурѓевиште во општина Врапчиште, за сторено кривично дело загрозување со опасно орудие при тепачка или караница од член 133 од Кривичниот законик.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/sekirata-mi-beshe-na-pet-santimetri-od-glava-novinarot-ademi-so-detali-za-vcherashniot-napad-vrz-nego-i-kolegata-snimatel/

Државното јавно обвинителство информира дека обвинетиот на 16 февруари ги забележал двајцата оштетени – новинар и снимател во тетовска телевизија кои снимале прилог за училиштето во селото.

Тој најпрвин започнал караница со нив, упатувајќи им пцости и погрдни зборови, а потоа зел секира со која почнал кон нив да замавнува. Оштетените веднаш се оддалечиле од местото и настанот го пријавиле во полициска станица., информира ЈО.

The post Oбвинение за мажот што со секира нападна новинарска екипа appeared first on Република.

]]>

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, по спроведена претходна постапка, поднесе Обвинителен предлог против 50-годишен жител на селото Ѓурѓевиште во општина Врапчиште, за сторено кривично дело загрозување со опасно орудие при тепачка или караница од член 133 од Кривичниот законик. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/sekirata-mi-beshe-na-pet-santimetri-od-glava-novinarot-ademi-so-detali-za-vcherashniot-napad-vrz-nego-i-kolegata-snimatel/ Државното јавно обвинителство информира дека обвинетиот на 16 февруари ги забележал двајцата оштетени – новинар и снимател во тетовска телевизија кои снимале прилог за училиштето во селото.